Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 255–267

Мермерна пластика - Стибера

Содржина
  1. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп
  2. МЕРМЕРНА ПЛАСТИКА - СТИБЕРА 2008 - 2009
  3. LILJANA KEPESKA
  4. MARBLE SCULPTURE - STYBERRA 2008 - 2009

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп

МЕРМЕРНА ПЛАСТИКА - СТИБЕРА 2008 - 2009

Во текот на 2008 и 2009 год. на локалитетот Стибера беа извршени пообемни археолошки ископувања во секторот Гимназион (сл. 1). Истражувањата се одвиваа на просторот јужно, западно и северно од хероонот и теменосот, на четири пунктови (пункт I, II, Ш, ГУ) кои се надоврзуваат еден на друг и кои се продолжение на истражувањата од претходните години.1

Во Пунктот I е истражуван просторот западно од хероонот со цел да се дефинира неговата функција. Во Пунктот П е работено на дефинирање на градбите северно од хероонот кои се делумно отворени со предходните истражувања. Во Пунктот Ш откриена е голема апсидална просторија со плитки полукружни ниши која се надоврзува на просторијата со култна намена. Во Пунктот IV се откриени остатоци од одбранбениот хеленистички бедем и дел од зид на просторија западно од него.

Од истражувањата во четирите пунктови во просторот на секторот Гимназион се добиени значајни податоци за градбите во овој дел од локалитетот. На просторот западно и северно од хероонот, во подножјето на ридот Бедем, се откриени остатоци од солидно граден одводен канал, кој е отворен во максимална можна должина од 40 м (сл. 2). Од него во источниот дел непосредно пред излезот од западниот зид се зачувани и покривните плочи во должина од 6.80 м. На челната лева страна од отворот на каналот, во западниот зид е вграден мермерен блок со натпис посветен на Посејдон, Еригон и нимфите. Начинот на градење и димензиите укажуваат дека тој е еден од главните артерии во одводната мрежа на античкиот град Стибера, кој од највисоката, Источна тераса на ридот се спушта кон подножјето во правец на течението на реката Блато. Отсуството на градби од каков било вид западно од хероонот, а северно и јужно од каналот, упатува дека истражениот, релативно голем простор во време на последната обнова имал функција на плоштад, иако не се најдени некакви конкретни остатоци за неговиот конечен изглед. Откриените влезни партии во источниот дел од секторот со зачувани мермерни скали, како и деловите од платформите за седење кои директно лежат врз остатоците на хеленистичкиот бедем, укажуваат на мирен период во кој бедемот го изгубил своето значење. Во северниот дел од секторот е откриена голема просторија со плитки полукружни ниши, која се надоврзува на просторија со култна намена. Таа делумно го дооформува изгледот на објектот и потврдува дека овај комплекс од градби со јавен карактер имал значајна улога во животот на градот. Со досегашните ископувања во овој сектор е отпочнато со дефинирање на севкупниот изглед на објектите и деловите на градби во состав на Гимна-ЗИОНОТ ИЛИ, цак, во негова непосредна близина. Со истражувањата покрај овие значајни остатоци од архитектура се откриени и делови од мермерна архитектонска пластика со релјефна декорација, две мермерни бази со натписи и неколку фрагментирани плочи со натписи. Од движниот археолошки материјал, покрај мноштвото керамички, коскени и метални предмети од доцнохеленистичкиот и римскиот период, се најдени и повеќе делови од мермерна пластика. На овој простор се најдени: една скулптура на

Илустрација, стр. 256
Илустрација, стр. 257

млада девојка, една скулптура на младо момче, две цели и два фрагменти од глави на мажи, една цела и две фрагментирани глави од млади жени, два фрагменти од култна скулптура, две откршени плинти со зачувани стапала од нозе на статуи, како и повеќе фрагменти од делови на скулптури. Деловите од мермерна портретна пластика и новите наоди на фрагменти од мермерни плочи со натписи ја дополнуваат сликата за функција и значењето на објектите во овој простор.

Непосредно пред базата со натпис во новооткриениот простор посветен на култот на императорот најдена е мала фрагментирана статуа на млада девојка - жена (сл. 3). Во овој простор, во градежниот шут од разрушената градба, е најден и еден поголем фрагмент од машка глава и два фрагменти од поголема плинта со остатоци од стапала. При чистењето на каналот се најдени повеќе остатоци од мермерна пластика (ел. 4). Непосредно по завршувањето на покриениот дел од каналот е најдена статуа на младо момче - ефеб, а во продолжение западно од неа групен наод од една цела машка глава, еден фрагмент од глава и дел од драперија. Западно од нив, на поголемо меѓусебно растојание се најдени глава од жена, глава од младо момче и уште еден групен наод од две фрагментирани женски глави, делови од рака и нога и седна мала плинта. При копањето на просторот западно од хероонот и северно од екседрата е најдена култна скулптура, скршена во два дела, која ја претставува богинката Ника. Со новооткриените примероци на глави и скулптури во 2008 и 2009 год. се надополнува репертоарот на досега познатите примероци на култна и портретна пластика од Стибера.2

Скулптурата на богинката Ника е со мали димензии. Изработена е од бел мермер. Најдена е искршена во два дела со сочувана вкупна висина од 0.40 м, (сл. 5). Неа и недостасуваат главата, дел од левата рака, целата десна рака и дел од десното крило. Претставена е во став на долетување, облечена во тенок химатион кој е прилепен од предната страна кон телото, а одзади во густи набори се вее низ неизините плеќи под крилата, се до стапалата. Божицата лесно ја допира почвата претставена како торус кој е доста оштетен. Поголеми оштетувања скулптурата има десно отстрана. Мермерот е многу порозен и на допир се рони. Наодот на ова скулптура е значаен, бидејќи претставува единствен примерок на Ника со целосно зачувано

Илустрација, стр. 258
Сл. 5. Ника
Сл. 5. Ника
Сл. 6. Мермерен во оние кои се одржувале во гимназионите, па блок - релјеф на Ника
Сл. 6. Мермерен во оние кои се одржувале во гимназионите, па блок - релјеф на Ника

тело заедно со крилата. Ова божество е чествувано и почитувано во Стибера, а потврда за тоа е и релјефната претставата на Ника во момент на слетување на челната страна на големиот мермерен блок најден во просторот пред теменосот (сл. 6). Досега во Македонија се најдени само два поголеми фрагменти од статуи на Ника на локалитетот Стоби, и тоа: дел од статуа од колената надолу во Епископската резиденција и фрагмент од нозе под колената најден кај внатрешниот бедем. Една нецелосно зачувана статуа од Штип се толкува како претстава на Ника - Атена, а се доведува во врска со претставата на Атена од Пергамон. Божицата на победата Ника е таа која по одлуката на боговите ја носи победата во војна или на натпреварите, од кои и нејзиното присуство во Гимназионот во Стибе-

ра е разбирливо и очекувано. Во грчката митологија Ника е ќерка на титанот Палант и океанидата Стига. Таа се споменува како постојана придружничка на Зевс и Атина, брза и секогаш подготвена по нивна одлука да ја донесе победата. Крилата по една верзија ги добила од боговите, а по друга му ги одзела на гигантот Палант. Во уметничките дела е прикажа-

Сл. 7. Млада девојка
Сл. 7. Млада девојка
Илустрација, стр. 259

Соколоска B., 205, 206, T. 74, сл. 1, 2, 3.

“ Срејовиќ Д.- Цермановиќ A., 1987, 88, 287, 288. на како крилеста гласница на боговите со ловоров венец, лента или палмова гранка. Познатата крилеста Ника од грчкиот вајар Пеоније од Менде, изработена за Атина во 425-420 год. пр. н.е., служела како модел за изработка на бројни нејзини копии во долг временски период. Нејзината претстава, како се спушта од облаците и ја допира почвата претставена како кружен постамент - торус, е особено честа во хеленистичкиот и римскиот период. Статуата од Стибера може да се поврзе со бројните копии на типот на божицата прикажана во момент на слетување, изведена од некој од локалните мајстори кон крајот на П век.

Од портретната мермерна пластика се издвојуваат наодите од статуи на млада девојка и младо момче, како и неколкуте глави од статуи.

Статуата на млада девојка, односно млада жена е изработена од бел мермер. Зачувана е во висина 0.69 м, а и недостасуваат главата и долниот дел од нозете со стапалата. Фигурата е прикажана во стоечки став со нагласени облини кои се насетуваат под облеката и спуштена десна рака крај телото (сл. 7). Облечена е во кус хитон со тркалезен израз околу вратот врз кој е префрлен химатионот. ко! во крупни фалти го обвиткува целото тело. Со левата рака, која е

Сл. 8. Младо момче - ефеб
Сл. 8. Младо момче - ефеб
Илустрација, стр. 260
Сл. 9.
Сл. 9.
Илустрација, стр. 261
Илустрација, стр. 261
Сл. 10. Сл. 11.
Сл. 10. Сл. 11.
Илустрација, стр. 261

свиткана високо на градите, таа ја придржува наметката. По своите стилски одлики се вклопува во репертоарот на претставите на млади херкуланки.5 кај кои крајната изведба зависи од времето и местото на изведбата. Овој тип женски мермерни скулптури во римскиот период е доста присутен, при што копирањето на оргиналниот шаблон на претставите на статуи од типот херкуланки е задржан со делумна модификација и отстапување од оргиналот.6 На досега истражениот простор од Гимназионот и неговата непосредна околина се најдени четири женските статуи во природна големина од типот на херкуланки.7 Последниот нов примерок од Стибера, кој е со помали димензии, само потврдува дека овој тип статуи бил еден од омилените прикази на женски ликови кои ги краселе јавните градби во градот. Скулптурата на младата девојка од Стибера секако е дело на локален провинциски мајстор од крајот на П век.

Статуата на момче на која H недостасуваат главата, рацете и долните делови од нозете е изработена од бел мермер и зачувана во висина 1.04 м. Таа претставува младо момче со убаво обликувано голо тело преку чии гради е префрлена куса хламида која на десното рамо е прикачена со тркалезен копец (сл. 8). Фигурата е преставена во стоечки став, а тежината на телото паѓа врз десната нога. Остатоците од пречки на десниот бут укажува дека статуата била потпрена на потпирач. Ова е портретна скулптура на младо момче - ефеб со благо нагласена мускулатура и складни пропорции на телото. Покрај телото на младиот ефеб е најдена мала мермерна рака која во дланката држи дисковиден предмет. Според стилските одлики и начи-НОТ на изведбата ја вбројуваме во делата настанати кон крајот на II и почетокот на Ш век.8 Епиграфските мермерни споменици од Стибера со списоците на ефеби од последната декада на II век и третата декада на Ш век зборуваат дека во ова време е голем бројот на ефебите кои се обучувале во Гимназионот. Младото момче - ефеб, претпоставуваме дека е припадник на некое од видните семејства од градот кое можело да му постави статуа на својот член во некој од просторите на Гимназионот.

Остатоци од портретни статуи се и наодите на неколкуте мермерни глави на мажи и жени.

Мермерната глава од младо момче во природна големина со зачуван дел од вратот и висина 0.20 м е изработена од бел мермер. Лицето е добро зачувано со мали оштетувања на носот (сл. 9). Меките црти со крупни очи и правилен нос му даваат спокоен изглед на ликот. Косата е прикажана со ситни кадрици кои се прикрепени со танка трака. Главата на возрасен маж во натприродна големина е добро зачувана со висина 0.30 м. Откршен и е само врвот на носот кој има благо испакнување под коренот. Длабоките брчки на челото, големите бадемести очи, густите веѓи и полната усна му даваат мирен и сериозен изглед на ликот (сл. 10). Косата е само назначена со длабоки залистоци над челото. Оваа мермерна глава е секако дел од статуа на некоја од видните личности од градот, можеби директно поврзана со раководните функции во гимназионот.

Во наодите на портретни машки глави спаѓаат и двата големи фрагменти на мермерни глави, едната со поголеми димензии и сочуван горен дел од темето со дел од кусата коса (сл. 11), а другата со сочувано теме покриено со капа под која се назираат ситни прамени од коса (сл. 12). Покрај тоа што на овие фрагментирани глави им недостасуваат поголеми делови и не дозволуваат да се претпостави нивниот лик и карактерни црти, сепак укажуваат на богат приказ машките ликови согласно нивната општествена функција и значење во рамките на градската заедница. Примероците од портретни машки мермерни глави од Стибера, како и поголемиот број од досега откриената мермерна пластика, се дел од продукцијата од втората половина на П до средината Ш век.

Илустрација, стр. 263
Илустрација, стр. 263
Илустрација, стр. 263
Сл. 14.
Сл. 14.
Илустрација, стр. 263
Илустрација, стр. 263
Сл. 16. Плинта со остатоци од стапала
Сл. 16. Плинта со остатоци од стапала
Сл. 17. Плинта со остатоци од стапала
Сл. 17. Плинта со остатоци од стапала

Репертоарот на мермерни глави е збогатен со наодите на мермерни глави на жени кој го чинат две фрагментирани и една речиси цела зачувана.

Главата на млада жена во природна големина е со добро зачувано лице на кое делумно е оштетен носот. Меките црти на лицето со крупни очи и полни усни му даваат смирен и сериозен изглед на ликот (ел. 13). Брановидната долга коса е собрана во пунца крената високо над тилот. Над кадриците над челото релјефно е преставена некаква дијадема. Имајќи ги предвид стилските карактеристики на портретните скулптури на жени и нивните прикази на римските монети, особено начинот на третирање на фризури, ова глава е најблиска до приказот на ликовите на жените од династијата Севери. Може да се претпостави дека таа го имитира изгледот на фризурите на Јулија Домна, Јулија Меза и Јулија Мамеја.9 Фризурата од ова мермерната женска глава најмногу одговара на фризурата на жената на Септимиј Север Јулија Домна и нејзината сестра Јулија Меза, што ја наметнува претпоставката дека таа е изработена во тој период, крајот на П и првите декади на Ш век.

Останатите две фрагментирани глави на помлади жени се со поголеми оштетувања, но, сепак, се зачувани нивните основни белези. Едната има зачуван поголем дел од лицето, со нагласени бадемести очи и правилен нос кој е делумно оштетен, висина 0.22 м. На главата И недостасува долниот дел од лицето со вратот (сл. 14). Над челото видливиот дел од бујната коса е разделена со патец на средината и во крупни кадрици паѓа кон ушите, а останатиот дел од главата е прекриен со химатионот, што паѓал во густи набори врз телото на скулптурата на која и припаѓала. На другата оштетена глава И недостасува десниот образ, дел од челото и косата, а со дел од вратот е зачувана во висина 0.31 м. Лицето е со силно нагласени црти на устата и неоштетеното бадеместо око (сл. 15). Под густите набори од химатионот, со кој е покриена целата глава, излегуваат бујни густи кадрици во форма на „5“ спирали кои одат до над ушите. Начинот на третирање на овие две глави од млади жени, како и нивните стилски карактеристики го одразуваат уметничкиот израз на мермерната пластика од крајот на ІТ и почетокот на Ш век.

Новите наоди на култна и портретна пластика се уште една потврда за материјалното и духовно богатството на античка Стибера, преку кое се гледа економското и културното значење на овај град во подолго време од римскиот период. Тие се потврда на досегашните сознанија за извонредниот економски и културен развиток на градот во периодот од крајот на I до средината на Ш век, а особено во периодот не неговата обнова во П век. Квалитетот, како и бројноста на мермерната пластика, како портретна и култна така и архитектонска, укажуваат на постоење локален центар во градот или во неговата непосредна околина каде што се изработувани. Ситните наоди на откршоци на делови од прсти, дланки, раце, нозе од скулптури, меѓу кои и двете плинти (сл. 16, 17), како и останатите издробени аморфни парчиња од мермер, упатуваат на бројни споменици кои не го преживеале уништувањето на градот.

Новите наоди од мермерни бази и плочи со натписи во кои се испишани имиња на македонијархот и панхелен,10 синедрионот неговите членови синедрои, неокорот - чуварот на императорскиот култ,11 се особоено значајни за согледување на местото и улогата на градот Стибера и неговите граѓани во рамките на слободните градови во римските провинции.

Лилјана и Костадин Кепески ну Завод и Музеј - Прилеп Моша Пијаде 142, 4700 Прилеп liljana.kepeska@gmail.com

LILJANA KEPESKA

KOSTADIN KEPESKI National Institute for Monument Protection and Museum - Prilep

MARBLE SCULPTURE - STYBERRA 2008 - 2009

Белешки

  1. Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2008, 229. ↩
  2. Bymuh H.. 1931, 186, 188-191, 6p. 502-508; Byanh H., 1941-1948, 184, 186-189, бр. 388-392; BysKosuh-Tonposuh Д., 1963, 82-87; Соколовска B., 1987, 33, 34; Кепески K., 2006, 207-219; Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2007, 87-91 ; Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2008, 229. ↩
  3. Соколовска В., 1987, 67-71. ↩
  4. Кепеска Л. - Кепески К., 2008, 237, 238, 239, 244. ↩
  5. Вулић Н., 1941-1948, 188, 189; Кепеска Л. - Кепески К., 2008, 237. ↩
  6. Кепески К., 2006, 207-212; Кепеска Л. - Кепески К., 2008, 243. ↩
  7. Јулија Домна, жена на Септимиј Север: Јулија Меза, сестра на Јулија Домна и мајка на Јулија Мамеа: Јулија Мамеја, мајка на Александар Север; Машкин Н. A., 1968, 465, 471. ↩
  8. Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2008, 235. ↩
  9. Со археолошките истражувања во 2008 и 2009 год. во сек. Гимназион се најдени повеќе мермерни епиграфски споменици, од кои две целосно сочувани бази со натписи и повеќе поголеми и помали откршоци од мермерни плочи со натписи во кои се споменуваат институциите на македонскиот коинон - синедрион, синедрои и неокор. ↩
  10. Фотографии Димитрија Димески ↩

Summary

Marble Sculpture - Styberra

During 2008 and 2009 extensive archeological investigations were conducted at the Gymnasium sector in Styberra. Researches were conducted to the south, west and north of the heroon and temenos, at four points that represented a continuation from previous years.

At point I, the area behind the heroon was investigated in order to redefine its function. At point II research was conducted in order to redefine the structures north of the heroon that had been widely revealed by the previous excavations. At point III a large apsidal room with shallow semicircular alcoves was discovered that complements the room’s cultic purpose. At point IV the remains from the defensive Hellenistic fortification wall were discovered as well as a part of a wall that belongs to a room to the west. During these investigations, among important architectural remains, pieces of marble architectural plastic decorated in relief were discovered, as well as two marble bases with inscriptions and a few fragmented flagstones also with inscriptions. Among this archaeological material, beside the ceramic, bone and metal objects from the late Hellenistic and Roman period, pieces of marble sculpture were also found.

In this area were found a sculpture of a herculanea type, a sculpture of a young ephebe, two whole male heads and two fragments, one whole and two fragmented heads of young women, a cult statue broken in two pieces that represents the goddess Nike, two broken but preserved plinths with the statues12 feet also preserved, as well as fragments of several pieces of the sculptures, all made out of white marble. These findings of cult and portrait sculpture are a reflection of the material and spiritual wealth of ancient Styberra through which the economic and cultural importance of this city can be seen in a longer duration in the Roman period. The quality and number of the marble sculptures, as well as the portraiture and cult and architectural plastic, indicate that they were made in the local city center or its immediate surroundings. The small finds of fractured fingers, hands, arms, legs, and other amorphous pieces of marble point to the numerous monuments that did not survive the destruction of the city.

The pieces from the marble portrait sculpture and the discovery of fragments of marble slabs with inscriptions attest the function and meaning of the objects in this particular area. They are a confirmation of the previous findings about the remarkable economic and cultural development of the city in the period between the end of the first and the middle of the third century, particularly the period of its recovery in the second century. Through them the place and the role of the city of Styberra is perceived as well as the role of its citizens in terms of free cities in the Roman provinces.

Библиографија