Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 23–24

Ленка Трајковска (1951 - 2009)

Илустрација, стр. 23

Во ноември по кусо, но тешко боледување престана да работи срцето на нашата Лена, кустоссоветник во Музејот на град Куманово, која на полето на македонската археологија ќе остане запаметена како вреден истражувач на бронзеното време.

Ленка Трајковска е родена на 18.06.1951 година во селото Младо Нагоричане во учителско семејство. По завршувањето на основно училиште и гимназија во Куманово се запишала на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за Историја на уметност со археологија на која дипломирала во 1984 година.

Во 1985 година се вработува во Народниот музеј во Куманово како кустос-археолог за праисториска археологија, на кое место остана до крајот на својот живот.

Нејзиното стручно надградување и зреење како археолог се совпаѓа со почетоците на археолошките истражувања на новоформираното Археолошко одделение во Музејот и неговото комплетирање со стручен кадар во останатите негови одделенија. Во целиот свој работен век, со сиот психички и физички капацитет се предава на археологијата, како нејзина голема љубов и професионален ангажман.

Самостојно или како член на стручни екипи учествувала на бројни археолошки истражувања во Кумановско и во републиката. Со своите колеги од матичната куќа има извршено бројни рекогносцирања во кумановската област, оставајќи зад себе богата документација која ќе остане траен белег во археолошката архива на Музејот во Куманово како патоказ за идните генерации на археолози. Нејзиното чувство за тимска работа, колегијалност, дружељубивост и преданост во работата ќе останат незаборавни во мислите на нејзините соработници.

Освен учеството како соработник на археолошки истражувања (Скупи, Бурилчево, Дрезга, Црквиште - Рамниште и многу1 други), трајно ќе останат во археологијата на Македонија истражувањата на локалитетите Мијашки Рид кај с. Пчиња, Две Могили и Градиште кај с. Пелинце и на Костоперска Карпа кај с. Младо Нагиричане.

Како резултат на нејзините теренски истражувања има учествувано на неколку симпозиуми на манд како негова активна членка, од што произлегоа неколку научни трудови во гласилата Неодминливи се нејзините ангажмани како музејски работник средувањето на керамичкиот материјал и другите движни наоди, како и во формирањето на постојаната музејска поставка во Куманово.

Замина од археолошкото небо на Куманово и Македонија, оставајќи голем завет да се доврши она што во својот работен век педантно и упорно го сработи, а нам, како нејзини колеги, ни останува достојно да ги вреднуваме нејзините откритија и да го зачуваме и негуваме со почит споменот за неа и нејзиното дело.

д-р Звонимир Николовски

Белешки

  1. друштвото и во кумановскиот гласник. ↩