Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 436–449

Стоби - конзервација на Големите терми

Содржина
  1. А. Наменска и временска идентификација
  2. Б. Автентична и трајна заштита
  3. В. Презентација
  4. Г. Одржување
  5. Д. Експлоатација
  6. 1. Професионално изведување на конзерватоските и сите други задачи на локалитетите
  7. ZIVOJIN VINCIG

Идната година се навршува половина столетие од кога сите мои интелектуални и мануелни потенцијали ги ангажирав на заштитата на спомениците на културата на Република Македонија.1 Во тој период, со исклучителна динамика и ентузијазам работев во сферата на заштитата во областа на археологијата, во рамките на широкиот репертоар на активности,2 со тоа што, сите тие години земав интензивно учество во истражувањето, конзервацијата И презентацијата на Стоби.3 Заради тоа, на Симпозиумот на нашето здружение реферирав, а сега пишувам за еден од неговите објекти.

Големите терми во Стоби, хронолошки се вклопуваат во третата, доцноантичка урбана фаза на градот, рамковно датирана во IV - VI век од н.е. Објектот е лоциран во една од средишните инсули на градот омеѓена со Via Ахіа на север и Via Principalis Inferior на запад. Во принцип, ТНС имаат базиликална основа, со ориенација И-3, каква што имаат речиси сите објекти во градот. Наведената основа рационално е подредена на функцијата на објектот, што е утврдено во текот на археолошко-конзерваторските истражувања. Таквите истражувања по својата природа се комплексни и претставуваат основа за автентична конзервација и презентација. Тие истражувања се извршени од страна на најзначајните имиња на нашата археологија.4 во текот на 1962 година. Екипата во наведениот состав, на различни места во објектот постави тринаесет сонди, претежно со археолошки цели, додека на крајот на годината поставивме уште седум сонди со цел, непосредно решавање на конкретни прашања и проблеми врзани со конзервацијата и презентацијата на објектот. Имено, истражувачите пред Втората Светска војна, овој објект го идентификуваа како „Зимска палата“.5

Сл. 1. Стоби - Големи терми
Сл. 1. Стоби - Големи терми

Откако нашите истражувања овозможија извршување на временската и наменската идентификација на римските терми,6 можевме да пристапиме кон изготвување на елаборат за негова конзервација и презентација (T. 1). Пред отпочнувањето на конзерваторските работи во 1963 година, пред нас стоеше една урнатина (сл. 1), која требаше да се направи разбирлива и за посетителот - лаик, но и трајно да се зацврсти, а со тоа да се зачува за идните поколенија. Времето главно покажа дека таа наша задача е целосно извршена (сл. 2).

Таква заштита и презентација представува пред се резултатот од научно и стручно извршените археолошко-конзерваторски истражувања, но и на модерниот пристап во конзервацијата и презентацијата на археолошките локалитети и познавање и применување на методи и принципи кои ке обезбедат автентична и трајна заштита. Секако дека погребниот ентузијазам и желбата за успешно извршување на поставената задача не се за потценување.

Конзервацијата и презентацијата на археолошки истражените објекти во Стоби е долга Исто колку и нивното ископување, започнато уште во 1924 год. а кое трае до денес. Како археолошкото ископување, така и заштитата се развивала и ги менувала принципите, методите и општиот научно-стручен и општествен третман на поедини објекти или на градот во целина.

Илустрација, стр. 438

Во тој поглед, во Стоби разликуваме три јасно издвоени временски и содржински фази или периоди:

1. 1924 - 1940 година,

Il. 1940 - 1960 година,

Ш. 1960 - до денес.

Во првата фаза на откриените ѕидови е поставувана цементна шапка, армирана со шелезни шајки или клинци, меѓусебно поврзани со тел. На овој начин се третирани сите објекти, односно нивните зидови.7 Значи, во оваа фаза се заштитуваат исклучиво зидовите, а исклучок претставуваат фреските во нартексот на Епископската базилика и доста невештата рекомпозиција и делумна анастилоза во перистилот на Теодосијанската палата. Заштитната интревенција во П-та фаза го проширува репертоарот на конзерваторски интервенции, но доста невешто ги реализира на објектот.8 Станува збор за Јовановата базилика, подоцна реименувана во Северна базилика. Цементната шапка од претходната фаза е веќе отфрлена, се надѕидуваат еден до два реда камен покрај делумното фугирање и сосема ретко пломбирање. Подните решенија не се третираат (на пример: Opus spicatum во нартексот, егзонартексот и проскомидијата, како ни Opus tesselatum во ѓаконикот). Во апсидалниот дел на олтарот оставена е голема и длабока дупка, а зидот на апсидата под нивото на теренот, со што презентацијата е наполно запоставена. Оваа глетка се надополнува со аматерската реконструкција на чешмата покрај западниот периметрален зид, со чисто цементната писцина на баптистериумот и наопаку анастилираниот столб во егзонартексот на базиликата. Добар дел од оправдувањето зборува за скромни средства, но и за недоволно искуство и обученост на изведувачите. Ова е воедно и единствениот објект работен во оваа фаза, кон крајот на четириесеттите и почетокот на педесеттите години од минатиот век.

Ш-та фаза на конзерваторската практика во Стоби, која се одвивала во погоре наведениот период е реализирана претежно со помлади археолози - конзерватори и стручњаци од различни области на науката и уметноста.9 Само така може професионално и компетентно да се продолжи животот на темелите на нашата култура. На ова место, не би сакал да се задржувам на големи организациони промени во областа на заштитата на спомениците на културата и недоволно стручно и научно втемелените конзерваторски интервенции на различни објекти во Стоби во поново време, како што се оние на Епископската резиденција, Текстилната работилница, Виа Сакра и особено на Теодосијанската палата во самиот град и на Екстра Мурос базиликата надвор од градот.Трагично е пред се, враќањето на мозаикот од постарата Епископска базилика, кој претставува сведителство за нашата партиципација во донесувањето на „Статутот“ на христијанството на Вселенскиот собор во Никеја во IV век од нашата ера, кое за жал се уште не е извршено. Конзервацијата и презентацијата на Големите терми во Стоби е меѓу првите објекти конзервиран во Ш-та фаза од развојот на оваа активност. Основните карактеристики на оваа конзерваторска практика се нејзините содржини, дефинирани на семинарите организирани од страна на Сојузниот завод за заштита на спомениците на култура на Југославија, под раководство на д-р Гордана Цветковиќ Томашевиќ, археолог - конзерватор и проф. д-р Миле Медиќ.10 На ова место би се запознале со целите, суштината, принципите и методите на конзерваторските интервенции во оваа фаза, а тие се следните: секој споменичен објект на археолошкиот локалитет претставува композиција од комплексни содржини: зидови, подови, ентериер, а во одредени случаи и екстериер. Сите остатоци од наведените содржини рамноправно учествуваат во предстојната конзервација и презентација. Меѓутоа, археолошкоконзерваторските испитувања и истражувања ќе го дефинираат соодносот на големината и интензитетот на програмираната заштитна интервенција. Во оваа смисла, по правило, дефинирањето се врши по следниот принцип: степенот на конзерваторската интервенција треба да биде во директен сразмер со степенот на запазеноста на објектот во целина и на поедини делови одвоено. водејќи при тоа сметка за значењето, како и за нивниот капацитет за наменската идентификација на објектот и особено трајноста.

Инаку, функционирањето на римските терми бара значајно количество на протечна вода која што градот Стоби ја имал во задоволителна количина.11 Главната артерија доаѓала од Јужниот ареал на градот, па преку каналот - vallum, (со димензии: 0.30 м, и длабочина од 0.40 м), кој доаѓал по Via Principalis Inferior, но само до двата најголеми потрошувачи, Градската чешма - нимфеонот и Големите терми. Овој вид на хидроинсталација кој вршел дистрибуција и рационализација на вода во римските градови се викал Casstellum Divisiorum.12 Понатаму, преку локалниот аквадукт водата е разнесувана со керамички цевки - тубулуси. Во самите терми водата е водена со тубули или оловни цевки со различна калибража во зависност од потребата и функцијата на просторијата и фактурата на градба на зидовите, односно подовите. Вакви цевки се наоѓани во текот на ревизионите ископувања и археолошко-конзерваторските испитувања.13

На ова место би направил една мала дигресија. Не е случајно што и Малите и Големите терми во Стоби се одмерено оддалечени од соседните јавни и приватни објекти, што се должи на претпазливост од предизвикување на пожари. Покрај ригорозното казнување, меѓу другото Законот" конкретно ја одредувал и урбанистичката физиономија на градот. Пред се, тука се пропишува одстојанието меѓу зградите на двете страни на улицата, одстојанието меѓу приватните и јавните згради како и нивната височина, па дури и димензиите на тулите.""

Џидовите на Големите терми во Стоби се работени во Opus incertum и opus mixtum, првиот употребен кај периметралнитс а вториот кај внатрешните ѕидови. Подовите главно се изведени од аморфни, слободно положени плочи од добро петрифициран песочник, со дебелина од 4-7 цм. Во тој поглед, исклучок претставува подот во просторот на калдариумот, каде на долниот под од тули кои лежат на повеќеслојна субструкција од околу 0.50 м полнетица од покрупен неврзан и поситен гранулат врзан со варово врзиво и постелен со 7-8 слоеви од хидрауличен малтер, се поставени суспензури од тубулуси, а поретко и тули. Вака поставените носачи, носат поголеми тегули од типот „мамата“, над кои е поставен повеќеслоен термички изолационен слој на кој се положени правилно обработени мермерни плочи со среден гранулат.

На северната фасада, од ViaAxia постоеле два влеза, западен, односно главен за корисниците на термата и помошен влез од источната страна за пристап до јавната латрина, на што упатува и преградниот зид во северното крило на аподитериумот. Третата, економска комуникација која се наоѓа на источниот зид на префурниумот имала чисто економски карактер, која нема монумантален изглед, но е со големо значење за функционирањето на термата. Горните партии на објектот се доближуваат до истите решенија како кај трокорабните базилики, што е иницирано од планот на неговата основа. Внатрешното решение полуобличест свод!“ покриен со извишен кров на две води, носен од северниот и јужниот зид на калдариумот. Просторот на аподитериумот е покриен со едноводен кров, носен од преградниот 5ид на фригидариумот и столбот во средишниот дел на просторијата која ја покрива.

Базиликалното решение на покривот го решава и проблемот на осветлување на просторот на топлите батерии на термата, а периферниот простор е осветлуван со колонади - прозори. од кои, оние на периметралните ѕидови биле пониски од од оние на внатрешнитс.

Како и доводот и разведувањето на водата во Големите терми, така е рационално изведена и мрежата за одвод на употребената вода. Чистата вода која преку каналот доаѓа од corpus divisiorum до пред јужниот зид на фригидариумот, се воведува преку оловната цевка поставена во перфорацијата на јужниот периметрален зид. Употребената вода со каналот се одведува преку западното и северното крило на аподитериумот до латрината, која веројатно имала јавен карактер. Поминувајќи по северната страна на латрината, наслонета на северниот периметрален зид на термите, го „пробива“14 истиот и на 0.50 м се влива во една од градските клоаки, со приближни димензии 0.50 м ширина и 1.30 м длабочина. Клоаката доаѓа од западната страна, од кај Градската чешма и Палатата Перистерија, одведувајќи ја употребената вода на исток, на левиот брег во коритото на Еригон.

Секоја конзерваторска активност е повеќе од поливалентна, како во однос на задачите кои треба да ги реализира во зависност од принципите и методите кои треба да се применат во нивното остварување, така и во однос на соодветно квалификуваниот конзерваторски кадар и дадените средства. На ова место ќе се задржам на еден од позначајните сегменти од конзерваторската работа, а тоа е видовите на употребеното врзиво употребено на низа профани и сакрални објекти на кои имав чест да работам, и тоа на цркавата Св. Леонтиј, с. Водоча - Струмица, комплексот цркви во с. Мородвис - Кочани, префурниумот во градските терми во Скупи, дел од бедемското платно на средновековната партерна тврдина Дебреште во истоименото село во околината на Прилеп, средишниот дел на северниот 5ид на монументалната палата во античкиот град Идомене, с. Марвинци - Валандово и др.

Со цел конзервираните објекти да ја добијат саканата заштита ги користев следните врзива:

1. При постапката на нужно инјектирање користев т.н. „цементно млеко“, со мешање на цементот и песокот во размер 1:3. Кај потесните пукнатини треба да се намали процентот на цемент, а кај поголемите да се зголеми процентот на агрегат - песок, вклучувајќи ја можноста да се додаде и минимална количина на вар, но не магнезиска. Притоа треба да се води сметка за степенот на друтираноста на идната маса, односно степенот на оштетувањата и за цврстината на градежниот материјал од кој е граден: тула, камен, гранит, песочник, бигор или сл.

2. Надѕидување на ѕидните платна вршев со т.н. „продолжен малтер“15 со употреба на цемент, хидраучичен вар и песок во размер 1:1:5 или 6. Можни отстапувања од наведениот размер имаше само во исклучителни случаи во зависност од цврстината и хидроскопноста на употребениот камен, односно тула.

3. Кај исклучително слаби и порозни материјали користев само варов малтер (вар, песок)и сл.

Ова се главно општо прифатените и применувани врзива при заштита на зидовите на археолошките локалитети на поширокиот простор на Балканот. Во наведениот контекст на употребуваните врзива, нашата практика во Стоби при археолошко-конзерваторските истражувања имаше и надополнувања. При козерваторските зафати на Големите и Малите терми, Нимфеонот - Градската чешма, Палатата на Полихармос, Синагога базиликата и северниот ѕид на објектот под Внатрешниот бедем (Forum Romanorum?), беа употребени уште две врзива:

4. Во надѕидувањето на двата последни горни реда од камен и тула употребен е цементен малтер, со мешање на цемент и песок во однос 1:3.

5. Крајната обработка на надѕиданиот - реконструиран ѕид се состои во фугирање со следното врзиво: 1:1"2: 1/2 на цемент, песок и толчена тула од поситен до среден гранулат.

Комплексноста и специфичноста на задачите кои стојат пред конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата, значи пред сите степени на заштита, вклучувајќи ја и презентацијата се содржани во:

А. Наменска и временска идентификација

Б. Автентична и трајна заштита

В. Презентација

Г. Одржување

Д. Експлоатација

Се ова гледано заедно значи научно и стручно верификуван елаборат за конзервација и презентација, употреба на соодветни материјали и современи технологии применети во рамките на современите принципи и методи, организирано и трајно одржување, полиморфна популаризација и вклучување во современиот живот.

Вака јасно дефинираните цели и задачи на конзервацијата, бараат и обезбедување на одредени услови. Тука нема да зборуваме за средствата кои се подразбираат сами по себе, туку само ќе укажеме на некои значајни услови. Современа и успешна конзервација можат да остварат конзерваторски тимови - екипи со комплексен состав, во зависност од видот и карактерот на предстојаната заштитна интервенција. Таквиот тим мора да го раководи едно лице, археолог или архитект. Најпосле, постои причина зошто пред еден симфониски оркестар стои еден човек кој ги координира останатите. Тој секако не би дозволил непочитување на постоечките архитектонско-конструктивни односи и морфолошката автентичност, како и непочитување на изгледот на урнатината, како што е несреќниот случај со конзервациајта и презентацијата на Теодосијанската палата во Стоби од поново време. Самото непочитување на наведените и другите регулативи на заштитата може да доведе до ненадоместливи штети на фондот на културно-историското наследство на Р. Македонија.

На крајот, меѓу низа помалку познати случаи, би илустрирал два, кои за жал не можат да се подведат по претходната квалификација. Под не сосема регуларни услови, пред повеќе од една деценија е подигнат мозаикот од постарата Епископска базилика во Стоби, кој до ден денешен не е вратен на своето место. Дали на нашата научна и стручна јавност И е познато дека на овој мозаик е запишано името на стобскиот епископ Будиос, со што мозаикот претставува сведоштво за нашето учество во дефинирањето на „Статутот“16 на христијанството, на [V-оТ Вселенски Собор во 325 година во Никеја. Не e за потценување ни случајот со подигнатиот мозаик од трокорабната базилика на локалитетот Дебој. зад цркавата Богородица Перивлептос во Охрид, кој е подигнат уште пред скоро две децении, а до ден денешен не е вратен на своето место. Сметам дека за овој случај не е потребен коментар.

Покрај сето наведено и повеќе пати истакнато, современата служба за заштита на спомениците на културата од областа на археологијата мора да ги задоволи следните два услови:

1. Професионално изведување на конзерватоските и сите други задачи на локалитетите

П. Нужна инфраструктура, работен и магацински простор, возен парк и различна потребна механизација, електрична енергија, вода и голем репертоар на крупен и ситен алат.

Живојин Винчиќ

Скопје

ZIVOJIN VINCIG

Skopje

STOBI - THE LARGE BATH CONSERVATION

Белешки

  1. По покана од тогашниот директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, г-дин Антоние Николовски, стапив на работа во таа институција во 1960 год. Пред тоа работев две години во ХераѕіКеја Линкестидска, а по моето пензионирање, и денес сум активен на полето на споменичката проблематика. ↩
  2. Во овој период, покрај останатите работи во делокругот на моето работно место, меѓу другото издавањето на дозволи за археолошки ископувања и надзор на истите, пропишување на заштитен режим, обезбедував средства и раководев во неговата реализација: Западна магистрала Скопје - Охрид, Меѓународен автопат Е-75 - Западната некропола на Стоби, Вардарски Рид и др. Археолошки карти на Собранијата на општините: Дебар, Гостивар, Куманово, Неготино, Кавадарци и Радовиш. Со метод на археолошки сондирања изготвив Археолошки подлоги за следниве населби: Варош - Прилеп, Демир Капија, Кочани и Валандово. Археолошки основи за изготвување на Проекти за конзервација и презентација на следните сакрални објекти во државава: Св. Пантелејмон - Имарет - Плаошник во Охрид, Св. Јован Бигорски, Св. Атанасие во с. Лешок, Св. Горѓи Полошки и др. ↩
  3. Освен за Големите терми. изготвив и релизирав Елаборати за конзервација и презентација на Палатата на Полихармос, Градската чешма, Малите терми и делови од северниот и источниот зид на објетот „Форум Романорум“. Елаборат за конзервација и презентација на Епископската базилика и Програма за ревитализација на Античкиот театар, кои за жал не се реализирани. ↩
  4. Освен потпишаниот, на археолошко-конзерваторските истражувања во текот на втората половина на 1962 г., на објектот Големи терми во Стоби, на подолго или покусо време, зедоа учество следниве: проф. Димче Коцо, д-р Блага Алексова, д-р Викторија Соколовска, д-р Петар Милковиќ, д-р Загорка Николовска и Апостол Керамидчиев, кустоси во Археолошкиот музеј во Скопје, како и Димче Черњаковски - фотограф и Киро Крстевски - домаќин од истата институција, и на два до три дена проф. Крум Томовски и неговиот соработник арх. Раде Волинец. ↩
  5. Петровић J., ↩
  6. Винчић Ж., 1963. ↩
  7. Проф. д-р Владислав Петковиќ, проф. Ѓурѓе Бошковиќ, проф. д-р Богдан Несторовиќ, проф. Ѓорѓе Мано Зиси и проф. Јозо Петровиќ. ↩
  8. Проф. Димче Kono, проф. Ѓорѓе Mano Зиси, проф, д-р Константин Петров, проф д-р. Блага Алексова, проф. д-р Петар Миљковиќ, д-р Димитар Корнаков, д-р Коста Балабанов и други. ↩
  9. М-р Зоран Георгиев: големиот дел од градскиот бедем од последниот урбан хоризонт на Стоби и делумно од претходните, како и Domus agapi - коцкарница, и Миле Велчовски: палатата Перистерија со соработниците. Работите се во тек. Фактички, во ІІІ-та фаза од археолошко-конзрваторската екипа на Големите и Малите терми, Палатата на Полихармос, Градската чешма и Синагога базиликата, станаа училиште и полигон за квалификација на стручен кадар, од кои повеќето станаа универзитетски професори: м-р Момчило Петровски - Моцо, Бошко Дамјановски и Вељо Ташевски, како и Драган Верговски-Алпи, раководител на Републичката служба за заштита на мозаици. Тука своите првични искуства ги стекнуваа младите археолози, архитекти, конзерватори од различ-НН области, 5идари и многу други. ↩
  10. Гамзиград - 1957/57 г.; Еуфразиевата базилика, Пореч - 1957/58 г.; Хералкеа Линкестидска 1958/9 г. ↩
  11. Винчиќ Ж., 1990. ↩
  12. Винчиќ Ж., 1990. ↩
  13. Винчиќ Ж., 1990. ↩
  14. Уште во времето на Август, во 27 г. пр. н.е. - 14 г. од н.e.:Лех Iulia ԁе modo aedificorum urbis во IV7 век на пример, забранува да се 5идаат згради повисоки од 70 стопи, односно 20.7 м. Во исто време, во различни периоди од различни императори се одредуваат и калибри на водоводните цевки - фистули и големината на градежните тули - тегули, широчина на улиците, одстојанието меѓу7 приватните згради и нивните односи со јавните згради, што е често пати добар ориентир за датирање на некој објект од сакрален или профан карактер, како и накнадните градежни интервенции на нив. ↩
  15. Така релевантна димензија на тегулата во третиот урбан хоризонт во Стоби, од IV7 до VI век, е 29.5 см. ↩
  16. Сводното решение констатирано е и кај Малата (женска) терма, поради што оставивме in situ еден негов дел, во источната комора на калдариумот. За да не го оптоварува покривот, граден е од правилно делкани парчиња бигор, што се смета за решение и за Големите (машки) терми во Стоби. ↩
  17. Translated by: ↩
  18. Zoran Run¢éev ↩

Summary

Stobi - The Large Bath Conservation

The large baths in Stobi, chronologically are fitting in the third late antic urban phase, generally dated between the 4th and 6th century AD. The building is located in one of the central insulae of the city, bordered by the Via Axia on the north and Via Principalis Inferior on the west. In general, they have a basilical shaped groundplan, oriented on E-W, as almost all buildings in the city. The groundplan is subordinated to the function of the building, which is confirmed during the archeological-conservation researches. Such researches in their nature are complex and represent a basis for authentic conservation and presentation.

The conservation and the presentation of the archeologically researched buildings in Stobi are long as much as their excavation started back in 1924 and is still ongoing. As archaeological excavation, also the protection developed and changed the methods and the general scientific-expert and social treatment on individual buildings or on the city17 in general. In that matter, in Stobi we can distinguish three phases in time and in contents or period: I. 1924-1940, II. 1940-1960, Ш. 1960 to present. If we put the accent on the last phase where we input our conservational approach, defining is made by the following principle: the level of the conservatory intervention should be in direct ratio with the level of conservation of the building in whole and of the individual parts separately, taking in consideration for the importance, as well as their capacity for purpose identification of the building and especially the durability.

The walls of the Large baths in Stobi are biult in opus incertum and opus mixtum, the first one used in external walls and second one in internal walls.

The floors are mainly made of tiles made of well petrified sand, 4-7 cm thickness. The floor in the caldarium is an exception, where on the lower brick floor laid on a multileveled substruction of around 0.50, filled with coarse incoherent and fine granulate joined with lime joint and spread оп with 7-8 layers of hydraulic mortar, are placed suspenders of tubuli, rarely of bricks. Beams placed in this manner can bear larger tegulas of mamata type. Over them there is a multilayered thermal insulation layer over which symmetrically treated marble slabs are laid.

The functioning of the Roman bath needs significant amount of flowing water which the city of Stobi had it in satisfactory amount. The main artery came from the south area of the city through the canal — vallum, through Via Principalis Inferior, to the two biggest consumers, City Fountain — the nympheon and the Large baths. This kind of hydro-installation used for distribution and rationalisation of water in the Roman cities was called Casstellum Divisiorum. Further, over the local aquaduct the water was transported through ceramic pipes. In the actual bath the water was transported through tubuluses or lead pipes with various calibrations in dependence of18 the usage and the function of the room and the facture of the buildings of the wall, i.e. floors. These kinds of pipes were found during the revising excavations and archaeological-conservational researches. The complexity and uniqueness of the tasks standing prior the conservation, restoration and reconstruction, means prior the complete levels of protection including as well the presentation are included in: A. purpose and time specification, B. Authentic and permanent protection, C. Presentation, D. Maintenance and E. Exploatation. Any disrespecting of the stated and other regulations for protection, could lead towards irreplaceable damages to the Fund for cultural-historic heritage of the Republic of Macedonia.