Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 321–332

Три доцноантички опидуми во Кумановско

Содржина
  1. Управа за заштита на културно наследство - Скопје
  2. ТРИ ДОЦНОАНТИЧКИ ОПИДУМИ ВО КУМАНОВСКО
  3. Нивната стратешка и комуникациска функција
  4. Монети
  5. ZVONIMIR NIKOLOVSKI
  6. THREE OPPIDA FROM LATE ANTIQUITY IN THE KUMANOVO REGION
  7. -Their strategic and communicational function-

Управа за заштита на културно наследство - Скопје

ТРИ ДОЦНОАНТИЧКИ ОПИДУМИ ВО КУМАНОВСКО

Нивната стратешка и комуникациска функција

Просторот на денешна Македонија во крајот на Ш век страдал од силните готски провали, кога биле уништени речиси сите населби кои се нашле на линијата на нивното движење. Повеќето од нив не биле обновувани.

Веќе во 4 век, поучени од претходните настани, безбедноста на населбите била организирана со градење бројни воени утврдувања и други јавни градби во провинциите, со што доцноантичките градови се издвојуваат од раноантичките и го сочинуваат новото поглавје во урбаниот живот. Пред се, начинот на градење и градежните материјали биле квалитетно подобри во споредба со претходните. Затоа, остатоците од градби од ГУ-УТ век се подобро зачувани на површина и нив можеме полесно да ги забележиме и вреднуваме.

Покрај градови и гратчиња, во доцноантичката урбанизација постоеле и други категории населби, и тоа: утврдени? села (вики мурати) и вили (вила рустика), планински збегови (рефугиуми) и утврдувања (кастели), војни логори покрај патиштата (кастел милитум), погранични и царински станици (статија и постови) и стражи (спекули), како и рударски утврдувања (кастел минорес).

Во кумановската област, која со Диоклецијановата територијално-административна поделба припаѓала на провинцијата Дарданија,1 се евидентирани следните населби и утврдувања: опидумот Градиште над селото Градиште; утврдениот викус на месноста со топоним Opsbak кај селото Канарево; опидумот Голема Кулица над селото Карабичане; опидумот Жеглиговски Камен-Костоперска Карпа во селото Младо Нагоричане; опидумот (рударско утврдување) Калс (Пударница) над селото Никуштак; кастелот Калиште над селото Орашац; пагусот (рударско утврдување) Вукосија во селото Пезово; опидумот Градиште кај селото Пчиња; пагусот Градиште кај селото Ругинце; кастелот Кале над селото Слупчане; пагусот Калиште кај селото Стрезовце; кастелот Градиште над селото Враготурце и кастелот Уем помеѓу селата Врачовце и Степанце.

Во овој осврт претставени се три поголеми опидуми поврзани помеѓу себе со главните патни правци. Тоа се: Голема Кулица над селото Карабичане, кој како значаен стратешки пункт ја контролирал и обезбедувал патната комуникација кон север; опидумот на локалитетот Костоперска Карпа или Жеглиговски Камен кој континуирано од раниот период на енеолитот до доцниот среден век претставувал главен стратешки пункт за обезбедување и контрола на големата магистрална патна комуникација, односно т.н. Војнички пат кон источните простори (Пауталија, Сердика, Константинопол) и опидумот на локалитетот Градишки В’р над селото Градиште, кој имал визуелна комуникација со претходните и бил стратешки пункт и обезбедување на комуникацијата која водела кон југ и се поврзувала со т.н. Дијагонален пат.

Карта. 1.
Карта. 1.

1. Село Карабичане, локалитет Голема Кулица - опидум од класично-хеленистички, доцноантички и рановизантиски период.

Се наоѓа на десетина километри северно од Куманово и источно од стариот пат кон Врање, кој отвора широк коридор низ Јужна Морава и Наис. Голема Кулица претставува до-

План. 1. Голема Кулица
План. 1. Голема Кулица
Илустрација, стр. 324

ге“ Голема Кулица

минантно возвишение (538 метри) северно над селото, помеѓу Четирце и Сопот.2 Со неколкуте рекогносцирања и мерење на кастелот, утврдено е дека се работи за исклучиво силен стратешки пункт кој имал контрола над коридорот север - ЈУГ. Остатоци“ ге од диво копање откриваат масивен и широк периметрален бедем 5идан во техника емплектон, широк 1.80 м, кој со својот габарит формира триаголен кастел со површина од 1.07 ха. Веројатно во текот на У и VI век на западната страна, пониско, бил изграден правоаголен долен град со површина 0.94 ха. Употребените ранохристијански архитектонски елементи кои како сполии се вградени во малата средновековна црква Св. Ѓорѓи на стотина метри надвор од градските зидини, најверојатно потекнуваат од базилика во долниот град. Вкупната површина изнесува околу 2 ха, што како и останатите елементи (силен акропол со триаголна кула и одбранбен ров од север, долен град, базилика, остатоци од градби чии зидови се гледаат во висина од | м, богати културни хоризонти и површински подвижни наоди), со сигурност укажуваат дека ова е уште еден пример за кастел кој прераснал во мал градски центар во текот на УТ век. Можеби животот продолжил и подоцна во средниот век, на што укажуваат пронајдените венецијански монети од XII век.3 На неговата постара фаза на живот укажуваат наодите на керамика, монета од Дамастион, а помладата фаза бројните наоди од IV-VI век. Особено се истакнуваат наодите на вага и ексагии кои укажуваат на административен пункт и некој вид порториум на разграничување меѓу провинции, градски, руднички области и слично. Малобројните наоди на пари упатуваат на интересни патокази. Фолисот на Флавиј Виктор укажува дека утврдувањето ги доживеало упадите на Готите од 380 година, односно дека можело да биде значајно црковно средиште во рамките на Скупската митрополија, а најмладата монета на Анастасиј може да укажува дека комплексот страдал во земјотресот од 518 година. Тешко може да се поверува дека фортификацијата на ова значајно природно одредиште не е обновена и веројатно се наоѓала во пописот на Прокопиј за обновените кастели во текот на Јустинијановата рефеција во внатрешниот лимес (можеби се работи за обновените градови Кесиана4 и Тезуле?, кои се први во пописот на обновените градови во провинцијата Дарданија).

За карактерот и значењето на овој локалитет сведочат и неколку примери на архитектонска декоративна пластика и движни наоди:

Илустрација, стр. 325

Монети

- коринтски импост капител, комбинација на четирилистен капител со импост, од зелен дацит. Најверојатно потекнува од трибелон на еднокорабната црква која се наоѓала во внатрешноста на опидумот. Сега капителот се наоѓа во црквичката Св. Ѓорѓи;

- дел од импост за прозорско, апсидално мено од бел варовник;

- дел од столб од бел варовник, вѕидан во западниот дел од наосот на капелата.

Неколку монети и друг движен материјал (ексагии, метална рачка од сад со втиснати украси од типот птичје око, многу окови и клинци од објекти и друго) ни даваат првични податоци за хронолошкиот профил на овој стратешки и населбински пункт. Тоа се монети од:

- Константин I (307-336/7), фолис, ковница Сискија;

- Флавиј Виктор (887-388), фолис, ковница Аквилеја;

- нечитлив фолис од ГУ век;

- Анастасиј 1 (491-518), полуфолис, 20 нумии.

2. Село Младо Нагоричане, локалитет Костоперска Карпа, Жеглиговски Камен - хронолошки и културно, повеќеслојно наоѓалиште кое се наоѓа на 9 км североисточно од Куманово, меѓу стариот и новиот магистрален пат за Бугарија.

Досегашните археолошки истражувања во 1983, 1988 и 2000 година дадоа извонредни резултати. Во првата кампања, во западното подградие се откриени 6 гробни целини од IV век. Во 1989 година се изведени пообемни сондажни истражувања и се добиени податоци дека се работи за простор со широк хронолошки и културен континуитет. Најстариот културен хоризонт се наоѓа на платото на акрополот и потекнува од енеолитот. На Јужната тераса се откриени фрагменти од керамички садови од железно време.

Во средишниот дел на акрополот се откриени темели од објект со апсида на источната страна и нартекс на запад, што укажува на постоење на базилика. На југозападната тераса, каде најверојатно се наоѓа главната капија, видливи се остатоци на зидови од цистерна за вода обложени со хидростатен малтер.

Последните истражувања на овој простор открија систем на поврзани цистерни, што е уште еден податок повеќе за неговиот стратешкиот карактер. На околу | км западно од подножјето на локалитетот е откриена некропола во редови со гробови градени од обработени камени блокови, како и слободни вкопувања кои датираат од ГУ-УТ век. Во овој период, поради повлекување на римската војска на северниот лимес, евидентно е присуството на германските федерати кои како платеници на империјата го обезбедувале градот.

5 Bynuh H., XCVIII, 98-99: Микулчиќ И.. 1986, 211-212; Mikuldié 1.. 1976, K-34; Ѓеорѓиевски B., 1989, 57-58.

Илустрација, стр. 326

План. 2. Костоперска Карпа

Костоперска Карпа Утврдената населба поради конфигурација на теренот немала класични бедеми, така што најверојатно и по земјотресот од 518 година ја задржува својата стратешка функција.

Културната хронологија на населбата на Костоперска Карпа завршува во турскиот период, за што сведочат наоди на фрагменти од жолта и зелена глеѓосана керамика.

Целиот простор околу5 базалтната карпа е окружен со средновековни цркви, како и еден подземен објект во јужниот субурбиум со цевки за вентилација, засега со непозната намена.

Во текот на ископувањето на некрополата се откриени две монети од Константин II (317- 340) и од Флавиј Крисп (317-326), како и една бронзена појасна гарнитура од првата половина на У век како гробен прилог, најверојатно на некој федерат, со приврзоци на појасот со протоми на коњски глави.

3. Село Градиште - локалитет Градишки В?р - опидум со континуиран живот од енеолит до раниот среден век. Се наоѓа на околу 20 км југоисточно од Куманово, над сегашното село Градиште и од десната страна на патот кој овој опидум го дели со Вукосија.6

Тоа е доминантно зарамнето плато утврдено со видливи бедеми со ширина од 1.50 до 2.50 метри и издвоен акропол со два одбранбени зида. Акрополата и населбинскиот дел, распоредени на две тераси, зафаќаат простор од околу7 6 ха и висинска нивелација од највисоката точка на акрополата (кота 795) до влезната североисточна капија, од 39.5 м.

Со сондажни заштитни археолошки истражувања во 2001 година со вертикална и хоризонтална стратиграфија на длабочина до 2 м, е потврден континуитет на живот од енеолитот до средниот век.

Согледувајќи ја неговата стратешка положба и добрата визуелна комуникација со останатите стратешки објекти, заклучуваме дека се работи за многу важен населбински и стратешки пункт кој долго време имал улога за контрола и заштита на јужната патна комуникација, која преку Астибо се поврзувала со Стоби и понатаму за Тесалоника преку Дијагоналниот пат. Со последните мерења за корекција на Табула Појтингеријана е поставена хипотезата дека на овој локалитет се наоѓа станицата Лнаусаро, чија раздалеченост од станицата Акве изнесува 12 римски милји кое во километри одговара на оддалеченоста на денешната Кумановска Бања до селото Градиште.

Звонимир Николовски ‘ 50,00 100,00 150.00 200,00 250.00 300,00 350.00 400.00 45

Илустрација, стр. 328

Градишки В’р

Илустрација, стр. 329
Илустрација, стр. 330
Сл. 14.
Сл. 14.
Илустрација, стр. 331

Gre Ly:

Илустрација, стр. 331
Сл. 19.
Сл. 19.

ZVONIMIR NIKOLOVSKI

Cultural Heritage Protection Office - Skopje

THREE OPPIDA FROM LATE ANTIQUITY IN THE KUMANOVO REGION

-Their strategic and communicational function-

Белешки

  1. Костив 3., 1996, 77-92; Мирковиќ M., 1981, 89-105. ↩
  2. Хаџи-Васиљевић J., 1909, 413-414; Трифуновски J., 1974, 23; Соколовска В., 1966, 104; Mikulčić I., 1976, 68. ↩
  3. Лилчиќ В., 2004, 181. ↩
  4. Прокониj, 1955, 60. ↩
  5. Хаџи-Васињевин Ј., 1909, 410-411: Трифуновски J., 1974, 160-162; Mikuléié I., 1971а, 470. ↩
  6. Со изградбата на релејот за мобилна телефонија на акрополот од градиштето, Републичкиот завод за заштита на спомениците на кулутрата на рм и Музејот од Куманово презедоа заштитни археолошки истражувања. Поставени се две сонди, и тоа една под бедемот на акрополот и втората на дваесетина метри под неа. Наидовме на голема концентрација на темели од градби од последниот средновековен хоризонт на живеење. Понатаму во Сондата I, внимателно ги следевме слоевите и нивоата на живеење кои беа доста збиени и без траги од насилен прекин на живот, што укажува дека населбата живеела мирен живот. Со рекогносцирање на околниот внатрешен простор е констатиран периметрален бедем, кој наместа е зачуван до 0.50 метри височина, како и видливи темелни партии од последната фаза на живот до самите бедеми. На северниот дел од долната тераса е направен висок земјен насип утврден со пентагонална кула на Југозападниот агол. ↩
  7. Ѓеорѓиевски Б. ги извршил теренските мерења и обидот за корекција на Табулата при што ја изнел хипотезата за локацијата на Anausaro во трудот Античкиот пат Scupi - Stobi според податоците содржани во Tabula Peutingeriana, 1991, 211-219. ↩

Summary

Three Oppida from Late Antiquity in the Kumanovo Region

The Kumanovo region has always, and especially in the period of Late Antiquity, been a lively communicative space, in which many roads from northeast and south crossed.

From the end of the third to the fourth century, and especially after the earthquake in 518 A.D., the constant invasions of barbaric tribes required the construction of fortifications at strategic points. The most representative and most relevant urban entities of a strategic character were the oppida that controlled and secured the three main communicational intersections, which are the following: Golema Kulica above the village Karabi¢ane, Kostoperska Karpa in the village Mlado Nagoriéane and Gradiski V’r above the village Gradi8te. Their importance as strategic points confirms the data gathered from the different social layers found in the vertical and horizontal stratigraphy from the Eneolithic till the Early Medieval period.

Библиографија