Macedoniae acta archaeologica 19 (2010) · стр. 18–20
На нашиот колега Милан Ивановски
Колективот на Националниот конзерваторски центар - Скопје со голема болка и тага ја прими веста дека на 27 март 2009 година починал нашиот колега милан ИВАНОВСКИ. За сите нас, а најмногу за неговото семејство и роднините тоа е ненадоместлива загуба, поради што искрено жалиме и сочувствуваме со неговите најблиски.
Во оваа тажна пригода се потсетуваме дека колегата милан ИВАНОВСКИ е роден на 10 април 1946 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование - гимназија. Дипломирал на Универзитетот во Белград, на Филозофскиот факултет, Група за археологија, на 29 април 1972 година. Во неговите автобиографски белешки е подвлечено дека за време на студиите бил насочен кон античката археологија.
За професионалната кариера на колегата милан ИВАНОВСКИ е впечатливо тоа што, целиот свој работен век, речиси 35 години, остана припадник на службата за зашита на споменичкото наследство, посветувајќи се на проблематиката за заштита на археолошкото наследство. Имено, како млад археолог, две години по дипломирањето, на 7 октомври 1974 година, тој бил вработен во Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје, а една година потоа, сметано од 25 декември 1975 година, веќе е дел од колективот на тогашниот Републички завод за заштита на спомнеиците на културата, работејќи како референт за праисториска археологија. Во тоа својство остана и по 1981 година, при тогашната реорганизација, кога беше формиран Републичкиот завод за конзервција и реставрација, а во текот на 1984/85 година, додека беше во тек постапката за спојување на двата републички завода (за заштита и за конзервација), колегата милан ИВАНОВСКИ G6eute в.д. раководител на Секторот за научни истражувања, студии, проекти и надзор. Во споениот, старонов, Републички завод за заштита на спомениците на културата, сметано од | јануари 1986 година, колегата ивановски работеше прво како координатор на Одделението за истражување и заштита, а потоа, во период од 8 години (1991-1999), ја вршеше функцијата главен конзерватор за матични функции и идентификација на кутлурното наследство. Во текот на 1999 година тој беше прераспореден како стручен работник за средновековна археологија, а по повторните кадровски промени, сметано од 01.12.2002 година, му беше доверена функцијата главен конзерватор за археологија. Таа функција ја вршеше до 16 јуни 2003 година, кога беше именуван за помошник директор на Републичкиот завод. Во текот на 2004 година, во два наврати едноподруго (месец мај и ноември), колегата милан ИВАНОВСКИ беше именуван за в.д. директор на Заводот, останувајќи на таа функција до крајот на месец март 2005 година. до изборот на директор на Заводот. Од 1 април 2005 година, па се до неговата ненадејна смрт, колегата ивановски работеше како конзерватор советник за археолошко наследство.
Патем, во текот на 1995 година, колегата милан ИВАНОВСКИ се здоби со највисокото изборно стручно звање во споменичката дејност, звањето - конзерватор-советник.
Наведените податоци за движењето во службата, колку и да се релевантни показатели сами по себе, сепак, претставуваат само еден мал сегмент во приопштувањето на ликот и делото на колегата милан ИВАНОВСКИ. Поцелосна претстава за него може да се добие доколку кон тоа се додат и специфичните аспекти на неговиот професионален и поширок општествен ангажман.
Имено, на професионален план, како припадник на националната служба за заштита на споменичкото наследство, колегата милан ИВАНОВСКИ работеше не само како археологинетражувач туку и како носител или учесник во вршењето на повеќе комплементарни функции, својствени за споменичката дејност, а предметни за заштитата на археолошкото наследство. Станува збор првенствено за неговата работа, улога и придонес во поглед на идентификацијата на археолошкото наследство, особено во сегментот на евиденцијата, класификацијата, документирањето, валоризацијата и ревалоризацијата на истото, потоа интегрираната заштита, конзерваторското проектирање, конзервацијата и конзерваторскиот надзор, вршењето на матичните функции, особено координацијата на заводите, стручниот надзор, стручната помош и унапредувањето на дејноста, превенцијата на археолошкиот криминалитет и слично. Со други зборови, тој не беше само архолог-истражувач туку и археолог-конзерватор и еден од ретките протектолози од археолошката струка. Притоа, како клучен белег на неговиот професионален ангажман, сепак. може и треба да се издвои преокупираноста со проблематиката на превентивната археологија, сфатена како компонента на интегрираната заштита на културното наследство.
Во оваа пригода, со оглед на околностите, цениме дека би било доволно се потсетиме само на некои работни ангажмани на колегата милан ИВАНОВСКИ што го илустрираат претходно кажаното.
Имено. според расположивите но нецелосни податоци, колегата милан ИВАНОВСКИ истражувал над 50 археолошки локалитети, претежно некрополи, вршејќи заштитни археолошки ископувања и истражувања. Во најголем број случаи тој раководел со археолошките истражувања или бил член на истражувачките тимови. Резултатите за поголемиот дел од неговите истражувања веќе се објавени во стручната периодика во земјава и во странство (околу 30 статии). Притоа, треба да се нагласи дека самостојно или заедно со други раководители, колегата ивановски има раководено со неколку значајни акции за заштитни ископувања на локалитети и подрачја загрозени со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти. Такви беа. на пример, следните проекти: пругата Куманово - Деве Баир, хидросистемот „Козјак“, автопатот Е-75 (делница Градско - Стоби), Урбанизацијата на Источната некропола на Скупи или последниот проект - хидроситемот „Злетовица“. Негова последна задача од тој корпус беше учеството во рекогносцирањето на дел од трасата на магистралниот пат Велес - Прилеп. Карактеристично е и тоа што во сите негови истражувачки тимови учествувале колеги археолози од другите зводи, музеи и слични институции, студенти и други надворешни соработници.
Колегата милан ИВАНОВСКИ раководеше и со изработката на Заштитно-конзерваторските основи за Просторниот план за сливот на реката Треска (2007 година), а пред тоа и со изработката на повеќе археолошки подлоги, конзерваторски режими или поинаку наречена конзерваторска документација за потребите на урбанистичките планови на повеќе општини (Гевгелија, Виница, Валандово и други). Кон тоа треба да се додадат и увидите на локации за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, изградба на индустриски и други капацитети, поставување на телекомуникациски уреди и постројки (некаде над 1500 увиди). вршени во периодот пред основањето на Управата за зашита на културното наследство. Треба да се нагласи дека колегата милан ИВАНОВСКИ беше еден од учесниците во создавањето на Археолошката карта на Македонија (Том П), а дополнително и носител на евиденцијата на над 200 новоидентификувани археолошки локалитети внесени во Централната евиденција на Заводот, односно Националниот конзерваторски центар.
Малку е познато дека колегата милан ИВАНОВСКИ во еден период беше задолжен за реституционите истражувања на дисперзираното археолошко наследство од Македонија што се наоѓа во депоата и збирките на белградските музеи. Како резултат на таа спроведена акција, во Заводот беше создадена база на податоци од обработени над 3000 реституциони картони. Таа граѓа може да послужи како патоказ за идните истражувања и евентуланото ефектуирање на реституционите барања.
Натаму, во повеќе истражни постапки за сторени кривични дела против археолошкото наследство, колегата ивановски беше ангажиран како вештак за над 4000 запленети (привремено одземени) архолошки и други предмети, подготвувајќи исцрпни елаборати за потребите на надлежните судови. Забележителна е и неговата ангажираност на полето од превенцијата на археолошкиот криминалитет, особено во соработка со органите на прогонот и царината, како и за потребите на поранешната заводска служба за безбедност на културното наследство.
Голем број од македонските археолози што раководела или учествувале во археолошките истражувања до 2005 година знаат дека колегата милан ИВАНОВСКИ беше задолжен и за вршењето надзор над археолошките ископувања, функција што денес ја вршат инспекторите за културно налседство од Управата за заштита на културното налседство. Неговото име е поврзано и со голем број стручни тимови, особено за валоризација, ревалоризација, изработка на конзерваторски проекти, изведба на конзерваторски работи на археолошки локалитети, изработка на методолошки текстови и студиско-аналитички материјали за потребите на службата и државните органи. Во таа смисла, тој остави огромна граѓа што ќе биде од полза на сите идни истражувачи, вклучувајќи ги и тие што ќе се определат за потемелно проучување на неговиот придонес во македонската археологија и во заштитата на археолошкото наследство.
За својата предана работа во областа на заштитата, во 1985 година, колегата милан ИВАНОВСКИ доби плакета по повод 40-годишнината од заштитата на спомениците на културата во поранешната СФРЈ.
Надвор од професионалниот ангажман, своевремено, колегата милан ИВАНОВСКИ обавувал и повеќе општествени функции, какви што се, особено: делегат во Здружената сиз за култура на град Скопје, член на претседателството на кпз на срм, член на Претседатеството на Здружението на археолозите на срм, претседател на Здружението на конзерваторите на срм, член на претседателството на Сојузот на здруженијата на конзерваторите на СФРЈ, член на Одборот за заштита на Скупи, член на Општинскиот одбор за заштита на спомениците на културата - Виница и друго. Во поново време, во повеќе наврати, тој беше активен член на органите и телата на мнк ИКОМОС и член на манд и други невладини организации.
Колегата милан ИВАНОВСКИ се одликуваше со изградени работни навики, дисциплинираност, трпеливост, толерантност, педантност, исполнителност и одговорност. Беше непосреден и комуникативен, со широк круг пријатели и познаници, не само од еснафот на кој припаѓаше туку и значително пошироко. Како таков и ќе остане во нашите сеќавања.
Нека му е вечна слава.
Во име на колективот на нкц, Јован Ристов