Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 193–203
Акрополата на Глоска Чука
Во рамки на заедничкиот проект меѓу Институтот за Историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Тексашката фондација за археолошки и историски истражувања во 2006 г. беа изведени ископувања на најниската Источна тераса и на Акрополата на локалитетот Глоска Чука во близината на с. Грчиште, валандовско. Истражувањата покажаа дека се работи за населба со комплексна стратиграфија и континуирано живеење од железното време, па се до доцниот | век пр. н.е.1
Акрополата на Глоска Чука претставува зарамнето плато покриено со ниска, но, густа вегетација, на надморска височина од 120 м (сл. 1). На работ на платото, од неговата западна и југозападна страна видливи се делови од фортификацијата - големи блокови комбинирани со поситен кршен камен, врзани со кал. Заради непристапноста одбранбениот зид не е истражуван во оваа сезона.
Квадратна мрежа е поставена на простор непокриен со вегетација, а истражувањата се одвиваа главно на два пункта на Акрополата: на североисточниот и југозападниот и во една контролна сонда во централниот дел. На југозападниот и централниот дел е констатирана нелегална активност од диви копачи, кои во потрага по вредни предмети ги нарушиле културните слоеви.
Архитектура
На целиот истражуван простор на Акрополата се констатирани делови од објекти, со една или повеќе градежни фази, поправки и доградби, а во југозападниот дел, каде што е забележан пад на природната карпа и подлабоки културни слоеви, регистрирани се постари градежни фази.
Откриената градба на североисточниот дел работно е именувана како Објект 4. Ориентиран е во правец исток-запад со благ отклон кон североисток-југозапад (План 1, сл. 2). Заради недоистраженост, влезот во објектот не е дефиниран. Архитектурата и културните слоеви се делумно нарушени од длабоките корења на ниската вегетација. Темелите на објектот се поставени на природна карпа, чија близина условила формирање на плиток културен слој. Констатиран е еден културен хоризонт. Ѕидовите во темел се градени од кршен камен врзан со кал, сочувани во различна висина од 0.30 до | м. Во горните партии се 5идани од плитар, а покривната конструкција е изведена со лаконски тип тегули и имбрекси. 5идовите се градени од покрупен кршен камен со кој е формирано лицето, а јадрото е полнето со поситни камења и фрагментирани тегули. Во некои од зидовите се вградени парчиња од мелници или питоси, а на места се искористени и испакнатините на карпата, што зборува за неквалитетно градење и во целост оддава впечаток на крајно рустична градба. Подните нивоа се од набиена земја, користејќи ја природната карпа како црвста подлога.
Степенот на истраженост на градбата не дозволува извлекување на конкретни заклучоци кои се однесуваат на нејзината големина, внатрешниот распоред и намената на просториите. Од шеста делумно отворени простории, единствено може да се претпостави намената на просториите | и 2, кои, судејќи по откриените складишни садови (питоси и стамноси) биле користени како магацини. Тие се единствените две простории од градбата, за кои, засега е јасно дека директно комуницираат меѓусебе и чии подни нивоа се пониски за едно скалило од подовите на останатите простории, што секако оди во прилог на нивната намена за складишен простор. Во просторијата | се одвивале и активности поврзани со обработка на прехранбени продукти. На ова упатува камената платформа откриена во југоисточниот агол, со димензии 1.10 х 1.10 х 0,85 м, градена од кршени камења врзани со кал, над кои е поставена супструкција од ситни камчиња и фрагменти од тегули, озгора премачкани со дебел запечен слој глина (сл. 3). Вакви слични камени платформи се откриени во Куќата на колекционерот на Вардарски Рид, кои судејќи по рачните мелници најдени над и околу нив, се употребувани за дробење и мелење разни видови житарици.2 Не е исклучена и можноста платформата да била користена и за обработка на метал, не во смисла на голема работилница, туку за потребите на домаќинството. Кон претпоставката дека на подигнатата платформа се одвивала некаква металуршка активност укажуваат многубројните бронзени предмети откриени во просторијата, кои хронолошки не припаѓаат на времето во кое егзистирала градбата, како на пример, половина од бронзен торквес, половина од наочареста фибула, разни капачиња од бронзен лим, фалери итн. Овие предмети,
инаку карактеристични 3a полното железното време, веројатно биле користени како суровини.3
Намената на останатите простории тешко се определува, заради недоистраженоста или отсуството на движен материјал. Малата концентрација на тегули и имбрексеи, како и малубројниот инвентар во просториите 5 и 6, укажува на тоа дека се работи за тремови. И двете простории не комуницираат со останатите.
Со оглед на тоа што објектот се наоѓа на самиот раб на Акрополата, веројатно од источната страна тој бил прилепен за бедемскиот зид. Во спротивно, намената на тесниот коридор (просторија 4) би била сосема нејасна. Источниот, надворешен зид на објектот е прилично оштетен, а неговото целосно дефинирање е отежнато не само заради густата вегетација, туку и заради стрмниот пад кон долната тераса, но, јасно се забележува дека е поправен и зајакнат со многу поширок зид од останатите. Засега е очигледно дека градбата се шири кон југ, па веројатно со продолжување на истражувањата би се добила појасна слика.
Во југозападниот дел на Акрополата, истражувањата опфатија поширок простор, вклучувајќи ги и оштетувањата кои ги предизвикале нестручни лица. Нивната активност нарушила хронолошки различни културни слоеви кои припаѓаат на неколку објекти. Засега, можат да се одвојат четири градежни фази, чиј начин на градење е ист како и Објектот А: темели од камен и кал, со плитар во горните партии и земјени подови. Со оглед на ограничениот простор за работа и оштетувањата, делумно откриените зидови не го откриваат целиот план на градбите, особено од постарите фази (План 2, сл. 4). Единствено може да се дефинираат две, делумно истражени простории од објектот кој припаѓа на последната градежна фаза, означен како Објект В (План 2, сл. 5). На истата фаза припаѓаат и неколку зидови, кои не се врзуваат меѓусебе. Уште потешко е нивното прецизно датирање. Освен движниот материјал кој се врзува за најмладата градежна фаза и ја датира истата како и Објект A, во 2 и | век пр. н.е., не се откриени предмети во затворен контекст кои можат да се поврзат со конкретна постара фаза.
Иако во оваа фаза на истражување е прерано да се изведуваат заклучоци за изгледот и карактерот на куќите на Акрополата на Глоска Чука, сепак, може да се послужиме со аналогиите од соседните локалитети. Ваквата архитектура и начин на градење се добро познати од блиските поголеми и подобро истражени градови од истиот период, на локалитетите Исар близу Марвинци и особено Вардарски Рид, каде населбата од хеленистичкиот период исто така бележи четири градежни фази во текот на 2-от и 1-от век пр. н.е. Досегашните анализи на архитектурата на Вардарски Рид, внатрешната организација на куќите и намената на поедините простории во нивни рамки и особено анализата на движниот материјал во затворените целини. недвосмислено укажуваат дека се работи за двоспратни куќи.4 Скоро без исклучок, во куќите на Вардарски Рид на приземјето се распоредени кујната, магацинските простории или разни работилници, отворени внатрешни дворови во кои се одвива домашната економија, обиколени од една или повеќе страни со тремови, додека пак горниот спрат е резервиран за домаќините. Кон ова се надоврзуваат и аналогиите со останатите помали градови во внатрешноста на Античка Македонија, особено Петрес, Келес, Ајани, Флорина и др. каде е потврдена слична архитектура5 и внатрешна организација која многу потестува и на денешната традиционална архитектура. Новите истражувања кои би вклучиле и доистражување на Акрополата, но и на долните тераси, би дале повеќе информации поврзани со изгледот И карактерот не само на куќите, туку и на целата населба на Глоска Чука и појаснување на нејзината релација со соседните два поголеми градови на Исар - Марвинци и Вардарски Рид.
Движен археолошки материјал
Движниот археолошки материјал вклучува керамички садо-
Откриените форми на садови се вообичаени за керамиката од доцно хеленистичко време во поширокиот регион. Доминираат различните типови на чинии со вовлечен, извлечен или вертикален раб (сл. ба, б, в), изработени од црвено или сиво печена глина со примеси од лискун, кои припаѓаат на мноштвото полуфирнизирани или нефирнизирани чинии, типични за втората половина на 2 век и раниот | век пр. u.e.6 Плитките чинии, ихтиите (сл. 7а) и чиниите со верти- " од постара
архитектура во =X југозападниот дел кален раб, на дното декорирани со закосени врежани линии и втиснати палмети (76, в) масовно се откривани во населбинските слоеви на локалитетите долж Вардарската долина; Стоби, Исар - Марвинци, Вардарски Рид и др. Чиниите со вертикален раб се добро познати од репертоарот на Источната сигилата, но, исто така, се произведувани на италскиот простор, како дел од познатата Кампањска A и Б продукција. Нашите примероци се локално изработени и припаѓаат на групата на сива керамика со премаз, кои се имитација на импортираните садови.7 Релјефно калапените садови не се застапени во голем број. Два фрагменти од странични 5идови припаѓаат на релјефно калапени чаши (сл. 8a, 6). Иако со различна фактура и печење, тие се декорирани со сличен мотив - долги лотосови листови, кои ја обележуваат последната етапа во нивниот развој. Со оглед на тоа што поголем дел од двете чаши недостасува, а декорацијата е прилично вообичаена, нивното потекло е тешко со сигурност да се определи. Можеби се локален производ на потврдените работилници на блиските локалитети, Исар - Марвинци или Вардарски Рид.8 под влијание на работилницата во Пела,9 или пак некој од другите големи центри во Античка Македонија. Делумно сочуваниот мал кратер (сл. 9) од сиво печена глина во долната половина од телото е декориран со калапена релјефна декорација (долги лотосови листови), слична на онаа на чашите. Во доцниот 3 и раниот 2 век пр. н.е., релјефно калапените кратери кои всушност преставуваат имитации во глина на металните, ја преземаат улогата на садови за сервирање и мешање на виното. На атинската Агора тие биле изработувани кратко време, до средината на 2 век пр. Н.е.,10 но во регионот на Античка Македонија претставуваат мошне популарна форма во текот на доцниот хеленистички период. Слични примероци изработени во сиво печена глина се откриени на Вардарски Рид, Пела, Петрес, Ајани и др.11
Затворените садови за течности припаѓаат на различни типови, но главно се зачувани во фрагменти. Единствениот целосно зачуван сад, бокалот со цедилка изработен од сиво печена глина (сл. 10), со топчесто тело, широко устие со форма на плитка чинија, цедилка поставена на почетокот на вратот и цевчест изливник на страната, ги наоѓа своите аналогии на Вардарски Рид, датирани во истиот период, во доцниот 2 и раниот | век пр. н.е.12 !? Од садовите за масло, добро познатите вретенести унгвентариуми се присутни со еден примерок од црвена печена гли-На, премачкан со разреден фирниз (сл. 11).13
Единствената светилка откриена во Објектот A припаѓа на светилките работени на гринчарско тркало (сл. 12), од кои повеќето варијанти датирани во текот на 2 и раниот | век пр. не. се широко распространети низ Античка Македонија.14 Tue се поврзуваат со Тип IV - хеленистички биконвексни светилки без рачка од Вардарски Рид, со фитилник чии краеви завршуваат со проширување во вид на котва, и дворога држалка на едната страна.15
Двата фрагменти од пиксида - калапена нога и медалјон за капак (сл. 13a, 6), судејќи по фактурата припаѓаат на истиот сад. Ногата е во вид на лавовска шепа која во горниот дел завршува со волути, а медалјонот има релјефна претстава на женска биста со шлем на главата, штит и медалјон на градите, атрибути кои ја идентификуваат со Атена.16 Овој тип на пиксиди со релјефна апликација на капакот и релјефно изведени нозе се популарни форми во 2 век пр. н.е. и чести наоди во женските гробови во регионот на Античка Македонија и Тесалија.17 Припаѓаат на Тип Б, особено карактеристичен на наведената територија, каде се развиле под влијание на металните (обично сребрени) примероци, иако не е исклучено дека се произведувале и во други региони во Медитеранот.18 Меѓу откриените складишни садови се вообичаените питоси и стамноси, некои со печати на работ. Фрагментите од транспортни амфори, рачките од раноримските типови на амфори, како и двојната рачка од амфора од островот Кос, сведочат за трговија со некои од оддалечените центри во Медитеранот.
Покрај типичните форми на садови карактеристични за доцниот хеленистички период, изработени на грнчарско тркало, откриени се три рачно работени садови со прилично груба фактура. Првиот е голем сад со цилиндрична форма на телото кој се стеснува кон дното, едноставен раб на устието и четири рачки, две јазичести и две потковичести, поставени во горниот дел на телото (ел. 14a), Површината на садот е делумно мазнета, а во горната половина е декориран со пластично ребро со коси засеци, кое е поставено над и под рачките. Вториот сад е длабока чаша со една рачка со брадавичести задебелувања поставени во горната половина на телото (сл. 146). Третиот сад е грне со благо свиен раб, без рачки и т.н. чешлеста декорација (сл. 148).
Рачно работената керамика има долга традиција на производство почнувајќи од бронзеното и железното време. Некои форми преживеале подолг временски период со мали измени наформата и декорацијата, станувајќи дел од локалната продукција во раната антика и хеленистичкиот период. Нивната употреба главно се врзува за кујната, за готвење или складирање, но во текот на 5 и 4 век пр. н.е. биле употребувани и како урни, како што е случајот со оние откриени во некрополата на Исар близу Марвинци.19 Нивното откривање во населбинските слоеви на многу локалитети во Македонија ја потврдува нивната употреба се до доцниот хеленистички период.20 Треба да се има предвид дека слични форми и декорација се карактеристични за поширок простор на Балканот, каде овие садови се обично поврзувани со локалната керамична продукција на различните етнички групации: Тракијци.21 Дакијци??22 Deru,23 Келти?“24 или Пајони?““.25 Овие сличности се често објаснети како резултат на заедничкиот културен развој и влијанија на соседните популации или интензивните трговски врски во регионот на Источен Балкан. Иако слични во формата и декорацијата, одредени карактеристики се специфични за локалната керамичка продукција на секоја од горе наведените популации. Сепак, пред да се извлечат финални заклучоци потребна е сеопфатна студија за формите и декорацијата на рачно работената керамика на поширок простор. Единствено, нема сомневање дека третиот сад заради својата специфична чешлеста декорација е од северно потекло и веројатно може да се препише на Скордисците, едно од келтските племиња кои се населени покрај Дунав.26
Во текот на истражувањата на Акрополата откриени се вкупно пет глави од женски теракотни претстави, сите од различен тип (сл. 15а - д). Со оглед на тоа што се зачувани само главите, без специфични атрибути, нивната идентификација е отежната. Две од нив се веројатно претстави на девојки (сл. 1 5а-в), често откривани во светилиштата на Деметра или Афродита.27 Заради цветовите на капата, четвртата може да се идентификува со Афродита (сл. 1 5г), додека последната, со калатос на главата преку кој е префрлен вел. можеби ја претставува Деметра.28 Интересен, но воедно и единствен наод досега во Р. Македонија е ретката теракотна претстава на Атис, кој претставува уште една потврда за присуството на култот кон Кибела и во оваа мала населба. Култот кон Големата Мајка е веќе потврден на блиските населби на Исар - Марвинци и Вардарски Рид. Најневообичаен наод меѓу теракотите е претстава на животинска (мечкина?)
Два прстени, едниот изработен од железо и другиот од бронза со вметната гема од килибар и двете бронзени фибули се меѓу ретките наоди накит. Железниот прстен има елипсовидна глава за гема која недостасува (сл. 16a). Неговата најблиска, но луксузна аналогија е еден примерок во колекцијата на Националниот археолошки музеј во Софија, датиран во | век од н.е. Прстенот е идентификуван како хеленистичка реминисценција, типична за периодот меѓу | век пр. н.е. и | век од не., но овој тип е широко распространет и популарен до средината на 3 век од нее. Бронзениот прстен, кој веројатно припаѓал на дете, има сочувана Тема од килибар (сл. 166). Лачната фибула (168) датира од периодот меѓу крајот на | век пр. н.е. и почетокот на | век од н.е. Овие фибули се сметаат за варијанта на типот Ауциса,31 но некои автори ги издвојуваат како посебна група, претходник на Ауцисата.
Врв од копје, врв од стрела и оловен проектил се меѓу ретките наоди на оружје (сл. 17a - в). Како дел од машка воена опрема се неколкуте бронзени и железни појасни токи (сл. 18а-В) и двете мамузи (сл. 19 а-б) од кои едната, изработена од железо, со специфичните копчести завршетоци се припишува на Скордисците.32
Рачните мелници, теговите за разбој, пршлените за вретена и острачите се типичен инвент ар во секое домаќинство, кои сведочат за вообичаените домашни активности.
Покрај многубројниот движен материјал се и монетите кои ја потрвдуваат временската рамка на хеленистичката населба на Акрополата. Иако повеќето се нечитливи.“: можат да се идентификуваат монетите на последниот македонски владетел Персеј, автономните ковници и неколку републикански монети:
- Персеј, 179-174/3 г. пр. н.е. (АЕ, глава на јунакот Персеј, на десно, пред лицето харпа / B A, орел во канџите држи молња ЕР лево, нечитлив монограм десно, Al долу (сл. 20);
- Тесалоника, 187/6 -168/7 г. пр. н.е. (АЕ, глава на Артемида Таурополус, на десно / [OJEXZXA A[O] - NIKEQN, тоболец и лак (сл. 21);
- Гај Публилиј, квестор, 168-166 г. пр. н.е. (АЕ, глава на Атина Партенос со шлем, надесно / ΓΑΙΟΥ/ΤΑΜΙ[ΟΥ], говедо пасе на десно, нечитлив монограм горе, долу Ɓ ) (сл. 22);
- L. Axsius Naso, денар, Рим, 71 год. пр. нее. (AR, Глава на Марс, надесно, носи шлем со пердув од двете страни; долу NASO; напред ЅС; позади контролен знак. Бордура од точки / Дијана во бига со елени, надесно, позади две кучиња, долу куче, во отсечок [ L] AXSIVS [L ЕЈ.
- Октавијан Август, Тесалоника, 31-27 г. пр. н.е. (АЕ, глава на Јулиј Кајсар со тенија, на десно / ΘΕΣΣΑ - [Λ]ΟΝΙΚΕΩ[Ν], глава на Октавијан на десно. долу Δ) (сл. 24).
Како што е понапред споменато, за да се дефинира карактерот на населбата на Глоска Чука потребни се нови истражувања. Засега единствено е сигурно дека во текот на 2-от и 1-от век пр. н.е. на малата Акропола заштитена со бедемски зид, егзистирала населба со скромна, провинциска архитектура и инвентар кој ги носи сите карактеристики на наведениот период. Појавата на предмети со келтско обележје има историска34 основа во честите напади на Скордисците и другите северни племиња во втората половина на 2 век пр. н.е. Тит Ливиј ги опишува нивните пустошења во Македонија, како што дознаваме од скудните информации кај Евтропиј, Флор и Фест, базирани на изгубените делови на Ливиевата Историја. Епиграф-
29 Битракова Грозданова В., 1999, 198-204.
39 Ruseva Slokoska 1991, 77, 200, Type 1, variant 1 (rings with stones), Cat. No. 269.
Им благодарам на м-р Маја Хаџи-Манева од Нумизматичкиот Оддел во нбрм и Милена Решкова за идентификација на монетите. Монетите се во процес на конзервација, па оттаму идентификацијата е ските извори, како што се натписите во Делфи, македонските градови Еуропос и Тесалоника ги потврдуваат овие настани.35 Ова не се единствени и изолирани келтски наоди откриени на локалитетите долж Вардар. По овие настани, животот на Глоска Чука со мал интензитет продолжил скоро еден век подоцна, кога малата населба е напуштена, нешто порано од Вардарски Рид.
Ова се главните аргументи кои засега ја определуваат Глоска Чука, поставена на половина пат меѓу двата поголеми градови Идомене и Гортинија, како мало војничко утврдување во Долното Повардарје во текот на доцниот хеленистички период. Но, оваа слика би била појасна, со нови податоци кои би ги дале новите истражувања. Со тоа би се одговориле многу отворени прашања, меѓу кои, дефинирање на хронолошките рамки на постарите фази на Акрополата и на пониските тераси, што особено се однесува на периодот од 5-от до 2 век пр. н.е. со што би се потврдил континуитетот од предисториската населба, одредување на границите на населбата во различните периоди од нејзиното постоење итн.
Силвана Блажевска Археолошки локалитет Стоби, 1420 Градско silvana.blazevska@stobi.mk
33 Papazoglu 1969, 226-55.
SILVANA BLAŽEVSKA
National Institution Stobi
THE ACROPOLIS AT GLOSKA CUKA
Белешки
- За општите карактеристики на локалитетот и за истражувањата на Источната тераса, види: Митревски Д., во истава публикација. ↩
- Митревски Д., 2005, 247, сл. 36. ↩
- Повеќе за откриените предмети во објектот, кои датираат од пораните периоди види: Митревски J]. во истава публикација. ↩
- Види: Митревски Д., 2005а, 15-91; Blaževska S. - Slamkov E., (во печат), 361-386. ↩
- Blaževska S. - Slamkov E., (во печат), 361-386. ↩
- Rotroff3 S.,1997, 159; Блажевска C., 2006, 108-109, кат. бр. 123-131. ↩
- Anderson Stojanović V., 1992, 101-102, No. 729-732, Pl. 86; Битракова Грозданова В., 1987, 51, note 131, Т. XV, 4-9. Блажевска С., 2006, 218, fig. 146. ↩
- Калапи за релјефно калапени чаши се откриени на повеќе локалитети во вардарската долина. За оние откриени на Вардарски Рид, види: Блажевска C., 2006, 50, кат. бр. 30-34; за Исар- Марвинци види: Соколовска B., 1986, T. 27: 6, 8, 9; за Стоби види: Anderson Stojanovié V., 1992, 11, Pls. 151-152. ↩
- Axapatyes 1., 1993. ↩
- Rotroff 5., 1997, 139, имајќи предвид дека нема примероци декорирани со мотив долги листови пред 150 год. пр. н.е., кога и е воведен мотивот, се чини дека нивната продукција престанува некаде во овој период. ↩
- За примероците од Вардарски Рид, види: Митревски Д.. 2005, 244, сл. 30a; за примероците од Пела види: Ακαμάτις Ι., 1998, 97, Εἰκ. 7, датирани во доцниот 2 век пр. н.е.; за примероците од Петрес, види: Αδάμ Βελένη Π., 1998, 64, Ек. 46; а за Ајани: Караџатроо Мечтеојби Г., 1993, 23, Пе. 7 и 73, Пе. 42. ↩
- Блажевска C., 2005, 218, fig. 14c. ↩
- Соколовска В., 1986, 83, Т. 16: 1-3, Т. 17: 3, Т. 18: 6-9; Блажевска С., 2006, 160-2, кат. бр.. 208-212. ↩
- Δρούγου 1992, 62–3, Πίν. 45, 173. Се поврзуваат со тип Howland 32 на атинската Agora и Corinth type 12. ↩
- Блажевска C., 2006, 198-201, кат. бр. 265-269. ↩
- © Соколовска B., 1986, 83, откриениот калап за релјефни апликации со претстава на Сатир од Исар Марвинци укажува дека овој тип на садови е дел од локалната продукција во регионот. ↩
- Δρούγου Σ. –Τουράτσογλου Γ., 1980, Type B, Π 1208–1209, Πίν.5. Apovyov 5.. -Торрбтооулоџ Г., 1980, Type B, П 1208-1209, Tliv.5. ↩
- Rotroff S., 1997, 190, No. 1245, Pl. 93. отежната. ↩
- Соколовска B., 1986, 70; Соколовска B., 1991, 163 - 181. ↩
- Соколовска B., 1991, 163-81; Блажевска C., 2006, 251-2, кат. бр. 354-352. ↩
- Чичкова М., 1984, 18-31, Tab. I-III. ↩
- Sirbu and Arsenescu 2006, 167, Fig. 11: 1-7; Preda 1986, Pl. IV-VII, датирани во втората половина на 2 Век и раниот | век пред Христа. ↩
- Stoyanov et al. 2006, 34, Pig. 54. ↩
- Todorovié 1974, 66. ↩
- Соколовска B., 1991, 180. ↩
- Popovié 2001, Pl. 4: 3, 5, 6; Jovanovié et al.1988, Pl. XXXI, 11. ↩
- Битракова Грозданова В.. 1999, 188. ↩
- Битракова Грозданова B., 2005, 294-5. ↩
- Koséevié 1980, 14, T. I, 11. ↩
- Jovanovié et al. 1988, Pl. XLVI, 18; Majnarié Pandzié 1972, 57, T.IIl, 2; Ercegovié 1961, Т.Ш, 2. ↩
- Papazoglu 1969, 226. ↩
- River. ↩
Summary
The Acropolis at Gloska Čuka
Gloska Cuka is an archaeological site in the Lower Vardar Valley, 4.5 km to the south of the village of Gr&i8te and 13 km south of the small town of Valandovo. In 2006, the Institute of Art History and Archaeology from Skopje University in collaboration with TFAHR (Texas Foundation of Archaeological and Historical Research), began the excavations at the Acropolis and the Eastern Terrace. The researches have revealed a settlement with complex stratigraphy and continuous habitation from the Iron Age to the end of the Ist century BC.
During the Hellenistic times (2nd-1st century BC), a small fortified settlement existed at the highest point, at the Acropolis. Segments of the fortification wall are noticeable at the surface on the edge of the fiat plateau. Excavations were carried out at the north-eastern and south-western part, where few houses were uncovered to a certain extent. The houses have stone foundations, on some points preserved up to a 1 meter height, mud bricks on the upper parts, earthen floors and gabled roof. At the south-western part of the Acropolis, due to the illegal activities of grave robbers, parts of buildings with many different phases have been revealed. This type of architecture is well known from the nearby larger towns at the sites Isar near village of Marvinci and Vardarski Rid, near Gevgelija.
The diverse movable finds includes mainly pottery, fragments of terracotta figurines, bronze and silver coins, few pieces of jewellery and other utensils, which mainly dates from the 2™ and 1“ century BC.
The small settlement at the Acropolis at Gloska Cuka, located on the half way between two large towns (Idomene at the site of Isar, village Marvinci and Gorthinia at Vardarski Rid, near Gevgelia) during the last two centuries BC, probably served as a watch point on the main road along Axios
Библиографија
- Абди Bedévy П., 1998, Патрес, DL@pivas
- Акаџбте I.M., 1993, ПЕ)лмес Џтрес ayysiav and тпу ПЕл/а. Увод отп werétn tng EAANVioTIKTC
- Акацбте I.M., 1998, Ayoppa TléArAac. AEMO 9: 95- 104
- Anderson Stojanovié V., 1992, The Hellenistic and7 Roman Pottery from Stobi, Битракова Грозданова B., 1987, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија
- Битракова Грозданова B., 1999, Религија и уметност во антиката во Македонија
- Битракова Грозданова В., 2005, Скулптурата од Вардарски Рид, во: Митревски Д. (ед.), Вардарски Рид Том J, 289 — 304.
- Блажевска C., 2005, Сектор Акропола, Истражувања 1999 - 2000, во: Митревски ЈІ. (ед.), Вардарски Рид Том J, 209 - 227
- Блажевска C., 2006, Населбинска керамика од Вардарски Рид - од средината на 4-ти до крајот на 1-ви век пред н.е., магистерски труд одбранет на Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје
- Blazevyska 5. - Slamkov E., The Housing from the 4th to the Ist c. BC in the Ancient Town ac Vardarski Rid, Archaologische Forschungen, Osterreichische Akademie der Wissenschaften, 361-386 (во печат)
- Apobyov X., 1992, AvaoKagny Пелќос 1957-1964. От пијат Абууот
- Apobyov 2. - Тооратвоудот Г., 1980, EAAnviotixot1 Aacevtoi13 тарот Вероѓас
- Ercegović S., 1961, Keltski ratnički grob s Gardoša u Zemunu, Vjesnik Arheološkog muzeja u Zagrebu III/2: 125- 37
- Jovanovié B. et al., 1988, Gomolava, Late La Тепе Settlement
- KoSéevié R., 1980, Anticke fibule s роакисја Siska
- Majnarié Pandzié N., 1972, Kasnolatenski keltski grobovi iz Zmajevca kod Sotina, Vjesnik Arheoloskog muzeja и Zagrebu VI: 55 - 79
- Митревски Д., 2005, Куќата на колекционерот, во: Митревски ЈІ. (ед.), Вардарски Рид Том J, 229 - 259
- Митревски Д., 2005а, Вардарски Рид. Истражувања 1995-2004, Митревски ЈІ. (ед.), Вардарски Рид Том 1, Papazoglu E. 1969, Srednjebalkanska plemena и predrimsko doba
- Popović P., 2001, La céramique de la Tène finale sur les territoires des Scordisques. Starinar, L: 83 -111
- Preda C., 1986, Geto-dacii din bazinul7 Oltului inferior. Dava de la Spraéncenata, Editura Academiei
- Rotroff 5.1., 1997, Hellenistic Pottery, Athenian and7 Imported12 Wheelmade Table Ware and7 Related7 Material. The Athenian Agora XXX
- Ruseva Slokoska Lj., 1991, Roman Jewellery, A Collection of the National1 Archaeological7 Museum - Sofia
- Sirbu V. - Arsenescu M, 2006, Dacian Settlements and Necropilises in Southwestern Romania (2nd c. B.C. -15E c. A.D.), Acta Terrae Septemcastrensis И 1
- Соколовска В., 1986, Исар Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје
- Соколовска В., 1991, Раноантичка рачно работена керамика од Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 12, 163 - 82.
- Stoyanoy T. et al., 2006, The Getic Capital1 in Sborjanovo, 20 years of investigations
- Todorovié J., 1974, Scordisci, istorija i kultura, Monumenta Archaeologica 2
- Чичкова М., 1984, Антична керамика, во Димитров Д.ІІ. et al., Севтополис Том I, 18 - 114