Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 272–282

Археолошки истражувања - Стоби 2001

Содржина
  1. Истражувања во Цивилната базилика - раководител - Горан Санев
  2. MILA SURBANOSKA
  3. GORAN SANEV
  4. Museum of Macedonia, Skopje

Истражувачкиот проект Предримско Стоби - население и култура, започна во 2000 година, финансиран од Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Во 2001 година истиот финасиски беше спонзориран од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.1

Проектот беше реализиран во текот на 2001 година под раководство на д-р Елеонора Петрова. Истражувањата ги реализираше стручен тим од Музејот на Македонија со надворешни соработници: Војислав Санев - раководител на целокупните теренските истражувања, д-р Иван Микулчиќ- раководител на истражувањата во секторите Домус Фулоника и Палата Перистерија, Мила Шурбаноска - раководител на целокупната документација, Горан Санев - раководител на истражувањата во секторите Цивилна Базилика и Епископска Резиденција, Антонио Јакимовски - раководител на истражувањата на секторот Северен бедем. Методија Ѓуровски - археолог, Елица Николова - археолог, Ангел Миланов - архитект, Гордана Георгиевска - компјутерска обработка, Мирослав Димовски - фотограф, Богдан Таневски - конзерватор и студенти на археологија.

Истражувањата беа со цел да се утврдат просторните рамки на предримската населба, предримските погребувања, стратиграфијата. За таа цел беа опфатени повеќе пунктови во градот: Домус фулоника, Палата на Перистериа. Цивилна базилика. Епископската резиденција. Северниот градски бедем, Акрополот, објект на платото од Музејот.

Резултатите од истражувањата се презентирани на XVII Симпозиум на Македонското археолошко научно друштво, одржан 2002 година во Велес. Дел од резултатите добиени од истражувањата во 2001 година се веќе публикувани.2 ?

Во текот на активностите беа дефинирани значајни прашања поврзани со постарата историја на градот, особено раноримскиот и хеленистичкиот период. Со истражувањата во објектите Домус Фулоника, Палатата на Перистериа и Цивилна базилика, беа откриени делови од некрополата од постарата населба, на што упатуваат откриените движни наоди. На просторот близу северниот бедем, на акрополата и објектот работно наречен Куќата на трговецот, направен е обид да се следи стратиграфијата на населбата од крајот на антиката до хеленистичкиот период. Низ повеќето слоеви на живот се согледа историјата на градот со сите негови подеми и падови.

Посебно значење има широкиот дијапазон на керамички наоди од раноримскиот и хеленистичкиот период, кои упатуваат на локални обележја и конзерватизам во изработката, но и можноста да се донесат нови заклучоци за градот, за период кој досега не бил особено актуелен при истражувањата на Стоби.

Истражувања во Палатата на Перистериа и Домус Фулоника -

раководител И. Микулчиќ

Потикнати од пронајдените гробови при ископувањата во 1965 и 1971 година во Палата на Перистериа, како и од пронајдените гробови во Домус Фулоника во 1975 година. во рамките проектот во 2001 година се истражуваше во овие два објекти. Истражувањата на Палата на Перистериа се одвиваа во просториите: 20,34, 39 и40. Откриени се и истражени вкупно 7 гроба. Според гробните конструкции гробовите се хронолошки блиски и делумно помлади во однос на гробовите од Домус Фулоника. Иако гробните конструкции се исти, тие се разликуваат особено во конструкцијата на жртвените јами, кои овде се помали и дефинирани. Начинот на погребување упатува на конзервативниот начин на погребниот ритуал на Пајонците кој во поширокиот регион на Македонија бил карактеристичен за пораните хронолошки периоди.3 "

Истражувањата во Домус Фулоника ги потврдија и ги дополнија податоците од 1975 година, според кои, во сегментот 29 бил откриен хеленистички гроб со светилка од 2 век пред н.е.. но и постар слој - гроб од железното време со фрагмент од мат сликана керамика.4 Имено, беа истражувани просториите 28 и 29, каде, под станбените слоеви на објектот беа откриени вкупно шест гроба. Пет од овие гробови се од хеленистичкиот период а шестиот гроб е од крајот на железното време.

Проследени со движен материјал меѓу кој преовладуваат фрагментите од керамички садови, истражените гробови во двата објекта дадоа исклучителен придонес кон сознанијата за погребните ритуали, гробните конструкции и распоредот на гробовите во хеленистичкиот период во Стоби, и доведоа до потврдување на границите на некрополата во периодот на Зи 2 век пред н. е. (Т.1) Истовремено, овие резултати се уште еден показател на мултикултурниот и мултиетничкиот карактер на Стоби, во кој живееле староседелците Пајонци и доселениците од Долна Македонија.5

Истражувања во Епископската резиденција

„северна апсидална просторија“ (18 - 27.09.2001)

раководител - Горан Санев

Истражувањето на Епископската резиденција, во проектот Предримско Стоби. е иницирано од постоечките податоци за неколку бронзени предмети од У век пр. н.е., откриени при првите истражувања на овој простор - во 40-те години. Според тие податоци, во една апсидална просторија што се наоѓа на северната страна на објектот, биле пронајдени бронзена апликација со лавја протома со алка во устата и други наоди датирани во предримскиот период.6 Поради големината на објектот, од една страна, и временските и финансиски ограничувања - од друга, во рамките на оваа кампања истражувањата беа насочени токму во овој апсидален дел (екседра), кој имаше работен назив Северна апсидална рросторија (Пл. 1) Заради полесна ориентација, екседрата ја разгледуваме преку 2 сегмента: „апсидален“ — сондите Al-A2 u „северен“ - сондите К1-К2. Апсидата е поставена кон југ, а во нејзиниот почеток (кон север) е пронајден попречен зид кој ја разделува од останатиот „северен“ дел на просторијата. Според реконструкцијата на И. Микулчиќ, попречниот 5ид претставува основа за колонада (стилобат), преку која апсидалниот простор комуницира со ходникот.7

Илустрација, стр. 274
Илустрација, стр. 274

Со почетокот на работите, во северниот сегмент од екседрата, беше откриен паднат 5ид (бид 1), веднаш на 30 см под површината. Истиот бил зидан од делкан камен и правоаголни камени плочи поврзувани со малтер, а во горниот дел - со плитарни тули си до покривната конструкција. Веројатно зидот се обрушил од источната страна кон запад, на што упатуваат

План 1
План 1

пронајдениот плитар и плитарни тули во западниот дел од К1-2. 5идот од внатрешната страна бил малтерисан и украсен со фрески, кои се пронајдени како фрагменти со црвена, СННа нијанси на окер. Основата на зидот не е пронајдена, ниту е истражувано под него. поради тоа што покрива 2/3 од просторот на сегментот. Дел од подно ниво кое веројатно припаѓа на овој зид е најдено во западната страна, под растурениот плитар и на длабочина од 50 см под површината. Меѓу наодите од површинските слоеви е издвоен сад (К-01-44) (Пл.2).

На истата длабочина, во северозападниот агол на сегментот, се оцртува овална јама која го пробива растурениот плитар од паднатиот ид |, а продолжува под северниот профил на сегментот.

Заради проверка на постоење постари културни слоеви, во западниот дел беше направен контролен ров. во правец север-југ, со широчина од 1.40 M, со кој беше опфатена и претходно споменатата јама. Јамата е исполнета со темносива пепел, под кој продолжува слој од чист песок, во кој нема археолошки материјал. Во јужниот дел на ровот (до попречниот зид). на длабочина од 45 см под подното ниво, те. 95 см од површината, пронајдени беа две хоризонтално поствени тегули, под кои беа фрагменти од хеленистичка и рано римска керамика.

Во апсидалниот сегмент (кон југ), до длабочина од 40 см. е констатиран градежен шут, со фрагменти од керамички садови, тегули, животински коски, камен и тн. Меѓу наодите с издвоен фрагмент од Оинохое (K-01-40) и стаклен сад (СТ-01-1). Заради утврдување на евентуалната стратиграфија во овој простор, по средината на апсидата, во правец север-југ. беше поставен контролен ров, со широчина од 1,50 м. Со првите откопи беше пронајдена глава од коскена игла (РН-01-14), како и монета (М-01- ). По спуштање на околу 60-ина см. во длабочина, нови наоди не беа откриени, со што истражувањето во овој објект беше прекинато.

Илустрација, стр. 276

Истражувања во Цивилната базилика - раководител - Горан Санев

Истражувањето на просторот на Цивилната базилика имаше за цел да ги продлабочи сознанијата за хеленистичките градби и материјал, откриени во слоевите под базиликата, во седумдесеттите години. Врз основа на постоечките податоци од претходните истражувања8, фокусот на работите беше насочен во северниот кораб. каде беа поставени две сонди, првата до источниот крај на коработ, со димензии 3.0 x 2.60 м9 (Сонда 1), и Сонда 2, во западниот дел на коработ, со димензии 3.30 х 2.60 м. Во стратиграфијата на обете сонди беа констатирани постари фази на објектот и културни слоеви кои кореспондираат во целост со стратиграфијата утврдена преку истражувањата во седумдесеттите години. Така, во Сонда 1, на длабочина од 0.50 M., до темелот на источниот зид на коработ, беше откриен зид од постар објект, со должина од 2.60 м. Слојот на кој припаѓа овој зид (Слој 1) содржи развлечен плитар и сива земја со мноштво животински коски, фрагмент од мортариум и згура, фрагменти од римска керамика и една светилка кои датираат од IV век. Подното ниво од оваа фаза се наоѓа на

Сл. 4 Сл. 3
Сл. 4 Сл. 3
Илустрација, стр. 277
Илустрација, стр. 277

| м длабочина од површината и висински одговара на нивото на Објект Б, забележан со истражувањата во 1955-1956 година.10

Основата на Слој | с нивелација со градежен шут со фрагменти од керамички садови, коскени игли и згура, поставена врз стерилен слој земја кој продоложува до длабочина од 1.60 м Следниот, Слој 2. содржи остатоци од разлеан плитар во кој беа пронајдени и плитарни тули. некои сочувани во целост, со димензии 32 x 47 см. 5идот од плитар бил премачкан со малтер и бил декориран, на кое нешто упатуваат зачуваните фрагменти од фрески. Длабочината на слојот одговара со длабочината на нивото на остатоците од Објектот LI, пронајдени во централниот брод и под апсидата, кои се датирани во [I-III век.11

На длабочина од 2.20 м под површината е последниот истражуван слој во оваа сонда. Веројатно, станува збор за агол од отворена просторија (перистил?), со под поплочен со правоаголни камени плочи и базиси од столбови, поставени врз низок стилобат од долги правоаголни камени плочи (сл. 3, 4 ). Овој слој може да се поврзе со Објектот ЈІ, откриен во централниот брод, каде биле пронајдени основи и цоклиња од обработени камени плочи, остатоци од зидови, но и фрагменти од фрески, меѓу кои е познатиот детал со претстава на патка, со позадина во Помпеанско црвена боја. Истиот е датиран во раноримскиот период, со наоди од П век пр. н.е.12 до I век н.е. "?

Во западниот дел на коработ, во Сонда 2, беа откриени уште два преградни зида. на длабочина до 0.50 м. под површината. Со оглед на конфигурацијата на теренот кој косо се спушта кон исток, овие зидови припаѓаат на Објектот Б. На длабочина од 0.70 м, до вториот преграден зид, откриен е под и мноштво фрагменти од керамички садови. Под ова ниво продолжуваат наодите од керамички садови, меѓу кои се една целосна амфора, хидрија, фрагменти од ихтија, една бронзена монета како и фрагменти од кујнска локална керамика која наликува на железнодобската (сл. ). Со доистражувањето на овој слој, на длабочина од 1.70 м. се појави здравица со што беа завршени истражувањата во овој сектор. Наодите во северниот кораб на Цивилната базилика датираат од П-! пр. н.е. до Ш век од н.е. Меѓу нив се издвојуваат неколкуте фрагменти од садови и рачки со железнодобски обележја, кои се показател на конзерватизам кај локалната керамика. Ваквите обележја, заедно со бронзените наоди датирани како Пајонски, пронајдени на длабочина од околу 3 м под апсидата на базиликата, се само нова потврда за постоењето на постари културни слоеви, односно за постоењето на Стоби како пајонски град.13

Истражувања во секторот Северен бедем - раководител Антонио Јакимовски!“14

Овој сектор е лоциран во близина на северниот градски бедем на околу 25 метри западно од Северната порта на градот. Истражувањата беа со цел да се утврди вертикалната стратиграфија на овој дел од локалитетот, потоа да се утврди времето на изградба и функционирање на градскиот одбранбен зид, како и да се добијат податоци за тоа дали градот во предримскиот период се ширел толку северно, односно толку блиску до Аксиос. Од почетокот на сондата до здравица стратиграфски се издвоија 21 слој, различни меѓу себе по боја, структура и карактерот на наодите.15 Висината на добиениот профил до здравица е нешто повисок од 9 метри (сл. Од актата ) Со овие истражувањата на секторот Северен Бедем се дојде до следните сознанија. Последните т. е. најдолните слоеви припаѓаат на самиот крај на хеленистичкиот период, поточно во втората половина на I век пр. н.е.16 Според пронајдените наоди немаме докази за живеењето, поточно за населбата од II век пр. н.е.17 По стигнувањето до здравица и утврдувањето на стратиграфските слоеви, истражувањата беа сконцентрирани кон бедемот, се со цел добиените слоеви да се поврзат со

Сл. 5
Сл. 5
Сл. 6
Сл. 6

бедемот, и со тоа да се добијат податоци за времето во кое бил изграден бедемот и периодот кога тој функционирал. Така дојдовме до сознанија дека слојот18 16'S налегнува врз бедемот, поточно, над почетокот на темелот со што добивме јасна слика за времето на изградбата на бедемот. Така, според датацијата на слојот 16 бедемот бил изграден во првата половина, те. пред средината на | век. Според предходно изложеното може да ги потврдиме претпоставките дека изградбата на бедемот с во првите децении, односно до средината на ! век. Оваа датација целосно се поклопува со податоците кои ги имаме за Стоби, односно статусот на муниципиум кој Стоби го добива околу средината на | век, а секако пред 69 година кога заедно со Коела во тракискиот Херсонес се единствените муниципиуми во источниот дел од Римската Империја.19 !? Нешто подоцна, во времето на Веспазијан, започнува да функционира и монетоковницата кога градот секако веќе бил заштитен со бедем. За натамошното функционирање на бедемот докази добиваме од слојот 9-малтерен под кој е датиран со монета во средината на IV век. Подот налегнува врз бедемскиот зид, што докажува дека бедемот бил користен, односно коегзистирал со подот во средината на IV20 век. Крајот на функционирање на бедемот секако е поврзан со престанокот на постоењето на градот.

Истражувања на платото во северниот дел од градот - раководител - В. Санев

Истражувањата на овој пункт на градот започнаа 2000 година кога беа откриени остатоци од објект со профана, недефинирана намена. Во 2001 година, истражувањата имаа за цел да го утврдат неговиот габарит и функција, но особено значајно беше дефинирањето на постарите културни слоеви на овој простор, со оглед на фактот дека при минатогодишните истражувања се стигна само до доцно римската фаза.

Истражуваниот простор е со големина 20 х 10 м, поделен во 8 квадрати со димензии 5 х 5 м. По отстранувањето на површинскиот слој беа откриени контури на повеќе зидови кои упатуваа на објект со две главни и неколку придружни простории. Според должината на периметралниот ѕид димензиите на основата изнесуваат 15, 50 x 8, 60 м. Бидовите се широки 60-70 см, изградени од кршен камен и кал. како и повеќето рановизантиски градби во градот. Просториите на објектот работно се именувани како | и 2. Просторијата 1, на источната половина има 7.10 х 5.20 м. и најверојатно служела како магацин за градежни материјали (заклучокот се изведува врз основа на бројноста на пронајдените депонирани тегули) (сл ).

Втората просторија има димезии 8 х 7.10 м. Нејзиниот северен и дел од западниот периметрален ЅН не се откриени. Од анализата на темелните партии на зидовите. како и од пронајдениот движен археолошки материал, може да се заклучи дека објектот за време на своето постоење претрпел три фази на градежни интервенции. Првата фаза припаѓа на почеткот на У век, бидејќи под основата на западниот зид во Просторијата | беше пронајдена бронзена монета од втората половина на IV век. Овој објект бил разурнат непосредно по неговото подигање. Втората фаза претставува возобновување на објектот во втората половина на У век. а третата била извршена во првата половина на VI век.

Сл.в
Сл.в

Меѓутоа, покрај истражувањето на објектот и неговата намена, за нас од особено значење беше стратиграфијата во истражениот простор. Со оглед на голем број остатоци од зидови и темели истражувањата се одвиваа во просторија 2 во сонда со дим. 4 х 2 м во западниот дел на Просторијата 1. Спуштајќи се на длабочина од 3.50 м, односно 2.80 м од подот на Просторијата 2, беа откриени остатоци на темели од 4 зидови на различна длабочина, со различна позиоција и различен опус на градба. Првите темели упатуваат на Ш век, градени се од кршен камен со кал, со дебелина од 60 см. Другите подолни два зида имаат различен опус на градење. Повискиот е граден со тенки плочи правилно редени, кој според пронајдениот материјал бил граден во II век. 5идот граден од камен и вар во последниот темел е постар од претходниот и припаѓа на 1 век. Двата зида навлегуваат во слој на горетини и камчиња во кој биле пронајдени фргменти од садови датирани во I век до I век пр. н.е. што покажува дека до крајот на овогодишните истражувања се стигна до раноримскиот слој на живеење.

Според историските извори, податоците од досегашните археолошки истражувања, вклучувајќи ги реултатите од последните истражувања, може да се формира сликата на предримско Стоби, и да се издеференцираат две населби, едната македонска, формирана од Филип V, и втората постара од железно време, архајскиот и класичниот период која може да се поврзе со Пајонците.

Истражувањата во Стоби, особено врз керамиката во седумдесетите години, покажаа мноштво на сива локална керамика, чии почетоци можат да се следат уште од УП век пр. н.е. Во текот на V и IV век оваа керамика претрпува доста измени, и е распрпстранета пошироко на просторот на Македонија. Во Стоби особено се присутни наодите на кантароси, Скифоси, хидрии. бокали и здели,а нешто помалку е застапена црната лакирана керамика. Бројот на керамичките наоди нагло се зголемува во хеленистичкиот период одобено од крајот на Ш век пр. н.е. Типовите на оваа керамика се бројни, особено карактеристични се релјефните здели со растителни украси на сива до црна керамика. Инетензитетот на керамичните наоди продолжува и во периодот на П-! век и во ги век, кога се јавуваат садови кои ја следат хеленистичката традиција. Гини

Истражувањата во 2001 година, во истражениот дел на палатите, помогнаа да се постави рамката на простирањето на постарата хеленистичка некропола и со сигурноста да се претпостави просторот на хеленистичките гробовита од Ш-! век пр. н.е. Простирањето, пак, на постарата некропола од класичниот. архајскиот период и железното време. се уште не може со сигурност да се лоцира.

Што се однесува да постарата населба, врз основа на добиените податоци од истражувањата не може со сигурност да се каже дека се наоѓала на просторот на акрополата, надворешниот бедем и платотот на северниот дел од градот, каде досега се констатирани само остатоци од населбински живот од раниовизанzтискиот период, VI век до раноримско време I-I21 век.

Она што е највпечатливо од овие истражувања се констатираните начини на погребување и движните наоди. Тие пкажуваат дека одреден начин на погребување карактеристичен за железното време во Македонија, со гробен ров и гробна платформа, дури и за бронзеното време на поширокиот балкански простот, се задржал како традиција сѓ до хеленистичкиот период, Ш-Т век кај пајонската популација. Овој конзерватизам не е карактеристичен за начинот на погревувањето, туки и за движните наоди, особено керамичните. Керамижните наоди покажуваат зачувување на формите од железното време до доцнохеленистичкиот и раноримскиот период. Овој конзерватизам оди во полза на заклучокот дека пајонската популација цврст сакала да го зачува својот етнички идентитет и вонаредните векови. Сите овие заклучоци произлезени од резуктатита од истражувањата во 2001 година покажуваат дека овој во Стоби досега недоволно истражен периодод неговата порана историја, крие мошне значајни податоци за градот во постарите периоди. Стоби секогаш кај пошироката јавност бил познат како римски град, кој бил особено развиен во периодот на доцната антика. Последните истражувања покажуваат дека Стоби бил значајна населба и во постариот

MILA SURBANOSKA

Museum of Macedonia, Skopje

GORAN SANEV

Museum of Macedonia, Skopje

ANTONIO JAKIMOVSKI Skopje

ARCHAEOLOGICAL EXCAVATION - STOBI 2001

Белешки

  1. Петрова E., 2001. ↩
  2. Микулчиќ И.. 2003: Шурбаноска М.. 2006. 151-162.; Јакимовски A., 2006, 141-150. ↩
  3. Микулчиќ И.. 2003, 32. ↩
  4. Петрова Е., 2001, 3 ↩
  5. Микулчиќ И., 2003, 32. ↩
  6. Мано-Зиси--..1959, 355-357. ↩
  7. Види план на градбата даден кај Микулчиќ И.. 2003, 196 ↩
  8. Mano-Zissi Dj., 1973, 191-200. ↩
  9. Коработ е физички поделен на источен и западен дел, со еден попречен зид (Попречен ѕид 1), кој припаѓа на втората фаза од објектот, и се наоѓа на 7.30 м. од источниот зил на коработ. Со утврдувањето на стерилен слој полнетица до Попречниот зид 1, во интерес на времето, работите беа фокусирани до источниот зид на коработ. ↩
  10. Mano-Zissi Dj., 1973, 195 (fig.97). ↩
  11. Op.cit., 195-196 (fig.98) ↩
  12. Op.cit., 196-197 (fig.99, 100) ↩
  13. Op.cit., 188 и фуснота 10 ↩
  14. Јакимовски A., 2006, 141-149. ↩
  15. S Јакимовски A., 2006 141-149 Детален опис на слоевите и материјалот според кој се датирани слоевите. ↩
  16. е Слојот 19 е датиран според керамиката: Anderson-Stojanovié V.R.,1992. како и според светилка датирана во втората половина на I век пред н. е., Broneer O., 1930, 66; Howland R. H., 1958, 168; Јакимовски А., 2005. ↩
  17. За населбата од II век пред н. е., податоци добиваме од римскиот историчар ГитЛивиј од 197 год. пред н. е. кога македонскиот крал Филип У кај Стоби ги поразил Дарданците. Ова воедно претставува и првиот сочуван извор за Стоби. Археолошка потврда за населбата од почетокот на ІТ век пред н. е. се пронајдени на акрополата каде во последниот слој е пронајдена монета на Филип У. Wiseman J.- Mano-Zissi Dj., 1972, 411-412: Микулчиќ И.. 1985,112-113: Микулчиќ И.. 2003, 32-33. ↩
  18. S Слојот 16 е датиран според керамиката (фрагментите од аретинска керамика според квалитетот на изработка, фактурата на глината. како и според премазот го датираат слојот во првата половина на | век): Шурбаноска M., 2006, 151-161, ја има обработено римската керамиката пронајдена во секторот Северен Бедем.. Anderson-Stojanovic V.R.,1992; Како дополна на датацијата може да ни послужи фрагмент од светилка од типот со волути .датирана во првата половина на I век: Loeschcke S., 1919, 25 Abb.2; Vikič – Belančič B., 1971, 108. ↩
  19. Петрова Е.. 2003. период. in Veles 2002. ↩
  20. Translated by: ↩
  21. Goran Sanev ↩

Summary

Archaeological Excavation - Stobi 2001

Archaeological investigations on the pre-roman settlement of Stobi were initiated in 2000, as a long term project named “Pre-roman Stobi — inhabitants and culture. The goal of the project is to determine the existence, as well as the position of the older Paionian settlement, beneath and within the borders of the roman municipium. In 2001 the excavations were focused on several segments / buildings, where finds dating from the classical and hellenistic periods were reported to have been found during excavations in the 70’s, including: Domus Fulonika, House of Peristerias, Civil Basilica, Episcopal residence, the northern city wall as well as at the northern slopes of the acropolis, above the museum building.

At all of the investigated segments in 2001 the existence of the pre-roman settlement was confirmed, mainly trough pottery finds, which dates from the Ist to 7th century BC. Among the variety of shapes, a strong influence of the local Paionian tradition is evident, with continuum from local gray-ware to early roman red glazed pottery production.

Important contribution to our knowledge of the urban development of Stobi was made with the determination of the Hellenistic necropolis borders within the area of the palaces. The discovered graves, dating from the 3rd — 2nd century BC, represent variety of burial rituals and shapes of graves. Still, the location of the classical or the archaic necropolis cannot yet be determined precisely.

In the area of the acropolis and its northern slope the stratigraphy reveals existence of roman to late roman building phases. Quite similar conclusions were derived from the 9 meters deep test trench, located further to the east, near the fortification wall. These results exclude the possibility of existence of the older — classical and Iron Age settlement of Stobi in this part of the town.

The results from these investigations of pre-roman Stobi proved not only the existence and the Paionian origin of the settlement, but even more — its importance for the region in pre-roman times.

The results from these investigations were presented at the X VII Symposium of the MASA, held

Библиографија