Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 177–184

Размислувања околу убикацијата на Линк

Ако ги погледнеме подобро археолошките локалитети на Линкестида, на просторот од Република Македонија, единствениот локалитет што ги исполнува критериумите за раноантички град од пред хеленистичкиот период е Градиште над село Црнобуки.

Во времето за кое зборуваме, времето на моќта на Линк под Арабеј I, во У век пред н.е., Хераклеја не постои. За жал, ние денес немаме прецизни информации од археолошки ископувања за повеќето од утврдените железновременски и раноантички фортификации што се претставени во првата книга од Корпусот на старите градови и тврдини на Република Македонија, Линкестида и Девриоп,1 но и овие информации се доволни за една потполно нова слика што ќе ги води се надеваме идните истражувачи.

Остатоците на раноантичкиот град на локалитетот Градиште-Црнобуки во литературата уште од 1966 година2 се неправедно сметани за Персеида, новиот град, кој, според Ливиј, кралот Филип У го подигнал во областа Девриоп, на реката Еригон, а истиот не бил многу далеку од стариот град Стоби.3

Очигледно истражувачите ги збунува поменот, врската на Девриоп со Персеида и Стоби. Но ако се присетиме на деталот кога Ливиј го опишува навлегувањето на римската војска предводена од страна на конзулот Галба во Пелагонија 199 год. пр. н.е. и стационирањето кај градот Линк на реката Бева, гледаме дека и тука Ливиј греши, наместо да рече дека Галба ја минал Дасаретија и влегол во Линкестида, за него Линкестида е и натаму Дасаретија. Сосема е очигледно дека и во случајот со описот на местоположбата на новиот град Персеида, Ливиј место да рече: не многу далеку од стариот град Стоби, на реката Еригон, која што дотекува од Девриоп, во областа Пелагонија, Филип подигна нов град, тој нелогично го врзува градот Персеида со посредство на реката Еригон за Девриоп.

Како прво, не би се сложиле дека просторот на сливот на Шемница, како и десниот брег на Црна Река од Лознани до Беранци припаѓал на Девриоп, затоа што е природно отворен кон Линкестида, а не кон Девриоп, што се протега во горното течение на Црна Река, демирхисарскиот крај кому му припаѓале градовите Брианион (Граиште), Алкомена (Бучин) и Стибера (Чепигово).

Илустрација, стр. 178

Второ, не е точно тврдењето дека животот на локалитетот Градиште-Црнобуки датира исклучиво од времето на Филип V наваму, односно дека нема постари наоди, а во согласност со тоа и постари културни хоризонти од времето на Антигонидите.4 Имено, во збирката монети на Филозофскиот факултет се чува наод на бронза на Александар Ш, а во селото регистриравме камени секири од бронзено време, една е од гранит со пробиен отвор за дрвена рачка.5 Потоа, не може да се зборува за некаква урбана улична градска шема во планот на градот само врз основа на површинскиот план на одбранбениот периметар.

Освен тоа, не треба да ги заборавиме и блиските тумули на локалитетот Висои на границата на атарите на Црнобуки и Беранци, кои никако не можеле да припаднат на Т.Н. железновременска утврдена населба на локалитетот Самовилец-Јачмиште, Црнобуки, бидејќи таму всушност не постоела таква населба, туку се работи за линкестидска воена фортификација од привремен карактер за обезбедување на градот на градот на Градиште Црнобуки. A тука е и наодот на стелата од Црнобуки на (Мене)лај Бриконов. татко и син, двајца жители на градот од V век пр. н.е.6

Сл. 2. План на лок. Градиште - Црнобуки
Сл. 2. План на лок. Градиште - Црнобуки

Тоа што се знае за локалитетот Градиште-Црнобуки сепак импресионира. Површината на акрополот (највисока кота 674 м) изнесува 305 х 140/90 метри на 2.5 хектари, меѓутоа, жителите на градот со нивелирање и утврдување оформиле уште најмалку две долги станбени тераси долж северозападната, југозападната и југоисточната падина на ридот. Вака оформениот станбен градски дел имал најмалку 10-12 хектари површина, но и повеќе затоа што селаните копајќи во своите дворови наоѓаат остатоци од станбени трактови долу во селото. Се заедно гледано, пред нас се наоѓа локалитет, односно град далеку над сите останати утврдени населби, како и од тврдините со воен карактер во целата Линкестида во раната антика. Животот на градот и околината е потврден во континуитет и во доцната антика, преку депо од 1500 бронзи од Констанциј I до Гратиан, но и доцноантички монети на самиот локалитет.7

Илустрација, стр. 180

Новата хипотезата дека Градиште-Црнобуки може да биде градот Линк центарот на Линкестида се темели врз описот на Ливиј на воените маневри од 199 година пр. н.е. меѓу војските на Филип У и Гај Сулпикиј Галба, откривањето на раноантички воен логор на ридот над Кукуречани и негова идентификација со логорот на Филип V кај местото Атака, како и анализата на марширањето на војските во правците кон веќе познатите позиции на градовите Брианион (Граиште) и Стибера (Чепигово).

На само 5 километри северно од Црнобуки, скриена длабоко во пазувите на планинската долинка, се наоѓа утврдената населба Градиште, кај селото Беранци. Градиште се наоѓа 1750 метри западно/северозападно од центарот на селото и селското школо. Тоа е низок рид (кота 854 м) што се издига на составот на Стара Река и долот што доаѓа од под Голем Врв (1172 м). Утврдената станбена површина се состои од издолжениот акропол во правец запад-исток, голема 167 х 60 метри со повисокиот западен дел ориентиран кон планинскиот масив и бранет со не многу длабока фоса.

Прашање е дали оваа утврдена населба била град. Богатите наоди од некрополата Петилеп, околу 3 км јужно од Беранци, блиску до магистралниот автопат Прилеп - Битола, поточно, од само еден гроб на женска индивидуа од ранокласичниот период.8 Доколку таа била жителка на Градиште Беранци, тоа ни говори за благосостојбата на ова речиси најповлечено линкестидско гратче, кое секако не можело да се мери со градот кај Црнобуки. како по големината така и по вешто одбраната стратегиска местоположба на вкрстувањето на патиштата од Десаретија за Линкестида и Долна Македонија, но и кон Пелагонија и Девриоп. Сепак сметам дека поголема е веројатноста покојниците од некрополата на Петилеп да биле жители на градот кај Црнобуки, бидејќи оваа блага падина е поблиска и отворена, односно повеќе гравитира кон Градиште Црнобуки (3 км) отколку до Градиште Беранци (4 км), кое е на 1.5 км вовлечено во планинскиот

планинскиот масив Снегово, од врвот Снеговски Свети Илија (1243 м), преку чуката Голема Кула (1048 м). Воениот логор се наоѓа на огранокот пониско од Голема Кула, и тоа од кота 855 M до кота 815 м (Кукуречка Чешма). На Голема Кула се наоѓаат бункери
планинскиот масив Снегово, од врвот Снеговски Свети Илија (1243 м), преку чуката Голема Кула (1048 м). Воениот логор се наоѓа на огранокот пониско од Голема Кула, и тоа од кота 855 M до кота 815 м (Кукуречка Чешма). На Голема Кула се наоѓаат бункери од Втората светска војна, но не е исклучено оваа стратегиска точка да била искористена и од македонскиот крал Филип У за набљудување на логорот Сл. 4. План на лок. Кукуречани

На ридот меѓу селата Кукуречани и Драгарино се наоѓаат остатоци од голем раноантички воен логор.9 Се работи за планинскиот огранок што се спушта од на римската војска под Галба кај Отолоб.

Фортификацијата се наоѓа на 900 м западно/југоисточно од селската црква на Кукуречани и 500 м јужно/југозападно од селската црква на јужната периферија на село Драгарино. Се работи за масивен фортификациски периметрален бедем оформен на благата падина од југ кон север. Фортификацијата била оформена во два дела.

1. Акропол. Главниот горен дел е во форма на трапез со потесното фронтално јужно чело брането со две кружни кули, широко 60 метри, свртено кон планината. Јужно пред челото била ископана длабока фоса долга приближно 100 метри, а меѓу неа и челото бил оформен масивен предѕид кој благо ја следи издадената челна линија и продолжува на североисток, заштитувајќи ја така целата источна страна на горниот дел на тврдината. Источниот заштитен зид поради конфигурацијата на теренот е вовлечен навнатре и долг 75 метри. Западната страна е благо издадена надвор и долга ЈО метри. Северниот зид е оформен троделно, издаден нанадвор и долг 110 метри. Површината на акрополот изнесува 5500 м? или половина хектар. Голема е 110 х 85 метри. Градбата на зидот е од кршени редени камења со рамно оформено лице однадвор, оформен врз висок земјен насип. Веројатно озгора, долж зидот, била оформена дрвена одбранбена палисада. Кружната форма на кулите кои не се откопани, но се одлично контурно препознатливи, е слична со кулата од исто таквиот антички македонски воен логор на Кале, село Отовица, Велешко, но на помала површина од | ха и со помала централна кружна кула со особено широки визури.10 Во вака оформениот акрополен дел секако престојувал водачот на војската со личната гарда и останатите офицери, а во случајов веруваме дека тоа бил македонскиот крал Филип V.

2. Долен стационарен дел. Овој дел за војската е многу поголем. Се протега на површина од околу 2.5 ха. Воениот карактер го илустрира значително закосениот внатрешен простор каде што биле војничките шатори. Формата е широка и диктирана од конфигурацијата на теренот. Источниот зид е долг точно 200 метри, мошне благо издаден нанадвор, проектиран точно по работ на планинскиот срт, што значи теренот под него прилично стрмно паѓа надолу. Западниот зид е нагласено издаден нанадвор, приближно троделно оформен и долг 277 метри. Градбата на овој зид е помасивна и можеби тоа ни дава 3a право да претпоставиме дека токму на оваа страна, на видик, бил противничкиот логор на Галба, долу на просторот пред село Драгарино, оддалечен точно 1.5 км според Ливиј. Северната страна на долниот дел е оформена од завршетоците на двата долги странични зидови кои што клиновидно се доближуваат, но со бедемските маси оставаат простор од околу 12 метри што некогаш служел како главен влез на војската во логорот. Токму на ова влезно место, десетина метри навнатре има извор за вода кој бил каптиран во дамнешното минато. а во XX век водата е спроведена во малата т.н. Кукуречка чешма. Вака оформениот долен стационар за војската има должина од 183 метри и широчина во горниот дел 170, додека во долниот дел 150 метри.

Вкупната површина на воениот логор изнесува 3.17 ха. Карактеристично е што во внатрешниот дел нема движни наоди и никакви траги на културен хоризонт, што е разбирливо ако се има предвид дека војската на Филип У во логорот престојувала не повеќе од 7-10 дена. Сепак, откривме ретки фрагменти садова керамика, керамички чинии со карактеристики на хеленистичкото време.

Во овој контекст сосема е нејасен податокот на И. Микулчиќ за Кале-Драгарино, каде што биле најдени монети на Коринт, Деметриј Ил, Парореја, Тесалоника, Август, Тибериј.11 Имено селаните на Драгарино не знаат за место наречено Кале во нивниот атар. Постојат некакви стари остатоци на ридот југозападно над селото што не ги посетивме.

Конечно можам да заклучам дека анализата на текстот на Тит Ливиј за Линкестидскодевриопската воена кампања на војските на македонскиот крал Филип У и римскиот конзул Галба, како и споредбата на археолошките локалитети, пред cè, Кале Кукуречка Вакавска Корија кај село Кукуречани со воениот логор на Филип У, фрла нова светлина и претставува патоказ кон убикацијата на раноантичката престолнина на кралството Линкестида, градот Линк на локалитетот Градиште кај село Црнобуки.

Виктор Лилчиќ

Илустрација, стр. 183

VIKTOR LILCIC

Faculty of Philosophy - Skopje

REFLECTIONS ON THE LOCATION OF LYNCUS

Белешки

  1. Во печат. Во книгата се претставени основните топографски и археолошко-културни елементи на сите предисториски и раноантички локалитети со фортификациски, заштитен периметар од просторот на Линкестида и Девриоп. ↩
  2. Mikulčić I., 1966, 75, 81, 83; Микулчиќ И., 1999, 77. ↩
  3. Livy XXXIX. 53: Oppidum in Deuriopo condere instituit17 - Paeoniae ea regio est - prope Erigonum flumen qui ex Illyrico per Pe(lag)oniam fluens in Axium amnem editur haud procul Stobis vetere urbe: novam urbem Perseaida ... appelllari ши. ↩
  4. Mikuléié 1., 1966, 75, 81, 83: Микулчиќ И.. 1999, 77-78. ↩
  5. Три камени секири, наодите од таблата лево и делот од плоча со натпис, се најдени од страна на питропот Тоде Јанкуловски и се чуваат во неговата куќа во село Црнобуки. ↩
  6. Вулип H., 1941-48, 26; Popovié Lj., 1957, 252-254. ↩
  7. Mikulčić I., 2002, 270. ↩
  8. Mikulčić I., 1966, 37-38. ↩
  9. Гајтаноска J., 2008, 65 сл. 4, бр. 1 на планот, 70 опис на кулата, дијаметар околу 4.5 м. ↩
  10. Им благодарам за соработката во истражувањето на локалитетот Кале-Кукуречка Вакавска Корија што го истражував и документирав на колегите Стевче Тодоровски и Горѓи Кипровски и на студентите од Филозофскиот факултет во Скопје. ↩
  11. Mikuléié 1., 1966, 65. ↩

Summary

Reflections on the Location of Lyncus

In this article a completely new hypothesis is proposed for the location of the city of Lyncus, the capital of the early antique kingdom of Lyncestis, as well as the site of Gradi&te at the village of Crnobuki.

Several arguments are pointing to this identification. First of all, the analysis of the text of Livy, book 31, clearly shows that the Roman army, guided by the consul G. Sulpicius Galba, while passing through Dasaretia, at Lyncus, near the river Beva set up a camp. The author of this publication identifies the military camp of the Macedonian king Philip V, mentioned in Livy, with the site Kale, Kukuretka Korija, Kukureéani village, which is situated to the south, on the opposite side of the valley of the Semnica river, near Crnobuki village.

In this text other localities and significant findings north of Bitola are elaborated as well, in order to show the archaeological topography and cultural stratigraphy and also to find confirmation for the hypothesis stated.

Библиографија