Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 323–333

Црквиште-Рамниште, с. Клечовце, Кумановско

Управа за заштита на културно наследство - Скопје

ЦРКВИШТЕ-РАМНИШТЕ, С. КЛЕЧОВЦЕ, кумановско - истражувања 2001 - 2004 година -

Археолошкиот локалитет Црквиште - Рамниште се наоѓа на 20 км источно од Куманово, во атарот на селото Клечовце, десно од магистралниот пат за Бугарија.

Населбинскиот дел, познат под топонимот Црквиште, е сместен на пространа висока тераса над реката Пчиња, додека некрополата, позната под топонимот Рамниште, се простира западно и југозападно на околу 250-300 метри од населбата. Двете урбани целини ги дели пат кој и денес е во функција, а кој е продолжение на патот од Големо Градиште кај селото Коњух и кај Костоперска Карпа кој со еден крак продолжува за Скупи (Scvpi), додека другиот покрај реката Пчиња продолжува на север и се вклучува на јужноморавската магистрала.

Повеќекратните рекогносцирања на просторот Црквиште констатираа голема концентрација на градежен материјал (камен, тегули, малтер), како и голем број фрагменти на керамика со сликана и печатена орнаментика од II и Ш век од н.е. и голем број монети од Ш и IV век од н.е.

Просторот на некрополата е индициран уште во 1983 година, кога при обработка на земја бил откриен саркофаг за кој освен фотографија не е останато ништо.

Освен теренските, еден од главните материјални извори е вотивната ара пронајдена во крајот на XIX век во околината на селото Клечовце. Од текстот дознаваме дека царинскиот службеник Аполонид (Apollonides) во 211 година преминал на служба во станицата Ламуд (Lamud)..., за што имаме потврда од уште една ара пронајдена на | км западно од селото Лопате, на која се појавува истата личност, како и конзулите Генцијан (Gentiano) и Бас (Ваѕѕо), со што ја определуваме и годината на функционирање на двете царински станици.1 На арата од с. Клечовце, освен натписот има и два монограми, и тоа на Аполонид (Apollonides) и на царинската станица Визијанум (Vizianum), мошне вешто и уникатно изработени.2 Станицата Визијанум се наоѓала во близина на доцноантичкото тромеѓе меѓу римските провинции Мезија Супериор (Moesia Superior), Тракија (Thracia) Дакија Медитеранеа (Dacia Maditerranea) и Македонија (Macedonia), како и на местото каде се вкрстувал патот Скупи-Пауталија-Сердика (Scupi-Pautalia-Serdica) со патот кој по течението на Пчиња, северно, водел кон јужноморавската патна комуникација. Сите овие аргументи, заедно со материјалните докази од археолошките истражувања на наведениот простор одат во прилог за можната убикација на царинската станица Визианум. Во списокот на обновените градови и тврдини по земјотресот во 518 година во провинција Дарданија е забележано името на Бесијана (Bessiana) кое според Прокопие можеби е исто со Визијанус/-ум (Vizianus/-um). Но ова не се однесува на станицата Вициано (Viciano) од Вучитрн.3

Археолошките истражувачки работи на овој простор беа изведени континуирано од 2001 - 2004 година. Опфатен е просторот паралелен на месноста Црквиште, односно населбинскиот комплекс и месноста Рамниште, односно некрополата. Методолошки првата кампања во 2001 година се изведе со сондажи на целиот простор.

Сектор „Населба“ - на месноста Црквиште изработивме квадратна мрежа во која беа поставени девет дијагонални сонди со димензии 7.05 метри, ориентирани во правец С/Н-ј/3 и с/3-ј/ и во правец с-ј во однос на мрежата.

Очекуваните резултати ги дадоа сондите ГУ/01, VI/01, [X/01 и VIII/O1. Првите три сонди се поставени во Секторот 125 од квадратната мрежа, и тоа во Сондата IV/01, Кв. А-8; во Сондата МП/ОТ1, Ке. Б. и В-8 и во Сондата [X/01, Ке. A, Б. 9 и 10. Во Сондата IV/01, Кв. А-8 под обработливиот слој. на длабочина од 0.45 метри по целата површина на Сондата се појави голема концентрација фрагменти од керамика, животински коски, монети, клинци, кламфи, стакло од садови (Т. II, ел. 2, 3; T. НІ, ел. 1 - 5; ТУ, си. 3 ). На длабочина од 0.75 метри откривме темелна партија од зид која во профилот продолжува во правец и-з и ј-с. Керамичките фрагменти се од типот тера сигилата (terra sigillata) и тера нигра (terra nigra), како и керамика со печатена орнаментика, најверојатно со провениенција од други центри4 (Т. И. сл. 2, 3). Сондата VII/01 е всушност проширување на Сондата ГУ/01. Во јужниот профил откривме зид кој се протега во правец и-з, формиран од камен, малтер и кршени тегули кој продолжува и во западниот профил. Оваа сонда е составна целина со Сондата ГУ/01. Од надворешната страна на зидот пронајдовме фрагментарно зачувана луцерна (подоцна реконструирана и конзервирана).

Сондата ГХ/О1 е дел од целина со претходните сонди. На длабочина од 0.50 метри откриени се поголем број монети, фрагментарно зачувана луксузна керамика и многу животински коски (T. I, cn. 1).

Во Сондата VII/01, Сектор 133, Кѕ. Ж, 3 - 3, 7, 8, под обработливиот слој, на длабочина од 0.50 метри наидовме на недопрен слој со фрагменти на керамика и железни клинови, градежен малтер и контури на два зида кои со дочистување се издиференцираа во зидови од објект со солидна градба од камен, тули и малтер и остатоци на палеж, што најверојатно укажува дека објектот бил опожарен.

Од движните наоди во населбинскиот сектор како површински наоди откриени се фрагменти од фибули, железен стилус, многу монети и фрагмент од оловна плочка со приказ на сцени од култот на подунавските коњаници.5 Наодите се разнесени и оштетени од повеќедецениското длабинско орање на земјата (Т. IV, сл. 1 - 5).

Во средишниот дел на секторот „Населба“, Кѕ. К - 5, 1 - 6, се откриени контури, според првичните согледувања, на сакрален објект со должина на северниот периметрален зид од 18 метри, влезна партија со монументален камен праг и камени бази за столбови од двете страни, како и остатоци од подна конструкција од камени плочи со димензии 0.30 х 0.30 метри во правецот на наосот. Во северниот кораб се откриени два постамента со димензии 0.90 x 0.90 метри и пространа апсида со ширина 5.30 метри, зајакната со пиластри од надворешната страна. Источниот периметрален зид е со должина 12.20 метри и во профилот продолжува кон југ. Во западниот профил, пред влезната партија, евидентна е голема концентрација од малтер и градежен шут, како и дел од мермерен столб кој најверојатно претставувал составен дел на влезната партија во наосот, што укажува на постоење нартекс (Т. I, сл. 2, 3, 4; Т. ИЛ, сл. 1).

Илустрација, стр. 325

Сектор „Некопола “ - во текот на четирите кампањи откриени се вкупно 17 гроба со типолошки различни конструкции, и тоа:

1. Циста формирана од монолитни камени блокови и покривна камена плоча со фасетирани рабови (гр. 1/01).

2. Циста формирана од тегули со рамен покрив од тегули (гр. 4/01; rp. 8/02; rp. 13/03). 3. „Циста формирана од квадратни керамички плочи врзани со хидростатен малтер и покривна конструкција од монолитни камена плоча (гр. 5/02).

Илустрација, стр. 326

4. Гробна јама вкопана во здравица со покривна конструкција од типот „на две води“ (гр. 12/03).

5. Гробови вкопани во здравица со покривна конструкција од квадратни керамички плочи од типот „на две води “ (гр. 11/03).

6. Слободни вкопувања во здравица со камена конструкција како обележување на гробовите (гр. 2/01; гр. 3/01; rp. 6/02; гр. 7/02; гр. 9/02; гр. 14/03; гр. 17/04)

7. Слободни вкопувања во здравица без конструкција и обележување со „прстен“ од ситни камења (гр. 10/02; гр. 15/03; гр. 16/04).

Инхумациите според конструкциите и прилозите припаѓаат на IV и У век од н.е., но со оглед дека некрополата се уште не е доистражена, се надевам со натамошните истражувања ќе се определат границите, а со тоа и обемот на некрополата и нејзините хронолошки рамки6 (T. V, cn. 1 - 4 T. VI, сл. 1 - 3).°

Илустрација, стр. 327

Гробни прилози - во Сондата 1/01 во обработливиот земјен слој на длабочина од 0.45 метри наидовме на голема концентрација испревртен материјал од гробни конструкции во кој на длабочина од 0.55 метри, над гр. 1/01 пронајдовме добро зачувана бронзена крстеста фибула. Таа најверојатно припаѓала на уништените гробни конструкции со постар датум, што ме наведува на мислење дека некрополата била двослојна. Но, како што наведов, малиот обем на истражување не ми овозможи, барем досега, да дојдам до поконкретни податоци за хронологијата и културната припадност на наодите.

Во истата сонда во гр. 2/01, кој едетски гроб со доста трошни коски од скелетот, пронајдовме добро зачуван накит, и тоа: бронзени обетки од типот „алчиња“ со мали задебелувања на средината; бронзена белегзија со отворени краеви, валчест сегмент и мало задебелување на средината; ѓердан со 19 полигонални мониста од зелена и сина стаклена паста и мониста од килибар, тунелести, односно со валчест сегмент. Механизмот за запетлување е изработен on бронзен тељ во вид на минијатурна наочереста фибула7 ( Т. VII, сл. 3 - 6 ). Во гробот 5, откриен во западниот дел од кв. П/02, пронајдена е бронзена крстеста фибула, целосно зачувана, со должина 6.6 см и должина на попречната греда 4.5 см. Лакот и стопата се орнаментирани со зарешки и двојни концентрични кругови од типот „птичјо око“. Локацијата на наодот е во пределот на десниот хумерус8 (Т. VIII, сл. 1 - 4);8 керамичка стомна со трилистно устие, окер печена керамика со црвеникаво премачкување која е целосно зачувана. Има висок врат со тројна прстенеста профилација; рамењата се украсени со двојна цик-цак орнаментика, а на стомакот е украсена со алатка (радла) во две лентести полиња. Рачката е долга, извиена во висина на венецот со три канелури по целата должина. Телото завршува на издвоено прстенесто дно9 (T. МИ, сл. 1).9

Илустрација, стр. 328
Илустрација, стр. 328
Илустрација, стр. 328

Во гробот 8 во кв. 1/02 покрај левото стапало од доста трошниот скелет откривме една мала бронзена тока, добро зачувана, најверојатно дел од обувки.10 !?

Во гробот 9 од кв. П/02 на десната клавикула пронајдовме целосно зачувана бронзена крстеста фибула.

Во гробот 11 од кв. П/03 од Сектор 126, Б, В,Г - 7, 8, 9 во десната рака од скелетот пронајдовме оловен одливок (ingot) со димензии 5 см ширина и 10.5 см должина, како и тежина од 360 гр. (Т. ВИЛ, ел. 6).11 Со дочистување на пределот околу черепот, од левата страна под него,

Илустрација, стр. 329
Илустрација, стр. 330

ВО пределот на увото пронајдовме златна обетка изработена од валчест тел, со задебелување во средината, со едноставен механизам за запетлување и приврзок со срцевидна форма, филигрански изработен и висулец на него со мониста од сина стаклена паста (Т. VII, сл. 5).12

Во гробот 16 од кв. ГУ/04 пронајдовме железни клинци растурени околу скелетот, најверојатно од некоја дрвена конструкција (вид сандак од штици или облога од штици на страните од гробот, како и фрагментарно зачуван (сега реконструиран) стаклен унгвентариум (Т. VII,

Натамошните археолошки истражувања на овој новооткриен локалитет ќе фрлат нова светлина за комуникациското, културното и стратешкото значење на просторот, како и за убикацијата на засега хипотетичниот Визианум, познат од епиграфски извори.

Илустрација, стр. 331
Илустрација, стр. 331

Сите елементи од теренските рекогносцирања од двете страни нажелезничката линија во правец кон селото Шупљи Камен укажуваат на густа населеност уште од неолитот, а особено во доцната антика кога средоречеристо на устието од Крива Река во Пчиња прет- Са. 1 ставувал крстосница на важни регионални и локални патишта кои се поврзувале со магистралата за Павталија и Сердика.

Случајните наоди при обработка на земјата (доцноантички градежен материјал и фрагменти од надгробни стели) покрај патот и реката Пчиња наведуваат на постоење големи и богати полски имоти (villa rustica) кои допрва треба да се откриваат.

Овие неколкугодишни обемни истражувачки кампањи се идеална основа за натамошни систематски кампањи, кои со материјални докази овој простор ќе го стават на вистинското место во античката археологија и историја.

Звонимир Николовски

Управа за заштита на културно наследство - Скопје

ZVONIMIR NIKOLOVSKI Cultural Heritage Protection Office, Skopje

CRKVISTE-RAMNISTE, VILLAGE OF KLECOVCE, KUMANOVO

- 2001 - 2004 RESEARCHES -

Белешки

  1. Koxuh M.. 1933, 9-10. ↩
  2. Dragojevié Josifovska B., 1982, 165-166 (Ne 212). ↩
  3. Византиски извори, 1955, 60-61. Оваа теорија веќе е надмината со пронаоѓањето на двете вотивни ари, а уште повеќе со новите истражувања на авторот на текстот, надоврзувајќи се и на граничниот камен во лапидариумот на кумановскиот Музеј каде во зачуваниот текст се споменува дарданската граница (Fines Dardani), кој е пронајден во околината на Клечовце, во средоречието на Пчиња и Крива Река, можеби кај Асаница, природната античко тромеѓе меѓу трите провинции. ↩
  4. Brukner O., 1981, 30-33; T.49/4; T.52/25 - 29; T.54/2,7; T.66/21-25; Шурбаноска M., 1999, 255, сл. 7; ↩
  5. Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1999. 150. 151: T.38/197: T.39/200-202. Tlonosuh И., 1992, 29-47; Поповиќ И., 1983; Зотовиќ Jb., 2001, 167-177; Iskra Јапочке 1., 1996, Т. IV7 сл. 2. ↩
  6. Јовановиќ А., 1984, 120-129. ↩
  7. Dautova Ruševljan V., 2003, 136, Т.1,освен полиедричите монистра, аналогии за системот за запстлување не успеав да најдам. ↩
  8. Bojovi¢ D., 1983, T.XLVI - T.LVI. ↩
  9. Николовски З., 1999, с.г. 102. ↩
  10. Dautova Ruševljan V., 2003, T.7. ↩
  11. Ваква појава на ингот во гробовите од римските некрополи во Македонија не ми се познати. Од консултации со колегите и странска литература, ова укажува на рударската, односно металуршката традиција во регионот. ↩
  12. Поповић И., 1996, сл. 15, 34, 35; Спасић Ђурић Д., 2002, 87. ↩
  13. Спасић Ђурић Д., 2002, 111, сл. 92; Ružić M. A., 1994, T.XX. ↩
  14. Translated by: ↩
  15. Zoran Runéev ↩

Summary

Crkvište-Ramnište, Village of Klečovce, Kumanovo

The archaeological explorations on the Crkvi8te - Ramni8te site (settlement and necropola) began as trial excavations in 2001. They confirmed the data from the long year’s recognitions that at this area are existing remnants of a complex urban entirety which consist a settlement and a necropola with late Roman characteristics.

Movable and static findings of all for archaeological campaigns, more and more are supplementing the hypothesis that at this area should be looking for a custom station Vizanium, known from the epigraphic resources (two ares dedicated to the customs official Apollonides).

In the researching squares at the settlement area were discovered remains of buildings with late antic time, way of constructing. In the central part of the area were discovered contours of a building with apsidal space, probably basilica with impressive dimensions, monumental entering part and wide apside with external palistrades.

Movable findings found on the surface and during the excavations were fragments of ceramics with printed ornamentation, i.e. import ceramics, coins, glass, metal utility objects and a fragment of a lead plate with a portray of the horsemen from the Danube Basin.

All of this is pointing to an actual very communicative and frequent area.

In the necrepola there were found 17 tomb constructions in total and majority of them were buried in subsoil and are without any findings. But even those few tomb supplements found are pointing out that the deceased were probably working as a miners or metal workers, which are characteristic for the eastern part of13 the Kumanovo region including the Kratovo - Zletovo region and all of these regions, in relation of the mineral wealth, were representing an entirety.

Библиографија