Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 353–366
Неколку утврдени населби во Кочанско
Содржина
- 1. Локалитет: „Шилест Рид“ - Кочани
- 2. Локалитет „Долно Градиште“, село Долно Гратче
- 3. Локалитет „Горно Градиште“ село Долно Гратче
- 4. Локалитет „Св.Спас“ с. Рамно Брдо - Полаки
- Локалитетот е забележан во литературата .??
- 5. Локалитет „Градиште“ село Нивичани
- 6. Локалитет „Градиште“ с. Мородвис
- 1. Ав.: биста на царот, облечен во дивитисион, со круна на главата, во левата рака држи крст, а во десната лабарум
- Рев. GLOR - JA EXERC - (ITVS)
- LRBC, 656
Кон средината на минатиот век, М. Гарашанин во своите рекогносцирања изведени во Источна Македонија го опфатил и кочанскиот регион, при што се евидентирани поголем број градишта.1 Подоцна, во втората половина на XX век при изготвувањето на Археолошката Карта на Кочани тие информации се надополнети со нови сознанија од страна на А. Керамитчиев?2
Во последно време, организираните групи од диви копачи се позасилено ги прекопуваат и уништуваат археолошките локалитети, поради што се реализирани НЕКОЈІКУ рекогносцирања, со кои беа опфатени поголем број утврдени населби во Кочанската Котлина.3 Добиените податоци ќе бидат предмет на обработка во овој труд, со надеж дека барем малку ќе придонесат за дополнување на сознанијата за овој регион.
При изборот на рекогносцираните населби, значајна улога имаше самата местоположба на котлината, од север затворена со Осоговските Планини, а од југ со реката Брегалница и
Планината Плачковица.
На север кон Осогово воделе три поважни патни правци кои се спојуваат кај местото Лопен и натаму продолжуваат за Крива Паланка, а меѓу месното население биле користени се до средината на минатиот век (карта [).4
Најнапред, при овие рекогносцирања ќе посветиме внимание токму на позначајните точки кои ги поврзуваат овие постојни патни правци.
1. Локалитет: „Шилест Рид“ - Кочани
Локалитетот е забележан во стручната литература.
Местоположба. Се наоѓа на северозападната периферија од градот (карта I,4 бр. 1). Лоциран € на еден доминантен рид на десниот брег на Кочанска Река (440 mM надморска височина), која овде веќе ја напушта клисурата и се шири на југ кон плодната котлина. Одбранбените зидови затвораат простор со неправилно издолжена форма, ориентирани во правец северозапад-југоисток и големина од 120 x 50 метри со вкупна површина од 0.6 ха (пл. 1).6 Местото доминира над крстопатот кој се раздвојува на три патни правци кои водат кон Осоговието. На запад, преку с. Бели, с. Нивичани, с. Пантелеј се поврзува со злетовската област, а на север водат два патни правца, и тоа едниот преку Црвена Нива, Лешки, Пашаџиково, Пониква со соседните региони Кратово и Крива Паланка, а вториот по клисурата на Кочанска Река, Долно Гратче, Јастребник, Пониква и натаму се спојува со претходниот.
Градежни остатоци. Состојбата на терен е многу лоша поради постојани нарушувања од дивокопачи. На највисокиот дел на северозапад е зачувана акрополата врз висок насип од земја, а југоисточното чело е врз стрмни карпи кои доминираат над рамницата што се шири на југ. Од источната страна просторот е во голем дел загрозен со пошумувањето изведено во седумдесетите години од минатиот век, каде се уште се видливи остатоци од одбранбени 5идови градени од камен со варов малтер. Од западната страна има поблаги тераси, а на тој дел е откривана бројна керамика. На истата се евидентирани и остатоци од сувозид, кој се следи во поголем дел на теренот. На зарамнетиот простор источно од акрополата има остатоци од некропола уништена од диви копачи.
Површинските наоди се состоеја, пред cè, од фрагментирана садова керамика, која поради честите прекопувања на локалитетот како од дивите копачи така и при планското пошумување на околните ридови е многу измешана, а може да се смести во пошироки временски рамки и ситни метални предмети, железни клинци.
Во многубројната керамика има и рачно работена, но и фрагменти од керамика работена на грнчарско тркало. Истата упатува на производство типично за локалната керамичарска продукција. Посебно го издвојувам фрагментот од добро пречистена глина, со присуство на лискун во составот, рачно работен. Од надворешната страна е украсен со врежување во кое има траги од бела боја (Т. 1, 1). Од рачно работената керамика ќе издвојам уште еден карактеристичен фрагмент од бокал изработен од темносива речиси црна глина со големо присуство на лискун во составот, мазна површина, со рамен цилиндричен врат кој топчесто се шири кон долниот крај. Отсуствуваат какви било украси, а аналогии наоѓаме во керамичките садови на локалитетите од бронзеното време.
Покрај веќе споменатите фрагменти, во рачно работената керамика најмногу преовладуваат фрагменти со изразено груба фактура со примеси на песок и лискун во глината со нееднаква боја на печење, која варира од црна до темнокафеава, односно керамидноцрвена. Се работи, пред се, за садови со поголеми димензии со масивни извлечени држалки, а во украсувањето преовладуваат пластични додатоци во форма на плетенка или ленти, на кои имало втиснување од прсти, карактеристични за наоѓалиштата од раноантичкиот период кај нас, но и во соседните региони.7 Освен рачно работената, среќаваме и фрагментирана црвенопечена доцноримска керамика, работена на грнчарско колце, со пречистена глина со примеси на лискун во неа, со многу тенко носно премачкување. Преовладуваат фрагменти од држалки со елипсовиден пресек. Овде би издвоиле едно дно од сад со издигната нога, тип сад кој според типологијата на Ончевска Тодоровска М. го карактеризира периодот на раниот У век.8
Веројатно станува збор за утврдена населба која го контролирала крстопатот преку кој се воспоставувала комуникацијата меѓу осоговскиот регион со регионот на средното течение на Брегалница, а која егзистирала уште од најраните периоди, па континуирано се до средниот век.
2. Локалитет „Долно Градиште“, село Долно Гратче
Локалитетот е забележан во стручната литература.9
Местоположба. 4.5 км северно од претходно споменатиот локалитет по клисурата на Кочанска Река наидуваме на уште едно утврдување. Лоцирано е на 560 метри надморска височина на рид кој се извишува над брегот од вештачкото езеро Гратче, на самиот слив на Мала во Голема Река (карта I, бр. 2,10 сл. 1).
Градежни остатоци. Фортификацијата зафаќа простор од околу 1.5 ха, со дебели одбранбени зидови, кои затвораат неправилна форма, следејќи речиси една иста изохипса. Ориентирана е во правец југоисток-северозапад, со димензии: 200 х 100 (на источниот дел) х 50 (на западниот дел) (пл. 2). На највисокиот источен дел видлива е акропола со дозидана средновековна кула. Од север, акрополата е природно заштитен со карпи кои стрмно се спуштаат во клисурата на Голема Река, а од источната и јужната страна11 под неа се простира широка станбена тераса, каде што се и највидливи остатоците од обѕидието. Ѕидот е граден во емплектон техника, а во најголема висина е зачуван на јужниот дел. На западната страна, по целата должина се насетува одбранбениот зид, но покрај споменатиот 5ид во емплектон техника од надворешната страна се видливи остатоци од сувозид. Околу северозападното чело, на кое се евидентирани остатоци од одбранбена кула, градена со многу посен малтер, во должина од 4 и ширина од 1.5 метри, има станбени тераси со контури од простории. Во подножјето од западната страна, речиси покрај самото корито на Мала Река, во природната карпа се збележуваат издлабени камени седишта и траги од поставена кровна конструкција.
По пробивањето на локалниот пат кој го поврзувал градот со населеното место Јастребник на локалитетот се изведени и сондажни истражувања.12
Движни наоди. На станбените тераси и на просторот кој беше расчистуван за споменатиот локален пат се откриени поголеми парчиња од метална згураи животински коски. Од градежната керамика преовладуваат рамните тегули со плитки жлебови, цврсто пе-
чени со црвенокавоокерна боја и со украси повлечени со прсти на горната мазнета површина, а има и фрагменти со втиснати животински отпечатоци (од коза или овца). број фрагменти од кујнска грнчарија, која во најголем дел е изработена од потемна глина
со големо присуство на лискун во составот. Тие при печењето добиваат сива до сивоцрна или црвеникавокафеава боја во повеќе нијанси. Украсувањето им е, главно, со брановидни линии, зарешки и врежувања, со чешлести орнаменти, за кои аналогии среќаваме на речиси сите доцноантички и рановизантиски населби во Македонија и во поширокиот регион, а има и фрагменти од украсни зграфито чинии (Т. I, 2).
Од амбалажната керамика посебно го издвојувам фрагментот од поголем питос на кој е втиснат печат во вид на крст. Аналогија со слично украсување среќаваме на локалитетот Градиште во с. Пчиња, Кумановско1314 (сл. 2), а од кујнската керамика издвојувам еден фрагмент од држалка украсена со копчести апликации, за која најблиска аналогија среќаваме на средновековната населба Исар во Штип.15
При изведените сондажни ископувања се откриени и метални предмети (железни клинци, железни црпалки, олово), предмети изработени од коска (фрагменти од двореден чешел и држалки за ножови). Тоа се, пред се, изработки со утилитарен карактер. Среќаваме полупроизводи изработени од рог, а исто така и коскени предмети декорирани со врежани линии и точки, со најблиски аналогии на локалитетот Градиште кај с. Пчиња,16 Скупи,17 Перник,18 главно, датирани меѓу IV - VI век. Со монети е потврдено постоењето на населбата во рановизантиски и доцносредновековниот период.19 !?
Според остатоците, се работи за доцноантичко гратче кое ги коптролирало комуникациите кои воделе по долините на споменатите реки, со континуитет на живеење и низ рановизантискиот период и дополнително зајакнување на фортификацијата со одбранбени кули во доцниот среден век. Стопанскиот карактер на населбата се определува со бројните траги кои укажуваат на обработката на метали.
3. Локалитет „Горно Градиште“ село Долно Гратче
Локалитетот е забележан во стручната литература.20
Местоположба. Се наоѓа 500 метри источно од претходно споменатото Долно Градиште (воздушна линија), на левиот брег на Голема Река на висок, доминантен рид ( 617 м н.в.) (карта 1, 3).21 Фортификацијата зафаќа простор од околу 200 х 120 м. Акрополата се наоѓа во средишниот дел врз висок земјен насип (пл. 3).22 На источната страна е зајакната со една одбранбена кула. Од западната страна во подножјето на ридот, на самиот брег од Голема Река с евидентирано постоење на некропола од поголеми размери. Гробните конструкции се од типот камени цисти од монолитни камени плочи поставени во редови, ориентирани во правец север-југ, на теренот се евидентирани преку триесетина гробни конструкции ограбени од дивокопачи (сл. 3).
Движни наоди. Најбројна е градежната керамика и фрагментирана садова керамика, без премачкување. Во една од гробните цисти од дивите копачи е заборавена алка од метална наушница.
4. Локалитет „Св.Спас“ с. Рамно Брдо - Полаки
Локалитетот е забележан во литературата .??
Местоположба. На сливот на реката Лиса во Борова Река, 9 км северно од претходно споменатото утврдување (воздушна линија), на 1125 метри н.в. се издига висок рид со рамна тераса со димензии 50 x 50 метри (карта I, бр. 4). Терасата е обградена со бедем од камен со малтер кој е зачуван во основата. На просторот е видливо присуство на римска градежна керамика, а кај Керамидчиев се споменуваат и неколку монети меѓу кои една од Грацијан.23 На терасата била изградена мала еднокорабна црква со димензии 6.70 x 8.50 метри, ориентирана во правец исток-запад, сега обновена од месното население. На просторот околу црквата се наоѓа многу иситнета црвеникавокафеава керамика без премачкување.
Со оглед на местоположбата и димензиите што ги зафаќа ова утврдување, веројатно станува збор за една крајпатна стража, која го контролирала движењето преку осоговскиот регион, која подоцна се проширила во цивилна наелба.
5. Локалитет „Градиште“ село Нивичани
Локалитетот е забележан во литературата.24
Местоположба. На северната периферија на селото покрај самиот пат за с. Пантелеј, 6.5 км северозападно од локалитетот Шилест Рид (воздушна линија), на висок доминантен рид на 765 метри н.в. со зарамнето плато, се забележуваат остатоци од утврдена населба (карта I, бр. 5). Обградениот простор зафаќа површина од 100 х 70 метри, ориентиран во правец, север-југ, со дополнително обградено источно
Движни наоди. По површината на локалитетот има расфрлано градежен шут, претежно калекс (жолтеникавоокерен), монета на Гордијан (?) - Ш век, бронзен тег за благородни метали (Т. I, 3), врв од метална стрела со триаголно извлечен профил, керамички сад со две наспрамни држалки.28 Голема е веројатноста дека станува збор за едно утврдено село чие население работело во блиските злетовски рудници.
6. Локалитет „Градиште“ с. Мородвис
За овој локалитет имаме најмногу податоци забележани во стручната литература од утврдувањата во Кочанската Котлина.29
Местоположба. Се наоѓа на јужниот дел на селото Мородвис во подножјето на Плачковица, на 580 метри н.в. Утврдувањето има издолжена форма со ориентација југ-север (карта I, бр. 6). На највисокиот дел од јужната страна врз карпа е издвоен акрополата со цврсти одбранбени зидови, северно од неа на пониска тераса врз темелите од постара црква сегашното население изградило црква посветена на Св. Симеон, со одбранбен зид граден во квалитетна техника со употреба на малтер. Северно од оваа тераса е подградието, обградено со послаб ѕид (пл.30 6).
Движни наоди.31 При повеќето направени посети најмногу е евидентирана површинска фрагментирана керамика"? една бронзена чанкаста монета (сл. 4) и поголем број монети од турскиот период.
1. Ав.: биста на царот, облечен во дивитисион, со круна на главата, во левата рака држи крст, а во десната лабарум
Рев.: биста на Исус седнат на трон со зачувана
сигнатура хс, оваа страна на монетата
е многу измазнета од употреба
Од садовата керамика во површинскиот материјал преовладуваат фрагменти карактеристични за домашната грнчарија од рановизантискиот период. Тоа се претежно фрагменти од грнчарија без премачкување изработени од глина со примеси на кварц, во сива, сивоцрна или црвена боја во различни нијанси, а во поголем дел украсени со врежувања на брановидни или рамни линии и коси врежувања (T. I, 4). Посебно ќе нагласиме само еден фрагмент од чинија, од типот на трпезната керамика. Од внатрешната страна е нанесен слој од бела енгоба украсена во зграфито техника со светлокафеава и жолта боја. При израмнувањето на просторот околу црквата за помошни простории се откриени повеќе фрагменти од глазирана керамика украсувана со зграфито техника.33
Местоположба. Се наоѓа 3.5 км југоисточно од селото Теранци,34 а 1.5 км југозападно од Сс. Видовиште (воздушна линија), во подножјето на
планината Плачковица на 680 метри Н.В., на место наречено „Рамни Ниви“ (Карта I, бр. 7). Иако навидум делува сосема стрмно и непристапно, сепак на самото место има затскриена рамница со површина од околу 2.5 ха. Од јужната страна се извишуваат многу високи и стрмни карпи, кои можеле да послужат како природни наблудувачници на теренот, од каде го контролирале приодот од источната страна од село Видовиште и патот кој продолжува преку планината кон обновената црква Св. Петка, која е само 250 м оддалечена од локалитетот на 820 метри н.в. На теренот е зачувано огромно количество камена маса од одбранбените зидови, кои се зачувани само во основата, градени со употреба на малтер.
Од површински наоди на расчистениот простор во најголем дел е присутна фрагментирана градежна и садова керамика и елементи од камена пластика. Иситнетите фрагменти се изработени од квалитетна пречистена глина цврсто печени, без пукнатини, а има и фрагменти во кои во глината се евидентирани примеси на ситно дробен кварц. На поголемиот дел од фрагментите е присутно црвенопорокалово премачкување во доста тенок слој и без сјај. Ваквиот тип керамика егзистира низ Медитеранот меѓу У и УП век.35 Освен фрагментите од керамика, откриен е и врв од едно многу кородирано метално копје (Т. 1, 5), а при расчистувањето на теренот со механизацијата бил пронајден и еден примерок на монета кована во времето на Константин I, примерок од типот: GLOR. IAEXERC. ITVS, од ковачницата во Аквилеја (ел. 5).
1. Нумус, Аквилеја, 334 - 335 год.36
Биста на император, со дијадема, со намет- Сл 5 ка и оклоп во профил, надесно
Рев. GLOR - JA EXERC - (ITVS)
Двајца војници со шлемови, стојат еден кон друг, со свртени копја во надворешните раце, а другите раце на штит кој се потпира на земја; меѓу нив два воени знака; во поле Т; во отсечок AQP;
AE; 2,6 гр. 16 MM f
LRBC, 656
Со оглед на стратешката позиција која ја зазема, а сепак доволно затскриена, не е исклучена можноста да станува збор за еден рефугиум, не заборавајќи го притоа и фактот дека камената стела со претстава на Тракискиот коњаник потекнува од с. Теранци.
ЈОУ Библиотека „Искра“
(Музејски оддел)
Маршал Тито 35, Кочани
ilinka.atansova@gmail.com
ILINKA ATANASOVA Museum Collection - Koéani
FEW FORTIFIED SETTLEMENTS IN KOCANI REGION
Белешки
- Гарашанин М. - Гарашанин Д., 1959, 67-94. ↩
- Керамитчиев А., 1978, ↩
- Во овие рекогносцирања во состав на екипата зедоа учество и колеги од други институции, присутни овде за свои проекти, чие присуство го искористив. Овде уште еднаш им се заблагодарувам за соработката во теренските акции и понудената помош и поддршка на: Виктор Лилчиќ, Никос Чаусидис, Длександар Ристов. Исто така, им се заблагодарувам и на Магдалена Катмерова, археолог од Кочани, Митко Атанасов, Драги Димитров од с. Соколарци и Васко од Теранци. ↩
- Кочани, 2003, 9-10. ↩
- Керамидчиев A., 1978, 33 (ракопис); Керамидчиев A., 1996, 176; Микулчиќ И., 1999, 411, (Карта 2 бр. 188). ↩
- Планот е изработен од Виктор Лилчиќ. ↩
- Микулчиќ И. - Јовановиќ M., 1968, 355-375; Соколовска B., 1991, 165-181. ↩
- Ончевска Тодоровска M., 2004, 70, 71, Т. 45/ел. 323. ↩
- Гарашанин М. - Гарашанин Д., 1959, 80, 92; Керамитчиев A., 1964, 83-84; Керамитчиев A., 1978, 28; Керамитчиев A., 1996, 174; Микулчиќ И., 1999, 404, (Карта 2, бр. 184); Атанасова И., 2005. ↩
- Планот е изработен од Виктор Лилчиќ. ↩
- ! Која во најголем дел е оштетена при изведувањето на градежните работи, околу изградбата на локалниот пат кон соседното село Јастребник. ↩
- Истражувањата беа реализирани во есен 2004 и пролет 2005 год. во траење од по десетина дена, добиените резултати ќе бидат публикувани во посебен труд. ↩
- Ончевска Тодоровска М., 2004, 61, 65. ↩
- Белдедовски 3., 1977, 209, сл. 14. ↩
- Георгиев 3., 1989, 208, сл. 5/5, ↩
- Ончевска Тодоровска M., 2007 (во печат). ↩
- Љубенова В., 1981, 161. ↩
- При пррвичното истражување се откриени по една монета од Јустинијан I и од венецијанскиот дужд Раниери Зено, Атанасова И., 2005, сл. ? ↩
- Керамидчиев A., 1996, 174. ↩
- Планот го изработи Виктор Лилчиќ. ↩
- Керамидчиев A., 1996, 180; Микулчиќ И. 1999, 411, (Карта 2, бр. 195). ↩
- Керамидчиев A., 1996, 180. ↩
- Трифуновски J., 1970, 56: Керамидчиев А.. 1996, 178 (каде стои: пронајдени се и повеќе монети од Ш-ГУ7 век); Микулчиќ И., 1999, 406, (Карта 2, бр. 191). ↩
- Планот е изработен од Виктор Лилчиќ. ↩
- Трифуновски Ј., 1970, 56. ↩
- Трифуновски J., 1970, 57. ↩
- Последните два се случаен наод откупени од Томе Џамбазов наставник од Кочани. ↩
- Томовски T., 1978, 93-94: Микулчиќ Г.. 1987, 184: Трајковски K., 1983, 141: Микулчиќ И., 1996, 211-215: Микулчиќ И.. 1999, 411, (Карта 2, бр. 190). ↩
- Планот е според И. Микулчиќ. ↩
- Во прилог за разгледување го земаме и материјалот кој веќе го среќаваме во објавената литература. ↩
- При една интервенција од дивокопачи западно од споменатата црква Св.Симеон се откопани и уништени два доцноантички питоса. ↩
- Информацијата ми е од домаќинот во училиштето, Злате, кој ми даде дел од откриената садова керамика без премачкување и 6 бронзени монети од турски период откриени при расчистувањето; глеѓосаната керамика му ја дал на Кирил Трајковски. ↩
- Локалитетот не е досега евидентиран во литературата, а увид е направен по претходна пријава на лице од селото. Просторот е расчистуван со механизација за отворање на каменолом. ↩
- Ончевска Тодоровска М., 2004, 46, 58. ↩
- Каталошката обработка на монетата ја направи Гордана Јанева, нумизматичар во штипскиот Музеј, за што во оваа пригода ѝ благодарам. ↩
- Translated by: ↩
- Zoran Runéev ↩
Summary
Few Fortified Settlements in Kočani Region
The subject of processing in this work will be the knowledge of the fortified settlements spread through the main communications by the Bregalnica river, as well as the fortifications spread through the Osogovo region, as one of very important mine region in the past, gathered by37 the recognition of the area.
1. Silest Rid, Koéani
Located on the north-west outskirts of the town (map I, No.1), take area of an irregular shape with 120 x 50 m dimensions on a 440m height above sea level. Parts of the fortified walls, acropola over an earth embankment and remains of a middle age necropolis are preserved (plan 1). The accompanying movable material even though quite mixed up, as a result of the frequent excavation by illegal diggers as well as by planed afforesting in the region, shows an existence during the long period from prehistory until to the middle age.
2. Dolno Gradi8te, village of Dolno Gradée
On the north of the previously mention site, in a distance of 4.5 km. along the gorge of the Koéanska Reka, on 560 meters height above sea level on a hill above the bank of the artificial lake of Gradée on the mouth of the Mala Reka into Golema Reka is located another fortification (map I,
The fortification encircles an area of 1.5 ha, with thick defensive walls, enclosing uneven shape fallowing almost a same isohypse. It is orientated on southeast-northwest, dimensions 200x 100x50 m. (plan 2). Movable accompanying material allowing us to assume that is actually a mining settlement of the Early Byzantium period.
3. Gorno GradiSte, village of Dolno Gradée
Five hundred meter east of the previously mentioned Dolno Gradi8te (air line), on the left bank of Golema Reka on a high, dominant hill (617 m. height above sea level) (map I, No.3), The fortification encircles area of approximately 200 x 120 m. (plan 3).
4. Sv. Spas, village of Ramno Brdo
On the mouth of the river Lisa into Borova Reka, 9 km. north of the previously mentioned fortification (air line), on 1125 m. height above sea level, is raising a high hill with flat terrace with dimensions 50 x 50 meter (map I, No.4), where was built a small ednokorabna church with dimensions 6.70 x 8.50 meters orientated on east/west, now restored by the local villagers. All around the church can be found giblets of reddish-brown not glazed ceramics.
5. Gradiste, village of Nivi¢ani
At the north outskirt of the village next to the road to St. Pantelej, 6.5 km. northwest of the site Silest rid (air line), on a high dominating hill on 765 m. height above see level with leveled plateau can be noticed remaining of38 a fortified settlement (map I, No. 5). The enclosed space takes area of 100 x 70 meters, with orientation north-south, and additional enclosed eastern suburb (plan 4); in the interior of the fortification are noticeable remaining of large number of buildings, places in a straight line next to each other.
6. GradiSte, village of Morodvis
The site is situated on the south part of the village Morodvis on the foothill of the mountain Pla¢- kovica, on 580 meters height above sea level. The fortification has stretched form with orientation south-north. On the highest part of the south side over the rock is separated an acropola with strong fortification walls. North of it on a lower terrace over the foundation of the older church, the present inhabitants built a church dedicated to the St. Simeon with a fortification wall built with a high quality technique and using mortar as well. North of this terrace is a suburb, fortified with weaker wall (plan 6).
7. Ramni Nivi, village of Teranci
The site is situated 3.5 km southeast of the village of Teranci and 1.5 km south west of the village of Vidovi8ste (air line), on the foothill of the mountain Pla¢ékovica on 680 meters height above sea
Библиографија
- Археолошка карта на Република Македонија, том 2, Скопје. 1996.
- Атанасова И., 2005, Долно Градиште, с. Долно Градче Кочани (каталог), Кочани.
- Белдедовски 3., 1977, Исар, Штип-средновековна населба, Масеԁ. acta archaeol. 3, Прилеп, Гарашанин М. - Гарашанин Д., 1959, Археолошке белешке са рекогносцирања у Источној Македонији, знм, 1 (1958-1959), Штип, 67-94. r соргиев 3., 1989, Градиште, c. Пчиња- доцноантички и рановизантиски кастел, Масеԁ. acta archaeol. 10, Скопје.
- Керамитчиев A., 1964, Археолошки наоѓалишта во кочанско, Стремеж V, Прилеп, 83-84.
- Керамитчиев A., 1978, Археолошка карта на Кочани, (ракопис), Скопје. Кочани и кочанско од праисторијата до денес, Кочани 2003.
- Љубенова В., 1981, Селищтето от римската и рановизантийската епоха, Перник том I, бан, Софи, 107-203.
- Микулчиќ Г. 1987, Археолошки наоѓалишта во ср Македонија потврдени со монети од 6 век, Maced. acta archaeol. 7-8, Скопје.
- Микулчии И.- Јовановин M., 1968, Хеленистички опидум из Кршевице код Врања, Врањски Гласник кн.|У, Врање, 355-375.
- Mikuléié 1., 1976, Sectio Naissus -Dyrrahachion -- Skupi - Serdica—Thessalonike, Tabula Imperi Romani, K- 34, Ljubljana.
- Микулчиќ И., 1996, Cpeduoeexoeuu градови2 и тврдини во Македонија, Скопје.
- Микулчиќ И., 1999, Антички градови во Македонија, Скопје.
- Ончевска Тодоровска M., 2004, Цоцноантичка грнчарија од Скупи (втора половина на ги- И век), Скопје.
- Ончевска Тодоровска M., 2007, Доцноантички предмети од коска и рое од Скупи, Археолошки зборник бр. 3, Скопје, (во печат).
- Соколовска B., 1991, Раноантичка рачно работена керамика од Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 12, Скопје.
- Томовски Т. 1978, Морозвиждската епископија, Културно наследство УП (1976-1978), Скопје.
- Трајковски К., 1983, Истражувања во Мородвис, 1980, зам, кн. Х-ХЈ, Скопје.
- Трифуновски Ј., 1970, Кочанска котлина, сеоска насеља и становништво, Скопје.