Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 333–352
Хипокаустот во судаториумот од доцноримското термално лекувалиште во с. Банско, Струмица
Содржина
- НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Струмица
- ВО С. БАНСКО, струмица
- Доцноримско термално лекувалиште во се. Банско
- Просториите 1 и 4 во доцноримското термално лекувалиште во с. Банско
- Елементи на системот на загревање
- Градежна конструкција и градежен материјал на хипокаустот
- Затоплување на зидовите
- Начин на функционирање на системот на загревање
- SLAVICA TASEVA
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Струмица
ХИПОКАУСТОТ ВО СУДАТОРИУМОТ
ОД ДОЦНОРИМСКОТО ТЕРМАЛНО ЛЕКУВАЛИШТЕ
ВО С. БАНСКО, струмица
Со ископувањата во 1965 година, меѓу останатите артефакти откриени во бањата со термална вода од римскиот период кај Стара Загора, Бугарија, е откриен натпис на мермерна плоча која стоела над влезот од бањата. Натписот датиран од средината на II век по Хрис-ТОС, единствен досега, содржи список на распоредот на просториите. Во списокот стои дека бањата имала: два аподитериума, еден фригидариум, два базени и нимфеум.1
Иако во самиот натпис не се споменува хипокауст, тој како градежен елемент суштествен за секоја бања од римскиот период. сигурно е дека е дел од системот за затоплување на лекувалиштето од Стара Загора.
Хипокаустот е најшироко распространет систем на загревање поради својата целосообразност, хигиеничност и економичност на материјалот за загревање. Тој се среќава во Италија и во сите римски провинции во Европа, Северна Африка и Мала Азија, во географски области со различна клима преку годишните времиња?2
Проблемот околу пронаоѓањето и користењето на хипокаустот се уште не е разрешен во литературата. Од една страна, терминот хипокауст зборува во корист на грчки производ, а од друга страна пишаните извори на римските автори ги посочуваат Римјаните како првите конструктори на хипокаустот.
Според записите на Цицерон, Плиниј, Валериј, Максим и други, пронаоѓањето на хипокаустот се препишува на лицето Сергеј Ората (околу 80 год. пред Христос), богат граѓанин на Рим кој прв изградил хипокауст под еден базен за риби за затоплување на студената вода.3 Тој систем на загревање авторите ја нарекуваат ba/neola suspendere (Циц., Хортенс., фраг. 69) и pensiles balineae (Плин., Нат. хист., либ. IX, 5, 79).
И римскиот архитект и инженер Витрувиј, кој живеел и работел за време на владеењето на Цезар (1 век пред Христос) во Десет книги за архитектурата (КН. V, гл. 10), точно и опширно ја опишува градбата на хипокаустот на современите бањи.
Основната функција на хипокаустот е да го затопли оздола висечкиот под на затоплуваната просторија и нејзините зидови. Оттука доаѓа и значењето на зборот Aipocausis, т.е. затоплување оздола на грчки јазик или hipocaustum на латински јазик, како термин за инсталација за загревање.
Во некои објекти од римската епоха градењето на хипокауст се користело како систем за вентилација и изолација од влага,4 но најчесто како што веќе спомнавме, како систем за загревање.
Просториите со хипокауст во однос на целата бања најчесто се поставуваат на поволна ориентација за максимално искористување на сончевата топлина што е карактеристика во антиката, следејќи ги правилата на Витрувиј (кн. V, гл. 10), кој препорачува врелите и топли простории во бањите да бидат југозападно поставени (аԁ occidentem hibernum), а светло да добиваат од северозапад или југ, бидејќи времето на капење во римската епоха се одвивало најмногу од попладне до залезот на сонцето.
Оваа поставеност на просториите со хипокауст во бањите е вообичаена, што го потврдуваат и проучувањата на бањите во Бугарија од страна на Т. Иванов,5 при што е констатирано дека јужната и југозападната ориентираност на просториите со хипокауст е условена од континенталната клима на овој регион карактеристичен со умерено студени зими и вреди лета.
Основните елементи за функционирање на системот на загревање се: печката (префурниум), каналите за довод на топлиот воздух или водена пара до системот, каналите меѓу кои се движи топлиот воздух или пареа, вертикални канали по зидовите за нивно загревање, отвори - оддушници и канали за истек на топлата вода и водената пареа.
Загревањето на просториите со хипокауст може да биде со топол (сув) воздух или со водена пара. Доколку просториите се користат за потење со сув воздух тие се нарекуваат lakonikum, додека ако потењето е со помош на водена пареа, тогаш нивната терминологија е sudatorium.®6
Загревањето на топлите простории со сув воздух е со помош на печки во кои како материјал за загревање се користеле дрва и дрвен јаглен и над нив три казани за врела, топла и ладна вода.7 Топлиот воздух од печката циркулирал низ хипокаустот, со што бил загреван подот и зидовите во топлите простории.
Во термалните бањи коишто најчесто се градени до непосредна близина на изворот правени се специјални каптажи за топлата вода и на тој начин таа била искористувана како средство за загревање. Водата влегувала во хипокаустот до извесна висина и пареата ја затоплувала суспензурата и каналите во зидовите на затоплуваните простории. Таков е примерот во римските бањи во Хисар (бања Хавуза), Бугарија, Старозагорските бањи и др.8
Доцноримско термално лекувалиште во се. Банско
Селото Банско се наоѓа 19 км југоисточно од Струмица, југоисточна Македонија. Источниот крај на селото, каде што се наоѓа и изворот на термално-минерална вода, кај населението е позната под името Бања. Орографски припаѓа на северните падини на Беласица која има генерално протегање исток-запад. Во геолошката градба на теренот се застапени слоеви од стариот палезоик, неогенот и квартерот. Локалитетот во тектонска смисла му припаѓа на Македонско-српскиот тектонски масив, односно Беласичкиот Pacey долг 45 км во правец исток-запад со пад кон север под агол од 65“, и по чија должина дошло до формирање на раздробени зони и катаклизати-милонити. Сето ова условило овде да се појават значајни извори на термални води.
Археолошките ископувања на локалитетот Доцноримско термално лекувалиште се започнати во 1978 година и со куси прекини се одвиваат во континуитет и денес. Со досегашните
кампањи е опфатен простор од околу 1500 м? на кој е откриено добро зачувано доцноримско термално лекувалиште. Објектот ги користел термално-минералните води на изворот Парило кој се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата. Капацитетот на изворот е 42 л/с со температура на водата од 72°C, доволно за снабдување и квалитетно опслужување на бањата. Водата во себе содржи тешки минерали кои при таложењето формираат дебела наслага од бигор. Со дебели наслаги од бигор е прекриен и целиот простор меѓу изворот и бањата.
Досега се откриени единаесет простории со површина од 623 м?. Девет од нив се извонредно зачувани, што е посебно изразено во Просторијата 1, каде се зачувани еден крстест и еден полукружен свод и во Просторијата 5, каде над кадата е зачувана полукуполата. Кај останатите простории се зачувани почетните партии од сводните конструкции.
Просториите 1 и 4 во доцноримското термално лекувалиште во с. Банско
Анализирајќи го планот на доцноримското термално лекувалиште во с. Банско,9 констатиравме групирање на просториите во три паралелни низи, следејќи ја конфигурацијата на теренот (сл. 1, 2). Ова редење во низи на просториите следело како последица на ширењето на бањата, при што јасно се дефинираат и повеќе фази на градба. Во првата (најстарата) фаза на градба на објектот спаѓаат трите простории (просториите 1, 2, 3) коишто ја формираат првата низа, опфаќајќи ги и двете простории со хипокауст.10
Овие две простории се наоѓаат најблиску до изворот со врелата термална вода со цел да нема губитоци на топлината од водата при нејзиното користење како средство за затоплување. Во однос на котата од банкината од Просторијата 3 што граничи на западната страна со просториите | и 4, тие се на повисоко ниво за 0.25 м.
Просторијата 1 е поставена во правец с/и-ј/3 со должина од 6.27 м (сл. 3). Североисточната половина е со димензии 3.90 х 3.10 м, каде што е и системот на подно и зидно загревање - хипокаустот, додека југозападната половина на просторијата е када со димензии 2.60 х 2.30 м и длабочина од 1.00 м (сл. 4). Овие два дела се одделени со преграден зид долг 3.10 висок 1 и широк 0.50 м. Во основата на зидот и од двете страни има по еден скалник во ширина од 0.30 м. Во источниот агол од базенот под зидот и под двата скалника минува одводниот канал кој употребуваната вода ја носи во главниот канал. Влезот во оваа просторија е на северната страна преку врата со ширина од 0.82-0.90 м и висина од 1.85 mM. На североисточниот 5ид постоела врата за влез во оваа просторија, но во фаза на натамошно ширење на бањата оваа врата е зазидана.
Целосно е зачуваната сводна конструкција во делот ад кадата претставува полукружен свод, додека просторот со хипокаустот е засводен со крстест свод од тула, со висина од 3.80 м (ел. 5). Витрувиј (кн. V, гл. 10) препорачува лаконикумот и просториите за потење да бидат засводени, заради тоа што кондензираната пареа непречено се слива по сводот. Комуникација со Просторија 4 е преку лачна врата со ширина од 2.33 м, висина од 3 м (сл. 6).
Просторијата 4 е со правец на простирање с/3-ј/и (сл. 7). Таа е со должина од 6.40 м и ширина од 3.15 м. Покрај североисточниот зид има подигнато клупа со должина од 3.35 ширина 0.35 и висина од 0.54 м. Меѓу клупата и зидот има ред од 13 тубули. Источниот агол на оваа просторија е за 0.25 м повисок од останатиот дел. Овој простор со димензии 2.30 х 1.80
м е мермерно плато, а веднаш до него има зидана када со димензии 1.96 x 0.92 м и длабочина од 0.50 м. Ваква клупа, но со помали димензии 1.70 х 0.30 х 0.30 м има и во западниот агол. Во неа се зачувани пет тубули кои за разлика од оние од североисточната клупа се зазидани и не излегувале над клупата. Ова клупа служела истовремено и за полесно влегување во кадата во југозападниот дел, којашто во некоја следна фаза е доградена (Просторија 10) со димензии 3.20 х 3.05 м.
Висината на зачуваните зидови во просториите 4 и 10 се најмногу до 3.40 м. Покривната конструкција на Просторијата 4 била свод од тула со простирање на сводот на покусиот распон од просторијата кон остатоците од засводување на зидовите, по кои може да се дефинира и висината на сводната конструкција. На јужната и југозападната страна од двете кади во просториите | и 4 има поставено лачни прозорци.
Од Просторијата | по должина на Просторијата 4 продолжува системот за загревање, така што двете простории се врзани во една функционална целина со заедничка намена (сл. 9, 10).
Елементи на системот на загревање
Преку канал кој е поставен по должината на северозападниот зид од Просторијата | доаѓала термалната вода и преку три отвора влегувала во системот за загревање, така што големото количество на водената пара вршело затоплување на суспензурата, зидовите и клупите во просториите | и 4. Еден од отворите за довод на водата во хипокаустот е поставен Просторија 3
под вратата во Просторијата 1, централно кон главниот канал, додека другите два се наоѓаат меѓу трите реда од арки на северниот агол од просторијата (сл. 11). Системот за загревање е поставен во Просторијата 1, и тоа во нејзината североисточната половина и продолжува во Просторијата 4 до мермерното плато и зиданата када, зафаќајќи должина од 7.10 м и ширина од 3 м или вкупна површина од 21.30 м² и тој е целосно зачуван (сл. 12).
Носивиот под од овој систем е солидно граден од правилно редени тули со димензии од 51 x 33-35 x 4 cm. На голем број од тулите се среќава впишаниот знак X од две паралелни црти по нивната должина. Подот е поставен на рамен терен заради тоа што треба да го поднесе големиот товар од целата хипокаустична конструкција (колони, висечки под и полова завршница) со благ пад кон каналите за довод на вода со разлика од крајните точки од 13 см (сл. 12). Притоа е запазено правилото на Витрувиј, (кн. V, гл. 10) носечките подови во хипокаустничните простории да бидат така навалени кон подовите на печките, што ако се фрли топка од печката нагоре, таа полека се врати накај печката. При таков пад смета дека топлиот воздух најдобро циркулира и затоплува во хипокаустниот систем.
Подната субструкција на носивиот под е повеќеслојна и е составена од повеќе градежни материјали. Со сондирање на подот се констатира дека тулите од подот се вградени во слој од бел варов малтер со дебелина од 4 см. Под него редени се парчиња од кршени тубули со дебелина од 2 см, поставени на хоросан малтер со примеси на глина со дебелина од 2 см. Под овој слој на малтер редени се два слоја камен со дебелина од околу 20 см и под нив слој од хоросан малтер со примеси на глина со дебелина од околу 20 см. (сл. 13). Поради недостапноста на просторот за подлабоко сондирање, не може да се каже дали субструкцијата завршува до тоа ниво или продолжува со слоевите надолу. Специјално при влажни згради Витрувиј (кн. VII, гл. 4) препорачува како прва мерка за отстранување на влагата да се направи дебел пласт (три римски стапки - околу 90 см) од хоросан малтер со примеси од парчиња од печени тули со која ќе се зарамни целата полова површина, што како пример употребен е и во овој објект.
Градежна конструкција и градежен материјал на хипокаустот
Во бањата Никополис ад Иструм во Бугарија, на источниот и на западниот зид од просторијата А, во уште свежиот хоросан малтер античките мајстори-ѕидари ја исцртале шемата на хипокаустната конст рукциј a. Две хоризонтални прави нацртани на извесно растој ание од подот, пресечени со две нормални прави кои образуваат правоаголници со ширина еднаква на ширината на растојанието меѓу колонките и меѓу нив исцртаните полуцилиндрични арки, претставува оригинален цртеж и доказ за планирањето за градежната конструкција на хипокаустот и организирањето на работата на античките мајстори-градители. |!
Постојат повеќе видови конструкции на хипокаустот, и тоа во зависност од видот и големината на објектите.
Во доцноримското термалното лекувалиште во с. Банско, во просториите со хипокауст, изведен с тип на аркадна конструкција. Целата конструкција с изведена со арки од тули и се состои од централен отворен канал кој се простира с/3-ј/и по целата должина во средишиот дел од просториите | u 4 (сл. 14) и излегува низ зидот од Просторијата 4 низ отвор кој е во функција на регулатор на топлината во хипокаустот (сл. 15). Каналот е со ширина од 45-47 см и длабочина од 70 см. Лево и десно од каналот во Просторија 1 поставени се три односно два паралелни реда со по три арки. Во Просторијата 4, на левата страна од каналот, се поставени три реда со по три арки, а на десната страна два реда со по три арки (сл. 16). Последниот ред од арки до зидовите и во двете простории се на растојание од 10 см од зидот заради поставување на вертикалните тули (тубули) по висината на зидот. Арките почнуваат од носивиот под и се доближани една до друга. Димензиите на тулите од коишто се направени се 25 x 13-14 х 4 см. Дебелината на фугите меѓу тулите е од | до 3 см, на горната страна од лакот. Просторот меѓу арките с зазидан од тули со дебелина од од 4 см и фуги меѓу нив од бел варов малтер со дебелина од 2 см. Засводувањето на арките почнува од подот, така што висината на светлиот отвор е 38 см, а ширината е 68 см (сл. 12).
Витрувиј (кн. V, гл. 10) ја споменува конструкцијата-колонки од тули. Според него, висината на колонките треба да биде две римски стапки, т.е. 60 см. Во нашиот случај, зидањето на колонки не е изведено, најверојатно заради намалување на висината на хипокаустичниот простор, кој е со мала површина од 21.30 м“, со што се добива поголема ефективност. Како завршен слој над арките е поставен еден ред на тули со дебелина од 2 см. Над зарамнетата површина над арките е поставен висечкиот под кој се означува со терминот суспензура или suspensio. Тој се состои од површина со тули со димензии од 60 x 68 см и дебелина од 7 см. Овие тули се наречени бипедални (bipedalis tegula) и поставени се од едниот ред на арки до другиот, зафаќајќи по една половина од ширината на арките. Поставени се врз слој од бел варов малтер со дебелина од 2.5 см. Врз нив е нанесен дебел слој од 8 см хоросан малтер со ситни камчиња и крупни парченца од црвена тула. Горната површина од овој малтер е со примеси од ситни камчиња и прав од тула, таа е фино мазнета, а на краевите до зидот завршува со заоблени рабови со ширина и висина од 10 см (ел. 13). Ист пример на полова завршница има во бањите во Пауталија, во Бугарија12 .!?
Просторот над централниот канал во сегашна ситуација е отворен и бидејќи не се пронајде ниеден елемент кој ќе беше соодветен податок за неговото покривање, претпоставуваме дека најверојатно е покриван со бипедалните тули, кои по потреба се дигале заради чистење и поправка на каналите.
Видливо е дека основниот градежен материјал на хипокаустичниот систем е тулата, која била масовно произведувана во воени, општествени и приватни работилници (официни), како што покажуваат бројните печати и натписи на голем број тули. Малтерот, пак, се користи како врзно средство меѓу тулите, во носивиот под со повеќе примеси во него и како подна завршница.
Затоплување на зидовите
За да се искористи уште поубаво топлата водена пареа која што го затоплува висечкиот под, истата поминува низ специјални канали во зидовите, така што се затоплуваат целите простории на еден добро осмислен хигиенски начин. Затоплувањето на зидовите Римјаните го спроведе околу 70-80 год., како што покажуваат некои пишани извори (Seneca. Epist., 90.25). Витрувиј (кн. УП, гл. 4) бил многу блиску до тоа откритие, но не го направил. Во врска со отстранувањето на постојаната влага на зидовите тој препорачува изградба на внатрешен тенок зид од вертикално поставени тули со израстоци на четирите краеви, т.н. fegulae hamatae, кои се всушност извесните fegulae mammatae.
Во доцноримското термално лекувалиште во с. Банско системот на затоплување на зидовите е составен од специјални тули - fubuli, кои се шупливи, со правоаголна форма и дебелина на зидовите од 1.5 см. Нивната димензија е 25 x 10 см и висина од 42 см во Просторијата Чи 24 x 10 cm и висина од 36 см во Просторијата 1. Во Просторијата 1 тубулите се поставени на северозападниот ЅН лево и десно од влезната врата, и тоа по пет вертикални реда со по шест тули, до висина од 2.10 м од подот (сл. 17). На североисточниот зид тубулите биле поставени преку целата должина на зидот до висина од 2.10 м, но од нив зачувани се само 8 реда, и тоа првите во најдолниот ред. Во Просторијата 4 тубулите се поставени зад клупата на североисточниот зид во 13 реда и кон остатоците од малтерот на зидот, најверојатно биле до иста висина како во Просторијата | (ел. 18). На спротивниот зид тубулите се поставени под клупата пред кадата и завршуваат во неа со цел да истата биде загревана.
Тубулите со едната страна налегнуваат врз бипедалните тули, а до ѕидовите се прилепувани со малтер и тоа прво на зидот нанесен е хоросан малтер во дебелина од | см и врз него бел варов малтер со иста дебелина (сл. 13). Тие се прицврстувани до зидот со помош на железни
„Т“ клинци кои се ковани меѓу нив и на крајот најверојатно завршувале рачвесто за да ги држат двете тули истовремено. На северозападниот зид од Просторијата 1 има повеќе остатоци од силно кородирани клинци поставени по вертикала меѓу тубулите. Ваков пример на прицврстување на тубулите има во бањата во Баргала,13 во античката бања во Вараждинске Топлица,14 во доцноантичниот балнеум (црквата Св. Георги во Софија),15 во бањата во Никополис ад Иструм"“16 и други.
Во средина на страничните површини од тубулите се направени отвори со димензии 10 х 2.5 см, со цел топлиот воздух да се движи и хоризонтално меѓу сите редови. Врз тубулите нанесувани се два слоја малтер, и тоа прво бел варов со дебелина од 1.5 см и хоросан малтер со иста дебелина кој е фино мазнет по целата површина.
Начин на функционирање на системот на загревање
Високата температура на термалната вода од 72“С од изворот Парило во с. Банско во чијашто близина е изградена и оваа терма, била доволно висока да се користи за затоплување на подовите и 5идовите во хипокаустните простории без дополнително нејзино загревање. Поради тоа со досегашните археолошки ископувања не се открија печки (fornax) за подно затоплување и затоплување на водата. Врелата термална вода спроведувана преку канал во Просторијата 1, ја доведувала водената пареа која се ширела меѓу редовите од арки и продолжувала низ каналите во ѕидовите (тубулитс), вршејќи и нивно затоплување. Преку централниот канал водената пареа продолжувала и во Просторијата 4, каде кружејќи низ каналите вршела загревање на подот и на зидовите и во оваа просторија. Должината на централниот канал од отворот за довод, до отворот за отстранување на вишокот на пареа низ зидот во Просторија 4 изнесува 9.90 м. Неговиот пад го следи падот на носивиот под, кој, почнувајќи од доводниот канал се движи нагоре кон отворот за отстранување на вишокот пареа со разлика во висина од 13 см (сл. 9, 10).
Доведуваната термалната вода во Просторијата | преку три отвори со постојан мал тек, истекувала низ одводната цевка во зидот од источниот агол во истата просторија. Оваа одводна керамична цевка служела и за истекување на водата од кадата во Просторијата 1, која има одводен канал под клупата на подот.
Вишокот на големото количество на водена пареа кое се движело меѓу редовите од арки во просториите 1 и 4, излегувал надвор преку канал - оддушница кој е поставен на крајот од централниот канал. Тој е убаво иззидан отвор со висина од 55 см и ширина од 42 см, на кој во некоја фаза е вршено стеснување во ширината со зазидување (сл. 11).
Дел од водената пара излегувал и низ двете керамични цевки на североисточниот ЅН од Просторијата 1 кои се наоѓаат до одводната цевка на висина од 40 см од носивиот под и излегуваат преку зидот во делот од клупата во Просторијата 2.
Кружењето на водената пара низ хипокаустниот дел вршело загревање на висечкиот под, а истовремено и загревање на зидовите и клупите во просториите преку тубулите низ кои се искачувала пареата и излегувала низ нив истовремено загревајќи го и внатрешниот простор.
Вишокот на загреаниот и заситениот воздух со водена пареа излегувал преку керамични цевки - комини (сл. 19), кои се косо поставени во североисрочниот зид од Просторија | и во југозападниот зид во Просторијата 4, на висина од 2.40 м од подот и излегуваат на покривот од просториите.
Употребената вода од малата зидана када во Просторијата 4, преку истечен канал истекувала во главниот канал на системот и се одливала во одводна керамична цевка која се наоѓа во зидот на северниот агол од просторијата, во висина на носечкиот под.
Топлиот под, топлите зидови и клупи и топлиот и влажен воздух создавале идеален простор за препотување на капачите - sudatorium, Надополнетиот простор со двете кади со топла вода во кои можеле да се сместат 2 до 3 лица. Едната помала када за еден капач и платото со мермерни плочи на коешто можеби е вршено релаксација на телото со масажи и мачкање со миризливи масла, е место не само за капење и лечење со термалната вода, туку и место за уживање - карактеристика за начинот на живеење во римскиот период.
Со досегашниот тек на ископувања на целокупниот простор од бањата и се уште необработениот движен археолошки материјал, не сме во можност да ја дефинираме точната датација на просториите со хипокауст и бањата во целост. Но со компаративни методи и следејќи ги аналогите од слични објекти ширум Балканот, а и пошироко, сепак, можеме да ги датираме во Ш век по Христос, што не значи дека оваа датација е конечна и не можеме да ја поместиме поназад или понапред низ времето. Истражувањата кои ќе следат сигурно дека ќе го дадат и одговорот на ова мошне важно прашање.
Хипокаустичниот систем на затоплување е доста употребуван и во нашата земја. Тој се користел во јавни и во приватни бањи, и тоа во термите во Хераклеја, Малата терма и Големата бања во Стоби, Бањата во Баргала, Бањата во с. Баница, Струмичко и други,17 но овој тип на аркадов систем, со главен централен канал во средината по целата должина на системот, во античкото термално лекувалиште во с. Банско, е единствен досега откриен и како пример доста ретко се среќава и низ другите држави. Комплетната целосна сочуваност, овозможува и негово сегашно функционирање. Разликата со другите типови на загревање е и во тоа, како што веќе спомнавме дека нема префурниум (ложиште), туку загревањето е од топлината на термалната вода.
Системот на хипокаустично загревање продолжува да се користи и во средниот век, наведувајќи го примерот на малата и големата бања во манастирскиот комплекс Водоча кај Струмица, каде што се користат основните принципи и градба на античкиот хипокауст.18 “
Славица Тасева Ване П. Секулов
SLAVICA TASEVA
VANE P. SEKULOV
National institution for Protection of the Monuments of Culture and Museum Strumica
THE HYPOCAUST SYSTEM IN THE SUDATORIUM OF THE LATE ROMAN TERMAL COMPLEX IN THE VILLAGE OF BANSKO, STRUMICA
Белешки
- Николов Д., 1968, 43-48. ↩
- Иванов Т., 1971, 23. ↩
- Forbes R. J., 1958, 40. ↩
- Карасимеонов П., 1942, 188. ↩
- Иванов Т., 1971. ↩
- Вaçe A., 55. ↩
- Витрувиј, V, 10. ↩
- Иванов Т., 1971, 26. ↩
- Ананиев J., 1989. ↩
- Тасева С. - Секулов В., 2002-2003, 265. ↩
- Иванов Т., 38. ↩
- Белдедовски З., 2003, 57-69. ↩
- Belančić-Gorenc, 1961, 203-206. ↩
- Иванов P., 2002. ↩
- Иванов Т., 221. ↩
- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996. ↩
- Ананиев Ј., 1990-91, 57-64. ↩
Summary
The Hypocaust System in the Sudatorium of the Late Roman Termal Complex in the Village of Bansko, Strumica
The late Roman thermal sanatorium, situated at the base of the Belasica Mountain in the well known health resort in the village of Bansko, is the biggest building of its kind found in Macedonia, and the best preserved building of its kind in the Balkans.
During archaeological excavations 11 rooms were discovered, built in three different phases, covering an area of 623 m2.
Two steam heated rooms belong to the first, oldest phase of the building, Room 1 and Room 4.
The hypocaust was a system widespread in the Roman Empire after the Ist century CE, because of its functionality, hygiene and thriftiness. Its basic function was to heat the floor of the room and its walls. The thermal water from the hot spring Parilo was used for this purpose. The water temperature is around 72°C, enough to heat the floors and walls in the rooms that have a hypocaust system.
The heating system is set up in the northeastern half of Room land continues to Room 4; it covers a surface 7.10m long and 3m wide, or a total surface of 21.30 m2. The system is completely preserved and is designed with an arched construction and a central canal. To the left and right of the canal two and three parallel lines of arches are positioned respectively. The basic building material is brick, which is used in every part of the building, i.e., in the floors and arches; mortar was used between the bricks. The height of the hypocaust is ca. 70 cm and it stands on a brick floor. The system is formed of canals through which the hot steam circulates and a floor above the hypocausts.
The circulation of hot steam through the hypocaust heated the upper floor, and at the same time heated the walls and benches in the rooms through special bricks or tubuli. The steam went through and out of the tubuli, thus heating the rooms at the same time.
Библиографија
- Ананиев J., 1989, Археолошко ископување на локалитетот “Турска бања - Панаѓур“ с. Банско кај Струмица 1978 - 1981, Зборник на трудови, Завод - Музеј Струмица
- Ананиев J., 1990-91, Археолошки ископувања на црквата Св. Леонтиј во с. Водоча 1986-1990 година, Културно наследство 17-18, Скопје Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, Скопје.
- Bace Ад. Banjat e shekujve 16 pare té erés soné пе shqipéri, Monumentet
- Belanti¢-Gorenc, 1961, Istrazivanja antiknog kupali8ta и Varazdinskim Toplicama od 1956-59 g., VAMZ Serije 3, svezak 2, Zagreb
- Белдедовски 3., 2003, Доцноантичка бања, Зборник 9-10, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен Музеј-Штип
- Forbes R.J., 1958, Studies in Ancient Technology, vol.V1, Leiden
- Иванов P., 2002, Римски и рановизантииски градове 6 Beazapua, том 1, Софија
- Иванов T., 1971, Проучвания върху хипокауста от римската и ранновизантийската епоха в България, Археологии кн. 1, Софии
- Иванов T., Раскопки 6 Nikopolis аԁ7 Istrum през 19432.
- Карасимеонов П., 1942, Церквата „Св. Георги, в Codbua, [НМ VII, Codua
- Николов Д.. 1968, Строителен надпис от римска баня край Стара Загора, Археология кн.1, София
- Тасева С. - Секулов B., 2002-2003, Доцноантичко термално лекувалиште во с. Банско кај Струмица, Културно наследство 28-29, Скопје