Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 381–395
Нумизматички сведоштва за крајот на VI и VII век
Содржина
Крајот на VI век го одбележале „варварските“ напади на Балканскиот Полуостров и според повеќето истражувачи во тој период започнало населувањето на словенските заедници на дел од територијата на Византија, вклучително и територијата на современа Македонија.1 Меѓутоа, артефактите од Република Македонија на кои им се припишува словенска провиниенција, датирани во VI и УП век, се малобројни"2 и дискутабилни.3 а историските извори кои го следат истиот период често се конфузни, некогаш дури и непотполни. Контекстот на оваа фактографија овозможува непрецизно толкување на историските случувања, па од тие причини се чини соодветно повторно да бидат анализирани нумизматичките наоди, пред се, оставите со пари кои биле депонирани во ова време.
Следењето на аваро-словенските инвазии преку оставите со пари започнало во 60- тите години на минатиот век со истражувањата на Д. М. Меткалф4 и J. Јурукова.5 Во осумдесетите години В. Поповиќ во повеќе наврати користел нумизматички материјал како репер за толкување на настаните од VI и УП век.6 И покрај тоа што неговите студии се уште претставуваат солидна основа за продлабочена анализа на материјалната култура која потекнува од овој период, сметам дека со оглед на бројноста на новооткриените остави и единечните наоди, тие треба бидат реинтерпретирани. Евидентирањето на рановизантиските остави7 во Република Македонија започнало во педесеттите години на минатиот век. Оттогаш, па се до денес се регистрирани вкупно 35 рановизантиски остави, од кои, 17 биле депонирани на крајот од VI u УП Вех.
Првите словенски упади од поголеми размери на византиската територија се забележани во времето на Јустинијан | (527-565 год.). Станува збор за упадите од 548, 550/51 и 558/59 год. кои се потврдени со историските извори и за кои постојат нумизматички докази.8 Нумизматички показатели за загрозувањс на дел од територијата на Илирик постојат и за периодот меѓу 570 до 578 год., иако за тој период нема конкретни податоци во историските извори.9
Околу 578 год. историографите и хроничарите почнуваат да известуваат за континуирано загрозување на византиската префсктура Илирик од страна на Аварите и Словените. Имено, Менандер зборувајќи за помошта која ја побарал византискиот император Тибериј од Аварите во 578/79 год.. а која се однесувала на борбата против Словените, вели: „Бидејќи Словените ја пустошеле Хелада...“10 a што според Крекиќ и Томиќ би можело да значи дека на бранот напади врз Византија кои почнуваат околу 578/79 год. му претходеле повеќе други упади кои веројатно биле чести, но и од локален карактер, па затоа и не се поединечно забележани од хроничарите.11
Оставите кои имаат terminus post quem меѓу 577 и 583 год. се концентрирани во близина на Дунавскиот лимес во Дакија Рипензис, Мезија II, и долното течение на Дунав. Од овие остави не може да се издвои само една година во која „варварските“ заедници ги преземале своите походи, меѓутоа, нивното присуство јасно говори за континуирано загрозување на лимесот во овие години.
Според Менандар, во 581 год. во Тракија се собрале повеќе од 100000 Словени за да ја ограбат Тракија и другите земји.12 На истата година веројатно се однесува и добро познатиот податок од црковната историја на Јован Ефески, кој често се употребува во корист на тезата за почеток на населувањето на Словените на територијата од Република Македонија во овој период. Според Јован Ефески, почнувајќи од 581 год. Словените пустошеле низ цела Хелада, областа околу Тесалоника и Тракија и во 584 год. веќе живееле таму како на своја територија. Прифатено е дека податоците се однесуваат на Словените кои го населувале просторот северно од долен Дунав, меѓутоа, спорна е годината кога започнуваат овие инвазии. Оставите концентрирани долж Црноморскиот Брег: Гропсни13 (577/78 год.), Адамклиси14 (578/82 год.), Хиног"15 (578/82 год.), а потоа Галата!“16 (578/79 год.) и Поново"?17 (573/78 год.), говорат дека овој продор може да се датира по 578 год., а воедно го покажуваат и правецот на движење кон Тракија на чија територија се регистрирани две остави - Pecenoso!®18 (578/82 год.) и Борец"?19 (573/78 год.).
На истиот период се однесуваат оставите откриени на Атикаи Пелопонез, кои се поврзуваат со словенски инвазии.20 На територијата од Република Македонија досега не е регистрирана остава засолнета во периодот од 577/78 год. до 582/83 год.
И додека Словените ги напаѓале областите на Тракија и Хелада, во втората половина на седумдесттите години на VI век Аварите ги загрозувале Мезија I и Дакија Рипензис. Евагриј21 и Теофилакт Симоката22 известуваат дека во 582 год. Сирмуим бил освоен од страна на Аварите, а во 584 год. Сингидунум?““,23 Виминакиј, Августа и Анхијал. Со овие настани се поврзуваат оставите откриени на Дунавскиот лимес: Бољетин24 (577/78 год.) и Текија25 (577/78 год.) и две остави покрај патната комуникација на Морава, Велико Орашје26 (578/79 год.) и Велико Градиште?"27 (580/81 год.).
На територијата од Република Македонија досега се регистрирани 12 колективни наоди на пари со terminus post quem 583/84 год. и 584/85 год. Станува збор за оставите28 од Кула, Скупи, Стоби, Баргала, Баба, една остава од околина на Прилеп и двата збирни наоди од Хераклеја.
Во досегашните истражувања 585/86 год. се земаше како terminus post quem за времето на депонирање на оставите, меѓутоа, новите наоди од монети овозможуваат нивна поинаква временска класификација.
Остави со датум на депозиција 583/84 год.
Првата остава од оваа група потекнува од локалитетот Кула, во атарот на с. Челопек, Кумановско, и содржи 1023 монети со вкупна вредност од 23076 Hymuu.29 Датумот на нејзиното депонирање го одредуваат трите полуфолеси на Маврикиј (МІВ 112B) кои биле емитувани во 583/84 год. (ел. 4). На овој локалитет е регистрирана доцноантичка тврдина која го контролирала патот кој ги поврзувал кумановската со врањската област.30 38 Според моите сознанија ова е количински најголемата остава со исклучиво бакарни пари од VI Век и според својот состав, како и утврдувањето во кое таа е откриена може да се констатира дека станува збор за војничка остава.
Следната остава од оваа група беше откриена во античката населба Скупи во 2001 год. Таа содржи 97 примероци, од кои 20 се рановизантиски, а 77 римски империјални и провинциски бронзени монети, од кои најмлади се два полуфолеса на Маврикиј од 583/84 год. (МІВ 112B). Парите кои биле сместени во мал железен сад се откриени внатре во градот, во северниот дел над античката улица.31 Присуството на римски монети во оваа остава не претставува особена реткост, бидејќи такви остави се регистрирани во повеќе провинции на Илирик, а најголема е нивната концентрација во Хелада. Употреба на римските пари во VI век се потврдува и преку единечните наоди, најчесто доцноримски нумуси во археолошки слоеви кои се определени како рановизантиски,. а причината е недостатокот на ситни номинали потребни за локалната економија. Од тие причини, според својот состав наодот од Скупи може да се определи како цивилна остава која била скриена во момент на опасност.
Ист датум на депонирање можно е да имаат и четирите остави од Стоби. Имено, првата остава, Стоби A, во својот состав има пет солиди емитувани од Јустинијан I (527-565) и Јустин П (565-578),32 но бидејќи се работи за злато, а имајќи ги предвид и другите остави од Стоби кои биле депонирани во 583/84 год., постои голема веројатност и таа да била засолнета во тоа време.33 Оставата Стоби Б, која била откриена во 1981 год. во јавната бања наречена „Казино“ содржи 71 рановизантиска монета и 9 нумуси од втора половина на ГУ век. Датумот на депонирање го одредуваат четири полуфолеса на Маврикиј од 583/84 год. (МІВ 112B; МІВ 112B; МВ 112B и МІВ 112D). Со исто време на депонирање е и оставата Стоби Ц која содржи 391 бакарна монета, два сребрени крста, потоа сребрен ромбоиден приврзок и ѓердан од стаклена паста. Оваа остава беше откриена 2005 год. во западната просторија од палата на Перистерија. Монетите биле поделени на два дела и закопани на околу половина метар оддалеченост, а во тој простор е откриен и накитот. Едниот дел од оставата содржи 24, а другиот дел 367 фолеси и полуфолеси. Во истиот објект беше откриена и оставата Стоби Д која содржи 169 монети, односно 43 фолеси и 124 полуфолеси и постои веројатност и таа да била депонирана во исто време.
Емисијата 583/84 кога биле исковани последите монети од разгледуваните остави се однесува на времето од август 583 до август 584 год. и со голема сигурност може да се претпостави дека сите овие наоди се засолнети најдоцна до крајот на 584 год., а не можат да се поврзат со 586 год. како што одамна претпостави В. Поповиќ, поврзувајќи ги оставите од Македонија со почетоците на славизацијата на овој дел од Балканот.34
Истовремени со овие наоди се оставите откриени на Атика и Пелопонез, кои најчесто се поврзуват со словенски инвазии.35 Меѓутоа, Евагриј, кој бил современик на случувањата во времето на Маврикиј вели: „Аварите стигнаа двапати до Големиот 5ид, Сингидунум, Анхијал, цела Хелада и други градови и тврдини освоија и ограбија, уништувајќи и спалувајќи се, бидејќи огромната војска престојуваше на исток...36 Податок кој се однесува на освојувањето на Сингидунум. Виминакиј, Августа и Анхијал наоѓаме и кај Теофилакт Симоката,37 од каде што исто така е јасно дека тие напади се однесуваат на 584 год., годината кога Аварите го пробиле Дунавскиот лимес.
Анализата на застапеност на емисии и ковници во оставите од Македонија покажува зголемување на паричната маса емитувана од ковницата во Тесалоника во 583/84 год. (Графикон 1). Се разбира дека воените поготовки, како и самите воени дејствија бараат поголеми финансиски трошоци, што условува и поголема продукција пари. Во периодот по 580 год., кога според Јован Ефески Словените почнуваат да пустошат низ префектурата Илирик, постоел нормален оптек на пари. Тоа упатува на претпоставка дека Словените не претставувале сериозна закана за Византија во овој период, туку заканата биле Аварите кои во 584 год. стигнале до Хелада. Во прилог на тезата дека станува збор за аварски напади оди и самата географска дистрибуција на оставите (Карта 1), од каде што е јасно дека нападите доаѓаат од север. Имајќи ги предвид пишуваните извори кои известуваат за движењето на словенските заедници преку Тракија, областа околу Тесалоника до Хелада, би требало да очекуваме висока концентрација на остави со датум на депонирање 583/84 год. во гевгелискострумичкиот регион, каде што би се стигнало од југ преку вардарскиот пат или по долината на реката Струмица. Меѓутоа, последните емисии застапени во оставите со пари, како И меѓу поединечните наоди на бакарни пари во овој регион, според досегашните регистрирани наоди, се датирани околу 576 год.
Ваквата констелација на факти овозможува да се заклучи дека депонирањето на оставите во 583/84 год. било резултат на аварска инвазија, кога Аварите, според Евагриј, стигнале до Хелада. Остави депонирани од 584/85 до 589/90 год.
Првата остава од оваа група која била откриена во Баргала во 1968 год. во својот состав има 277 рановизантиски монети и еден златен прстен. Парите и прстенот биле сместени во еден сад и засолнети во каналот до патот во близина на Епископската базилика.38 Составот на оставата, како и археолошкиот контекст многу јасно покажуваат дека тие биле скриени во услови на непосредна опасност.
Во 2000 год.39 во еден објект за живеење во близина на северниот бедем на Баргала беше откриена уште една остава. Археолошкиот контекст, односно фрагментираната керамика од големи садови, како и трагите од спалување говорат дека и таа била засолнета непосредно пред некоја опасност. Оставата содржи 27 бакарни монети и според авторите кои ја публикувал завршува со монета на Маврикиј од 601/602 год. Временското растојание меѓу претпоследната и последната емисија во оваа остава е 17 години, но тој факт може да се објасни со отсуството на пари емитувани во последната деценија на УТ век на локалитетите во Република Македонија. Меѓутоа, проблематично е датирањето на најмладата монета40 во наодот која авторите ја определиле како хибридна монета. Анализата на фотографиите на споменатата монета покажува дека се работи полуфолис кој првично бил емитуван во последите години на владеењето на Јустинијан 1 (527-565 год.)“!41 и по некое време, веројатно во времето на Јустин II (565-578 год.),42 тој бил прекован. Според тоа, сметам дека terminus post quem и на оваа остава веројатно с 584/85 год., времето кога биле исковани трите полуфолеси на Маврикиј.
Близок датум на закопување можно е да има уште една остава која била откриена 1969 год. на локалитетот Баба кај Прилеп. На овој локалитет е утврдено постоење на воен објект во кој биле стационирани неколку стотици војници. Оставата содржи 51 бакарна монета,43 но, за жал. таа не е целосна, туку е дел од остава која веројатно содржела 100-тина монети. па иако со својата последна емисија влегува во оваа група од неа не може со сигурност да се извлекуваат заклучоци.
Од истиот регион, односно околина на Прилеп, потекнува уште една остава со 30 рановизантиски монети, засолнета околу 584/85 rox. Датумот на депонирање го одредува еден полуфолис на Маврикиј (сл. 5) од наведената година (МІВ 113D). За жал, точното место на наоѓање, ниту условите во кои таа е откриена не ми се познати.
Од Хераклеја Линкестис потекнуваат два збирни наоди монети, едниот со 84 монети, а другиот значително помал и содржи 11 монети. Оставите биле откриени 1968 год.44 во микростанбената целина врз античкиот театар во градот.45 Најмлади монети во двата збирни наоди се 16 полуфолеси на Маврикиј од 583/84 год.,46 па судејќи по големиот процент монети датирани во последната индикциона година, како и откривањето на еден полуфолис од 584/85 год. меѓу единечните наоди на истиот локалитет може да се претпостави дека нападот на Хераклеја се случил околу 585 год.““
Споменатите остави се доволен индикатор дека во 585 год. или малку подоцна „варвари“ поминале преку дел од територијата на денешна Македонија. Во пролетта 585 год. Словените наведени од каганот ја опустошиле Тракија и стигнале до Големиот ид, а во есента истата година Аварите го прекинала мирот со Византија. Известувајќи за овој настан Теофилакт Симоката вели: „...оној таму (мислејќи на каганот) не мирува, туку ја пљачка Европа и ги пустоши градовите.47 Локалитетот Горни Козјак, односно Баргала несомнено настрадала во некоја од овие офанзиви. Меѓутоа, двата солида откриени во Баргала емитувани во име на Фока (602/610 год.) говорат дека животот во градот48 продолжил по овие напади, а истото го потврдуваат и обновувањата на главната Градска порта, Епископската базилика и други објекти во градот. Овие обновувања секако не биле преземени од Словени, туку од локалното население кое ги преживеало нападите. Од Хераклеја потекнува еден солид на Ираклиј (610- 641 год.),49 кој можеби сведочи дека животот и во овој град продолжил по нападот.
Во однос на оставите кои се откриваат на територијата од Република Македонија, а чии најмлади примероци се датирани по индикционата година 584/85, постои уште помала можност истите да биле депонирани токму во годината кога најмладата монета50 во наодот била искована, а што е резултат на намалената продукција на пари од ковницата во Тесалоника (Графикон 1).
Во текот на 2001 год. во североисточниот дел на цитаделата на Самоиловата тврдина во Охрид беше откриена остава со 113 бакарни рановизантиски монети. Монетите биле вкопани во подот на една градбата, во која е забележан слој со палење, искршени покривни тегули и паднати камења. TTerminus post quem на оставата е 586/87 год., а го одредува еден полуфолис (МІВ 112 D) на Маврикиј (сл. 6). Ако земеме предвид дека од 22 до 29 септември 586 год. се случила Големата опсада на Солун во која учествувале и Аварите и Словените, а која завршила неуспешно, по што „варварите“ се распрснале по Балканот, тогаш се поставува прашањето: дали Лихнид настрадал во овој повратен удар истата година кога била искована и најмладата монета во наодот или, пак, рушењето може да се поврзе со некој малку подоцнежен напад. Бидејќи најмладите примероци од оставата не покажуваат значителна истрошеност, може да се претпостави дека истата била засолнета најдоцна до крајот на осумдесетите години на VI век. Меѓу поединечните наоди има еден фолис на Маврикиј (МІВ 96С) од 589/90 год. (сл.2), но тој е перфориран и веројатно бил секундарно користен, па затоа не можеме со сигурност да го третираме како примерок кој бил во оптек на овој локалитет. Сепак, неговото постоење говори дека паричата економија веројатно постоела во областа на Лихнид и по нападот на тврдината, а тоа го потврдуваат и други поединечни наоди на пари за кои подолу ќе стане збор.
Во околината на Прилеп е откриена остава со бакарни пари чиј terminus post quem го одредува еден полуфолис на Маврикиј (МІВ 112D) од 588/89 год. (сл. 7).51 За шестата година од владеењето на Маврикиј, т.е. 587/88 год. авторот на Монемвасиската хроника вели: „...Во друг напад ја заземал (мислејќи на Аварите) цела Тесалија, цела Хелада, Стар Епир, Атика и
40 BTEC
35 KOH 50 AHT 15
= wn uw wn "лп ne Ww "лп "л "лп uw uw "л uw vw un wn uw uw we vw uw wn „лп ye "лп we we wv Со = = НИ WwW a2 2 ЅВ к дл л д мл nnn ае ЕЧ A ма за а за ЅЅ оо оо е ЕЗ ЕЗ nr lard N we » os Бе Ба = = wn мн "„л un an a БА a a a I a “1 s “4 oe Бај oe oe oe S “a n ~~ и - - nn a 2 -— - a 2 = xo wn a - - - nn a J -_ o wa a иа
Графикон 1. Застапеност на ковници и емисии во оставите од крајот од УГи УП век
Евбеја. И тие, преминувајќи на Пелопонез со војна го освоија и исфрлајќи ги и уништувајќи ги благородните и хеленски народи, сами се населија на него.52 Според повеќето истражувачи, авторот на Хрониката не прави разлика меѓу Словените и Аварите, но веројатно и во овие години територијата на Република Македонија не останала заобиколена.
Околу 100 години по засолнувањето на оставата од околината на Прилеп се случило населувањето на Сермесијанците во Керамејското Поле. По многубројните дискусии околу локацијата на ова поле, денес повеќето се согласуваат дека се работи за Прилепското Поле или пошироко, областа меѓу Стоби и Хераклеја.53 Иако овој настан се случил подоцна, односно околу 679/80 год., од Миракулите на св. Димитрија се добива впечаток дека Керамејското Поле било целосно напуштено пред доаѓањето на Кувер со Сермесијанците, а единствено се споменува дека во соседството биле населени Драговитите.54 Од ова со голема веројатност може да се претпостави дека на просторот каде што биле сместени Сермесијанците немало словенски заедници и ако на крајот од УП век оваа територија била слабо населена со преостанатото локално население, логично е да претпоставиме дека нападите во 588/89 год. доведе до пустошење, крајно осиромашување и веројатно демографски пад, но не и населување на Словени на овој дел од територијата на Република Македонија.
Во Македонија досега не е регистрирана остава чие депонирање може се се датира во последната деценија на VI век, период кој го одбележале борбите околу Дунавскиот лимес. Всушност, сите остави со исклучок на една мала остава од Царичин Град,55 се откриени токму на Дунавскиот лимес и се резултат на контраофанзивата која ја презел Маврикиј во 593 год. против Аварите и Словените, една година по завршувањето на војната со Персија. Бидејќи воените дејствија биле префрлени на Дунавскиот лимес, воопшто не треба да зачудува непостоењето депонирани пари на територијата од Македонија во овој период.
Непостоењето остави засолнети во овој период, како и малиот број поединечни наоди на пари, според В. Поповиќ се причина да се констатита дека по 585 год. на територијата од Македонија не постои парично-стоковна размена. Меѓутоа, малиот број поединечни наоди на бакарни пари, како што претходно напоменав, е последица на намалена продукција на ковницата во Тесалоника, а која била главниот снабдувач за оваа територија во изминатиот период. Иако со намален интензитет, сепак парите циркулирале на оваа територија, а освен новите ковања, не треба да се заборави и на пролонгираната циркулација, па поради тоа не може да стане збор за некое нагло прекинување на парично-стоковната размена како последица на некакви миграциони процеси. Во прилог на претходно кажаното се следните единечни наоди: фолисот на Маврикиј кован во Никомедија, датиран 589/90, откриен во с. Живојно, кај Битола,57 а од истиот владетел е и монетата датирана 601/602 год. која потекнува од тврдината на Водно.58 Еден фолис на Фока од ковницата во Антиохија 604/605 год. е откриен во регионот на Охрид (сл. 8).59 Од прилепскиот регион, с. Витолиште, е фолисот од Ираклиј (614/15 год.) кован во Константинопол.60 Фолис на Констанс II емитуван од Константинопол во 643/44 год. е откриен во регионот на Куманово (сл. 10),61 а од истиот владетел е и монетата откриена во Селце кај Прилеп.62 Од островот Голем Град во Преспа потекнува една монета на Константин IV (668-685 год.)."63 Една монета на Јустинијан II (685-695 год.) потекнува од Коњух кај Куманово.64 Покрај овие наоди има уште неколку монети кои се од непознат локалитет, но се откриени на територијата од Македонија. Станува збор за три фолиса од Константинополската ковница, два емитувани од Маврикиј, 587/88 год. (сл. 1)65 и 594/95 год, (ел.3).66 а третиот од Ираклиј во 615/16 год.67
Забележливо е дека меѓу наведените примероци ниту еден не е кован во Тесалоника, а слаба присутност на нејзини монети по 590 год. имаат и оставите кои се откриени во другите делови од територијата на префектурата Илирик.
Остави депонирани во КИ век
По конечниот неуспех на воената кампаңа на Дунавскиот лимес, во почетокот на VII век Аварите,68 Словените и другите заедници го преплавиле Балканот. Поголемите градови во северниот дел на Илирик околу 613/14 год. веќе биле освоени од страна на Аварите. Од друга страна, пак, јужниот дел на префектурата, односно Хелада, според Исидор од Севилја целосно бил окупиран од Словените, а тоа го потврдува и нумизматичкиот материјал. Станува збор за оставите од Халкис“69 (615/16 год.), Неа Анхијал“70 (615/16 год.), Атина"!71 (с. 616 год.), Tacoc”72 (616/17) и Conomoc”73 (c. 616 год.).
За разлика од високата концентрација остави во северните области околу Дунав и јужниот дел на Грција, во Македонија досега е регистриран само еден наод, кој можеби бил депониран во овој немирен период. Станува збор за споменатите два солиди на Фока (602-610 год.) од Баргала, кои според Алексова биле откриени во гроб,74 а според К. Трајковски"75 во опожарен слој. Точниот датум на депонирање тешко може да се одреди, бидејќи се работи за златни монети, па со тоа и поврзувањето на овој наод со некој историски потврден настан е речиси невозможно.
По 630 год. на територијата од Илирик речиси и да нема остави со бакарни пари и истите содржат сребрени хексаграми, златни солиди, а честопати и накит. Во текот на 2000 год. во атарот на с. Градец, Виничко, е откриена остава76 која првобитно содржела околу 60 монети (солиди и тремизи). За жал, таа е растурена и не можеме со сигурност да го знаеме нејзиниот состав, но постои веројатност истата да завршува со монета на Констанс II (641-668 год.), бидејќи од 32 зачувани монети кои биле дел на оваа остава, само две монети припаѓаат овој владетел (МІВ 26 и МІВ 31) (сл. 8). Со близок terminus post диет, односно 659/68 год. е оставата со 12 (7) хексаграми од Валандово.77 Бидејќи и двете остави не се целосно зачувани, а содржат монети од благородни метали, датумот на нивното депонирање е дискутабилен. Еднинствено може да се претпостви дека тие се засолнети во времето на владеење на Констанс П (641-668 год.) или кусо време потоа.
Зголемениот број остави и единечни наоди на пари од крајот на VI и УП век овозможува донесување на поконкретни, но не и конечни заклучоци. Тоа што во овој момент е јасно е дека по интензивното присуство на монетите во седумдесетите и осумдесетите години на VI век, следува отсуство на емисии со датум од последната деценија на векот. Причина за тоа се историските случувања на Дунавскиот лимес и монетарните фактори.
Поголем проблем околу следењето на историските случувања преку нумизматичките наоди претставува УП век за кој е евидентна намалена циркулацијата на бакарни пари, а монетите од благородни метали се помалку хронолошки чуствителни. Сепак, присуството на 10-тина бронзени примероци меѓу единечните наоди од Република Македонија, како и сребрените и златни монети од споменатите остави, дозволува да се заклучи дека отсуството на пари на оваа територија започнува при крајот на УП век.
Маја Хаџи-Манева
Народна банка на Република Македонија
Отсек за нумизматика
Кузман Јосифовски Питу 66, 1000 Скопје
hadzimanevam@nbrm.gov.mk
MAJA HADŽI-MANEVA
National Bank of Republic of Macedonia
NUMIZMATIC TESTEMONIES FOR THE END OF78 THE 6th AND 7th CENTURIES
Белешки
- Основаноста на ваквата теза е преиспитувана од И. Микулчиќ, кој смета дека пред |К век воопшто не може да стане збор за населување на Словени на територијата од Република Македонија (Види: Микулчиќ И., 1996, ↩
- Единствени наоди од овој период кои се откриени на територијата од Република Македонија, а кои најчесто им се припишуваат на Антите и Словените се т.н. прстести фибули. Манева E., 1992, 23-25, Т. 1: 93/23, B/1, 55/8; Чаусидис H., 2006, 303-327, 1. 1, 1-4, 1.6,1,1.7,4и Т. 8, 1, 2. ↩
- Третманот на прстестите фибули како ексклузивно словенскио обележје е критикуван од страна на повеќе истражувачи, меѓу кои и Ф. Курта (Види: Curta F., 2001, 247-275). ↩
- D.M. Metcalf D.M., 1962, 31. ↩
- Yurukova J., 1969, 255-263. ↩
- Popovié V., 1980, 230-265; Popovi¢ V., 1981, 111-126; Покрај B. Поповиќ, во поново време на проблемот со оставите од крајот на VI и УП век работат В. Иванишевиќ (Иванишевиќ B., 1987, 88-110.), Е. Оберландер (Oberlander-Tarnoveanu E., 2002, 155-196), C. Морисон (Morrisson C., 1998, 919-930) и др.; Во 2006 год. од печат излезе публикација во која е даден систематски преглед на рановизантиските остави, како и согледувања во врска во инвазиите во VI и УП век (Morrisson C. et al., 2006). Со исклучок на неколку остави од Македонија, останатите остави кои таму се публикувани во голема мера не ја менуваат досега познатата слика, па бидејќи мојот труд беше претставен во текот на 2004 год., на ова место ќе се заржам само на материјалот кој до тогаш ми беше познат. ↩
- Алексова Б., 1955, 17-22; Керамитчиев А., 1961, 53-64; Керамитчиев А., 1978, 158-159; Aleksova B.- Mango C, 1971, 265-281; Кепески К., 1977, 181-193; Јанакиевски Т., 1978, 189-203; Ivanišević V.-Kondijanov J., 1992, 77-99; Кондијанов Ј., 1990, 199-213; Кондијанов Ј., 1996, 95-104; Лилчиќ В.- Станчевски И., 1990, 113-132; Радић В., 1994, 75-84; Petački G., 1996, 87-93; Lilčić V.-Adzievski K., 1999, 73-81; Динчевска-Тодоровска М., 2004, 28-42; Нацев Т. - Јовановска Б., 2005, 185-194; Hadzi-Maneva M., 2007, 459-477. ↩
- Со упадите од 548 и 550/51 год. територијата на Република Македонија веројатно не била загрозена (Види: Микучиќ И., 1996, 25.). Оставата од с. Селце, Прилепско, не е во целост зачувана (Види: Керамитчиев A., 1961, 53-64), па констатацијата дека таа е резултат на упадот од 550/51 год. (според Аџиевски K., 1994, 18-19.) не можеме со сигурност да ја прифатиме. Упадот од 558/59 год. е потврден со оставата од Кале, Скачинци (1.1616 V.- Adzievski K., 1999, 73-81.). ↩
- Popovic V., 1981, 111-126; Hadzi-Maneva M, 2007, 459-477. ↩
- Blockley. R.C., 1985 (2006), 192-193. ↩
- ВИИНЈ I, 1955, 90, фуснота 20. ↩
- Blockley R.C., 1985 (2006), 190-191; ВИИНЈ I, 1955, 96. ↩
- Curta F., 1996, 145. ↩
- Curta F., 1996, 149. ↩
- Curta F., 1996, 150. ↩
- Yurukova J., 1969, 261. ↩
- Yurukova J., 1969, 261. сутни во оставите. ↩
- Curta F., 1996, 150. ↩
- Yurukova J., 1969, 262. ↩
- Popović V., 1980, 233; Γαλάνη-Κρίκου M. et al., 2002, 35-43. ↩
- Evagrius, 1846 (2005), 6 X, 295; ВИИНЈ 1, 1955, 100. ↩
- ВИИНЈ I, 1955, 105,106. - ↩
- Иванишевиќ B., 1987, 90-91. ↩
- Popovié V., 1984, 71-72. ↩
- Thid., 72-75. ↩
- Gaj-Popovié D., 1984, 18-30. ↩
- V. Popovié, 1984, 75-77. ↩
- Анализирајќи ги оставите од Република Македонија, чии најмлади монети се датирани во осумдесетите год. на VI век, В. Поповиќ заклучил дека сите биле депонирани во 585/586 год. (Popovic V., 1980, 242-243.). Овие обиди на В. Поповиќ се критикувани од страна на Д. М. Меткалф (Metcalf D.M., 1991, 144-145.) и Ф. Курта (Curta F., 1998, 71-72); дистрибуцијата на парите од ковницата до крајните корисници особено во овие години се одвивала со голема брзина, па датумот на последната емисија во оставите најчесто е и датум на депонирањето на истата. Оваа констатација особено се однесува на парите кои се откриени на територијата од Република Македонија, која географски е многу блиска со ковницата Тесалоника, а од каде потекнуваат поголемиот број примероци присутни во оставите. ↩
- Оставата не е публикувана и се чува во Нумизматичка збирка на нбрм, инв. бр. 07/2. ↩
- Георгиевски Б. - Трајковска Л., 1996, 223. Белград. ↩
- Ончевска-Тодоровска M., 2004, 28-42. ↩
- Panuh B. - Иванишевиќ B., 2006, кат. Ор. 221, 224, 362, 363, 369; оставата се наоѓа во Народниот музеј во Белград. ↩
- За информацијата во врска со составот на оставите Стоби Ц и Стоби Д му благодарам на Миле Велчовски од ну Национален конзерваторски центар - Скопје. ↩
- Popović V., 1980, 242-243. ↩
- Metcalf D. M., 1962, 134-157. ↩
- Evagrius, 1846 (2005), 6 X, 295; ВИИНЈ, 1955, 101. ↩
- ВИИНЈ, 1955, 106-107. се утврди легендата на аверсната страна. ↩
- Длексова Б.. 2001, 93-101. ↩
- Нацев Т. - Јовановска B., 2005, 185-194. ↩
- Нацев Т. - Јовановска Б., 2005, 193. Во каталогот е наведена референца (МІВ 2, 114) која упатува на монета на чиј аверс, според Хан (Hahn W., 1973, 422; Hahn W., 1975, 71.) е името на Јустин II, а на реверсот годината XX, која ѕој ја поврзува со Маврикиј, односно 601/602 год. На аверост од монетата со кат. Ор. 26 авторите ја забележале легендата DN MAVR ТИб РР AV, па според описот воопшто не станува збор за хибридна, туку регуларна монета која според читањето на авторите била издадена во 601/602 год. Погрешното атрибуирање на монетата со кат. бр. 26, фактот дека во каталогот има најмалку уште една лошо датирана монета (кат. бр.8), како и неможноста да ги видам овие монети, ме наведува да изразам голема резерва во однос на предложенот датум на депонирање на оставата. ↩
- Од фотографиите (Види: Нацев Т. - Јовановска B., 2005, 191, ТІ, 26) се забележува дека монетата била прекована, што веројатно предизвикало забуна во однос на датирањето. Погрешното атрибуирање на монетата со кат. бр. 26, фактот дека во каталогот има најмалку уште една лошо датирана монета (кат. бр.8), ме наведе да се посомневам во однос на предложенот датум на депонирање на оставата. ↩
- Од приложените фотографии (Види: Нацев Т. - Јовановска Б., 2005, 191, Т. II, 26) не може со сигурност да се утврди легендата на аверсната страна. ↩
- Кепески К., 1977, 181-193. ↩
- Оставата се наоѓа во Нумизматичката збирка на нбрм. инв. бр. 00/7/9, не е публикувана. ↩
- Јанакиевски Т., 1978, 189-203. годарам на раководителот на потражувањата на локалитетот Самоилова тврдина, г. Љубо Кујунџиев, што ми овозможи да имам увид во нумизматичкиот материјал откриен во тек на ископувањата од 2000 до 2004 год. ↩
- В. Поповиќ нападот го датира во 585 или 586 год. (Рором V., 1980, 242-243.). ↩
- ВИИНЈ I, 1955, 108. ↩
- Алексова Б., 2001 , 97. ↩
- Микулчиќ И.. 1999, 395. ↩
- Оставата са чува во Завод за заштита на споменици на култура и Музеј - Охрид под инв. бр. M-823. My благодарам на раководителот на истражувањата на локалитетот Самоилова тврдина, г. Паско Кузман, што МН ОВО3- можи да имам увид во нумизматичкиот материјал откриен во текот на ископувањата од 2000 до 2004 год. ↩
- Со ист датум завршува единствено оставата од околината на Јамбол, Бугарија која содржела околу 30 бронзени монети. Покрај тоа, во Грција и Бугарија се откриени уште неколку остави со златни монети кои не дозволуваат прецизно датирање, но би можеле да бидат засолнети во овој несигурен период. ↩
- ВИИНЈ 1, 1955, 286. ↩
- Поповиќ B., 1987, 114; Микулчиќ И., 1996, 32. ↩
- ВИИНЈ I, 1955, 213. ↩
- Popovié V., 1984, 77-79. зе Popovic V., 1980, 243-244. ↩
- Popovié V., 1980, 243: монетата се наоѓа во НУ4 Завод и Музеј - Битола, инв. бр. 981. ↩
- Микулчиќ И., 1999, 394. ↩
- НБРМ, инв. бр. 99/12/3-3; види: Шелдаров Н. et. al., 2002, 154. ↩
- Popovié V., 1980, 243. ↩
- НБРМ, инв. бр. 04/1/49. ↩
- Микулчиќ И., 1996, 32. ↩
- Микулчиќ И., 1996, 281. ↩
- Микулчиќ И., 1996, 225. ↩
- НБРМ, инв. бр. 00/62/2-7; Шелдаров Н. et. al., 2002, 153. ↩
- Хаџи-Манева М., 2006, кат. бр. 522. ↩
- НУ Музеј на Македонија, инв. бр. 731: Шелдаров Н.. et al., 1999, 118. ↩
- Popović V., 1980, 246-247. ↩
- Curta F., 1996 (1998), 165. ↩
- Tahkavn-Kpixov M. et al., 2002, 68-69. ↩
- Сина F., op.cit., 166. ↩
- Галбуп-Кркоџо M., 2002, 70-71. ↩
- ToAdvn-Kpikov M., 2002, 69-70. ↩
- Алексова b., 2001, 97. ↩
- За информацијата му благодарам на К. Трајковски од НУ7 Музеј на Македонија. ↩
- Монстите се дел од Нумизматичката збирка на нбрм. ↩
- Radić V., 1994, 75-84. ↩
- Translated by: ↩
- Zoran Runéev ↩
Summary
Numizmatic Testemonies for the End of the 6th and 7th Centuries
The recording of the Early Byzantine hoards in Macedonia and their connection with the historical events started in the fifties of the last century. Since then there were thirty five Early Byzantine hoards registered and seventeen of79 which are a subject of my work. This article refers to hoards of which the earliest are having the indication year of 583/84 and the latest one ends with a solidus of Constance, dated in the year of 662/67.
In these hoards three groups can be separated: hoards sheltered in the year of 583/67, those sheltered in the period from 584/85 to 588/89 and hoards from the 7th century. It is accepted that, in general, they are deposited as a result of war, which is thouroughly confirmed by their archeological context. Namely we have precise data for the discovery of Early Byzantine coins, which are regularly found in the fortifications, in the layers containing traces of destruction and fire.
The increasing number of hoards and single finds of coins from the end of the 6th and the 7th century enables more precise, but not final conclusions. At this moment it is certain that after the intensive presence of coins in the seventies and the eighties of the 6th century absence of coins dated of the last decade of the century follows up. The reason being the historic occurrences at the Danube limes, as well as the monetary factors. Settling of new communities on the territory of the Republic of Macedonia, has no influence at all.
The problem while following the historical events through the numismatic finds is the 7th century, when it is evident that a decreased circulation of copper coins and the coins made of precious metals are less chronologically sensitive. However, the presence of approximately ten copper samples amongst the single finds in the Republic of Macedonia as well as the silver and the gold coins found in both of the hoards, which leads to a conclusion that the absence of coins on this territory begins towards the end of the 7th century.
Библиографија
- Алексова Б. 1955, Наоди на средновековни пари 1921-1954, Весник на музејско конзерваторското друштво 1, Скопје, 17-22.
- Aleksova B.- Mango C. 1971, Bargala: A preliminary report, Dumbarton Oaks papers 25, Washington, 265-281.
- Алексова b., 2001, Zpesopomco6usanmuckumonemuoo Баргала, Монетите и монетоковниците во Македонија, зборник на трудови од симпизиумот одржан по повод 80 год. од животот и 50 год. наставна и научна дејност на академик Ксенте Богоев, Скопје, 93-101.
- Аџиевски K., 1994, //пелагонија во средниот век, Скопје.
- Blockley R.C., 1985 (2006), The history of Menander the guardsman, Cambrige.
- Византиски извори за историју7 народа Југославије 1, 1955, Еԁ. Острогорски Г., Београд.
- Gaj-Popovié D., 1984, Trois trésors de monnaies de bronze protobyzantins du Musée National7 de Belgrade, Numizmatiéar 7, Beograd, 18-30.
- Гајкбуп Kpixov M. - Nucodéov I. - Oucovopidov M. - Pévva B. - Тоорбтооудот I. - Тообрти H., 2002, Георгиевски B. - Трајковска Л., 1996, Кула, Археолошка карта на Република Македонија, Скопје, 223.
- Evagrius, 1846 (2005), Ecclesiastical7 history, Published by Samuel Bagster and sons, London.
- Иванишевиќ B., 1987, Византијски новца са Београдске mephaee, Нумизматичар 10, 88-110, Београд.
- IvaniSevié V. - Kondijanov J., 1992, Le trésor de Sekulica, Revue Numismatique XXXIV, Paris, Јанакиевски T., 1978, Наоди на византиски монети во градбите 54 и 5B од доцноантичката микростанбена целина врз римскиот театар во Heraclea Lyncestis, Maced. acta archaeol. 4, Прилеп, 189-209.
- Кепески K., 1977, Рановизантиска остава на бронзени монети од местото Баба кај Прилеп, Maced. acta archaeol. 3, Скопје, 181-193.
- Керамитчиев A., 1961, Едно депо на рановизантиски монети од село Селце, Прилепско, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија III, Скопје, 53-64.
- Керамитчиев A., 1978, Hymusmamuyxu наоди од Македонија (1958-1978), Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија VIII, Скопје, 157-160.
- Кондијанов J., 1990, Две остави со палеовизантиски пари од с .Секулица, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје, 199-213.
- Kondijanov7 J., 1996, The Early Byzantine Hoard from the Village of Novo Selo, Maced. Num. Jour. 2, Skopje, 95-104.
- Лилчиќ В. - Станчевски И., 1990, Hoeu монетни наоди од неколку доцноантички градишта во скопско, Гласник на Институтот за национална историја XXXIV7 1-2, Скопје, 113-132.
- Liléié V. - Adzievski K., 1999, Coin hoard7 discovered7 in the Veles district, Maced. Num. Jour. 3, Skopje, 73-81.
- Манева E., 1992, Средновековен накит од Македонија, Скопје.
- Metcalf D. M., 1962, The Slavonic threat2 on Greece c. 580: some evidence from Athens, Hesperia 31, Athens, 134-157.
- Metcalf D. M., 1991, Avar and7 Slav7 invasion into the Balcan peninsula (c.575-625): The Nature of the Numismatic Evidence, Journal of Roman Archaeology 4, Ann Arbor, Микулчиќ И.. 1996, Средновековни градови и тврдини во Македонија, Скопје.
- Микулчиќ И., 1999, Антички градови во Македонија, Скопје.
- Morrisson C. - Popović - V.- Ivanišević V., 2006, Les Trésors monétaires byzantins des Balkans et d’ Asie Mineure (491-713), Paris.
- Нацев T. - Јовановска Б., 2005, Jeno на монети од археолошкиот локалитет Баргала, Зборник археологија 2, Скопје. 185-194.
- Ончевска Тодоровска M., 2004, Остава на монети од Скупи, Македонско наследство 23, Скопје, 28-42.
- Petački G., 1996, The Early Byzantine Hoard7 from the Village of Oreše, Maced. Num. Jour. 2, Skopje, 87-93.
- Popovié V., 1980, Aux origines de la slavisation des Balkans : la constitution des | er sklaviniemacédoniennes vers la fin du VI° siécle, CRAI, Paris, 230-265.
- Popovié V., 1981, (ле invasion slave sous Justin И inconnue des sources écrites, Numizmatiéar 4, Beograd, 111-126.
- Popovié V., 1984, Petits trésors et trésors démembrés de monnaie de bronze protobyzantins de Serbie, Numizmatiéar 7, Београд, 57-90.
- Ifonosuh B., 1987, Куврат, Кувер и Аспарух, Старинар XXXVI, Београд.
- Pagnh B., 1994, Налаз сребрног новца царева Ираклија и Констанса И из збирке народног Музеја у Београду, Нумизматичар 17, Београд, 75-84.
- Payuh В. - Иванишевив B., 2006, Византиски новац из Народног музеја у Београду.
- Хаџи-Манева М., 2006, Византиски монети и нивното присуство во Македонија1 помеѓу3 VI и ХІ7 век, Монети од колекцијата на Охридска банка, Ц. Грозданов, Н. Поповски, В. Битракова Грозданова, К Христовска, Д. Размовска Бачева (ед.), Скопје, 158-189.
- Hadzi-Maneva M., 2007, Two Early Byzantine Hoards from the Veles Region, Folia Archaeologica Balcanika 1: In Honorem Verae Bitrakova-Grozdanova, Skopje, 459-477.
- Hahn W., 1973, Coin-Mules and1 Die-Economy3 in the Byzantine Coinage of3 the 6th Century, Num. Circ. 81, London, 422.
- Hahn W., 1975, Moneta Imperii Bizantini, von Justinus II7 bis Phocas (565-610), Band П, Wien.
- Curta F., 1998, Invasion or inflation? Sixth- to seventh-century Byzantine coin hoards in Eastern and1 Southeastern Europe, Annali dell’ Istituto Italiano di Numismatica 43, 65-224, Rome.
- Чаусидис H., 2006, „Прстеста““ фибула од Прилепец и другите аналогни раносредновековни примероци од Централниот и Јужниот Балкан, Масеԁ. acta archaeol. 17, Скопје, 303-327.
- Шелдаров Н. - Јосифовски П. - Кондијанов J., 1999, Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија, Скопје.
- Шелдаров H. - Јосифовски П. - Хаџи-Манева M., - Кондијанов J. - Христовска K., 2002, Македонија: парите и историјата, Скопје.
- Yurukova J., 1969, Les invasions slaves au sud1 du Danube d’apreés les trésors monétaires en Bulgarie, ByzBulg 3, Sofia, 255-263.