Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 309–320

Нови сознанија за локалитетот Кула кај с. Калаузлија

Содржина
  1. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип
  2. Сакрален објект
  3. Заклучок
  4. National Institute for Monument Protection and Museum - Stip

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип

НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ КУЛА

КАЈ С. КАЛАУЗЛИЈА

Во 2005 година ну Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип изведе археолошки истражувања на локалитетот Кула кај с. Калаузлија.

Локалитетот Кула според досегашните сознанија претставува населба и утврдување од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км југозападно од с. Калаузлија, на издаден гребен кој на западниот крај стрмо се издига над коритото на Козјачка Река, од нејзината десна страна (сл. 1). На врвот има зарамнето јазичесто плато (70 х 65 м) опкружено со остатоци од темел на бедем од кршен камен и варов малтер. На пониските коти под овој бедем е регистриран градежен материјал од објекти и можеби остатоци од уште еден бедем што укажува на можно двојно утврдување.

Непосредно северно од бедемот е лоцирано уште едно зарамнето плато со остатоци од бедемско утврдување видливо од северната и источната страна. Двете платоа ги дели длабок преслап (ров), најверојатно вештачки проширен за потребите на одбраната на тврдината (Пл. I).

Оваа населба и тврдина е една од бројните одбранбени пунктови распоредени околу доцноантичкиот град Баргала.1 Лоциран е на околу 3.5 км југоисточно од Баргала. Локалитетот .е регистриран во Археолошката карта на Р. Македонија како еден од позначајните утврдени населби во брегалничкиот регион.2

Повеќе години наназад на овој локалитет се изведуваат нелегални ископувања, при што се откриени и во голема мера оштетени неколку објекти: голема цистерна за вода, простории од поголем објект во чии рушевини покрај другите наоди констатирани се тесели од стаклена паста за зидни мозаици и еден сакрален објект раскопан и откриен делумно. Истовремено се уништени поголем број гробни конструкции, а материјалот е разнесен кај приватни лица.3

Сакрален објект

Археолошките истражувања беа насочени кон откривање и документирање на сакралниот објект, лоциран на второто зарамнето плато, кој како што е веќе кажано беше цел на Пл. I, План на локалитетот Кула, с.Калаузлија (според М. Милоевиќ)

Сл. 1. Локалитет Кула, с. Калаузлиј2
Сл. 1. Локалитет Кула, с. Калаузлиј2
Илустрација, стр. 310
Илустрација, стр. 310
Илустрација, стр. 311
Сл. 2. Поглед на црквата on Исток
Сл. 2. Поглед на црквата on Исток
Илустрација, стр. 312

повеќегодишно нелегално ископување и уништување. Овој дел од локалитетот според исказите на поедини постари мештани познат е и под името Стар Козјак.

На просторот каде што е лоциран објектот е поставена квадратна мрежа со квадрти 5 х 5 м. Со откривањето на објектот се отпочна во апсидалниот-олтарниот простор зафаќајќи го квадратот В2. На овој простор направените ископи непосредно до апсидалниот зид беа најдлабоки до - 1.40 м од највисокото зачувано ниво на апсидалниот зид на објектот.

Откопите во длабочина од 0.20 м, се изведуваа по целата должина на апсидата со отстранување на сива растресита земја помешана со шут (фрагментирани тули и покривна керамика - тегули и имбрекси, малтер и градежен камен). Регистрирани се неколку фрагменти од архитектонско-декоративна камена и мермерна пластика: делови од олтарни столпчиња и делови од камени и мермерени обработени блокови, веројатно од постар антички објект, овде употребен секундарно и ситни делови од мермерна плоча, карактеристична за ориз сектиле. Откопот заврши на ниво - 1.60 м. На ова ниво констатирана е здравица, светлокафеава земја и камен песочник во фаза на распаѓање. Остатоци од in situ зачувана подна конструкција не се регистрирани. Апсидалниот зид однатре, од западната страна, ¢ зачуван во висина од 0.80 и 0.90 м во северниот и јужниот дел до 1.40 и 1.60 во средишниот дел. Граден е во најголем дел од кршен гранитен камен и бел варов малтер со мала количина на толчена цигла. Широчината на апсидата изнесува 4.40 м, а нејзината длабочина 2.90 м.

Сл. 5. Состојба на гробницата пред отворање
Сл. 5. Состојба на гробницата пред отворање

Со откопите од надворешната, односно источната страна на апсидата во квадратите B2 u B3 на длабочина од 1.20 - 1.30 м е констатирана основата на зидот широка 1.25 M, која над темелната основа се стеснува до 0.65 м и преминува во три истурени пиластри, радијално распоредени кон исток (ел. 2, 3, пл. П). Пиластрите ја задржуваат широчината од основата на зидот 1.25 м. Вака полукружно поставените пиластри по должината на зидот формираат четири длабоки ниши. Апсидалниот зид однадвор, кон север и југ, со по три скалесто истурени запци, преминува во северниот и јужниот зид на црквата (сл. 3, Пл. П).

Откопите по целата должина н широчина во наосот на црквата во квадрантите Б2 и B3 и А2 и A3 констатираа девастирана состојба на земјиштето. Регистрирано е неколкукратно прекопување. Откопите од земја и шут се изведуваа во длабочина од | м во источниот дел до 1.50 м во западниот дел на објектот.

Дислоцирани делови од архитектонска декоративна камена пластика во најголем дел е регистрирана по должината на северниот зид од црквата. Документирани се неколку бази од олтарната преграда (широки плочи со вдлабени жлебови - лежишта за парапетни плочи и кружни вдлабнатини - лежишта за олтарски колонки, фрагментирани делови од олтарски столбчиња во поголем број најдени се во наосот и во шутот надвор од објектот. Регистрирани се и ситни фрагменти од парапетна плоча, релјефно украсена со орнамент на рибини крлушки, импост капител и делови од други капители како и ситни делови од транзени. Од останатата арупотребувани за подните конструкции на објектите во доцноантичкиот град Баргала.

Сл. 7. Источен зид на гробницата
Сл. 7. Источен зид на гробницата
Сл. 8. Живопис, престава на впишан крст во круг
Сл. 8. Живопис, престава на впишан крст во круг

Со расчистувањето на наосот од црквата и откривањето на северниот, јужниот и западниот ЅНІ од внатрешната страна ги добивме димензиите на внатрешниот простор на објектот 11.30 х 6.30 м. Подот на наосот кој е уништен со дивите ископувања веројатно се наоѓал на околу 0.50 м повисоко од сегашното ниво на завршните откопи. Податоци за таква претпоставка дава апсидалниот зид кој од внатрешната страна, на одредено ниво по целата негова дожина има испуст, мало проширување веројатно направено како подлога - лежиште за поставување на подни плочи.

Со откопите во квадрантите Al и вл покрај северниот зид однадвор ги добивме следните резултати: Бидот е граден од истиот материјал како и апсидалниот зид. Широк е 1.25 м, зајакнат и украсен со четири пиластри градени заедно со зидот. Пиластрите се со димензии 0.95 x 0.95 м. Пиластрите заедно со зидот формираат три длабоки ниши, широки до 2 м (сл. 4, пл. II). Просторите меѓу пиластрите и северниот ѕид беа истражени со длбоки сондирања до почетната основа - фундаментот на зидот и пиластрите.

Сонда I (гроб 1 - гробница). Сондирање со површина 2.00 x 1.70 м изведено ¢ меѓу третиот и четвртиот пиластер (гледано од запад кон исток). На ниво 0.50-0.70 м од зачуваната висина на пиластрите и зидот е откриена засводена покривна конструкција на зидана гробница со влез од исток во висина на покривот (сл. 5, б).

Сводот е изведен во комбинација на тули камен и малтер. Влезот во гробницата е затворен со масивна камена плоча. Покривот во средишниот дел е пробиен со отвор 0.50 х 0.50 м преку кој е извршен упад во гробницата. Гробницата ги има следните внатрешни димензии: должина 1.70 м, широчина 1.10 м и висина 1.60 м. 5идовите на гробницата се изведени од камен и варов малтер со примеси на толчена тула. Однатре е малтерисана со тенок слој од хидростатен малтер. Фидовите се со широчина: северниот 0.30 м, јужниот 0.35, и источниот 0.25, a за западен зид во најголем дел е искористен третиот пиластер. Во гробницата се влегува преку влез одозгора (0.80 х 0.50), од исток и две скалила од две камени плочи вградени со испуст, едната во источниот, а другата во северниот зид (сл. 6, 7). Подот е малтерен врз камена, карпеста супструкција. Во северниот зид вградена е мала правоаголна ниша (0.25 х 0.25 Џидовите на гробницата на неколку места се оштетени од нелегалните истражувачи. ОД средишниот дел на јужниот зид е изваден еден камен, а на западниот зид кај што има траги од боја малтерот е исчукан и изронет.

Сл. 9. Гроб бр. 3
Сл. 9. Гроб бр. 3

Во гробницата е најдена мала количина човечки остеолошки материјал, дислоциран во тенкиот слој на темносива земја. Најдена е една метална југословенска паричка од пет денари од 1985 година оставена при упадот во гробницата. Не се регистрирани други наоди.

Постојат доволно елементи кои укажуваат дека се работи за ранохристијанска гробница градена заедно со црквата.

Сонда 2 (гроб 2). Истоветна сонда како и претходната поставена е на просторот меѓу вториот и третиот пиластер на северниот зид. Откопот во длабочина до 0.80 м од почетната висина на зидот претставува растресита сива земја и шут со голема количина на малтер, фрагментирани тули и покривна керамика. Следните откопи во длабочина до 1.50 м на светлокафеава и сива земја се карактеризират со помала количина шут и зголемено присуство на ситен и крупен градежен камен.

На наведената длабочина констатирана е гробна јама изведена од камени плочи. Покривните плочи во голем дел беа дислоцирани. Должината на гробната конструкција изнесува 1.90 m, а широка е 0.40-0.60 м. Во гробот се најдени во голем дел дислоциран остеолошки материјал од две индивидуи. Не се констатирани други наоди. Гробот бил отваран.

Сонда 3 (ероб 3.) На просторот меѓу првиот и вториот пиластер на северниот зид откопите до ниво од1.60 м се карактеризираат со насип на шут и сива прекопана земја која ги има сите карактеристики на откопите од Сондата бр. 2. Следниот откоп до ниво од 1.75 м претставува светлокафеава земја помешана со мала количина на малтер и фрагментирани тули. На ниво од 1.75 м е регистрирана гробна конструкција вдлабена во сивкава карпа. Покривот на гробот е од камени плочи Димензиите на гробот се: должина 1.80 м, широчина на запад 0.50 м, а на исток 0.35 м и длабочина до 0.35 м. Во гробот е регистриран нецелосно зачуван скелет со релативно добро зачуван череп. Не се регистрирани други наоди.

Сл. 10. Белегзија од стаклена паста ходно раскопан слој на сива земја помешана со поголема количина на градежен камен. На
Сл. 10. Белегзија од стаклена паста ходно раскопан слој на сива земја помешана со поголема количина на градежен камен. На

Сонда 4. Во северозападниот агол на наосот во квадрант А2 е поставена сонда со димензии 1.50 х 1.50 м, каде е изведен откоп до ниво од 1.40 м, мерено од зачуваната висина на северниот зид. Констатиран е веќе претниво 1.40 м, е регистрирана здравица, карпеста површина на која лежат основите на северниот и западниот ѕид.

Сонда 5. Во сондата со димензии 2 х | м, поставена во југозападниот агол на наосот изведен е откоп до ниво 0.90 м во кој е констатиран девастиран слој на сива земја и градежен камен, кој лежи врз здравица од кафеав карпест слој на песочник.

На овој простор при претходниот ископ е најден човечки череп и поголема плоча веројатно од уништена гробна конструкција. На овој краен западен дел на јужниот зид кај што е регистриран јужниот влез во црквата конструкцијата на зидот е зачувана на најниско ниво.

Сонда 6. Сондата со димензии 2 х | м е поставена во квадрант A3 до јужниот ЅН однадвор, пред јужниот влез во црквата меѓу првиот и вториот пиластер. Откопите се изведени до длабочина од 1.10 м под зачуваното ниво на влезот. И во овој случај на ниво од 1.10 м констатиран е здрав карпест слој на песочник. И на овој простор констатирани се претходни раскопувања. Освен фрагменти од тули и градежен камен други наоди не се регистрирани.

Сонда 7. На просторот меѓу третиот и четвртиот пиластер на јужниот зид во квадрант b3 е поставена сонда со димензии 1.90 x 1.00 м. На длабочина од 1.50 м од нивото на ЅНОТ е констатирана здрава карпеста површина на која е поставена темелната основа на зидот. Како и кај откопите во претходните сонди, и овде е регистрирана девастирана растресита земја со ситни фрагменти од тули и градежен камен. Не се евидентирани други наоди.

Omxonu источно од апсидата. Со цел да се прошири видикот кон објектот од исток на просторот во квадрантите В2 и Г2, каде што се наоѓаше висок насип земја и шут настанат при нелегалното ископување на објектот изведено е отстранување на целокупниот шут и земја. При овие расчистувања на просторот е евидентирана во голема количина градежен материјал: тули, тегули и имбрекси од руинираниот објект кои се карактеристични за доцната антика.

Во пониските нивоа на откопите под шутот на неколку места е евидентиран дислоциран остеолошки материјал од човечки скелети и камени плочи од уништени гробни конструкции. Во квадрант Г2 на три метри источно од централниот пиластер на апсидалниот зид се откриени дислоцирани коски и две белегзии од кои едната лентеста бронзена со отворени краеви, а другата тордирана стаклена и една наушница, алка од уништен гроб на женска индивидуа на мала возраст. Овие наоди се карактеристични за средновековниот период, Х-ХШ век. Во шутот југоисточно од апсидата во квадрант ГЗ е најдена и една монета - мала бронза од рановизантискиот император Теодосиј II (402/427-450).

Опис на објектот

Со завршните сондирања долж северниот и Јужниот иди ослободувањето на објектот on шут и земја источно од апсидата. ВО целост е откриена основата на сакралниот објект - еднокорабна црква. Објектот е со полукружна апсида однадвор и однатре и со правоаголен наос. Габаритот на објектот е со површина од 13.80 x 8.75 м, а внатрешниот простор изнесува 11.30 x 6.25 м. Олтарниот простор е широк 4.40 м, а длабочината на апсидата изнесува 2.90 м. Наосот на црквата е со должина 8.30 м и широчина од 6.25 м.

Полукружниот апсидален зид однадвор е изведен со три радијално поставени пиластри. На поедини делови од зидот зачуван е фасадниот малтер на кој се видливи украси од поедини геометриски орнаменти (триаголници, елипси и кругови) во хоризонтални редови. Северниот и јужниот зид исто така се зајакнати и украсени со по четири пиластри. Западниот 5ид во однос на останатите зидови е зачуван на пониски коти. Широчината на зидовите е исто така необична, широки се 1.25 м. Просторите на трите ниши меѓу пиластрите од северниот зид искористени се за поставување на три гробни конструкции (една зидана гробница и две гробни јами изведени со камени плочи). Во црквата се влегува преку два влеза, главен влез од запад и јужен влез, вграден на просторот меѓу првиот и вториот пиластер на јужниот зид. Олтарниот зид формира полукружен олтарен простор, широк 4.40 м, а неговата длабочина изнесува 2.90 м. Основата на зидот е широка 1.25 м. На одредена висина зидот продолжува со широчина од 0.65 м и со три истурени пиластри, радијално распоредени кон исток, формирајќи четири длабоки ниши. Пиластрите се со димензии 0.80 х 0.60 м, а сочувани се во висина од 0.90 до 1.00 м. Зачуваната висина на зидот однатре (од исток) е 0.90 м на северниот и јужниот крај, до 1.50-1.60 м во средишниот дел.

Северниот зид, како и олтарниот граден е исклучиво од камен и варов малтер со додаток на мала количина од толчена цигла. Конструкцијата на зидот широк 1.25 м е изведена со четири истурени пиластри со димензии 0.95 x 0.95 м градени заедно со зидот. Како што е веќе кажано, вака поставените пиластри формираат три ниши со површина од 2 х 1 м, кои се искористени за лоцирање на трите гробни конструкции. На надворешната фасада од зидот, на просторот меѓу вториот и третиот и третиот и четвртиот пиластер, зачуван е фасаден малтер со украсни елементи (триаголници, елипси и кругови) во хоризонтални редови. Регистрираната зачувана висина на зидот од внатрешната јужна страна изнесува 0.50 м во крајниот западен дел, до 1.30 м во крајниот источен дел. На четвртиот пиластер од зидот се надоврзува зид, дополнително граден од камен и кал. ЅНОТ е со широчина од 0.60 м, а е откриен во должина од 1.20 м. Овој дополнително граден зид можеби претставува ограден зид на гробницата од источната страна.

Јужниот зид, како и северниот, е изведен конструктивно со четири истурени пиластри градени заедно со зидот. Бидот однатре (од север) е долг 8.30 м, а неговата широчина изнесува 1.25 м. Првиот и вториот пиластер дополнително се продолжени (доградени) кон југ во должина од 1.60 м, така што нивната должина изнесува 2.50 м. Во овој западен дел на зидот, меѓу првиот и вториот пиластер бил вграден јужниот влез на црквата. Вака поставените издолжени пиластри пред јужниот влез најверојатно формирале длабок трем. Зачуваната висина на зидот однатре (од север) изнесува 1.40 м во источниот, до 0.35 м во западниот дел кај јужниот влез.

Западниот зид со должина 6.25 м (внатрешно-источно лице) и широчина 1.25 м, е откриен во зачувана висина од 0.60 м во крајниот северен дел до 0.40 м во крајниот јужен дел. Во средишниот дел на ЅНОТ оштетувањата се најголеми до под подното ниво, така што точната широчина на главниот влез во овој момент не може да се одреди. но во секој случај се работи за необично широк влез можеби и до 3 м.

Заклучок

Црквата со своето необично и многу ретко архитектонско решение (со необично широки ѕидови однадвор зајкнати и украсени со бројни пиластри) претставува единствен примерок на ранохристијанска црковна градба не само во брегалничкиот регион, туку и пошироко во Р. Македонија и околните простори. На просторот на Р. Македонија единствено на Големата базилика во Хераклеја кај Битола се вградени три пиластри, но само на апсидалниот зид од црквата.4 Извесна аналогија на слични пиластри вградени во источниот северниот и јужниот ѕид наоѓаме кај Еуфразијсвата базилика кај Пореч, Р. Хрватска.5

На широкото плато околу црквата постоела средновековна населба и некропола, потполно уништена со повеќегодишните нелегални ископувања на овој простор.

Овие археолошки истражувања на сакралниот објект на локалитетот Кула кај с. Калаузлија ќе дадат нови значајни податоци за проучување на материјалната и духовната култура во доцната антика и средниот век во брегалничкиот регион6.

Звонко Белдедовски Митко Штерјов ZVONKO BELDEDOVSKI MITKO STERJOV

National Institute for Monument Protection and Museum - Stip

NEW INFORMATION ABOUT THE SITE OF KULA NEAR THE VILLAGE OF KALAUZLIJA

Белешки

  1. Алексова Б., 1989, 34 и 217, Пл. 6. ↩
  2. Археолошка карта на Р. Македонија, том II, 1996, 435. ↩
  3. Од овој локалитет потекнува масивна бронзена ногалка од канделабар која завршува во облик на лавовска шепа. Предметот е изложен во постојаната археолошка поставка на ну Завод и Музеј - Штип. м). Во горниот дел на источниот ѕид на малтерна подлога вцртан е латински крст во круг со пречник 0.57 м (ел. 8). ↩
  4. Ѓорѓиева A., 2003, 225-238, 229, сл. 3. ↩
  5. Sonje A., 1978, 137-160, 151, сл. 13a. ↩
  6. Фотографиите се на К. Спасов, планови и цртежи Љ. Кљонкова. Проектот го реализира стручен тим од ну Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип: Звонко Белдедовски, археолог-советник, М. Штерјов, археолог, Љубица Кљонкова, архитект документатор и Киро Спасов, фотограф. ↩

Summary

New Information about the Site of Kula near the Village of Kalauzlija

In 2005, the National Institution for the Protection of the Monuments of Culture and Museum in Stip performed archaeological excavations at the site of Kula, near the village of Kalauzlija.

The site Kula, according to recent surveys, is a settlement and Late Antique fortification. It is found 2 km to the southwest of the village of Kalauzlija, on a protruding cliff on the right side above the riverbed of the Kozjak River. This settlement and fortification represent one of many defensive points arranged around the Late Antique city of Bargala. It is located ca. 3.5km to the southeast of Bargala.

Several years ago on this site illegal excavations occurred, during which several structures were found and seriously damaged. The archaeological excavations were oriented towards finding and documenting the sacral building, which has been a focus of perennial illegal excavation and demolition. The structure has a semicircular apse from the inner and outer sides and a square naos. The exterior dimensions are 13.80 x 8.75m and the inner ones 11.30 x 6.25m.

The semicircular apse wall from the outside is made of three radially positioned pilasters. The north and south walls are decorated as well, with four pilasters. The 1.25m width of the walls is unusual. The church has two entrances, the main entrance from the western side and the southern entrance built in the space between the first and second pilaster of the south wall.

The construction of the north wall is of four protruding pilasters, built together with the wall. This placement of pilasters forms wide niches used for three grave constructions, one of them being an early christian grave type with preserved frescoes (a Latin cross in a circle).

The church with its unusual and rare architecture, i.e., unusually wide walls decorated with pilasters from the outside, is a unique type of early Christian church architecture (ГУ-УТ CE), not only in the Bregalnica region but also in the whole of Macedonia.

On the territory of Macedonia, only in the basilica at Heraclea near Bitola, three pilasters are employed, but only on the apsidal wall of the church. Analogous pilasters built into the eastern, northern, and southern walls are found at the basilica of Euphrasius near Рогес in Croatia.

Later in the middle ages, on top of the ruins of the early Christian church, and on the wide plateau around the church, a medieval necropolis and settlement were located, now entirely destroyed by continuous illegal excavations in this area. Proof of this are the material remains of the medieval graves. Grave finds, e.g., bracelets among the jewelry common in X-XIII CE as well as coins of the late Byzantine emperors Manuel | Comnenus (1143-118) and Isaac П Angelos (1185-1195), have been recorded.

The excavations of the sacral building on the site of Kula near village of Kalauzlija will provide new and important data for research of the material and spiritual culture in Late Antiquity and the medieval period in the Bregalnica region.

In order to present this important and unique object, conservation will be carried out in 2007.

Библиографија