Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 353–374
Комплексот на Големата бања од Стоби
Еден од мноштвото значајни објекти од Стоби, кој како последица на бурните историски времиња и лошо поставени стручни обврски го носат товарот на серија испрекинати и нецелосни истражувања, секако, е Големата бања. Првпат е откриена 1932 год., во време кога објектите предвидени за ископување се уште се одбирале според проминентноста на нивните надземни остатоци, дури 1935 год. со засилените истражувањата на Музејот на Кнез Павле од Белград, таа е подложена на систематски истражувања и последователна конзервација!1
Нејзин прв истражувач во 1932 год. е д-р Јозо Петровиќ, кој за среќа наскоро по завршетокот на работите го публикува кусиот извештај, што останува да биде темел за сите идни проучувања се до денес. Нивото на стручност, информација и делумна истраженост се причина за идентификација на објектот како Зимска палата, активен назив се до 1960 год.2 Еден од раните проучувачи на културната историја на Стоби, кој презел детална ревизија на архитектонските објекти од овој град е Е. Кицингер.:3 Тој веројатно по информација од лична преписка јасно одбележува една од главните карактеристики на овој објект, неговите две (генерални) фази на постоење. Тој утврдува подигнување на подното ниво во предворјето во втората фаза за повеќе од | м, како и посолидна градба на некои зидови за разлика од другите, иако ни плановите ниту описите дозволуваат јасно расчленување меѓу деловите кои припаѓаат на оригиналната градба и оние кои се дел од подоцната реконструкција.4 Следната кампања на истражувања датира во раните шеесети години, кога одамна напуштениот и силно руиниран објект е детално ревидиран и подложен на конзерваторски третман. Благодарение на него тој е зачуван до денес. (сл. 2) Со Елаборатот за конзервација од 1962 год. се предложени и од страна на Археолошкиот музеј во Скопје во текот на 1963 год. се изведени детални археолошки истражувања. За жал, од нив не е зачувано известување, а според техничката документација на дел од објектот се констатирани 3 фази на постоење. Во таа прилика е констатирано дека термите се најзагрозениот објект во Стоби, особено калдариу-
МОТ, кој настрадал и во текот на Втората светска војна.5 Оттука, со оглед на серијата интервенции изведени во текот на XX век врз оваа исклучително комплексна6 градба, која досега останала без сериозна анализа во современата стручна литература, на ова место ќе биде направен обид да И се посвети должното внимание со намера, од археолошки аспект да се расчлени нејзиниот повеќевековен развиток. Исто така, на ова место сакам да ја изразам својата благодарност на еден од првите истражувачи и конзерватор на Големата бања, д-р Живојин Винчиќ, за љубезната соработка и помош во обидот корректно да се протолкуваат археолошките податоци и фазите на развиток на бањскиот комплекс.
Во пристапот кон проучувањето, пред се, е неопходно да се констатира позицијата на Големата бања лоцирана на крстопатот на Via Principalis Inferior и Via Ахіа, на јужниот агол на крстосницата, позиција предодредена од основната инфраструктура како дел од планираниот развиток на римскиот град. (сл. 3) Ова е одразено во двете главни водоводни линии кои се простираат долж и по средината на двете комуникации, вкопани под претпоставениот павимент кој не е документиран археолошки, како и на водоводната и канализациона линија што го следи северниот зид на бањата од неговата внатрешна страна (сл. 4). Водоводната линија (сл. 4a) припаѓа на оригиналната траса на улицата и е наменета за снабдување со вода на објект поставен источно од бањата, додека повисоко поставениот зидан канал (сл. 46) е дел од нејзиниот индивидуален одводен систем кој води од фригидариумот, па преку тоалетот на источниот крај на градбата се влевал во главниот канализационен вод. Ваквата поставеност технички е нестандардна поради можноста за инцидентно загадување на пониско поставената линија за чиста вода, но во овој случај се должи на големиот временски распон во поставањето на двете линии, со можност во меѓувреме водоводната линија веќе да била исклучена.
Објектот (сл. 5) со двојна структура и централна аксијална организација има карактеристична поставеност долж оската запад-исток со слаба искосеност кон југоисток. Оваа ориентација реализирана според препораките на Витрувиј (Vitruvius, De Archit. V 10, 1) овозможува остварување на еден од основните принципи во проектирањето на бањските градби, односно најдолга експонираност на топлите бањски делови на сончевите зраци во попладневните часови кога бањите биле најмногу посетувани. Во финалниот стадиум на развиток таа поседува централна градба концентрирана во југоисточниот дел на комплексот во која се сместени топлите простории. Овој дел е дополнително нагласен со повисока нивелација на подовите во однос на изразено пониските околни студени простори што ја опкружуваат од север и запад, создавајќи распореденост во нецелосен „„П“ план. Од овие две страни комплексот е цврсто затворен со јаки периметрални зидови што го изолираат од соседните градски комуникации, но е и најтранспарентен во смисла на комуникација со Via Ахіа. Од југ постои одредена раскршеност на просторот како последица на повеќекратни градежни активности за да биде исклучен во последниот период од активно бањско користење, а наменет за остварување на функцијата на градбата. Кон исток комплексот продолжува со уште еден сегмент, но обемот на сознанија не дозволува прецизна информација со оглед на нецелосните истражувања.7
„7 Са. 3a. Секција од топографскиот план на 7/4 Стоби
Каскадната поставеност на објектот е еден од основните показатели за детектирање на историјатот на развој на овој бањски комплекс. Пристапувајќи кон анализа на градбата со цел да биде разбрана функционалната поставеност на нејзината структура, таа ќе биде проследена во смисла на процедуралниот влез на корисниците. Основниот влез во градбата е на западниот крај на северниот ограден зид. од каде во последниот период на постоење преку тројно скалило се спуштало од Via Ахіа во предворјето на бањата. Не е исклучено во некоја порана фаза да постоел влез од западната страна, како и во некои други градби поставени долж Via Principalis Inferior, но сигурни податоци за тоа засега не постојат со оглед дека под павиментот на овој простор не е истражувано освен со помали сонди. Аподитериумот (сл. 6)
претставувал комфорен и луксузно организиран простор долж западната, поточно, северозападната страна на комплексот. Функционално тој бил лоциран во северната половина на пространата влезна партија транспарентно преградена долж долгата оска север-југ. Поради намената за пресоблекување, околните зидови биле проследени со зидани клупи-банкини, со потпростори за одлагање на облеката, како и ниши вградени во зидовите. Западната од источната половина на предворјето била поделена со неколку разнородни структурни елементи, што наметнува впечаток за нагласена комуникативност на овој со околните простори. Почнувајќи од пиластерот кој се издава и е интегрално сврзан со северниот периметрален зид, во низа кон југ (со мало отстапување кон запад) на еднакви растојанија се нижат базис со дел од столб вграден во доцниот поден аранжман, а со потекло во пораната фаза на градбата, зидан столбец, сегмент од зид со по една ниша од обете страни одвоен со уште еден, подоцна зазидан, премин до пиластерот во јужниот зид. Сите овие елементи биле меѓусебно сврзани со аркада ѕидана од цигла. Последното подно уредување било изведено од полуобработени камени плочи со големи димензии, во кое била вградена и машка скулптура во цел раст од типот palliatus.®8 (ел. 7)
Јужниот крај на источната половина на влезната просторија според сегашната состојба е со квадратеста форма, со под понизок од околните простори до кој се спуштало преку низа од три скалила. Тоа е т.н. frigidarium, односно студена бања, чија внатрешност целосно ја зазема базен за капење, т.н. natatio, овде во минијатурна смисла. Од јужната страна тој бил ограден со оригиналниот нешто потенок ЅНІ, а аглите запчесто се испакнуваат, формирајќи плитки ниши меѓу моќните аголни носачи за кои може да се претпостави дека носеле крстест свод, односно купола. Наспроти влезот во базенот, средишно пред западниот 5ид, дополнително била подигната мала декоративна ниша. Во време кога е затворен западниот зид на базенот, направена е и реконструкција на влезната партија, па низата скали кои водат до студениот базен биле дислоцирани кон север. Овие интервенции се дел од една доцна (III) фаза, кога се јавила потреба од поголем аподитериум. Меѓутоа, градбата укажува на низа структурни адаптации кои се во согласност со реорганизацијата на бањата. Според овие интервенции и a. Поглед
На дел од аподитериумот со фригидариумот; 6. проширувањето на базенот кон север и зазиданиот премин кон малата источна просторија
со оглед на сведочењето на Ј. Петровиќ, овој дел од градбата е во секундарна форма, односно столбовите што ја носеле аркадата биле вкопани во земјата за една третина, од што произлегува дека оригиналниот под бил подоцна насипан и поплочен.9 (ел. 8) Може да се претпостави дека тоа е онаа разлика од 1 МВО подните нивоа меѓу двете фази спомената од Кицингер. Оваа интервенција е секако синхрона со обѕидувањето на влезната партија од запад и од југ во западната половина (овој сегмент од зид јасно се разликува од источниот сегмент). Студениот базен оригинално бил веројатно поставен во постар архитектонски аранжман со не сосем јасна форма. Во втората фаза тој бил проширен и затворен кон гардеробата. Terminus Post Quem за главната преобразба дава вградената машка скулптура датирана според аналогии во 235-240 год., а секако и претпоставеното куполно решение над базенот кој најрано може да се постави во почетокот на IV век.10 (Сл. 8) Причините за радикалната промена на градбата и нејзиното окружување може да се детерминираат со една од константните појави карактеристични за Стоби, а тоа е изразена сеизмичност. Конкретниот настан се идентификува со
силната катаклизма која го погодила градот во крајот на Ш век, и со сигурност претходно е констатирана на зградата на театарот.11 Во заклучок на овој дел од дискусијата може да се резимира дека изгледот на влезната партија на Големата бања потекнува од времето на Големата обнова на градот во почетокот на IV век кога доаѓа до промена на урбанистичкиот план на градот, евидентна на повеќе локации. Во овој контекст може да се претпостави дека западната половина на аподитериумот оригинално всушност припаѓал на улицата, кон која бањскиот комплекс излегувал со широк трем, кој е подоцна содржан во источниот дел на влезната партија. Во овој контекст и скулптурата на непознатиот достоинственик од Стоби го добива своето вистинско толкување, веројатно како некогашен донатор, можеби на бањата.
Архитектонскиот план укажува дека циркуларниот .П“ план на предворјето било нарушено токму во делот на јужната страна на студеното купатило. Надвор и западно од габаритот на бањата се документирани остатоци од зидови лоцирани на пониско ниво, но со атрибуција кон друг објект?12 Поврзаноста на надворешниот простор со внатрешноста е целосно прекината со градбата на косата траса на аквадуктот за
со затворениот вестибул. Според: Ј.
што ќе стане збор подолу. На спро-
Ilerposuh, Старинар cep. III 6p. VITI-IX
тивната, северна страна, крај пери-
(1933-34), cm. 19
метралниот зид преку едно скалило, кое најверојатно било премостено со арка, се слегувало кон југ во низа од три простории со разнородна функција и време на настанување. Оригиналната функција на овој релативно простран простор, презентиран како коридор не е сосем јасна, што се должи на парцијалните сондажни истражувања и е најверојатно проширен врз трасата на Via Ахіа. Може да се претпостави дека е со општа намена, односно простор за адаптација на посетителите од внатрешните кон надворешните климатски услови. но и засолниште од дожд или жега за минувачите, што е стандардна функција на бањите. Во прилог на тоа се и вентилационите отвори што излегуваат од под топлиот дел на бањата и посредно го загреваат овој простор. Во прилог на јавната намена говори и тоалетот лоциран на крајниот источен агол, (ел. 9) а до кој, освен низ коридорот, се влегувало и однадвор низ непосреден источен влез во северниот зид. Заради неговото постоење последната третина на коридорот од северната страна во околу две третини од ширината бил преграден со зид. Со тоа, не само што бил оневозможен директен увид и влез во предворјето на бањата (и обратно), туку и ширење на лошата миризба во нејзините простории.
Централно поставениот и суперпозициониран топол дел на бањата, во форма во која тој е презентиран, а во контекст на последните две фази на функционирање на бањата, се одликува со двојна, односно тројна, организација на топлото купатило. Тоа со својата форма ја одразува компактноста на целината што му била дадена на објектот уште во оригиналната фаза на градба. Влезниот дел открива и најголем дел од податоците кои укажуваат на двете генерални фази на постоење на бањата. Во последната фаза во овој дел од градбата се влегувало од аподитериумот во тесно преддворје наменето строго на топлата бања низ неговиот западен зид. Во него асиметрично биле поставени два влеза дефинирани со едноставни камени довратници и меѓусебно одвоени со ниша која е директно лоцирана пред влезот во жешкиот дел од купатилото, со што го отежнувала излегувањето на топлиот воздух. Нивните остатоци се проектираат во изгледот на зидот од исток под последното подно ниво кое било подигнато за 0.63 м и повторно се врзуваат за двесте последни фази на постоење. Сондата која е оставена отворена за увид во пораните нивоа овозможува да се види и западниот зид на главниот дел од зградата кој бил оригинално лоциран позападно. Аналогно на источниот зид тој бил полукружно оформен, а низ него се влегувало најверојатно преку14 скали. За жал, ниту еден од постојните роаголна просторија на јужната страна од влезот во топлото купатило, која Ј. Петровиќ ја нарекува стражарница. Од тука низ два секундарно зазидани влеза се остварувала комуникација со дворот на јужната страна на комплексот, при што во оригиналниот план на источниот ЅНІ се гледа двоен премин, денес президан, а на северната страна е видлив засведен влез!“ (сл. 11). Низ истата аголна просторија во вториот период на постоење можело да се влезе и директно во базенот со студена вода. Овој аранжман укажува на постоењето на еден од деловите карактеристични за класичните римски купатила, hortus (градина), лоциран во задниот дел на бањските комплекси, изолиран од улицата, кој посетителите го користеле во топлите месеци од годината за гимнастицирање и релаксација. За истата намена во текот на зимските месеци во реконструираната градба било користено јужното предворје, со веројатно базиликално осветлување. Токму недостатокот на ваков простор15 во зависност од локалните климатски услови, а секако и економското стабилизирање на заедницата, биле причина за проширување на бањскиот комплекс. Затворањето на хортусот, односно градината, во третата фаза очиглед-НО се должи на градбата на високиот аквадукт кој го сече овој простор. Веројатно едновремено била от ворена и одводна шахта со канал за изведување на отпадните нечистотии од субструкцијата на бањата. (ел. 12)
И, конечно, топлото купатило. Основата на целата градба е со правилна правоаголна форма, организирана во три попречни кораби, при што двата западни се со идентични димензии, странично поддржани со скалести пиластри крај нешто потенките зидови, додека кај третиот попречен кораб пиластрите се втопени во зидната маса заради поголемата оптеретеност. Целиот простор бил затоплуван од praefurnium поставен на источната страна од зградата (сл. 13). Тој се состоел од три огништа, едно централно во дното на апсидалниот дел, врз кое бил лоциран главниот, веројатно бронзен, котел за жешка вода, и две странични поставени под двете зидани кади. Ј. Петровиќ зборува за постоење пет ложишта, при што последните две претпоставувам дека ги сместува на западниот крај на долгите зидови, каде постојат поголеми засводени отвори пред кои била откриена поголема количина на пепел"16 (сл. 10). Меѓутоа, со оглед на тоа дека оваа зграда оригинално функционирала како единствено купатило, мора да се претпостави постоење постуден дел оддалечен од праефируниумот. Од втора страна, западните отвори ја немаат специфичната градба на ложишта, а воедно се поставени во активен простор, па оттука сметам дека се тие главни вентилациони отвори и отвори за чистење на субструкцијата, што се потврдува со постоењето на шахта и одводен канал од јужната страна.
Целиот под на топлата бања бил подигнат на хипокаустен систем составен од суспензури изѕидани од квадратни и кружни цигли, а биле употребени и керамички тубули17 (сл. 14). Нивната разнородност укажува на различните периоди на создавање, односно обнова на подовите, при што доминацијата на вториот тип во југоисточниот дел на градбата, особено под кадите каде конструкцијата на оригиналната градба е интактна, сведочи за нивната примарна употреба. Со истражувањата од 1962 год., под поплоченото со подно ниво тегули, во Југозападниот агол на купатилото е откриено второ ниво од мермерни плочи и подигнато на цевчести керамички суспензури. Ова подно решение е зачувано на теренот заради увид во оригиналниот аранжман на хипокаустниот систем.
Вентилационите отвори го следат правилниот канален систем под подот, со тоа што споменатите западни се далеку пошироки од оние во другите два кораби. Оттука може да се претпостави дека поради оддалеченоста на овој сегмент од главните ложишта, тие биле реорганизирани можеби како дел од подоцнежната реконструкција со цел да се овозможи поефективно загревање на целата градба. Надворешните лица на зидовите оддаваат повеќекратни интервенции, па може да се претпостави и една ваква со оглед на функционалната оправданост.
Најголемиот источен дел на топлото купатило го заземал Caldarium кој е во голема мера зачуван. Аранжманот на субструкцијата делумно ја одразува и организацијата на просторот над подовите. Носечкиот систем на просторот под кадите заради поголемата тежина е зајакнат со зазидување по две суспензури поставени во линија на внатрешните зидови на кадите. Дел од овој носечки систем се секако и парот квадратни столбци вградени во основата на хипокаустниот систем, симетрично поставени со широките пиластри, кои ги делат двата источни кораби, а врз кои делумно се потпираат големите кади, како и помалите поставени западно од нив, од кои е сочувана само јужната (ел. 15). Може да се претпостави дека тие се проектирале и во надземната поделба на просторот и биле дел од аркадно предвојување на најисточниот и средниот дел од жешкото купатило, во кој бил сместен /aconicum, односно sudatorium, просторот за препотуваңе или сауната. Високата температура во овој дсл била овозможена од вториот низ вентилациони канали лоцирани точно под малите квадратни кади, а водата во нив била доставувана директно од главниот котел. Посетителите тука се прелевале со жешка вода и се препотувале, пред конечно да влезат во кадите. Во останатиот дел од средниот кораб веројатно за таа намена постоеле и помали подвижни корита со жешка вода и лежалки.
Третиот сегмент бил со нешто пониска температура - fepidarium, заради што во доцната реконструкција биле зголемени вентилационите отвори, со што таа секако била покачена. Впрочем, за регулирање на топлината со исклучување на одредени отвори биле користени и специјалните цигли со рачка.18 Не постојат директни показатели за евентуално постоење на зидани кади во овој дел, слични на оние во калдариумот.19 но тоа сепак не било пречка за постоење подвижни бронзени, дрвени или мермерни корита, во кои капачите би се подготвувале за влез во кадите со жешка вода. Таквите кади биле типични за римските купатила од старата ера, од времето пред откривањето на хипокаустниот систем и неговата широка примена во архитектурата.
Една од основните компоненти на античките бањи секако претставува нивниот декоративен опус, пред cè, поаѓајки од нивниот карактер како објекти наменети за релаксација и уживање. Веќе беше презентирано дека основната градба на топлата бања примарно поседувала под од мермерни плочи, кои во една од фазите на реконструкција биле препокриени со керамички плочи. Во време на истражувањата биле откриени фрагменти мермерна и керамичка зидна инкрустација, голем број мермерни плочи за оплатување на зидовите со издлабени канали за загревање, stucco релјефи, фрагменти 5идно
Јужен правец долж Via Principalis Inferior. Врската со студената бања не е потврдена на оригиналните планови.22 па оттука е проблематична. Физичката кондиција на аквадуктот укажува на неговото секундарно потекло, најверојатно во У век, односно едновремено со градбата на надземната водоводна линија долж западната страна на улицата. Во ширина на западниот агол на бањата постои посебно граден разделник,
ра на Венера, ран Ш век бањата и градската чешма од спротивната страна на улица-
та, на североисточниот агол на Перистериевата палата.23 (сл. 18) Дотурот на вода до двата објекти бил регулиран според античкиот модел на регулација, а во договор меѓу двата корисника и инвеститорот. Винчиќ накусо се задржува на податоците од бањата претставени во техничкиот цртеж и го атрибуира снабдувањето на студениот базен од истиот водовод.24 Ваквата техничка изведба би значела и радикална промена во водоснабдувањето на фригидариумот едновремено со градбата на високиот водовод, што би ја датирало третата фаза на бањата во У век. Впрочем, техничките непознаници се и најважната последица на нецелосната истраженост за познавањето на функционирањето на објектот.
Од исклучителна важност за историјатот на градбата е забелешката на Ј. Петровиќ дека бањата била неколкукратно преградувана, но, за жал, показателите за нејзиниот хронолошки и структурен развиток не се востановени.25 Во недостаток на стратиграфски податоци, нејзиното постоење може да се расчлени единствено од аспект на хронолошко-типолошки развиток на комплексот. Функционалната анализа на реставрираните архитектонски елементи ги потврдува трите периоди на развиток на градбата. Археолошката сонда поставена 1973 год. крај југоисточниот агол на бањата открила градежни остатоци во слој на рушевини датирани во век | од н.е..26 што е показател за ferminus ante quem за раната градба на бањата. Остатоците од зидови поставени под прав агол и на пониско ниво видливи источно од фригидариумот укажуваат на поранешно постоење на други градби во непосредна близина на бањата. Оттука може да се заклучи дека нејзината градба датира најрано околу вториот век, односно котерминира со првите почетоци на поставање на урбаниот план. Можна претпоставка е дека во оваа фаза бањата поседувала широк отворен трем на западната страна долж линијата на вградени столбци кои подоцна се ангажирани во поделбата аподитериумот, можеби и дел од евентуален портик на Via Principalis Inferior. Ова би било одраз на глобализацијата на урбанистичките планови на римската империја и широкото прифаќање на моделот на via porticata како влијание од сириската архитектура, во вториот век веќе широко прифатена во Мала Азија.27 Нема информации како се рефлектирало ова во делот на Иа Ахіа. Втората фаза, според
знатиот целосен план и помалиот студен базен кој комуницирал со хортусот. Таа веројатно потекнува во IV век, односно едновремено со повеќето градски згради на истата изохипса. Резултат на доцната втора интервенција, односно третата фаза, е проширениот студен базен, неправилната траса на високиот водовод, шахтата и одводниот канал кој излегува под источната страна на тепидариумот.28 Оваа интервенција е во стилот на некои од големите водоводи на Рим кои биле подигнати како предуслов за изградбата на определена бања, главно. на монументалните царски бањи, што како последица ја има фиксната непроменлива количина на допремувана вода до бањите во сите идни времиња. Така Aqua Virgo е првиот водовод изграден за потребите на бањите на Агрипа. а воедно ги напојувал Stagnum Agrippae и каналот Euripus. Тие се сметаат за први општествени бањи во Рим настанати со национализацијата по смртта на Агрипа во 19 год. mp. Н.е.29
Што се однесува до структурата на бањата, пред се, нејзиниот топол дел како посебна градба, јасна е композицијата на аксијална поставеност. Нејзината најблиска аналогија е бањата од Хераклеја Линкестис, која, за жал, како и оваа од Стоби, не е датирана според стратиграфски податоци, туку по презумпција во проблематична поврзаност со театарот, поради што е именувана како Бања на гладијаторите. Сепак, претпоставеното време на настанување во средината на П век,30 се совпаѓа со времето на градба на Големата бања во Стоби. Според класичната типологија посочена од Г. Цветковиќ-Томашевиќ, тие припаѓаат во Т.Н. чист, едноставен или осовински тип,31 те. аксијалниот тип кој е основа за генералната поставеност на просторите во бањите. За разлика од неа, дури секундарната доградба на западниот дел кон бањата во Стоби го приближува овој комплекс кон она што представува композитен тип составен од 2 основни дела: бањскиот и палестрата. Со тоа таа се приближува до другите бањи од овој тип, кон кој припаѓаат Гимназиумот во Сардис од раниот Ш век,32 Гимназиумот33 од Александрија од Троада од ран II век и ефеските градби: Источниот гимназиум од ран II век, Театарскиот гимназиум (II век) и Гимназиумот на Ведиус од средината на II Вех. Сите тие имаат основен бањски комплекс кон кој е придодадена и palaestra или како во бањата на Cnaeus Vergilius Capito од Милет освен палестра и гимназиум.“: Оваа низа градби, иако посложени од нашите две, нудат доволна поткрепа за предложеното датирање. Во прилог на сето може да се додаде дека источниот дел на бањата во Хераклеја, кој под претпоставка се идентификува како двор, палестра, атриум со портици и сл.34 се уште лежи под наслојувањата на земја. Еден нејзин дел во минатото бил делумно отворен, а во 2008 год. повторно биде подложен на неуспешни археолошки истражувања, како последица на што во 2009 год. се затрупани. Дали на оваа градба со релативно скромни димензии може да се припише дејноста на Паул Кајлидиј Фронтон, достоинственик од П век со вонреден cursus honorum, меѓу другото, и гимназијарх на градот и народот на Линкестите,35 останува допрва да се види.
Сложената понова историја на Големата бања од Стоби, за жал, не ни дозволува увид во крајниот термин кога била во функција, но секако може слободно да се претпостави нејзината активност до доцниот VI век. Времето потоа се уште останува тајна што треба да се протолкува.
Љубинка Џидрова
LUUBINKA DZIDROVA
Museum of Macedonia - Skopje
THE COMPLEX OF THE LARGE BATH AT STOBI
Белешки
- ПетковиН д-р Вл. P., 1933, 210-211: Кашанин M., 1935, 746-747. Во кусата ретроспекција на објектот од: Wiseman Ј., 1973, 37-39, на стр. 37 наведува дека објектот е ископуван во тек на 1931 и 1932 г., но без пообемни толкувања. ↩
- Петровип д-р J., 1933-1934, 177-180. ↩
- Kitzinger Е., 1946, 140-141 посветено на тн. „Зимска палата“. Авторот ја преиздава постарата техничка документација, сл. 197-201. ↩
- Kitzinger E., 1946, 140. ↩
- Првите истражувања констатираат 2 фази на градба, Мано-Зиси Ѓ. - Коцо Д. - Томовски К. - Николовска З., 1962; следното расчистување и конзервација предложена од: Винчиќ Ж. - Саржовски С., 1962, индок Центар број 4015/XVIII, предвидуваат ревизиони археолошки истражувања. ↩
- Настанот на XIX Симпозиум на манд беше подготвен во координација со колегата д-р Ж. Винчиќ, кој во меѓувреме го отпечати својот дел од експозето, во: Macedoniae acta archaeologica 18. Воедно нему, како и на индок Центарот, им благодарам за помошта во работата и овозможениот увид и ставање на располагање на оригиналната фото, пишана и техничка документација. ↩
- Според поставеноста и античките урбанистички правила овој дел можел да биде наменет единствено за економски функции, за што постојат одредени индиции. Сепак, Микулчиќ И., 2003, 154, 156-157, тука сместува помал бањски комплекс со напојување од високиот аквадукт на Големата бања, што не се совпаѓа со археолошките податоци. Воедно, тој е единствениот автор кој ги дава димензиите на објектот со габарит 48 х 19 м и поединечно на централна градба 14 х 8 и на аподитериум 13 х 19 м. ↩
- Петровин Д-р J., 1933-1934, 177, 178, сл. 29, 30; Kitzinger E., 1946, 140. ↩
- Terposnh J., 1933-34, 178, што ¢ потврдено и со прокопување на мала сонда кај бр. 20-6. Овие броеви се проблематични за следење. Во текстот се споменува и откривање на статуата на свештеник (Полихармос) во аголот, вкопана во секундарниот под, сл. 30. Неизвесно е дали слојот на насипување е подеднакво дебел на целиот простор. ↩
- Првата претпоставка е и на Kitzinger E., 1946, 140. За скулптурата види: Соколовска B., 1987, кат. бр. 51, стр. 130, Т 25-4, 35-3, со постара литература. ↩
- Gebhard Е., 1981, 17 заб. 3 сл. 10, и с. 18; Џидрова Jb., 2005, 155-156 ff, и дискусијата за засведување, еԁ., ↩
- Наведените зидови се видливи на теренот. Крај некои делови на бањата се откриени зидови од првобитни солидно градени објекти, Петровиин Ј., 1933-34, 178. ↩
- Петровиќ J., 1933-34, 177, 178, Сл. 18. ↩
- Kraynak L., 1991, 1 заб. 1. ↩
- S Kitzinger E., 1946, 141, погрешно го толкува овој простор како триаголен двор со аркада на зидани столпци што ја формира фасадата на градбата. Петровиќ J., 1933-34, 178, каде се споменати низа на вентилациони отвори забележани на надворешната страна на јужниот зид. Петровиќ Ј., 1943, 484. Истото мислење го прифаќа и Микулчиќ И., 2003, 154. ↩
- За применетитот начин на градба, види: Винчиќ Ж., 2008, 443. ↩
- Петровин Ј., 1933-34, 178. ↩
- Микулчиќ И., 2003, 154, се застапува за постоење на 5 големи и 2 мали кади, но без докази. ↩
- Петковип Др В.Р., 1929, 190-192: Петровин Ј., 1933-34, 178-179, со детали од времето на ископувањата; Петровивн J., 1943, 484. ↩
- Цевките биле поставени на 0.70 м под прагот, но нејзината локација не е документирана. Петров K., 1967, 287-288, претпоставува дека аквадуктот ги снабдувал високо поставените базени за топла вода. ↩
- Мано-Зиси Б.. 1939, 265: Петровин Ј., 1933-34, 178, сл. 22. ↩
- Според раните истражувања фонтаната се снабдувала од водоводот кој доаѓал долж северната страна на палатата. Petrovié Ј., 1943, 483. ↩
- Винчиќ Ж.. 1994, 51, сл. 24, T XIX. ↩
- За заштита од влага ниските зидни партии во пределот на излезниот канал биле оплатени со покривни ќерамиди. Петровив Ј., 1933-34, 178; ибид., 1943, 483. Градбата има бројни прекини во 5идањето кои не секогаш можат да се интерпретираат. ге ↩
- Wiseman J., Georgievski Dj., 1975, 167. ↩
- Ward-Perkins J.B., 2003, 165. ↩
- Двоен излез ги поврзувал горниот латерален /aconicum со просторот надвор од бањата каква ја познаваме денес, веројатно во контекст на техниката на функционирање. Петровин Ј., 1933-34, 178, сл. 18, прост. 28, кој ја нарекува чуварска соба. ↩
- Dodge H., во: Coulston J. - Dodge H., eds., 2000, 189, заб. 166; Simpson C.J., Bundrette N., 1996, 391-392. ↩
- T[perKopuh-Tomamesuh Г., 2002, 25-36, и посебно 35, која ги дава и нејзините димензии 18 x 13,50 м. Апсолутно е неприфатливо времето на претпоставеното функционирање до крајот на Ш век. ↩
- ЦветковиН-Томашевиќ Г., 2002, 34. ↩
- Farrington A., во: S.Macready and E.H. Thompson, eds., 1987, 50-51. ↩
- Ward-Perkins J.B., 2003, 164, figs. 254, 255. ↩
- [[perKopuh-Tomamesuh Г., 2002, 25. ↩
- В. Kanmaxorcxa, A. Ѓорѓиевска, Животот во преку епиграфските споменици, Битола 2003, споменик бр. 22 стр. 35, 126, 128-129. ↩
Summary
The Complex of the Large Bath at Stobi
One of the most prominent buildings in the ancient city of Stobi is certainly the Large Bath. It has a long and interrupted history of exploration and conservation, started in the early 1930s, and continued in the early 1960s, which consequently left it without a written discussion in the archaeological literature. Some of the early short reports form the starting position for its study. This discussion is based on these reports, several unpublished conservation reports, and repeated observation of the remains in the field, which are to a great extent complicated by numerous interruptions and alterations in the masonry of the bath complex. However, the complicated structure reveals two general phases and a sub-phase in the development of the building during its at least five centuries long existence.
The first and oldest phase consists of the hot baths building, which originated probably sometime in the second century, based on older first century masonry remains just below it and on the estimated time of major Roman construction in the wider area, mainly the theatre. This part of the compound has typical axial organisation containing the caldarium with the three praefurnia at the easternmost part, the sudatorium or laconicum in the central nave, and the tepidarium to the west. The caldarium has two large bath tubs preserved laterally from the central furnace, above which was probably located a bronze vessel for heating water. It was further distributed to the small tubs just to the west from the large ones, one of which is preserved, belonging to the sudatorium.
The hypocaust floor shows several types of built square and rounded suspensurae, as well as tubular ones, ascribed to the original floor in the southwestern part. They carried the original marble floor later covered by ceramic tiles. The original building also had a narrow vestibule, later perforated to open to the large annexed entrance area.
A small square room to the southwest of the main building led the way in the second phase to a hortus placed at the south of the complex. It was excluded by the construction of the high aqueduct in the third phase, sometime in the fifth century, when a double and an arched entrance were closed. At this time also the cold pool, located in the south part of the eastern half of the large entry hall, was enlarged, and its communications with the hortus, and also with the apodyterium, were closed. The time of construction of the second phase is placed after an already known strong earthquake in the late third century, that is by the early fourth century, in favour of which speaks the cross vault that existed above the frigidarium and one of the two sculptures found within the premises. Awarded to an unknown dignitary of the local community, it was found buried in the fill covering the original floor in the west part of the entrance hall. The row of built pillars originally connected by a brick arcade point to the original appearance of the east half of the hall as a former portico built by the west fagade of the building and along the east side of the street. It was about 0.40 m higher than the street level disposed below at least a part of the apodyterium. The sculpture was a part of its decorative arrangement.
The latest date of activity of the bath is difficult to determine since none of the original archaeological data came to us, but it may be supposed that it lasted at least until the late sixth century.
Библиографија
- Coulston J.- Dodge H., eds., 2000, Ancient Rome, The Archaeology of the Eternal7 City, Oxford
- Цветковип-Томашевии Г. 2002, Терме откривене у близини театра/арена у Хераклеји Линкестис - купатило гладијатора?, Саопштења XXXIV, 25-36, Београд
- Dodge H.. во: Coulston J.- Dodge H., eds., 2000, “Greater than the Pyramids”, the2 water supply of ancient Rome, 166-209
- Farrington A., во: Macready 5. and Thompson F.H., eds., 1987, Imperial2 Bath Buildings in South-West Asia Minor, 50-59
- Gebhard E., 1981, The Theatre of Stobi: a Summary, Studies in the Antiquities of Stobi Ш, Veles
- Кашанин M., 1935, „ Ископавања у Стобима, ЈИЧ 1 1-4, 746-747, Београд
- Калпаковска В. - Ѓорѓиевска A., 2003, Животот во преку епиграфските споменици, Битола
- Kitzinger E., 1946, A Survey of3 the Early Christian Town of Stobi, DOP 3, 81-161, Washindton
- Kraynak L., 1991, The katagogion at Epidauros: A Revised Plan, Archaeological7 News 16/1-4, 1-8, Athens-Georgia
- Macready 5. - Thompson F.H., eds., 1987, Roman Architecture in the Greek World, London
- Мано-Зиси B., 1939, Уметнички преглед 2-9, 265, Београд
- Мано-Зиси Дј. - Kono ЈІ. - Томовски К. - Николовска 3., 1962, Проблеми и програм за конзервација и уредување на археолошкиот локалитет Стоби, Скопје, необјавено
- Микулчиќ И., 2003, Стоби, Антички град, Скопје
- Петковић Др В. Р., 1929, Историско-уметнички Музеј у 1927 г., Годишњак ска XXXVII/1928, 190-192, Београд
- Петковип Д-р Ва. Р. 1933, Хисториско-Уметнички Музеј у 1932 години, Г/одишњак Српске Крањевске Академије XLI-1932, 208-217, Београд
- Петров K., гзфф 19 (1967), Петровин Д-р J., 1933-1934, Стоби 1932, Старинар сер. Ш бр. VII-IX, 169-191, Београд
- Petrovié D-r J., 1943, U Stobima danas, GHZM LIV-1942, 463-524
- Simpson C.J. - Bundrette N., 1996, Innovation and the Baths of Agrippa: An Exaggerated Claim? Summaries of the 97th Annual Meeting of the Archaeological Institute of America, AJA 100-2, 391- 392
- Соколовска B., 1987, Античка скулптура во ср Македонија, Скопје
- Винчиќ ХК. - Саржовски C., Елаборат за конзервација на Големите терми во Стоби, август 1962, необјавено
- Винчиќ Д-р Ж., 2008, Стоби - конзервација на Големите терми, Масеԁ. acta archaeol. 18, 439-446, Скопје
- Ward-Perkins J.B., 2003, Roman Architecture, London
- Wiseman J., 1973, Stobi, A Guide to the Excavations, Beograd
- Wiseman J. - Georgievski Dj., 1975, Wall Decorations at Stobi, Studies in the Antiquities of Stobi Il, 163-189
- Џидрова Jb., 2005, Ревизија на археолошките податоци за античкиот театар во Стоби, Масеԁ. acta archaeol. 16, 149-176, Скопје