Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 185–191

Тетрадрахма на Тевтамад- непознат пајонски(?)владетел

Тетрадрахмата која ќе биде презентирана во оваа статија била дел од Колекцијата М.Ц. (M.C.); на 9 мај 2005 година таа била понудена на продажба на аукциската куќа Txaney.1 Станува збор за примерок со тежина од 13.45 г и дијаметар 26 мм, кој ги има следните иконографски карактеристики: / лава на брадест маж: (владетелот ?), налево; околу бордура од точки // Коњаник на коњ, надесно; во д. рака кусо копје со кое цели кон паднат и невооружен непријател; во полето долу л. лак и стрела; врз линија; инскрипција: ТЕУ-Т-АМААО (са. 1). Интересно е дека според наведените карактеристики оваа тетрадрахма е иконографски идентична со примерокот којшто пред повеќе од 90 години се нашол во збирката на Националниот археолошки музеј во Софија, чијшто квалитет на изработка е понизок, а реверсната инскрипција е нецелосна (ТЕУ[ТА...]). Така, кога во 1964 година Тодор Герасимов ја објавил софиската тетрадрахма, сметал дека се работи за модерен фалсификат, а зачуваните букви од натписот ги поврзал со илирското име Тевтамес.2 Подоцна, во 1969 година, монетата била третирана и од Адолф Рогалски, кој аргументирано докажал дска сепак станува збор за оригинален примерок на пајонски или на илирски владетел.3 Проф. Александар Јовановиќ, пак, прифаќајќи ја нејзината автентичност, го поврзал сопственикот на монетата со името Тевтијас, определувајќи го како локален илирски династ од Линкестида, кој му бил современик и подреден на Патрај.4 Денес, по појавата на аукцискиот примерок, несомнено е дека станува збор за идентичен тип на тетрадрахми, кои биле издавани од еден ист владетел. Од јасно читливата реверсна легенда на монетата од Ткалец, се чини дека станува збор за непознатиот владетел Тевтамад. Анализирајќи ја тетрадрахмата на овој анонимен владетел, би сакала да ја исклучам дискусијата за нејзината оригиналност. Како и за софискиот, така и за овој аукциски примерок, сметам дека се автентични.5 Меѓутоа, неговото постоење во историјата не е забележано во зачуваните пишани извори и сосема е непознато кој бил И кога живеел Тевтамад? Односно од која етничка провиниенција бил Тевтамад?

Илустрација, стр. 186
Сл. 1. Тевтамад, тетрадрахма
Сл. 1. Тевтамад, тетрадрахма

Трагајќи по типолошките паралели, се забележува дека реверсот на тетрадрахмите на Тевтамад наликува на оној од примероците на пајонскиот крал Патрај (340/35-315). Имено, приказот на коњаник што напаѓа паднат непријател, со одредени разлики, претставува очигледна имитација на реверсната сцена од монетите на Патрај. Односно, коњаникот од изданието на Патрај носи шлем со перјаница и со долго копје го напаѓа паднатиот непријател, кој се брани со штит, што најчесто е македонски;6 кај Тевтамад, тој носи капа, а непријателот кој е невооружен, го напаѓа со кусо копје (сл. 1).

Сепак, Тевтамад не бил единствениот кој ја имитирал реверсната претстава од примероците на Патрај. Имено, тука би ro споменала и анонимниот династ Диплај (са. 325 - са. 3007), познат само од две тетрадрахми, чии реверси, исто така, ги интегрираат елементите на гореопишаната сцена од изданијата на Патрај, но предадени со голема стилизација; тие веројатно биле дело на локален невешт мајстор. Тоа не може да се каже за тетрадрахмите на Тевтамад, посебно не за аукцискиот примерок. Напротив, тој се одликува со речиси совршена изработка и со високо ниво на квалитет.

Како што е познато, токму7 за оваа воена сцена од монетите на Патрај се смета дека била инспирирана од победата пред битката кај Гавгамела во 331 год. пр. н.е.8 Тогаш Аристон, командантот на пајонската коњаница во војската на Александар Македонски (336-323), го поразил Сатропат, командантот на персиската (Curt. Ruf., [V.9.25; Plut., Alex., 39). Според новопредложеното датирање, варијантата со македонскиот штит се сместува по 323 год. пр. н.е..9 кога, по смртта на Александар Македонски Пајонија повторно ја стекнала својата автономност. 0

Тоа што би можело да се каже за Тевтамад врз основа на оваа реверсна типологија е дека веројатно живеел во или малку10 по времето на Патрај, а таа, несомнено го доближува до пајонскиот круг на монетоковање, како што е впрочем случај и со Диплај.11

Ликот на брадестиот маж, пак, кој е прикажан на аверсот, не носи венец и има индивидуализирани карактеристики, така што би можел да го претставува и самиот владетел. Кај историски потврдените пајонски кралеви повообичаени се приказите на одредени божества - Зевс, Аполон, Атена, Дионис,12 иако постојат и нивни изданија кои го портретираат владетелот.13 Меѓутоа ликот на Тевтамад наликува и на претставата на 5евс од тетрадрахмите на Ликеј од тој тип.14 Неговата свртеност налево, којашто е речиси нетипична за легалните пајонски кралски емисии, може да упатува на тоа дека станува збор за имитативно ковање. Во случајот со Диплај тоа е очигледно, пред се, заради шематизираноста и стилизацијата на претставите, додека кај Тевтамад квалитетната изработка фрла сомнеж на сето тоа. Можеби кај Тевтамад треба да се зборува за видоизменување и за комбинирање на добро познати и прифатени монетни претстави од блиското пајонско соседство.

Инскрипцијата којашто се чита на реверсот на примерокот од Ткалец е целосно видлива и јасна, за разлика од онаа на софискиот примерок. Како што е вообичаено, името на владетелот е предадено во генитив - ТЕΥТАМАΔО. Меѓутоа, забележливо е дека тој завршува на омикрон (–О), наместо вообичаено на дифтонгот –ОΥ, што сигурно не е направено заради недостаток од простор на самиот флан. Имено, оваа форма на пишување била карактеристична во атичкиот дијалект до крајот на У век пр. н.е., но имајќи ги предвид горенаведените иконографски одлики, според кои изданието на Тевтамад би се сместило во времето на Патрај или малку подоцна, во случајов, најверојатно станува збор за архаизирана, но задоцнета графија. Тоа, пак, упатува на претпоставката за локалната, можеби пајонска провиниенција на Тевтамад. Имено, на пајонскиот простор не е непозната ваквата графија, па може да се види кај Ликеј (са.359/8 -

са.340/35),15 но и кај претпоставените пајонски кралеви Тевтај (са. - са.380/70)16 и веќе споменатиот Диплај.17 Сепак, архајската графија која е употребена кај Тевтај повеќе кореспондира со времето на неговото владеење.18 Постоењето на овој владетел, исто така, е посведочено само со уникатниот диобол откриен во с. Корешница, Демир Капија, потврдена пајонска територија. Со Тевтамад, пак, ги поврзува и коренот /eut-, од кој се образувани нивните имиња; уште еден показател кој исто така го сугерира претпоставеното пајонско потекло на Тевтамад.

Имено, Мирко Обрадовиќ, осврнувајќи се на имињата со корен teut-, истакнува дека тие се среќаваат во неколку индоевропски јазици. Така, во архајскиот и во класичниот период употребата на ваките лични имиња се посведочени во неколку грчки говорни региони, од Пелопонес (Елида) до Мала Азија на запад. На север тие се прошириле во Македонија, Пајонија и во Илирија, а од тука и во областите северно и северозападно од нив. Конкретно, имињата со корен feut-, посведочени во Македонија и во Пајонија, тој ги смета за кралски имиња, со тоа што нагласува дека пајонските и македонските се значително постари од кралските илирски женски имиња (Теута, Тритеута), односно дека овие имиња биле особено популарни на териториите на Пајонија и на Македонија во доцнокласичниот и во ранохеленистичкиот период.19

Така, од имињата кои во себе го содржат овој корен, а кои или се откриени локално или, пак, се локални според потеклото, пред се, би го споменала Тевтам. Тој во 318 год. пр. н.е. заедно со Антиген бил еден од водачите на македонската елитна единица Сребрени штитови; за време на Втората војна на дијадосите (318-315 год. пр. н.е.) биле вмешани во борбата меѓу Антигон Монофталм и Евмен (Diod. XVIII. 59.3, 62.4-6).20 Истиот корен се наоѓа и во името Тевтиј. Нему му припаѓала бронзената ситула од с. Граешница, Битолско (ант. област Линк), како што пишува на вгравираната инскрипцијата на ободот (ТЕУТІОУЕІМІ: на Тевтиј сум). Времето во кое е изработена ситулата е крајот на ГУ или почетокот на Ш век пр.н.е. (ок. 300 год. пр. н.е.).21 Во пишаните извори се забележани уште две личности со истово име. Првиот е таткото на Филоксен, споменат со 60-мина Македонци од Бероја во листата на имиња под писмото на Антигон Досон испратено во Бероја во 223 год. пр. н.е., а другиот е синот на Филип, воен населеник во Египет, Македонец по потекло, кој е спомнат во писмото до кралот Птолемај IV, датирано во 218 год. пр. н. e.22

Значи, не само врз основа на архаизирачката графија, туку и според хронолошките одредници на ваквата етимологија повторно произлегува дека Тевтамад би можел да има пајонско потекло, односно и тој како и Тевтај, да се смета за локален претпоставен пајонски династ.

Според тежината на аукциската тетрадрахма на Тевтамад, која изнесува 13,45 г, како што се погоренаведено, и онаа на софиската од 13,32 1,23 произлегува дека овој владетел ковал монети според редуциран монетарен стандард. Пајонскиот стандрад исто така е редуциран, меѓутоа, треба да се истакне дека тежината на тетрадрахмите на историски потврдените кралеви многу ретко ја поминувала границата од 13 г, иако кај поединечни примероци од почетниот период на монетоковањето изнесувала и речиси 13,50 г?“ Оттаму, не е погрешно да се каже дека и монетоковањето на Тевтамад спаѓа во пајонскиот монетарен систем. Тоа повторно можеби оди во прилог на неговото потекло од пајонско-македонските простори. Тежинското отскокнувње во неговата продукција, пак, повеќе ја доближува до пораниите емисии на легитимното кралско ковање.

Во обидот да се дефинира хронолошката рамка на создавањето на монетите на Тевтамад, а со тоа и времето во кое владеел, во однос на горната граница, повторно би се повикала на реверсната сцена од неговите тетрадрахми, која со извесни разлики ја имитира онаа од монетите на Патрај. Тоа би значело дека веројатно се работи за времето околу или по 330 год. пр. н.е., доколку24 се прифати интерпретацијата дека тој приказ ја глорифицира гореспомената победа од битката кај Гавгамела во 33! год. пр. н.е. Во одредувањето на долната граница, пак, од голема помош е отсуството на титулата басилеј (βασιλεύς) до неговото име, којашто по смртта на Александар, неговите дијадоси почнале да ја употребуваат. Тоа е периодот на 306/5 год. пр. н. е., кога и пајонскиот владетел Авдолеонт ја присвоил неа.25 Оттука, оваа година би требала да се прифати како terminus ante quem, како за ковањето на парите на Тевтамад, така и за времето во кое управувал. Реткоста, пак, на неговите изданија упатува на тоа дека и неговато владеење се одвивало во навистина кус период.

Од она што беше досега изнесено, може да се предложи дека Тевтамад, за кого сведочат само двете тетрадрахми кои го носат неговото име, најверојатно бил локален пајонски династ, односно дека владеел многу кусо, веројатно само неколку години, во периодот помеѓу

са. 330 и са. 306/5 год. пр. н.е., на пајонско-македонската географска територија и бил со-

временик на пајонските кралеви Патрај или Авдолеонт. Меѓутоа, сето ова треба да остане на ниво на претпоставка се додека и други видови релевантни извори дополнително не го објаснат местото на Тевтамад во историјата на пајонската држава.

Ефтимија Павловска

Народна банка на Република Македонија

Отсек за нумизматика

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, 1000 Скопје PavlovskaE@nbrm.gov.mk EFTIMIJA PAVLOVSKA National Bank of the Republic of Macedonia - Skopje

TETRADRACHM OF TEVTAMAD - THE UNKNOWN PAIONIAN (?) RULER

Белешки

  1. Tkalec AG, A., 2005, lot 45; му се заблагодарувам на господин Антон Ткалец за дозволата за публикување на фотографијата, како и за придружните податоци поврзани со оваа монета. Во меѓувреме, на 9.3.2009 г. таа е продадена на аукцијата на Горни и Mou, в. Gorny & Mosch 175, lot 100. ↩
  2. Герасимов T., 1964, 249 — 251. ↩
  3. Рогалски A., 1969, 77 — 82. ↩
  4. Јовановиќ A., 1989, 41-44. На овој примерок се осврнала и Петрова E., 1999, 104-105, која исто така не ја спори оригиналноста, а смета дека владеелот бил современик на Патрај и владеел околу 330 год. пр.н.е; таа наведува и претпоставка дека оваа монета потекнува од Македонија. ↩
  5. Kretz R., 2006, 260, исто така смета дека станува збор за оригинални изданија. ↩
  6. Gaebler H., 1935, 201, бр. 2, 202, 6p. 3-4; SNGANS, 1023-1047. ↩
  7. ТОурукова И.. 1970, 277, сл.1, 278, сл. 2; едниот од овие примероци бил откриен во остава од с. Режанци, кај Перник (Бугарија), в. ЈОСН 411. ↩
  8. Gaebler H., 1935, 202: Merker 11... 1965, 45. ↩
  9. Павловска E., 2008, 33; в. и Павловска Е.. 2008a, 21. ↩
  10. Merker LL., 1965, 46; в. и Павловска E., 2008a, 21; според Проева H., 1997, 45-46; и Петрова E., 1999, 17, Пајонија е дел од Македонското Кралство и по 323 г. пр.н.е. ↩
  11. Курукова И., 1970, 281, смета дека Диплај бил наследник на Патрај кој владеел во 30-тите години на ГУ7 век пр. н.е.; Соколовска В. 1990, 26; Sokolovska V., 1996, 19, го определува како агријански владетел современик на Патрај; за неговата агријанска припадност в. и Петрова Е., 1999, 105-106; и Павловска Е., 2008, 42-43, која владеењето го сместува на крајот или по управата на Патрај. ↩
  12. Gaebler, H., 1935, 199-206, T.XXXVIL.1-26; T. XXXVIII.1-14. ↩
  13. Машки лик кој во косата носи тенија или е без неа, а се поврзува со владетелот, прикажан е на сребрените изданија на Ликеј (SNGANS 1021; Павловска Е., 2008a, бр. 37-38), на Патрај (Gaebler H., 1935, 202, бр. 7, 203, бр. 10, 11; SVGANS 1045, 1047, 1050-1051; Павловска E., 2008а, бр. 45-58, 62-75), на Авдолеонт (Павловска E., 2008a, бр. 84), а подоцна и на една уникатна бронзена монета на Дропион (Павловска Е., 2008а, бр. 219). ↩
  14. Gaebler H., 1935, 200, бр. 8. ↩
  15. Six J.P., 1875, 22-23, Pl.I.2. ↩
  16. Павловска 2008a, бр. 27. ↩
  17. Юурукова Й., 1970, 277-278. ↩
  18. Лилчиќ В. - Јосифовски П., 1994, 27-37, неговото владеење го сместуваат во периодот од 3-та четвртина на V до почетокот на IV век пр.н.е.; Петрова Е., 1999, 98, во првите децении на IV7 век пр.н.е.; Павловска E., 2008, 39-40, според стилско-типолошките и лингвистичките анализи неговото владеење го сместува од крајот на V до 70-тите години на ГУ7 век пр. н.е. ↩
  19. Obradović M., 2002, 211-218; Kretz R., 2006, 261, наведува и келтски имиња со истиот корен. Филип V во август 215 год. пр. н.е., а не од Антигон Досон во 225 год. пр. н.е. ↩
  20. в. и Smith W., 1867, 1014-1015. Kretz R., 2006, 259-264, изнесува претпоставка дека Тевтам и Тевтамад би можеле да се една иста личност; притоа Тевтамад го сместува во династијата на пајонските кралеви, а неговата управа помеѓу Патрај и Авдолеонт, односно 315-310 год. пр. н.е. ↩
  21. Obradović M., 2002, 211-218; в. и Popović Lj. B., 1969, 77, бр. 54; Поповић Љ. Б., 1994, 120, бр. 79. ↩
  22. Obradovié M., 2002, 215; според Hatzopoulos М.В., 1996, 31, бр. 10, писмото во Бероја било испратено од Филип У во август 215 год. пр. н.е., а не од Антигон Досон во 223 год. пр. не. ↩
  23. Герсимов Т., 1964, 249. ↩
  24. Павловска 2008, 51, според просечната тежина на тетрадрахмите на кралевите од пајонската династија, се забележува незначително опаѓање на пајонскиот стандард, движејќи се од пораниот кон подоцниот период на монетоковање; односно просечна тежина на тетрадрахмите на Ликеј изнесува 12,79 г, на Патрај 12,59 г, а на Авдолеонт 12, 36 г; вредностите се добиени врз основа на расположивиот број на примероци од анализираниот корпус монети. ↩
  25. Со оваа титула стои на натпис од атинската Агора (I.G. II² 654), но и на неговите тетрадрахми од Александров тип, в. Gaebler, H., 1935, 205, бр. 12. ↩

Summary

Tetradrachm of Tevtamad- the Unknown Paionian (?) Ruler

The tetradrachm which will be elaborated in this article is a part of the M.C. Collection that was on sale on 9 May 2005 at the auction house Tkalec. This tetradrachm is identical from an ichnographic aspect with the example of uncertain attribution, which entered the National Archeological Museum’s collection 90 years ago in Sofia. Today, after the appearance of the auction example, there is no doubt that it is actually an identical type of tetradrachm, which had been issued by the same ruler. From the easily readable Tkalec coin’s reverse legend, it is clear that it belongs to the unknown ruler Tevtamad.

From the typological parallels, it is clear that the reverse image of the Tevtamad tetradrachmas, consisting of a cavalryman attacking a fallen enemy, is an obvious imitation of the scene that was on the Paionian ruler Patraj’s coins (340/35 - 315). The name of the ruler, as usual, is given in the genitive, which ends with omicron, instead of -OY. Namely, this form of writing was characteristic for the ancient dialect by the end of the V century B.C., and in this case, probably, it was an archaized and belated graph. The root teut-, from which his name was formed, is connected with the name of the supposed Paionian dynast Tevtaj. What is more, the names formed with this root, which were attested in Macedonia and Paionia, were royal names, especially popular in the late-Classical and early-Hellenistic period. All of these items additionally point to Tevtamad’s Paionian origin.

The weight of the Tevtamad tetradrachmas indicates that he minted coins according to a reduced standard. Therefore, it is not incorrect to state that the Tevtamad minting falls into the Paionian monetary system. This also indicates his origin from the Paionian-Macedonian areas.

Overall, it can be assumed that Tevtamad probably was a local Paionian dynast, who reigned very briefly, probably for just a few years, in the period between ca. 330 B.C. and ca. 306/5 B.C. in the Paionian-Macedonian region and also was a contemporary of the Paionian rulers Patraj and Avdoleont. But all of this data should probably remain as a presumption until some other relevant sources further elucidate Tevtamad’s place in the history of the Paionian state.

Библиографија