Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 311–321

Дистрибуција на грнчарски увоз во Македонија во доцната антика (од IV до VII век од н.е.)

Содржина
  1. (ОД IV ДО МИ ВЕК ОД Н.Е.)
  2. MARINA ONČEVSKA-TODOROVSKA
  3. DISTRIBUTION OF THE IMPORTED POTTERY IN MACEDONIA

(ОД IV ДО МИ ВЕК ОД Н.Е.)

Доцноримската трговија, која се заснова на трговија на долги патеки и ги зафаќа урбаните пазари низ Империјата, континуирано се следи се до доцниот УП век.1 Производните центри на најпроизведуваниот производ во антиката - грнчарските садови, се наоѓаат на територијата од северноафриканскиот брег и источниот Медитеран.2 Овие гричарски садови, со својот префинет изглед и квалитетна техника на производство, се вбројуваат во неколкуте типови луксузни грнчарии од доцната антика. Во периодот кога римскиот свет доживува промена, преминувајќи од антика во средновековие, керамичкото производство, сепак, го следиме во континуитет.

Во центрите на продукција продолжуваат да се произведуваат римските форми на грнчарија се до крајот на УП век. Дистрибуцијата на грнчарските производи кон провинциите на Империјата, во периодот од крајот на IV век, се уште е во добра форма. Временски одминувајќи натаму, иако со ослабнат интензитет, од бројните наоди на доцноантичките локалитети во Република Македонија согледуваме дека тие се присутни до крајот на антиката.

Во доцната антика се уште се присутни увозите на неколкуте познати типови грнчарија. Доцноантичките луксузни типови грнчарии се продолжение на раното римско производство. Тоа се садови кои припаѓаат на типовите грнчарии што се произведувале во северноафриканските и источномедитеранските центри. Овие садови, присутни низ целата Империја, кај нас се среќаваат во градските центри, кои се наоѓале на главните патишта, поврзувајќи ја територијата со главните трговски центри. Тука се, пред се: Скупи и Стоби, сместени по течението на реката Вардар, каде поминува главниот коридор север-југ и Хераклеја - градска средина која доминирала во регионот уште од времето на хеленизмот.3 Главните комуникации се носители на сите сфери на живеењето, кое, пак, го диктирале големите приморски градови на Медитеранот. Трг овијата, пак, е носечка гранка на стопанството и во доцната антика, па со неа било возможно во нашите градови да се одржува духот на урбаното живеење и покрај сите историски случувања, вклучувајќи ги упадите и навлегувањата на варварските племиња низ доцниот LV, V и VI век.4

Сл.1. Pacmpocrpanetoct на Африканска сигилата, средина на 4 до средина на 5 век (J. W. Hayes, 1972)
Сл.1. Pacmpocrpanetoct на Африканска сигилата, средина на 4 до средина на 5 век (J. W. Hayes, 1972)

Од доцноримските црвени грнчарии, како основна, ја изделуваме африканската грнчарија со црвено премачкување.5 Овој тип производство се јавува со почетокот на проширувањето на Римската Империја на африканското тло. Почетоците се врзани за производството на територијата на денешен Тунис, од доцниот | до VII век, од каде што трговските патишта го разнесуваат низ целата Империја.6 Производството е раширено на повеќе локации во северна Африка, од кои неколку7 се лоцирани. Таков е Тидис во Алжир, каде е пронајдена печка за производство на овој тип грнчарија и алатки за нејзина изработка. Дистрибуцијата на африканската грнчарија со црвено премачкување е многу широка, од Британија до Црно Море и Арабија.

Африканската грнчарија со црвено премачкување за првпат е определена од Хејс,8 чија глина е генерално со светла боја и нема високо сјајна површина. Овој тип грнчарија е водечка фина грнчарија во медитеранскиот свет, во период од неколку векови, копирајќи ги галските садови од северните римски провинции и ја диктирал модата во грнчаријата во најголем дел од овој период. Според Хејс, примероците од различни категории на африканска грнчарија со црвено премачкување, каде и да се најдени, тешко е да се поверува дека во почетокот би можело да бидат правени во повеќе од еден регион. Исто така, се смета дека работилниците требало да бидат многу блиску до морето, пристапни за брз и едноставен транспорт, што би било толкување за енормниот извоз, во однос на други продукции од континенталните работилници со нивните локални дистрибуции. Со текот на времето се јавуваат и други производни центри во пределот на источниот Медитеран, така што во доцната антика производството е раширено во повеќе центри.

Сл. 2. Распространетост на Африканска сигилата крај на 6 до средина на 7 век (J. W. Hayes, 1972)
Сл. 2. Распространетост на Африканска сигилата крај на 6 до средина на 7 век (J. W. Hayes, 1972)

Палатата бои кај африканската грнчарија со црвено премачкување се движи од портокаловоцрвена до цигла црвена. а кај некои подобри примероци има и розеникава нијанса. Додатоците во глината се парчиња од фин кварц, бел и кафеав, а сребрените парчиња на момирок се во мала количина.9 Глазурата, иако е само пречистена верзија на глината на садот, е со добри квалитети и нема силна сјајност како кај садовите од тера сигилата. Бојата на глазурата е вообичаено со потемна нијанса од онаа на садот. Глазурата потекнува од истата основна смеса како садот, се стопува со него и нема склоност кон лупење.

Од африканската грнчарија со црвено премачкување, во периодот на доцната антика, во нашите наоѓалишта најприсутни се т.н. „чинии со фалта“. Оваа форма е со долга историја на постоење. Се среќава во првите векови од н.е., како припадник на источна тера сигилата Б, каде ес многу честа и омилена форма.

Во Скупи најчести се чиниите што припаѓаат на форма 61 А и Б, според определбите на Хејс. Печењето им е карактеристично за африканската со црвено премачкување, тие се изведени со тврдо печење и компактна глина. Датирани се генерално, од втора половина на IV до втора половина на V век, а примероците од Скупи се одредени во истиот период. Во Стоби чиниите од оваа форма се датирани од втората половина на IV10 до третата четвртина од V век. Од материјалот обработен и објавен од Хераклеја, чиниите од оваа форма се определени во доцноантичкиот период. Чиниите од трите локалитети се претставени на сл. 4.

Сл. 3. Производни центри на Африканска ро Ед Марине, кои го потврдуваат датирањето, и примија со13 црви премаз на0 ТНЕЕ не преминува преку 388 - 395 година. Овие две (CM. Mackensen, 1993) форми се претставени на сл. 6.
Сл. 3. Производни центри на Африканска ро Ед Марина, кои го потврдуваат датирањето, и примија со13 црви премаз на0 ТНЕЕ не преминува преку 388 - 395 година. Овие две (CM. Mackensen, 1993) форми се претставени на сл. 6.

Од другите облици садови, определени според типологијата на Хејс, ги издвојуваме длабоките чинии со формата 84 во Скупи. Оваа форма е многу слична со претходната чинија, а украсени се под работ со врежани линии. Датирани се во втората половина на У век.

Во Скупи следен вид е формата 78, застапена со мали чинии, кои припаѓаат на раниот У век. Чиниите од формите 84 и 78 се претставени на сл. 5.

Во Стоби е најдена чинија со раскошна декорација во горниот, внатрешен дел од чинијата. Тоа е формата 82, датирана во Стоби во V век, а кај Хејс се утврдени во периодот меѓу 430 - 500 година.

Во Стоби се присутни и повеќе мали, длабоки чинии од формите 72 и 73. Датирани се низ целиот

V век. Макенсен за чиниите од формата 73 најдени

Следен тип фина грнчарија која се произведувала во доцната антика е Т.Н. фокеанска, одно-СНО доцноримска U грнчарија.!9д Оваа грнчарија се карактеризира со садови чија глина е силно печена, односно има тврдо печење, со кафеавоцрвена, виолетовоцрвена или костенлива боја, а прекршувањето е без пукнатини. Црвеното премачкување кое е нанесено на целиот сад е во тенок слој. Низ Медитеранот овие садови се распространети од V до VII век. Ја има најпрво во Мала Азија. Оваа грнчарија е главен конкурент на африканската црвена грнчарија.

Називот доцноримска Ц грнчарија го добила од првиот истржувач Ваге, а фокеанска грнчарија од Хејс, кој ја именувал според географското простирање, а како главен центар ја зема Фокеја во западна Турција. Инаку, таа доаѓа како замена на дотогашната - чандарли грнчарија, која ја нема по Ш век. Со појавата на фокеанската грнчарија, таа ги зазема нејзините трговски патишта.

Главно, овој тип грнчарија го сочинуваат длабоки чинии. Многу чест облик е длабоката чинија со формата 3, чие распространување можеме да го проследиме од картата на сл. 7.

Во Стоби се застапени повеќе облици длабоки чинии со едноставно завршен раб нагоре. Припаѓаат на формата 1, датирани во доцниот ГУ и раниот У век.

Стобските длабоки чинии припаѓаат на формата 2, датирани од доцниот IV до средина на V век. Работ на овие чинии е различно извлечен и раширен кон надвор. Овие чинии се претставени на сл. 8.

Најчестиот облик на производството од овој тип грнчарија го следиме преку длабоките чинии во Скупи, определена како форма 3/B од почетокот на V век и оние од форма 3/Д, од првата половина на V век. Во Стоби од оваа форма се најдени длабоките чинии, датирани исто така во раниот У век. сите прикажани на сл. 9. Длабоката чинија со извлечен раб кон надвор, од Скупи, припаѓа на форма 10/b, која се следи до доцниот VI век. Оваа форма Хејс ја среќава од атинската агора до Сучидава и Истрос во Романија. Во Стоби чинијата од оваа форма е датирана во VI век.

Сл. 4. Африканска грнчарија со црвен премаз
Сл. 4. Африканска грнчарија со црвен премаз

Во македонските наоѓалишта среќаваме и значителен број садови, кои со својот изглед ја повторуваат техниката на изработка, облик и колорит на афиканската црвена грнчарија, но, сепак, се чувствуваат извесни мали разлики или недостатоци. Нив ги сметаме за локален производ, односно како имитација на увезената грнчарија. Имитациите сведочат за популарноста на овие производи кои ја инспирирале индустријата во останатите региони на Медитеранот, во обид да се задоволи локалната потреба за луксузни производи. Градовите кои се наоѓаат на морскиот брег изобилуваат со садови кои се имитации на водечките типови грнчарии.!! Прегледот на одделните типови грнчарии, преку временската определба, ја покажува нивната присутност на македонските наоѓалишта. Се појавуваат во втората половина на IV век, го опфаќаат целиот У век, а во текот на VI век исчезнуваат.

Сл. 6. Африканска грнчарија со црвен премаз
Сл. 6. Африканска грнчарија со црвен премаз

Присуството на увезената керамика во локалитетите од Република Македонија од периодот на доцната антика ја покажува распространетоста на овие типови луксузна грнчарија, кои биле произведувани во големите керамички центри, главно, во источниот дел на Медитеранот. Најчесто се присутни во поголемите антички градови. Ова се луксузни, трпезни садови, чија употреба го карактеризира градскиот менталитет, со префинсто чувство за естетика и квалитет. Анализирајќи го керамичкиот материјал од наоѓалиштата, одејќи кон провинциите во внатрешноста на Империјата, констатираме дека одредени форми садови од африканската со црвено премачкување и доцноримска I] грнчарија се присутни во нив. Тоа покажува дека во доцната антика во градовите во провинциите се уште постои градско население, со свои традиции и убави манири во живеењето, како наследство од претходните вредности на Римската Империја. За да се дистрибуираат овие садови до античките градови во Република

'! Williams C., 1989, 51-53: Hayes J. W., 1983, 102-105. Македонија, било потребно во нив да постои богата клиентела, која можела да си дозволи овие производи да ги набави и да ги има во своите домови. Сметаме дека овие производи од нивните производни центри доаѓаат во нашите антички градови, главно, преку Тесалоника, кој во тоа време е најголемиот приморски град во овој дел на Балканот. Тесалоника е воедно и местото со кого тргуваат сите други помали градови од Јужниот Балкан, снабдувајќи се со најразновидна стока. Како втор регион од каде доаѓаат овие производи е црноморскиот. преку кој стасуваат источномедитеранските производи.

Сл. 8. Доцноримска Ц грнчарија
Сл. 8. Доцноримска Ц грнчарија

Намалувањето на интензитетот (количеството) на луксузната доцноантичка грнчарија во античките градови во Македонија е резултат на историските случувања на Балканот. Доцната антика е период кога започнуваат варварските упади, разорувања и населувања од новите етнички групи Готи, Хуни, а подоцна и од Словените, Бугарите и Аварите. !?

Сл. 10. Доцноримска Ц грнчарија
Сл. 10. Доцноримска Ц грнчарија

Сепак, градовите на територијата на Република Македонија успеале да одржат континуитет во градскиот начин на живот се до нивниот крај, кога продолженото живеење веќе добива карактеристики на руралност. Се разбира, драстичното намалување на градскиот начин на живот условува населението се помалку да поседува примероци од така скапиот и тешко набавуван производ од далечните дестинации. Просперитетот од крајот на IV и М век го означил контактот со останатиот дел од Римската Империја, илустрирано од релативно зголемениот број на увезената фина грнчарија: африканска грнчарија со црвено премачкување од северна Африка и помалку примероци од фокеанска грнчарија со црвено премачкување од Мала Азија.

Проучувањето на увезената грнчарија од поголемите антички градови во Република Македонија од периодот на доцната антика покажува дека постоењето на овие типови грнчарски производи се следи во континуитет со раната римска грнчарија. Овој тип грнчарија е релативно добро застапен во однос на останатите типови грнчарии, но споредувајќи со гричарските садови најдени во наоѓалиштата каде што биле сместени главните производни центри, сметаме дека до нашите антички градови не допирале најлуксузно изработените примероци. Cè помалото присуство на увезени садови на самиот крај од доцната антика во нашите локалите-

' Максимовив Jb., 1980, 17-57; Микулчиќ И.. 1995, 239-254. ти е условено од повеќето катастрофи кои се случиле во тој период, со што градовите го изгубиле својот карактер. Ги зафатиле земјотреси, во Скупи и Стоби, поплави во Стоби, како и инвазијата на варварски племиња кои постепено стануваат нови доминантни етнички групи во регионот. Додавајќи ги кон нив историските случувања во целата Империја, разбирливо е постепеното намалување на присуството на оваа грнчарија на нашите локалитети и воедно на Балканот. Постепеното исчезнување на луксузните типови грнчарии се дел од севкупното живеење на Балканот, кога почнува раниот средновековен период.

Сл. 11. Африканска грнчарија со црвен премаз локалитет En Марине во Тунис (M. Mackensen 1993)
Сл. 11. Африканска грнчарија со црвен премаз локалитет En Марина во Тунис (M. Mackensen 1993)

Музеј на град Скопје

Мито Хаџивасилев бб, 1000 Скопје

MARINA ONČEVSKA-TODOROVSKA

Museum of the City of Skopje

DISTRIBUTION OF THE IMPORTED POTTERY IN MACEDONIA

IN THE LATE ATIQUITY

(4TH - 7TH CENTURIES A.D.)

Белешки

  1. Chrysos E., 1997, 9-18. ↩
  2. Hayes J. W., 1972, 13, 296-299. ↩
  3. Изборот на овие градови е направен заради нивната важност како политички, религиозни и културни центри во антиката, но и заради целосно проучениот грнчарски материјал од нив. ↩
  4. Микулчиќ И.. 1999, 199; Микулчиќ И., 1995, 248, 249, 252; Острогорски I, 1959, 90; Максимовиќ Jb., 1980, ↩
  5. Hayes J. W., 1972, 13-210; Anderson Stojanovié V., 1992, 55-59, Pl. 41-44; Манева E., 1979, T. XVI, XVII; Ончевска Тодоровска M., 2004, 45-48, Т. 1/1, 2, 3, 4, 1. 2/5, 6, 7, 8, T. 3/11, 12, 13, 14, T. 4/ 15, 18. ↩
  6. Mackensen M., 1993, 17-20. ↩
  7. Williams C., 1989, 38. ↩
  8. Hayes J. W., 1972, 13-299. ↩
  9. Момирок: (лат., итал., фр., герм., англ., тиса) значи трошка, зрнце, блескав минерал, деллив, кој го има во еруптивни и метаморфични карпи, составен од алуминиумов силикат и калиум, СВСТКаВ, со метален сјај. Се употребува заради термичката отпорност на повисока температура. ↩
  10. Hayes J. W., 1972, 323-370; Anderson Stojanović V., 1992, 59-61, Pl. 46, 47; Ончевска Тодоровска М., 2004, 48, Т.5/25, Т.6/29, Т.10/51, 52, 53, Т.52/29. ↩
  11. Translated by: ↩
  12. Zoran Runéev ↩

Summary

Distribution of the Imported Pottery in Macedonia in the Late Atiquity (4th - 7th Centuries A.D.)

The Late Roman commerce is following continually all the way till the late 7" century through the urban trade centers through out the Empery. The production of the most common product in the ancient time, the pottery vessels, was happening in the North African and East Mediterranean centers. The distribution of these products to the provinces of the Empire is still good until the end of the 4" century, and moving to the end of a classical time, the intensity is weakening. That was the case with Macedonia too, were we comparing the material from the ancient cities of Skupi, Stobi and Heraklea.

Can be notice a presence of more forms of African pottery with red coating as well as Fokean i.e. Late Roman pottery. Of these luxury type of pottery where mainly were represented by many forms of plates.

Those are luxury, dining vessels, which usage is characterizing the urban mentality with refine sense for aesthetic and quality. In the late antic period there are still urban population in the cities, with their own traditions and well manners in the habitation. For distribution of these vessels to the Macedonian cities, was necessary to have rich clientele so can afford them and have them in there homes.

The late antic import of pottery is pointing out the distribution direction of these products, trade contacts with the Mediterranean production centers also with the centers where those products were coming as well as their diffusion in the provinces.

In Macedonia the biggest trade contacts were made with Thessalonica a through it with the production centers of11 the Eastern Mediterranean. As a second spread direction of12 the trade roads is the contact with the Black Sea region from where, in some part, Eastern Mediterranean products were coming in Macedonia as well.

Библиографија