Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 75–92

Отворите на неолитски жртвеници од типот "мајка-куќа"

Содржина
  1. 1. Четири кружни отвори на покривот
  2. 2. Отвор на темето од антропоморфниот цилиндар
  3. 3. Централен отвор на дното од жртвениците
  4. 4. Обредниот леб како супститут на куќата
  5. 5. Минијатурна куќа за мртвите

Последните педесетина години на неолитските населби од територијата на Република Македонија се појавува, еден, пред тоа непознат тип керамички предмети, кои претставуваат комбинација на куќа и на човечка фигура. Составени се од две целини: долу е шупливиот кубичен дел кој ја претставувал куќата (реалистична или схематизирана), а горе е антропоморфниот цилиндар, исто така шуплив, со отвор во горниот дел. Овој цилиндар се надоврзува на покривот од прикажаната куќа, а е обликуван во вид на човечка глава или фигура на која се означени женски полови обележја. Висината на досега публикуваните вакви наоди се движела од 15 до 50 см. Според постојните истражувања, предметите се датираат во средниот неолит, со неколку засебни типови кои гравитираат кон младиот неолит. Едно прелиминарно согледување на публикациите извештаите и збирките во македонските музеи покажа дека на подрачјето од Република Македонија досега се пронајдени близу стотина фрагментирани или цели такви објекти. Мошне е интересно што овој тип предмети засега не е констатиран надвор од територијата на Република Македонија, и покрај тоа што во богатите наоѓалишта од овој период, лоцирани во нејзината непосредна околина, се пронајдени бројни други слични култни предмети.

Во досегашната стручна литература, овие наоди се определуваат прилично обопштено - како жртвеници кои ја претставуваат Големата Мајка или Мајката Земја.1 Веќе неколкупати во нашите досегашни истражувања пристапивме кон проучување на одделните митскосимболички аспекти на овие објекти. Притоа се обидовме да изведеме нивна глобална типолошко-иконографска категоризација (Т. 1: А-Н) и во рамките на еден споредбен и интердисциплинарен семиотички пристап да фрлиме светлина врз нивната симболика и митско-религискиот карактер на ликот што тие го прикажуваат.2 Анализирајќи ја формата и иконографијата на овие наоди, ги определивме како култни предмети од типот „мајка-куќа“ кои ја претставуваат обоготворената куќа, како симбол на неколку категории и функции што се иманентни за неа (моќ да раѓа - да продуцира, да заштитува, да го одржува животот, да ги збира и организира луѓето, да ја раководи заедницата, а веројатно и да ги препородува - воскреснува умрените).

На повеќето жртвеници од овој тип зидовите на шупливиот кубичен дел се пробиени со неколку видови отвори, различни по својата позиција, големина и форма. Поголемиот дел од нив се мошне неопределени по својот карактер, односно не може јасно да се одреди дали се работи за прозорци, врати или некакви други отвори. Има и такви кои со својата необична и нефункционална форма и позиција во рамките на прикажаната градба, воопшто не можеле да соодветствуваат за каква било утилитарна намена.3 М. Гимбутас е еден од ретките истражувачи кои досега се занимавале со ова прашање. Кружните отвори на неолитските жртвеници во вид на куќа неа ја потсетиле на таквите отвори во живеалиштата на птиците, поради што таа ги поврза со митските претстави за Големата Божица овоплотена во птица, која низ нив влегува или излегува од претставените објекти. Во овој контекст, таа ја бара причината за присуството на такви отвори токму на покривите од некои жртвеници (на пример оние од Тесалија). Овој автор, попатно, ги забележува и мистериозните влезови на пелагониските жртвеници, обликувани во вид на превртена буква „Г“ или на елка со отсечени врвови.4

Надоврзувајќи се на овие сознанија и резултатите на другите досегашни проучувачи, во овој труд си поставивме за цел откривање на карактерот и намената на отворите присутни на македонските жртвеници од типот „мајка-куќа“, а врз основа на тоа и проверка на неколку хипотези околу карактерот и намената на оваа категорија култни објекти. Во овој труд ќе биде претставен само дел од овие анализи кој се однесува на оние кружни отвори кои се лоцирани на горната страна од кубусот, т.е. покривот на схематизираната куќа (Т. II) и на темето од антропоморфниот цилиндар (Т. ПО).

1. Четири кружни отвори на покривот

Кај дел на неолитските жртвеници5 од типот „мајка-куќа“, во четирите агли на горната страна од кубусот (што го претставува покривот на куќата), се наоѓа по еден мал кружен отвор во дијаметар од околу | см. Ова обележје е специфично. па дури и задолжително за жртвениците од скопскиот (Т. П: 6, 8, 12, 13), полошкиот (Т. И: 7) и прилепскиот ареал (T. Ил: 1-3), а отсуствува на примероците од битолскиот и некои типови од скопскиот ареал (Зелениково - 1. !: 4, 5 и Мршевци). Отвори со аналоген облик и позиција се присустни и на некои типови четириножни жртвеници (Т. П: 4, 5), што секако упатува на некакви заемни односи меѓу двата типа или, пак, на некакво поопшто обележје на неолитските култни предмети од овој период.

Досега не се појавија показатели ниту посериозно разработени хипотези околу карактерот и намената на овие отвори. Единствено, В. Санев изнесе претпоствка според којатие можеле да служат за спроведување јажиња преку кои жртвеникот висел, обесен за таванот.6 Оваа хипотеза не би требало начелно да се отфрли, особено со оглед на постоењето на добро аргументирани такви аналогии кои по својата основна концепција прилично наликуваат на нашите жртвеници (T. Il: 9-11).7 Сепак, ни се чини дека волуминозноста, тежината и расчленетата форма на нашите примероци не И одат особено во прилог. Поинаку кажано, тешко е да се поверува и да се најде оправдување зошто толку гломазни предмети би биле оставени на висат или да се нишаат обесени на четири јаженца. Мораме да признаеме дека така замислената слика кај нас остава впечаток на тензичност. несигурност и кршливост. Евентуалното прифаќање на оваа можност ни се чини поверојатно кај помалите и поедноставните примероци. Сметаме дека рамното дно и глобалната архитектоника на тука претставените македонски жртвеници оддишува токму со спротивна концепција која е во релација со статичноста, стабилноста и непосредниот контакт на овие предмети со подлогата.

Во оваа пригода сакаме да понудиме уште една хипотеза околу карактерот и намената на посочените отвори. Во наредните пасуси ќе се обидеме да ја аргументираме преку споредбен материјал кој се однесува на народните традици забележани во културата на словенските и балканските народи, како и на оние од подалечните подрачја на светот.

Станува збор за разни обреди, при кои, одредени дејствија се изведуваат во четирите агли на куќата. Констатирани се во речиси сите словенски области, а се реализирале во разни термини, најчесто за Бадник, но и за други празници и поводи. Во некои области на Бугарија (областа на Родопите), постарите жени од куќата изведувале обред наречен „Стопанова гозба“, кој се состоел во оставање парчиња обреден леб, три чаши вино и копан од печена кокошка во четирите агли на таванот од куќата. Притоа, неколкупати се изговарала фразата „Радуваи се стопане, весели се кршо!“ Слични обреди се констатирани во пиринскиот (Мелник и Неврокоп) и егејскиот дел на Македонија. Во селото Кочан (Пиринска Македонија), при вселувањето во новиот дом. прво влегувала сосетката, при што газејќи по бело платно и не застанувајќи кај прагот, истурала вода во секој агол на куќата и потоа го палела огништето. Во Русија, при вселувањето во нова куќа, станарите се поклонувале пред секој нејзин агол и во него оставале по една четвртинка од обредниот леб, наменет за таа пригода. На почетокот од зимата мажите јаделе леб, држејќи се за надворешните агли на куќата, верувајќи дека со тоа силата на лебот ќе се пренесе на куќата. Во некои обреди, од четирите агли на куќата се земала мов која се наменувала за лечење. Во Сињска Краина (Далмација), на празникот Сретение, во секој агол на собата и кујната се капнувале по неколку капки восок од свеќа, осветена в црква. Во Штаерска (Словенија) при првиот влез на невестата во куќата на младоженецот, таа кршела погача и во секој агол на куќата оставала по една четвртина од неа. Во повеќе делови на Балканот, за Бадник, во секој куќен агол се оставале по неколку ореви, и тоа почнувајќи од северозападниот агол. Често, притоа, домаќинката или домаќинот изговарале благослови, упатени кон дадената страна на светот, т.е. соодветниот агол на куќата: кон исток - за добар род на житото, кон запад - на виното, кон југ - за живот и здравје на челадта, а кон север - на добитокот. Во Српска Краина. при фрлањето на оревите во аглите, стопанот изговарал делови од следната молитва: кон исток - „во имја Оца“, кон запад - „и сина“, на југ - „и свјатого духа“, на север - „амин“. Во некои случаи, при фрлањето на оревите, тие им се наменувала на соодветните страни на светот („ово истоку, ово западу итн.), при што петтиот орев се фрлал нагоре, над запаленото огниште и му се наменувал на бадникот („ово бадњаку“). И во Словачка е забележено слично обредно фрлање ореви или грашок во аглите на куќата, додека во Полска е констатирано удирање на аглите со прачка, истурање на нив вода, закопување јајца, осветени врбови гранки или коски од велигденското прасе.8

Обреди, слични на наведените, се изведувале и во останатите четириаголни простори (дворот, нивата) и во однос на некои други четириаголни елементи од покуќнината (огништето, ќебето на младоженците, ковчегот на невестата, покровот на покојникот), со цел да се обезбеди или задржи благосостојбата и бериќетот во куќата и нивата или да се обезбеди плодност и здравје на сопружниците. На просторот од нивата. постапките најчесто се состоеле во закопување обреден леб и друго јадење во четирите нејзини агли.9 Забележан е и обред на осветување на куќата, при кој, пред градењето, на земјата се цртал квадрат со димензии на идната куќа, со впишување крст тој се делел на четири еднакви четириаголници, а потоа во секој од нив се всадувал голем камен, донесен од соодветната страна на светот.10

Аглите на куќата имале важно место во претставите на луѓето за живеалиштето и нивното однесување во него. Во источнословенскиот фолклор куќата се делела дијагонално на две половини, од кои левата страна и соодветниот агол со печката, т.е. огништето го сочинувале женскиот простор („бабиИ кут“ = женски агол, обично со негативен предзнак),11 додека десната страна на куќата и аголот каде стоеле домашните икони се означувал како машки простор („красный угол“ = црвен агол, обично со позитивен предзнак). Големото значење на агли во рамките на куќата можеби најдобро го покажуваат тезите според кои, словенскиот збор „куќа“ всушност се заснова на коренот „кут“ - агол.12

На универзалниот - трансисториски и транскултурален карактер на овие обреди упатуваат неколку етнографски примери од централна и јужна Африка, каде под четирите страни на живеалиштето, ориентирани според страните на светот (макар тоа било и со кружна основа) се закопувало по едно грне полно со некакви магиски елементи. Такви грниња се закопувале и при основањето на градовите, овојпат кај четирите порти, ориентирани според страните на светот, и едно во центарот на населбата. На пример, при обновата на градот Табири, кај источната градска порта биле закопани илјада секири, кај северната - илјада ножеви, а кај западната и јужната, по исто толку врвови од стрели и копја. Во центарот на градот биле обредно депонирани илјада игли. Според преданијата, оваа постапка, насочена кон прогресот и благосостојбата на населбата, порано се реализирала преку човечки жртви. Слична концепција имале и дворците на владетелите на Јурибуте (Нигерија) каде четирите врати на дворецот, ориентирани според страните на светот, ги симболизирале светите агли низ кои мирот и благосостојбата влегуваат во дворецот и оттаму се шират низ целиот град. Слични обреди се изведувале и во полето. Пред сеидбата се расфрлале зрна кон четирите страни на светот, а по жетвата се оставало житно класје во четирите агли на нивата.13

Валидноста на овие навидум далечни и несоодветни паралели ја потврдуваат неколку наоди од неолитскиот период. При ископувањето на една неолитска куќа на локалитетот Kékenydomb во Унгарија, било констатирано дека под секој нејзин агол е депонирана по една камена секира. Таква секира била пронајдена и под керамичкиот силос за жито, поставен во центарот на истото живеалиште.14 Показатели за аналогно (но не и сосем идентично) расчленување на страните и аглите на куќите има и на неолитскиот локалитет Catal Hiiyiik во Мала Азија. Според согледувањата на Ј. Ходер, нивниот јужен дел ги носи обележјата на женското начело и на животот, а во тој контекст во него е сместена печката и огништето (= „бабии кут“). Наспроти него, северниот дел15 ги носи обележјата на машкото начело и на смртта (=„красный угол“). Полова поделеност се забележува и во гробовите сместени под подот на овие куќи. Така, машките гробови се сконцентрирани во соодветната северна зона, додека за женските е предодреден централниот и источниот дел.

Магиската логика на горенаведените обреди се заснова врз верувањето дека четирите агли („четирите краеви“/„четирите страни“) на дадениот простор или објект го конституираат, определуваат и означуваат целото/сеопфатното/ потполното.16 Врз оваа логика се засоваат некои примери од традиционалната фразеологија, во кои „сите четири“ е еквивалент за „цело“ и „насекаде“ (пример, „сите четири страни на светот“ = цел свет; „четвертование“ на руски значи растргнување/черечење на сите страни). Оттука, и прикажаните обреди имаат намера, преку наведените постапки, нивното дејствие да се пренесе, распореди, реализира во рамките на целиот простор (на куќата, дворот, нивата, а преку наведените предмети од покуќнината - и на некоја друга, поопшта сфера што тие ја застапуваат).

Концептот на обредно-магиското актуализирање на четирите пункта од четиристраниот простор, нашло свои манифестации и во орнаментите, и тоа почнувајќи од неолитските. па се до современите фолклорни традиции. Тука ги имаме предвид мотивите во вид на прекрстен ромб или квадрат, чии четири полиња се дополнети со точки или други централно поставени мотиви (Т. I: 8-11). Заклучоците на неколкумина истражувачи во однос на нив укажуваат на тоа дека во бројни архаични култури, овие идеограми се претставувале на телото, облеката, живеалиштето и на други места, како знак и поттикнувач на плодноста, животот, изобилството и благосостојбата.17

Во контекст на горенаведените ритуали, можеме да претпоставиме дека и во случајот со македонските жртвеници од типот „мајка-куќа“, четирите мали аголни отвори можеле да служат за некакви магиски постапки кои би се однесувале на четирите агли на реалната куќа, а со тоа и на сиот нејзин простор. Со оглед на позицијата, големината и формата на овие отвори, на пример, тоа би можеле да бидат следните дејствија:

- налевање некакви течности во отворите (вода, млеко, крв. масло. мед, восок ...) како симболи на изобилието во целата куќа (на пример фразата „мед и млеко“ и денес е синоним за изобилие);

- турање други намирници во тврда агрегатна состојба (жито или други зрнести плодови, брашно, сол, ронки од леб...) поради иста цел;

- всадување во отворите на некакви објекти, и тоа од растително потекло (класје жито, други билки и нивни плодови, листови, гранчиња, цветови ...), но и од животинско потекло (влакна, пердуви, волна ...), како симболи на плодноста и изобилието во куќата, на нејзината исполнетост со живот или како елементи за нејзина магиска заштита;

- всадување во нив на елементи што горат, тлеат или чадат (свеќи, смола, растителни елементи, жарчиња ...).

Наведениве хипотези, на посреден начин ги потврдуваат некои керамички модели од енеолитската култура Трипоље-Кукутени, каде врз аглите од сводот на моделираната печка (која мошне наликува и на куќа), на местото на нашите отвори се моделирани четири сатчиња (и едно централно), очевидно наменети за обредно полнење со некаква материја (Т. I: 12).18

2. Отвор на темето од антропоморфниот цилиндар

Кај сите жртвеници од типот „мајка-куќа“, на темето од антропоморфизираниот цилиндар се наоѓа централно поставен кружен отвор, кој преку неговата шуплина комуницира со празниот простор на кубусот (Т. 11). Таков отвор е присутен и на двата примероци со сосема геометризирани цилиндри (Т. I: Е) од Стенче, Тетовско (Т. И: 7) и Тополчани, Прилепско (Т. Ш: 4). Во оваа смисла. единствени засега познати исклучоци се парот атипични жртвеници од Дамјан, Радовишко, кај кои нема таков отвор, поради едноставниот факт што кај нив отсуствува и пилиндричниот сегмент (Т. I: Е, 6, 7). Овој елемент кај пелагониските жртвеници (Т. I: С, D; Т. Ш: 1, 6, 7), М. Гимбутас го определува како „цилиндричен оџак на покривот, со маска на божицата“, која заедно со ѓерданот што се простира на покривот, носел карактер на „обоготворена портретна биста“.19 И други истражувачи, иако без цитирање на прстходниците и без дополнителна аргументација, исто така се решаваат овие елементи да ги определат како „оџак на куќата“."020 Сметаме дека наведениве толкувања можат да се прифатат единствено како метафора или како слободна асоцијација на авторите. Согледани на егзактно ниво, тие немаат никаква особена поткрепа, и тоа најпрво поради фактот што според сегашните сознанија, оџакот како градежно-технички елемент се појавува многу векови по неолитот.21 Од друга страна, дури и доколку би го прифатиле неговото постоење во овој период, прикажаните димензии, форма и позиција на „оџаците“ во рамките на жртвениците-куќи, воопшто не би било можно да се реализираат во стварноста, и тоа од статички, конструкциски и функционален аспект.

Во нашите претходни истражувања се обидовме да докажеме дека антропоморфните цилиндри не се присутни на македонските жртвеници за да прикажат некаков реален дел на куќата, туку за да евоцираат една митска претстава или конкретно - слика на една жива, т.е. обоготворена куќа.22 Со оглед на формата и позицијата на овие цилиндри, мошне е логично дека отворите со кои се тие дополнети, служеле за внесување на некои елементи во жртвеникот или, пак, нивно изнесување оттаму. Поврзаноста на отворите со шуплината на цилиндарот и на кубусот, ги конкретизира наведениве постапки во насока на внесување нешто што преку цилиндарот требало да доспее во кубусот, или обратно од него преку цилиндарот требало да излезе надвор.

Врз основа на прелиминарни согледувања се издвојуваат три морфолошки варијанти на овој дел од жртвениците:

- отвор во чашковидно теме (примери: Т. Ш: 1, 7, 11);

- отвор во испакнато теме (примери: Т. И: 7; Т. Ш: 2, 4, 5);

- отвор во релативно рамно теме (примери: Т. Ш: 3, 6).

Од обликот на темето можат да произлезат и соодветни хипотези за најверојатната намена на некои од таму присутните отвори. Се разбира дека чашковидните темиња би давале посилни показатели за внесување на нешто низ тука лоцираниот отвор (Т. I: 1). Притоа, конкавната форма би функционирала како еден вид инка, упатувајќи со тоа повеќе на внесувањето течности или материјали со зрнеста, гранулирана или прашеста структура (види ги погоре посочените материи во однос на аголните отвори). Темињата со рамна и особено со конвексна профилација, иако не можат да ја исклучат ваквата намена, сепак повеќе упатуваат на обратната насока — излегување/изнесување нешто од жртвеникот. Тука, пред се, го имаме предвид излегувањето чад и разни пареи, како последица на горењето или тлеењето на одредени материи поставени во кубусот (T. I: 2). На оваа функција упатува површниот увид во неколку примероци, кај кои околу отворот на темето се забележуваа зацрнување на керамиката, најверојатно предизвикано од присуството на чад или високи температури предизвикани од жар или пламен (примери: Т. Ш: 2, 11). Секако дека овие траги заслужуваат специјалистички физичко-хемиски анализи од кои во иднина би произлегле дополнителни и поаргументирани сознанија.23 Не е исклучено, во разни подрачја и периоди или во разни фази на обредот, овие отвори да се користеле за сосема различни дејствија.

На ниво на целиот жртвеник, отворот на цилиндарот сочинува единствена констелација со четирите претходно обработени аголни отвори, при што ако тие ги определувале четирите периферни точки на просторот на жртвеникот (агли на куќата), тогаш тој го кодирал неговото средиште, т.е. центарот на куќата (пример - Т. II: 2, 3). Во оваа смисла, можат да бидат интересни оние примери од горенаведените обреди кај кои постапките во четирите агли на куќата, на крајот се крунисуваат со уште едно дејствие, набиено со најголема енергија и значење. Тука мислиме на дејствијата спроведувани во огништето кое според својата позиција и значење го носи карактерот на центар на куќата (палење на огништето, дарување на Бадникот, фрлање на житото нагоре кон небото и кон „вишите сили“).

Судејќи според наведените ритуали, изгледа веројатно дека и во случајот на нашите неолитски жртвеници, обредната постапка на пример започнувала со истурање вода или други материи низ аголните отвори, а завршувала со палење кандилце или некаков „темјан“ поставен во кубусот, што предизвикувало осветлување на неговата внатрешност и/или излегување на чадот, т.е. пареата низ отворот во централниот цилиндар (Т. |: 2). Кај жртвениците со поголеми странични отвори („врати“ и „прозорци“), низ нив исто така можело да се реализира внесувањето на одредени елементи во кубусот, овојпат и во поголем габарит или, пак. сместени во помали сатчиња, поставени во неговата внатрешност (T. I: 2, 3). Обратно, кај жртвениците со целосно затворен кубус (1. I: 4, 5, Н), обредот можел да се состои исклучиво во полнење на жртвеникот (најверојатно налевање течност) преку централниот отвор во цилиндарот (малите аголни отвори кај овој поттип засега отсуствуваат).

Мошне е веројатно дека сиве овие постапки биле проследени со вербални искази - благослови и баења, кои аналогно на наведените фолклорни примери се однесувале на благосостојбата и траењето на животот во целата куќа. Мотивацијата, односно целта на некои од наведените постапки може да се продуцира во две насоки, при што обете го третираат жртвеникот како еквивалент на куќата во која се наоѓал. Според првата, тој се полни со наведените елементи (на пример, жито и млеко), за овие елементи и во реалната куќа да бидат присутни во изобилство (концепција на хомеопатска магија). Некои од прилозите можеле да симболизираат и одредени глобални и во основа апстракни категории, како на пример изобилие, добиток, богатево, благосостојба, среќа, слога. мир. хармонија, рожба. Втората насока би ја определиле во рамките на концептите на апотропејската магија, според која, поставувањето на „даровите“ во жртвеникот требало да доведат до заштита на реалната куќа од одредени негативни влијанија.

Присутвото на посакуваните елементи во куќата можело да се постигне не само на материјално туку и на ликовно ниво, односно не низ фактичко поставување на тие прилози во кубусоткуќа, туку и преку внесување во него на нивни ликовни претстави. На неолитските локалитети се пронајдени разни минијатиурни керамички фигурини, кои најчесто прикажуваат домашни четириножни животни и птици. Се идентификуваат како култни објекти или како детски играчки. Тука се и добро познатите антропоморфни фигурини, почесто со женски, а поретко и со машки пол, на кои им се придава култно значење. Кај некои од жртвениците би било можно внесување на вакви фигурини во кубусот (секако не низ тука прикажаните, туку низ поголемите отвори), што во првиот случај би било мотивирано од тежнеењето, и реалната куќа да биде исполнета со домашни животни, или со категориите што тие ги застапуваат - „добиток“, „стока“, „богаство“ (Т. I: 3). Поставувањето во жртвеникот на човечки фигурини, за кои се смета дека ги претставувале митските ликови од типот „божица мајка“, би значело внесување во куќата на мистичниот предизвикувач на наведените позитивни категории (плодност, живот, изобилие). Би било логично, покрај неа во кубусот да е присутен и машки лик, со што ќе се создаде слика на нивниот меѓусебен брак, како предуслов за продуктивноста на божицата. На ваквата намена упатуваат примери на неолитски керамички жртвеници (овој пат во вид на куќа без прикажан покрив) во чија внатрешност in зии се пронајдени минијатурни фигурини24 (Т. Ш: 12).4

3. Централен отвор на дното од жртвениците

Кај некои жртвеници од типот „мајка-куќа“, како оној од Суводол, Битолско (Т. Ш: 11), а веројатно и од Тополчани, Прилепско (фрагмент Т. Ш: 8), во основата на кубусот се наоѓа поголем централен отвор со кружна форма, на кого би му прилегале најмалку две функции.25 Наоѓајќи се токму под централниот отвор на цилиндарот, тој можел да послужи за одлевање на истурените или истурените материи од кубусот-куќа. Ваквата, на прв поглед нелогична постапка, би се оправдала со нивното „преминување“ низ овој отвор во реалноста, односно во стварната куќа, претставени преку подот, претпоставената масичка или постаментот на кои можел да стои жртвеникот:26 Во оваа смисла, особено би бил интересен земјениот под на неолитските живеалишта, кој непосредно го застапувал телото на мајката-земја, од која се потекнува и во која се мора да се врати.

Целосно зачуваниот жртвеник од Маџари (Т. II: 13) е пронајден in situ, на земјениот под од ископуваната куќа, при што во негова непосредна близина, на подот е констатирана кружна длапка со дијаметар од 25 см и длабочина од 30 см патосана и однатре грижливо измачкана со глина. Оваа ситуација ги навела истражувачите на помислата дека жртвеникот бил поставен на некаков столб, кој бил всаден во ова лежиште.27 Во врска со ова предлагаме уште една хипотеза според која би можело да се работи и за некаква форма на „ботрос““, т.е. култен бунар, кој бил издлабен во подот за да ги прими во себе жртвите истурени во жртвеникот, кои во крајна линија морале да завршат како дарови наменети на Земјата.

Големината на овој отвор во дното на кубусот можела да овозможи повремено внесување на нешто поголеми елементи во неговата внатрешност, така што жртвеникот едноставно ќе се поставел, т.е. натнел над нив. Со оглед на централниот карактер на овој отвор, тоа би можел да биде оган (во вид на некаква свеќа или кандилце) кој би го симболизирал огништето на куќата,28 како симбол на нејзиниот центар, на траењето на куќата, т.е. животот во неа или, пак, како елемент на нејзината заштита од разни негативни фактори. Огнот можел да биде кодиран и посредно, преку поставување на некоја материја, која, тлеејќи испушта чад или пареа. И денес може јасно да се согледа визуелниот и симболичкиот ефект на овис постапки: - горење на пламенчето кое ја осветлува („оживува“) внатрешноста на кубусот и оттаму фрла светлина врз реалниот ентериер на куќата; - чад кој излегувајќи низ отворот на цилиндарот (темето на божицата) ја исполнува внатрешноста на реалната куќа29 (Т. I: 2).

Во текот на ритуалите, низ овој долен отвор, во жртвениците можело да се внесе и одредено живо растение (на пример младо жито или пвеќе), посадено во мало сатче. Се разбира дека тоа можело да се внесе и низ страничните отвори - кај примероците кои на кубусот поседувале поголеми такви отвори. Наоѓајќи се во центарот на кубусот, тоа можело да ја симболизира плодноста, животот и општиот прогрес на куќата (T. I: 3). Во оваа смисла, интересно е да се напомне дека за време на горенаведените јужнословенски домашни ритуали се извикувала фразата „цветај куко - весели се домаќине“. На оваа постапка упатуваат и некои митски слики што во нашите претходни истражувања ги наведовме како ликовни паралели за македонските неолитски жртвеници. На нив, во вертикалниот пресек на антропоморфизираната куќа е прикажано дрво, пвеќе или друга билка, којашто е исто така делумно метаморфизирана во човечка фигура30 (T. Ш: 9, 10).

Мотивот на дрвото кое расте во куќата (од подот до покривот или преку него - нагоре) е присутно во бројни култури. Вообичаено го симболизира центарот, т.е. вертикалната оска на куќниот простор. која во макрокосмички рамки се изедначува со „космичкото дрво“, те. оската на светот или, пак, со „дрвото на животот“, како извор на космичките благодети. Во нашиот случај се интересни следните примери. Во древногрчките митови се јавува дејствието за плодното дрво израснато од огништето, кое во рамките на претставите за божицата Хестија, ја симболизира вкоренетоста на оваа божица во земјата, односно матичниот простор и континуитетот на семејниот род. Кај источните Словени при поставувањето на првиот ред трунци од куќата (брвнара), такво централно дрвце се всадувало во подот, и тоа тука стоело сѐ до завршувањето на градбата. Многу почесто, при покривањето на куќата, такво „дрвце“ се става на врвот од калканот. Во великоруските подрачја, по завршетокот на орањето, во едната од селските куќи се поставувала „гостинка“ - брезово дрвце облечено во женска облека. Во шаманистичките традиции на сибирските народи, дрвото кое расте во куќата и/ или над нејзиниот покрив, го симболизирало единството на одредена група племиња, но и патеката по која шаманот се искачува до небото.31

По анализата и предложените хипотези околу карактерот и намената на наведените отвори присутни на неолитските жртвеници од типот „мајка-куќа“, на крајот од овој напис би сакале да посочиме на уште некои фолклорни паралели кои можат да дадат придонес во разбирањето на глобалниот карактер овие неолитски предмети.

4. Обредниот леб како супститут на куќата

Повеќето од постапките што ги предложивме во однос на функционирањето на жртвениците од типот „мајка-куќа“, можат да се определат како магиски дејствија, при кои одредени елементи се аплицираат врз објект кој симболички ја застапува куќата, со цел и стварната куќа што тој ја претставува да биде исполнета со овие елементи или со она што тие го симболизираат. Земајќи ја предвид ваквата концепција, како паралели ни се наметнуваат и други обредни постапки од словенскиот фолклор, кои се разликуваат од нашите само на ниво на овој основен предмет во улога на симболички медиум, кој ја застапува куќата. Тука ги имаме предвид јужнословенските магиски дејствија поврзани со обредниот леб („погача“, „чесница“), најчесто подготвуван за празникот на светителот-патрон на куќата, или за Божиќ. Оваа неолитско- фолклорна релација станува уште поверојатна со оглед на тоа што во некои региони ваквите погачи експлицитно се нарекуваат „куќа“ (засега ни се познати само примери од Србија). По месењето и обликувањето, врз нивната горна површина се поставуваат разни схематизирани мотиви (исто така направени од тесто), кои на релативно реалистичен или сосема апстрактен начин ги кодираат елементите на „куќата“, сватена како конкретен објект. или во поширока смисла - како збир од објекти, покуќнина, ниви, добиток и луѓе. При нивното моделирање и поставување врз лебот, жените и на вербално ниво, преку изговорени благослови го апострофираат значењето на овие мотиви и желбите во врска со нив (за „полни амбари“, „множење на добитокот во племните“, „полна куќа дечиња“ итн.). Врз основа на состојбата на овие мотиви по печењето на лебот. се претскажува успехот на сферата што секој од нив ја застапувал. Ова магиско „полнење“ на куќата се реализира и на друг начин, така што пожелуваните елементи или симболите на среќата и успехот се внесуваат и внатре во тестото (подоцна тие ќе бидат заменети со добро познатата паричка пикната во бадниковата

Предложенава идентификација меѓу куќата и лебот би можела да се поткрепи и со еден мотив кој прилично отпорно се провлекува низ европските волшебни приказни. Тука го имаме предвид мотивот на колибата на шумската вештерка која е често направена токму од леб, те. тесто. Таа е „на колач потпрена“, „со палачинка покриена“ или претставена како „куќарка од медени колачиња“.33

5. Минијатурна куќа за мртвите

Ако тука прикажаните неолитски жртвеници ги согледаме во контекст на други слични предмети (синхрони или подоцнежни), со намена на урни за остатоците на покојникот, ни се наметнува уште една хипотеза за можната употреба на овие објекти - овојпат во рамките на култот на мртвите.34 Во разни традиции ширум светот преовладува тежнеењето за смесување, те. „удомување“ на покојникот со цел да се задоволат неговите основни човекови потреби, а, воедно, преку неговото лоцирање (и „затворање“) во определен простор да се надмине исконскиот човеков страв од него.35 Освен преку формата на гробовите и на надгробните објекти (кои често имитираат куќа), ова се правело и преку смалени мобилни модели на живеалишта кои служеле како еден вид „куќа за душите на умрените“. Тие се изработувале во одредени пригоди и се поставувале на места (неретко оддалечени од гробот), на кои се очекувало нивно минување или стационирање.

К. Г. Јунг забележува еден таков пример, евидентиран во Маунт Еглон. На патот што водел од шумата до куќата на болната, местниот врач градел „стапица за духови“, во форма на минијатурна колиба, во која се ставала мала фигура што ја претставувала болната, како и разни намирници (сето направено од глина). Се верувало дека во неа ноќе ќе навраќаат духовите на покојните родители на болната и мислејќи дека се во вистинската куќа. нема да ја тормозат својата ќерка.36 Мошне слични на наведениот пример се и „куќите за духовите на предците“ (наречени „макчам“), кои cè до минатиот век биле зачувани во фолклорот на Узбеките од јужен Казакстан. Се граделе во вид на минијатурни куќарки или ниши, лоцирани во дворот, близу куќата и што е особено интересно за нас - во самата куќа (центарот или аголот на собата, или како ниши во зидот). Во нив или покрај нив се оставале одредени намирници, главно, наменети за душите на умрените (поретко и за некои други духови), при што се верувало дека отсуството или запуштањето на овие објекти може да резултира со болест на станарите. Станува збор за предисламски традиции кои историски се следат наназад до културата на античкиот Хорезм.37

Мора да нагласиме дека во случајот на македонските неолитски жртвеници, оваа последна хипотеза засега нема особени материјална поткрепи, односно, при досегашните ископувања не се констатирани никакви нивни врски со сферата на погребувањето и култот на мртвите. Но токму судејќи според двете посочени паралели, таквата намена воопшто и не би морала да остави траги кои би биле видливи за археологијата.

Во овој труд претставивме само дел од неколкуте видови отвори присустни на неолитските жртвеници од типот „мајка-куќа“. Прашањето на останатите отвори. пробиени во страничните зидови на кубусот (врати, прозорци, месечести перфорации) го оставивме за некоја друга пригода. Всушност, тука само го отворивме прашањето околу карактерот. симболиката и култната намената на овие елементи. Очекуваме, овие согледувања во иднина да поттикнат дискусии, нови хипотези и нови правци на истражувања, засновани врз сосема поинакви методолошки концепции. Во оваа смисла, особен придонес очекуваме од физичкохемиските анализи на наодите кои би можеле да дадат драгоцен придонес во решението на горепоставените прашања и дилеми.

Никос Чаусидис

Философски факултет Т. 1 А-Н. Типолошка шема на жртвениците од типот „мајка-куќа“. Република Македонија. 1-3. Шематски приказ на можната култната намена на жртвениците. Неолитски жртвеници: 4, 5. Зелениково, Скопско; 6, 7. Дамјан. Радовишко. Ромбични орнаменти: 8, 1. Енеолит, источна Европа: 9. Среден век, Русија; 10. Мотив од древнохеленска сликана ваза. 12. Керамички модел на печка, Култура „Трипоље-Кукутени“, Березивка, Украина.

Илустрација, стр. 86
Илустрација, стр. 87

T. IL Неолитеки жртвеници од типот „мајка-куќа“, Република Македонија: 1-3. Славеј, Прилепско. 6, 12, 13. Маџари, Скопје. 7. Стенче, Тетовско. 8. Говрлево, Скопско. Неолитски жртвеници во вил на масичка: 4, 5. Славеј, Прилепско. 9-11. Неолитски култни предмети (кадилници). Santovka, Levice, Словакија, T. Ш Неолитски жртвеници од типот „мајка-куќа“, Република Македонија: 1. Тополчани. Прилепско. 2. Чаир-Скопје. 3, 5. Маџари-Скопје. 4, 8. Славеј. Прилепско. 6. Гргур. Тумба-Битола. 7. Породин. Битолско. 11. Суводол, Битолско. 12. Неолитски керамички модел на куќа, исполнет со фигурини, Plateia Magoula Zarkou, Грција. 9, 10. Мотиви од везови (етнографија). Русија.

Илустрација, стр. 88

Nikos Chausidis Faculty of Philosophy - Skopje

THE OPPENINGS OF THE NEOLITHIC ALTARS OF THE

“MOTHER-HOUSE” TYPE (SYMBOLISM AND CULT PURPOSE)

Белешки

  1. За досегашните толкувања и публикациите за овие предмети: Чаусидис, Н. 2007. ↩
  2. Чаусидис, Н. 2007; Chausidis, N., 2007; Чаусидис H., 1994, 205-211; Чаусидис, H., 1996, 47-51; Чаусидис H., 1995, 22; Чаусидис H., 2000. Тука претставените истражувања за првпат беа презентирани на XVIII симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан во Гевгелија, 2004 гол. (реферат под наслов .Мајка-Куќа-Атена-Софија, типологија и семиотика на еден тии неолитски жртвеници од Р. Македонија“). ↩
  3. В. Санев ги определува како „декоративни / украсни отвори“ (Sanev У., 2006, 188). ↩
  4. Гимбутас M., 2000, 7, 13. ↩
  5. Темелкоски Д., - Миткоски A., 2005, 52, 53. ↩
  6. Санев B., 1988, 18; Sanev У., 2006, 189, 190. ↩
  7. За приложените примери: Pavuk J., 1981, 69, 70, 92 (димензии: меѓу 3.9 и 5.2 см). ↩
  8. За наведените обреди: Толстой Н. И., 2000, 9-22; Слав. Древности, 1999, 117; Афанасьев А., том II, ↩
  9. Толстой Н. И., 2000, 9-22; Ристески Љ. С., 2005, 128. ↩
  10. Антонова Е. В., 1999, 93; Рыбаков Б. А., 1987, 42. ↩
  11. Байбурин А. К., 1983, 125-131; Слав. Древности, 1999, 117; Невская Л. Г., 1982, 116, 117; Ристески Љ. С., 2005, 131-141. ↩
  12. Толстой Н. И., 2000, 19; Чаусидис Н., 2008. ↩
  13. Иорданский В. Б., 1981, 15, 166-171. ↩
  14. Hodder, I., 1990, 85. ↩
  15. Hodder, I., 1990, 8-10. ↩
  16. Афанасьев А., том II, 111; Chevalier J. - Gheerbrant A., 1987, 87-89; за макрокосмичките аспекти на овој четворно начело: Семека Е. C., 1971, 92-119. ↩
  17. Детално за овие мотиви и соодветна литература: Чаусидис Н., 2005, 93-130. ↩
  18. Енцикл. Трипільської, 2004, том 2, 344. ↩
  19. Гимбутас M., 2000, 7. ↩
  20. Санев B., 1988, 18: Василева M., 2005, 24, 37; Здравковски Д.. 2006, 60. ↩
  21. Малинова Р. - Малин 4., 1988, 89-104, 123-126. ↩
  22. Чаусидис H., 2007, 49 и натаму. ↩
  23. Одредени не докрај завршени физичко-хемиски анализи на талозите констатирани во внатрешноста на жртвениците упатуваат на јаглеродни испарувања, веројатно како резултат на горењето слама и восок (Sanev V., 2006. 190). ↩
  24. Bailey, D. 2005. 170- Fig. 7.13: Marangou, C.. 1996. ↩
  25. Колиштркоска Настева И.. 2005, 61: Темелкоски Д., - Миткоски A., 2005, 53, 55 - Т. X: 1 (авторите сметаат дека се работи за фрагмент од жртвеник во вид на „масичка“. ↩
  26. е Слични хипотези за горниот и долниот отвор на овие жртвеници како елементи на комуникација со земјата, небото и воопшто со вселената: Колиштркоска Настева И.. 2005, 10: Здравковски Д.. 2006, 54. ↩
  27. Санев В., 1988, 18, План II. ↩
  28. Слични хипотези: Василева М., 2005, 26, 37 (функција на „кандила“). ↩
  29. Аналогии толкувања на слични енеолитски модели на куќи: Gheorghiu D., 2007, 44, 45. погребни текстови, ваквото значење донекаде го одразува „куќата на животот“ (Семека Е. С.,1971, 107, 108). ↩
  30. е Чаусидис H., 2007, Т. VII, Т. VIII; Чаусидис Н.. 1994, Т. XLVII -Т. XLIX: Чаусидис. H., 1996, сл. 6. ↩
  31. ! За грчкиот пример: Маразов И. 1988, 22; Маразов И., 1992, 254, 259. За словенските: Баибурин A. К.. 1983, 78; Динцес Л. А., 1947, 70. За сибирскиот: Анисимов, А. Ф., 1959, 55; Žukovska N. L., 1986, 81. ↩
  32. Слав. Древности. 1999, 118; Срп. мит. речник, 1998, 459-465; Маринов, Д.. 1994, 372-377: Moszynski K., 1968, 929. fig. 403. ↩
  33. За наведените примери: Prop V. Ј., 1990, 107. За оваа релација види: Чаусидис H., 2007, 64-69. ↩
  34. Неолитски урни во вид на керамички модели на куќи се пронајдени на територијата на Израел (Miller-Karpe H., 1968, Taf. 107: D-1, Taf. 108-10,12,13; види и: Чаусидис H., 2007, 56, T. IX: 8-11). ↩
  35. За гробот како куќа: Чаусидис, Н., 1996, 51, 52; Naumov G., 2007, 255-265. На пример, во древноегипетските погребни текстови, ваквото значење донекаде го одразува „куќата на животот“ (Семека Е. C.,1971, 107, 108). зе ↩
  36. Jung, K. G., 1978, 410, 411 (фуснота 2) ↩
  37. Тайжанов К. - Исмаилов X., 1980, 87-93. ↩

Summary

The Oppenings of the Neolithic Altars of the "Mother-House" Type

The aim of this work is to analyze the character and the purpose of the openings on the Macedonian Neolithic altars of the Mother-House type, based on it, and a verification of several hypothesis about the meaning and the function of this category of cult objects. Presented here is a part of these analysis which are related to these openings, located on the upper area (roof) and the bottom of the cubus (modeled house) (PI. I) and on the top of the anthropomorphic cylinder (PI. 11). On some of the altars, on the four corners on the roof of the presented house there is a circular hole cut in with a diameter of around 1 cm. So far there 15 an assumption, according to which they could be used for putting in ropes so the altar can be hanged on the roof. Not really denying this hypothesis, the author is proposing a new one, according to which these openings had cult character i.e. were used for ritual adding of certain elements in the cubus: water, various liquid food (milk, cooking oil), processed or granulated (wheat, flour, bread crumbs), vegetation (leafs, flowers, branches) and animal elements (wool, hair, feathers) or elements who can burn or smoke (candles, pitch, embers). This hypothesis can be argued through appropriate rituals concluded at the Slavic and Balkan folklore, as well as the ethnographic traditions of other distant regions of the world. Actually, they are actions taken during various occasions (moving into a house, bringing the bride in the house, New Year’s and other festivities). Namely, in the four corners of the house or on the roof various goods are placed, all with the same purpose, the abbility to gain happiness, welfare and protection in the future through this action. Especially important are the traces of such rituals, reffered to as “donating to the corners” during the excavation at the real houses from the Neolithic period. Semiotic analyses show that the four angles of the house, in these procedures symbolically are coding its total area.

The mentioned rituals quite often end with giving a present at the last point — the fireplace which codes the central part i.e. the center of the house, where in the case of elaborated Neolithic altars coincides with the central hole made on the peak of the anthropomorphic cylinders. Based on the funnel shape and traces of burning, can be assumed that through this hole on the cubus some kind of liquid was poured, or through it a smoke was going out. Besides this function and shape, the cylinders rising from the cubus, shouldn’t be treated as chimneys (they appeared in the future epochs), but as a symbolic-iconographic elements with a purpose to anthropomorphize т.е. divinize the house. On some altars, this central hole on the cylinder has its own match — larger central hole cut on the basement of the cubus. The author makes an effort for additional development and argument on the previously stated assumptions stating that it serves for pouring out the elements that were ritually added into the cubus. He doesn’t exclude the possibility that through this hole, in the cubus periodically could be possible to put out or put in certain elements (candle, icon lamp, planted plant) so the altar will simply cover them.

Adding various ritual elements could be made through larger holes, made on the lateral walls of the cubus. They could be elements that are already mentioned (in a role of symbols of the richness and the welfare of the house), so according to the principle of the homeopathic magic - and the real house to be filled with these elements or the one that they are symbolizing. Except the real elements, they could also be their art representations (figurines of people or animals). Considering the same concept, adding certain prophylactic elements (especially at the four corners) could lead to apostrophic effect, i.e. house protection from various negative aspects. In regard of listed concepts some parallels could be found, kept until present time in the Slavic and Balkan Folklore. We have in consideration the ritual breads (round breads, somewhere eve called “house”), made for Christmas or for the saint-patron holiday of the certain house, i.e. family. On their surface often is making an application of various artistic motifs, made in dough, and schematically are coding certain categories which the house should be fulfilled (“full barns”, “multiplication of the cattle in the stables”, “full house with children”). Some distant ethnographic examples are referring to the possibility of here shown Neolithic altars could serve also for symbolic sheltering and serving the souls of the deceased tenants that sometime lived in the house where this altar was placed in.

Translated by:

Zoran Runtey

Библиографија