Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 247–270
Стоби - Западна некропола
Содржина
Во текот на пролетните и летните месеци во 1995 год. беа преземени заштитни археолошки истражувања на дел од Западната некропола на Стоби.1
Во рамките на заштитните археолошки истражувања на Западната некропола од Стоби во 1995 год. беа истражувани и сондите Кв. 5С-20 и 5С-25; 5C-10, при што на површина од 300 mM² беа истражени над 50 гроба. При одбележувањето и нумерирањето на гробовите е задржан континуитетот на означување од предходните ископувања, а означувањето е по редослед, независно од хронолошката и типолошката припадност. Во овие квадрати се присутни повеќе типови конструкции во ист хоризонт, кои се резултат не само на економската разлика на населението туку и на етничката хетерогеност на корисниците на некрополата.
Присутни се погребувања со кремирање и со инхумација во различни гробни конструкции. Најзастапени погребувања кај кремирањата се слободни вкопувања во јама без покривни конструкции, а во некои случаи гробните јами се покриени со масивни камени полчи. Во 15- ина случаи кремирањата се покриени со тегули поставени на две води и гробни конструкции со хоризонтално поставени тегули. Гробот 1753 е комбинација од покривна конструкција од хоризонтална тегула поставена над тегули на две води под кои има погребување во урна. Најмал е бројот на погребувања во 5идани конструкции. Истовремените гробови не се оштетуваат меѓусебно, додека со подоцнежните гробови има нарушување на гробниот простор. Во ориентацијата на гробовите не е откриена правилност, иако во инхумациите преовладува ориентацијата во правец исток-запад.
Типолошката и хронолошката разновидност застапена во погребувањата е речиси идентична со аналогните научни сознанија добиени при предходните истражувачки работи.2
По класификацијата на А. Јовановиќ најголемиот број конструкции припаѓаат на типот мала копашница - сасе, редуцирана варијанта 1.3
Опис на гробовите
Гроб 1586. Гробот е обрабен и покриен со камчиња во правоаголна форма. Ориентацијата е во правец исток-запад. Конструкција е правоаголна циста градена од камен и поврзана со малтер. Во внатрешноста на цистата покојникот бил покриен со тегули на две води. Од исток тегулите биле фланкирани со фрагмент од тегула, а од запад со камена плоча. Фотографија |
Гроб 1588. Слободно вкопување во плитка елипсовидна јама. Прилози: златна наушница (инв. бр. РН-95-172) и монета (инв. бр. М-95-236).
Гроб 1590. Во плитка елипсовидна јама биле положени остеолошките остатоци. Прилози: керамичка ламба со кружна форма и кус клун (инв. бр. Л-95-112).
Гроб 1591. Плитката елипсовидна јама била исполнета со остатоците од кремирањето. Прилози: керамички пехар (инв. бр. К-95-425) од пречистена глина со окер печење од двете страни премачкана со темносиво премачкување, венецот е извлечен кон надворешната страна, телото е конично, дното издигнато, прстенесто, со испачување во средината; керамички сад (инв. бр. K-95-426), стамнос пиксида од пречистена глина со окер печење од двете страни премачкна со темносиво премачкување, венецот е ненагласен, рачките се со кружен пресек, хоризонтално поставени, го надвишуваат венецот со кружни апликации во висина на коренот од рачките, телото е конично, дното е со профилиран прстен, керамичко сатче (инв. бр. К-95- 427) од пречистена глина со црвено печење. со темно премачкување од надворешната страна, венецот е ненаглсен, на преодот кон телото има плитка канелура, рачката е лентеста, телото е топчесто, дното € со лажен прстен, рамно во средината (сл. 1).
Гроб 1637. Ориентиран е во правец север-југ. Од конструкцијата имаше само една фрагментирана хоризонтална тегула над гробната јама од северната страна под која беа прилозите: керамичко сатче со една рачка (инв. бр. К-95-366), керамичка ламба без рачка со престава на розета на дискот (инв. бр. Л-95-98) и монета (инв. бр. М- 95-370).
Гроб 1432. Гробот е правоаголна 5идана циста. Ориентацијата е во правец с/и-ј/3. Гробната конструкција е изведена од приделкан камен-песочник. поврзан со варов малтер, а од внатрешната страна малтерисан. Низ целата површина на гробната јама во голема количина на пепел и гареж со длабочина окулу 10 см. растурени се остеолошките остатоци. Прилози: ламба (инв. бр. Л-95-51) на дискот со два делфини со прекрстени опаши, а на рамото има оволо орнамент. Два дела од гердан, амулет (инв. бр. РН-95-103), корален приврзок и коскен приврзок (инв. бр. РН-95- 102).
Гроб 1413. Гробот е од типот на зидана циста покриена со камена плоча, монолитна, секундарно искршена. Во гробот се пронајдени остатоци од дрвениот сандак. Прилози: монета (95-233), зачуван стаклен сад (инв. бр ст-95-31), египетски II-III век, стаклени перли од белегзија (СТ-95-32), големо бронзено огледало (инв. бр. РН-95-142), коскен предмет (инв. бр. РН-95-111), коскена вилушка (врв-харпун), две бронзени алки (инв. бр. РН-95-115) (ел.2). Фотографија 2 u 3
Гроб-1423. Гробот е покриен со масивна камена плоча. Ориентацијата е во правец j/3- си, паралелен со 1413. Претставува камена циста градена од приделкан камен-песочник; инхумација. Прилози: стаклена перла (инв. бр. СТ-95-39), мало стаклено сатче, издробено. Фотографија 4
Гроб 1436. Гробот е слободно вкопување. Во остатоците од кремирањето се приложени: теракота фигурина (инв. бр. ТФ-95-63), Афродита со префрлена наметка која со десната рака се потпира на столпче, окер печена глина со многу лоша обработка на деталите и фрагментиран стаклен унгвентариум.
Гроб 1458. Конструкција од тегули на две води. Ориентацијата е во правец исток-запад. Во голема количина на гареж пепел и коски во западната страна како прилог биле оставени: керамичка ламба со престава на Амор со фенер. керамичка здела со две рачки (инв. бр. К-95- 205), коскени игли (инв. бр. РН-95-112, 113, 114). Цртеж 1 u 2 Гроб 1461. Конструкција од тегули на две води, однадвор фланкирана со камења. Во големо количество остатоци од кремацијата. Прилози: две керамички мешести чаши со една рачка, со косо извлечена устинка нанадвор под која се наоѓа пластично ребро (инв. бр. К-95- 203), пречистена глина со темнокафеаво премачкување од двете страни, венецот е извлечен кон надвор, рачката е со неправилен четвртест пресек, телото е топчесто, а дното е малку издигнато. Овој вид чаши се појавуваат во раниот I век од н.е. во гробот 21 од Стоби. Во овој гроб е пронајдена и чаша (инв. бр. 95-204), на долниот дел од реципиентот украсена со точки во бела боја, а над нив изведена исто со бела боја престава на ластер. Керамички унгвентариум (инв. бр. К-95-202), две коскени закосници (инв. бр. РН. 95-107 и 108) и коскена игла (инв. бр. РН 95-109). Фотографија 5
Гроб 1462. Конструкцијата е од една тегула потпрена на зидана конструкција. Прилози: керамичка чинија - здела (инв. бр. K-95-209), мали керамички чаши (инв. бр. К-95-210и 211) но премачкување. венецот е извлечен, телото е топчесто, рачката е неправилно четвртеста, а дното е малку издигнато - рамно (П-П век) (сл. 3). Фотографија 6
Гроб 1437. Гробот е слободно вкопување, присутно е кремирање, а над него бил иззидан гроб (1413). Прилози: фирма ламба (Л-95-52) и K-95-207, поголема чинија со подебели зидови со обод украсен со пластични ребра. Под него орнамент во форма на стапчиња со заоблени краеви, нарецкани. Глина бледо окер печена, премачкана со црвен квалитетен фирнајс. Керамиката со печатени орнаменти се поставува во временски рамки од | до почетокот на Ш век од н.е. Според фирма ламбата гробот се датира во П век.
Гроб 1470. Гробната јама покриена со тегула во чиј северен дел бил направен либационен отвор од два имбрекси. Во гробот во малото количество на гареж и пепел во јужниот дел се пронајдени како прилози: Ламба со (инв. бр Л-95-50). На дискот се преставена дива коза. Ламбата е убаво црвено печена, премачкана со црвен фирнајс. Две теракота фигурини со престава на Афродита, (инв. бр. ТФ-95-50 и 51), речиси идентични, гола женска фигура, застаната со левото колено благо наведната нанапред, со десната рака ја придржува наметката, левата е спуштена зад телото и има остатоци од бела боја; керамичко бокалче со една рачка (инв. бр. К-95-206), има црвено печење и црвено премачкување, а дното е со прстен. Голема керамичка чинија (инв. бр. К-95-208), од пречистена глина со окер црвено печење од двете страни, премачкана со окер црвено мрсно премчкување, венецот е вовлечен, телото е конично, дното е со прстен, од внатрешнат страна има поголем прстен во кој се вжлебени паралелни линии, во средината се наоѓа розета - цвет изведен со крукчиња, коскена игла (инв бр. РН-95-117) и коскен предмет, веројатно лажица (инв бр. РН-95-116); гробот е датиран во I век. Според наодите е датиран во првата половина на I век (си. 4). Фотографија 7, цртеж:
Гроб 1526. Конструкција од тегули на две води. Погребани се три покојника. Возрасна индивидуа со главата на исток, а два детски скелети со главите на запад. (поставени на две тегули) Прилози: ѓердан од гагат (инв. бр. РН. 95-166), бронзено прстенче (инв. бр. РН 95-152), две детски бронзени белегзии (инв. бр. РН. -95 -165 и 166) две коскени закосници (инв. бр. РН- 95-163 и 164), за датирање на гробот интересен податок ни дава ѓерданот од издолжени зрна од гагат комбиниран со помали зрна полиедарски обликувани. Оваа малоазиска фосилна смола, која се применувала за изработка на накит од средината на П век, се рашилила во европските провинции од Ш век. Накитот од гагат се носел за време на жалост, а имал и симболична улога во култот на Кибела. Накит од гагат во Македонија е откриен покрај во Стоби, Будур Чифлик кај Демир Капија и Скупи. Цртеж Зи 6
Гроб 1525. Конструкција на тегули на две води. Ориентиран е во правец север-југ. Ке рамичката чаша со една рачка (инв. бр. К -95-299) од пречистена глина со окер печење од надвор е премачкана со разредено темноцрвно премачкување, венецот е благо извлечен кон надвор, телото е топчесто, рачката недостасува, дното е издигнато - рамно, фрагментиран бронзен стригил, (фрагментирани стаклени унгвентарии, стаклен сад - чинија).
Гроб 1527. Овој гроб претставува јама без конструкција. Во остеолошките остатоци е пронајдена керамичка чаша со една рачка (инв. бр. К-95-300) и коскена игла (инв. бр. РН-95-
Гроб 1547. Грбот е од конструкција на циста од камени плочи, на која зидот од северната страна и ја дополнува конструкцијата. Покриен е со фрагментирана тегула. Во кремирањето како прилог биле поставени три керамички луковичести унгвентарии врз школка. Два од УНгвентариумите имаат по две дупчиња на стомакот (инв. бр. К-95-303). Во гарежот беа уште шест унгвентариуми (инв. бр. К-95-302-309). Унгвентариите се слични по форма, со окер црвено печење, потопено, со светла енгоба, венецот е извлечен, вратот се стеснува во средината, телото е крушвидно, а дното е рамно со висина од околу 10 см керамичка чашичка (инв. бр. К-95-310). Фотографија 8 Гроб 1638. Конструкција од Тегули на две води. Ориентиран е во ѕѕ — правец исток-запад. Во јужната половина тегулите се поврзани со имбрекс. Покојникот бил положен на грб. Левата рака е поставена на градите, десната на половината. Прилози: монета (инв. бр. М-95- 371), керамичка ламба Л-95- 177.
Гроб 1642. Слободно вкопување во подлабока елипсеста јама. Од западната и јужната страна е заграден со по една тегула. Остеолошкиот материјал е помешан со поголема количина гареж и пепел. Прилози: 7 луковичести керамички унгвентарии и клинец.
овална форма. Ориентиран е во
~ / правец исток-запад. Јамата е одбе-
лежана со фрагментирана тегу-
ла со мала количина остеолошки
наоди: 8 престави на бик и една
(раѕѕе на Телесфор, веројатно со Хигија
|. ЛА | (инв. бр. ТФ-95-100), мал керамич-
r TN | ки унгвентариум (инв. бр. К-95-
4 ff 358) и керамичка чашка (инв. бр.
a то K-95-357) (ел. 5). Фотографија 9
j И \ Гроб 1643. Конструкција од те-A $$ __—_____>_ гули на две води. Ориентирана е во
ПРЕСЕК А-А правец север-југ. Наоди: керамичка
Lion] ламба со рачка во форма на аканту-
сов лист (инв. бр. Л- 95-147), мал керамички бокал (инв. Ор. К-95- 551) и пирамидален тег (инв. бр. K-95-552) (сл. 6).
Гроб 1644. Конструкцијата е од фрагментирана тегула. Ориентиран е во правец истокзапад. Погребано било дете од кое се останати сосема малку остеолошки остатоци. Наоди: златни обетки во форма на карика со завиткани краеви (инв. бр. РН-95-195).
Гроб 1717. Слободно вкопување. Наоди: бронзено копче (инв. бр. РН-95-211), мини керамички бокал (инв. бр. К-95-464), од пречистена глина со сиво печење, има сивоцрно премачкување со графитен сјај, венецот е извлечен кон надвор, телото с боконично, дното се со лажен прстен, рачката е лентеста со длабока канелура во средината; фрагментиран керамички сад (инв. бр. К-95-465), пречистена глина со окер црвено печење, има црвено премачкување, венецот с ненагласен, две хоризонтални рачки со кружен пресек го надвишуваат венецот, телото е конично, дното е со извлечен прстен, како кај пехарите, во средината дното има задебелување: керамички капак од пречистена глина окер печење, со црвеникаво премачкување (инв. бр. K-95-463).
Гроб 1718. Конструкција на тегули на две води од јужната страна фланкиран со фрагментирана тегула. Присутно е кремирање, ориентирана во правец север-југ. Наоди: керамичка ламба со темносиво печење, релјефна престава на црнец (инв. бр. К-Л-95-131): поголема керамичка чаша со ребрест реципиент и мала лентеста рачка (инв. _— 6p. K-95-462), фрагментирана керамичка чашка со една рачка, фрагментиран голем стаклен унгвентариум - стопен (сл. 7 и 7а).
Гроб 1719. Конструкција од правоаголна циста од , , тегули покриена со тегула. Ориентацијата е во правец yg an исток-запад. Покојникот е поставен во згрчена положба, a 3 ае недостасува главата. Наод: златно обетче (инв. бр. РН-95- 205), алка со преклопени краеви, долниот дел е сплеснат
со залемена плочка.
Гроб 1720. Правоаголна циста покриена со камени плочи. Ориентацијата е во правец исток-запад. Покојникот е поставен на грб, а рацете на половината. Наоди: стаклено шише со бледозелена боја, телото е цилиндрично со тесен врат, нанадвор е извлечен и профилиран венец, две вертикални рачки со лентест пресек (инв. бр. СТ-95-58), монета (инв. бр. М-95- 379).
Гроб 1646. Конструкција од тегули на две води од север фланкиран со тегула. Ориентацијата е во правец север-југ. Покојникот е поставен на грб. Наоди: керамичка ламба (инв. бр. Л-95-145). На дискот престава на Пегаз, светло окер печена, фактура многу слаба, монета (инв. бр. М-95-380), санталеон, (инв. бр. РН-95-312), метално звонче (инв. бр. РН-95-313).
Гроб 1721. Мала циста од камени плочи. Ориентацијата Зачувани се остеолошките остатоци од горната половина. Наоди: метални перли од белегзија, (инв. бр. РН-95-217), (дванаесет мониста), (инв. бр. РН-95-216), a-6, 218, приврзок - метално цевче, коскена игла, (инв. бр. РН-95-214), бронзен прстен (инв. бр. РН-95-215).
Гроб 1722. Конструкција со тегули поставени на две води. Ориентацијата е во правец исток-запад. Во елипсовидна јама поголема количина остеолошки остатоци. Наоди: 2 керамички ламби (инв. бр. Л-95-110) од пречистена глина со светлоцрвено печење со црвено премачкување. Дискот е вдлабен со стилизирана престава на храм во кој е женска биста со нагоре исчешлана коса со спуштени витици на рамениците, на главата дијадема (престава на Медуза Горгона), на рамото оволо орнамент, клунот е благо извлечен, срцевидно декориран (инв. бр. Л-95-111), со извиен клун и ребресто тело; вретенест унгвентариум (инв. бр. К-95- 393), железни клинци.
Гроб 1723. Слободно вкопување во речиси правоаголна јама. Ориентацијата е во правец север-југ. Наоди: два луковичести унгвентариуми (инв. бр. К-95- 466 и 467).
Гроб 1725. Плитка елипсовидна јама со многу искршени теракоти, унгвентарии и друг керамички материјал (сл. 8).
Гроб 1753. Конструкцијата е под зид. Конструкција од тегули на две води, над неа хоризонтално поставена тегула, од запад и исток фланкирани со фрагментирани тегули. Ориентацијата е во правец исток-запад. Остеолошките остатоци со земја собрани во едно поголемо грне со две хоризонтално поставени рачки, на горниот дел од реципиентот брановидно украсување со посна окер боја (инв. бр. K-95-516), во кое бил положен мал стаклен унгвентариум со топчесто тело (инв. бр. СТ-95-88). Покрај урната уште едно грне во кое можеби била оставена храна. Наоди: 3 луковичести унгвентариуми, (инв. бр. К-515-517), керамички сад со две рачки (инв. бр. K-95-518), два стаклени унгвентарии деформирани во
гробниот огин. Цртежи 7и 8 (сл. 9) Фотографија 10
Гроб 1754. Конструкцијта е правоаголна циста, зидана од камен, малтерисана со хоросан малтер, покриена со камени плочи. Покојникот е положен на грб, рацете на стомакот. Наоди: ламба со крушковидна форма со релјефна претстава на комична маска (инв. бр. Л-95 146), мала керамичка чинија (инв. бр. K-95-550), стаклен топчест лакримариум (инв. бр. ст. 95-93) сл. 10.
Гроб 1897. Конструкција од тегули на две води: инхумација. Наоди: железен стригил, минијатурна бронзена хидрија, фрагментирана луцерна со престава на трите грации и фрагентиран керамички сад (ел. 11).
Гроб 1756. Конатрукција од тегули на две води од северната и јужната страна фланкирани со камења. Ориентацијата е истокзапад. Остеолошките остатоци помешани со иситнет шкрилец. Наоди: повеќе фрагментирани садови. Две керамички чашки со една рачка (инв. бр. K-95-547 и
Upr. 3 548). Две чинии K-95 546, мало
хемисверично чинивче и голема длабока чинија со профилиран венец. (инв. бр. К-95-545), керамичка ваза (инв. бр. K-95-549), керамичка ламба (инв. бр. Л-95-144) (сл. 2).
Гроб 1823. Гробот е покриен со две хоризонталнтални тегули. Ориентација е во правец исток-запад. Наоди: фрагментиран керамички бокал, (инв. бр. К-95- 619), бронзен стригил (инв. бр. РН-95-332).
Гроб 1824. Слободно вкопување во правоаголна јама. Ориентацијата е во правец истокзапад. Остеолошките остатоци се помешани со иситнет шкрилец. и малку гареж. Наоди: керамичка ламба со престава на сокол на дискот (инв. бр. ЈІ-95-157) и фрагментирана.
Гроб 1846. Елипсовидна гробна јама, во западната половина покриена со тегули на две води, делумно дислоцирани. Покојникот е поставен на грб со главата на запад. Левата рака е поставена на половината, а десната на градите. Покрај левата нога теракота на Афродита. Божицата е гола, назад префрлена наметка, на главата дијадема и две витици коса кои ги придржува од двете страни на рамениците, покрај десната нога амфора, покрај левата гуска (инв. бр. ТФ-95-192). Покрај левата потколеница има бронзено огледало. Покрај коленицата
Гроб 1848. Слободно вкпопуваье во елипсовидна јама. Ориентацијата е во правец север-југ. Фрагентирана керамичка ламба од пречистена глина е со окерсиво печење, премачкана со црн фирнајс и траги од горење. Во
443% вдлабнатиот диск има претстава на борба на гладијатори (инв. бр. ЈІ-95-
Гроб 1874. Конструкција од хоризонтално поставени тегули. Во правоаголна гробна јама има покојникот положен на грб со главата на запад, а десната рака на половината. Во левата рака има монета, присутни се и остатоци од сандак. Од северната страна покрај главата има поголем, црвено печен луковичест унгвентариум (инв. бр. K-95-615).
Гроб 1885. Елипсовидна јама со нагорени зидови. Низ остатоците од кремирањето има малку коски. Наоди: фрагментирани керамички садови, керамички луковичести унгвентарии (инв. бр. K-95-690-693), долен дел од теракотна фигурина (инв. бр. ТФ-95-228) и луковичест унгвентариум од мермерно брашно
tie. (инв. бр. РН-95-39). Цртеж
На истата површина се откопани и бројни гобови во вид на тесен ров со водорамен или покрив на две води од тегули, со сосема малку гробни дарови или без нив и не е можно точно да се датират: Гробови со кремирање, слободно вкопување: 1431, 1645: гробови покриени со тегули на две води, 1440, 1510, 1522, 1523, 1524. Инхумации со слободно вкопување 1435, со повеќе скелети: 1850, (3), 1853 (2), 1876 (3) И 1878 (4). Camo во гробот 1850 беа пронајдени(еден) пар златни обетки: покриени со тегули на две води, 1641, 1654, 1724, 1755, 1757, 1894, 1876.
Од археолошкиот материјал е најзастапена керамиката која преовладува кај сите типови погребување.
Најзастапен тип керамика се чашите со | држалка. Застапени се по една во гробовите 1470, (сл. 4), 1525 (сл. 14), 1527 (сл. 15), 1637 (сл. 16), 1653 (сл. 5); 1847 (сл. 17) и по две во гробовите 1461“4 (сл. 19), 1462 (сл. 20), 1463 и 1756 (сл. 11)“.5 Тоа се мешести чаши со една рачка, со вертикално или косо извлечена устинка под која се наоѓа ребро. Иако се типолошки слични, сепак, видливи се и разлики. Како во големината, профилот на рецепиентот и венецот, а во еден случај имаме и украсување на чашата од гробот 1461 (сл. 19). Чашите се изработени од пречистена глина со црвено печење, од надворешната страна премачкани со темноцрвено премачкување. Наоѓани се на бројни локалитети, во Стоби“6 се појавуваат во | век
н.е. а застапени се и подоцна, во гробот 1847 (сл. 17)7 Скупи“,8 Исар Марвинци",9
ќ од чашите застапени се и чаши од по-
доцнежен период, мешести чаши со ребресто тело од типот ола 2 кој се карактеристични за Ш век.11 Застапени се во гроб 1718 (сл. 7), мешеста чаша чиј реципиент во долниот дел е избразден со неколку хоризонтални ребра со мала лентеста рачка од почетокот на Ш век во Исар Марвинци датирани во Ш век, наодите од атинска
Aropa ro опфаќаат 2 и 3 век."
| | Садови со две држалки. Пронајдени ТТ сено една во гробовите 1458, 1591, 1717,
1753. Садовите од гробовите 1717 (ел. 21)
и 1591 (сл. 1) од типот на стамнос пик-
\ сидите имаат слични примероци во Исар Марвинци. локалитет Дибек, с. Суводол.12
Во садови со две држалки припаѓа и урната од гроб 1753 (ел. 9), со аналогија од урната од Стоби"13 датирана I-II век и садот | од гробот 1753 (сл. 22) датиран во |-П Вех. Садот од гробот 1458 (ел. 23) во Скупи датирани во П век.14 кантаровидна форма, венецот е благо нанадвор извлечен, вертикален, две лентести вертикални рачки
кои почнуваат од венецот завршуваат на
: средината на реципиентот. Слични приша Це“, мероци се пронајдени во Стоби, Скупи.15 ана во поголем број застапени се и чини-
Црт. 5 ите. Чинијата од гробот 1470 датирана е
во I век, аналогна со повеќе примероци од Стоби.16 Чинијата од гробот 1462 (сл. 20) има аналогија од Скупи, Исар-Марвинци,!! чинијата од гробот 1437 (сл. 24), има аналогии. пред се, во Стоби во формата 19, датирани од доцниот II до IV17 век.18 Според ламбата датирана во И век, во Скупи се датирани во II-III век. Мало звоновидно сатче од гробот 1591 (сл. 1), има аналогија во Стоби.19 Од гробот 1754 (сл. 10)
имаме мало хемисверично чинивче на тркалезно дно, форма 13, датирано во доцниот II век.20 Чинијата од гроб 1847 (ел. 17), форма 19, датирана во Ш Вех.21
Доста застапени се унгвентариите. Неколку фрагментирани вретенести унгвентарии со хеленистички облик ги среќаваме во подоцнежен период. Биле приложени во гробот 1725 (сл. 25), во гробот 1722 (сл. 26) слични унгвентариуми од Стоби датирани од хеленистичко време22 од типот "G" кај Вирџинија Андерсон, вретенестите унгенвентариуми се наоѓани во повеќе гробови во некрополите на Исар-Марвинци,23 заедно со унгвентариум со луковичесто тело, датирани во I век. Мал вретенест унгвентариум со ребресто тело бил приложен во гробот 1461 (сл. 19).%24 Во гробот 1642 (ел. 27)25 биле приложени 8 луковичести унгвентарии со топчесто тело, луковичестите унгвентарии ти- ЈА пот "Р“, по В. Андерсон датирани се во !-П век“.26 Унгвентариите од гробот 1547 (сл. 28) се од ист тип како и унгвентариумот од гробот 1653 (сл. 18) и од гробот 1885 (сл. 29), унгвентариите се со крушковидно тело и рамно дно, вратот е издолжен, а венецот извлечен. Унгвентариите од гроб 1753 (сл. 22) од типот "Е“, кај В. Андерсон. Унгвентарии од двата типа се наоѓани во многу гробови од некрополата во Стоби.27 ги има и во Исар-Марвинци.28
Како група наоди доста застапени се и ламбите. Поради добрата фактура најчесто се добро зачувани, | но има и фрагментирани. Ламбите се најприсутни во погребувањата од II век. Хронолошки најрана би била Цр 6 ламбата од rpodot 1590 (сл. 30). Работена ¢ на грнчарско колце со мали димензии, веројатно упростена локална варијанта, настаната под влијание од Егејскиот културен круг. Слични по форма и изработка се неколку ламби од Стоби, Скупи, Исар-Марвинци??.29 Ламбата од гробот 1440 (сл. 31) има аналогии во ламбата од атинската Агора, датирана во првата половина на II век во Музејот на убавите убавите уметности од
Сл. 48
Сл. 49
Сл. 51
Сл. 52
a Будимпешта“.30 Ламбата од гробот 1643 (сл. 6) со рачка во форма на акантусов лист, аналогна со ламбата од гробот 208 од Виминациум.31 датирана кон крајот на 1 и почеток на П век. Ламбата од гробот 1643 често се среќава во материјалот од жртвениот слој над гробовите и воопшто меѓу ламбите во Виминациум.
Ламбата од гробот 1437 (сл. 25) припаѓа на типот фирма ламби со отворен канал. моделирани во калап, рамен диск со централен отвор за масло, на рамото две релјефни плочки (Кузманов тип XXVI, варијанта А).32 Ламби од типот на фирма ламби во голем број наоѓани се во гробовите во Стоби, Виминациум.33 Ламбата од гробот 1896 (ел. 11), со престава на трите грации на дискот,34 е со трапезест клун што ја определува во П век, а блиски аналогии по изработката и по обработката на ликовите и косите има во ламбите од Коринт.35 Ламба од гробот 1637 (сл. 16) припаѓа на ламбите со трапезоидно всечен клун, на дискот има розета, на рамото оволо орнамент, форма создадена во Атина под силно влијание на Коринт. Особено се рашируваат во почетокот на Ш век.36 Ламбата од гробот 1646 (сл. 32) со престава на Грифон. Микулчиќ, група 9, премин од II кон Ш ѕех.37 Од гробот 1432 (сл. 33) имаме ламба со делфини со вкрстени опаши на дискот и оволо орнамент на рамото, на дното сигнатура на
Секунд од Стоби, што ни укажува на производствениот центар на ламбата, датирни во III век.38 Ламбата од гробот 1458 (сл. 34) со престава на Ерос со канделабар на дискот, на дното во два концентрични круга и печат AKERCOY во атинската Агора, сместена во групата ламби со фигури на дискот датирани во Ш и ГУ век.39 Ламбата од Стоби има аналогии со ламбите датирани во III век. Од гробот 1722 се ламбите со (инв. бр. Л-95-110) со престава на лик во храм (египетски симбол на животот) (сл. 26), се појавува во П веки ламбатаЛ-95 111 , со радијален мотив (сл. 26), формата е широко распространета во III век, ставена во типот XXVII кај Георги Кузманов.40 Ламбата од гробот 1754 (сл. 10) со крушковидна форма со престава на лик на комична маска, датирана во Ш век, најблиска аналогија во Скупи, Виминациум.41 Ламбата од гробот 1824 (ел. 35), со претстава на дискот, сокол со раширени крила. Според срцевидниот отвор на клунот од кој излегуваат лозници
и оволо орнаментот на раме-
ниците датирана во П век.42 Од оби “05 гробот 1848 (сл. 36) е ламбата арии со престава на гладијатори на ои
дискот, атински ламби од почетокот на III век, тип XXII, кај Г. Кузмановски од Софија.43
Во некрополите на Стоби бројни наоди се теракотите. а во разгледуваните сонди се најдени повеќе примероци. Најчесто се застапени преставите на Афродита во стоечка положба, гола со префрлена наметка.
Еден примерок во гроб 1436,
(ел. 37) два во гроб 1470 (сл. 4). Единствен примерок пронајден
во гробот со инхумација е од гробот 1846 (сл. 38), а божица-
та со подигнати раце ги прид- =f | ржува прамените коса. Слични примероци на Афродити | | среќаваме во Амфиполис.44 Во гробот 1725 се најдени поголем Црт. 8
број фрагментирани теракоти
од кои можеше да се состават повеќе теракоти со престава на Афродита и нејзините придружнички, хиреодули, цели или делови. Голи женски фигури во седечка положба (сл. 8), слични примерци покрај во Стоби, датирани | век пр. н.е.45 до | век од н.е.46 наоѓани се во Демир Капија, Исар Марвинци, Вардарски Рид, Солун (Тесалоники), Абдерон, датирини од II век пр. н.е. до | век од н.е. Еден редок примерок на теракота е преставата на т.н. Играчица (сл. 39), веројатно, претстава од култот на Дионис. Престава на гола женска фигура во елегантно движење со подигнати раце во кои држи дискови. Преку десната нога има префрлено драперија.47 Престава на Ерос (сл. 40) - чести престави на Ерос среќаваме во Амфиполис“.48 Во гробот 1653 (сл. 41) теракота на Телесфор со женска фигура,49 и седум теракоти со престава на бик. Двата типа теракоти се застапени во голем број во гробовите во Стоби, а престави на бик среќаваме и на Исар-Марвинци, Солун (Тесалоники).“?50 Стакло
Капчестите балсамариуми од гроб 1652 (сл. 42) се одликуваат со издолжен цевчест реципиент, кој при дното е незначително проширен. Вакви балсамариуми се наоѓани во поголем број гробови во Стоби, претежно во гробовите со спалени покојници и голем дел се фрагментирани или деформирани во гробниот огин, во употреба се од I до IV век, а примерокок од гробот 1652 веројатно припаѓа на крајот од | или почетокот на II век, аналогии од Западната некропола од Стоби голем број примероци, тип 22, кај Д Стојановски“51 од некрополата во Згрополци,52 Дукља, балсамариум од типот В/5, датирани во ГП век“53 Дура Eyponoc,54 Скупи, Покрај цевчестите балсамариуми во истиот гроб се присутни и балсамариуми со јајцевиден реципиент, зарамнето дно и висок врат, аналогии во формата 8 кај Исингс, датирани во средината на I век,55 во Дура Еуропос56 и унгентариуми од формата 28a, исто така наоѓани во контекст од I век,57 Cur, форма 5.““58 Малиот стаклен балсамариум со топчест реципиент од гробот 1753 (сл. 43), има аналогии во Стоби, тип 17, кај Д. Стојановиќ, Згрополци, сињ. форма 7, во употреба се од I до почетокот на III
ИЗГЛЕД 2
век, аналогиите примероци датирани се
Црт. 9
во I век. Кај Исингс се појавува во форма 26, со аналогии од ги II век.59 Стакленото шише од гробот 1413 (сл. 2) со египетско потекло, II-III век. Аналогии во Виминациум, Дукља од тип 1, Дура Еуропос, Скупи, Стоби тип 21 кај Драги Стојановиќ.60 Стакленото шише од гробот 1720 (сл. 44) има свои аналогии во Дура Еуропос, Виминациум, кај Исингс во форма 90, датирани од крајот на II до IV век.61
Накит и други наоди
Две белегзии од бронза од подебел тел со краеви кои се преклопуваат превиткани од гробот 1526 (сл. 45), белегзија од разновидно моделирани зрна од гробот 1721 (сл. 46), ѓерданот од гагат од гроб 1526 (сл. 47). Накит од гагат во Македонија откриен е покрај во Стоби, Будур Чифлик кај Демир Капија каде култот на Кибела бил почитуван и во Скупи.62 Кон малоазискиот круг припаѓаат и парот златни обетки со престава на диви пчели пронајдени во гробот 1526 (сл. 48 ). Обетки од златна жица со превиткани краеви, еден пар се од гробот 1644 и 1850 (сл. 49), додека едно од гробот 1719. Наоѓани се во Стоби, Исар- Марвинци, Скупи, Тесалоники, а се датирани од крајот на Ши ГУ Вех.63 Камеја со (инв. бр. РН-95-372) (сл. 50) од бел кварц, со престава на глава од Медуза, веројатно апликација на обетка според аналогиите од Исар-Марвинци, Ниш, Виминациум, датирана во III век, Пожаревац.64 Приврзок со камеја (инв. бр. РН-95-371) (ел. 51). Приврзокот го формира златниот елипсовиден оквир во кој е вметната камеата од бела стаклена паста со престава на биста на гол брадест маж свртен на десно, веројатно силен, слични примероци во Ниш, Ш-ГУ65 век, Виминациум, датирани во крајот на Ши почетокот на IV век,.53
Од прстените пронајдени се 3 во гробот 1583, направени од тењ од затворен тип | со преклопување и 2 со проширување на горниот дел, ! во гробот 1526, лошо се зачувани.
Чести наоди се и коскените игли. Украсните игли се со вретенесто тело и разновидни глави, топчести, елипсовидни. Датирани се во П-Ш век, најдени во гробовите 1526 (сл. 45), 1846 (сл. 13). Чести се на римски локалитети, во Стоби, Осиек, Сирмиум,66 како и иглата за шиење од гробот 1717 (сл. 52).67
Бронзени огледала претежно се наоѓани во инхумираните гробови 1413 (сл. 2) и 1846 (сл. 13). Едноставни кружни бронзени огледала често наоѓани во римските некрополи, датирани од II до крајот ua III век во Стоби.68
Стригили од железо се застапени во гробовите, 1718 (сл. 7) и 1823 (сл. 53), преку примероците од Стоби и Дукља се врзуваат за II и првите децении на III век.69
Западната некропола е организирана градска некропола, формирана во однос на јужниот градски бедем и покрај патот кој од Порта Хераклеја водел кон античкиот град Хераклеја. Гробовите се вкопани во светлокафеава, доста компактна земја. При вкопувањето на помладите гробови со инхумација во некоку случаи има нарушување на гробниот простор, а со подигањето на доцноантичкото подградие во IV век се случува темели од градбите непосредно да се подигнати врз гробната конструкција.
Гробовите со кремирање се со едноставна правоаголна или елипсеста гробна јама со широчина од 40-100 см и длабочина од 20-30 см, на чие дно биле поставени измешаните остатоци од кладата: остатоците од кремираниот покојник, карбонизирано дрво, пепел, како и дел од прилозите кои гореле на кладата со покојникот. Покојниците веројатно се кремирани на заедничка клада - устрина, а кремираните коски со дел од прилозите се пренесувани во однапред приготвена гробна јама во која во неколку случаи е забележено нагорување на зидовите, како резултат од ритуалниот оган - лустрација.70 Во зависност од типот на погребување се издвоени неколку варијанти: непокриени остатоци од клада, покриени со хоризонтално поставени камени плочи или тегули, покриени со тегули на две води, во неколку случаи спојот е поврзан со имбрекси. Слободно вкопување без покривна конструција, гробовите: 1642, 1652, 1653, 1717 и 1725: јамите 1588, 1590, 1591 и 1637. Под покрив на две води се гробовите 1643, 1718, а единственото погребување во урна, гробот 1753.
Во гробовите со инхумација погребувањето било изведувано со поразновидни гробни конструкции. Основен тип гробови кај инхумациите е тесен ров покриен со хоризонтално поставени тегули или тегули на две води. Susann конструкции, 1639, 1721 и 1754. Гробовите 1413 и 1423, биле покриени со големи монолитни камени плочи, лоцирани еден покрај друг гробот 1413 беше зидана конструкција од камен во кој беше зачуван дел од дрвениот сандак. Во гробовите 1434 и 1526 покојниците биле поставени на по две тегули, покриени со тегули на две води.
Погребувани се најчесто со главата на западната страна, ориентирани во правец е/3-Ј/и, но има и отстапувања. Должината на гробовите е меѓу 160-180 см, а ширината од 50-70 см, освен зиданите чии димензии се движат 200-250 и широчина 100-125 см, длабочина е меѓу 50 и 60 см. Најран гроб со скелетно погребување е веројатно гробот 1846, веројатно од | од н.е. според приложената теракота, што веројатно може да се поврзе со доселениците од исток.71 Во најголем дел предметите се веројатно од локално производство, свои аналогии имаат како на самиот локалитет и на локалитетите од соседните локалитети, Згрополци, Исар-Марвинци и Скупи. Увозот може да се следи, пред се, во наодите од стакло и накит.
Анализата на гробовите и подвижниот материјал покажува хронолошка рамка од ! до Ш век.
Елица Николова
Народен музеј - Велес,
ул. „Маршал Тито“ бр. 22, Велес
email: muzejveles@yahoo.com
ELICA NIKOLOVA
National Museum of Veles
STOBI - WEST CEMETERY
- 1995 EXCAVATION -
Белешки
- Истражувањата го опфаќаа делот од некрополата низ која е проектирана трасата на автопатот Е-75. Истражувањата се одвиваа под раководство на д-р Живоин Винчиќ и м-р Зоран Георгиев. Заштитни археолошки истражувања на истата траса беа изведени и во текот на летните месеци 1992 год. ↩
- Mikuléié 1., 1973; Weselovski A., 1973; Шурбановска М. - Здравковски Д.. 1996. ↩
- Јовановиќ А.. 1984, 101, (нагореност на страните се јавува само во мал број случаи); Јовановска ЈІ., 1999, 205. од пречистена глина со црвено печење, од надворешната страна е премачкана со темноцрвеима украсна игла со топчеста глава (инв. бр. РН-95-303). Од десната страна на главата има украсна игла со елипсовидна глава (инв. бр. РН-95-302) (сл. 13). ↩
- Вучковиќ Тодоровиќ Д.. 1961, сл. 21. ↩
- Античко Скупи, 1984, сл. 30. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, Pl. 26, sl. 218-220, Pl. 115, sl. 973, 974, 975. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992 , Pl. 115, сл.976 ↩
- Јованова ЈІ. - Михаилова Д..1999 , сл. 23, 24, 25 ↩
- Во гробот 21, Демир Капија, Соколовска B., 1986, T-78, сл. 1-7; Municipium Stobensium, 1994, сл. 241, датирана во Ш век. ↩
- Зотовиќ Jb., - Јордановиќ 4., 1990, Т. ЕХ, сл. 6, 7, Т. XIX, сл. 4. ↩
- Соколовска В., 1986, Т. 78, сл. 8-12. Атинска Agora II-III век.; Во Стоби неколку примероци без рачки, Muniстрит Stobensium, 1994, сл. 245-247, датирани во Ш в. ↩
- Соколовска В., 1986,T. 2, сл. 5, T3, сл. 12: Јанакиевски T., 1993, са. 4. ↩
- Municipium Stobensium,1994, сл. 158. ↩
- Античко Скупи, 1984, сл. 29. ↩
- S Здравковски Д., - Шурбановска M., 1996; Јованова Л.- Михаилова Д.. 1999, 227, сл. 26. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, 120, Pl. 27, сл. 226-224, типолошки припаѓа на источна сигилата A. ↩
- Античко Скупи, 1984, сл. 16; Соколовска B., 1986, Т. 42, сл. 4. ↩
- Anderson Stojanovié V.,1992, 120, Pl. 114, сл. 962, 963. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992,. P1.153, сл. 34. ↩
- Anderson Stojanovic У., 1992, 119, Pl. 112, сл. 952, со поголеми димензии, (како форма се појавуваат во крај на I век пр. Н.е.). ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, 115, сл. 966, 120. ↩
- Шурбановска М- Здравковски Д.. 1996, сл. 21. ↩
- Соколовска B., T. 16, ел. 1-3; 1.17, сл. 3; 118, сл. 6-9; Anderson Stojanovié Y., 1981, 83, Pl. 69, Fig. 578-582. Р1.178, Fig. 566; Манева E., Т. VIII, сл. 86, 87. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, Pl. 121, 124; Манева E., 1979, T. VII, сл. 78, 79: Соколовска B.. 1996, на П век ↩
- Anderson Stojanovi¢ V., 1992, Pl. 179, fig. 607; Шурбановска M., Здравковски Д., 1996, сл. 22, датирани во ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, Municipium Stobensium, 1994, co издолжен врат I век 20.5 см, конусни 4-9 см, сл. 104. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, сл. 591, 592, 85. ↩
- Соколовска В.. 1986, T. 50, сл. 5, 6. ↩
- Шурбановека M. - Здравковски Д.. 1996: Јованова ЈІ. - Михаилова Д.. 1999. ел. 27. 229: Соколовска В.. 1996, Т. 21, са. 9, гроб 102. ↩
- Perlzweig J., 1961, pl. 6, сл. 159, 86. Szentleleky T., сл. 111, ламбата од гробот 1437 е без декорација. ↩
- Зотовиќ Jb. - Јордановиќ Ч., 1990, Т. XXXIV, сл. 2, сл. 6. ↩
- Кузманов Г . 1992, 34, сл. 220. ↩
- Шурбановска М. - Здравковски Д., 1996, сл. 14, датирани во | век; Зотовиќ Jb. - Јордановиќ Ч., 1990, Т. XXXIV, са. 2, T. СЛ. са. 6, Кузманов Г., 1992, сл. 220, припаѓа на типот XXVI, група A,; Szentleleky, сл. 124 a, b, се појавуват во 70-тите години, се произведуваат во мануфактурни работилници во северна Италија, провинциски форми како нашата се појавуваат во II век, ↩
- Соколовска B., 1996, сл. 5. ↩
- Denauve J, 1969. ↩
- Зотовић Љ. - Јордановић Ч., 1990, Viminacium, сл. 6, Т. XLVIII, сл. 2. ↩
- Микулчић И., 1975, T.VI, гроб 74. ↩
- Municipium Stobensium,1994, сл. 268. ↩
- Deneauve J., 1969, 593; Perlzweig J., 1961, 115, Pl. 16, сл. 725, 26, 30, 33, 40; Municipium Stobensium, 1994.cn. 187 ↩
- Зотовић Љ., - Јордановић Ч., 1990, Т. XIII, сл. 6; Кузманов Г., 1992, сл. 277, 278, 279. ↩
- Античко Скупи,1984, сл. 51; Зотовић Љ., - Јорданович Ч., 1990, Т. CLXXXVII, сл. 4. ↩
- Municipium Stobensium, 1994, сл. 150; Микулчиќ И..1975, T.V од гроб 123. ↩
- Кузманов I.,1992, сл. 184. ↩
- Поповиќ Jb.B., 1994, сл. 680, 682. ↩
- Municipium Stobensium, 1994, сл. 37. ↩
- Микулчиќ Г. - Карапетков Г., 1996, сл. 15; Сламков Е., 2004, сл. 30; ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ,1986, fig. 103; KOPTH-KONTH Σ., 1994, sl. 76-79, 118-120, 202, 203; LAZAPIΔOY Δ., 1960, sl. b-92. ↩
- LAZAPIΔOY Δ., 1960, sl. 118. Теракота од култот на Дионис е веројатно преставата на Пан со дајре. ↩
- Поповиќ Љ. Б., 1994, сл 674, 675. ↩
- KOPTH-KONTH Σ., 1994, sl.4; Wiseman – Mano Zisi,1974, Sl. 21, 22. ↩
- Соколовска В., 1986, Т. 35, сл. 8; ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ, 1986, Sl. 138; KOPTH-KONTH Σ., 1994, sl. 46, 89, 131; Wiseman – Mano Zisi, 1974, Sl. 24. ↩
- Clarmont W.C., 1963 , Pl.XIII: Zotović Q.,1957, T. XVI. cl. 7; Isings. C., 1957sl. 90. е ↩
- Зотовиќ ЈБ., 1975, T.XVI, сл. 1; Цермановиќ-Кузмановиќ A., et al. 1975, cr. 8, cl. 17, Clarmont W.C., 1963, РІ. XV, sl. 695; Stojanovic D. 1978, T. VIII, sl. 4. ↩
- Stojanovié D., 1978, T. IX, 3-8; T. X, 1-4 ↩
- Од ископувањата 1990 год. ↩
- Цермановиќ-Кузмановиќ А.. et al., 1975, 169, сл. 38, со нав. лит. ↩
- Clarmont W. C., 1963, Pl. XXXVI, 51.726. ↩
- Isings. C., 1957, 51.4, ↩
- Clarmont W.C., 1963, Pl. XXXIII, 703. ↩
- Isings. C., 1957, sl. 28 a. ↩
- Fadié I.,1984, 51.2, 3, 19- 22. ↩
- Stojanovié D., 1978, T. 6, sl. 8; Fadié 1., 1984, 3, 27-30; Isings. C., 1957, sl. 26a. ↩
- Микулчиќ И.. 1974, сл. 46. ↩
- Wiseman — Mano Zisi,1974, са. 14; Микулчиќ И. 1974, сл. 39, 40 и нав. лит.; Соколовска B, 1986, Т. 44, сл. 8, 9; Зотовиќ Љ., 1975, Т. LXX. сл. IIXV; ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ, 1986,sl. 130. ↩
- Соколовска В.,1986, Т. 44, сл. 5; Jovanović A., 1978, sl. 61, k.b. 4, sl.62 k.b.5; Спасиќ Д., 1994, сл. 10. Поповиќ И., 1991, сл. 3, а, б, ц; ↩
- Jovanović A., 1978, sl.93 k.b.29, sl. 94 k. b. 30; Поповиќ И., 1991, сл. 8, а, б, 15, 16. ↩
- Шурбановска М. - Здравковски Д., 1996, сл. 27; Municipium Stobensium, 1994, сл. 303-309; Vikić-Belančič, В., 1948, сл. 2; Шарановиђ-Светек В, 1981, Т. I, сл. 9, Т. IV, сл. 2. ↩
- Шурбановска М - Здравковски Д., 1996, сл. 27; Vikić-Belančič, B., 1948, sl.1; Шарановиђ-Светек В, 1981, Т. VII, сл. 4. ↩
- Шурбановска М - Здравковски Д.. 1996. од гробот 801, инв.РН-92-210: Municipium Stobensium, 1994, каталошки бр. 341. ↩
- Шурбановска М - Здравковски Д., 1996, сл. 1, 10; Цермановиќ A, 1975, сл. 138, 9, 40. ↩
- Wesclovski A., 1973,134- 135 ↩
- Микулчиќ И., 75, 99. ↩
- Translated by: ↩
- Dimitar Nikolovski ↩
Summary
Stobi - West Cemetery
This article refers to graves discovered with the 1995 excavations at the Western necropolis of Stobi.
Graves 1642, 1652, 1653, 1717 and 1725 are cremations; pits 1588, 1590, 1591, 1637; gabled roof burials 1643, 1718: and the only burial in an urn, grave 1753.
The grave offrerings from the graves with cremation are numerous, namely there are unguentaria, fusiform unguentaria, peer shaped unguentaria deformed in the cremation process, glass unguentaria, a cup with one handle and shallow plates. The most frequents are terracotta figurines of Aphrodite, and bull figurines. Grave 1725 was the richest one, containing a great number of fragmented terracottas. The most abundant are sitting Aphrodite, Hierodules — Aphrodite’s escort, and Eros with a harf. For now there’s only one sample of73 the so called Dancer, probably a terracotta figurine depictation of one of Dionyssos’ escorts.
Grave 1588 has two golden earings and a coin as grave offerings. Grave 1590 is consisted of a small oil lamp with circular form from the Hellenistic period. The 1591 grave has a stamnos pixis with two vertical handles with Hellenistic influences, known from the site of Isar - Marvinci, and the late Hellenistic tombs at the site of Dibek, near the village Suvodol. In the same grave there is a pecharos that has analogies in the Athenian Agora. The grave 1637 also has a handless lamp with circular form with a rosetta on the disc.
In the pit graves 1588, 1590, 1591 and 1637 there were also a lot of grave offerings.
Grave 1643: a cup with an acanthus shaped handle, a flask, and a cup with one handle. Grave 1718 contains a cup with a relief decoration representing a black man, a bigger cup and a glass unguentaria deformed on the pyre. In the grave 1722 there are two oil lamps, one of them with a representation of Medusa in a stylized temple and an ovolo ornament on the shoulder. The other lamp has a ribbed disc, and besides the lamp there are other finds like: fusiform unguentaria and a lot of iron nails, probably from the wooden coffin. The grave with the Medusa decorated lamp is dated in the 2nd cent. BC, but according to the other finds, an earlier chronological position is possible, around the end od the Ist cent. BC.
Grave 1753 was unique in terms of construction. It is an urn burial.
There is a lot less more inhumation burials, and the burials had been made in different grave constructions. 1638 and 1724 are tile graves, while 1639, 1721 and 1754 are built graves.
Graves 1413, 1423, 1434 and 1526 were covered with big monolithic stone slab. Grave 1413 is a built grave and it had a part of the wooden coffin preserved.
In graves 1434 and 1526 the deceased were laid onto two rooftiles, covered with tiles.
The grave offerings in the inhumated graves are pretty modest. In the 1638, 1639, 1721 and 1754 graves there is only one glazed oil lamp and a coin. The 1639 grave has a nicely built construction with mortar on the walls and covered with two big rooftiles. As a burial gift there was a coin, and a completely smashed glass vessel. In 1721 grave, which also has mortar on the walls, a child was buried with a couple of offerings: beads, pendants from a bracelet, small metal balls, and a bone pin. The 1754 grave has the same construction as the previous two, but different grave offerings: an oil lamp with a depiction of a mask, a small plate and a glass lacrimarium with a spherical body. An identical oil lamp has been found in the theater at Scupi.
The most representative finds are in the graves 1583, 1644 and 1720. The grave offerings in the 1583 consisted of 3 bronze rings, while in the 1644 grave there was a couple of golden earings. The 1720 grave had a flask with a cylindric body and two long vertical handles. It dates between the 2nd cent AD and the 4th cent. AD
Grave 1458 consists of a cup with two handles, hair pin, an oil lamp with a depiction of Amor with a lamp which Brooner dates back to the 3rd cent. AD.
Grave 1461 has 2 rounded cups with one handle, a small ceramic unguentarium with a ribbed body, two hair pins and a bone pin.
In grave 1462 the cups have the same, also identical shape as the previous ones, but with smaller dimensions. Also there is a small ceramic bow] with a sidewalls narrow toward the base and a molded rim.
Grave 1470 is one of the richest, containing a cup with one handle, an oil lamp with a wild goat on the disc, and 2 terracotta figurines representing Aphrodite holding her garmend. According to the type of74 terracottas the grave dates to the Ist cent. AD.
In the other graves there were no grave offerings, except coins which were offered here with the
Библиографија
- Anderson Stojanovié V., 1992, Stobi, The Hellenistic and1 Roman Pottery, Vol.1, Princeton.
- Vikié -Belanéit, B., 1948, Rimski1 koStani predmeti iz Osijeka и arheoloskom muzeju и Zagrebu, Osijetki zbornik II-III, 36-46.
- Вучковиќ Тодоровиќ Д., 1961, Античка Демир Капија, Старинар кн. XII, Београд, 229-269.
- Deneauve J., 1969, Lampes de Cartage, Paris.
- Зотовиќ Jb. - Јордовиќ Ч., 1990, Viminacivm некропола више4 гробаља, Београд.
- Isings C., 1957, Roman Glas, Groningen/Djakarta.
- Jovanovié A. 1978, Nakit и rimskoj1 Dardaniji, Beograd.
- Јовановиќ А., 1984, Римске некрополе на mepumopju Југославије, Центар за археолошка истраживања, кн. 3, Београд.
- Јованова Д., - Михаилова Д., 1999, Скупи - источна некропола, истражувања 1994, Масеԁ. acta archaeol 15, Скопје, 203-251.
- КОРТН KONTH %., 1944, Н КОРОПЛАЈЗПКН ТНЕ ОЕЗЗАЛОМКНЈ, OEZZAAONIKHE.
- Корачевиќ Д., 1984, Античко Скупи-резултати од досегашните археолошки ucmpadicyвања.Каталог, Скопје.
- Кузманов Г., 1992, Anmuunu лампи. Софи.
- AAZAPIAOY A., 1960, TIHAINA EIAQAIA ABAHPON, AQHNA.
- Манева E., 1979, Неколку типови и форми на еленистичка и римска керамика од Хераклеа, Битола.
- Mikuléié 1. 1973, The West Cemetery: Excavations in 1965, Studies in the Antiquities of Stobi-I, Beograd, 61-97.
- Микулчиќ И.,1973/74 Раноримски скелетни гробови из Скупа, Старинар XXIV/XXV, Београд
- Микулчиќ И., 1974, Доцноримски гробови од Скупи, гзфф 26, Скопје, 109-141.
- Микулчиќ И., 1975, Римски луцерни од Скупи, гзфф 27, Скопје, 127-151.
- Municipium Stobensium, Каталог, 1994, Скопје.
- Микулчиќ Г. - Карапетков Г., 1996, Марвинци 1994, Некропола, Масеԁ. acta archacol. 14, Скопје, 67-77.
- Perlzweig J., 1961, Lamps oj4 the Roman Period, The Atenian Agora vol. VII, Princeton-New Jersey.
- Petkovié 5., 1995, Rimski predmeti od1 КОЗИ i roga sa teritorije Gornje Mezije, Beograd.
- Поповиќ И., 1991, Римске камеје из народног музеја1 у Пожаревцу, Виминациум 6, Пожаревац, 53-64.
- Поповиќ Jb. Бњ, 1994, Античка грчка збирка, Београд.
- Сламков E., 2004, Уметноста на Вардарски Рид, Каталог, Гевгелија
- Соколовска В., 1976, Прилог кон проучувањето на керамиката со печатени2 орнаменти од Македонија, Maced. acta archaeol. 2, Прилеп, 157-159.
- Соколовска B., 1996, Стоби 1992 - тркалезна пластика, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје, Спасиќ Д., 1994, Римске наушнице из народног музеја у Пожаревцу, Виминациум 8-9, Пожаревац, 73-85.
- Stojanovié D., 1978, Anticko staklo па podruéju SR Makedonije, Beograd.
- Szentléleky T., 1969, Ancien Lamps, Amsterdam.
- Fadié 1.,1984, Anticko staklo и arheoloskoj zbirci franjevaékog samostana и Sinju, HAD, Split, 127-148.
- Фидановски C., 1990, Римска2 керамика Vanujane, Београд
- Цермановиќ Кузмановиќ А. - Велимировиќ Жижиќ О. - Срејовиќ Д., 1975, Античка Дукља, некрополе, Цетиње.
- Clarmont W. C., 1963, Excavations at2 Dura - Europos, Nev Haven.
- Шарановии Светек B., 1981, Типологија коштаних предмета из Сирмијума, РВМ, 149-179.
- Шурбановска M., 1993, Римска куќа (палата) во Валандово, Масеԁ. acta archaeol.13, Скопје, Шурбановска M. - Здравковски Д., 1996, Римски гробови од Западната некропола во Стоби, ископување 92, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје, 91-112.
- Weselovski A., 1973, Burial7 Customs in the West Cemetery, Studies in the Antiquities of Stobi, Beograd, 97-173.