Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 269–280
Случаен наод со кремација од Локубија
Содржина
- Керамички материјал
- Ps. AB(UN)DAN(TIA)AVG
- Антонинијан
- Ковница: Рим
- Десно: С
- Пр. нема податок, теж. нема податок
- Десно: ХП
- Керамичките форми работени на грнчарско колце
- Плитка чинија
- Длабока чинија
- Фрагментиран лонец
- Минијатурно сатче-чинија
- Рачно работени керамички садови
- Капак
- Фрагметиран правоаголен сад-жртвеник
- Фрагментиран правоаголен сад-жртвеник
- Фрагментиран правоаголен жртвеник
- Заклучок
- ILINKA ATANASOVA
- Library “Iskra” - Koéani, Museum Collection
- AN ACCIDENTAL CREMATION FIND FROM LOKUBIJA
Ридот Локубија или познат уште и под името Стари Лозја се издига на западниот брег од Кочанска Река, во централното градско подрачје. На овој рид со доминантна положба сега се наоѓа Споменикот на Слободата (сл. 1).
Локалитетот во целост зафаќа површина од 50000 м?, која некогаш била под лозја, а денес е необработувана и во голем дел неурбанизирана (План 1).
Никола Bymuh го споменува во 1934 година кога се пронајдени три мермерни плочи, а кај две од нив на долниот дел под релјефните претстави се зачувани натписи, во кои се споменуваат имиња со тракиски корени.1 Н. Проева ги дефинира како можни доселеници во оваа гранична рударска област меѓу Македонија и Тракија.2
Во Археолошката карта на Македонија се споменува како некропола од римско време со гробови на две води.3 Освен споменатите информации за локалитетот поврзани со случаен наод од првата половина и почетокот на втората половина на минатиот век, на него нема вршено никакви други интервенции во смисла на истражувачки активности.
Кон средината на март 2006 година е пријавен случаен наод на монети и фрагментирана керамика на земјоделско земјиште зад семејна куќа, на локалитетот Локубија.4
Беа пријавени вкупно 6 монети од римскиот царски период, но збунуваше фактот што во донесената фрагментирана керамика имаше подеднакво и квалитетна керамика, работена на грнчарско колце, но и груба рачно работена керамика со различни форми.5 При направениот увид на местото се откриени траги од пепел, а во еден профил се забележани и поголеми остатоци од изгорени дрвени греди (сл. 2, 2а). На краевите од земјиштето имаше собрано поголема количина камен, кој го извадиле од истиот простор. Споменатите податоци ни дадоа показатели за можно постоење на некропола со кремирани покојници од римскиот период.6
Монетниот наод се состои од примероци од Галиен до Аврелиј.7 Три од нив се ковани во времето на Галиен (253-268 год.), две во времето на Клавдиј П Готски (268-270 год.) и една консекративна монета со ликот на Клавдиј. постхумно кована од Квинтал (270 год.) или Аврелиј (970 - 275 год.) (ел. 3).
Сите се од типот антонинијани со претстава на портретот на владетелот на аверсната страна, свртен на десно со зрачна круна на главата околу кој тече легенда.
Реверсната страна е различна. Постхумно кованата монета има претстава на западен олтар околу кој тече легендата, а кај останатите примероци има претставено женска фигура во долг фустан со различни симболи во рацете и во полињата лево и десно од централната фигура. со натпис кој тече наоколу или без него. Со оглед на фактот дека се работи за случаен наод во кој земјиштето беше веќе во поголем дел прекопано пред да биде направен увид, не може да станува збор за некакви конструкции или форми, иако постоеја оправдани показатели дека би можело да се работи за погребување со спалување.8
Откриените монети одбележуваат еден исклучително бурен период од историјата на Римското Царство. Средината на Ш век се карактеризира со воено-политичка криза, во наредните децении разгорена до крајни размери. Внатрешни немири и војни се проследени со отцепување на цели области и упади на варварски племиња долж Рајна и Дунавскиот лимес.9 Од средината на III век Готите навлегуваат во Тракија и Македонија, во 263 год. го разурнале Ефес, а во 267 год. ја освоиле Атина и ги ограбиле другите важни грчки градови. Галиен бил принуден да води војни, како против варварите така и против узурпаторите. Во 268 год. бил убиен од заговорниците, а го наследил Марко Аврелиј Клавдиј, со што започнал периодот на војничките цареви со илирско потекло во кои се гледала надеж за излез од кризата.
Кризата на Ш век се манифестира меѓу останатото и со обезвреднувањето и девалвацијата на парите, што се забележува уште од владеењето на Северите, односно во тој период се коват посребрени бакарни пари. Девалвацијата на парите водела кон нарушување на прометот и исчезнување на полновредните пари кои биле закопувани в земја.!д10
Во антиката парите имале голема пропагандна цел поради брзината на своето движење. Тие ја имаат улогата на подоцнежните информативни медиуми. Пропагандата започнува со информацијата за изгледот на царот, а со изборот на персонификациите посредно се прикажуваат неговите доблести.
Керамички материјал
Керамичкиот материјал кој ни беше понуден се одликува со разнообразност на формите, како и квалитетот и начинот на изработката. Во материјалот истовремено имаме и фрагменти од груба рачно работена керамика, како и фрагменти и садови од фина керамика изработена на грнчарско колце.
Керамиката работена на грнчарско колце се одликува со висок квалитет на изработка и покрај фактот дека во најголемиот дел се работи за локално производство.
Преовладуваат фрагменти од плитки и длабоки чинии, поставени на ниска прстенеста нога, со рамен и прстенесто задебелен венец или, пак, извлечен нанадвор. Освен чиниите се наоѓаат и фрагментирани чаши, грниња и лонци со и без држалки, со квалитетна фактура. Споменатите форми на садови се многу чести и се јавуваат во речиси сите римски провинции од крајот на I, па се до IV век.11
За разлика од квалитетната керамика работена на грнчарско колце, евидентирано е и големо присуство на рачно работена керамика, со груби дебели зидови, примеси на песок во глината, украсувања со врежување, потковичести држалки (Т.П, 2), фрагменти кои на прв поглед упатуваат на керамичките форми и фактура од предисторискиот период, односно на бронзеното или железното време.12 Сепак, присуството на садовите-жртвеници со правоаголна форма!"13 ни дозволуваат и покрај отсуството на археолошки контекст да
Каталог на монети:
1. Галиен (260 - 268)
Ав. GALLIENUSAVG; A.
Ав. GALLIENUSAVG; A.
Ps. AB(UN)DAN(TIA)AVG
Рв. (PROVIDENT) AVG,
Фигура на Абундантиа во долг хитон стои на
Женска фигура на лево со глобус во десната рака лево, десната рака е свиена на половината, а со
и палмина гранка
левата рака истура од корнукопија.
Десно: Р
лево: В
Пр: 20.0 мм, теж: 4.68 гр.
Пр. 21.5 мм, теж: 2.14 гр.
Антонинијан
Антонинијан
Ковница: Рим
Ковница: Рим
RIC V 267, page 154; Cohen 855
RIC V 157, page 144; Cohen 5
4. Постхумно кована монета на Клавдиј; 3. Tannen (260-268)
Ав. (GALLIEN)USAVG;, A.
Квинтал (270) или Аврелиј (270-275)
Ps. (UBE)RITASAVG,
Ав. DIVOCLAUDI,, A.
Женска фигура во долг хитон на лево, во левата
Ps. CONSECRATIO,
рака корнукопиа, а кај десната рака многу
Декориран олтар со пламен,
Пр. 22.5 мм, теж. 2.33 гр.
Ковница: можеби Mediolanum
Десно: С
Пр. нема податок, теж. нема податок
RIC V 261, Cohen 50.
RIC Y 287, page 156; Cohen 1012.
Ав. IMPCCLA(UDIU)SAVG;,A.
Рр. Легендата е нечитлива, женска фигура во Ps. PRO(VIDENT)AVG,
Персонификација на женска фигура, свртена кон
долг хитон свртена кон лево, во десната рака држи корнукопија, а во левата е недоволно јасно, лево, во левата рака држи куса сабја, со десната
можеби венец.
рака се потпира на столб со рог на изобилие.
Пр. 19.0 мм, теж. 2.91 гр.
Некаде се споменува како Провидентиа, а истата претстава ја среќаваме и како Викторија.
RIC V 103F, page 219; Cohen 287.
Десно: ХП
Пр. 19.0 мм, теж. 3.55 гр.
RIC V 91A, page 218: Cohen 230 претпоставиме дека се истовремени со евидентираниот нумизматички материјал, односно да ја датираме и оваа рачно работена керамика во римскиот царски период.
Керамичките форми работени на грнчарско колце
Плитка чинија
Плитка чинија со закосени зидови и благо конкавно дно, црвено печена, изработена од убаво пречистена глина со мазнета сјајна боја од двете страни. Чинијата е од локално производство, провинциска имитација на чинија од помлеански тип. Димензиите се: дијаметар на венец 21 см; на дно 14.5 см; висина 2.5 см. Типолошки се сместува во тип 1, a според хронолошката класификација на O. Bpykuep,14 локалните форми се датирани во периодот меѓу 1--Ш век ( T.IV, 1).
Длабока чинија
Длабока чинија со конична форма со вовлечен венец и прстенесто извлечено дно. Жолтеникаво окер печење со црно премачкување и мат површина. Димензиите се: дијаметар на венец 17 см, дно 6.5 см. Според типолошката класификација на О. Брукнер припаѓа на тип 43.15 Според Микулчиќ се датираат во крајот на I и раниот II век.16
Фрагментиран лонец
Зачуван е горниот дел од садот, кој има сферична форма со нанадвор извлечен и закосен венец. Површината на садот е ребрасто изведена. Има фрагментирана лентеста држалка, со блага канелура по средината. Изработен е од убаво прочистена глина со црвена боја, квалитетно печен, со носно премачкување од двете страни (T.V, 1). Дијаметарот на венецот изнесува 12 см, а зачуван е во висина од 10 см. Аналогија наоѓаме во Демир Капија, откриен во гроб со кремирани остатоци од покојникот, датиран во II век.17
Минијатурно сатче-чинија
Минијатурно, црвено сатче со многу тенки зидови, со фина фактура и квалитетно печење, со мат црвена боја. Има рамен венец, со вертикален врат, мешест реципиент и благо нагласено дно (Т.ГУ, 3). Според типолошката класификација на О. Брукнер припаѓа на чиниите тип 12,818 од локално производство датирани кон крај Hal и почеток на II век.
Чинија
Сферична форма, со вовлечен венец, со благо конкавно дно,19 (T.IV, 4), црвеникаво печен, со носно црно премачкување.
фрагмент од дно
Дно од чинија со отпечатен лист во концентричен круг, портокалово печена керамика со кафеаво носно премачкување. Фрагментот е од локално производство и датиран во ГУ век.20
Рачно работени керамички садови
Капак
Калотест капак со копчеста држалка, благо вовлечена и задебелен раб (Т.ІІІ,-1). Црвеникавокафаево печен со груба фактура со примеси на песок во составот. Не е со многу големи димензии, веројатно е користен за покривање на подлабока чинија. Дијаметар на отворот 16 см, дијаметар на дршка 5.5 см, а висина 9 см. Според Брукнер би можеле да се сместат во
Фрагметиран правоаголен сад-жртвеник
Сад со приближно правоаголна основа од која се издига благо закосена страна во висина од 6 см. Садот е рачно работен. Нееднакво печен од бледо црвена до темнокафеава боја. со груба фактура. Од внатрешната страна на дното е украсен со длабоки врежувања по целата должина. кои формираат мотив на рибина коска, кој се повторува неколкупати во ширина. Не е целосно зачуван и не можеме да кажеме дали имал реципиент (Т.І, 1). Иако потсетува на праисториските форми на садови-жртвеници, сепак со оглед на околностите на наодот го сместуваме приближно во периодот меѓу П-Ш век. Аналогии наоѓаме во блиската временски потврдена некропола на локалитетот Касарски Круг во Кочани.22 “?
Фрагментиран правоаголен сад-жртвеник
Зачуван е фрагмент од правоаголен или квадратен сад (Т.1, 2). Црвено печен со присуство на покрупни парчиња на песок во составот на глината, со дебели зидови, на дното од внатрешната страна е украсен со длабоки нееднакво врежани втиснувања, пред печењето. Висината на садот изнесува 6 см, со рамен венец.
Фрагментиран правоаголен жртвеник
Зачувани се два фрагменти од сад-жртвеник, со аголна форма, од црвеникава глина со многу груба изработка, со носно темнокафеаво премачкување преку кое се видливи траги и од премачкување со црвена боја, прилично измисна во моментов. Висината на садот изнесува 6 см. Од внатрешната страна е украсен со коси врежувања на двата зачувани агли кај горниот дел има едно издолжување на садот во форма на клун (Т.П, 1), а на едниот агол од споменатиот клун има зачувани два испусти (кои не се целосно зачувани, можно е да се спојуваат), а во другиот агол има едно кружно вдлабнување.
Заклучок
И покрај сите ризици кои ги носи случајно откриен и донесен материјал, веднаш направениот увид на просторот и забележените состојби на теренот, даваат доволно простор, овој случаен движен наод да може да се третира во археолошки контекст со евидентираните елементи.
Сите понапред споменати податоци укажуваат на постоење некропола со спалени покојници, покриени со камена конструкција, датирани во римскиот царски период со присутниот нумизматички материјал и карактеристични форми на керамика, кои имаат дополнително и прилози од рачно работена керамика, а особено специфични се прилозите од керамички садови-жртвеници со правоаголна форма.
Овој карактеристичен сепулкрален обред не претставува осамен случај туку со најновите научни публикации се повеќе се надополнува со слични такви примери од поблиското и подалечно опкружување, што зборува за една традиција која опстојува пред налетот на новитетите што ги носи Новото Царство (Цртеж 1). Најблиска некропола со идентичен сепулкрален обред е Касарски Круг во Кочани,23 на локалитетот Голема Нива кај c. Вртешка во Штип.24 во околината на Струмица на планината Огражден,25 во регионот на Делчево,26 во регионот на Крива Паланка на локалитет Могила кај Отовица,27 на лок. Бабунска Маала кај с. Ранковци.28 Во регионот на западна Бугарија е потврдена во околината на Ќустендил каде се пронајдени и правоаголни керамички жртвеници,29 во околината на Перник на локалитетот Кралев Дол, каде исто така има и керамички правоаголни жртвеници“.30 Во јужна Србија најмногу има во околината на Прешево, на локалитетот /Banuk се датирани во втората половина на Ш век со нумизматички материјал во затворена целина.31
Од приложениот цртеж бр. | се гледа дека споменатите некрополи се распространети во
планинскиот регион на јужна Србија, западна Бугарија и североисточна Македонија датирани во периодот од П-ГУ век.
Присуството на правоаголните, квадратните или кружните керамички садови-жртвеници потврдени во гробовите со кремација на споменатите некрополи укажуваат на одредена етничка поврзаност. Самиот обред на принесување жртви веројатно претставувал своевиден отпор кој го давале автохтоните жители на овој не така мал регион, барем во делот на погребувањето, пред се поизразената романизација на завојуваните простори.
Илинка Атанасова ilinka.atanasova@gmail.com
ILINKA ATANASOVA
Library “Iskra” - Koéani, Museum Collection
AN ACCIDENTAL CREMATION FIND FROM LOKUBIJA
Белешки
- Вулин H., 1934, 71-72. ↩
- Проева H., 1996, 89. ↩
- Археолошка карта 1996, 176. Ѓ ↩
- Наодот е пријавен од страна на лицата Мијалче и Љупчо Ѓорѓиеви (татко и син) со семејна куќа на ул. „Кирил и Методиј“, кои, расчистувајќи го земјиштето зад сопствениот станбен објект откриле поголем број фрагментирана керамика, на која не и обрнувале поголемо внимание се до откривањето монети, по што е донесена во просториите на музејската збирка во Кочани. ↩
- Направен е увид на терен од авторот на овој текст за евентуално да се добие барем некаков археолошки контекст за случајниот наод, што успеа донекаде да ни помогне во решавањето на енигмата, за што е известена и УЗКН на Македонија. ↩
- Слична состојба е веќе потврдена на соседниот локалитет Касарски Круг, Атанасова И.. 2005, 211-224. ↩
- Во недостаток на средства за откуп, нумизматичкиот материјал по обработката им беше вратен на пронаоѓачите, а керамичкиот материјал беше отстапен од нивна страна за натамошни проучувања. ↩
- Од оправдани причини овде предмет на обработка и проучување ќе биде само движниот материјал кој ни беше предаден од сопствениците на земјиштето, со сите ризици што ги нуди така добиен материјал. ↩
- Машкин Н.А., 1982, 477-479. ↩
- Машкин Н.А., 1995, 549. ↩
- Соколовска B.,1986; Brukner O., 1981. ↩
- Митревски Д.. 1997. ↩
- Според аналогни примероци на вакви откриени садови-жртвеници, тие се употребувани во некрополи од римскиот период, со посебни сепулкрални обреди, кои опфаќаат еден поширок простор на североисточна Македонија, западна Бугарија и јужна Србија. ↩
- Brukner O., 1981, 39, T. 65, 1, 7. ↩
- Brukner O., 1981, T.78, 13. ↩
- Микулчиќ И., 1971, Т.Ш, 7. ↩
- Соколовска B., 1976, 165, cm. 5. ↩
- Brukner O., 1981, T.56, 48. ↩
- Земена од наоѓачите од страна на Ванчо Гацов, приватен колекционер од градот. ↩
- Brukner O., 1981, T.53. ↩
- Brukner O., 1981, 110. ↩
- Атанасова И., 2005, T.VI, 1. ↩
- Атанасова И., 2005, 211-224. ↩
- Материјалот не е публикуван. За информацијата му благодарам на Трајче Нацев од Завод и Музеј-Штип. ↩
- Секулов В. et al., 2007, 49-59. ↩
- Јованов М. et al., 2004; од околината на Илиово, Делчевско е донесен еден случаен наод во Музејскиот оддел во Кочани, каде исто така има керамички материјал карактеристичен за римскиот царски период и еден керамички сад жртвеник со еден реципиент, а според наоѓачот пронајден во сличен таков контекст со траги од горење и горени коски. Материјалот не е публикуван. ↩
- Атанасова И., забелешка 13. ↩
- Материјалот не е публикуван за информацијата му благодарам на колегата Т. Нацев од Завод и Музеј - Штип. ↩
- Иванов И., 1910, 178, сл. 25. ↩
- Найденова В., 1985. ↩
- Булатовиħ А., 2007, 141-157. ↩
Summary
An Accidental Cremation Find from Lokubija
Lokubija, better known as “Stari Lozja”, rises on the west bank of Koéanska Reka, in the central city area. On this hill with a dominant position, the Statue of Freedom is now placed (Fig. 1).
The site was mentioned for the first time in 1934 when three marble slabs were found. Two of them have inscriptions in the lower part under the reliefs, containing names with Thracian roots.
In the archaeological map of Macedonia Lokubija is mentioned as a Roman necropolis with arched tile graves.
Around mid-March 2006 six coins from the Roman imperial period were reported, but the fact that the fragments of pottery brought in varied in quality from wheelmade to handmade in different forms was confusing.
After the investigation on the site was made, traces of ash were found, and in one of the profiles traces of burnt wood was visible (Fig. 2). On the edge of the site there was a pile of rocks dug out from the same place. The data suggested a necropolis with ritual cremation burials from the Roman period.
The coins found belong to the period from Gallienus to Aurelius. Three of them were minted during the reign of Gallienus (253 - 268), two in the time of Claudius Gothicus (268 - 270), and an honorary one depicted Claudius but was minted during the reign of Quintillus (270) or Aurelius (270 - 275). (Fig. 3)
All of the coins are antoniniani, the obverse showing the ruler turned to his right with a radial crown around which the inscription is placed.
The reverse is different. The honorary coin has a burning altar with an inscription around it, and all the other examples have a female figure in a long dress with different symbols in her hands and in the areas left and right of the central figure, with an inscription around it.
The pottery from the burial has a variety of forms, and it differs in manufacture, including fragments of handmade pottery as well as wheel-made fine ware.
The wheel-made pottery is distinguished by high quality manufacture, although a local production. The forms of vessels are very common and appear in almost every Roman province from the end of the Ist to the 6th century AD.
The handmade pottery (although by its manufacture suggesting that it belongs to the prehistoric periods), more specifically the presence of the altar - vessels with rectangular shape, can be placed in the Roman Imperial period, despite the lack of archaeological context for the find.
Библиографија
- Археолошка карта на Република Македонија ,Том 2, Скопје, 1996
- Атанасова И. 2005, Една античка некропола на Касарски Круг - Кочани, Масеԁ. acta archaeol. 16, 211— 224, Скопје
- Булатовић А., Чершков Т., 2007, Некропола спаљених покојника из Римског Периода у Љанику2 код Прешева, Гласник српског2 археолошког2 друштва 23, 141-157, Београд
- Brukner O., 1981, Rimska keramika и jugoslovenskom delu Provincije2 Donje Panonije, Beograd
- Вулип H., 1934, Антички споменици наше земље, Споменик LXXVII, 71-72, Београд
- Иванов И. 1910, Отчет за разкопките при Кадин Мост (Кюстендилско), Известична на блгарското археологическо дружество 1, 178
- Јованов М. - Манева Е. - Велјановска Ф., 2004, Чукарка, римски тумул средновековна некропола, Скопје
- Машкин Н.А., 1982, Историја старога Рима, Београд
- Машкин Н.А., 1995, Историја на стариот Рим, Скопје
- Микулчиќ H., 1971, Една античка villa Rustica во Тиквеш, Годишен Зборник на Филозофскиот факултет, кн. 23, 269-285, Скопје
- Митревски Д., 1997, Протоисториските2 заедници во Македонија, Скопје
- Наиденова В., 1985, Римската вила во с. Кралев Дол, Пернишки округ, Разкопки и npoyueanua Ku. ХИ, 40 42, Софил
- Проева Н., 1996, Епихорски имиња во Горна Македонија, Јазиците на почвата на Македонија, кн.3, 89, Скопје
- Секулов В. - Нацев Т. - Јованов М., 2007, Црвено Поле населба и некропола од Римскиот Царски Период, Зборник на трудови, 49-59, Струмица
- Соколовска В.. 1976, Прилог кон проучувањето на керамиката со печатени орнаменти од Македонија, Maced. acta archaeol. 2, 157-167, Прилеп
- Соколовска B., 1986, Исар- Марвинци3 и Повардарието во античко време, Скопје
- Шурбановска М., 1999, Стакина чешма – керамички наоди, Македон. acta archaeol. 15, 251-260, Скопје