Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 281–295
Занаетчиството и применетата уметност во доцната антика преку метални предмети од Скупи
Последните неколку години истражувањата во античкиот град Скупи со поголем интензитет се одвиваат на дел од градското јадро, каде што е утврден доцноантички хоризонт. Во текот на доцноантичкиот период, што му претходи на разурнувањето од катастрофалниот земјотрес во 518-та година, градот го живее вообичаениот антички начин на живот. Од тој период, односно V и VI век, досега се истражувани Христијанската базилика и Градбата северно од бањата, која брои 12 простории и со својата големина доминира во овој дел од просторот. Од периодот на ГУ век датираат Градската бања и Цивилната базилика, објекти кои со претходните се наоѓаат во градското јадро. Од постоењето на наброените објекти се согледува големината и моќта на овој антички град на залезот од античката ера.1
Истражениот дел од просторот на градската територија, кој е во ареалот на доцноантичките градби, покажува промена во типот на градбите. Тоа се објекти наменети за живеење кои припаѓаат на периодот по големиот земјотрес што го зафатил ова подрачје во почетокот на VI век. Овие градби, всушност, ја сочинуваат постурбаната фаза, која претставува последен период од животот на градот.
Во временското определување на доцноантичките, односно рановизантиските слоеви во објектите, користени се анализите на нумизматичкиот материјал, останатиот движен материјал погоден за давање на поточни определби и градежната изведба на самите објекти. Голема помош во датирањето на досега утврдениот последен културен хоризонт во градот е оставата на монети определена во VI век со монети на Маврикиј од 582-583 година.2
Селектирајќи го движниот материјал, добиен при истражувањата на доцноантичкиот, односно рановизантискиот хоризонт, издвоивме повеќе метални предмети за кои сметаме дека се претставители на своето време. Тоа се украси како составен дел од други предмети - опкови, прстени, игли, тегови, копча, висулци, вага. Основни техники применувани за изработка на металните предмети се лиење и ковање. Изработката врз основа на примерок од големите производствени центри доведува до отстапувања, што укажува на локални производи или мода прифатена од локалното население. Тие покажуваат влијанија од различни делови на империјата. Преку нив го согледуваме вкусот на времето, разновидноста и богатството на форми, како и развојот на технологијата. Предметите припаѓаат на периодот од ГУ до УП век. По овој период населението уште повеќе осиромашува, се уништува стопанството во државата, доаѓаат нови времиња со нови особености.
Изработката на предмети, кои со начинот на изведба и естетски вредности се вбројуваат во применетата уметност, во доцната антика е особено изразено преку изработката на накит.
Накитот претставува составен дел од духовната и материјалната култура на населението. Покрај утилитарната и естетска намена, честопати има и религиска. Одделни делови од накитот се составен дел од облеката, со одредена намена во облекувањето, преку кои се согледува статусот во општеството, семејството, се согледува личноста која то носела предметот. Изработката на накит во целиот римски период, што се однесува и на преодот кон средниот век, е важен дел од уметноста на тој период. Убавиот вкус и преферирање на различни типови накит се својствени на женската полулација, што е впрочем како традиција регистрирано во сите историски периоди. Со вкрстувањето, пак, на римските и културните импулси на освоените народи се создава општ доцноантички стил на уметничко творештво.
Кружната бронзена копча - аграфа (сл. 1) е досега единствен предмет од ваков тип најден во Скупи. Зачуван е поголем дел од венецот, сместен на надворешниот дел од предметот, а го сочинуваат мали елипсовидни, триаголни и листести форми исполнети со зрна направени од сина и бела стаклена паста. Во средината има простор за поголем украсен камен кој не е зачуван. Аграфите се всушност украсни копчиња наменети да го закопчат и украсат плаштот на рамото.3
Заради слабата зачуваност би можело да постои двојба во определувањето на видот на предметот.4 Помислата дека може да претставува кружна фибула од византиски тип беше исто така присутна при анализирањето на предметот. За оваа определба недостасува цилиндричниот додаток кој се поврзува со помалиот долен плочест дел. Фибулите од визнатиски тип се со кружна форма, украсени со филигран и инкрустрација. По допирот на Словените со византиската култура при нивното доаѓање во VI век на Балканот, оваа фибула се раширува во Русија, а преку источните Словени во балтичките земји.5 Во УП и VIII век особено се познати кружни фибули6 од Комани-Крује културата во Албанија. Кружни фибули се познати од античкиот период, а некои се среќаваат и во средните векови. Познати се од кетлашката култура во Словенија. Аграфите се продолжение на кружните фибули.
Проучувањата на аграфите упатуваат дека генезата им е од доцноантичките плочести фибули, кои биле носени на десното рамо, придржувајќи ја наметката. Тоа е видливо кај бројни нумизматички емисии и други претстави на владетелски портрети.
Украсувањето на скупската аграфа е изведено во полихромен стил. Овој стил настанал во У век и влијаел на производството на накит во VI век. Украсувањето со тенки колоритни ливчиња, наредени едно додруго, доминира во однос на металот. Сличен предмет во однос на стилот на украсување и со иста намена е најден во Х--аклеја, датиран кон крајот на доцната антика.7 Овие предмети покажуваат дека полихромниот стил е присутен во Македонија. Во V век тој стил се развива во Италија и на пределот околу Јадранско Море и не се поврзува со доаѓањето на Остроготите во доцниот У век. Тој се поврзува со златарството на источниот Медитеран.8
Доста чест предмет на доцноантичките наоѓалишта на Балканот, а за Скупи единствен засега, е бронзената игла со претстава на птица на едниот крај (сл. 2). Птицата се гулаб. Овој тип игли се јавуваат во римско време. Се претпоставува дека се со верско значење. Иглите обично имаат еден обрач на долниот крај и веројатно нешто било врзувано за него и висело надолу. Има мислење дека иглите биле врзувани, зашто на неколку вакви предмети од Прахово, тврдина кај Кладово, била најдена жица под птицата.9 Римските стапчиња од стакло и коска, во [V век10 преми-
со птица нале во бронзени, а сите се многу слични со оние од VI век.
Анализите на проучувачите велат дека претставата на птицата при употреба на иглата била свртена нагоре. Оттаму, не би требало да бидат носени на алка и да висат надолу. Алката на долниот дел од предметот, која на скупскиот примерок недостасува, служела за на неа да виси или да се провлекува некој друг дел. Проучувањата одат дури дотаму, бидејќи на алката не се најдени излижувања, што се смета дека тука бил врзуван мек предмет. Познати се вакви игли од Подунавјето, Садовец - датирано од VI век, Пауталија, Царичин Град, Гердап, Турн Северин, Прахово. Во литературата се определени пошироко, во период од Ш до VI век. Можеби најдобар преглед на вакви игли во разни варијанти може да биде изборот на игли со претстава на птица од Садовско Кале, во слој со монети од Јустинијан I до Тибериј Маврикиј.11
Прашање е дали овој тип украсна игла може да се поврзе со ранохристијанската симболика, иако на иглата стои претстава на птица. Според временската припадност од периодот на доцната антика, тоа би можеле да го констатираме, но сметаме дека се потребни многу посуштествени елементи за такви констатации. Овие игли се јавуваат во времето на Големите преселби и на разни локалитети низ Балканот каде што биле присутни новите варварски племиња. Игла која на едниот крај има прстен, потсетува на овој тип игли, најдена во римско и средновековно утврдување Сапаја кај Стара Паланка на Дунав и наодите се поткрепени со нумизматички материјал кој завршува со Маврикиј.12
Прстените се дел од накитот кој е доста често присутен на наоѓалиштата од овој период. Различните форми и изведби на прстени покажуваат дека применетата уметност во доцноантичкиот, односно раносредновековниот период е особено изразена преку овој вид предмети.
Првите три прстени (сл. 3, 4, 5), се масивни, лентести прстени со голема плочкаста глава. Припаѓаат на типот лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација, според типологијата на Е. Манева.13 Првопосочениот прстен припаѓа на втората категорија прстени од овој тип, кои се полнолиени прстени со затворен обрач, каде главата е украсена со линеарна декорација изведена при лиењето.
Формата на типот лентести прстени е најприсутна на овој вид накит во римскиот период, во П-Ш век, особено во западните делови на царството, а со иста датација се од територијата на Дарданија.14 Од овој период датираат прстените најдени во гробови од Мала Копашница кај Лесковац, кај с. Јашуња кај Лесковац од II и III век.15 Од Скупи потекнува и прстенот чија форма припаѓа на овој тип прстени, датиран во IV век.16 "“ Од локалитетот Градиште-Таор се презентирани прстени од овој тип.17 На нив им припаѓа и прстенот од Сингидунум, кој е потврда за продолжение на овој тип прстени во IV век.18 Проучувањата на овој тип прстени на територијата на Калабрија, Италија, особено на локалитети од јонската страна на покраината, покажуваат нивно датирање во доцноантичкиот период. Таму прстен со претстава на орел е најден во погребување од VI-VII Вех.19 Иако овој наод потекнува од регион мошне далечен во однос на јужниот дел на Балканот, може да укаже на доцноантичкото изворно производство на овие средновековни прстени.
Инаку, овој тип прстени со нагласени глава и рамена се продукт на антиката, потоа на Византија и се следат до ХИ век,20 а некои елементи се задржани и подоцна. Прстенот на сл. 3 има претстава на орел, а отстрана на обрачот по една звезда, и сето тоа изведено крајно шематизирано. Претставата на орел може да упатува на времето од X до XII Вех. Вакви прстени се најдени на локалитетот Бресто-Бурлатица, кај Градско, каде има остатоци од римска и доцноантичка населба и некропола од средновековието. Прстените се датирани во IX-X век?".21 Прстенот од локалитетот Куново Чуки кај с. Оризари, Кочанско, е датиран во периодот до XII век22 и е најден во растурен гроб, каде гробовите од средновековието допираат до римски гробови од IV век. Анализите на овој широко распространет тип прстени покажуваат дека од нивното појавување како форма во римскиот период, преку доцната антика, се најчести во средновековието. И во последниот споменат пример од с. Оризари, Кочанско, не е сосема јасно разделувањето на наодите во однос на средновековните и доцноантичките погребувања на овие повеќеслојни некрополи.
Прстенот на сл. 4, според типологијата на Е. Манева. припаѓа на првата категорија прсте-НМ од типот лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација кои се изработени од тенок лим, каде што главата има вообичаена изведба на овој тип прстени. На главата е претставена птица во седечка положба, а странично се врежани по две вкрстени линии.
Претставата на главата на прстенот на сл. 5 е веројатно женска фигура, плитко врежана. И овој прстен е од раното средновековие. Најден е во најгорниот слој од градот, во кој на одделни места се наоѓаат ретки предмети од следниот период, во однос на УТ-УП век на кој припаѓаат градбите од истражуваниот слој и хоризонт. Генерално, овој тип прстени се среќаваат во периодот од X до XII век, а со линеарна декорација припаѓаат на XII век и на наоѓалиштата се потврдени со монети на Мануил I Комнен во Македонија и во Србија.23
Во средновековните некрополи и населби во Бугарија оваа форма на прстен е најраспространст тип накит. Вжарова ги датира во IX-X век. Наодите од Коринт се широко датирани од VI-XIIBex. Во албанските некрополи се истовремени со хронолошките граници на културата Комани-Круја, која во северните области е определена во VI-VIII век, а во Јужните делови до IX век.24 Најрано датирање има во Калатис, Романија, IV век.25 Како потврда за присуството на овој тип во средновековниот период се прстените од некрополата на локалитетот Трпчева Црква, од некрополата Гропче-Кочани и некрополата Бресто-Бурлатица, с. Виничани, кои се сместуваат од IX-XIV26 век. Осум прстени од ваков тип се најдени како гробен прилог во тумулно погребување во Кабиле, со монети на Константин Велики (306-335) и на Делметиус (335-337).2е Прстен од овој тип е најден на некропола од времето на Преселбата на народите од градската територија на Виминакиум.27 Прстенот не е украсен, а некрополата е од крајот на V век.28 Авторот ја посочува јасноста на римското потекло на формата, но е нејасна поврзаноста со новите племиња на Балканот.
Сребрениот прстен со мала четвртеста глава е прикажан на сл. 6. Овој тип прстени се јавува во периодот на раното царство, според аналогии од словенечки наоѓалишта, но е вообичаен и во текот на првата половина на IV век. Речиси идентичен по формата е прстен најден во Сучидава, со изгравиран орнамент на четвртестата глава.29 Ваков сребрен прстен е најден на некропола во Бешка, во Војводина, датиран во IV век.30 Оваа форма продолжува во средниот век, кога тие стануваат помасивни.31 На локалитетот Крушарски Рид кај с. Оризари, Кочани, на кој е констатирана повеќеслојна некропола од доцната антика (ГУ-У-ти век), до средновековен период од XIV век, се најдени прстени од овој тип.32 Овој тип прстени се јавува во раноримско време II-III век, продолжува во IV век. а како форма повторно се применува во средновековието.
Прстенот на сл. 7 припаѓа на типот прстени со попречни ребра од типологијата на Е. Манева. Се среќава на некрополата во Калатис и е датиран во IV век. Бронзен прстен од ваков тип има од некрополата во Јагодин Мала кај Ниш, датиран во втора половина на IV век. Проучувањата на прстени33 од овој тип покажуваат голема сличност и идентичност со примероци од северниот брег на Црно Море и дека на наша територија е работено под влијание на понтската продукција, која во ГУ-У век претставува значаен фактор на источнобалканското пазар. Ги означуваат како доцноантички прстени. Овој тип прстени, инспирирани од доцната антика од VI век, во средновековието ги има во X-X! век. Посочени се примероци од Демир Капија, некропола Крстеви, с. Корешница и Охрид.34
Прстенот на сл. 8 е исто така излиен од бронза. Припаѓа на истата определба како претходниот прстен.
Прстенот на сл. 9 припаѓа на типот прстени со проширена глава и линеарна декорација, според типологијата на Е. Манева. Овој антички производ продолжува и во средните векови, до X-XI] век, кога на овој тип прстени се јавуваат и варијанти каде околу главата се наредени низи од гранули. Се среќаваат на многу балкански наоѓалишта.35 Прстен со кружна глава и карактеристични додатоци до неа е најден во Чезава - доцноантички каструм Новае, во слој од IV до VI век.36 Во погореспоменатите анализи на материјал од локалитети во покраината Калабрија, Италија, е презентиран и овој тип прстени, хронолошки сместени во доцната антика.37 Декорацијата кај овој прстен се состои од пет втиснати кругчиња со точки во средината, мотив наречен птичје око. Дали треба да се бара симболика на употребениот бројот кругчиња не ни е познато.38 Слична е изведбата на средновековен бронзен прстен од Плаошник, Охрид, каде се врежани седум кругчиња.39 Примената на врежани кругчиња е многу долга. Овој омилен орнамент употребуван на предмети изработени од разни материјали, како метал, така и коска, го има во целата антика и преминува во средниот век.
Претставените неколку типови прстени се најдени во доцноантички слој во Скупи, за кој засега нема показатели дека продолжил до средниот век. Истражувањата на наоди од други локалитети, евидентирани и хронолошки определени во римскиот период и во средновековието, упатува да ги сместиме наодите во пошироки рамки, со тоа што од најраните временски определби отпочнува производството на одредените типови, а во подоцнежниот период, кога се присутни на речиси сите средновековни наоѓалишта, би можело да се смести периодот на масовна изработка. Несомнена е нивната типолошка припадност во средновековието, а нејасен е периодот на појава на одредени типови, за разлика на други, чија форма е продолжение на римската.
Следните неколку опкови се вбројуваат во предмети кои со својата изработка се показатели на изработките на применетата уметност на овој период во Скупи.
Следните предмети, од изборот на движни метални наоди од доцноантичкиот слој во Скупи, претставуваат дел од опкови на дрвени или други метални предмети. Опковот на сл. 10е изработен од некоја легура, што потсетува на олово. Тој има фина тантелеста изработка, па предметот добива голема леснотија и убавина во изгледот.
Со многу подобра изведба е опковот на сл. 11. Предметот е преслечен со позлата и складно употребената орнаментика, која е во склад со неговата тенкост, па претставува фолија наменета за украсување мал предмет, можеби со лична намена.40
Следните два фрагменти на сл. 12 се делови од ист опков. И овој опков е изведен со низа орнаменти, а употребен е тенок бронзен лим. Биле ставани како украси на касети. 0 Зем
Сл. 17. Висулец
Сл. 22. Вага, средишен дел
Во овој период занаетчиството е силно застапено и производството на различни предмети се одвива со голем интензитет. Од мноштвото метални предмети изделуваме неколку.
На сл. 13 е бронзен предмет, кој со својата форма упатува дека служел како држач, можеби на ќесе, зацрвстен за појасот. Изведен е со лиење од бронза. Сличен предмет е најден во Солин, во Прахово, во Садовец.41 Скупскиот предмет наликува на дел од овие држачи, на долната страна од двете страни има кукачки за закачување.
Две бронзени алатки (сл. 14, 15) се со по еден плочкаст завршеток. Можат да се третираат како сонда (spathomela).42 Првата со својата форма наликува на медицинска алатка, особено заради зашилениот врв и плочестиот облик на главата. Слична алатка е најдена на некропола во Царичин Град од доцната антика, поврзувајќи се со VI век,43 а друг предмет именуван како двоен инструмент (57/45) од непознат локалитет во Србија е датиран во 1-П век“.44 Втората алатка по форма одговара на бронзената игла од Никополис ад Иструм. Ја споредуваме со оние во Царичин Град, Перник и Прахово, датирани во ГУ век45 и во Плиска, датирани во ГХ-Х-ти век. Попрецизно датирање не е возможно, па игли со форма на глава како спатула временски се определени како доцноантички-раносредновековни. Кај Големаново Кале овие предмети се опишани како игли за облека. Но можеле да служат и како шпатули во медицината, козметиката или други секојдневни активности.46 Бронзените предмети од ваков тип се среќаваат низ целата антика и немаат посебни карактеристики кои би ги разделувале по периоди.
На сл. 16 е висулец - приврзок изведен од бронза, а на сл. 17 е висулец од олово. Висулците се доста чести во доцната антика, ефтин производ, користен за повеќе намени.47
Две звончиња (сл. 18, 19) се дел од низата метални предмети најдени при истражувањата во овие слоеви. Првиот 5звонец е масивен и лиен од железо. Вториот епомалис бронзен, со потенки зидови. Ваков тип 5вонче наоѓаме на доцноантичката некропола во Сингидунум во гроб од У век.48 5вончиња изведени со лиење и исчукување, како нашето звонче се најдени во Сингидунум, датирани во П-ГУ Вех.49 Во литературата вакви 5вончиња обично се вбројуваат во коњска опрема. Иста форма со скупското има звончето од Садовец,50 кое е датирано во доцноантички слој.
Неколку мали предмети претставуваат неминливост за секојдневието на градот. Тоа се тегови (aequipondium) со различна форма и се дел од мерните инструменти кои се среќаваат на локалитетите.51 Едниот тег е кружен (сл. 20), а другиот има правилна квадратна форма (сл. 21). Теговите вообичаено биле изработувани од олово, бронза и камен. Масата на теговите одговарала на римскиот дуодецимален систем на мерки. Овие скупски тегови немаат мерни озна-КН, какви се среќаваат низ повеќето локалитети. “!
Предметот на сл. 22, 23 е направен со голема точност во изведбата. Тоа е средишен дел од вага, односно е рачка за вагата. Низ овој дел поминува долгиот плочест дел на кој е изведена метриката и на чии краеви висат тегот и товарот. Ваквиот тип ваги и денес се во честа употреба. Десната изработка и ефикасноста во мерењето се оправданости за нивната долготрајност од антиката до денес. Се работи за држач за прецизна вага, кој е нејзин средишен дел. Од двете страни се закачени двата Таса, а централниот дел служел за израмнување на позициите на тежините од тасовите преку движечката стрелка, која притоа треба да се поклопи со зачуваниот дел од вагата. Предметот е изведен со голема прецизност.
Прецизната и квалитетна изработка на вагата покажува дека применетата уметност е составен дел на занаетчиството. Ваквите предмети од овој преоден период од богатата и со уметност исполнета антика кон периодот исполнет со разорувања, војувања и стремеж за гол опстанок во раното средновековие, ни потврдуваат дека Скупи се уште не го изгубил својот градски карактер.
Прегледот на металните предмети од Скупи покажува голема разновидност во видот на материјалот, што е очекувано, затоа што истражувањата во антички град, со големина и значење за доцната антика како Скупи, го нудат тоа. Сите предмети се вообичаени за периодот и се среќаваат на речиси сите доцноантички-раносредновековни наоѓалишта кај нас. Главно, се предмети наменети за секојдневна употреба и не претставуваат производ од поголемите центри во империјата. Тоа се бронзените игли, звончиња, опкови наменети за украсување на други разни предмети, тегови, па и украсни предмети наменети за носење облеката или лично украсување. Сите прстени, освен еден кој е сребрен, се бронзени. Овие типови прстени се среќаваат на многу други локалитети низ Балканот.
Занаетчиските производи се честопати вистински уметнички дела. Како во Скупи така и во средини на одамна напуштени античкии традиции и вредности, се изнаоѓаат можности да се реализираат потребите за повисоки естетски и уметнички дострели. Присутноста на овие предмети го потврдува релативно добриот стандард на населението во градот. Предметите се најдени на мал дел од градот, па со проширувањата на истражувањата очекуваме да се добијат повеќе форми и типови метални предмети.
Во површинскиот слој на доцноантичкиот хоризонт наоѓаме и неколку примероци кои припаѓаат на средновековниот период. Тоа се должи на присутноста на хоризонт од овој период на локалитетот со се уште неутврдена локација.
Во истражуваниот доцноантички хоризонт среќаваме предмети кои се карактеристични за IV век, но и за раното средновековие. Таков е случајот и со анализите на грнчарскиот и нумизматичкиот материјал. Споредувајќи со наодите од соседни балкански локалитети, Скупи не покажува издвоеност туку, во хоризонтот од овој историски период се среќава материјал со карактеристики и за антиката и за средновековието. Откривањето на предмети во овој слој, во науката дефинирани како средновековни, што се однесува на некои од бронзените прстени, може да упати на размислувања околу почетоците на нивно производство во доцната антика, имајќи ги предвид римското потекло на одредени форми.
Културниот хоризонт во кој се најдени овие предмети го опфаќа периодот од крајот на ТУ до полн УП век. Разграничување на доцноантичкиот од раносредновековниот период не е можно. Тоа го потврдуваат низата предмети најдени во слојот, од кои некои со формата и изработката припаѓаат на антиката, а некои се типични за средновековната уметност. Затоа, сметаме дека овој богат со наоди период на преодот од антика во среден век е интересен за науката и натамошни истражувања ќе овозможат услови за донесување констатации во однос на неразрешениот ран среден век кај нас.
Каталог на предмети
Сл. 1. (Инв. 9486). Аграфа. Бронза, стаклена паста. Пречник: 4.8 см, височина: 0.8 см. Предметот има кружна форма, поделена на касети, кои се исполнети со стаклена паста во сина и бела боја. Тие се со кружни форми, одделно изработени, а меѓу нив се формираат триаголни и листести форми - VI век.
Cu. 2. (Инв. 9029) Игла со птица. Бронза. Лиење. Должина: 9.8 см. Украсна игла, на едниот крај е излиена птица, лиењето е изведено во еден дел, со полие-
дарско проширување на долниот дел - VI век.
Сл. 3. (Инв. 9030) Прстен. Бронза. Лиење. Пречник: 2.5 см. Прстен од типот лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација. На главата со врежување с изведен орел. Раносредновековен период.
Сл. 4. (Инв. 11041) Прстен. Бронза. Лиење. Пречник: 2.2 см. Прстен од типот лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација. На главата е претставена птица. Ранос-
редновековен период.
Сл. 5. (Инв. 5707) Фрагмент од бронзен прстен. Лиење. Прстен од типот лентести прстени со проширена глава и линеарна декорација. На главата е линеарно изведена стоечка фигура. Раносредновековен период.
Сл. 6. (Инв. 5706). Прстен. Сребро. Лиење. Пречник: 2.6 см. Главата има испакната квадратна форма, во средина е врежан помал квадрат. Доцна антика.
Сл. 7. (Инв. 5654). Прстен. Бронза. Лиење. Пречник: 2.2 см. Прстен со попречни ребра. Доцна антика.
Сл. 8. (Инв. 5665). Прстен. Сребро. Пречник: 2.1 см. Прстен со попречни ребра. Доцна
антика.
Сл. 9. (Инв. 10418) Прстен. Бронза. Лиење. Пречник: 2.6 см. Прстенот има кружна глава. со по едно украсно задебелување на двете страни од неа. Декорација на главата со орнаменти птичје око. Доцна антика.
Сл. 10. (Инв. 5717). Опков. Дим: 2.4 х 1.5 см. Лиење, легура. Правоаголна форма, груба изведба. Доцна антика.
Сл. 11. (Инв. 2882) Опков. Тенок лим, можеби со позлата или сребро озгора. Дим: 2.3 х 1.4 см. Правоаголна форма, декорирана. Доцна антика.
Сл. 12. (Инв. 9494). Опков. Бронза. Дим: 4 x 4.8 и 4 x 3.4 см. Два фрагмента од опков, укра-
сен со орнаменти. Доцна антика.
Сл. 13. (Инв. 4193). Држач. Бронза. Должина: 7 см. Можеби е од појасна апликација. Има издолжена форма, од долната страна е плочест, а од горната страна е со испакната профилација. Доцна антика.
Сл. 14. (Инв. 5813). Алатка. Бронза. Лиење. Едниот крај е плочест и со четириаголна форма, а на другиот алатката завршува со врв. Должина: 10 см V-VI век.
Сл. 15. (Инв. 5670). Алатка. Бронза. Лиење. Едниот крај на алатката има плочеста, триа-
голна форма, во средишниот дел со проширување, а на другиот крај има врв. Должина: 16
Сл. 16. (Инв. 5740). Висулец. Бронза. Лиење. Нејасен облик на плочестиот дел прифатен на заоблен држач - ГУ-УТ век.
Сл. 17.(Инв. 5697). Висулец. Олово. Лиење. Дим: 4.5 x 2 см. Заоблен плочест предмет - IV-VI век.
Сл. 18. (Инв. 5677) 5воно. Лиење. Пречник: 4.4 см, височина: 3 см. Доцна антика. Сл. 19. (Инв. 6609). 5воно. Лиење. Пречник: 2.2 см, височина: 2.8 см. Доцна антика.
Сл. 22. (Инв. 9313) Тег. Бронза. Лиење. Тегот има кружна основа со конусен пресек. Доцна антика.
Сл. 23. (Инв. 9730). Тег. Бронза. Лиење. Дим.: 2.4 x 2.4 x 0.5 см. Предметот има правилна форма на квадар. Доцна антика.
Сл. 24, 25. (Инв. 5669). Вага. Бронза. Лиење. Должина: 7.8 см, широчина: 0.7 см. Среди-
шен дел од вага, служел за држање на тасовите - ГУ-УТ век.
Марина Ончевска-Тодороска Музеј на град Скопје marinaot@t-home.mk
MARINA ONČEVSKA-TODOROSKA
Museum of the City Skopje - Skopje
THE ARTISANSHIP AND THE APPLIED ART IN THE LATE ANTIQUITY TROUGH METAL OBJECTS FROM SCUPI
Белешки
- До пишувањето на текстот во 2006 год. во Скупи беа истражувани наведените објекти, истражувани во изминатите децении од Д. Кораќевиќ. Во текот на 2008 и 2009 година се истражуваа новооткриените Голема ранохристијанска базилика и Голем термален објект, исто така сместени во централното градско јадро, истражувани од авторот на овој текст. ↩
- Ончевска Тодоровска M., 2004; Ончевска Тодоровска M., 2004, 28-42; Кораќевиќ Д.. 2002. ↩
- Maneva E., 2005, 9-10, cat. но. 70, со примери од XIV7 век, каде има применето различни декорации. ↩
- Нидерле Л., 1954, сл. 73/7 - одат во пар по две копчи кои се составуваат. ↩
- Нидерле Л., 1954, 169. ↩
- Манева E.,1992, 26- 28. ↩
- Манева E., 1986, 45-49, Т.ІІ/7, T.V/.7. Како и во Скупи и во Хераклеја со остава на монети се потврдени последните емисии со потекло од 584/5 година. Тоа е случај и со останатиот дел од Балканот: Popovié У., 1980, ↩
- Манева Е., 1986, 48-49. ↩
- Јанковић Ђ., 1981, стр.176, T.XVIII, 1, 3, 4, 6, 7, 11., види: Tudor D., 1976, 131, T.12/4. ↩
- ЈанковиП D., 1986, 489, сл. 1362-1369; Круниќ C., 1997, 258, сл. 437 (датирана во 2-4 век, игла наменета за во коса), сл. 439 (датирана во 4 век, недостасува долниот дел од иглата). ↩
- Uenze S., 1992, str. 522, T.5, sl. 1, 2, 3, 4, 5, 6; T.6, sl. 1-5. 1927-1929, 1931, 1933.; Preda C., 1980, Pl.LXXX, M303.1, IV век. ↩
- Димитријевин Д., 1984, ТУШ. ↩
- Манева E., 1992, 78-83. ↩
- Петровиќ B., 1997, 86, сл. 97, 98. ↩
- S Jovanovic A., 1978, 11-12, сл. 2, 3, 4. ↩
- Микулчиќ И. 1974, сл. 66 a, 6. ↩
- Ристов K., 2006, 222, сл. 7, и овде не се разделени доцноантичката од раносредновековната припадност. ↩
- TvaniSevié V. - Nikolié-Dordevié S., 1997, 135, sl. 13, анализите на проучувачите велат дека тие од Ш век продолжуваат понатаму во ГУ век. ↩
- Corrado M., 2002, sl. 27, посочени се примери од Хрватска со врежани звезди на бочните страни, како и на посочениот прстен од Скупи. ↩
- Манева Е., 1992, 84, 89, 90. Авторката на монографијата поттикната од истражувањата на Г. Марјановиќ-Вујовиќ, смета дека претставата на орел можеби е претстава на Св. Матеј, еден од четворицата евангелисти со што се нагласува христијанската суштина на декорацијата. ↩
- Манева E., 1992, 232, T.76, sl. 93/1.; Т.86, sl. 93/19. На оваа некропола е најдена фибулата со маска од доцен VI-ги - ран VII-mu век, од типот кој J. Вернер и Б. Рибаков го поврзуваат со Словените, односно Антите. ↩
- Манева E., 1992, 138, Т.86, sl. 25/1. ↩
- Манева E., 1992,, 88, анализите на распоредот и видот на декоративните елементи во досегашни истражувања не пружа можност за некакви правила. ↩
- Кацарова-Хаџиангелов, 2002, 215-231, 420-427, сл. 229/8-13; Вжарова 1976, 377; Davidson 1952, Pl. 105, 1927-1929, 1931, 1933.; Preda C., 1980, PI]. XXX, M303.1, IV7 век. ↩
- Кепеска Л., 1996, сл.7, 213-223. ↩
- Ruseva-Slokoska Lj., 1991, 199, Cat. No. 267, каде се датирани во 2-3 век (и покрај присуството на спомнатите монети во гробниот прилог). ↩
- Зотовиħ Љ., 1981, 101, 112, T.XI/3. ↩
- Popović M., 1999, 110, 111, сл. 58/12. ↩
- Јанковиħ Ђ., 1986, сл. 738. ↩
- Даутова-Рушевљан В., 1995, 246-247, T. II/9. ↩
- Манева Е. - Ананиев J., 1990, 224, T.V, гроб бр. 6. ↩
- Манева E., 1992, Т. 77, сл. 24/11, датиран од Б. Алексова кон крајот на X почеток на XII век. ↩
- Preda C., 1980, Pl.XXV, M112; Петровиħ Б., 1997, 87-88, сл. 115 датиран во III век, сл. 119 датиран во IV7 век. ↩
- Манева E., 1992, 85, Т.77, 86/32, T.78, 31/63; Манева E., 2001, 403-414, sl. 6/7. ↩
- Манева Е., 1992, 88-90, Т.89. ↩
- Васић М., 1984, 117-120, сл. 22/6. ↩
- Corrado M., 2002, 367, 51. 25, со коментар дека се најдени аналогии на неколку албански раносредновековни некрополи. ↩
- Манева E., 2007, кат. бр. 62, каде е употребен ваков орнамент во слична конотација, со поразвиена форма на главата на прстенот, кој е од полниот среден век, XVII-XVIII век. ↩
- Maneva E., 2005, Cat. No. 60, датиран во XII-XIII век. ↩
- Ucnze S.,1992, T.11/ sl. 4, 5. сл. 4; Т.191/сл. 4. ↩
- | Ковачевиј Ј., 1960, Т.Х, сл. 40, - апликација слична на фибула од лок.Трајанов Мост на Ѓердап; Јанковив Ѓ., 1981, 1.17, сл. 12, 13, со цитирана литература; Bejan A., 1976, 258, сл. 1/д, г, таб. 2/u, 6/8; Uenze S., 1992, T.10/ ↩
- Круниh С., 1997, 250, сл. 406. ↩
- Jeremić M., 1995, 194, sl. 23. ↩
- Круниh С., 1997, 252, сл. 414. ↩
- Uenze S., 1992, 161, игла од Царичин Град на стр. 592/1, T.4/sl. 5, 6, 8, T. 122/sl. 12. ↩
- Ivanišević V. - Nikolić-Đorđević S., 1997, sl. 55/29. ↩
- Uenze S., 1992, T.9/sl. 12; Цермановиħ-Кузмановиħ A., 1995, 228, sl. 18. ↩
- Ivanisevic V. - Kazanski M., 2002, 120, Pl.VII, sl. 84/5. ↩
- Crnobrnja A., 1997, сл. 537, 538. ↩
- Uenze S., 1992, T.125/ sl. 20. ↩
- Круниh С., 1997, 233, сл. 388-393. ↩
Summary
The Artisanship and the Applied Art in the Late Antiquity Trough Metal Objects from Scupi
Research in the Late Antique horizon of Scupi’s urban area, conducted during these last few years, among the discoveries of public and residential buildings, has given a lot of metal objects as well. The material shows great diversity; after the analysis of various items we were able to see the level of development of artisanship and applied arts during the period of Late Antiquity and the Early Middle Age.
In order to determine of time frame of Late Antique or Early Byzantine layers, analysis of coins was used, as well as other movable material, particularly pottery, which is excellent for providing an accurate assessment for the performance building of the construction objects. A great aid in dating the last known cultural horizon of the city is the coin legacy from the 6th century including Mauricius Tiberius’s coins from 582 / 583 A.D.
As a selection of the movable material obtained during the research in the Late Antique or Early Byzantine horizon, we chose a few metal items, which we believe are representative of their time. These are ornaments which function as an integral part of other objects, e.g. metal collars, rings, ornamental pins, weights, buttons, lavalieres, bells, and scales. The metal items found in Scupi’s urban area show a great diversity in terms of material, which is expected from an ancient city with the size and significance in the Late Antique period such as Scupi. Similar items can be also found in other localities throughout the Balkans.
The basic techniques applied for the manufacture of bronze objects were casting and forging. The manufacture, based on samples from large industrial centers, show differences, suggesting local products or fashions adopted by the local population. They are showing influences from different parts of the empire. Through them we can get a glimpse in time, diversity and abundance of forms, and technological growth. The metal objects date from the 4th to 7th centuries. After this period the population became poorer, the economy in the country was destroyed, and new times with new attributes came.
The manufacture of the items, which by the way they were created in terms of performance and aesthetic values can be placed in applied arts, in Late Antiquity was particularly expressed through jewelry production. It became an integral part of the spiritual and material culture of the population. Along with the utilitarian and aesthetic purposes, often it had a religious one. Certain pieces of jewelry were an integral part of the clothes being worn, with a particular purpose in showing status in society, family, and personality. The manufacture of jewelry during the Roman period was very important in terms of art. With the influx of the Romans and the cultural impulses of the conquered peoples, a Late Antique style of art was created. Artisans products are often true works of art. As in Scupi, in the areas of long-abandoned ancient traditions and values, opportunities to satisfy the needs for higher aesthetic and artistic achievements were showing up. The presence of these items confirms the relatively high standard of the population in the city. The items were found in a small part of the city, so that by the expansion of this research, we are expecting to come across more forms and shapes of metal objects of this kind.
Библиографија
- Цермановин-Кузмановив А., 1995, Предмети и накит од сребра из Коловрата, во: Paduonuye и ковнице сребра, Београд, 227-231
- Corrado M., 2002, Cimiteri della Calabria altomedievale. Complimenti dell ‘abbigliamento e oggetti di acompagno nei sepolcreti della costa Ionica centro-settentrionale, Histria Antiqua 8, Pula, 359-376
- Црнобрња А., 1997, Војна опрема и коњска орма, во: Античка бронза Сингидунума, Београд, 261-302
- Даутова-Рушевљан В., 1995, Римски сребрени предмети у музеју Војводине, во: Радионице и ковнице сребра, Београд, 243-258
- Davidson, 1952, The Minor Objects. The Excavations at Corinth XII, Princeton
- Димитријевић Д., 1984, Сапаја, римско и средњевековно утвргење на острову код Старе Планке, Старинар XXXII-XXXIV, Београд 29-63
- IvaniSevié V. - Kazanski M., 2002, La nécropole de Геродие des grandes migrations a Singidunum, Singidunum 3, Beograd, 101-158
- IvaniSevié V. - Nikolié-Dordevié S., 1997, Novi tragovi antickih fortifikacija и Singidunuma, Singidunum 1, Beograd, 65-150
- Jankxosuh Б., 1981, Подунавски део области Аквиса y VI и почетком VII7 века, Београд
- Jankosuh B., 1986, Становништво Балкана y 6-7 столету, Београд (докторска дисертација)
- Jovanović A., 1978, Nakit u rimskoj Dardaniji, Beograd
- Jeremié M., 1995, The Cariéin Grad Necropolis, Старинар XLV-XLVI, Београд , 181-196
- Кацарова - Хаџиангелов, 2002, Касноантичен и средновековен некропол крај с. Копривлен, Копривлен Том 1, Софии
- Кепеска Л., 1996, Нови наоди од Трпчева црква, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 213-224
- Крунић С., 1997, Мерни, медицински, козметички и други инструменти, Античка бронза Сингидунума, Београд, 231-260
- Манева Е. - Ананиев J., 1990, Керамидарка-с.Мокрино, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје. 215-226
- Манева Е.. 1986, Неколку видови накит од крајот на антиката од Хераклеја, Културно Наследство ХИ-ХШ, Скопје, 45-49
- Манева E., 2007, Древниот накит од Македонија - некропола Водоча, Скопје
- Maneva E., 2001, Le bandeau d’argent de la necropole Krstevi prés de Prosek (Demir Kapija), Зборник Народног музеја ХИИ-1, Београд, 403-414
- E. Maneva, 2005, Ancient Jewellery from Macedonia - Midlle Ages, Skopje
- Микулчиќ И., 1974, Доцноримски гробови од Скупи, ГЗФФ5 26, Скопје
- Нидерле ЈІ., 1954, Словенска старине, Нови Сад
- Tlerposuh Б., 1997, Накит, во: Античка бронза Сингидунума, Београд 83-157
- Поповиќ И., 1996, Римски накит у Народном музеју у Београду, Београд.
- Popovié M., 1999, Tvrdava Ras, Beograd
- Preda C., 1980, Callatis-necropola Romano-byzantina, Bucuresti
- Ристов K., 2006, Градиште-Таор, прелиминарен извештај од истражувања во 2000-2004 година, Maced. acta archaeol. 17, Скопје, 215-230
- Uenze 5., 1997, Die2 Spatantiken Befestigungen von Sadovec (Bulgarien), Miinchen
- Bacuh M., 1984, Чезава - Castrum Novae, Старинар XXXIII-XXX1V, Београд, 91-122
- Зотовин Jb., 1981, Некропола из времена сеобе народа са уже градска територија Виминација, Старинар XXXI, Београд, 95-115