Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 29–38

Палеолитска методологија и документација од археолошките ископувања 2003-2004 година

Во истражувањата во пештерата Голема Пешт кај село Здуњс (регион Поречје) во 2003 и 2004 год. се спроведе прецизен методолошки пристап, затоа што по ископувањето враќањето во првобитна состојба е невозможно, а направените грешки ќе останат засекогаш. Користена е палеолитска теренска документација која овозможува решавање низа различни прашања во прилог на натамошното толкување на резултатите. Учеството на повеќе научници од различни специјалности:1 геолог, археозоолози за макрофауна и за микрофауна. и археолози за типологија и за технологија.2 овозможи мултидисциплинарен пристап во истражувањето.

Добиени се податоците за релативното датирање. а исто така и за апсолутното датирање. Спроведена е радиокарбонска анализа,3 т.е. методот АМ5," а во блиска иднина ќе се спроведе термолумининсценција (TL)5 и електроспин резонанса (ESR).6 Што се однесува до другите методи (калиум/аргон (КА), палеомагнетизам, ураниум/ториум (U/T)) се прават обиди за нивната реализација.7 Употребата на повеќе егзактни методи8 овозможува посигурни резултати отколку примената на само еден метод."

Непочитувањето на строго утврдените протоколи во работата на палеолитските наоѓалишта доведува до низа проблеми и конфузии. Од тие причини, особено е водена грижа во планирањето на ископуваната површина и запазувањето на сите детали во дејствувањето за да се избегнат индивидуални и хипотетички проценки.9 Моите лични искуства во методологијата на ископувањата и теренската документација, пред се, се резултат на повеќегодишните учества во палеолитските ископувањата во Република Црна Гора!“10 и Република Бугарија".11

Скица 1. Основа на пештерата Голема Пешт со распоред и положба на сондите
Скица 1. Основа на пештерата Голема Пешт со распоред и положба на сондите

Сондата со димензии 3 х 2 м беше поставена на 11-иот метар од влезот на пештерата, односно на 3-иот M северно од пробната сонда, кон левиот страничен 5ид и централниот дел на пештерата. Одбележувањето на квадратната мрежа е направено според абецедата во хоризонтална насока и нумерирање во вертикална насока. Секој квадрат е со димензии од | х | м. Распоредот на квадратите и нивната местоположба се нанесени на основата: Ке. E, F, G 12/13.

Скицата е изработена во размер 1 : 100 со географска насока - север (скица 1).

Реперот се поставен во таванот, на место кос не подлежи на рушење, преместување и друг вид промени. Назначен е со врежување во карпата и со црвена мрсна боја на 4.6 м од влезот на линијата на дождење. Од него (постојаниот репер) во југозападниот страничен ѕид се пренесени реперните точки во левиот и десниот страничен 5ид поради поставување „воздушна“ мрежа со метални сајли. Темињата на сите квадрати се назначија со поставување висоци и над секој квадрат се постави по едно светлечко место (сл. 1).

Со претходните резултати, односно од документацијата од пробната сонда, започна следењето и споредувањето на ситуациите во новоформираните квадрати. Механичките откопи се вршени на 5 cm.12

Со систематските ископувања се изготви следната документација:13 дневник, четири катаnora, три графички документации и фотодокументација.

Воосновниот документ, археолошкиот дневник, секојдневно се бележени сите набљудувања во процесот на ископувањата, почнувајќи од начелото на поставување сонди, методите на мерења, сите промени во рамките на еден квадрат, длабочината, седиментолошката ситуација, карактерот на наодите, брзи скици и др.

Сл. 1. Квадратна мрежа поставена во зидовите на пештерата Голема Пешт
Сл. 1. Квадратна мрежа поставена во зидовите на пештерата Голема Пешт

„Каталогот на котирани артефакти со индивидуални броеви“ е вториот документ. Тоа значи дека секој артефакт (камен, коска) добива свој личен број кој се запишува според квадратот и длабочината, како во каталогот така и на посебна белешка која оди со наодот пред неговото мисње. Истиот број, по миењето и сушењето на наодот се запишува врз самиот артефакт со водоотпорен маркер со дебелина од 0.3 и 0.5 мм и безбоен лак и/или со рапитограф од 0.1 мм за најситните артефакти (и врз каменот и врз коската). Сите овие нумерирани наоди од определена длабочина, квадрат, нумерација и слој добиваат свој заеднички каталошки број кој се запишува во следниот „Каталог на општи броеви“. Овој документ обезбедува брзо и сигурно пронаоѓање на сите броеви. но во него спаѓаат исто така и разни ситуации како, на пример, наодите од зачистување на основата или од зачистување на профилот од еден или од повеќе14 квадрати. На пример. к/53 се однесува на Кв. E, F, G 13, длабочина 240 см, слој 5 (67), цртање на основа; к/54 - E, F, О 13 длабочина 235-240 см - од зачистување на основа и профил; к/57 - E12 длабочина 235-240 котирани артефакти од бр. 151-238.

Следниот документ е „Каталог на проби“ каде припаѓаат наодите кои се откриваат при сеењето на седиментот. На секои 5 см од секој квадрат се земаат по една, две или повеќе кофи со седимент кои прво подлежат на суво сеење со сита во размер 3 х 3 мм и 2 х 2 мм. Следи „воденото“ сеење за кое се користат торбички - сита со размер 1 х 1 мм и тие овозможуваат по сушењето, натамошно двоење на микрофауната и на пропуштените фрагменти од коска или камен. Материјалот исто така се заведува под број. квадрат, длабочина, слој и забелешка. На пример, n/60, Кв. G13, длабочина 250-255 см, забелешка за бројноста на кофите (една, две или повеќе). Уште еден каталог се користи за суровинскиот материјал кој се однесува на видови и вариетети од кои се изработени артефактите и тој е наречен „Каталог на суровини“. Во него се запишуваат: бројот на видот/вариететот на суровината, описот и на крајот повторно следи забелешка.

Континуираната „теренска фотодокументација“ е направена за секој откопан слој со класичен и со дигитален фотоапарат.16

Теренско-кабинетската работа, која подразбира миење на наодите, а по нивното сушење впишување на броевите врз артефактите (и камен и коска), како и пакување на истите, е вршена по секојдневното ископување. Можеби најбавната етапа од овој процес преставува двоењето со пинцета на ситната фауна, како и на фрагментите од макрофауната, на најмалите одбитоци и на лушпи од ретуш од погоре опишаните проби.

& = = "4 sere ae печи а Шо a" veg SH os

Скица 2. Основа на длабочина од 65-70cm со котираните артефакти
Скица 2. Основа на длабочина од 65-70cm со котираните артефакти

. KAE APTEA « xX коскен APTERA ET

Графичката документација се работена стапно:

1. Хоризонтална скица/основа на дебелина од 5 см со нанесување на секој индивидуален број: - за камен артефакт и х за коскен артефакт (скици 2 и 4). При ископувањата котирањето на наодите се забрзува со поставување решетки со димензии | х | м поделени на квадрати од 20 см, но понекогаш големите блокови не овозможуваат поставување решетка и мерењето е со стандардни дрвени метри (сл. 2).

2. Хоризонтална скица со исцртана основа на дебелина од 5 см на која јасно може да се согледаат разликите во геолошките слоеви. промените со присуство или отсуство на блокови или дробина, зони со огништа итн. (скици 3 и 5). Сите три графички документации се работат во размер | : 100 и заедно со каталогот на индивидуални броеви овозможуваат целосна ситуација на наоди од одредена длабочина и во еден квадрат. На овој начин не може да се измешаат ниту, пак, да се загубат бројните артефакти. Овозможена е јасна прегледност до најмал детаљ. Овој вид документација овозможува натамошна компјутерска обработка, те. тродимензионалност на пакетот слоеви17 со дистрибуција на наодите во нив.

Скица 3. Основа СО назначени геолошки слоеви на длабочина од 70 см (шематски пример)
Скица 3. Основа со назначени геолошки слоеви на длабочина од 70 см (шематски пример)

3. Вертикалната скица (профил) се изработува на крајот од ископувањата во соработка со геолог и на неа се исцртуваат геолошките слоеви, односно границите меѓу слоевите и сите елементи што се гледаат во слојот, водејќи грижа за корелација со претходно исцртаните основи и нивното совпаѓање.

На палеолитските локалитети особено голема тешкотија преставува „дешифрирањето““ на геолошките слоеви кои понатаму со севкупната обработка на материјалните остатоци можат да се постават во јасни културни слоеви. Одбележувањето на геолошките слоеви во документација е со арапски броеви, а на археолошките слоеви е со римски броеви.

Во квадратите E, F, G 12/13 е ископувано ло 1.05 м. Регистрирани се 6 геолошки слоеви до оваа длабочина.18 Во пробната сонда е ископувано до 3 м и потврдени се 19 геолошки слоеви, но дното на пештерата не е достигнато.19 Карактеристиките на слоевите во квадратите E, Е, G 12/13, нивното менување, редоследот на таложењето и нивната дебелина (според боја. структура, текстура и позиција) не се само природен туку и антропоген фактор.

Слика 2. Решетки (со димензија | х | м разделени на 20 см) во функција на побрзо котирање на бројните наоди
Слика 2. Решетки (со димензија | х | м разделени на 20 см) во функција на побрзо котирање на бројните наоди

Слој 1 - рецентен прашинест слој со темносива боја со прослојки од бела боја, црвеникавопортокалова. темнокафеава и црна боја. Неговата дебелина изнесува 20 до 25 см.

Слој 2 - светложолт седимент со голема концентрација на ситна доломитска дробина од 3-5 см. Има променлива дебелина од 5 до 15 см.

Слој3 - во овој слој е воочена помала концентрација на ситена дробина од 3-5 см во однос на претходниот слој, но повторно преовладува ситната доломитска дробина со остри и делумно заоблени рабови, но во овој слој се појавуваат и блокови со димензии од 30 х 40 см со остри рабови. Има максимална дебелина од 30 см. Бојата е светла жолтоцрвеникава. Слоевите 2 и 3 најверојатно ќе се обединат во еден слој поради сличностите во бојата, структурата и текстурата на седиментот.

Слој 4 - има променлива дебелина од 10-25 см. Концентрацијата на дробината е драстично намалена во однос на претходниот слој. Меѓупросторот во кој се среќава аглеста и делумно заоблена ретка дробина со големина од 5-7 см е исполнет со фина мошне ситнозрнеста структура од 0.005 мм. Овој ровкав и мек слој има светлокафена боја и содржи голема концентрација на археолошки материјал.

Слој 5 - уште при пробните ископувања е разделен во две секвенци од геолошки аспект. Со систематските ископувања тој е поделен на: горно ниво - Ѕа и на долно ниво - 56. Нивната поделеност е предизвикана од дисконтинуиран, во хоризонтална смисла, гареж кој потекнува од огништа кои се регистрирани и во пробните и во систематските ископувања.

Слој 5а - овој слој е со темнокафена боја. Според структура тој е песоклив и има малку доломитска дробина, додека во Слојот 56 повторно се појавува фина фракција, но со црвеникава

5 Шаламанов Коробар Jb. - Ѓуричиќ Jb., 2005, 16.

Скица 5. Основа со назначени геолошки слоеви на длабочина од 75 см (шематски пример)
Скица 5. Основа со назначени геолошки слоеви на длабочина од 75 см (шематски пример)
Скица 6 . Северозападен профил на линијата e, f, е (шематски пример)
Скица 6 . Северозападен профил на линијата e, f, е (шематски пример)

боја и се зголемува концентрацијата на дробината со големина од 5-7 см, со остри рабови и делумно со заоблени рабови.

Слој 6 - светло бледожолт седимент со зголемена концентрација на дробина во однос на претходниот слој. Ситната дробина е со големина од 1-3 см и има аглести и заоблени рабови, а просторот е заполнет со фина фракција. На одредени места се појавува и бела варовничка ронлива и мека дробина. Бројноста на наодите се намалува (скица 6).

Во кампањите од 2003 и 2004 год. се откриени 6300 камени артефакти и 4900 остатоци од животински коски во опишаните шест геолошки слоја. Оваа голема концентрација од материјал на простор од 6 м² со наоди помали од 3 см20 кои преовладуваат во однос на наодите над 3 см, го забавија нивното документирање.

Целта на пишување на овој текст е обид да се објасни пристапот и спроведувањето на практиката која се употребува на палеолитскиот терен.21 Иако методите во археологијата се развиваат постојано, пред се, со дигитализацијата која ја подобрува и забрзува мануелната работа, начелата во палеолитската методологијата и документацијата драстично не се менуваат. Сепак, во многу земји постои законска регулатива: половина или третина од наоѓалиштето да не се ископува. туку да се остави за идните методи и новите генерации археолози.

Љиљана Шаламанов Коробар

НУ Музеј на Македонија

Ќурчиска бб, 1000 Скопје

ljiljasalamanovkorobar@yahoo.com

LJILJANA SALAMANOV-KOROBAR

Museum of Macedonia, Skopje

PALEOLITHIC METHODOLOGY AND DOCUMENTATION

FROM ARCHAEOLOGICAL EXCAVATIONS, 2003/2004

Белешки

  1. Gavela B., 1952, 10-11. ↩
  2. Палеоботаничар би требало да се вклучи со идните ископувања. ↩
  3. Olsen B., 2002, 48. ↩
  4. АМЅ анализата се спроведува врз материјалите од органско потекло: дрво, јаглен, коска. Овој метод е соодветен со C14 методот 3a кој е потребен примерок од минимум 2 г., додека за АМЅ испитувањата се спроведуваат на минимални количества до 3 мг. ↩
  5. TL се однесува на испитувања на примероците како што се: кварц кој горел и на сталагмитски калцит (т.е. калцитна кора). ↩
  6. ESR дава најдобри резултати од глеѓта на животинските заби, помалку од животинската коска (затоа што фосилизираните коски обично не содржат доволно колаген). ↩
  7. Stevanović P. et al., 1992, 67-73; Грин К., 2003, 203. ↩
  8. Bordes F., 1968, 18-22; Karavanić I. - Balen Ž., 2003, 7-9. ↩
  9. Ходер J., 2003, 247. ↩
  10. 1996 и 1997 г. учествував во ископувањата на среднопалеолитскиот локалитет - поткарпа Биоче, кај Подгорица под раководство на м-р Jb. Ѓ уричиќ и м-р М. Церовиќ. ↩
  11. , 2001, 2003 и 2007 г. учествував во бугарско-француски проект (повеќеслојно наоѓалиште од горен, среден и долен палеолит) во пештерата Козарник, кај Белоградчик под раководство на д-р Н. Сираков и д-р Ж. Л. Гвадели. ↩
  12. Доколку нема доволно наоди откопите можат да се прават и на 10 CM, но доколку е голема концентрацијата на наодите откопите се прават на 3 или дури на 2 см. ↩
  13. Иванова C., 1994, 163-166. ↩
  14. Под ознака п/60 на пример, спаѓаат најмалите одбитоци, фрагменти. микрофауната (заби, вилици...од ситни цицачи). ↩
  15. Направен е и видеозапис на дел од регионот, на пештерата и на работната атмосфера во неа. ↩
  16. Стратиграфијата е геолошка научна дисциплина,а нејзините начела ги усвојува археологијата. ↩
  17. Шаламанов Коробар Jb., 2003, 8; Шаламанов Коробар Jb., 2004, 10. ↩
  18. Шаламанов Коробар Љ. - Ѓуричиќ Љ., 2005, 16. ↩
  19. Shalamanov Korobar Lj., in press. ↩
  20. Karavanić I., 2004, 8-13. ↩

Summary

Paleolithic Methodology and Documentation from Archaeological Excavations, 2003/2004

During the investigations in the cave known as Golema PeSt at the village of Zdunje in the region of Poreéje in 2003 and 2004, a precise methodological approach was implemented, because the original situation is impossible to restore after excavation, and errors once made will remain forever. A Paleolithic field documentation was employed that enables the resolution of a series of different questions as a contribution to the subsequent interpretation of the results. The participation of several scientists from different specialties, e.g., a geologist, archacozoologist for macrofauna and microfauna, and archaeologists for typology and technology, allowed a multi-disciplinary approach in investigation.

Data were acquired for relative dating and likewise for absolute dating. The AMS method was implemented, and in the near future also TL and ESR.

Non-compliance with a rigorously established protocol in research on Paleolithic sites will lead to a series of problems and confusions. For these reasons special care must be taken both in planning the excavation area and in observing all details of management in order to avoid individual and hypothetical valuations.

In the systematic excavations, beginning with the test trench in 1999, the following documentation was established:

I. Notebook.

Il. Four catalogues: Catalogue of listed artefacts with individual numbers, Catalogue with general numbers, Catalog of tests, and Catalogue of raw materials.

Ш. Three sets of graphic documentation: 1) a horizontal sketch or groundplan at thickness of 5 cm, with addition of each individual number, with the mark - for a stone artifact and x for a bone artifact; 2) a horizontal sketch with a groundplan at thickness of 5 cm, on which are clearly visible, differences in geological layers, changes in presence or absence of blocks or debris, zones with hearth, etc.; and 3) a sketch of the vertical profile.

IV. Photographic documentation.

On Paleolithic sites, a particularly great difficulty is the “deciphering” of geological layers, which also after the complete processing of the material remains will be able to be arranged in clear cultural levels. Grid squares E,F,G 12/13 were excavated to a thicknes of 1.05 m. Six geological layers were recorded to this depth; 6300 stone artifacts and 4900 fragments of animal bones were recovered. The investigations are continuing.

Translated by:

Carolyn S. Snively

Библиографија