Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 229–246
Портретна и култна пластика од Стибера
Содржина
Локалитетот Стибера кај село Чепигово - Прилеп меѓу научната и стручната јавност, но и пошироко е познат и препознатлив по големиот број остатоци од антички мермерни споменици најдени со истражувања или случајно откриени. Меѓу нив значајно место имаат скулптурите од портретна и култна мермерна пластика. Овие скулпторски дела кои ги краселе јавните објекти на градот Стибера и приватните резиденции на богатите стиберани зборуваат за местото и улогата на населбата во античкиот период. Низ кусиот историски екскурс ќе направиме обид да ги претставиме досегашните сознанија за оваа античка населба за да ги прикажеме околностите во кои се откриени, односно најновите најдени скулпторски дела кои се предмет на овој труд.
Во историските извори за градот најстар е податокот од грчкиот историчар Полибиј (200- 120 год. пр. н.е),1 а подетални податоци за Hero даваат историчарот Тит Ливиј (59 год. пр. н.е - 17 год. од н.е.) и географот Страбон (65 год. пр. н.е. - 25 год. н.е.). Од старите итинерари се дознава дека градот лежи на патот Стоби - Хераклеја. Во Табула Појтингеријана станицата Стибера е испуштена, меѓутоа, кај географот Равенацки таа е забележана како Истубера. Истражувачите на старини од XIX век и почетокот на XX век (W. М. Leake, Е. Kuhn, L. Heuzey, J. О. Hahn, M. Dimitza, M. Besnier, Г. Кацаров, Б. Сариа), зборуваат за бројни остатоци на антички споменици во селото Чепигово.2
Први пробни археолошки истражувања извршил Н. Вулиќ во 1924 год.,3 а подетални и посигурни податоци за постоење на градот се добиени со археолошките ископувања H3- ведени од Археолошкиот музеј на Македонија во 1953 год.4 Од осумдесетите години на минатиот век Заводот и Музеј - Прилеп изведува археолошки истражувања на отворените пунктови и врши конзерваторски интервенции врз остатоците од откриените градби.5 Овие истражувања открија само минимален сегмент од градбите кои ги крие античката населба Стибера.
Од овој антички град, кој е распослан до левиот брег на Црна Река, со археолошките истражувања на ридот Бедем се откриени делови од градскиот бедем, храмот на богинката Тихе и делови од комплексот Гимназион“6 (сл. 1, 2).
Остатоци од хеленистичкиот градски бедем се откриени во северниот и западниот дел од ридот. Во северниот дел тој е отворен во должина од 30 M, а неговата ширина изнесува 3 M, а во западниот негов сегмент с отворен при дооткривање на источниот ѕид од објектот Хероон во комплексот Гимназион и се следи по целата должина на ископот која изнесува 18.60 м. Во југоисточниот агол на овој ископ е откриен и еден од западните влезови во бедемот со ширина од 2 м и зачувана висина на зидаријата од 1.70 до 2 м. Бедемот е граден од кршен локален камен со различна димензија, во сувозид. Најновите истражувања покажаа дека од западната страна на ридот. делови од градбите од римскиот период налегнуваат врз остатоците од хеленистичкиот бедем.
Храмот на богинката Тихе, заштитничка на градот, се наоѓа на западната страна од ридот Бедем, на една од терасите кои стрмно се спуштаат од исток кон запад.7 Храмот е со димензии 10 x 10 м, солидно извидан со масивни зидови од кршен камен, тули и варов малтер (ел. 3, 4). Во храмот е откриен бунар кој имал култна намена и дародавни натписи сместени по еден во централната, односно источна ниша и петте странични ниши. Натписот во централната ниша зборува за обнова на храмот со средства подарени од Антестија Фуска. Таа им оставила на своите наследници 5000 денари за обнова на храмот на божицата Тихе и статуите во него. На останатите натписи во нишите се испишани имињата на Антестија Фуска, Л. Тифаниј Пудент, Тифанија Антестија, ЈІ. Тифаниј Фуск, Тифанија Нике, најверојатно блиски роднини на донаторката. Од натписот во централната ниша дознаваме дека храмот е обновен во првата половина од II век, односно во 126 год. од н.е. Во храмот се најдени и две портретни бисти на Орест и Филоксен Флавиј - татко и син, поставени на два мали постаменти на кои се врежани нивните имиња, а во урнатините од малата цистерна - бунар најдена е мала статуа на богот Дионис (Бахус) како момченце.
На најниската тераса која благо се спушта во рамниот дел од ридот Бедем кон реката Блато се ископани дел од остатоците од комплексот на јавната градба Гимназион.8 Досега се истражени и претставени големиот двор со перистил и атриум. предворјето - проатриумот и екседрата. Од северната страна на дворот се надоврзуваат хероонот и теменосот кои се во фаза на истражување. Објектите од оваа јавна градба го следат падот на теренот и каскадно се спуштаат од исток кон запад, при што и нивото на подните партии во просториите од овој комплекс е на различна висина (сл. 5).
Перистилот со проатриумот претставува градба со неправилна четвртеста основа и димензии 19.45 x 19.25 м. Основата на перистилот е со димензии 13.60 x 19.25 м, а атриумот во те археолоши ископувања се најдени епиграфски споменици и скулптури?9 (сл. б).
Североисточно од екседрата се надоврзува хероонот со шеменосот - светилиштето кои се дел од комплексот Гимназион (сл. 7, 8). Просторијата од хероонот има правоаголна основа со димензии 12.70 х 8.55 м и преку влезот од северната страна се поврзува со малото предворје - светилиште, од надворешната западна страна на оваа просторија, во централниот дел, е откриен постамент од големи мермерни блокови изведен во две нивоа. Во и пред оваа просторија со археолошките истражувања во 1953 год. најдени се бројни остатоци од мермерни епоменици со врежани списоци на ефеби, мермерни машки и женски статуи и повеќе мермерни постаменти со квадратна форма.10 Меѓу нив се најдени мермерни статуи на заслужни граѓани или функционери во гимназионот - космети, гимназијарси, ефебарси, а во предворјето - светилиште статуи или делови од статуи на боговите Хермес, Херакле и Асклепиј, заштитници на младите.
Вкупниот досега познат број на мермерна пластика најдена на релативно малиот истражен простор од Стибера"11 е дополнет со пет мермерни статуи и еден епиграфски споменик откриени во неколкуте последни години. Откриени се торзо на ефеб, статуа на виден граѓанин, статуа на млада жена, статуа на император и статуа на богот Хермес (Меркур).
Во 2001 год. во секторот „В“ антички храм, односно харамот на богинката Тихе, при интервеција на западниот профил од ископот, во неговиот централен дел. е откриено торзо на млад ефеб.12 Останатите споменици се најдени во секторот Гимназион-Хероон и во негова непосредна близина.
Во 2004 год. во комплексот Гимназион, непосредно пред западниот зид од хероонот се откриени четири мермерни споменици: статуа на Хермес, статуа на император, статуа на возрасен маж и еден мермерен блок со натпис. Спомениците се најдени на иста длабочина, и тоа статуата на императорот во северозападниот агол на ископот, а останатите три во централниот дел од ископот блиску еден до друг, непосредно пред платформа, односно постамент од големи мермерни блокови.13 Од двете страни на оваа платформа најдени се интензивни остатоци од варов малтер, со штукатура и траги од боење, како и остатоци од полукружни арки од четвртести тули поврзани со дебел слој од варов малтер. Овие остатоци се дел од горните партии на западниот зид, за чие западно лице претпоставуваме дека било решено со ниши под полукружните арки. Меѓу арките централно место има платформата од големи мермерни блокови врз која најверојатно стоела статуата на возрасниот маж. виден граѓанин од Стибера идентификуван како Септимиј Местриј Ликон. Името на овој македонијарх и панхелен го дознаваме од мермерниот блок со натпис најден непосредно пред неа.14
Во 2007 год. во ареалот на заштитената споменична зона на локалитетот Стибера, во непосредна близина на гимназионот, при обработка на нива е најдена женската мермерна статуа.15 Статуата е затекната in situ, без какви било поместувања од страна на наоѓачот. Констатираната состојба укажува дека истата била релативно плитко вкопана под земја (На сса 0.25-0.30 м од површината на теренот) во слој од мека светлокафеава земја измешана со доста остатоци од варов малтер, парчиња од тегули и по некој поситен камен. Во остатоците од малтер воочени се парчиња со завршно обработени површини. Присуството на градежниот шут може да биде поткрепа на претпоставката дека во непосредна близина на наодот треба да се очекуваат и остатоци од 5идарија на објектот во кој била поставена оваа статуа.
Овие новооткриени статуи од локалитетот Стибера се вклопуваат во репертоарот на досега познатите примероци на портретна и култна пластика од овој антички град. Примерок од култната мермерна пластика е статуата на Хермес (Меркур) преставен како дете кое седи врз масивен нерамен камен блок.16 Статуата е изделкана заедно со масивниот постамент на кое се препознаваат атрибутите на богот (сл. 9). Десно од нерамниот камен на кој седи малиот Хермес, на постаментот има остатоци од претстава на некаков симбол за кој сметаме дека е претстава на многу шематски прикажана желка. Познато е дека покрај основните атрибути, Хермес се прикажува придружуван и од животни како кучето, петелот. јагнето, јарето, желката и др.17 Фигурата на малиот Хермес е многу солидно изделкана, меѓутоа, градите и стомакот делуваат многу препагласено, што може да се објасни со тогашниот тренд на прикази на пластиката, со заоблени и меки форми и пренагласени поедини делови од човечкото тело. Стилските карактеристики изразени во приказот на телото на Хермес укажуваат дека ова дело е изработено во втората половина или на самиот крај на II век.
Од портретната мермерна пластика особено внимание привлекува наодот на статуата на граѓанинот Септимиј Местриј Локон, за кого од натписот на мермерниот блок дознаваме дека бил македонијарх и панхелен и дека споменикот е подигнат во време на владеењето на императорот Комод""18 (сл. 10). Мермерниот блок со натпис во 6 реда е најден во нејзина непосредна близина!“19 (сл. 11). Статуата на возрасен маж во природна големина е со откршени нозе, а плинтата со откршените стапала е најдена во нејзина непосредна близина. Неа И недостасува главата и поголемиот дел од десната рака, а с изведена од монолитен мермерен блок заедно со плинтата. Квалитетот и стилските одлики при изведбата на оваа статуа одговараат на времето од втората половина на П век.20 Нејзината сличност е евидентна со досега откриените статуи од Стибера од типот Палијатус, датирани во најголем број во втората половина на II век.
Статуата на император во оклоп е уште еден тип машка портретна пластика која се среќава претежно во поголемите градски центри од провинцијата Македонија. Претставува маж во оклоп во природна големина (ел. 12). На статуата И недостасуваат главата. десната рака од рамото надолу, а левата од половината на надлактицата, како и нозете до натколената. Таа е мошне прецизно изработена и претставува некој од римските императори од втората половина на И век. односно некој од последните римски владетели од династијата Антонини или, пак, некој од првите од династијата Севери. Тоа се гледа од начинот и стилот на обработка на деталите на оклопот и облеката, карактеристични за пораниот римски период.21
Во репертоарот на машки статуи кои според претставата можеме да ги одвоиме во посебен тип е торзото на голо младо момче за која можеме да сметаме дека е статуа на ефеб од добро ситуирано стиберско семејство. Торзото претставува млад човек, складно граден со благо нагласена мускулатура на стомакот и градите (сл. 13). На торзото му недостасува целата десна нога, поголемиот дел од левата нога, десната рака, како и поголемиот дел од левата рака, а од главата е зачуван само предниот дел на лицето - образината и косата. Стилските карактеристики и начинот на изведба го вбројуваат во делата настанати во II век од н.е. ВО време на Антонините.22
На ова место посебно ќе се задржиме на скулптурата на млада жена најдена случајно при обработка на нива, за која мислиме дека е од типот Херкуланки. Статуата претставува млада жена во природна големина облечена во долг хитон и химатион кој ја обвиткува целата фигура ниско до потколениците (сл. 14). Изведена е од монолитен мермерен блок заедно со плинтата и главата која недостасува. Елегантниот став на статуата е потенциран со благо нагласеното движење на левата нога врз која паѓа тежината на телото, која во комбинација со положената десна рака високо на градите и испружената лева рака крај телото му даваат природен израз и симетрија на младото женско тело. Статуата е прецизно изработена, а нејзината хармонична фигура ги одразува стилот и техниката на изведба карактеристични за времето на Антонините од II век.
Женските портретни статуи. облечени во хитон и химатион, откриени на територијата од Република Македонија во најголем број припаѓаат на типот Херкуланки - голема и мала. Портретните статуи на Големата и Малата херкуланка како тип се мошне распространети во римско време. Своето име го добиле по големата и мала женска статуа најдени во Херку-
Кепески К., 2006, 207-212.
Соколовска B., 1987, 67-71 и забелешки бр. 110-114. ланеум. кои биле дел од скулпторските дела кои го краселе театарот во овај град. Некои од проучувачите на овој тип статуи мислат дека статуите се копии на дела од загубени оргинали од Лисип, а други дека тие се копии од оргинални дела на Праксител и неговиот уметнички круг. Од изворите е познато дека Праксител изработил еден пар идентични статуи од кои едната ја преставувала Деметра, а другата нејзината ќерка Кора, додека во Лисиповото творештво вакви дела не се споменуваат.
Во римскиот период е мошне присутна појавата на продукција на копии од постарите дела, па и на овој тип женски статуи. Изгледот на оргиналите чија престава на жена го одразува севкупното нејзино достоинство, мошне успешно се вклоцувал во преставата за римската матрона. Бројни познати Римјанки нарачувале свои портретни статуи од овој тип, што само ја потврдува нивната популарност меѓу економски помоќните граѓани од империјата кои можеле да си го дозволат тоа. Преставата на Големата херкуланка најчесто била користена за портрети на мажени жени, додека на Малата херкуланка за девојки.
Копирањето на оргиналниот шаблон на преставата на женските статуи од типот Херкуланка во основа е задржан и препознатлив во подолг временски период. Но низ времето врз нив се воочува и делумно модифициран уметнички израз, кој укажува на одредени отстапувања од оргиналот, настанати како последица на СТНІІСКИОТ израз во времето кога е изработувана копијата. Во хеленистичкиот период има поголема слобода во прикажувањето на движењата и во изгледот на драпериите, со што повеќе е истакнувано идеализираното претставување на индивидуите, а во римскиот период приказите се пореални и копиите го истакнуваат посебниот карактер на секоја од портретните статуи, давајќи им препознатлив индивидуален реалистичен изглед.
Во начинот на претставување на женските статуи од типот Херкуланки се забележуваат ситни, но препознатливи разлики во третирањето на ставот на телото и приказот на облеката. Големата Херкуланка претставува возрасна жена што стои мирно со цела тежина на телото врз десната нога, а левата благо е свиена во коленото и се назира под драперијата на облеката. Облечена е во долг хитон врз кого има химатион префрлен како шал преку главата, кој ја обвиткува целата фигура и ја покрива до потколениците. Десната рака е свиткана во лактот и на градите со неа го придржува едниот крај на химатионот, а левата е испружена крај телото и во неа држи некаков предмет (можеби клас?). Длабоките набори од химатионот даваат изглед на подебела ткаенина и се во контраст со ситните брчки на хитонот, кои му даваат изглед на танка ткаенина, со што приказот добива реалена димензија.
Малата Херкуланка претставува млада девојка која стои мирно со тежина на телото врз левата нога, десната е благо свиткана во коленото и се оцртува под облеката. Облечена во долг хитон врз кој е префрлен химатион кој го обвиткува целото тело. Десната рака И е на гради, а со левата го придржува едниот крај на химатионот кој во густи набори каскадно паѓа надолу под левата рака. Малата Херкуланка како пандан на Големата Херкуланка по правило е гологлава.
Ваквиот изглед, главно, се следи кај сите примероци на женски статуи од типот Херкуланки, при што крајната изведба многу зависи од времето и местото на изведбата, како и од умешноста на локалните мајстори верно и максимално да го копираат оргиналот. Најголемиот број скулптури се изработувани во локалните провинциски работилници, чии мајстори следејќи ги постарите примероци им вдахнувале белег и на времето во кое настанувале.
Најновиот примерок на скулптура на жена од Стибера може да се вклопи во досега претставени клишеа на претстави на млади жени од типот Мала Херкуланка, иако во севкупниот уметнички израз се воочливи отстапувања. Херкуланката од Стибера, заедно со мноштвото статуи од мермер најверојатно претставува дело на локален провинциски мајстор, кој со многу сенс и топлина успеал да изведе една совршено елегантна скулптура на млада жена од чија појава зрачи нејзиниот внатрешен мир.
Горепретставените статуи најдени во последните години го збогатуваат фондот на мермерна пластика откриена на локалитетот Стибера, која во најголем број била дел од ентериерот и екстериерот на објектите од комплексот Гимназионот. Тие ни ги доближуваат сознанијата за функционирањето на овие јавни градби, кои како Сл: 13: Сл. 13a.
институции во провинциските римски градови каков што е градот Стибера имале значајна улога.
Гимназионот е јавна институција која има вежбалишта и игралишта во состав на згради со тремови, во која вежбала грчката и римската младина, особено ефебите. Во римско време гимназионот покрај функцијата на вежбалиште има и образовна содржина, така што во него се изучувало книжевност, писменост, реторика, музика и сл. Со него управува гимназијарх од редовите на најбогатите и најугледните граѓани на градот. Тој од свои средства го снабдувал гимназионот со маслиново масло што секој вежбач го користел при вежбањето. За гимназионот се грижеле и други побогати и заслужни граѓани, кои како добродарители и функционери во гимназионот уживале особен углед во градот и нив им биле подигани статуи и почесни натписи кои се чувале во хероонот. Во хероонот, покрај статуите и почесните натписи, се чувале и бисти, херми, стели, декрети, победнички трофеи, сите подигнати во чест на заслужни граѓани, истакнати функционери од гимназионот, истакнати ефеби - победници во натпревари, пописи на новопримени ефеби и истакнати донатори на гимназионот. Меѓу сите овие споменици особено место имале ст атуите на основачот на гимназионот, потоа на императорот, на донаторите и. пред се, на божествата заштитници на младите Асклепиј, Хермес и Херакле. што како појава с регистрирана и на локалитетот Стибера. Наодите на бројни мермерни споменици со натписи, како и наодите на портретна и култна пластика го потврдуваат значењето на оваа јавна институција за градот Стибера. Преку сјајот и убавината на гимназионот се покажува економската моќ на граѓаните и се одразува богатството и славата на градот. Досега на археолошкиот локалитет Стибера, покрај останатите мермерни споменици, се најдени и 28 споменици со натписи со имиња на ефеби, имиња на богови и имиња на донатори и 27 статуи на култна и портретна пластика. Од култната мермерна пластика се веќе споменатите статуи на боговите Асклепиј. Хермес, Дионис (Бахус) и делови од статуа на Херакле. Од портретната мермерна пластика се постарите и новите наоди на статуи на жени од типот Херкуланки, статуи на мажи-космети, торза од ефеби, една императорска и една статуа на македонијарх. Мермерната пластика припаѓа на периодот од I до почетокот на Ш век од н.е., кога градот го доживеал својот најголем подем.
Почетоците на формирање на градот Стибера се во хеленистичкиот период, односно во IV век пр. н.е. Својот процут градот го доживеал во I - II век од н.е. кога е вршена најголемата обнова на објектите во него, а богатството на мермерни скулптури и натписи зборува за економската моќ на бројни семејства во него. Семејствата на фуските и Орестите биле едни од најмоќните во градот. Градот од своите редови дал четири македонијарси, еден кон крајот на П век од н.е - Септимиј Местриј Ликон и три во почетокот на Ш век од н.е. - Септимиј Силван Кловдијан, Септимиј Силван Николаос и Септимиј Силван Келер. Животот во него замрел во втората половина на Ш век од н.е. одеднаш и насилно, а причините за тоа се се уште непознати. Времето се совпаѓа со ограбувачките походи на Готите и Херулите кои во два наврати пустошеле во овие краишта (267/68 и 268/69 год. од н.е.), но секако дека причините за неговото исчезнување се посложени и подлабоки, поврзани со економските и полотичките кризи во Римската Империја.
Од оваа градска населба досега е истражен само незначителен простор од кој се добиени пребогати наоди кои само ја нагласуваат важноста на овој богат хеленизиран град подигнат во срцето на Пелагониската
КАТАЛОГ
1. МАЛА СЕДЕЧКА СКУЛПТУРА НА ХЕРМЕС (МЕРКУР)
Локалитет Стибера, с. Чепигово - Прилеп, тер. инв. м.п. 3/2004
Сектор: Гимназион-Хероон: западен искои - западно од западен зид на хероон.
Димензии: зачувана висина со основа 0.56 м; висина без основа 0.465 м;
основа сса 0.40 x 0.09 м
Бел мермер. Малиот Хермес-дете е гол, му недостасува главата со поголемиот дел од Вратот, десната рака, дел од левата подлактица заедно со шаката во која го држи керикеионот, кој е оштетен во горниот дел. Двете нозе му се откршени од бутовите надолу. Зачуван е само дел од левата потколеница и дел од левото стопало. На помалиот откршен дел од постаментот зачуван е мал дел од десното стопало. Хермес седи врз стилизиран масивен нерамен камен блок, со нерамнини претставени како полутопчести испакнати задебелувања распоредени во три хоризонтални зони. Преку левото рамо има префрлена наметка која со длабоки вертикални набори. преку левата рака. паѓа на основата. Оштетениот во горниот крај керикеион има тордирана дршка и лежи високо врз наметката над левиот лакт. На зачуваниот дел од левата потколеница видливо е по едно мало крилца од двете страни на ногата. На задниот дел на статуата нагласени се сите анатомски делови на телото. Десно од нерамниот камен на кој седи малиот Хермес, на основата има остатоци од претстава на некаков симбол или предмет за кој не може да се утврди што претставува, но можеби е претстава на желка. Целата фигура на малиот Хермес е многу солидно изделкана, но градите и стомакот делуваат многу пренагласено. Стилот и квалитетот на изработка карактеристичен за втората половина или на самиот крај на П век.
Литература: Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2007 (во печат).
2, статуа НА ВИДЕН ГРАЃАНИН
Локалитет Стибера, с. Чепигово - Прилеп, тер. инв. м.п. 1/2004;
Сектор: Гимназион-Хероон; западен ископ - западно од западен sud на хероон;
Димензии: зачувана висина со плинта 1.78 м; висина без плинта 1.40-1.44 м; плинта 0.63 х 0.37 x 0.14 M; мермерен блок со натпис 1.02 x 0.37 x 0.20 м
Бел мермер. Плинтата со дел од стапалата се најдени откршени во непосредна близина на скулптурата.а И недостасува откршената глава и поголем дел од десната рака. Изведена е од монолитен мермерен блок во еден дел, заедно со главата и плинтата.
Фигурата е поставена на осумстрана плинта. Тежината на телото паѓа на десната нога, а левата е благо свиткана во коленото. Облечена е во хитон и химатион. Хитонот е со овален засек околу вратот и широки куси ракави со вертикални набори. Химатионот го покрива целото тело, правејќи длабоки коси набори од лево кон десно и неколку вертикални под благо свитканото лево колено. Десната рака која е зачувана до средината на надлактицата е спуштена крај телото и оди над химатионот. Левата рака е спуштена крај тело и благо свиткана во лактот. Преку неа е префрлен едниот крај на химатионот што паѓа слободно надолу и го допира потпирачот на статуата, кој е во форма на фасцис волумина. Во левата дланка со долги прсти и назначени нокти држи свиток, а на претпоследниот прст од шаката има масивен прстен. На мирен став кој го одразува карактерот на претставената личност - Септимиј Местриј Ликон, македонијарх и панхелен, виден граѓанин на градот Стибера. Името е испишано на правоаголниот мермерен блок со натпис во шест реда.
Втора половина на II век.
Литература: Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2007 (во печат).
3. СТАТУА НА ИМПЕРАТОР ВО ОКЛОП
Локалитет Стибера, с. Чепигово - Прилеп, тер. инв. м.н. 4/2004;
Сектор: Гимназион-Хероон; западен искои, северен дел - североисточен агол; Димензии: зачувана висина 1.33 м
Бел мермер. На статуата и недостасува главата, десната рака од под рамото, левата од лактот и двете нозе од колениците надолу.
Претставува маж во оклоп во природна големина. Тежината на телото паѓа врз десната нога, а левата е малку исфрлена напред. Двете раце биле спуштени крај телото. Преку левата рака е префрлена наметка, а десната била потпрена врз потпирач, од кој се зачувани две правоаголни спојки од десната страна на кожното здолниште. Куса туника декорирана со полумесечести и вертикални орнаменти се гледа под здолништето, кое е изведено од долги кожни ленти со иста широчина. Лентите на долниот раб завршуваат со реси. Рамената се заштитени со вертикални кожни ленти кои завршуваат со реси, а под нив се гледаат кусите ракави од туниката. Металниот граден оклоп на долниот раб завршува со два реда полукружни кожни јазичиња од кон горниот ред од предната страна е декориран со престави на човечки и орлови глави во длабок релјеф. Двата реда јазичиња од задната страна се без декорација. На половината е широк сингулум врзан во голем јазол. Металниот оклоп е складно обликуван, ги истакнува градите и околу вратот завршува со правоаголен израз под кој е сместена рељефна претстава на Горгонеон. Преку левото рамо на статуата е префрлена наметка која во длабоки набори паѓа од задната страна до висина на кожното здолниште. Статуата е прецизно изработена што се гледа во изведбата на деталите. особено во складноста на приказот на човечките и орловите глави, наборите на облеката и ресите на кожните јазичиња. Претставува некој од римските императори. Начинот и стилот на обработката на деталите на оклопот и облеката упатуваат на претстава на император од пораниот римски период.
Втора половина на П век.
Литература: Кепеска Л. - Кепески К., 2007, (во печат).
4. ТОРЗО НА КЕФЕБ И ОБРАЗИНА ОД ГЛАВА
Локалитет Стибера, с. Чепигово - Прилеп, тер. инв. м.н. 1/2001;
Сектор ,,B” антички храм, при интервенција во западниот профил;
Димензии: зачувана висина на торзо 0.95 м; образина 0.24 x 0.17 m
Бел мермер. На статуата И недостасува целата десна нога, поголем дел од левата нога, десната рака, левата рака до средина на надлактицата. Од откршената глава е зачувана само образината, односно предниот дел на лицето и косата, со големи оштетувања на брадата, устата и носот.
Скулптурата прикажува гола машка фигура преку чие лево рамо е префрлена драперија - куса хламида. Драперијата е вешто изведена со длабоки набори кои одат вертикално нагоре од левото рамо во висина на градите и надолу зад рамото и зачуваниот дел од надлактицата каде е откршена. Таа веројатно паѓала до висината на левата слабина. Торзото претставува млад човек, складно граден со благо нагласена мускулатура на стомакот и градите. Во зачуваниот лев дел од срамниот триаголник скромно се нагласени остатоците од гениталиите и срамните влакна. Хармонично прикажаните пропорции со благо нагласена мускулатура ја потенцираат квалитетната изведба на оваа скулптура која му припаѓа на млад ефеб од гимназионот во градот Стибера. Образината, односно зачуваниот преден дел од главата покажува мајсторска префинетост, особено косата која благо паѓа на челото во фини прамени. Челото е рамно, веѓите се рамно моделирани, очите бадемасти, носот во зачуваниот корен правилен, а устата и брадата се доста оштетени.
Стилот и квалитетот на изработка е карактеристичен за времето на раното Римско Царство, односно време на Антонините, П век.
Литература: Кепески K., 2006, 207.
5. СТАТУА НА МЛАДА ЖЕНА
Локалитет Стибера, с. Чепигово -Прилеп, тер. инв. м.п. 1/2007;
Случаен наод во нива - КИ 654, во ареалот на секторот Гимназион-Хероон;
Димензии: зачувана висина без плинта 1.65 м; висина со плинта 1.76 M;
naunma 0.57 x 0.47 x 0.11 m
Бел мермер. На статуата И недостасува главата и дел од плинтата. Изведена е од монолитен мермерен блок во еден дел, заедно со главата и плинтата. Оштетената плинта најверојатно била шестстрана или осумстрана.
Врз плинтата ¢ поставена женска фугура застаната со тежината на телото врз левата нога, додека десната е благо свиткана во коленото и се оцртува под облеката. Таа е облечена во долг хитон кој ги покрива нозете. оставајќи го видлив само предниот дел од стопалата, на кои се гледаат обувки. Хитонот е со овален засек околу вратот. Над хитонот е химатион кој ја обвиткува целата фигура, стигнувајќи ниско до подколениците. Десната рака под облеката, лежи високо на гради и го придржува химатионот, кој е префрлен преку левото рамо и паѓа и ја обвиткува левата рака. Со левата рака, која е испружена крај телото, го придржува другиот крај од химатионот, кој во каскадни набори паѓа надолу. Длабоките набори на химатионот го следат движењето на фигурата и нагласено ги оцртуваат контурите на телото. Вертикалните густи набори од хитонот, кои излегуваат под долгиот химатион, даваат изглед на тенка ткаенина и го нагласуваат контрастот меѓу овие два дела од облеката. Таа може да се вклопи во досега презентираните клишеа на претстави на млади жени од типот Мала Херкуланка, иако во севкупниот уметнички израз се воочливи отстапувања.
Статуата е прецизно изработена, а нејзината хармонична фигура ги одразува стилот и техниката на изведба карактеристични за времето на Антонините - П век.
Лилјана и Костадин Кепески
НУ Завод и Музеј - Прилеп
Моша Пијаде 142, 7500 Прилеп
liljana.kepeska@gmail.com
LILJANA KEPESKA
KOSTADIN KEPESKI
National Institute and Museum of Prilep
PORTRAIT AND CULT SCULPTURE FROM STIBERA
Белешки
- Папазоглу Ф.. 1957, 212-221: ВучковиИ Тодоровин Д.. 1963, 60. ↩
- ВучковиН Тодоровиќ Д., 1963, 61-63. ↩
- Byauh H., 1931, 186-191. ↩
- Byakosuh Toxoposnh Д., 1963, 59. ↩
- Кепеска ЈІ. - Кепески K., 1986, 84-85: Кепеска Л.- Кепески K., 1990, 161-170. ↩
- Вучковиќ Тодоровиќ Д., 1963, 59-101; Микулчиќ И. , 1996, 15-35. ↩
- Доистражувањето на храмот на Тиха е извршено во текот на деведесеттите години од минатиот век од ЈІ. Кепеска и К. Кепески. Објектот е комплетно отворен и се констатирани зидови од други објекти кои се надоврзуваат на источниот зид на храмот во правец кон север и југ: Кепеска Л.- Кепески К.. 1990, 162-168. ↩
- Со археолошките ископувања преземени во функција на конзервација и претставување на објектот | имназион, археолозите Л. Кепеска и К. Кепески целосно ги истражија: перистилот со атриумот, проатриумот, екседрата и дел од хероонот и теменосот, со што е добиена целосна слика за фактичкиот изглед на објектите. Од предходните истражувачи овие градби се само делумно отворени. а е истражуван внатрешниот габарит на објектите. Од перистилот и атриумот отворен е само дел ол северниот ѕид, лел од проатриумот со екседрата, како и внатрешниот простор од хероонот со теменосот. ↩
- Вулић Н., 1941-48, 184-189. ↩
- Вучковић Тодоровић Д., 1963, 83-88, Т.ХІІІ, XIV, XVII-XX. ↩
- Вулин H., 1931, 186, 188-191, бр. 502-508: Byauh H., 1941-48, 184, 186-180. бр. 388-392: Byaxoruh Tonoposuh Д.. 1963, 76-86; Соколовска B., 1987, 33, 34. ↩
- Кепески К.. 2006, 207-219. ↩
- Во 2003 год. се вршени археолошки истражувања во комплексот Гимназион и е истражуван просторот западно од објектот хероон. Од надворешната страна, во централниот дел, на западниот 5ид од хероонот е откриен постамент со правоаголна форма изведен во два нивоа од поголеми мермерни блокови. Платформата с со димензии: во основата 2.90 х 1.50 м, горно ниво 2.40 х 1.25 м и вкупна зачувана висина од 0.52 м. ↩
- Кепеска Л.- Кепески K., 2007, (во печат). ↩
- Статуата е најдена во нивата на В. Дебрешлиоски. која се наоѓа во западниот централен дел од подножјето на брдото Бедем. Откопаниот наод е лоциран на сса 35 м северно од откопаните остатоци на објектите во секторот Гимназион-Хероон. Ископот е на сса 2.50 м оддалеченост од меѓата во југоисточниот дел на споменатата нива од која почнува најниската тераса од теренот, и благо се спушта до современиот асфалтен пат кон селото Чепигово. ↩
- е Кепеска Л.- Кепески К.. 2007, (во печат). ↩
- Срејовић Д. - Цермановић А., 1987, 475. ↩
- Кепеска Л.- Кепески К., 2007. (во печат). ↩
- Споменикот со натпис е изведен од монолитен мермерн блок со издолжена правоаголна форма и димензии 1.02 x 0.37 x 0.25 м. ↩
- ВучковиН Тодоровиќ Д., 1963, 85-86, Т.26-28: Соколовска В.. 1987, 140-148, T.33-38. ↩
- Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2007, (во печат). ↩
- Досега на локалитетот Стибера се најдени вкупно четири женски статуи. Трите женски статуи се откриени од Н. Вулиќ во објектот екседра, заедно со два мермерни блока со списоци на ефеби. Н Вулиќ нив ги опишува како женски статуи, додека В. Соколовска двете статуи ги определува од типот Голема Херкуланка, а третата како статуа на млада жена која според свиоите карактеристики може да биде некоја верзија на приказ на Големата Херкуланка; Вулип H., 1941-48, 188, 189: Соколовска В.. 1987, 158, 159, 162. нозете носи кожни сандали. Прецизно изработената и хармонична фигура е преставена во ↩
Summary
Portrait and Cult Sculpture from Stibera
The excavation site Stibera (Stybera) by the village of Cepigovo in Prilep region amongst the scientific and the expert public is known and identified by the great number of remnants of the classical marble monuments, excavated with exploring or as accidental findings. In this city from the ancient time, situated on the left bank of the Crna Reka (Black River), with archaeological excavations on the Bedem (Rampart) hill there were found parts of the city wall rampart, the temple of the goddess Tihe and parts of the Gymnasium complex.
At the excavated buildings or in their vicinity, in the preceding period were found numerous marble monuments of portrait and cult plastic with an important significance. These sculpted works of art which were decorating the public buildings in the city of Stibera (Stybera) and the private residences of the rich stiberians are telling as about the position and the role of the settlement at the ancient period,
In the temple of the goddess Tihe were founded two portrait busts of Tit Flavius Orestis and Filoxenus — father and son, placed on two small pedestals with their names engraved, while in the ruins of the small cistern — well was found a small statuette of the god Dionysus (Bacchus) as a youngster.
In the complex of the public building of Gymnasium were found large number of remnants of marble monuments with engraved lists of ephebs, male and female marble statues of distinguished citizens or officials at the Gymnasium — cosmets, gymnasiars, ephebars, while in the vestibuleshrine were found statues and parts of the statues of the gods Hermes, Heracles and Asclepius, protectors of the youths.
So far in total known number of portrait and cult marble plastic found on the territory of the ancient city of Stibera is supplemented with five marble statues and one epigraphic monument, all found in recent years. There were found: in a sector of an antic temple — torso of an epheb and in the sector Gymnasium — a statue of a prominent citizen, a statue of a young woman, a statue of an emperor and a statue of the god Hermes (Mercury). A sample of a cult marble plastic is the statue of Hermes represented as child sitting on a massive rough stone block. The statue is sculptured joined with the massive stand where the attributes of the god are recognizable. Of the portrait marble plastic, special attention attracts the finding of the statue of the citizen Septimus Mestri Lokon, where from the inscription on the marble block we learn that he was Macedoniarch and Panhellenic also that the monument was risen during the reign of the emperor Commodus. The statue of an adult man in armor in actual size is with the broken off legs, and the plintas with the broken off feet was found in its vicinity. The statue of the emperor represents a man in armor in actual size and is another type of male portrait plastic which can be found mostly in the bigger cities in the province of Macedonia. In the repertoire of the male statues, a special type is a torso of a nude youngster who we presume is a statue of an epheb from a well-off stiberian family. The torso depicted a young man, well-built with a slightly accented musculature on the stomach and on the chest. The sculpture of a woman, an accident finding during cultivation of a field, we presume that she is of the Hercules type and represents a young woman in actual size adored in long chiton and himation wrapped around the body as low as to the lower leg. So far on the archaeological site of Stibera, besides the remaining marble monuments also were found 28 monuments with inscriptions of epheb’s names, gods’ names and donors’ names as well as 27 statues of cult and portrait plastic. Of cult marble plastic are already mentioned statues of the gods Asclepius, Hermes (Mercury), Dionysus (Bacchus) and parts of a statue of Heracles. Of a portrait marble plastic are the older and the new findings of women of a Hercules type, statues of men — cosmets, torsos of ephebs, one emperor and one Macedoniarch statue. The marble plastic belongs to the period of 1* until beginning of the 3“ century A.D.
The newly discovered sculptures at the antic city of Stibera are supplementing and enriching the well-known collection of marble plastic from this city. They can only confirm the previous knowledge for the exceptional economic and cultural development in the city during the Roman period, especially in the period from the 1“ to the beginning of the 3™ century with a special accent on the 2" century A.D.
Translated by:
Zoran Runéev
Библиографија
- Вулић Н., 1931, Антички споменици наше земље, Споменик LXXI, Београд.
- Вулић Н., 1941-48, Антички споменици наше земље, Споменик XCVIII, Београд.
- Вучкович Тодорович Д., 1963, Stvberra—anmuuno поселение 6 селе2 Чепигове2 в окрестностих Прилепа, Archaeologia lugoslavica lV, Beograd, 59-101.
- Кепески K., 1993, Jeno од римски монети во Стибера, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје, Кепески K., 2006, Тор30 од Стибера. Масеԁ. acta archaeol. 17, Скопје, 207-212.
- Kenecka Л. - Кепески K., 1986, bedeu Стибера, Arheoloski Pregled 26 (1985), Ljubljana, 84-85.
- Кепеска ЈІ. - Кепески К. 1990, Истражувања на секторот „Б“ Стибера, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје, 161-170.
- Кепеска ЈІ. - Кепески K., 2007, Новооткриени мермерни скулптури од Стибера, Жива Антика 57, Скопје, (во печат).
- Микулчиќ И.. 1996, Стибера-топографија, историјат, градби, Македонско наследство 1, Скопје, 15-35.
- Папазоглу Ф., 1957, Македонски градови у римско доба, Скопје.
- Соколовска B., 1987, Античка скулптура во ср Македонија, Скопје.
- Срејовић Д. - Цермановић А., 1987, Речник грчке и римске митологије, Београд.