Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 39–43

Можните геолошки, хидрогеолошки, седиментолошки и геохемиски промени во пештерските седименти за случај на потопување на пештерата Голема Пешт

Обиколката на пештерата е организирана од страна на ну Музејот на Македонија и носителот на Проектот, госпоѓата Љиљана Шаламанов Коробар, (14.07.2006 год.) со цел да се провери дали пештерата е потопена со највисокото достигнато ниво на вештачкото езеро на реката Треска. каков е пристапот до влезот и во каква состојба се започнатите истражни сонди, односно отворените седименти. Констатирана е следната состојба:

- максимално достигнатото ниво на езерото, што можеше да се види и утврди врз основа на трагите од пловечкиот материјал (пластични шишиња, фрагменти од дрва, мел...), достигнало до висина околу 1.5 до 2.0 м под влезот во пештерата. Поинаку кажано, водата од езерото не навлегла (од главниот влез) во пештерата, односно таа не била поплавена;

- пристапните патишта и патеки што водат до влезот на пештерата се потопени и непроодни за луѓе и транспорт на материјали во случај археолошките истражни сондирања да продолжат. Неопходни се дополнителни финансиски средства и ангажирање на градежна механизација за пробивање нов пристапен пат на повисоко ниво, во вкупна должина од околу 60-ина метри;

- се забележува влегување на неповикани луѓе во пештерата (диви копачи и риболовци) преку оградата со која пештерата е затворена. Дивите копачи откопувале и преместувале поголеми камени плочи во близина на најновата истражна сонда;

- истражните сонди не се позначајно оштетени и со незначителни чистења, ќе можат да бидат продолжени започнатите археолошки истражувања.

Во текот на обиколката на пештерата Голема Пешт беа разгледани очекуваните геолошки, хидрогеолошки, седиментолошки и геохемиски промени во пештерсеките седименти во случај да дојде до потопување на пештерата.

Потопувањето на пештерата Голема Пешт може да биде двострано:

- со постапно навлегување на водата од езерото во пештерските седименти во вид покачување на нивото на „подземните“ води, со движење на водата од подинските пештерски седименти кон повлатните,

- со нагло влегување на „површинска“ вода од езерото, низ влезот на пештерата, со пореметување на површинскиот прашинест слој, со таложење на нов слој на прашинеста глина и мел, проследено со инфилтрација на водата од повлатата кон подинските слоеви од седиментната серија. Имајќи ги предвид генезата на пештерските седименти, нивниот гранулометриски состав (грубо кластични, неврзани, мошне хетерогено гранулирани со големини на зрната од +0 до -20 см) и променливо присуство на гранулометриски фракции), суперкапиларната до груба интергрануларна-интерфрагментарна порозност, како и големината на хидростатичкиот потисок, односно притисок, за реално очекување е дека „подземната“ или „површинската“ вода низ седиментите ќе биде релативно брзо. Тоа, пак, значи дека постојат сите услови за миграција на глиновито-прашинестите фракции од хипсометриски повисоките кон пониските слоеви. Правецот и насоката на миграцијата на најситните честички ќе зависи од повеќе фактори, а, пред cè, од големината, формата и ориентацијата на интерфрагментарниот простор, хидростатичкиот притисок, односно насоката на движењето на водата. Овој процес на миграција на глиновито-прашинестите фракции и заглинување на подинските седименти ќе трае cè дотогаш додека интергрануларната порозност не се спушти на капиларно и субкапиларно ниво, односно ќе престане циркулацијата на водата.

Сл. 1. Поглед кон пештерата, јуни 2006 год. Сл. 2. Максимално достигнато ниво на водата (со пловечки материјал). 2006 год.
Сл. 1. Поглед кон пештерата, јуни 2006 год. Сл. 2. Максимално достигнато ниво на водата (со пловечки материјал). 2006 год.
Сл. 4. Пореметувања од страна на илегални лица, 2006 год.
Сл. 4. Пореметувања од страна на илегални лица, 2006 год.

Со миграцијата ќе бидат зафатени и поленовите зрнца поради што резултатите од палеоботаничките анализи на поленот за одредување на староста на слоевите, нема да бидат оние на кои со сигурност може да им се верува.

На овој начин, седиментолошки, доаѓа до промени на гранулометрискиот состав на пештерските седименти, додека во повисоките слоеви се намалува присуството на фините фракции, во пониските тоа се зголемува. Сега веќе, заедно со присутната карбонатна компонента, глиновито-прашинестите фракции претставуваат глиновито-карбонатно врзиво во новонастанатите пештерски бречи, формирани во подинскиот дел на пештерскиот седиментен столб, често присутни по пештерите со дебели седиментни серии.

Сосема е сигурно дека нивото на „подземните“ води во пештерата Голема Пешт е во директна корелативна врска со режимот и нивото на водата во вештачкото езеро на реката Треска. Таа врска се остварува низ системите на пукнатини, прслини и раседни структури со кои се испресечени степските маси на доломити и доломитски бречи во кои е создадена пештерата, како и низ меѓуфрагментарната груба порозност во рамките на пештерската седиментна серија.

Периодичните, сезонски осцилации на нивото на водата во езерото, со извесно задоцнување. директно ќе се рефлектираат врз нивото на водата во пештерските седименти. Ќе се формира извесен интервал на осцилација во „подземните“1 води кој ќе зафаќа дел од седиментната серија или целата, во зависност од режимот на водата во езерото. Во доменот на интервалот на осцилацијата во седиментите ќе настанат значителни минеро-хемиски промени како што се:

- хидратација и алтерација (распаѓањето) на органогените материи во присуство на кислородот и аеробните бактерии;

- хидратацијата и алтерацијата на голем спектар минерали и нивна трисформација во други модификации;

- деградација на минерали со содржина на железо (Fe2+) негова оксидација во (Fe3+) и негово излачување во вид на нов минерал лимонит (Fe203nH20) и формирање лимонитски превлаки во процепите и пукнатините и по површините на други фрагменти од стени и минерали.

- излачување на (Mg, Са) СОЗ во вид на арагонитски и доломитски превлаки по процепите, во интерфрагментарните простори и по површините на литичките и други материјали, но и како карбонатно и глиновито врзиво.

Присуството на вештачкото езеро на овој простор евидентно влијае и врз промените на микроклимата, особено во неговата непосредна близина, па и во пештерата. Тие се манифестираат како:

- почести и пообилни атмосферски врнежи од дожд и снег. Во внатрешноста на пештерата се забележуваат како почесто присуство на прокапни води низ процепите и пукнатините и почетоци на создавање на сталактити на таванот и мини завеси по станиците на пештерата,

- заситеноста со вода на делови од карпата (падински доломитски бречи) во кои пештерата е создадена, како и на зачетоците на новиот пештерски накит, во Зимскиот период на повеќекратно замрзнување, придонесува да се рушат. На овој начин се зголемува внатрешната висина на пештерата и се зголемува дебелината на пештерската седиментна серија:

- зголеманата влажност на воздухот во пештерата, кондензацијата и капиларното движење на влагата по страниците и таванот, му годат на создавањето влажна леплива прашина и поволна средина за развој на специфичен мов со кафеавосина до црна боја што асоцира на зачадена подземна просторија.

Од сето спомнато, се наметнува констатацијата дека подигањето на нивото на водата во езерото и евентуалното потопување на пештерата, од геолошки аспект, ќе остави трајни промени и негативни последици. Од ова, пак, произлегува потребата за забрзано и пообемно доистражување на пештерата Голема Пешт и мултидисциплинарно осмислување на проектот за нејзина трајна заштита.

NEDELJKO DORDEVIC

Kumanovo

POSSIBLE GEOLOGICAL, HYDRO-GEOLOGICAL, SEDIMENTARY AND GEOCHEMICAL CHANGES AT THE CAVE SEDIMENTS IN CASE OF FLOODING IN THE CAVE GOLEMA PEST

Белешки

  1. Неделко Ѓорѓевиќ, дип. инж. геолог стручен консултант во истражувањата на палеолитот ↩
  2. Translated by: ↩
  3. Zoran Runéey ↩

Summary

Possible Geological, Hydro-Geological, Sedimentary and Geochemical Changes at the Cave Sediments in Case of Flooding in the Cave Golema Pešt

The visit to the cave was organised by the NI Museum of Macedonia and the bearer of the Project, Mrs. Ljiljana Salamanov Korobar (14.07.2006) with aim to check if the cave is flooded to the highest reached level of the artificial lake on the Treska river, in what condition is the access to the entrance to the cave and in what condition are the probes that are already started, i.e. the opened sediments. It was concluded the maximal reached level of the lake to the height of ca. 1.5 to 2.0 meters bellow the cave entrance and presence of non officials although all the access roads and paths which are leading towards the entrance of the cave are flooded and impassable for people and transport of materials.

During the tour around the cave Golema Pest were viewed the expected geological, hydrogeological, sedimentary and geochemical changes at the cave sediments in case of flooding of the cave, A statement is imposing that the elevating of the water level in the lake and eventual flooding of the cave, from the geological aspect, will make permanent alterations and negative consequences. So the need of urgent and wider final researching of the Golema Pe&t cave and a multidisciplinary justification of the project for its permanent protection is necessary.