Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 397–406

За еден поданик на Хлапен и неговите подоцнежни наследници од Водоча

Содржина
  1. 4a-r. Проекции на прстенот со хералдичка композиција и натпис (цр. Д. Спасова)
  2. 5а, 6. Прстен со двоен крст и кринови
  3. Текстот гласи: --(ЈДИОЛИЦ РМАМЕМА
  4. ELICA MANEVA

Меѓу најбележитите наоди откриени во големата некропола на комплексот Водочки цркви, село Водоча, на 4 км северозападно од Струмица, се вбројуваат оние коишто се ископани од Гробот 196.

Наведениот гроб бил истражуван од археологот Јован Ананиев (1947-2003) во текот на 1988 год.1

Станува збор за слободно вкопана јама без никакви надгробни обележја или елементи од каква било гробна конструкција. Меѓутоа, местоположбата на гробот, западно од црквата, во нејзина непосредна близина го навестува статусот на покојникот и неговото место во општествената хиерархија (сл. 1).

Основата на гробот е на длабочина од 1.80 м под површинското ниво на теренот. Во недостиг на подетална техничка и фотодокументација, податоците за покојникот и наодите од Гробот 196 се преземени од теренскиот извештај, дневникот на работа и инвентарната книга за 1988 год.

Скелетот бил положен на грб во испружена состојба, ориентиран во правец запад-исток со извесен отклон кон с/3-ј/и, со глава навалена на север „под теретот на напластената земја“. додека десната рака била поставена на карлицата, а левата на градите. Сиве наведени податоци одговараат на средновековните погребни обичаи и на христијанските канони.

Во истиот извор се вели дека скелетот (со должина од 1.70 м) припаѓал на возрасна, робусна, женска индивидуа.2

Во пределот на главата (не се знае точната положба) е откриена мошне кревка, минијатурна наушница во фрагментирана состојба (тер. инв. бр. 181) (сл. 2). На кружно свиената, бронзена жичка, веројатно била прикачена трепетушка од сребрено, нецелосно зачувано листенце (дим.: 20 x 10 мм: пресек - | мм; трепетушка - зачувани дим.: 21 x 15 x 0.5 мм.) И покрај фрагментираноста, наушницата може да се датира во XV век.3 Меѓутоа, она што овој гроб го чини исклучително значаен за познавањето на составот и социјалната структура на популацијата погребена во водочката некропола и што дава несомнен материјален доказ за историските собитија и личности од поширокиот регион се двата прстени откриени во него (ел. 3-ба-г),

1. Некропола Водоча. Ископувања во 1988 год. и локација На Гробот 196
1. Некропола Водоча. Ископувања во 1988 год. и локација на Гробот 196

Прстенот со тер. инв. бр. 182 (сл. 3, 4а-г) според усмените кажувања на истражувачот бил најден на десната рака, веројатно на показалецот. Доколку е тоа така, се наметнува идејата за упатството наведено во западноевропскиот, средновековен Правилник за патрикиите (Patricius Ordo) каде се вели дека прстенот на десниот показалец (anulus in dextra indice) го покажува племенитото потекло на носителот или некакво честито место во општествената хиерархија.4

Наведениот прстен е еден од највпечатливите примероци од доцносредновековната продукција не само од некрополата во Водоча туку и многу пошироко.5 Тој е маркантен по своите димензии (висина - 25 мм, внатрешен дијаметар 21 мм; тежина 12.94 гр), со нагласена елипсовидна глава (22 х 16 мм), која служела и како печат, и на која е претставен целосен грб опкружен со огледално врежан натпис.

Прстенот е излеан од квалитетно сребро и е позлатен. Од долготрајната употреба позлатувањето, како и украсувањето со врежување и црно ниело се зачувани само делумно. Широкиот, лентест обрач од долниот дел на обрачот, во горната половина преминува во рамена со 2. Наушница со трепетушка 3. Прстен со хералдичка компзоција и натпис

Илустрација, стр. 399
Илустрација, стр. 399
Илустрација, стр. 399

4a-r. Проекции на прстенот со хералдичка композиција и натпис (цр. Д. Спасова)

облик на триаголни штитови украсени со нејасни, речиси сосема излижани мотиви изведени со врежување и ниело. Вратот е нешто поиздигнат и одвоен од обрачот со решеткаст орнамент. Закосената површина под главата е орнаментирана со флорални и спирални мотиви во техника на врежување дополнето со ниело.

Главата на прстенот е рамна, елипсовидна, подолжно поставена во однос на обрачот. Начинот на којшто е таа украсена отстапува од останатата декорација на прстенот. Се добива впечатокот дека тоа бил „недовршен“ продукт, украсен само во обрачот и пределот под главата, а дека самата глава била рамна и без декорација. Истата, дополнително, според потребите на носителот или нарачателот, била украсена од локален или од патувачки мајстор со помала вештина во изработката.

Како што е вообичаено кај прстените коишто служеле како печати, со една врежана линија се следи работ од главата. На тој начин се добива централна површина, во случајов со хералдичка композиција и периферно, елипсовидно поле со натпис. И грбот и натписот се из-

Илустрација, стр. 400
Илустрација, стр. 400

5а, 6. Прстен со двоен крст и кринови

Грбот е целосен. Тој се состои одрешеткасто шрафиран триаголен штит, мошне импресивен, но груб цртеж на волк6 во профил со зината муцка, силни шепи на двете прикажани нозе и нагласена опашка. Над волчешкиот грб е прикажана контура на бодеж.

За одбележување е дека волкот како амблем, односно хералдичка ознака се јавува и на други примероци накит од Водоча.

Тој се среќава на прстен-печатник од ХУ век со претстава на четириножно животно кое со своето снажно тело и шепи наликува на лав, но со долгиот врат и зашилената муцка, сепак асоцира на волк.

И чифтот кружни наушници - коишто заради нивната уникатност се наречени уште и водочка варијанта, датирани кон крајот на XV и во XVI век, на лицевата страна имаат претстава на волк со хералдички предзнак во изгледот.7

Колку носителите на наведениот накит од Водоча биле во некаква меѓусебна врска по која било основа, е се уште неразјаснета загатка.

Околу хералдичката ознака на прстенот од Гробот 196 е врежан натпис и тоа така што почетокот на текстот со вообичаената инвокација - со крст, се наоѓа под претставата на волкот.

Околу разрешувањето на содржината на натписот се консултирани голем број лингвисти и притоа се понудени повеќе контроверзни и, главно, неприфатливи предлози. Оставајќи го овој проблем за натамошна попродлабочена лингвистичка и палеографска анализа, без сомнение, може да се каже дека текстот има старословенско значење и дека покрај буквите од кирилицата, содржи и букви од латиницата и грчкиот алфабет. Ова донекаде зборува и за степенот на образование и на мајсторот и на нарачателот. Читањето што го предложи искусната славистка Д. Михајловска,8 прв го обелодени Р. Михајловски.

Текстот гласи: --(ЈДИОЛИЦ РМАМЕМА

Неговото значење би било: + ПОЧИТУВАЈТЕ(ГО) РОБОТ БОЖЈИ ХЛ(А)ПЕНА9 (сл. 3-4а).

Зборот „изволите“ може да се сфати и како учтива форма на „сакајте(го)“, „служете(го)““ или на меморијалното „спомнете(го)“.

Со тоа се поткрепува идејата за поданичкиот однос на носителот кон дародавецот Хл(а) пен и заветниот, меморијален карактер на самиот прстен.

Неодминливо е, притоа, името „Хлпен“ да се доведе во врска со личноста на феудалецот Радослав Хлапен.

Илустрација, стр. 401
Илустрација, стр. 401

ба-г. Проекции на прстенот со двоен крст и кринови (цр. Д. Спасова)

Како што е познато, тој бил намесник на Бер и Воден, области што кон српската држава на Немањиќите се приклучиле во времето на Душан,10 во 1343 год. Угледот на овој лојален челник особено пораснал откако својата ќерка Јелена ја омажил за синот на Волкашин, Марко кој се стекнал со титулата на млад крал во 1365 год.

Во црквата Св. Димитрија кај Кавадарци, заедно со сребрената, позлатена чинија со врежан двоглав орел како династичка ознака на Немањиќите и името на царот Стефан Душан, најден е и прстен - печатник со натписот: +ПРЪСТЕНЪ РАДОСЛА(В)Ъ. Меѓутоа, во средината на печатот е претставена птица со размавтани крилја.11

Наведениот прстен во постарата литература се врзуваше за личноста на Радослав Хлапен, но и за велможот Радослав кој е забележан во изворите во околината на Кустендил - Бугарија во 1429 год. Од тие области на Бугарија потекнува прстен со името Радослав и со птица во средишниот дел од печатот, но со нешто поинаков изглед од онаа на кавадаречкиот примерок.12

Со оглед на распространетоста на името Радослав се избегнува идентификацијата на неговиот сопственик со личноста на Радослав Хлапен. Ова е дотолку померодавно и затоа што според морфолошките и палеографските карактеристики Радославлевиот прстен од Кавадарци се датира во доцниот XV век.13 3

Водочкиот примерок со наведените карактеристики ги има сите обележја на луксузен претставник од велмошкиот накит од последните децении на XIV век.

По својата хронолошка припадност и по својот квалитет, како и според натписот, се чини оправдано14 овој прстен да се доведе во врска со феудалецот Радослав Хлапен, но само како негов дародавец. Претпоставката дека тој самиот бил носител на прстенот и дека бил погребен во Гробот 196 во Водоча не е оправдана. Како потврда на тоа можат да се наведат неколку аргументи. Натписот на прстенот има заветно и меморијално значење и како таков тој бил носен од некој негов поданик. Очигледните траги од долготрајната употреба, површинската изабеност, речиси целосната излижаност на позлатувањето и на ниелото, покажуваат дека тој бил употребуван со децении од повеќе носители и наследници. Конечно, тој во Гробот 196 доспеал речиси цело столетие по неговата изработка како што најречито покажува другиот прстен од истиот гроб кој се датира во XV век.

Прстенот со тер. инв. бр. 183 (сл. 5а6 - ба-г) е откриен на левата рака, на домалиот прст. Тој е, исто така, масивен, солидно изработен, излеан од квалитетно сребро. По својата форма претставува варијанта на готските типови со западноевропско потекло.15

Обрачот кој е рамен од внатрешната и полукружен од надворешната страна, во пределот на рамената се прекршува и преку скалестата профилација продолжува во триаголни, лентести рамена. Во истата маса се излеани и издигнатиот бовчесто оформен врат и масивната глава со кружна, рамна, горна површина. Целокупната висина на прстенот е 30 мм, внатрешниот дијаметар е 19 мм, пречникот на главата, односно печатот е 15 мм, додека неговата тежина изнесува 8.20 гр.

Надворешната површина на алката е украсена со врежување. Долниот дел е декориран, од едната страна со познатиот вегетабилен венец од стилизирани цветови и речиси е истоветен како кај други прстени од Водоча, веројатно произведени во иста работилница и време.16 !“

Од другата страна, на долниот дел од обрачот се врежани, во низа, ситни попречни цртки што многу потсетуваат на апстрахиран натпис или на негова имитација.

На „штитовите“ од рамениот дел на обрачот, од двете страни, грубо и не многу вешто се врежани мотиви на маркантни лилјанови цветови (сл. 5a,0; ба-г).

Со врежана кружна линија се следи надворешниот раб на главата, ограничувајќи го просторот во кој е претставен печатот на овој прстен. Станува збор за двоен (или осмокрак) крст чиишто врвови завршуваат со странични коси цртки. На тој начин краците по својот облик наликуваат на крстот со раздвоени (расчаталени) врвови, на „повторуваниот,, крст, или на оној со стилизирани вегетабилни или „детелинести“ завршетоци.17

Всушност, осмокракиот или двојниот крст од водочкиот прстен (сл. Ѕа, 6 -- ба-г) е изработен во стилот на разиграната готичка орнаментика од XV век.

Деталната анализа на вегетабилната декорација на краците упатува на имитација на стилизирани лилјанови цветови. Тоа е во склад со мотивите на рамениот дел, како и со цветните мотиви прикажани во венецот од едната страна на обрачот (ел. ба-г).

Со оглед на несомнената улога на овој прстен како печат, како и прикажувањето на маркантните кринови на „штитовите“ од рамениот, и оние на долниот дел од обрачот, печатот, односно краците на двојниот крсет можат да се доведат во врска со овој омилен, средновековен амблем или хералдички знак.18 Не треба, притоа, да се запостават ниту другите значења на овој мотив како во христијанската доктрина (како симбол на девственоста и на Богородица),19 како и во обичајниот светоглед каде кринот е олицетворение на растечката и плодоносна снага на природната и обележје на свадбениот накит.20

Според својот специфичен морфолошки изглед, димензиите, тежината, концепцијата на декорирањето и прикажаните мотиви, прстенот со печат во вид на двоен крст и кринови припаѓа на една маркантна група карактеристична за XV век со нагласок на првата половина и средината на ова столетие.21 Веројатно е, исто така, дека овие прстени се продукти од иста работилница. Неколку примероци од нив се пронајдени и во некрополата од Водоча.22

Зачуваноста на прстенот зборува дека тој доспеал во Гробот 196 релативно брзо по неговата изработка, односно нешто по средината на ХУ век. Овој податок е релевантен за датирањето на гробот.

Носејќи ги овие два прстена на рацете, личноста од Гробот 196 од Водоча го покажува своето честито потекло и значајното место во општествената хиерархија.

Со заветниот прстен наследен од некој поданик на Хлапен се потврдува наследничкиот однос со него.

Прстенот носен на левата рака освен што, веројатно, го покажува брачниот статус, ја отсликува и врската со друго видно семејство.

Во секој случај, кај една иста личност се обединети две родословни лози на истакнати првенци од Водоча, чии хералдички ознаки се доведуваат во врска со амблемите на волкот и на кринот.

Пософистицираните методи на истражување на оваа проблематика во иднина, веројатно ќе дадат и поконкретни резултати.

Елица Манева

Институт за Историја на уметност

и археологија, Филозофски факултет - Скопје

ELICA MANEVA

Institute of Art History and Archaeology, Faculty of Philosophy - Skopje

ABOUT A SUBJECT OF HLAPEN AN HIS LATER SUCCESSORS FROM VODOCA

Белешки

  1. Во 1961-1962 год., некрополата во Водоча почнал да ја ископува B. Лахтов, во 1973-1974 год. помали ископувања и истражувања на сакралните објекти извел П. Милковиќ-Пепек, а по обемните археолошки работи извршени од страна на Ј. Ананиев во периодот 1979-2003 год., ископувањата ги завршил археологот Ване Секулов во 2004 год. ↩
  2. За жал, во обемната антрополошка документација што за скелетниот материјал од Водоча ја има изработено д-р Фаница Велјановска, не постојат податоци за Гробот 196. ↩
  3. Манева E., 1992, 62, Т. 30; Манева E., 2007, кат. бр. 14-18. ↩
  4. Werner J., 1984, n. 153. ↩
  5. Манева Е., 2007, кат. бр. 40. ↩
  6. Манева Е., 2007, кат. бр. 45. ↩
  7. Манева Е., 2005, 277-297; Манева E., 2007, кат. бр. 10. ↩
  8. Mihajlovski R., 2005, 187-194. ↩
  9. Манева Е., 2007, кат. бр. 40. напред cf. n. 6. ↩
  10. Byzantium 2004, 48, cat. по. 20. ↩
  11. Манева E., 1992, 94, п. 576, Т. 88, K/1. ↩
  12. Ковачевин J., 1953, 165, сл. 97/1, 2. ↩
  13. Munomernh Д., 1990, 90, 91, кат. бр. 88; Манева E., 1992, n. 576. ↩
  14. Mihajlovski R., 2005, 187-194. ↩
  15. S Panojxosuh Б., 1969, 180, кат. бр. 111, 114, 117, 118, 120; Милошевивн Д., 1990, кат. бр. 136-160; Манева E., 1992, Т. 88, 53/20, 64/5 екс. Манева Е., 2007, кат. бр. 45, 50, 51, 52. ↩
  16. Манева E., 2007, кат. бр. 45. Можеби не е случајност што кај овој прстен печатот е во вид на волк. Види: напред cf. n. 6. ↩
  17. Encyclopedia, tom 3, 248, I/16-18. ↩
  18. Манева E., 1992, 93, n. 477-478, T. 88, 63/13, 47/1, 31/129, 31/130, 54/38 etc. ↩
  19. Радојковић Б., 1969, 115. ↩
  20. Манева Е., 2000, 45, n. 86-90. ↩
  21. Манева E., 2007, кат. бр. 45, 50, 51, 52. ↩
  22. Translated by: ↩
  23. Zoran Runéev ↩

Summary

About a Subject of Hlapen an His Later Successors from Vodoca

Among the most notable finds at the necropolis of the Vodoéki crkvi, near the village of Vodoéa, 4km northwest of Strumica, are those discovered in the grave No.196 (Fig. 1).

Aside of an ordinary earring with a silver leaf pendant from the 15th century, found near the head of the deceased (Fig. 2), there are also two rings with exceptional importance for knowing the social structure of the population buried in this necropolis, as well as for the historical events and individuals from the wider region (Fig. 3-6a-g).

The deceased from the grave No.196 probably was an adult woman bearing two seal rings. She was wearing a ring on the right index finger, a place which shows the decent origin and social hierarchy (see: Patricius Ordo, Werner, Malaja PereSéepina, n. 53). The head of the ring is decorated with a heraldic composition (shield, wolf and dagger), encircled by inscription (Fig. 3, 4a-g). The text with an Old Slavic meaning is written with letters of the Slavic alphabet, Latin and Greek. It reads: + RESPECT (THE) DEVINE SLAVE HL(A)PENA.

According to its morphological characteristics the ring is dated at the last decades of the 14th century. Presumably, an important feudal lord Radoslav Hlapen is a donor and also the ring was a testimonial and a votive gift to one of his subjects from Vodoéa.

The ring was used for a long time, judging by the damaged surface of the gilding and the niello.

In contribution towards the chronology of the grave No.196, the other ring can be used, found in the grave almost “new23. It was made in the 15th century (Fig. 5a, 6-6a-g).

This ring was worn on the ring finger on the left hand, which points to the marital status of the buried individual.

It is a high-quality sample made in silver, decorated with incision both on the loop and on the head. On the shoulders there are presented motifs of a lily, while on the head there is an eight-armed cross and its endings are shaped as stylized lily flowers.

Both the wolf and the lily, as emblems or heraldic marks can be found on other samples of jewelry worn by other people buried in Vodoéa.

It is obvious that in the grave No.196, an important person with two united genealogy of descent of eminent leaders from Vodoéa. The heraldic indications are brought in connection with the favorite middle age emblems, the wolf and the lily.

Библиографија