Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 405–413
Повторно за воинот од посадата на скорпионите од Водоча
По преземањето на движниот археолошки материјал од некрополата ископана на комплексот Водочки Цркви, Св. Леонтиј, село Водоча кај Струмица,1 кое се изврши во декември 2003 година, сите метални наоди беа конзерваторски третирани во лабораторијата на Нумизматичкиот кабинет на Народната банка на Р. Македонија,2 а потоа и детално документирани“.3
Прекриен со зелена патина, без некоја повпечатлива форма и без видлива декорација, прстенот за којшто од достапната метрика беше познат само теренскиот инв. бр. 617, подолго време остана незабележан. По извршената конзервација се покажа дека тој на горната површина од главата има претстава на скорпион и дека служел како печат. (ел. 10а-в; сл. 11)
Понесени од ова откритие, прстенот наскоро го обработивме и публикувавме како значаен артефакт од некрополата во Водоча макар што недостигаа попрецизни податоци за неговото место на наоѓање.4
Заради севкупниот изглед, начинот на изработка и печатот со претстава на скорпион, прстенот беше дефиниран како машки, војнички, како сопственост на член од посадата на средновековните опсадни справи — скорпиони и датиран кон крајот на XIV и почетокот на XV век, со тоа што беше јасно дека тој бил подолго време во употреба.5
Со натамошните проучувања и анализи на материјалот откако беше овозможен пристап до автентичната теренска документација. до дневникот и инвентарната книга, се дојде до сознанието дека прстенот со претстава на скорпион бил дел од една релативно богата гробна целина. Станува збор за гробот 369 кој содржел, покрај овој уште 4 други прстени, (ел. 2 а-в - сл. 9 a-6) како и 3 железни заковки (налчиња) од обувките (сл. 12 а-В). Оттука е и потребата за повторно навраќање на оваа проблематика, односно за сеопфатна обработка на сите наоди од Гробот 369, со што ќе се добие уште појасна претстава за личноста што нив ги поседувала.
Гробот 369 е ископан од археологот Јован Ананиев во Кѕ. A 0 13 на т.н. Западен сектор, источно од објектот Бања на 20.11.1991 година (сл. 1).
Тој претставувал трапезовидна циста од камени плочи, делумно оштетена во западните партии, така што с зачувана само источната половина во должина од 0.95 м. Димензиите на гробот се: должина - 1.75 м; ширина - кај главата 0.60 м; кај нозете - 0.35 м и во средината 0.50 м (сл. 1).
Скелетот припаѓал на возрасна, машка индивидуа“,6 чиишто коски биле многу оштетени, особено во горниот дел на телото, над карлицата, а од черепот е зачувана само долната вилица. Тоа, секако, се должи на оштетувањата на гробната архитектура во тој дел, како и на малата длабочина на која бил откриен гробот. Зачуваните покривни плочи биле најдени на 0.39 м под површинското ниво на теренот.
Покојникот бил положен на грб со испружени нозе и прекрстени раце (сл. 1).
За наодите на прстени во теренскиот дневник се вели дека се откриени по два во пределот на левата и два кај десната дланка, како и еден покрај лактот на десната рака, при што тие се инвентарирани од инв. бр. 613 до инв. бр. 617. Останува отворено прашањето на кои раце и кои прсти тие биле носени (ел. 2 а-в - сл. 11).
Во пределот на стапалата се откриени три железни заковки (налчиња) од обувките инвентарирани под бр. 618-620. (сл. 12, a, 6, в)
Сл. 3a-6. Прстен — инв. бр. 613
Прстенот со инв. бр. 613 е од бронза излеан во еден дел. Обрачот е лентест со едвај нагласено задебелување во долниот дел, додека главата е плочеста, со специфична форма во вид на капка?7 (ел. 2а-в; ел. 3 a, 6).
Димензии: висина - 23 мм; Д (внатрешен) 17 до 18 мм; тежина - 6.82 гр.
Целокупната површина е излижана, така што само на страничните делови од зашилениот дел на главата се гледаат по три попречни цртки. додека на горната површина од главата, каде обично имало плитко вгравиран орнамент, постои видливо оштетување. Очигледно, како и сите прстени од гробот 369 и овој бил во подолга употреба.
Овој многу карактеристичен облик на прстен, според поновите истражувања се повеќе се дефинира како машки, и тоа за посебна намена, за запнување на лак со стрели.8
Досега, само прстените чија алка во горниот дел се шири во вид на издолжен и закосен, главно, орнаментиран триаголник, се сметал како специфичен облик што го употребувале стрелците.9
За жал, машките прстени се исклучително ретко прикажани на фреско- живописот и останатите средновековни ликовни извори,10 за разлика од археолошките наоди кои недвосмислено покажуваат дека тие се еден од најчесто употребуваниот накит.11
Прстенот со инв. бр. 614 (сл. 4 а-В; сл. 3 a,6) е од бронза, излеан во еден дел. Тој е прилично масивен со димензии: висина - 26 мм; Д (внатрешен) 17-18 мм; и тежина - 9.17 гр.
Сл. 5 a-6. Ipeten - инв. бр. 614 (пред конзервација)
Обрачот има лачен пресек, во долниот дел го има карактеристичното кружно задебелување, а во горниот преминува во плочеста глава во форма на плоснат цилиндер. Страничната обиколка на главата е украсена12 со низа од ситно и прецизно врежани коси цртки, додека горната површина е сосема мазна — неукрасена. Постои можност прстенот во тој дел да е сосема излижан од долготрајната употреба. Меѓутоа, со оглед на бројните наоди од прстени кај кои горната површина на главата е мазна, сосема неукрасена,!? мислиме дека тие намерно се изработувале и продавале во таква состојба за да можеле идните сопственици да ги орнаментираат според своите жалби и потреби“.13
Овој прстен (сл. 4 а-В; сл. 5 а, 6), како и другите два примерока од гробот 369 (сл. б а-в, 7 а, 6; ел. 8 a, B; ел. 9 а, 6) припаѓаат на ист тип и биле инспирирани од луксузните, византиски прототипови омилени во XIV век.14 Овие раскошни прстени ги носеле претставниците на највисоките општествени слоеви од тоа време што се согледува од материјалите И изработката (сребро, позлата, геми, ниело), улогата на печат и амблемите, хералдичките претстави и натписите кои биле врежани врз нив.15
Локалните мајстори, почнувајќи од ХУ век, раководени од имотната состојба на нарачателите. а почитувајќи ја постарата традиција, изработувале многу поедноставни облици, главно, лисни во легури на олово, бакар и во бронза, без примена на скапоцените и макотрпни, златарски техники. Кај овие поевтини и подоцнежни примероци орнаментиката се сведувала на едноставни низи од прави или коси цртки, наместо сложените преплети, меандри, вегетабилни и други посложени мотиви коишто кај богатите примероци од XIV век се наоѓале на обрачот и на обиколката околу главата.16 Притоа, често горната површина на главата од прстените останувала неукрасена (сл. 4 а-в - сл 7а, 6) или дополнително се декорирала во поедноставни мотиви и со врежување""17 (сл. ва-в; сл. 9a, б).
Прстенот со инв. бр. 615 (сл. ба-в; сл. 7a, 6) припаѓа на истиот тип како и претходно опишаниот (сл. 4а-В; сл. 5a, 6). Тој е излеан од бронза, во истиот облик, со неукрасена плоштина на главата, со тоа што обрачот во пределот на рамената е декориран со снопови од врежани линии. /Димензии: висина — 24 мм: Д(внатарешен) - 17 мм и тежина — 8.32 гр/. Се датира, исто така, во XV век.
Прстенот со инв. бр. 616 (сл. 8а-В; сл. 9a, б) по својот облик, со димензии: /висина - 24.5 мм; Д (внатарешен) - 19 мм; тежина -- 8.32 гр/ и начинот на изработка припаѓа на истиот тип како и претходните два примерока (сл. 4а-В - сл. 7a, б.). И тој е излеан од бронза со кружно задебелување во долниот дел од алката и со кружна обиколка исполнета со низа од коси цртки околу главата. Меѓутоа, на горната страна од главата со пет двојни линии е врежан петтоаголник.
Не навлегувајќи во значењето на овој толку едноставен знак чија симболика за носителот и неговото време останува енигма за нашите поимања.18 на ова место е важно да се нагласи дека на главата од прстенот е врежан еден идеограм којшто на околината и сигнализира одредени пораки за сопственикот. Датирањето, како и кај претходните два примерока е во ХУ век.
Прстенот со инв. бр. 617 (сл. 10а-В; сл. 11) веќе с пошироко елабориран,19 но заради неговото значење и за создавање на поцелосна слика за инвентарот од гробот 369, се чини дека е потребно одново, накусо да се претстави. Тој е лиен од бронза, има обрач со лачен пресек и мало задебелување во долниот дел, додека во горниот завршува со задебелена, елипсовидна глава визуелно одвоена од алката со попречни и низа од подолжни цртки. /Димензии: виси-На — 21 мм; Д (внатарешен) - 17 мм; глава - 16 x 17 мм; тежина - 5.07 гр./ 0 4 гест
На горната површина од главата, едноставно и вешто е врежан печатот во вид на скорпион. Примарната симболика на скорпионот со агресивно подигнатото осило се доведува, пред се, во врска со бескомпромисната воинственост, па оттука и со војничката професија. И изгледот на фрлачките постројки σκορπιδία – скорпион со лост на чиј подигнат крај стоела торбичка полна со поситни проектили коишто при активирање се катапултирале, очигледно е инспириран од изгледот на ова суштество.20
Заклучокот дека носителот на војничкиот прстен со печат на скорпион бил од средно имотен слој може да се преформулира со оглед на присуството на уште четири други прстени во гробот 369.
Дури три прстени од инвентарот (сл. Ха-в — сл. Уа, 6) на оваа затворена гробна целина, по правило, се врзуваат за повидни личности. Тоа што сите тие се локални продукти, излеани од бронза и декорирани со едноставна техника на врежување, уште повеќе ја поткрепува претпоставката дека индивидуата од гробот 369 била потомок на значајно семејство кое со османлиските освојувања ја губи својата економска МОК.21
Додека прстенот со врежан скорпион упатува на војничката професија на неговиот носител, (сл. 10а-в – сл. 11) прстенот за запнување на лак (сл. 2а-в; сл. 3а, б) без оглед дали има - инв. бр. 617
босва, ловџиска или витешко-турнирска намена, сведочи за неговите стрелечки активности. Во прилог на статусот, професионалните и други занимања на оваа исклучително интересна личност зборуваат и неговите обувки. веројатно чизми од коишто се зачувани три масивни железни заковки (налчиња) (сл. 12a, 6, в).
Со тоа во плејадата необични, некогаш бизарни, некогаш трогателни жители на Водоча се приклучува и воинот, можеби и витез, угледна и ексцентрична фигура, на cè уште недоволно расветлениот ХУ век од овие простори.
Елица Манева
ELICA MANEVA
Faculty of Philosophy - Skopje
NEW CONSIDERATION FOR THE WARRIOR OF THE SCORPIO CREW FROM VODOCA
Белешки
- Археологот Јован Ananner (1947-2003), долгогодишен истражувач на пространата некропола на комплексот Водочки Цркви, Св. Леонтиј, село Водоча кај Струмица, своевремено ми го препушти ископаниот материјал на натамошна обработка. ↩
- Конзервацијата на металните предмети од некрополата во Водоча ја изврши Билјана Бозароска-Павловска. ↩
- Техничката и фотодокументација на движниот материјал ја изготвија археолозите Давча Спасова и Бранко Павловски. ↩
- Манева Е., 2009, 319-326. ↩
- Манева Е.. 2009, 319-326. ↩
- Не ми е познато дали постои археолошка експертиза за гробот 369. Податоците се добиени од Теренскиот дневник. Инвентарната книга и архитектонската документација од 1991 година. ↩
- Во постарата литература овој тип се изедначува со срцеликите форми на свршенички прстени познати во западноевропските области во XVI и XVII век. Радојковивн Б., 1969, Т. 152. ↩
- Овие прстени се датираат или во периодот XIV-XV7 век: види: Милошевивн Д., 1990, кат. бр. 188; или во времето од XV7 и XVI век. Види: Иванин B., 1995, 8, кат. бр. 25-30. ↩
- Panojxosnh Б., 1969, Т. 151; Bajanopuh Хаџи-Пешив M., 1984, кат. бр. 659, Т. XI, 5; Милошевиќ Д.., 1990, кат. бр. 181-187, сите датирани во XIV-XV век. ↩
- Во Полошкиот манастир (1343-1345) Драгушин (и Ана) се прикажани со прстени на двете раце на малиот прст. Манева Е., 2007, сл. 7. Машки прстени се среќаваат и на фреско-живописот во манастирот Велуќе и во Доња Каменица. Милошевивн Д., 1990, 17, п. 39 и 40. ↩
- Манева E., 1992, Т. 75 - Т. 96; Манева E., 2005, cat. по. 51a,b - 68; Манева E., 2007, кат. бр. 40 - 65 etc. ↩
- Зечевиц Е., 2006, 192, 193, кат. бр. 63, 64, 67-70. ↩
- Манева E., 2008, 399, сл. 3, сл. 4 а-г. ↩
- Почнувајќи од прстенот на кралицата Теодора и велможите од XIV7 век, овие прстени, во разни варијанти се познати во поголем број. Радојковиќ Б., 1969, Т. 34, 41-52; Манева, 1992, Т. 96, С/₇ etc. ↩
- S Auosuh Д., 2008, 187, 188 ete. ↩
- Cf. n. 14, 15. ↩
- Манева E., кат. бр. 48, 55-57 etc. ↩
- Chevalier J. - Greerbrant A., 1987, 497-500. ↩
- Манева E., 2009, 319-326. ↩
- Hansen P.V., 1992, 189-208. ↩
- За замената на уметнички изработените прстени од злато, сребро. благородно камење, ниело и сл. со евтин народен накит од бронза и олово што се случило во периодот по Османлиските освојувања види: Matkovié N., 1881, ↩
Summary
New Consideration for the Warrior of the Scorpio Crew from Vodoča
After the conservation of the finds from the necropolis of the Vodota church, i.e., the St. Leontius complex near Strumica, a ring with a seal depicting a scorpion was published, without knowledge of its origin.
This ring signified the military profession of the ring bearer, probably a member of a crew from the siege team-the scorpions. The chronological period in which it was made and used is probably near the end of the XIV and the beginning of the XV century CE.
Three rings were a local imitation of the byzantine ones, luxurious examples worn only by members of the high class in the empire. They are all of the same type and are very similar to one another, the only difference being that one of them has an engraved pentagon as a seal, while the other two have no decoration at all, in order for a motif to be engraved later, according to the buyer’s need.
One of the rings, from grave 369, has a specific raindrop shape of the head. Some experts connect this shape with archers. This repertoire of five rings shows that the owner was a warrior from the crew of the scorpions, but also a descendant of a family that had kept traditional values and its origin. The bow-drawing ring shows his capabilities in archery.
The depiction of this unusually interesting person from the XV century CE from Vodoéa is supplemented by the finds of 3 iron pieces from the boots, found by his feet.
Библиографија
- Ананиев Ј., 1989, Водоча, црква Св. Леонтие - Водоча, Средновековна некропола, др 28 (1987), 185- 186, сл. 1-4, Ljubljana
- Ацовић Д., 2008, Хералдика и Срби, Београд
- Бајаловић - Хаџи-Пешић., 1984, Накит VIII-XVIII7 века у Музеју града Београда, Београд
- Chevalier J, Gherrbrant A., 1987, Rjecnik simbola, Zagreb
- Hansen P. V., 1992, Experimental Reconstruction of the Medieval Frebuchet, Acta Acheologica 63, 189-208.
- Манева Е, 1992, Средновековен накит од Македонија, Скопје
- Maneva E., 2005, Ancient Jewellery from Macedonia - Middle Age, Calamus, Скопје
- Манева Е., 2005, Водочка варијанта на кружници од крајот на XV7 век. / ЗФФ LVIII, 277-296, Скопје
- Манева E., 2007, Два честита прстена - печатника на неидентификувана личност од Водоча од XVI век, гзфф LX, 383-395, Скопје
- Maneva Е., 2008/1, Кој7 бил носител на боздоганот wecmonep од Водоча? ГЗФФ 69, 349-361, Скопје 2008, 349-361
- Манева E., 2008/2, за еден поданик на Хлапен и неговите подоцнежни наследници од Водоча, Масеԁ. acta. archaeol. 18, 397-403, Скопје
- Matkovié N., 1881, Putovanja po Balkanskom Poluostrovu XVI veka, RAD JAZU LVI, 183, Zagreb
- Mustomesuh ЈІ., 1990, Накит од ХІІ7 до XV века из збирке Народног2 музеја, Београд
- Стојановски A.,1989, Македонија во турското средновековие (од крајот на XIV - почетокот на XVIII7 век), Скопје
- Зечевин E., 2006, Накит Новог Брда, НМ, Београд