Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 225–235

Ѕидното сликарство од градската вила во Скупи

Содржина
  1. Малтерни подлоги
  2. Ликовни техники и бои
  3. Завршни разгледувања
  4. IGOR KUZMANOSKI
  5. WALL PAINTINGS FROM THE URBAN VILLA IN SCUPI

Археолошките ископувања што се водени во 1973 година на градската територија во Скупи1 изнесоа на светлина нови значајни моменти од областа на урбанистичкиот развој на градот, како и некои негови одредени специфични појави, тесно поврзани со гранката на римската декоративна уметност. По своето значење и местоположба се истакнува откривањето на доцноантичкиот објект лоциран на просторот јужно од театарот, од страна на истражувачите означен како Градска вила, чие датирање е овозможено со помош на нумизматичкиот материјал, како и на други елементи од материјалната култура.2 Причината поради која се навраќаме повторно на овој објект откриен пред повеќе од триесет години е извонредниот факт што во една од просториите на вилата било зачувано ѓи sifu дел од оригиналното декоративно сликарство, кое ги красело зидовите на оваа градска куќа.

Проучувањето на доцноантичкото зидно сликарство на Балканскиот Полуостров претежно се однесува на зачуваните ансамбли во затворените гробни целини кај голем број споменици, практика која е особено забележлива во овој период и чии дела се во корелација со сепулкралната намена на овој тип објекти. Во Македонија нашите сознанија за античкото мурално сликарство се должат, пред се, на добро проучените примероци од Стоби, каде се зачувани вредни целини од зидната декорација во поголем број објекти, од кои, секако, најзначајни се оние зачувани во Епископската базилика и во нејзиниот баптистериум.3

Декорацијата на ентериерите во приватните куќи со зидно сликарство е традиција којашто се јавува уште во класичниот период на грчката уметност, а која Римјаните ќе ја преземат и доведат до висок степен на совршенство. Поради природата на материјалот лесно подложен на девастација, само мал број од античките објекти денес можат да покажат поголема целина од нивната оригинална сликана декорација. освен помали фрагменти коишто сепак даваат извесна идеја за примената на овој тип красување во приватните куќи. Затоа, зачуваната сликана целина од Градската вила во Скупи со полно право заслужува да биде издвоена и презентирана, иако од нејзината содржина изостануваат сложени фигурални композиции коишто би придонеле за поголемо интересирање при нивното проучување. Сепак, и самиот декоративен материјал, независно од неговата содржина, ни дава извонредни податоци за самата техника на сликање, техничката подготовка На малтерните подлоги, како и за боите коишто се употребувале во процесот на сликање, разгледани во корелација со останатите споменици кај кои е зачуван овој тип декорација.

Илустрација, стр. 226

Во прегледот ќе бидат вклучени и извесен број помали фрагменти откриени во внатрешноста на просторијата, кои секако претставувале дел од целината и кои даваат извесно навестување за останатиот дел од сликаната декорација.

Сликана декорација

Зачуваниот живопис се наоѓа на источниот и на дел од северниот зид од централната просторија на Градската вила“4 (сл. 1). Од севкупната слигана декорација на собата in situ зачувана е само приземната зона, односно сликаниот украс на цоклето.5 Декорацијата на цоклето се состои од наизменично претставување на полиња насликани со имитација на мермерна површина, односно на жолтоцрвен и белозелен мермер поставени еден покрај друг, во алтернација со паноа на кој се насликани бледоцрвени/розеникави и светлосини коси ленти врз светла окер основа (сл. 2). Полињата се ограничени со црна преградна линија со просечна дебелина од 1-1.5 см, додека ширината на самите полиња варира и се движи од 60 до 72 см. Меѓу нив се претставени и вертикални колони кои, исто така, носат коси црвенкави и сини украси, додека секоја колона с фланкирана со потесна лента декорирана со куси, вертикални сини линии, кои на еден пример одат и околу целото поле. Цоклето од горната страна е ограничено со темноцрвен појас со дебелина од 9 см и фланкиран со црни линии, кој веројатно служел како преградна површина меѓу првата и втората зона.

Сл. 2. Дел од сликаната декорација на цоклето
Сл. 2. Дел од сликаната декорација на цоклето

Во полињата кои содржат мермерна имитација, доминантно место завземаат претставите на жолтоцрвен и бел мермер со зелена нијанса. Имитацијата на мермерната површина обично се изведува со визуелно издвојување на мермерните колоритни вени кои даваат карактеристична обоеност за одреден вид мермери. На скупските примери тоа е направено со извлекување на коси брановидни линии со различни ширина (варира од 0.5-3 см) врз посветла, често монохромна основа. Жолтоцрвениот мермер е изведен со жаровити црвени и темножолти вени врз жолтопортокалова основа, а овој тип мермер во антиката бил познат уште како нумидиски камен, ископуван на царските каменоломи во северна Африка.6 Тоа бил мошне ценет и скапоцен мермер, чија употреба во декорот на богатите римски куќи е потврдена кај повеќе антички автори.7 Зеленикавиот мермер е претставен со зелени и црни вени врз светла окер и делумно зелена основа, како имитација на широко употребуваниот тип светли мермери со зелени вени, чии наоѓалишта, кои се користеле во антиката, се потврдени и на територијата на P. Македонија.8 Во североисточниот агол од просторијата, на источниот зид, е насликано поле со специфична претстава на мермерна инкрустација кое продолжува и на дел од северниот зид (ел. 3).9 На окерова основа се изведени жолтокафеави овали поврзани во систем на двојни темноцрвени линии. На местото каде што линиите се поврзуваат се насликани други помали кругчиња. Овој тип имитација на мермерна инкрустација го среќаваме и кај други примероци од римското декоративно сликарство, а речиси идентично претставување на овалите со системот на линии пронаоѓаме на насликаниот фрагмент од римската вила во Вишиќи, во Босна и Херцеговина.10 Подоцна, од втората половина на IV век овој мотив на сликана инкрустација се среќава често и во декорацијата на долните зони во доцноантичките и ранохристијанските гробници од поблиската регија на Балканскиот Полуостров.11 Прекршувањето на насликаното поле меѓу два соседни зида ја покажува употребата на готови насликани мостри кои се користеле во текот на сликањето и чии димензии не одговарале на големината на една 5идна страна, меѓутоа, овој начин на премостување на зидните површини го среќаваме и кај репрезентативните споменици од помпеанското сликарство.12 !?

Сл. 3.9 Паноа со имитација на мермер и мермерна инкрустација
Сл. 3.9 Паноа со имитација на мермер и мермерна инкрустација

Употребата на сликана мермерна имитација во декорацијата на цоклето има долга традиција и се применувала уште од хеленистичката епоха кај приватните куќи и палати во богатите источномедитерански градови.13 Таа се јавува како поефтина супституција на инаку скапата инвестиција во вистински мермерни плочи кои исто така долго се употребувале како декорација во долните зони. Римските ликовни декоратори ќе ја прифатат оваа традиција, ќе ја развијат и употребуваат во сите четири познати стилови на помпеанското сликарство, како и подоцна, во доцноантичкиот период, и ќе ја пренесат на византиско милја каде добива речиси дефинитивно место во декорација на првата зона во православните храмови, се до доцниот среден век. Токму ова блиско влијание и поврзаност во декорацијата на секуларната и сакралната уметност ја наоѓаме во непосредна близина уште во доцноантичкиот период во Епископската базилика во Стоби, чии зидови во првата зона се украсени со паноа со имитација на мермерна површина.14 “

Сл. 4. ДетаЊ од сликаната декорација на цоклето
Сл. 4. ДетаЉ од сликаната декорација на цоклето

Полињата со црвени и сини коси ленти нанесени во лазурен намаз се повторуваат по секои две насликани мермерни паноа. Тие содржат едноставна декоративна шема која веројатно се јавува како поупростена варијанта на декорацијата кај хронолошко блиски споменици на кои се претставени насликани висечки драперии, како што е примерот во Хисарската гробница во Р. Бугарија со зеленосина комбинација.15 Специфична карактеристика на овие паноа е тоа што врз нивната површина без некој ред се нафрлани црвени, жолти и црни дамки кои на некои места добиваат одредена форма во вид на отпечаток од усни (сл. 4). Овој уникатен детај, кој освен тоа што е ставен во функција на зголемување на декоративниот ефект како едноставен украсен елемент, може да носи и посилна симболична конотација која можеби © во врска со функцијата на собата во која се претставени.

Класичниот систем на поделба на зидната површина за сликање се состоел од подножје или цокле, средно главно поле и горна зона. Оваа основна поделба, подложна на бројни варијации, во доцноантичкиот период се губи и се сведува на апстрактен систем од полиња со различни димензии, обично расчленети со боени ленти врз бела заднина кои добиваат редуцирана декорација.!е16 Примерот од Скупи со зачуваното подножје со имитација на мермерни плочи покажува дека имало хоризонтално расчленување на зидот од кој недостасуваат средната и горната зона (ел. 5). Сепак, бројните фрагменти кои се откриени во просторијата, а потекнуваат од горните зони, иако не можат да ја доловат целината на декоративниот систем, даваат одредени навестувања за изгледот на некои негови делови. Според нив, средната зона најверојатно била поделена на помали разно обоени полиња со систем на широки рамки или ленти со разна ширина, често придружени со тенки линии кои служеле како вертикални раздвојни елементи. Голема е бројноста на фрагментите со жолта, црвена, бела и зелена боја што покажува дека можеби имало полиња со овие бои кои доминирале на зидната површина, преградени со црвени и бордо рамки со бели или црни линии. Токму овој начин на расчленување со помош на рамки и ленти, кој е особено карактеристичен 3a Ш век од н.е..17 ќе стане доминантен принцип присутен во спомениците од доцноантичкиот период. Во однос на стилските одлики фреските од Скупи ни нудат малку податоци, особено што на увид ги имаме единствено декоративните елементи од севкупната сликана украса. Сепак, и тие покажуваат дека е задржано извесно повисоко ниво во однос на општиот тренд на опаѓање на квалитетот и прецизноста при изработката на фреските во доцната антика. Тоа особено се согледува во тенденцијата за пореалистично прикажување кај мермерната имитација во однос на современите примери кај кои преовладува шематизам и стилизација.18 Горните зони биле исто така доста богато украсени, што може да се заклучи по бројните разновидно обоени фрагменти. Иако на нив не може да се препознае јасно издвоена претстава, забележлив е послободен начин на сликање што се постигнува со поставување чисти боени дамки едни покрај други, без мешање и чија главна цел е оптичкиот ефект, а на прецизноста на деталот. Овој манир, исто така доминантен во доцната антика, ќе има само еден краток прекин за време на Константиновото владеење кога ќе се случи обнова на класичното сликарство.

Сл. 5. Реконструкција на сликаниот распоред од цоклето на источниот зид
Сл. 5. Реконструкција на сликаниот распоред од цоклето на источниот зид

Малтерни подлоги

Евиденција за техничката подготовка на подлогата за зидно сликање наоѓаме кај античкиот архитект Витрувиј.19 Според него, најдобра и најистрајна била подлогата изработена од шест слоја малтер, покрај првичниот груб слој на зидот, која се состоела од три слоја на мешавина од вар и песок и три пофини слоеви на вар измешани со мермерен прав (просечната дебелина изнесувала околу 7.5 см), при што секој погорен слој добивал пофина и попрочистена структура. Меѓутоа, прегледот на спомениците кај кои е зачувано зидното сликарство, вклучувајќи ги и оние најдобро зачуваните од градовите под Везув, покажуваат широка употреба на обично два слоја малтерна подлога, еден груб и еден пофин врз којшто се

сликало, додека деталните препораки на Витрувиј се следат само кај исклучително мал број

споменици.20 Двослојната подлога за сликање, присутна уште од самите почетоци на римската декоративна уметност, ќе стане вообичаен модел кај спомениците од доцноантичкиот период.

Зачуваните примери од зидното сликарство во Скупи ја потврдуваат оваа практика. За нејзино утврдување се користат бројните фрагменти кои се пронајдени во просторијата со фрески:21 Генерално, се работи за два слоја малтер со извесни варијации во квалитетот кои зависат од нивната местоположба на зидот, како и од типот на декорацијата што го носеле, меѓутоа, не е исклучено и можноста таа разлика да е резултат на некаква обнова која настанала по кус временски рок. Долниот слој е од погруба мешавина на вар со песок и речен камен, во кој има примеси на слама и парчиња од керамика. Неговата ширина варира од 1-5 см, секако поради израмнувањето на грубото зидно платно составено од камења со различни димензии сврзани со варов малтер. Во одредени случаи нивелирањето е извршено со употреба на глина помешана со парчиња од вар и песок. Врз првиот слој, потоа се поставувала пофина смеса од почист варов малтер со просечна дебелина од 0.2-1 см, чиј квалитет исто така варира кај различни фрагменти. На некои места слојот е многу тенок и содржи фина мешавина од вар со мермерен прав што се препознава по блескањето на калцитните зрнца, додека кај други фрагменти тој е погруб со поголема количина песок. Голем дел од фрагментите имаат мазна површина. Сличен пример на употреба на два слоја за сликање со приближно иста содржина, како и наизменична употреба на глинена и груба малтерна подлога за нивелирање на идната површина наоѓаме во Епископската базилика во Стоби.22

Кај еден фрагмент, на заднината, се забележува отисок од трскена оплата кој всушност е сигурен показател за присуство и на таванска сликана декорација во просторијата. Трските се поставувале за да може малтерот полесно да се прицврсти, односно да се залепи за таванската подлога. Ова е исклучителен наод кој ни покажува дека всушност целата просторија била украсена со сликана декорација.

Во однос на двослојната малтерна подлога за сликање на 5идната површина интересен € податокот што токму таа практика ја препорачува и познатата Ерминија на Дионисиј од Фурна од XVIII век,23 во делот за техничката подготовка на зидот за сликање на православните храмови, што значи дека таа била во употреба низ целиот среден и доцен среден Век.

Ликовни техники и бои

Вообичаен римски метод на сликање бил фреско, односно нанесување на боите врз влажен малтер, при што во процесот на врзување пигментот станува составен дел од малтерната смеса. Тоа на делото му дава долготрајна употреба и задржување на свежината на боите. Сепак, зачуваните сликани целини од римскиот период покажуваат дека покрај фреско-техниката, во голема употреба било и сликањето врз сува подлога, познато како секо или фреско-секо, при што боите се нанесувале најчесто во темперна техника.24 Сликањето врз сув малтер, често и на иста површина со фреско-техниката, обично се применувало врз места каде што било потребно повеќе време за изработка на декорацијата, при што малтерната подлога не можела да ја задржи потребната влажност, како и за исликување на поситни детали во цртежот. Зачуваната целина од првата зона во Скупи е насликана во фреско-техника. Сепак, кај одредени фрагменти се открива употребата на комбинирана техника,25 фреско подлога врз кој потоа се изработувал цртежот во темпера, додека кај некои фрагменти малтерот е исликан исклучиво во темперна техника со многу слаба концентрација на врзувачот. И во Епископската базилика во Стоби се применувала мешана техника на сликање во фреско и темперна техника. Во процесот на сликање доминираат бои составени од природни, земјени пигменти, минерално базирани, додека одредени нијанси биле добиени со нивно мешање.26 Од основните бои идентификувани се црна добиена од јаглено црна, зелената е зелена земја (terra verte), а црвената е присутна во две варијанти, како црвен окер добиен од железен оксид и полуксузниот цинобер, односно minium.27 Истите пигменти, освен циноберот, ги среќаваме и во објектите со зачувана зидна декорација од Стоби.28 На фреските од Скупи се забележуваат и следниве бои: бела, сива, кафеава (добиена со мешање на цинобер и црна), окер и жолта, портокалова, виолетова и сина, најчесто со тиркизна нијанса.

Завршни разгледувања

Брзиот процут и постигната зрелост на римското ентериерно сликарство што ни е познато преку четирите помпеански стила почнало да забавува кон крајот на | век од н.е., по што следи општ пад во однос на креативноста и квалитетот на уметничкиот израз, како и низок стандард во технолошката изработка на зидните слики.29 Тоа доведува до постојано навраќање кон мотивите и декоративните елементи од класичното римско сликарство приспособени кон вкусот на локалните работилници и индивидуалните нарачатели. Муралите од Скупи, за жал, не поседуваат изразни карактеристични елементи, особено што не се зачувани делови од фигуративни композиции, преку кој може да се одреди нивното место во општиот развој на сликарството во доцноантичкиот период. Сепак и чисто декоративните елементи на сликите од Скупи, како што е цоклето со имитација на мермерна оплата, чија употреба во ѕидното сликарство доживеала силна ревитализација во тетрархискиот период,30 можат потесно да го одредот времето на нивната изработка во времето на Диоклецијан и неговите совладетели.

Пред нив, во Ш век од н.е. Римското Царство претрпело тешка политичка, социјална и економска криза која се одразила на безбедноста и вооопшто врз опстанокот на империјата, особено на европските провинции кои ќе се најдат директно под удар на бројните варварски племиња. Во еден таков поход ќе настрада и градот31 Скупи кој ќе биде разурнат во 269 год. од страна на Готите, што е евидентирано преку пронајдените траги од пожар врз кој потоа биле фундирани дел од доцноантичките објекти од градот. По спроведените реформи и успешната политика на Диоклецијан, следи период на релативна стабилност во кој градот Скупи доживува голема обнова. Римската вила со фрески која е дел од оваа обнова, секако била во сопственост на припадник од локалната аристократија затоа што се наоѓа на репрезентативно место во срцето на градот, во близина на театарот кој во овој период претставува крвава арена за свирепите прогони на христијанските следбеници.

идната сликана декорација во доцната антика била привилегија на само мал број луѓе, секако поради општиот низок економски стандард на населението, но и тогаш декорација вообичаено добивале само една до две простории, и тоа оние кои најчесто се користеле за јавни собири.

Социјалниот аспект отсекогаш бил нераскинлив дел од оваа уметничка форма чија популарност значително почнала да опаѓа во периодот на доцната антика. Преку нив сопственикот ја изразувал својата моќ, благосостојба и статус во општеството пред очите на присутните гледачи. Иако скупската вила не е откопена во целост, засега во само една просторија е откриена зидна сликана декорација, несомнено во врска со важноста и функцијата на истата, а која најверојатно служела за приеми и собири од јавен карактер.

Не сме далеку од можноста да претпоставиме дека токму во ова куќа, во овој период на рапидно ширење на христијанскиот култ што го прифаќа и голем дел од аристократскиот слој, своите собири да ги одржувала христијанската заедница на градот која се уште дејствувала приватно и под забрана за јавно изведување на верските обреди. Во овој случај, на претпоставена domus ecclesiae, како дополнителна потврда може да послужи и тоа што врз дел од нејзините темели подоцна ќе биде изградена христијанска базилика, која во намерата за одржување на континуитетот на определено свето место, била фундирана врз зградата во која се случувале христијанските почетоци во колонијата Скупи, како и фактот што вакви градби се подигнувале во близина на театарските згради каде се формирал култот кон локалните маченици паднати за христијанската вера.32 Во прилог на ова оди и откривањето на приватна бања во рамките на вилата кое било едно од местата каде што се извршувал, пред склучувањето на верскиот мир, чинот на крштевање на верниците, а подоцна е приспособена во крстилница на базиликата.33

Сепак, идните истражувања и целосното откривање на градската вила ќе го откријат вистинскиот карактер и функција на оваа просторија.

Игор Кузманоски

Музеј на град Скопје

Мито Хаџивасилев - Јасмин бб, 1000 Скопје igorkuzmanoski@mand.org.mk

IGOR KUZMANOSKI

Museum of the City of Skopje

WALL PAINTINGS FROM THE URBAN VILLA IN SCUPI

Белешки

  1. Ископувањата се вршени од страна на Музејот на град Скопје под раководство на Милутин Гарашанин и Душанка Кораќевиќ, кои од 1966 година подготвија план за студиозни систематски истражувања на градската територија на Скупи. ↩
  2. Кораќевиќ Д., 1977, 155-157; Koraéevié D., 1989, 103; Кораќевиќ Д., 2002, 86-93. ↩
  3. Mano Zissi Dj., 1933-34, 244-248; Wiseman J. Georgievski Dj., 1975, 163-189; Расолсоска-Николовска З., 311- 322; Алексова B., 1995, 94-96, 106-114, ↩
  4. Вилата не е откопана во целост, откриен е само северниот дел каде просторијата со фрески е фланкирана со по уште една просторија од страна, а во нејзиниот состав влегувала и мала приватна бања. Во просторијата со фрески е откриена и поголема количина на декоративни елементи изработени во штуко кои со сликаната украса сочинувале единствена целина. Види поопширно: Кораќевиќ Д., 1977, 156-157, сл. 11, 12; Koraéevié D., 1989, 103, sl. 7; Кораќевиќ Д., 2002, 86-93, сл. 51, 52. ↩
  5. Сликаниот малтер е симнат од зидовите веднаш по откривањето и денес се чува во депоата на Музејот на град Скопје на четири одвоени паноа. Податоци за изворната положба на муралите се добиени од фотодокументацијата и теренскиот дневник воден од Д. Кораќевиќ. ↩
  6. Денес овој тип на мермер е познат како giallo antico. Во комерцијална употреба и во литературата подеднакво е назначен како жолт или како црвен мермер, секако во зависност од тоа дали е земена во предвид бојата на основата, односно обоеноста на декоративните вени. ↩
  7. Plin., Nat. Hist., XXXVI, 8; Фасциниран од убавината на овој мермер што ги красел зидовите на една римска вила, римскиот поет Статиј извикнал: 'Ніс Nomadum lucent flaventia ѕаха' (“... тука сјае златно жолтиот нумидиски камен..." слоб. прев.): Statius, Silvae II, 2. ↩
  8. Сличен мермер со зелени и светлокафеави нијанси ваден во околината на Кавадарци (локалитети Курилово и Марков Стап) се користел и во античко Скупи, види: Керамидчиев А., 1987, 115, 122-123. Стојановић И., 1984, 196-199; Vajović D. M., 1997, 170. ↩
  9. Кораќевиќ Д., 1977, 157, сл. 11. ↩
  10. Čremošnik I., 1984, 134, сл. 1/1. Авторот ги датира фреските во Вишиќи на крајот од II и почетокот на III век од н.е.. со извесни преправки во тетрархискиот период. ↩
  11. Rakocija М., 2009, 95-100, со соодветни примери и цитирана литература. Авторот се залага за посложена симболична интерпретација на насликаните панели со мермерна имитација и камена инкрустација во контекст на севкупната декорација на објектот. ↩
  12. Ling R., 1991, 16-17, со соодветно толкување. ↩
  13. Во Македонија најран пример на употреба на сликана мермерна имитација во декорацијата на цоклето се наоѓа во Лихнидската гробница од хеленистичкиот период, види: Битракова-Грозданова В.-Кузман ІТ., 1998, 13. ↩
  14. Алексова Б., 1995, 94-95. ↩
  15. Джамбов X, 1963, 137, сл. 30, табл. П. Драпериите биле исто така важен елемент во декорацијата на доцноантичките вили, најчесто за покривање на идните платна или во слободен простор, меѓу столбовите H разни премини: Maguire H., 2000, 239. ↩
  16. е Joyce H., 1981, 22-46. Најпопуларен стил во овој период е т.н. црвен и зелен линеарен стил: Ling R., 1991, ↩
  17. Čremošnik I., 1984, 196-199; Vujović B. M., 1997, 170. ↩
  18. На пример претставата на нумидиски мермер во нишата на еден хипогеј од доцноантичкиот период во Рим: Portella D. I., 2000, 207-209. ↩
  19. Vitruvius, VII, 3. 6. Епископската базилика и баптистериумот, види: Wiseman J. - Georgievski Dj., 1975, 176-182. ↩
  20. Ling R., 1991, 199, ↩
  21. За жал, нашите примери од првата зона не можат да дадат информации, затоа што при вадењето од 5идната површина целосно бил иструган малтерот од нивната позадината. Сепак, постојат одредени фрагменти што се врзуваат со овие фрески кои даваат податоци и за овој дел од 5идната украса. ↩
  22. Станишева T., 1995, 266. И кај други објекти од Стоби каде што се зачувани делови со фреско-декорација се забележува употреба на глинена подлога за нивелирање, како што се просторијата под јужниот брод на Епископската базилика и баптистериумот, види: Wiseman J. - Georgievski Dj., 1975, 176-182. ↩
  23. The Painter's Manual of Dionysius of Fourna, 1996, 14. ↩
  24. Ling R., 1991, 200-204. ↩
  25. Станишева Т., 1995, 272. ↩
  26. Спектроскопска анализа на основните бои е извршена од страна на Хемискиот институт при Природноматематичкиот факултет во Скопје, при што во оваа пригода најсрдечно се заблагодарувам на добиените информации. Резултатите од овие анализи поопширно ќе бидат изложени на тематскиот симпозиум Lasers in the Conservation of Artworks во Сибиу, Романија, 21-25 Септември 2009 година co наслов: Tanevska V. - Minceva-Sukarova B. - Grupce O. - Kuzmanoski I., Spectroscopic contribution to the study of the antique wall paintings of the Roman Villa in Skupi. ↩
  27. Овој пигмент со жаровита црвена боја и портокалов сјај, познат и како vermilion, бил исклучително скап и со тоа ограничен на релативно мал број луксузни декорации. За илустрација, според податоци добиени од Плиниј Постариот, циноберот бил десетпати поскап од најдобриот црвен окер (Plin., Nat. Hist., XXXII, 39): Ling R., 1991, 209. ↩
  28. Wiseman J. - Georgievski Dj., 1975, 182-184, tab. 6; Станишева T., 1995, 271-272, таб. 6. ↩
  29. За стилските промени во постпомпејанското сликарство, види: Ling R., 1991, 175-198. ↩
  30. Čremošnik I., 1984, 199; Ling R., 1991, 192. ↩
  31. Кораќевиќ Д.. 2002, 14, 76. ↩
  32. Алексова Б., 1995, 91-92, со примерот во Стоби. ↩
  33. Алексова Б., 1995, 96. * Фотографиите ги изработија: Х. Константинов и С. Неделковски ↩
  34. Фотографиите ги изработија: X. Константинов и С. Неделковски ↩

Summary

Wall Paintings from the Urban Villa in Scupi

During the archaeological excavations in 1973 in Scupi, in the area south of35 the theater, a part of a villa from Late Antiquity was discovered, and its most exquisite find was the original decorative wallpainting in situ on the wall in one of the rooms. The well-preserved wall-painting was located on a part of the northern wall of the central room in the villa. The decoration is dominated by parts painted with imitation of a marble surface (yellow-reddish marble and white-greenish marble). The painted decoration on the socle, as a number of other fragments, show that the classical system of dividing the wall surface, containing the socle, middle main field, and upper zone was used.

The wall decoration is mostly painted over two layers of plaster, of which the lower is a rough mixture of lime with various impurities in its structure, while the upper, thinner layer is a refined mixture of a cleaner lime mortar enriched with marble dust. The wall painting is performed in combined technique of fresco and fresco-secco. In the process of painting, most dominant are the colors made of natural, earthly pigments, while several nuances are gained with mixtures. The interior decoration in the private houses with wall paintings is a tradition that appears even in the classical period of Greek art, which was taken over the Romans and brought to a degree of perfection. After the Pompeii efflorescence, a general decrease of creativity and quality of artistic expression followed, visible in the monuments of the Late Antique period with preserved painted decoration. The frescoes in Scupi with their decorative stylish features, with a higher level of skill and their chronological lifeline, is put in the time of the tetrarchy.

The painted decorations from the Scupi villa indicate a special, festive character of the chamber in which it is found; its function could be determined by thorough excavation of this Late Antique building.

Библиографија

Извори