Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 413–429

Градиште-Скопје, во близина на Скопско Кале

Содржина
  1. Историјат на локацијата
  2. Надземни обележја
  3. Нумизматички наоди
  4. Керамика
  5. Антрополошки податоци?"
  6. Завршни согледувања за некрополата од османлискиот период
  7. Други наоди
  8. Водоводна инсталација
  9. Ленче Јованова
  10. Музеј на град Скопје
  11. Мито Хаџивасилев бб Скопје
  12. LENČE JOVANOVA
  13. IRENA KOLIŠTRKOSKA NASTEVA
  14. Museum of Macedonia — Skopje

Во 2004 година, извршени се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Градиште - Скопје, на површина од 4.44 ха. Локацијата се наоѓа во непосредна близина на Скопско Кале, меѓу улиците „Самоилова“ на североисток и „Лазар Личеноски“ на југозапад.1

Локалитетот претставува природно возвишение со надморска височина од 330 м., кое го зафаќа северозападниот крај на ридот на чија спротивна страна се наоѓа Скопското Кале. Должината на ридот е 1.7 км. при што со јужната падина го следи течението на р. Вардар. (сл.1)

Теренските археолошки ископувања се реализирани од 15. 03. до 28. 04. 2004 година,2 во соработка на Музејот на Македонија, Музејот на град Скопје3 и Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје. Користена е основната геодетска мрежа важечка за град Скопје. Локацијата4 е поделена во шест сектори со димензии 100 х 100 м, со поделба на помали квадрати со димензии 20 x 20 м, во кои се отворени 42 сонди со димензии 5 x 3 M, ориентирани север - југ (освен сонда 42 - која се наоѓа надвор од локацијата). (сл. 2) Природната конфигурација на локацијата, како и вертикалната и хоризонтална стратиграфија се нарушени од бројни современи девастации.5 (сл 3)

Сл. 1. Панорамска слика на локалитетот
Сл. 1. Панорамска слика на локалитетот

Вертикалната стратиграфија на локацијата која е видлива во ископот е потврдена со геолошки испитувања на теренот, изведени до длабочина од 16 м. Слоевите од површината до релативна длабочина од 0. 20 до 1.80 м според конфигурацијата на теренот се издвоени како хоризонт на погребување во османлискиот период. Потоа, до длабочина од 16 м тлото се состои од стерилен песочник и лапорец. (сл.4)

Историјат на локацијата

Многумина познати европски патописци и други проучувачи кои го посетиле Скопје од XV до XVII век, забележале многу суштествени податоци за градот и животот во него. Тие Скопје помеѓу другото го споменуваат како еден од поголемите и посредени урбани центри на Балканот.6 “ Од постарата литература дознаваме дека во Скопје во турскиот период имало три главни гробни комплекси во стариот дел на градот (Гази Баба, Хинди Баба и Ајдар Баба) и еден од другата страна на Вардар. Најимпозантен бил комплексот Ајдар Баба, кој се наоѓал над маалото Топхане, во западниот дел од градот и се протегал на голем простор, поточно почнувал од зградата на Поштата (Telegrafhana) a завршувал кај новите воени касарни на Качаничкиот пат до гробот на Ајдар Баба, како и истоименото Теке.7 Зафаќал простор од двете страни на патот за Тетово и оној за Качаник. Според мислењето на Јован Хаџи Васиљевиќ, тоа биле најстарите гробишта во градот каде се погребувале видни личности од муслиманска вероисповест. Тоа го потврдувале впечатливите надгробни споменици. Тука се наоѓала и гробницата на Ајдар Баба, кој бил многу почитуван меѓу муслиманското населението. На почетокот на турските гробишта Ајдар Баба во 1689 година било изградено турбето на командантот на турската коњица, кој учествувал во повторното заземање на Скопје, познато како Турбе Алти Ајак. Остатоците од објектот биле видливи до шеесетите години на XX век на оваа локација.8

Сл. 2. План со квадрати и сонди
Сл. 2. План со квадрати и сонди

Турскиот историчар Салих Асим кој живеел и работел во Скопје, во своето дело за историјата на градот укажува на податокот дека на овие гробишта во време на Австро - турската војна во 1680 - 90 година биле погребани многу турски и татарски војници.9 Можно е дел од починатите од чумата, која владеела меѓу војската и населението низ градот во тоа време, да биле погребани на оваа локација. Поради чумата градот бил опожарен од австриските војски во 1689 година.!д10

Сл. 3. Современи девастации
Сл. 3. Современи девастации
Сл. 4, Геолошки слоеви од
Сл. 4, Геолошки слоеви од

Сознанието дека на оваа локација се наоѓаат турски гробишта ни ги потврдуваат и две стари карти кои го претставуваат Скопје во крајот на XIX век11 и почетокот на XX век.

Според дел од движните наоди (српски монети од почетокот на XX век пронајдени при истражувањата), тука најверојатно биле погребувани и војници кои загинале во немирите што владееле на Балканот во тој период.

Кратка анализа на некрополата од османлискиот период

Добиените резултати од археолошките истражувања, главно, ги потврдуваат претходните сознанија, според кои на овој простор во османлискиот период била лоцирана муслиманска некропола. Истражени се вкупно 213 гробови.12 Во прашање е планирана некропола со организирано погребување во паралелни редови, со различна полова припадност на покојниците. Ориентацијата на гробовите е правилна, си - ЈЗ со извесни отстапувања, најмногу до 10? степени кон исток. (сл. 5)

Сл. 6. Погребување во иста гробна јама Сл. 5. Ориентација На гробовите
Сл. 6. Погребување во иста гробна јама Сл. 5. Ориентација на гробовите

Гробовите се главно вкопани на ниво на здравица, од 20 до 180 см во зависност од конфигурацијата на теренот, во слој на растресита посветло или потемно кафена земја, без друга содржина, при што укопите видливо се одвојуваат од околниот простор. Единствено на платото, односно највисокиот дел од локацијата, гробовите се вкопани во природната песоклива карпа.

Кај поголемиот број на гробови нема нарушувања на гробниот простор. Најчесто секој покојник бил вкопан во сопствена гробна јама со почитување на гробниот простор на постарите вкопувања што укажува на обврзно поставување на надземни надгробни обележја. Забележани се неколку случаи на истовремено погребување во иста гробна јама (сл. 6), кои понекогаш се без девастација на скелетните остатоци на претходно погребаниот покојник, што укажува на одредена временска дистанца меѓу погребувањата или сродност.

Долгиот континуитет на погребување евидентен е кај гробовите, чии гробните јами делумно се преклопуваат, но без меѓусебни нарушувања и девастации, што укажува на поголема временска дистанца меѓу две погребувања.( сл. 7)

Во некои случаи при подоцнежните погребувања делумно е девастиран скелетот од претходниот покојник. При тоа понекогаш коските на претходниот покојник се прибрани и вратени

Сл. 7. Континуитет на погребувања
Сл. 7. Континуитет на погребувања
Сл. 9. Најчеста положба на покојниците
Сл. 9. Најчеста положба на покојниците
Илустрација, стр. 419

- Сл. 10. Надземни обележја во истата гробна јама, што укажува на ненамерно оштетување и почитување. Сосема ретки се примерите на девастација на делот од скелетот кој бил зафатен со новата гробна јама. (сл. 8)

Најголемиот број од покојниците биле положени на грб во испружена положба, со рацете покрај телото. Во помал број едната или двете раце се свиткани во лакти и положени во пределот на стомакот. Забележани се ретки отстапувања, како на пр. положба со прекрстени нозе, покојник положен на страна и др. Во најголемиот број случаи главата е свртена на десно со поглед кон исток (Мека и Медина). (сл. 9)

Поголемиот број на гробови биле надземно обележани. На ниво повисоко за 0.50 до 0.80 м над скелетите пронајдени се делови од камени плочи кои биле во функција на надземни обележја - камени нишани, кои освен над главата биле поставувани и над нозете. Во неколку случаи надземните обележја се пронајдени во првобитна положба. (сл. 10)

Покојниците најчесто биле погребувани во обични гробни јами, без конструкција. Некои од нив, од десната страна биле фланкирани со вертикално поставена дрвена даска, додека покојниците биле покриени со косо или хоризонтално поставена дрвена даска. Пронајдените железни клинци укажуваат дека некои од даските биле составени од помали греди. (ел. 11)

Надземни обележја

Надземните гробни нишани главно се изработени од необработени камења или грубо обработени камени плочи без натпис и без информации за имињата на покојниците. Некои еѕ __. Сл. 11. Погребување со

Сл. 12.Нишан со флорална декорација редната 2005 година, при археолошкиот
Сл. 12.Нишан со флорална декорација редната 2005 година, при археолошкиот

се изработени од бел мермер.13 Од пронајдените споменици се издвојува целосно зачуваниот вертикален надгробен нишан, со лачно оформен горен крај, под кој се наоѓа флорална орнаментика во плиток рељеф. Овој тип на нишан вообичаено бил поставуван на гробови во кои се погребани млади жени и карактеристичен е 3a XIX

Зачуван е еден фрагмент од надгробен нишан декориран со розета. Друг нишан има делумно зачувано натписно поле со арапско писмо (калиграфски натпис), на кој е запазена годината 1245 АН односно 1824 година, кога споменикот бил подигнат или покојникот починат (сонда 33).15 Според антрополошкиот извештај во гробот има остатоци од два детски скелети. (сл. 13)

По отпочнувањето на градежните работи (нивелација на теренот и ископ за темели) за американската амбасада, нанадзор од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје,16 во Музеј на град Скопје донесени се нови 22 надгробни споменици.17 Како по значајни се издвојуваат два споменика. Едниот е цел надгробен споменик кој на горниот крај завршува во форма на турбан што е белег за машки гробен укоп. Зачуван е текст со чија транскрипција споменикот е датиран во 1037 АН односно околу 1628 година.18 Другиот е надгробен споменик со текст, кој се датира во 994 АН, односно 1586.19 Споменатите два нишана истовремено се најстари споменици од локалитетот.

Сл. 13.Нишан со калиграфски натпис
Сл. 13.Нишан со калиграфски натпис

Гробни наоди

Според вообичаениот ритуал на погребување карактеристичен за муслиманските некрополи, покојниците се погребувани без гробни дарови. Исклучок се само четири гроба во кои се откриени гробни наоди:

1. Во гроб 182 (сонда 19Б) - маж на возраст од 50 - 55 години, во пределот на потколените коски пронајден е бронзен приврзок - тродимензионален крст (аверсот и реверсот се со идентична декорација) од грчки тип, односно со еднакви краци, кои по должината имаат по две конусни задебелувања (двојно разгранети гранки) и конусно задебелени краеви (цветна пупка). Во контекстот на муслиманската некропола сметаме дека крстот веројатно нема религиска содржина, туку20 е употребен како симбол во функција на амулет.21 Оваа толкување се потврдува и според местото на наод, очигледно е дека крстот не е носен во примарната функција, туку веројатно или бил пришиен на облеката или во кеса околу22 појасот. (сл. 14) 2. Во гроб 9 (сонда 6) - жена на возраст од 40 - 45 години, на левата рака на покојникот, пронајден е прстен од стаклена паста со масивен лентест носач со проширена елипсеста рам-

3. Во гроб 37 (сонда 18) - возрасна жена, на левата рака од покојникот пронајден е сребрен прстен со кружна фасетирана глава, која е исполнета со сина стаклена паста. Носачот е лентест на средината украсен со псеудо филигран. Рамењата се украсени со по три гранули.23 Се работи за едноставна имитација на сличните средновековни прстени кои се во употреба се до XIX век. (сл. 16)

4. Во гроб 205 (сонда), - жена на возраст од 30 - 35 години, десно покрај черепот пронајдена е една кружна алкичка од златна жица, која била во функција на обетка.

Нумизматички наоди

Откриениот нумизматички матерјал од осум монети бележи широка хронолошка рамка. Тоа е периодот од времето на владеењето на султанот Murad II (824-855 АН = 1421-1451), се до владеењето на триесет и четвртиот османлиски султан Абдулхамид I (1293-1327 АН =

Откриени се: еден мангир од Murad П (824-855 АН = 1421-1451), еден мангир од Mehmed II Fatih (848-886 ЛИ = 1444-1481), две акчи од Bayezid II Вели (886-918 ЛИ = 1481-1512), датирани во 1481 година, една акча од Stleymani I Канини (926-974 АН = 1520-1566), еден алтм,ш паралак (altmiş paralik) од Abdülmecit (1255-1277 ЛИ = 1839-1861), on para (10 пари) од Abdtilhamid II (1293-1327 АН = 1876-1909) и една потполно оштетена монета.

Од нумизматичко значење се акчите, од кои се одвојуваат двете од времето на султанот Бајазид Ил. Зачувани се во добра состојба и според натписите ковани се во 1481 година во монетарницата Новар (Р. Србија),25 во чија близина се наоѓале рудниците на сребро, од каде српските владари претходно веќе ковале свои монети.26 Оваа монетоковница под Османлиска управа работела повеќе од два века, а ковала исклучиво сребрени монети. Акчата пронајдена во сонда 18A на длабочина од 55 см е типичен пример за монетоковањето од тој период во целата Империја. (сл. 17)

Од нумизнатичко значење се и бакарните мангири од кои едниот е од времето на Murad II (824-855 АН = 1421-1451), а другиот од времето на Mehmed II Fatih (848-886 АН = 1444-1481)

Керамика

Во неколку сонди во површинските слоеви пронајдени се десетина фрагменти керамика од типолошки различни садови од османлискиот период, кои не можат да се поврзат со конкретни гробни вкопувања.27 (сл.19)

Сл. 14. Бронзен крс"
Сл. 14. Бронзен крс"
Сл. 15. Бронзен прстен со елипсеста фасетирана глава со син камен
Сл. 15. Бронзен прстен со елипсеста фасетирана глава со син камен
Сл. 16. Бронзен прстен со кружна
Сл. 16. Бронзен прстен со кружна
Сл. 17. Сребрена акча од Бајазит II, Фатих (1444-1481)
Сл. 17. Сребрена акча од Бајазит II, Фатих (1444-1481)
Сл. 18.Бронзен мангир од Мехмед II,
Сл. 18.Бронзен мангир од Мехмед II,

Антрополошки податоци?"

Од вкупно 213 истражени гробови, во најголем дел се откриени примарни, интактни, поединечни погребувања. Мал дел се секундарни укопи (коски собрани на куп). Забележани се истовремени погребувања, како и користење на истото место за повторно, покасно погребување при што се оштетени остатоците од првото погребување.

Вкупниот број на скелети откриени на локацијата Градиште е 216: 84 деца, 19 јувенили и 113 возрасни.

Завршни согледувања за некрополата од османлискиот период

Точните хронолошки рамки за некрополата е тешко да се одредат, поради недостатокот на гробни прилози, како и други движни наоди во слоевите надвор од контекстот на гробните целини. На основа на пишаните документи, картографски записи, малубројните надгробни споменици и оскудните движни наоди, сметаме дека е најсоодветно некрополата да се датира во османлискиот период, но со поширок временски распон на погребување, односно од крајот на 15 до почетокот на 20 век.

Други наоди

На горното плато од локацијата во три сонди (19, 19А и 18A) пронајдени се десетина фрагменти од THITOJIOWIKH различни керамички садови, кои хронолошки приѓаат на предисторискиот период, односно од енеолитот преку28 бронзеното до железното време, кои не можат да се поврзат со конкретен археолошки слој или контекст од тој период. Во прашање се инцидентни наоди, како резултат на близината на епонимните населби од енеолитот, бронзеното и железното време кои се наоѓале на локацијата на Скопската тврдина.29

Од бронзеното време издвоен е фрагмент од сад - грне со сите елементи потребни за реконструкција. Садот се отвара конусно кон ободот, кој е извлечен кон надвор, а веднаш под него се поставени две вертикални лентести држалки. (сл. 20)

Како покарактеристични се издвојуваат два фрагмента од керамички садови од железното време, кои под ободот се декорирани: едниот со хоризонтални низи од убоди, а другиот со испуштени врежани вертикални линии во одреден ритам. (ел. 21)

Водоводна инсталација

Во сонда 42 (источно во непосредна близина на бензинската пумпа на Макпетрол,30 западно од Француските гробишта, јужно на десетина метри покрај ул. Самоилова), пронајден е дел од водоводна инсталација - цевковод со заштитен канал. Открен е во должина од 5. 50 м, со правец на протегање ји - СЗ со отстапување од 10“ кон запад. (сл. 22)

Водоводната инсталација се наоѓа во си дел на сондата. Вкопана е во здравица (компактна стерилна жолта песоклива земја) на релативна длабочина од 0.65 м.

Цевководот е оформен од цевки (тубулуси) со дим: должина 25 см, внатрешен дијаметар од 22 см и надворешен дијаметар од 27 см. Цевките меѓу себе се споени со усти (муфови), кои влегуваат едни во други, но чија димензија не е утврдена бидејќи не е направен надолжен пресек на цевководот. Споевите меѓусебно се врзани со квалитетен пречистен бел варов малтер. Цевководот бил обвиткан со заштитен слој од сивкасто бел малтер со примеси на ситен песок и толчен камен, со дебелина од 3 - 4 см. Над малтерот се наоѓа уште еден заш-

Сл. 20. Керамички сад од бронзено време
Сл. 20. Керамички сад од бронзено време
Илустрација, стр. 425
Сл. 21. Фрагменти од керамички садови, железно време
Сл. 21. Фрагменти од керамички садови, железно време
Илустрација, стр. 425
Сл. 22. Положба на водоводната инсталација
Сл. 22. Положба на водоводната инсталација

титен слој со фрагменти од крупно кршени цевки (употребени се делови од истиот вид тубули како во основната конструкција на цевоводот), кои се внимателно распоредени во едно ниво. Вкупната дебелина на цевководот (тубулусите, заедно со двата заштитни слоја: малтер и кршени тубулуси) е со дијаметар од 30 см. (сл. 23)

Цевководот од двете страни е дополнително заштитен со зидови во форма на импровизиран канал. Ѕидовите, со широчина од 30 - 40 см се иззидани од правилно редени поголеми камења, а кон внатрешната страна на каналот се поврзани со варов малтер со ист квалитет како и заштитниот слој на цевководот. Зачувани се во висина од 30 см. Растојанието од цевоводот до заштитните странични зидови е од 7 - 10 см. Во овој дел на водоводната инстација, не е откриена заштитна покривна конструкција над цевководот.

Според правецот на протегање претпоставуваме дека откриениот цевковод е дел од водоводната инсталација која водела од скопскиот Аквадукт до Скопското тврдина.31

Ленче Јованова

Музеј на град Скопје

Мито Хаџивасилев бб Скопје

Ирена Колиштркоска Настева

Музеј на Македонија

Ќурчиска бб Скопје

inasteva@hotmail.com

LENČE JOVANOVA

Skopje City Museum — Skopje

IRENA KOLIŠTRKOSKA NASTEVA

Museum of Macedonia — Skopje

GRADISTE SKOPJE — NEAR THE SKOPJE FORTRESS

2004 Researches

Белешки

  1. Истражувањата се резултат на склучен Договор за условна продажба на земјиште помеѓу Владите на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија во декември 2003 г., за изградба на амбасада. Според Договорот, пред реализацијата на условната продажба на спомнатото земјиште предвидени беа археолошки заштитни сондажни теренски ископувања. ↩
  2. Истражувањата се реализирани според методологијата и динамиката предвидени со Проектот и Програмата за заштитни сондажни истражувања на лок. Градиште - Скопје прифатени од Министерството за култура на Република Македонија, кои беа финансирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. ↩
  3. Во реализацијата на теренските истражувања ангажирани се стручни лица од трите институции во состав: Стручен консултант Проф. Д-р Иван Микулчиќ, раководители на теренските истражувањата Јованова Ленче, археолог и Ирена Колиштркоска Настева, археолог: теренски истражувачи археолози: Марина Ончевска Тодоровска, Киро Ристов, Дафина Михаилова, Љиљана Шаламанов Коробар, Златко Видевски, Страхил Темов, Горан Санев, Михаил Стојанов, Игор Кузмановски, Вера Борчевска, Елена Конзуроска, Томислав Микулчиќ; Катја Грујевска, архитект, Станимир Неделковски, фотограф, Фаница Велјановска, антрополог, Бојана Новаковиќ, препаратор антрополог, надворешни соработници: Давча Спасова, археолог, Драгољуб Јовановски, архитект; ↩
  4. Отстапувања во местоположбата на сондите се направени само во случаите кога сондата се совпаѓа со некои современи деструкции на теренот или неповолна природна конфигурација на теренот: ископи за војнички ровови, голема концентрација на вегетација- дрвја, современи ископи со недефинирана функција и др. ↩
  5. Во втората светска војна јужната падина на локацијата била оштетена со голем ископ од страна на бугарската војска за сместување на противавионска артилерија. Западниот дел од горното плато на локацијата за потребите на поранешната јна бил нивелиран на ниво пониско 3a околу 2 м. од природната конфигурација. На највисокиот западен дел од локацијата од страна на поранешната јна направени се голем број ископи за сместување на артилеријата за изведување на воени вежби. Целата локација има голем број на современи упади за поставување на електрична и водоводна инсталација кои воделе кон Француските гробишта. Регистрирани се и бројни современи упади со недефиниран карактер. ↩
  6. Во оваа прилика се заблагодаруваме на Д. Живкова од Музејот на град Скопје за отстапените податоци од рефератот Archaeological investigations at the locality GradiSte (Kale) — Skopje, Proceedings of the Frst International Congress on Islamic Archaeology, Istanbul, 8-10 April 2005 (Bo печат) ↩
  7. Хаџи Васиљевиќ J., 1930,164. ↩
  8. Томовски K., 1957/58.95-111. ↩
  9. Асим С., 1932 (2005), 17, 37 - 40; Историја на Македонскиот народ, Институт за Национална Историја, том П,Скопје, 2003, 218, детални податоци за Турско - татарската војна во скопско. вертикална стратиграфија ↩
  10. Ѓоргиев Д., 1997,47 - 48. ↩
  11. Богоевиќ-Кумбараџи Л.,1998, 244-247, на првата е претставен ситуациониот план на Скопје изработен за потребите на Германскиот генералштаб: Plan von Skoplje-Uskub,zur Detailbeschreibuq des Sandzaks Plevlje und des Vilajets Kosovo. Локацијата Градиште во размер 1: 10 000 е обележана како турска некропола. На втората карта со план на градот Скопје од 1914 година, локацијата на турската некропола е обележана прецизно со посебен топографски знак. ↩
  12. Бројот на гробовите е значително поголем, бидејќи не се нумерирани гробовите кои со поголемиот дел од скелетот влегуваат во профилите на сондите. ↩
  13. Mujezinovié M., 1974, 13 -14, Надгробните нишани од скопската провениенција биле познати и користени како примери за изработка на многубројни надгробни споменици во Босна и Херцеговина и во поширокиот регион. ↩
  14. Bejti€ A., 1953 „284-292. ↩
  15. Dragica Ž., 2005, 1 – 8; текстот е преведен со помош на Проф. Д-р Муџаит Асимов, од катедрата за Турски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје. ↩
  16. Надзорот е извршен од страна на стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје (Д. Михаилова и В. Бојчевска) и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (В. Калеова и М. Велчевски). Притоа се откриени скелетни остатоци од околу 9 000 покојници, кои за натамошна верска постапка се предадени на Исламската верска заедница во Р. Македонија, повеќе надгробни споменици - нишани во фрагменти и три во целост зачувани керамички ритуални садови. ↩
  17. Dragica Z., Archaeological investigations at the locality Gradiste (Kale) — Skopje, Proceedings of the First International Congress on Islamic Archaeology, Istanbul, 8-10 April 2005 (во печат): ↩
  18. Dragica Ž., April 2005, 1 – 8, текстот е преведен со помош на Проф. Д-р Муџаит Асимов, од катедрата за Турски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје. ↩
  19. Dragica Ž., 2005, текстот е преведен со помош на Проф. Д-р Муџаит Асимов, од катедрата за Турски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје. ↩
  20. Marjanovié Vujovic G., 1977, 56, n0 67 (од Трајанов мост - Србија), n0 68, од непознато наоѓалиште во Подунавјето. Miytev K., 1922, 59-87; Манолев В. - Симовски 3., 2000, бр. 116 - 120, 108 (датирани во XI - XII век); Во приватната колекција на Трифун Костовски, се наоѓа крст (вл. бр. 364, иден. бр. 107-непознато наоѓалиште), кој припаѓа на истиот тип крстови. Хронолошки е определен во VII — IX век поради присуството на канелираната алка за прикачување, која е карактеристична за тој период. Краците се во форма на двојно разгранети гранки со топчести проширувања на краевите - цветни пупки, слично како нашиот крст. За информацијата им благодариме на Снешка Лакалиска и Викторија Грозданова Коцевски, кустоси во Музејот на град Скопје. ↩
  21. Нашиот крст е подоцнежна реминисценција, кој како манир се провлекува се до 19 век, во случајот се работи за упростена варијанта, според мислењето на Проф. Др Елица Манева на која во ова прилика и се заблагодаруваме за соработката. ↩
  22. Манева Е., 1992, 84, T. 75, 86/21; Usanuh Б., 1995, 18, бр. 15, овој тип на прстења ги датира од XV7 - XVI ↩
  23. Манева E., 1992, 86 - 88, Скопје, Иванил b., 1995, 55, бр. 159, 161, овој тип на прстења ги датира од XVII — XVIII век. 1 ↩
  24. Pere N., 1968, превземено од Dragica 7., 2005. | ↩
  25. Sreckovic 5., 1987, 28-32 превземено од Dragica 7, 2005. ↩
  26. Srećković S., 2000,103, превземено од Dragica Ž, 2005. ↩
  27. Dragica Z., 2005, смета дека присуството на керамички матерјал се објаснува со традицијата, според која по погребувањето, гробот се преливал со вода, а керамичкиот сад во кој се носела водата потоа или се кршел, се оставал на гробот или се давал на оџата. ↩
  28. Антрополошките податоци се користени од антрополошкиот извештај “Скелетни наоди од Градиште (Кале) - Скопје, изработен од д-р Фаница Велјановска. ↩
  29. Славка Гоцкова П., 1955, 1 - 26, Т. 1 - 5; Митревски Д., 2007, 11 - 16. ↩
  30. е Бензинската пумпа во меѓувреме ес дислоцирана, поради изградабата на амбасадата на сад. ↩
  31. Петров К., 1998, 87 - 111. ↩

Summary

Gradiste Skopje - Near the Skopje Fortress

On the archaeological site Gradi&te — Skopje, on area of 4.44 ha, were perform conservatory archaeological researches. The site represents a natural elevation on 330 meters above sea level, and occupies the north-west end of the hill where on the opposite side is Skopje Fortress. The natural site configuration, as well as the vertical and the horizontal stratigraphy are disturbed by the numerous contemporary devastations. The archaeological excavations performed in collaboration with the Museum of Macedonia, the Skopje City Museum and the Institute for Conservation of Cultural Monuments of the City of Skopje.

In Skopje during the Turkish period there were three main grave complexes in the old part of the town. The most impressive was the complex Ajdar Baba, on which site were made the archaeological researches. The knowledge that on this location are Turkish graveyards is also confirmed by two old

maps representing Skopje at the end of the 19th and beginning of the 20th century. The gathered results of the archaeological researches are confirming the previous knowledge, according to them on this location during the Osmanlic period was located a Muslim necropolis.

In total 213 graves were researched. The site in question is planed necropolis with organized funeral in parallel rows, with different sexes of the diseased. The orientation of the graves 15 WE —-SW with certain differs. The most of the diseased were laid on the back, in stretch position and hands beside the body. In most of the cases the head is turned on the right with a view towards East (Mecca and Medina). The total number of skeletons discovered on the Gradiste site is 216: 84 children, 19 juveniles and 113 adults. The majority of the graves were marked on the surface. The diseased were usually buried in plane grave pits, without construction. Some of them, on the right hand side were flanked with wooden plank and covered with obliquely or horizontally placed plank. The graves’ tombstone mainly is without inscription or any information about the names of the diseased. Few of them are separating: one with tombstone florally ornamented, characteristic for the 19th century, a fragment decorated with rosette and one with Arabic letters, dated from 1824.

In 2005 on this location during the building of the American Embassy were discovered another 22 tombstones. Two are separating, dated from 1628 and 1586. Those are the oldest monuments on the site.

According to the common ritual, the diseased were buried without grave gifts. Exceptions are only four graves with grave findings: a bronze pendant — tridimensional cross, a ring with glass paste, silver ring with round accented head filled with blue glass paste and a small rounded ring in golden wire, with a function as an earring. Also were found around ten ceramic fragments of typologically different vessels, which can not be connected to certain grave burials.

There were found eight coins as follows: one manghir of Murad II (824-855 AN=1421-1451), опе manghir of Mehmed II Fatih (848-886 ЛИ 1444-1481), two акет of Bayesid II Veli (886-918 AH = 1471-1512) dated from 1481, one akca of Sileymani I Kanuni (926 - 974 AH = 1520-1566), one altm’s paralak (altmis paralik) of Abdilmecit (1255 - 1277 AH = 1839 - 1861), on para (10 paras) of AbdtIhamid П (1293 - 1327 AH = 1876 — 1909) and one totally destroyed coin. Of numismatic value are the ake? of the time of Bajazid II minted in 1481 in the mint Novar (R.Serbia), as well as the copper manigri one is from the time of Murad II (824-855 AH=1421-1451) and the other one is of the time of Mehmed II Fatih (848-886 AH=1444-1481).

The necropolis dated from the Osmanlic period, but with wider time span of burial, from the end of the 15th to the beginning of the 20th century.

On the upper plane of the location there were found around ten fragments of typological different ceramic vessels which chronologically belong to the prehistory i.e. from the Eneolithic through the Bronze Age to the Iron Age and can not be connected with certain archaeological layer or context of that period.

It was discovered a part of water supply installation — pipeline with protected canal. It was discovered in the length of 5.50 meters, with SE-NW direction with 10° discrepancies towards west. According to the direction of stretching, we can suppose that the discovered pipeline is a part of water supply installation which leaded from the Aqueduct in Skopje to the Fortress of Skopje.

Translated by:

Zoran Runéev

Библиографија