Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 291–310

Археолошки истражувања на куќа 2 во Heraclea Lyncestis, сектор Театарски плоштад

Археолошките ископувања што се предмет на оваа дискусија, примарно оние изведени 1998 година во ареалот именуван како Театарски плоштад, претставуваат продолжеток на теренските истражувања од 1988-1989 година. Името на секторот детерминира простор за јавно собирање, античкиот форум кој е дел од римското раноцарско урбанистичко решение!1 (ел. 1). Низ повеќекратна трансформација на централното урбано јадро на Хераклеја во текот на првите шест века од новата ера, овој простор бил редуциран на доминантна комуникација, стратиграфски поставена на повисоко ниво од античкиот плоштад. Улицата која денес се истражува минувала долж јужната фасада на сцената на театарот и била ограничена од другата, јужна страна, со потпорниот ЅН], на Големата базилика. Улогата на носечка градска комуникација е нагласена со инфраструктурата лоцирана под претпоставеното газиште на улицата, формирано од слој силно набиена земја со дебелина од околу 0.20 м, поставено врз повеќекратни слоеви од поситен речен камен во горните, па се до крупен камени мермерни сполии во долните слоеви. Постоење на павимент не е документирано. Уште со првата истражувачка кампања на западниот сегмент на овој простор, под горното ниво на улицата, откриена е една од трасите на градскиот водовод која го определува градскиот карактер на овој дел од населбата во време на нејзината инсталација и функција.

Со оглед дека целиот овој потег бил повеќекратно истражуван од страна на повеќе истражувачи и недостатокот од соодветна техничка и фото-документација, во август 2008 година бев поканета од страна на Заводот и Музеј - Битола да го доистражам овој простор, за што ја изразувам мојата благодарност. Оттука се наметна и една од целите на истражувањето, кое освен хронолошко и културно определување на градбите доградени кон јужната фасада на сцената, имаше цел да го определи времето на конструкција на улицата и придружните водоводни линии. Во истата пригода водоводната линија беше целосно отворена и документирана.2

Јужната фасада на сцената на античкиот театар свртена кон градот, која оригинално ја дефинирала северната страна на форумот, ја сочинувале десет простории. Тие се со различна ширина и, според претпоставката на Т. Јанакиевски и проф. д-р Ј. Роспедовски претставена на графичката реконструкција и респективно изведена на терен, се засводени и со лачна фасадна завршница. Вградени во истиот фасаден аранжман се и двете латерални простории, источната и западната, кои градежно и архитектонски се разликуваат од средишниот дел на зградата, што посочува различност од примарниот концепт.3 Врз основа на градежните елементи на овие две простории, како и според резултатите добиени при истражувањата на западната просторија, а повеќе години подоцна и на источната просторија, си земам за право да посочам на укажувањето на д-р Т. Јанакиевски за нивната важност за континуитетот на градба на целокупниот архитектонски аранжман на скената. Секако, оваа сугестија бара дополнителни истражувања и аргументација.

Сл. 1. Архитектонски план На централното градско јадро на Heraclea Lyncestis
Сл. 1. Архитектонски план на централното градско јадро на Heraclea Lyncestis

Поради масивниот ерозивен нанос од повисокиот дел на ридот таложен на овој простор во тек на повеќе векови, локалитетот бил втопен во единствена аморфна структура. При истражувањето на театарот јужниот сегмент на скената бил симнат до ниво на археолошка зачуваност на преградните зидови со цел за нивно истражување и реконструкција. Со тоа била нарушена органската поврзаност на нивната внатрешност со просторот јужно од скената, која е предмет на оваа дискусија. Според усна информација, во текот на првичните ископувања во овие простории не биле констатирани подови, а истражувањата биле нееднакво спроведени, некаде и далеку под очекуваното ниво. Досега не беше обезбеден увид во резултатите од претходните теренски работи на овој простор, со што беше оневозможено усогласување на резултатите. Со оглед на длабочината на зидовите, опусот на 5идање и дебелината на доцноантичкото наслојување, истражувањата се запрени на ниво кое е над темелните партии на зидовите.

Основна насока за поновите истражувања на овој сектор се добиени едновремено со откривање на контактните површини меѓу оригиналните преградни 5идови на скената и секундарни, што посочило постоење подоцнежни доградби анектирани кон задната фасада на скената (сл. 2). Истражувањата изведени 1998 година беа сконцентрирани кон откривање на една составна градба анектирана кон јужната театарска фасада. Таа се надоврзува на најзападната во низата, порано истражената Куќа |, следејќи ја левата страна на уличната траса од запад кон исток. Тоа е објектот наречен Куќа 2 со просторот јужно од неа атрибуиран на улицата. Кон крајот на работите обемот на истражувања на улицата беше редуциран со цел до крајот на предвидениот рок да се востанови нејзината инфраструктура. при што беше откриен дел од водовод пред нејзиниот влез. Истражувањата јужно од куќата укажаа на современо пробивање на културните слоеви потврдено со наоди од бодликава жица, стакло, конзерви и делови од боево оружје, гранати, откриени и во десетиот откоп. Оваа ситуација констатирана долж средната оска на улицата е уште полоша во крајниот јужен дел до потпорниот зид на Големата базилика, каде што е евидентно инфилтрирање на рецентен материјал како последица на современите конзерваторски работи.

Сл. 2. Реконструираната јужна фасада На театарската скена пред почетокот на истражувањата во 1998 г. со зидовите од Куќа | и Куќа 2 во перспектива
Сл. 2. Реконструираната јужна фасада на театарската скена пред почетокот на истражувањата во 1998 г. со зидовите од Куќа | и Куќа 2 во перспектива
Илустрација, стр. 293

Со оглед дека Куќата 1 досега не била презентирана, (сл. 3) може да се напомене дека јужните фасади на овие две куќи не се дефинирани со единствена фасадна линија, туку движејќи се кон исток нивните лица каскадно проминираат на просторот на улицата. Во таа смисла говори и различниот квалитет на градба и намена на сите останати објекти на овој потег. Ова посочува дека тие не се резултат на единствена организирана градежна кампања, туку последица на низа самостојни зафати и интервенции предизвикани од личниот интереси приоритет на сопствениците или заедницата. Во прилог на истото зборува и затворањето на некои влезови во засводените простории на скената, претставено на оригиналниот план на театарскиот комплекс, што не е поткрепено со попрецизни информации.4 Треба да се напомене и дека најзападниот трет дел на Куќата 2 кој соодветствува на вториот засводен простор на скената од запад, бил истражен со поранешните ископувања. Сепак, обемот на истражуваниот простор овозможи јасен увид во карактерот на градбата и даде доволно материјал за културна идентификација, а непореметената стратиграфија обезбеди релативно прецизно хронолошко определување. Ископувањата се одвиваа во рамките на тогаш важечката квадратна мрежа (4 x 4 м) формирана во однос на театарскиот комплекс, заземајќи ги квадратите 24-32. Започнати во кв. 24 и 25, по првичните резултати и подоброто запознавање со теренот, се пријде кон проширување на истражуваниот простор со цел комплетно опфаќање на градбата. Во текот на работите овој пристап се покажа оправдан. Во 2008 година конечно е поставена нова единствена геодетска мрежа за целиот локалитет.

Сл. 3. Сочуваните идни платна на Куќа 1: а) југоисточен агол на куќата, 6) јужен зид со отвори за врата и прозорец
Сл. 3. Сочуваните идни платна на Куќа 1: а) југоисточен агол на куќата, 6) јужен зид со отвори за врата и прозорец

Ископувањата започнаа на затекнато ниво од сса 622 м апсолутна надморска висина, под која на поширокиот простор се откриени изместени и деградирани скелетни остатоци од германски војници настрадани во Првата светска војна. Со нивелација на просторот, под првото наслојување од груб рецентен насип, околу 0.35 м под горната површина на земјата во јужната половина на истражуваниот простор се појави еродиран градежен шут. Тој кореспондира со првото археолошки констатирано подно ННВО лоцирано на северната половина на просторот на само 50-ина см од горенаведената кота, што укажува на евидентниот пад на теренот во правецот север-југ на просторот од улицата. Констатираниот под се врзува единствено за ѕид кој е продолжеток на VI носач меѓу засводените простории 5 и 6 и се простира западно од него. На северната страна тој е одделен од остатоците на театарската зграда со слабо зачуван сувозид, повторно ретенција од постар објект. Обата имаат функција на заклон. Ова сведочи за високата руинираност на скената во време на подигањето на сувоѕидот и променетата топографија на теренот како резултат на ерозијата. Подот е изведен од црвена глина, слабо © зачуван, пробиен од разрушен градежен материјал и не е дефиниран со поважен археолошки материјал, па може да се смета за релативно рецентени да се поврзе со евентуалното постоење колиби споменати од Г. Томашевиќ.5 Тој бил во еднократна употреба, фундиран врз набој од градежна керамика од постарите фази, како масивни квадратни тегули од рановизантиски формат и погруби цигли и керамиди помешани со песок, малтер и малку глина. Слојот над него содржи мноштво порана, главно, рана римска керамика, која во помала мера се среќава и во пониските слоеви, акумулирана по пат на ерозија што продуцира обратна стратиграфија. Оттука и важноста на Подот 1 во културна смисла се состои во фактот дека ги запечатува пониските културни слоеви, оневозможувајќи мешање со рецентен археолошки материјал и ја претпоставува интактноста на пониските културни слоеви.

Натамошните ископувања открија постоење на уште четири подни нивоа во стратиграфскиот насип на просторот над Куќата 2, кои го одразуваат различниот степен на економска моќ и културен потенцијал на корисниците во различни периоди на постоење. Иако истражувањата беа концентрирани на прецизно временско определување на фазите на живеење, глобалниот заклучок како последица на сиромашноста со хронолошки чувствуителен археолошки материјал овозможува единствено глобална детерминација на периодите. Оттука, со оглед на особено деликатниот историски период, ќе се обидеме да ја толкуваме хронологијата во контекст на аналогните појави веќе констатирани на локалитетот. Дотолку и натамошните истражувања ќе мора да се изведуваат со крајна методолошка суптилност за да обезбедат попрецизни хронолошки и други репери за согледување на историско-политичките и културни особености на времето од крајот на постоењето на античкиот град.

Илустрација, стр. 295
Сл. 4. Под 2 - најмлад период на живеење (Фаза 2) на просторот на Куќата 2
Сл. 4. Под 2 - најмлад период на живеење (Фаза 2) на просторот на Куќата 2

Под Подот 1, под слојот на шут, чија содржина укажува на подолготрајна експонираност и земјен насип со дебелина од околу 0.50 ,° се откри внатрешната организација на станбен објект врамен од остатоци на силни малтерни зидови на Куќата 2, првооткриениот источен, јужен и западен зид (сл. 4). Притоа на западната страна се отвори дворишен простор грубо поплочен со камени и фрагментирани керамички плочи, а на источната просторија покриена со разрушена покривна керамика. Двата простора се предвоени со сувозид, кој напречно ја дели куќата. Тој е интегрално сврзан со сегмент од сувозид паралелен со фасадата на скената забележан и во претходната фаза. Може да се претпостави дека тој затвора премин, коридор, меѓу двата простора на куќата и остатоците од скената, која веројатно во ова време и на ова ниво е во состојба на висока руинираност, особено што не постои друга комуникација меѓу двата простора. Дворишниот простор комуницира со улицата преку импровизиран праг во југозападниот агол, изведен од педантно наредени тегули наредени пред малтерниот ѕид, што сведочи за добрата зачуваност на зидните маси од примарното рушење на зградата до оваа четврта фаза на користење на габаритот на градбата. Покривната керамида во источната половина е особено концентрирана во јужниот дел како последица на процесот на рушење на косата покривна конструкција. Откриена е градежна керамика, квадратни и триаголни тегули и имбрекси од подобар и послаб квалитет со сродни димензии (дим. 42 х 42 х 2.5-3 см), крупен и ситен камен и малтер.

Основата на покриениот простор се состои од исклучително песоклива земја со примеси на малтер и фрагментирана градежна керамика што го сочинува подното ниво. Тука се сместени дури три огништа изведени од тврдо набиена глина, слабо издигнати над подот, со остатоци од горење зачувани во различен степен. Во оваа фаза на употреба најразвиено е Огништето | крај источниот зид, близу до југоисточниот агол на куќата, со правоаголна форма, со дел за готвење и простор за одлагање непосредно до 5идот на куќата. Северно од него е поставено помалото Огниште 2 со неправилна школкеста форма, а наспроти нив до сувозидот е третото најголемото Огниште 3 обрабено со крупен камен. При неговото откривање се појави големо количество гареж, фрагментирана садова керамика, XKUBOTHHCKH И птичји коски документирани во голема концентрација на целиот простор. Со симнување на слојот песоклива земја до ниво на втор црвен глинест набој за под, Под 3, се испостави дека огништата 2 и 3 биле атрибуирани на горното, помладо ниво постоење на куќата дефинирано со Под 2, додека единствено Огништето | фундирано врз слој градежна керамика е поставено врз Подот 3 во време на инсталирањето нов станбен или производствен објект во рамките на габаритот на постар објект (сл. 5). Слична ретенција претставува и мусандрата во јужниот сил, централно поставена во рамките на просторијата дефинирана со Под 3, акцентирана со керамичка тегула пред нејзиниот влез. Во неа беше откриено мноштво птичји коски. Подот 3 се состои од цврст, но релативно тенок набој на глина, нерамен со оглед на слојот на шут што се Hasupa под него. Овие два пода се толкуваат како дел од единствено живеење (Фаза 1) од постоењето на куќата во обратен хронолошки редослед. Истражувањата продолжуваат со ископување во рамките на т.н. двориште, под кое наскоро се покажува подно ниво од црвена силно набиена глинеста земја со делумно поплочување на централниот простор и слоеви rap. Во вториот период на постоење влезот е поставен на западниот крај од јужниот зид и оригинално припаѓа на Куќата 2, но во оваа фаза е покриен со 3 камени плочи. Тој се врзува за Подот 3, а е формиран над постар земјен под, над кој се остатоците од крајниот западен сегмент на јужниот зид разрушени во вид на столбец.

Сл. 5. Под 3 - најмлад период на живеење (Фаза 1) на просторот на Куќата 2
Сл. 5. Под 3 - најмлад период на живеење (Фаза 1) на просторот на Куќата 2

Со следното расчистување се откри груба невоедначена подна површина со нагласен пад од запад кон исток, обележена со остатоци од интензивно горење, како во преминот меѓу кусиот сувозид во темето на пораниот преграден зид и зградата на сцената. Со симнување на помладите наслојувања се гледа дека попречниот сувозид е поставен директно над постариот Под 4 и се врзува за помладата и поорганизирана фаза на постоење на објектот. Директно под темелот на сувозидот беше откриена луцерна (сл. 6). Со симнување на преградниот сувозид се добива единствен станбен простор на втората фаза на живеење во рамките на Куќата 2, следејќи ја обратната хронолошка секвенца според редоследот на откривање на археолошките целини, со која се врзува луцерната.

Следниот Под 4 очигледно претставува една кусотрајно и исклучително примитивно приспособување на надворешните зидови на Куќата 2, наменета најверојатно за ургентно сместување на жителите на градот (сл ч 7) Нејзиниот западен надворешен зиде зачуван NIUTко над подот од станбеното ниво, речиси покриен со глинестиот набој и надграден со плитар, а кон средината на просторот подот од црвена земја има нагласено невоедначена површина во која со поставување рановизантиски питос било организирано импровизирано огниште. Тој бил вкопан во подот, скршен на лице место и дополнително исполнет со песок. /n situ се зачувани речиси сите делови (дно, 5идови, горен дел со ободот и капак), а над нив остатоци од јагленисано дрво и гар како последица на употреба. Во него е откриен поголем број бронзени монети донесени при насипувањето со песок, а на самото дно од питосот е зачувана уште една силно оштетена монета депонирана во садот во времето на примарната употреба. Може да се претпостави дека питосот тука бил донесен од блискиот horreum инсталиран во најисточната просторија на скената.

Сл. 6. Преграден зид од најмладиот период на вен врз Подот 4
Сл. 6. Преграден зид од најмладиот период на вен врз Подот 4

Со симнување на подот од црвена земја во централниот дел од куќата веднаш се јавува малтерен преграден зид кој ја дели оригиналната градба во две простории, западна и источна. Првиот од трите откопи во западната просторија € со ретки наоди; во вториот слој од

Сл. 7. Под 4 - втор период на живеење на просторот на Куќа 2
Сл. 7. Под 4 - втор период на живеење на просторот на Куќа 2

7 Јанакиевски T., 1987, 45. само ја споменува во нејзината оригинална организација. 20-ина см до горното ниво на влезниот праг следи слој гареж со јака концентрација на покривна и садова керамика, што се повторува и во следниот откоп до подот. Средишно во источната просторија, под поранешните огништа, меѓу остатоците на шут јасно се оцртуваат контурите на невоедначена маса на црвена песоклива земја, малтер и жолта глина без некој особен редослед. Насипот е со изразено кристалеста структура, веројатно кварцит. Истиот кварцен песок го исполнуваше и питосот-огниште во втората фаза на постоење на објектот. Пресекот низ шутот на разрушената покривна конструкција со големо количество камен, имбрекси и квадратни тегули, слемени керамиди со полукружен пресек за разлика од аглес6 тите во повисоките слоеви, и интензивен гареж, открива дека насипот од црвена песоклива земја е наменски донесен од друга локација и вкопан во шутот директно врз Подот 5. Цел била секако организација на огништата во најмладата фаза на постоење на куќата. Изразено џесокливата кварцна земја © помешана со ситно фрагментирана градежна и садова керамика со различен квалитет. Дебелината на слојот на рушење од околу 0.60 M, како и појавата на тегулите, ја наметнуваат помислата за постоење на можна катна конструкција над оваа просторија, но објективни укажувања за тоа не се констатирани. Напротив, релативно добрата сочуваност на Јужниот зид и составот со источниот ЅНІ со косина на горната ивица со пад кон улицата, укажува на неговата интактност од времето на активно функционирање на Куќата 2. Интактно зачуваниот културен слој во куќата, запечатен под слојот на рушење, го документира квалитетот на живеење во моментот на катастрофата, прекинат со деструкција предизвикана од земјотрес.

Од сето претходно може да се заклучи дека куќата поседува три основни фази на постоење во хронолошка секвенца:

- | најстара фаза врзана за времето на настанување на оригиналната градба;

- П примитивна краткотрајна фаза дефинирана со Подот 4;

- Ш поразвиена, со потфаза како последица на обнова на покриената просторија, дефинирана со подовите 2 и 3 (настанок и обнова), и сето тоа запечатено со примитивниот Под 1 како ретенција на засолниште.

Куќата 2 е конструирана идентично како и Куќата 1, од необработен камен и јак варов малтер (сл. 8). Нејзиниот габарит се врзува за просторите на третата, четвртата и петата 3aсводена просторија на јужната страна на театарската скена, за кои може да се претпостави

Сл. 8. План на Куќа 2
Сл. 8. План на Куќа 2

дека ги интегрира во рамки на своето активно постоење. Оттука претходната напомена за важноста на археолошките податоци од истражувањата на овие засводени простори и особено на податоците за нивната секундарна употреба се од особена важност за толкувањето на самиот објект. Кон вкупниот габарит треба да се припише и споменатата трета западна просторија која комуницира со втората засводена просторија од јужната страна на скената, одделена со остатокот на куќата со заеднички зид. Според последните доистражувања на просторот се чини дека таа не комуницира директно со неа, туку единствено со улицата, што е можеби последица на слабата сочуваност на зидовите. 5идовите на Куќата 2 приградени кон оригиналната фасада на скената, се подигнати во техника на opus incertum со употреба на крупен необработен камен уредно сложен долж надворешните површини на зидните платна, додека јадрото е исполнето со ситен камен и тула втопени во малтер. Конкретен редослед во зидањето не е констатиран, иако е запазена хоризонтална подреденост на низовите (сл. Фа). Џидовите се масивни, малтерот е во основа цврст, типичен за доцен V и VI век, но со нагласена ронливост на западните три зида што укажува на можно подоцнежно преградување, што се поддржано и од нивната различна дебелина и поинтензивно присуство на вар. Особената моќност на источниот надворешен ЅН, како U дебелината на слојот на рушење во источната просторија на Куќата 2, како и висинската разлика од подот на куќата до реконструираните сводови на засводените простории кои оригинално припаѓаат на скената, а прифаќајќи ја

Илустрација, стр. 299
Сл. 9. а. Јужен зид на Куќа 2, однадвор; 6. одвнатре со
Сл. 9. а. Јужен зид на Куќа 2, однадвор; 6. одвнатре со

Ѕо ее еее оо в. Источен зид со остатоци од оваа реконструкција како реална, оставаат место за можна претпоставка за постоење на катна конструкција во источниот дел на куќата. Влезниот дел кој комуницира со улицата и покрај дебелината на слојот на рушење, не нуди можност за постоење на слична организација.

Анализата на јужната фасада на Куќата 2 посочи на президување на 5идното платно во неговата горна половина. а 10 години по отворањето на објектот разликата е јасно видлива, нагласена од интензивната деградација на градежниот материјал како последица на атмосферските влијанија. Ова укажува дека меѓу посебните фази на користење на градбата не постоеле подолги периоди на напуштеност на објектот. Линијата на поделба на двете фази оди под интегрираниот тимпанон во фасадата и малиот прозорец поставен веднаш до него, на 0.60 м од подот на просторијата, делумно затворен со спаѓањето на масите и во третата фаза дефиниран како мусандра. Употребениот малтер е различен; во долниот дел се јавува цврст варовен малтер сличен на оној употребен во источниот 5ид, додека во горниот дел е употребен црвеникав хоросан малтер. Ова јасно укажа на постоење потфаза во животот на Куќата 2. Источниот и јужниот зид од внатрешната страна носат траги од дерсување, што зборува за малтерисување на идните платна, а како ретенција на помладата фаза на постоење (сл. 96, в).

Куќа 2 (сл. 10) во својот потесен обем е правилна правоаголна доградба составена од две простории: една влезна тесна на запад и втора голема источна, кои кореспондираат респективно со третата, односно четвртата и петата засводена просторија на скената сметано од запад. Преградниот зид исто како и надворешните се надоврзува на респективниот четврт преграден ЅН на скената, што е аргумент повеќе за активната поврзаност на оригиналните простории со доградените. Влезната просторија (ел. 11) комуницира со улицата преку7 монолитен праг кој е подигнат во однос на подот за околу 0.10 м, а во однос на газиштето на улицата за околу 0.20 м. Страничните перфорации во прагот сведочат за затворање на куќата кон улицата со двокрилна влезна врата. Пред самиот влез на просторот на улицата, втопен во неправилна малтерна маса што асоцира на основа за скала, е откриено железно верме за затворање на вратата. Подот во влезната просторија бил покриен со дрвени штици документирани во одмината фаза на скапаност, кои според бојата и остатоците се простирале од зид до зид. Врз нив се откриени 4 масивни камени блока обрушени од повисоките партии на скената.

Преградниот зид меѓу влезната и големата просторија наменета за дневно боравење поседува уште еден монолитен праг за двокрилна врата, кој исто како и претходиот бил поставен над подните нивои во двете соседни простории. Како и претходно и овде подот бил покриен со дрвени штици фиксирани долж рабовите на зидовите со рамка од пречистена жолта глина. Во северозападниот агол на просторијата лево од влазот беше откриено огниште. При ископувањата во 1998 година оваа ситуација не успеавме сондажно да ја провериме и по завршувањето на истражувачката кампања се сметаше за конечна. Доистражувањето на просторот во 2008 година даде податоци за постоење на постара прва фаза. Со внимателно симнување на остатоците од распаднатиот дрвен под се откри глинест нивелационен слој со невоедначена дебелина наместа достигнувајќи 1-2 см како основа за подот. Со неговото симнување централно во просторијата се откри нерамномерно пропаѓање со насип од гареж и деградирано дрво дебел околу 10 см. Наодите коишто се тука откриени се разнородни и нивната употреба се врзува за пораниот период, грубо за У век.8 Нивната појава се јавува како последица на спонтана акумулација веројатно во период на запуштеност на градбата, по рушењето што резултира со изместеност на подното ниво на пораната фаза. Со внимателно ископување беше откриен раниот глинен под со зачуван дел од огниште изведено од крупен аморфен камен, поставено на исто место како и во подоцнежната фаза, и мал „базен“ поставен во дијагоналниот југоисточен агол на градбата меѓу двата надворешни ѕид, внимателно ограден со крупен камен. Со прекинот на работите ситуацијата во овој објект остана на ова ниво на истраженост.

Сл. 10. Куќа 2, подно ниво на Фаза 2
Сл. 10. Куќа 2, подно ниво на Фаза 2
Сл. 11. Влезната просторија на Куќа 2
Сл. 11. Влезната просторија на Куќа 2

Наспроти расчистувањето на остатоците од рушење на првата фаза на Куќата 2 со цел да се обнови, како последица на што имаме недостаток на движен материјал кој директно се врзува за времето на активно функционирање, е втората фаза со целосно зачуваниот движен материјал под слојот на деструкција кој јасно говори за квалитетот и времето на постоење. Меѓу наодите откриени врз дрвениот под се издвојуваат едноставен цилиндричен сад изработен од бронзен лим со покрупни димензии, масивен кујнски mortarium изработен од крупнозрнест мраморизиран варовник,9 како и фрагментирано прозорско стакло паднато врз подот на просторијата и зачувано во оригиналните контури. Во северозападниот агол крај преградниот зид и лево од влезот било поставено правоаголно огниште, фундирано врз она од пораната фаза, но сега прецизно изведено од мали глинени тули врзани со глина. Во моментот на откривање врз огништето се наоѓаа неколку керамички сада (сл. 12 а, 6, B, г).

Карактеристиките на овој станбен објект зборуваат за релативно висок стандард на живеење во Куќата 2 како во нејзината прва фаза на постоење, колку ни е засега познато, така и по нејзината обнова. Освен движните наоди, дрвениот под и застаклениот прозорец во прилог на тоа зборува итн. базен во аголот. Имено, еден сегмент на водоводен канал се одвојувал од трасата на главниот водовод кој минувал долж улицата и најверојатно ја снабдувал куќата со вода. Тој е со помал капацитет, изграден од правоаголни тегули и се одвојува од главниот канал западно од Куќата 2 за да се приближи до нејзиниот јужен зид во близина на прагот, и потоа под нејзиниот Југоисточен агол се отстранува за да се спои со шахтата. Интервенциите од санацијата по земјотресот кој довел до оштетување на Куќата 2 се најакутни точно на југоисточниот агол на градбата каде што веројатно постоело поврзување на водоводниот канал со внатрешниот базен, кој нуди единствена објективна потреба за негова градба. Преградбата е темелна, па со досегашните истражувања не бевме во состојба да откриеме остатоци од очекувана инсталација. Заради стабилизација на објектот на самиот агол е поставен масивен обработен камен блок, зидот над него е преграден, а над трасата на каналот на улицата е поставено повеќеслојно зајакнување од камен како поптпора на ѕидот што треба да спречи можно разрушување. Може да се претпостави дека до рушење на овој сегмент на зидот дошло токму како последица на присуството на водата, поради што таа е исклучена по обновата на градбата.

Сл. 12. Подно ниво во големата дневна соба на Куќа 2: a. огниште-откриено; 6. огниште-затрупано; в. mortarium на подот: г. прозорско стакло на подот.
Сл. 12. Подно ниво во големата дневна соба на Куќа 2: a. огниште-откриено; 6. огниште-затрупано; в. mortarium на подот: г. прозорско стакло на подот.

Во прилог на хронологијата на настани кои го одликуваат развитокот на овој објект како најмаркантен на потегот Театарски плоштад, зборува и монолитниот фронтон вграден во надворешното лице на јужниот зид. Тој е вграден во најдолниот ред од надградбата на јужниот ЅН, во време на обновата и засега не е познато дали претставува само тимпанон или составен покрив на едикула. Неговото постоење директно го врзуваме со база од едикула зачувана во непосредна близина. Таа е лоцирана централно во соседната шеста засводена просторија на скената, врз цврст бетонски темел, чии димензии посочуваат на постоење на naiskos, односно aedicula, на ова место. Базниот дел претставува осуариум со кој фронтонот најверојатно претставувал единствена целина. Засега е сигурно нејзиното едновремено постоење со првата фаза на Куќата 2, додека рушењето директно се врзува за прекинот на живот на првата фаза на куќата. Со оглед дека едикулата е дел од друга архитектонска целина која ќе биде елаборирана подоцна, тука само накусо ќе се задржам на фронтонот, кој во недостаток на попрецизни податоци не сме во можност временски да го определиме.10 Освен делумно зачуваните рабови (максимум зачувана должина на базата 0.63 м), единствениот видлив орнамент е осумкрака пластично изведена флорална розета поставена централно. Според досегашните проучувања речиси сите досега откриени делови од едикули се протолкувани како сепулкрални. Исклучок секако претставува едикулата откриена во немезеијонот организиран во централната просторија на скената на античкиот театар во Стоби.11 За неговата активна инволвираност во функционирањето на театарот веќе еднаш е зборувано,12 па во оваа пригода се наметнува потребата единствено да се спомене дека појавата на едикулата во централната просторија на јужната фасада на скената во Хераклеа е со аналогно значење. Имено, нејзиното лоцирање на ова место е во стилот на античката традиција и поврзувањето на театарските комплекси со јавниот градски простор, овде и во ова време лимитиран на комуникацијата меѓу скената и оградниот зид на Големата базилика. Може да се претпостави дека таа била првично подигната, пред градбата на куќите | и 2, а можеби и пред вградувањето на водоводната линија. Оттука таа укажува на постоењето посебно урбанистичко решение на овој простор во раниот период на доцната антика.

Засега, на ова место ќе го предложиме времето на првично настанување на Куќата 2 кое може грубо да се постави во втората половина на У век,13 и нејзината обнова. Стратиграфските слоеви се проследени и со извесен број монети, кои, за жал, се во исклучително лоша состојба на зачуваност и голема истрошеност како последица на долготрајна употреба, па најчесто се нечитливи. Се работи за ситни деноминации од 1-3 нумии, кои според физичките карактеристики можат да се атрибуираат на IV и У век. Поради ограничениот простор сме принудени на крајно селективно претставување на движните наоди, со приоритет на предметите важни за хронолошка детерминација на објектот и фазите на развој. Садовите од втората фаза припаѓаат на керамичката продукција на доцниот У и почетокот на VI век, а кои подетално ќе бидат претставени на друго место,14 посочуваат дека земјотресот што довел до финален прекин на животот во Куќата 2 се случил во раниот VI век, неговите први децении. Овие два земјотреси веќе се потврдени во урбаната историја на Хераклеја, првиот документиран со о0бновата на мозаиците во Големата базилика, во нартексот и северниот и јужниот кораб од крајот на У и почетокот на VI век, и вториот потврден со една серија на архитектонска декоративна пластика од раниот јустинијановски период. Второто ниво на примитивно живеење се врзува за кус хронолошки период што следи наскоро по нејзиното рушење, за потоа, околу средината на векот да дојде до стабилизација на условите за живеење во градот кога се подига третата фаза на Куќата 2. Ваквото датирање нагласува еден од основните проблеми на естетското поимање на урбаната структура на градот, кога во непосредна близина на примитивните станбени објекти импровизирани во габаритот на Куќата 2 била подигната монументалната градска фонтана со посветен натпис на императорот Јустинијан, датирана во 562 година.17 Инаку, подигањето на резиденцијални и други, често култни, објекти анектирани кон фасадите на доминантни римски и доцноантички градби. и приспособувањето на јавните простори, вклучително и на покриените улични тремови за живеење, е карактеристично за самиот крај на антиката.18

Со оглед на централната топографска позиционираност, реконструкцијата на настани кои го одликуваат овој простор во голема мерка го одразува развојот и квалитетот на живеење во градот, па поради тоа на него ќе се навратиме и во следна пригода. Засега стратиграфски далеку најважен наод за утврдување на хронологијата претставува една целосно зачуваната Керамичка луцерна откриена под темелот на зидот од третиот период на живеење, а која директно се врзува за вториот најскромен краткотраен период по масовното рушење на куќата.

Индивидуалноста на формата на светилката (Т. I) укажува на компилациската продукција во крајот на антиката и специфичната развојна линија и димензии кон кои оваа лампа припаѓа, што оневозможува прецизно дефинирање на времето на настанување според постоечки аналогии. Така во типолошката еволуциона шема на сириско-палестинските лампи оваа форма е атрибуирана на V век19 со зафаќања во IV и VI век,20 а слично место зазема и во останатите типологии.

Таа има елегантно извлечено, ниско тело со крушковидна разчленета форма (висина на телото 2.5; вкупна висина 3.5 и должина 10 см) со линеарен профил без отстапувања, најблиско до она на северно афричката продукција на поволуминозни лампи со поизразен, ниско спуштен клун и нивните атички копии од У и VI век. Рамената се спуштаат од конкавниот диск (4 = 35 cm) кон средината на телото и лесно преоѓаат во масивна тесна рачка на предната страна назначена со 4 ребра. Изработена е од пречистена глина со мека структура и беж боја, премачкана со посен невоедначен премаз со црвеникава до кафена боја, истрошен врз релјефните делови. Убаво расчленетото тело. пластично изведеното ребро што го опкружува дискот и долгиот тесен клун кој овално го опкружува отворот за фитил, овде поцрнет од употреба, се карактеристики што го дефинираат малоазискиот тип светилки од TV до УП век и нивните имитации. Кон тоа припаѓаат и закосените рамења, масивната рачка во вид на рибја перка, како и организацијата на долната страна со пластично нагласена база во која е втисната сигнатурата planta pedis.21

Основен проблем во дефинирањето на ламбата представува отсуството на аналогии во организацијата на лицето. Орнаментиката е апстрахирана, но со христијанска тематика, при што реброто ја носи улогата на винова лоза од која кон рамото се одвојуваат витици и гроздови, а на десната страна и навнатре под отворениот клун на петел рељефно представен во дискот во десен профил. Петелот е честа фигура во декорацијата на пораните, но и доцните атички лампи од Ши 1V век, и од У и VI век, како посебни групи, при што во подоцнежниот период тие се врзуваат за христијанската традиција во украсувањето, наспроти првичната митолошка традиција која кај овој тип ламби особено долго се одржува.

Од можните аналогни примери можат да се посочат ламбата бр. 2595 од атинската агора изработена од портокалова глина со декорација од винови ластари на рамото и неорнаментиран диск датирана во раниот У Век;22 ламбата бр. 243 и далеку најблиската, но без доволно толкување; ламбата бр. 241 еизработена од розевикава светлокафена глина, обете откриени во Сармигезетуза со непознато потекло, вброени меѓу африканските, односно египетски/алек-

Илустрација, стр. 305

сандриски примероци23 со христијанска орнаментика. Врз основа на фактурата, Сентлелски првата ја толкува како една од доцните варијанти, што може да се припише и на вториот примерок. 3

Во прилог на идентификација на центарот на продукција врската ја воспоставува тешко препознатливиот симбол planta реԁіѕ втиснат централно во базата на нашата луцерна, карактеристична за доцната атичка продукција од У и VI век, но во поедноставна изведба со врежување. Нејзината појава е првично врзана за пораната локална традиција од Ши ГУ век за која е карактеристично мешање со увозни елементи.24 Всушност како основен извор на нејзиното потекло се наметнува западниот малоазиски брег, каде овој знак застапува една од двете групи на продукција со повторна појава во доцниот Ш век, кога тој се обновува по два века замреност. Вметнат во кружна или бадеместа база се смета дека тој не претставува сигнатура на една работилница, туку бил преземан при копирањето на моделите.25 И покрај очигледната блискост во изведбата на дното со нашата светилка, разликата во изгледот на горната страна е драстична и јасно отстапува од малоазиските типови. Интересно е дека малоазиските ламби биле увазувани во Атина преку северна Африка од втората половина на IV век, трговија која трае се до VII век за од доцниот IV и раниот У век Атина и Коринт да се свртуват кон репродукција на овие, но и на северноафрикансите примероци.26 Мета на извоз на обилната атичка продукција од Ш и особено во IV и V Век е пошироката територија на Грција со потврден монопол над пазарот во Коринт. Ова особено доведува до мешање на локалните атински, но и безбројните имитации на другите работилници во местата каде тие претходно биле експортирани се до УП век, пред се, Аргос и Коринт. Оттука примарноста во определувањето на потеклото на нашиот примерок се префрла на физичките карактеристики. Тие се најблиски до оние на коринтското локално производство, кое, како и атичкото, го карактеризира механичка репродукција на увозни примероци при што доаѓа до мешање на горни и долни калапи од разни видови. Карактеристичен е слаб отисок на релјефот, две перфорации за воздух на дискот, при што втората е во коренот на клунот, како кај нашата; типична е специфичната изведба на рачката директно сврзана со необработената ивица на калапите на спојот на двата дела, како и фактурата со специфична светла боја на глината, а која се напушта околу средината на VI век.27 Овис карактеристики со висок степен на сигурност го определуваат нашиот примерок како дел од доцната коринтската продукција, веројатно во доцната втора половина на VI век. Дури би се осмелиле и посочениот пример кај Сентлелеки да го атрибуираме на истата група.

JbyOunka Џидрова

Музеј на Македонија

Курчиска б.б., 1000 Скопје

LJUBINKA DŽIDROVA

NI Museum of Macedonia, Skopje

ARCHAEOLOGICAL EXCAVATIONS OF HOUSE NO. 2 AT HERACLEA LYNCESTIS, SECTOR: THEATRE SQUARE

Белешки

  1. Форумот е дел од единственото римско урбано решение заедно со театарот и двојниот портик. Подетално за толкувањетоа на овој простор: Џидрова Jb., 1999, 273-275, сл. 1, со целокупната постара литература, особено: Томашевиќ Г., 1965, 29, заб. 6. Во оваа пригодна би сакала уште еднаш, постхумно, да ја изразам својата благодарност до раководителот на истражувањата на т.н. Театарски плоштад. д-р Томе Јанакиевски, за дадената можност за истражување на Куќата 2. ↩
  2. Водоводната линија ќе биде детално презентирана на Меѓународниот симпозиум: Вода. живот и задоволство. Струмица. 27-30 ноември 2008. ↩
  3. Јанакиевски Т., 1987, 45-47, План 2-4, сл. 41-45. ↩
  4. Јанакиевски T., 1987, 45-47, План 1-3. Истражувањата по 1998 година го опфатија и источниот дел на улицата, меѓутоа, не поседуваме податоци за слични појави и на овој простор. ↩
  5. Види: Tomamesuh, I. Цветковин, 1987, 12-13, заб. 7, 18, сл. 1; ибид., Materijali XV7 (1978), 31, заб. 4. ↩
  6. Квадратни тегули со дим.: 29.5 x 29 x 5.5 cm, 30х 29. 5 х 5 cm, 31 x 31 x 5.3 см: правоаголна тегула со една зачувана стр. 18 х 5 см; триаголна тегула 28 х 20 х 21 см деб. 5 см; и имбрекси со аголен и овален пресек и деб. околу 2.5 CM ↩
  7. Поради ограничениот простор наодите овде ќе бидат само набројани, со намера во следна прилика да бидат подетално представени. Тоа се: две целосно сочувани железни секири, бронзена спатула, правоаголна мермерна плочка од SUCH мозаик во Opus sectile, фрагментирана бронзена апликација, железен нож. поголема количество фрагментирано рамно прозорско стакло и неколку масивни кружни тегули од хипокаустен систем. ↩
  8. Мортариумите како форма представуваат чест наод во доцната форма со варијација на изработка во керамикаи различни видови на камен, како и во широка скала на димензии од што произлегува заклучокот за нивна раѕнородна намена. Нашиот примерок е со кујнска намена. Ончевска-Тодоровска, M., 2007, 43-52. то Liléié, V., 1990, 217-226; ibid., 2001, 221-225, 294-303, 346-353, 356-361, 378-381, 385-387, 453, и нивна ретроспекција 474-492. Меѓу дадените примери нашиот е најблизок до оној од лок. Два гроба, Долни Дисан, атрибуиран на т.н. Тиквешки тип едикули, од кој се разликува со посложената профилација на ивиците и поинаквата изведба на 11-краката розета. Сите представени примероци се со единствена датација од | до ІІТ век. ↩
  9. Capua, Б., 1941, 1-2. ↩
  10. Џидрова, Љ., 2005, 149-176, и поблиску за Немезисјонот 167-171, со сета постара литература. ↩
  11. За направениот увид во нумизматичките наоди и благодарам на колешката Катерина Христовска. ↩
  12. Тие беа отстапени за обработка во докторската дисертација на Ончевска-Тодоровска M., одбранета на Филозофскиот факултет, Институт за археологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, ноември 2008. ↩
  13. S ТомашевиН-ЦветковиП, Г., 1967, 47; ibid., 1978, 67-68. ↩
  14. Huxomajenuh-Crojkosnh, И.. 1957, 37-40: комплексните појави од последниот период на живот во Хераклеа беа претходно анализирани во: Џидрова Jb., 1999, 280-282. Со тековните истражувања некои од овие ставови ќе бидат прецизирани, но за тоа во некоја следна прилика. ↩
  15. Јанакиевски, Т., 2003, 191-206. ↩
  16. S Таков е примерот со доградбите кон фасадата на амфитеатарот во Арл, Loseby, Ѕ.Т., во: Christie N. and Loseby, S.T., eds., 1996, 52-58, сл. 3.2; ↩
  17. Guidoni, G., 1994, 413, Сл. 2. ↩
  18. Szentléleky T., 1969, 125-128; Perlzweig J., 1961, кат. бр. 323 T. 10, 49; кат. бр. 2933 T. 50; кат. бр. 2385 co карактеристичниот профил Т. 50, малоазиски тип Т. 37 далечен на нашиот примерок. Кузманов, Г., 1992, 41-42. ↩
  19. Perlzweig J., 1961, 10. ↩
  20. Perlzweig J., 1961, бр. 2595, Т. 41; ↩
  21. Вториот примерок има кружно врежано дно. Szentléleky, T., 1969, 126-128 ↩
  22. Perlzweig J., 1961, General index: planta pedis, 230, 64-65, br. 356 PI. 11, br. 350 Pl. 10. Garnett, K.S., 1975, 180, 180, укажува дека при механичкото копирање атичките мајстори врежувале сигнатури и на тој начин создавале нови архетипови. ↩
  23. Poulou-Papadimitriou, N., 1986, 585-589, сл. 20-21. ↩
  24. Perlzweig J., 1961, 9, 10. ↩
  25. Perlzweig, J., 1961, 65-66 ff.; Garnett, К.Ѕ., 1975, 177-180, 183-184, која хронолошки ја дефинира коринтска“ та продукција од почетокот, но со врв од средината на У до по средината на VI, односно кон крајот на VI век. ↩
  26. For more information on the early Roman Imperial urban plan of Heraclea see the review in: Џидрова ЈБ., 1999, 273-275, Fig. 1, with the complete older literature, particularly: Томашевиќ Г., 1965, 29, fn. 6. ↩
  27. The water supply system that passed along the street will be presented by the same author in detail at the International Symposium Water-Life and7 Pleasure, to be held at Strumica, 27-30 Nov., 2008. ↩

Summary

Archaeological Excavations of House no. 2 at Heraclea Lyncestis, Sector: Theatre Square

The aim of this paper is to present the excavation results from a house located at a sector named the Theatre Square. It is situated between the rear southern facade of the theatre skene and a long support wall that fences the Large Basilica to its north. (Fig. 1) The area, a successor of the former Roman forum that spread further south beneath the remains of the basilica, during late antiquity received the function of a principle communication line.28 Former excavations of the theatre skene building uncovered the remains of ten barrel vaulted rooms and two large double arched, one on each side, which formed its rear that lined the forum to the north side. These spaces during late antiquity were incorporated within residential buildings, Houses по. 1 and 2 (Fig. 2, 3), but also other structures along the street, which frontal walls were not aligned indicating their different time and purposes of origin.

Excavations performed on the House No. 2 were performed in 1998, when two of its rooms were unearthed, the central entrance hall and a large eastern room, while a third western room was excavated later.29 During the 2008 campaign excavations were conducted mainly on the street and its infrastructure, but also within the house, and a second phase of its existence was stated. This campaign produced more data for the existence of a double water supply system, a segment of it being uncovered already during the late 1980-ies, and one line stated in 1998 being built for the supply of House no. 2 with water. Its construction is related to the house’s phase one dated to the second half of the fifth century, when the western room directly communicated with the entrance hall. The introduction of water to the house at its southeastern corner to a small corner pool probably facilitated destruction of the house in an earthquake occurred by the end of the fifth century. Rebuilding of the southern wall, closing off of the water supply, and exclusion of the western room from the house, qualify its second phase of existence. While remains of phase one were thoroughly cleared off at the time of reconstruction, those of phase two were fully preserved beneath destruction layer caused by a second earthquake probably two or three decades later than the first. Both events are confirmed in the history of Heraclea, registered through its destruction and consequential renovation campaigns. The second phase of existence was similarly to the first qualified with relatively high living standards described by the wooden floors stated in both rooms, a glass window found on the floor of the large room fallen from its south wall, together with a large marble mortarium, a bronze vessel in a bad state of preservation, and several ceramic pots found on the fireplace to the left of the room entrance. Both entrances, that from the street into the house and between the two rooms, were equipped with double doors according to the monolithic doorsteps. (Figs. 10, 11, 13)

After the earthquake the reduced space of House no. 2 was covered with an uneven clay layer to receive a floor above the debris. A pithos brought here from the former horreum was placed roughly at the middle and was broken in situ to create a fireplace. This is a short lived and most primitive second period of living within the remains of House no. 2, which can be paralleled with similar occurrences on several other places within the site. A few coins were found inside the house, one inside the pithos, unfortunately highly decomposed to illegibility, but based on the physical characteristics considered typical for the fourth and fifth century. Related to this stratum of living is the fully preserved ceramic lucerna ascribed to the late Corinthian production and dated to the late first half of the sixth century.(Fig.7; TT)

The lamp was found just below the remains of a mud wall (Fig. 6) related to the latest third period of occupation of the house premises, which separated an eastern room (Fig. 4) and a yard (Fig. 5b) to the west of it. In both areas two phases of existence were stated, unfortunately unrelated to more important finds. Within the room were found fireplaces, one in phase one (Fig. 5a), and three in phase two. They were created by the deposition of a layer of red silicate sand dug into the debris from the original destruction of House no. 2, and rich with fine pottery infiltrated here with the earth, some of North African production, dated to the second half of the fifth century. Due to limited space the finds will be observed elsewhere separately and in detail. This latest period of use of the external walls of House no. 2 is attributed to the mid sixth century and later, possibly after one more earthquake, and can be related to a more intensive revival of life stated at several places inside the city. Not long after that, the place was abandoned and its remains were covered with another clay floor of a recent date that sealed off the last remains of living during late antiquity in the central area of Heraclea Lyncestis.

Translated by:

Ljubinka Džidrova

30 The coins were kindly observed by K. Hristovska, for which I am most grateful.

Библиографија