Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 223–227
Бронзена светилка од Црнилишта, Прилеп
При земјените работи на имотот на Самедин Имеровски, во атарот на селото Црнилишта, во 1993 год. е пронајдена бронзена светилка.1
По кажување на пронаоѓачот, на местото каде што е откриена светилката, земјата била измешана со јаглен, а други наоди немало.2 Бронзената светилка е лиена и делумно покриена со зеленикава патина. Добро е зачувана. Недостасува долниот дел од конусната нога (сл. 1).
Димензиите на светилката се следни: должина 16.5 см, широчина 7 см, висина 5.5 см до 10.8 см кај рачката. Рачката е косо поставена и е во облик на лист од дива винова лоза (Vitis silvestris) на која се гледа нерватура.3 Таа не е лиена заедно со дискот, туку е додадена дополнително со лемење. Рачката, односно листот, завршува со топкалесто задебелување кое веројатно служело за закачување на синџирот. Зад рачката е поставен сливник во облик на „рог на изобилие“ во кој се турало масло. Дискот е издолжен. Од неговата предна страна излегуваат два клупа, со кружни отвори за фитили, на кои се гледаат траги од горење. Клуновите се странично орнаментирани со буква „С““, кој, пак, на краевите имаат топкалести задебелувања, кои, како и кај рачката, биле во функција за закачување на синџирот.
На дискот, меѓу клуновите и рачката, се наоѓа антропоморфна апликација во вид на машка маска. На маската се нагласени веѓи, нос, брада, малку отворена уста, а очите се широко отворени со нагласени зеници. Челото го врамуваат стилизирани локни, од кои на двете страни од лицето се спуштаат по две кадрици до вратот. Над челото е топкалесто задебелување. кое. кога маската се гледа во профил, заедно со наборите кои се спуштаат од него, асоцираат на фригиска капа“4 (сл. 2-3).
Во определувањето на типот на маската и ликот кој е претставен на неа (сл. 3) тргнав од статијата на A. Цермановиќ, Римска бронзена ламба из околине Пожаревца. објавена во „Старинар““.5 Во статијата A. Цермановиќ го наведува мислењето на Шарл Пикард,6 односно на теоријата за провениенција и хронологија на слични светилки како што е нашата, која и ја прифаќа. Ш. Пикард во градењето на својата теорија се осврнува на статијата на R. Thouvenot,7 кој тврди дека овој тип светилки се хелинистички, поточно, се произведувале во Александрија во Египет. Судејќи по фризурата, стилизираните кадрици на челото сигурно се од египетско потекло, бидејќи истата стилизација се наоѓа и на фризурите на мумиите и во римскиот период.8
На светилките се среќаваат апликации во вид на трагични маски и вотивни маски. Трагичните маски имаат широко отворени и перфорирани усти, како кај правите театарски маски. Вотивните маски. пак, кои се изработувани во Египет можат да бидат дионизиски. Светилките изработени од метал биле во долга употреба, а послужиле и како прототип за изработка на керамички светилки во римскиот период, за опслужување на пошироките општествени слоеви. При археолошките истражувања на западната некропола во Стоби во 1992 год., како прилози во гробовите се откриени светилки со маски изработени од глина, датирани во I, II - Ш век од н.е.
Претпоставуваме дека маската на светилката од Црнилишта е вотивна и го претставува богот Дионис. Во прилог на нашата претпоставака за преставата на богот Дионис се деловите на светилката: рачката во облик на лист од винова 1103a,10 сливникот за маслото во облик на „рог на изобилие““! и фригиската капа.
Во античката митологија богот Дионис е спој меѓу детето Дионис почитувано во егејскиот свет и трако-фригиско божество. Тој е заштитник на вегетацијата, првенствено на дрвата и растенијата. Меѓу неговите бројни атрибути спаѓаат и смоквата и виновата лоза. Неговиот култ се одвивал во планините и во скромните селски светилишта, а не во убави храмови..12 Местото на наоѓање на нашата светилка е рурален регион. Таа е случаен наод без други прилози.
" Municipium Stobensium, 1994, 34, сл. 111, инв. бр. 1. 92-21, кв. 4C - 22, [B.K.]; Municipium Stobensium, 1994, 47, 215: инв. бр. 192-81; гроб 707, кв. ЅС-1 |Д.3. - М.Ш.). Бронзената светилка од Црнилишта е со апликација на вотивна маска на дискот. Заради нејзината уникатност на територијата на Република Македонија и неможност да се потпре на директни аналогии, а по консултација на стручна литература во која се објавени наоди слични на неа, ја изнесуваме претпоставката дека се работи за претставата на божеството Дионис, со можна провениенција од Александрија и хронолошка одредница од 1 век пр. н.е. до јп век од н.е.
Гордана Спасовска-Димитриоска
Скопје
GORDANA SPASOVSKA-DIMITRIOSKA Skopje
BRONZE OIL LAMP FROM CRNILISTA, PRILEP
Белешки
- Светилката се наоѓа во ну Конзерваторси центар и Музеј Прилеп. ↩
- Селото Црнилишта е регистрирано во Археолошката карта на Република Македонија, Скопје 1996, 315-386. Од атарот на с. Црнилишта потекнуваат следните случајни наоди: база со грчки натпис со името на богот Зевс: Јосифовска b., 1961, 55; надгробен споменик кој денес се наоѓа во Народниот музеј во Софија, Република Бугарија: Соколовска В.. 1987. 105. T.7, сл. 3. ↩
- Идентификацијата е извршена од проф. д-р Александар Андоновски. Шумарски факултет - Скопје. ↩
- Стручната литература за овој наод која ми беше посочена ол колегите М. Кораќ и М. Поповиќ од Археолошкиот институт од Белград, мене ми е недостапна. Исто така, ми беше укажано дека ваков тип светили се малку открие-НН и тешко се вклопуваат во постојната типологија. ↩
- Цермановиќ А.. 1958/59, 203-204, сл. 1-3. ↩
- Révue archaeologique XLV 1955, 1-2, 63 и понатаму. ↩
- Publications du services des Antiquités du Maroc, 10, 1954. ↩
- Цермановиќ A., 1958/59, 204. ↩
- Срејовић Д. - Цермановић А., 1979, 116-118. ↩
- Битракова Грозданова В., 1999, 116, статуа од бронза на богот Дионис во Националниот музеј во Атина - божеството има „рог на излобилие“ во раката. ↩
- Срејовић Д. - Цермановић А., 1979, 18. ↩
Summary
Bronze Oil Lamp from Crnilišta, Prilep
The lamp is an accidental find. It was found during excavations in the area of the village. It is cast in bronze and it is well-preserved (Fig. 1). Dimensions: length 16,5 cm, height 5,5 — 10,8 cm. The width near the handle is 7 cm.
The handle has a form of a wild vine leaf (vitis silvestris), additionally placed sidelong by soldering. The sump is behind the handle and has a form of a”horn of abundance” (Fig. 2).
The disk on the front is elongated with two beaks (round openings for the wick). The beaks are ornamented with the letter S on the sides and they are finished with round thickening parts. Their function is to attach the chain, as at the round thickening part of the leaf.
There is an application of a male mask on the disk (Fig. 2, 3). There are very few lamps of this type discovered so far on the territory of Republic of Macedonia. It is a unique finding.
After reviewing the literature for similar lamps, we came to a possible supposition that it may be a votive mask which represents the god Dionis, deriving from Egypt from the Alexandria period, and chronologically from Ist century B.C. to Ist - 2nd century A.D.
Translated by:
Vanja Tomoska
Библиографија
- Археолошка карта на Р. Македонија, том 2, Скопје, 1996.
- Битракова Грозданова В., 1999, Религијата и уметноста во антиката во Македонија, Скопје.
- Јосифовска B., 1961, Водич низ лапидариумот, Археолошки музеј, Скопје. Municipium Stobensium, Западна некропола 1992, Каталог, Скопје, 1994. 1954, Publications du services des Antiquités du Maroc, 10. 1955, Révue archaeologique XLV, 1-2, стр. 63.
- Соколовска B., 1987, Античка скулптура во С .Р. Македонија, Скопје.
- Срејовиќ Д. - Цермановиќ A., 1979, Речник грчке и римске митологије. Београд.
- Цермановиќ A., 1958-1959, Римска бронзена лампа из околине2 Пожаревца, Старинар, Н.С. IX-X, Београд.