Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 175–186

Неколку карактеристични типови светилки од Вардарски Рид

Содржина
  1. Полначи за светилки
  2. Силвана Блажевска
  3. BLAŽEVSKA SILVANA
  4. Museum of Macedonia - Skopje
  5. FEW SPECIFIC TYPES OF OIL LAMPS FROM VARDARSKI RID

Систематските истражувања на Вардарски Рид открија броен движен материјал, меѓу кој. и керамични светилки датирани во поширок временски период - од доцниот IV век пр. н.е.1 па се до раниот |! век од н.е. Од вкупно 70-ина светилки, неколку се издвојуваат по специфичната форма. Станува збор за 6 светилки кои се класифицирани во четири различни типа и два полначи за светилки.

На првиот тип припаѓаат две светилки. Тие се одликуваат со подигната база, кружен резервоар кој завршува со рамен раб на отворот за додавање масло и два прилично куси фитилници поставени еден наспроти друг (ел. 1, 2). Горната површина на фитилниците е потполно рамна, а на краевите се проширени, во вид на котва. На резервоарот, отстрана, се поставени две двороги држалки. Нивната специфичност се состои во високо издигнатиот средишен дел на базата во вид на цевка, кој не е зачуван во целата висина. Отворот на резервоарот е покриен со кружен поклопец со дијаметар од 5.7 см. Глината од која се изработени е фино прочистена со црвена боја и примеси од лискун. И двете светилки се премачкани со разреден, неквалитетен темнокафен фирнајз.

Светилките2 со централно поставено цевчесто извишување на базата биле произведувани долг временски период и бележат континуиран развој - од доцниот УП па се до доцниот П век пр. н.е. Најстариот регистриран тип на атинската Агора е произведуван во доцниот УПи текот на VI век пр. н.е. (Howland - тип 11), каде за првпат централниот дел на базата е издигнат во вид на шуплива цевка на висина приближно иста со висината на работ на светилката. Работени се на колце и не се фирнајзирани. Потекнуваат од Коринт (Broneer - тип I), а во Атина биле прифатени и приспособени. Бидејќи овие светилки немаат рачка, централниот цевчест отвор веројатно служел за протнување на прст за да може да се пренесува или полесно да се пали. Овој отвор е минијатурна варијанта на отворениот центар на големите, т.н. корона ритуални ламби.3

Во натамошниот развој во текот на УТи V век пр. н.е. производството на различните типови и нивните варијанти наизменично го преземаат Атина, Родос или некој друг источен центар, а во текот на втората четвртина на IV век до раните години на Ш век пр. H.€., во Олинт и на атинската Агора се среќаваат вистинските претходници на нашите примероци.4

Илустрација, стр. 176
Сл. 1.
Сл. 1.

Централниот дел на основата, која е во вид на отворена цевка и се издига над работ на телото, всушност претставува згодна рачка за држање и пренесување, но и за обесување на светилката. Трагите од изабеност од внатрешната страна на цевката кај некои примероци укажува дека низ неа е протнувано јаже подврзано во јазол од долната страна. заради што овие светилки биле повеќе зидни отколку трпезни, односно имале функција на фенерчиња. Балансот на светилката го одржуваат двата фитилника поставени еден наспроти друг. Доколку биле набодувани на дрвени прачки со постамент, била формирана еден вид примитивна пренослива подна светилка, претходник на бронзените стоечки светилки од доцнохеленистичкиот и раноримскиот период.5

Двата примерока од Вардарски Рид се блиски до малите светилки со централно поставена издигната цевка и два фитилника откриени на атинската Агора, датирани во периодот помеѓу доцниот Ш век и 150 год. пр. н.е., кои според Howland припаѓаат на типот 27D.6 Кај некои примероци место шуплива цевка се јавува полна прачка, која честопати на крајот завршува со отвор во вид на ушка за која светилката се закачувала, елемент кој се јавува Кај олинтските светилки (тип 26А), и кој не7 бележи никакви промени уште од ГУ век пр. н.е. Двете двороги странични држалки кои немаат практична функција кај овој тип светилки, претставуваат survuval од претходно споменатата олинтска варијанта. иако се чести кај вообичаените хеленистички светилки.

Сл. 2.
Сл. 2.

Овие светилки во Пела се класифицирани во типот 6 и се датирани во периодот од втората половина на IV до средината на Ш век пр. Н.е. Најблиски до нашите примероци се откриени во светилиштето посветено на Мајката на боговите и Афродита во Пела, датирани околу средината на II век пр. н.е., кои се меѓу ретките примероци со зачуван капак.8

Двата примерока од Вардарски Рид заради контекстот се датираат во доцниот II и раниот | век пр. н.е. Кон оваа датација придонесуваат и карактеристиките на светилката, особено кусите фитилници со широк отвор за фитил и краеви во вид на котва. Првата светилка е откриена во рамките на Куќата со атриум на Источната тераса, каде стоела закачена во поплочениот внатрешен двор. Вториот примерок веројатно ја имал истата функција во Централниот комлекс на Акрополата.

И покрај долгиот период на производство, овој тип светилки биле прилично непрактични заради честото откршување на цевчестата држалка. Иако се откривани низ целиот Медитеран, не биле произведувани во големи количини.

Вториот тип исто така е застапен со два примерока (сл. 3, 4). Станува збор за калапени светилки со релјефна декорација и висок постамент. кој ја одредува припадноста кон типот светилки на висок постамент. Светилката кај првиот примерок (сл. 3) има биконвексно тело со аглеста профилација, а на горната страна конкавно се спушта кон отворот за дополнување масло, кој е одвоен од рамото со издигнато ребро. Фитилникот е долг, со рамна горна површина, а завршува во вид на триаголник со остри краеви и со широк овален отвор за фитилот. Рамото и горната страна на фитилникот се релјефно декорирани. На предната страна кон фитилникот е изведена брадеста машка глава, од двете страни фланкирана со по една спирала. Зад спиралите, на рамото, тече флорална декорација: спирално извиткани витици и триделни цветови кои наизменично се менуваат. Нема рачка ниту, пак, странични држалки.

Светилката е поставена на столбест, однатре шуплив постамент од кој е зачуван само мал дел. На предната страна од постаментот релјефно е изведена глава на жена (2), со коса раздвоена на патец и пуштена на рамењата. Цртите на ликот едвај се распознаваат. Глината од која е изработена е фино прочистена со светлосива боја и премачкана со тенок слој темносив премаз, кој е прилично излупен.

Илустрација, стр. 178
Илустрација, стр. 178

Сличните светилки откриени на атинската Агора во типологијата на Howland се заведени како тип 47A, наречени столбести светилки, датирани во средината и третата четвртина на Ш век пр. н.е.9 Нивната типолошка припадност ја определува постаменот, повеќе отколку самата светилка која може да припаѓа на различни типови зависно од популарноста на одреден тип во одредено време, што, пак, од друга страна ја определува хронологијата. Двата дела. светилката и постаментот посебно се изработувале во двојни калапи, а пред печењето биле спојувани. Посебно внимание било посветувано на предната страна на постаментот кој треба да потсетува на вистински столб кој стои на проширена база, стеблото е канелирано со вертикални канелури, нагоре се стеснува и завршува со стилизиран коринтски капител со лик на крилата Горгона или Хермес. Се поврзуваат со луксузните мермерни и бронзени стоечки светилки, кои биле омилен плен на Римјаните во текот на освојувањето на Сула на Атина, кои, пак, се доцни реминисценции на фамозната златна светилка на Калимахос во Ерехтеионот.10 Broneer во Коринт ги сместува во типот IX датиран во текот на II] век пр. Н.е., и смета дека ваквите светилки, заради малите димензии, биле подарок за светилиштата,11 но не е исклучена нивната употреба во приватните куќи.12 Светилките на висок постамент откриени во Пела, исто така се датирани околу 300 год. пр. н.е. во зависност од тоа на кој тип припаѓа самата светилка.13

Илустрација, стр. 179
Сл. 4.
Сл. 4.

Карактеристиките на светилката на нашиот примерок би ја поврзале со ефескиот тип, судејќи и по сличниот примерок откриен во Делос.14 Кон ова се надоврзуваат и сличните калапени и релјефно украсени светилки откриени во Пела, исто така датирани во доцниот Пи ! век пр. н.е., кои авторката ги врзува за делоските работилници.15 !?

Светилката е откриена во Работилницата на Менек, заради што би се датирала во доцниот II и раниот | век пр. н.е. Иако е откриена во работилница за керамика, нејзината изработка и глината укажуваат на потекло од малоазиските центри. можеби од делоските работилници.

Вториот примерок (сл. 4) има биконвексно тело со благо аглеста профилација. Рамото на врвот преминува во нагласено издигнато кружно ребро, од каде конкавно се спушта кон отворот за дополнување масло со издигнат раб. Фитилникот е кус, заоблен на врвот, но со проширени краеви во вид на котва. Рамото е релјефно декорирано со едвај распознатлива флорална декорација, а околу отворот за дотур на масло во круг се поставени бобинки. Нема рачки, ниту странични држалки. Постаментот е повеќе зачуван отколку кај претходниот примерок, но за разлика од него е полн и едноставен, без релјефна декорација. Светилката се одликува со лош квалитет на изработка, релјефот е прилично плиток и излижан, а глината со црвена боја, недоволно прочистена со примеси од лискун и без премачкување. Светилката која веројатно претставува доцна локална варијанта, е откриена во рамките на Куќата со светилиште на Источната тераса, и тоа во нејзината најмлада градежна фаза, која го означува последното живеење пред конечното напуштање на градот. Датирањето на овој примерок во првата четвртина на | век од н.е. е изведено од контекстот и римската светилка која е откриена заедно со неа.16

Илустрација, стр. 180

Единствениот примерок на светилка со повеќе фитилници е откриена на Јужната тераса, во една од просториите на т.н. Култен објект со дуќани (сл. 5). Таа е со претенеста нога, длабоко кружно тело, со широк кружен отвор за масло со издигнат раб, околу кој се врежани три кружни жлеба. Трите фитилници се куси, со заоблен крај и рамна горна површина. Светилката е без рачка, но на рамото, меѓу фитилниците се поставени три перфорирани држалки кои служеле за обесување. Изработена е од глина со светлокафена боја со лискун и премачкана со црвена боја зачувана во траги.

Заради бројните фитилници таа припаѓа на типот Howland ЗАВ (светилки со повеќе фитилници) кои на атинската Агора се датираат во периодот меѓу последната четвртина на Ш до третата четвртина на II век пр. н.е.17 Овој тип светилки има од три до петнаесет фитилници кои можат да бидат куси или долги, со заоблен, аглест или проширен крај, но обично сите имаат една лентеста рачка, која на нашиот примерок не се јавува. Најголемиот број од примероците биле откривани во приватни куќи, но се смета дека оние со големи димензии можеби се користеле во светилиштата.18 !“

Меѓу атинските светилки со повеќе фитилници нема примерок кој е близок до нашиот, а слична светилка не ми е позната ни од други локалитети. Светилката е датирана во периодот од средината на II до почетокот на | век пр. н.е. и веројатно претставува дел од локалната продукција на Вардарски Рид. Интересен е контекстот во кој е таа е откриена. заедно со трпезна амфора со фалусоиден изливник, теракотна глава на куче, фрагмент од змија, фрагменти од теракотна фигурина со големи димензии и тимиатерион, кои укажуваат на поврзаност со кул-ТНА активност посветена на женско божество. и тоа во рамките на домашен олтар.19 Идентификацијата на божицата бара продлабочена анализа на наодите, што не е предмет на овој труд, а кои прелиминарно не наведуваат на помисла дека се работи за култ кон божица поврзана со плодноста, чиј хтонски карактер го истакнува змијата.

Cn. 6.
Сл. 6.

Во Централниот комплекс на Акрополата ¢ откриен еден примерок на светилка која најчесто била наменета за светилиштата (сл. 6). Таа се состои од кружна цевка на која одозгора се сместени осум мали светилки. Зачувана е само половина од цевката со две светилки, од кои, едната е целосна, а кај другата е откршен дел од телото. Останатиот дел од светилката е реконструиран на основа на зачуваните елементи. Сите осум светилки се идентични. Телото е со кружен отвор за полнење масло со вовлечен раб. Отворот за масло е релативно широк во однос на малите димензии на светилката. Фитилникот е со заоблен крај и овален отвор за фитилот. Од двете страни на рамото се поставени мали. еднороги држалки.

Овие ритуални светилки со долга историја на производство, според Howland припаѓаат на типот 41,20 a кај Broneer се заведени под тип Г21. Нашиот примерок се датира во периодот меѓу средината на II до почетокот на | век пр. н.е.22

На Вардарски Рид засега нема откриена градба која би можела да се идентификува како светилиште, но во рамките на објектите за живеење се потврдени домашни олтари посветени на одредени божества.23 Околу ритуалната намена на светилката, би можеле единствено да кажеме дека веројатно е поврзана со домашен олтар во рамки на Централниот комплекс, во чија јужна половина засега е идентификуван простор наменет за почитување на Кибела.24 Примерокот е откриен во една недоистражена просторија во северната половина на комплексот, каде што културниот слој е прилично плиток и не овозможува извлекување на конкретни заклучоци.

Сите четири типа светилки на разни локалитети се откривани во различен контекст, во светилишта каде се поврзуваат со ритуални дејствија, или во приватни куќи каде биле употребувани за осветлување на животниот или работниот простор. Ова укажува на фактот дека не постои строга поделба на типовите по прашање на употребата. Наведените примероци откриени на Вардарски Рид ја потврдуваат оваа констатација, каде од четирите типа, единствено последните два (светилката со повеќе фитилници и ритуалната светилка) можат да се поврзат со култна активност, и тоа во рамките на домашните олтари.

Полначи за светилки

На Вардарски Рид се откриени два сада кои припаѓаат на еден посебен вид релјефни садо-ВН, познати како тип Магента. Биле изработувани во форма на мали шупливи теракотни статуетки со претстави на божества, гротескни човечки фигури или животни. На грбот имаат цедилка и рачка, а на страната изливник. Биле употребувани како полначи за светилки или како шишенца во кои се чувало масло за светилките.

Првиот (сл. 7. 7а), претставува чучната фигура на старица, облечена во долг хитон, наметната со долга наметка. На вратот има шамија подврзана во јазол кој паѓа меѓу градите. Косата е раздвоена на патец, собрана во кок високо на темето и покриена со марама. Во рацете држи голем сад со хоризонтални рачки кој наликува на кратер. Главата на старицата е несразмерно поголема од телото, а ликот е гротескно изведен, со широк сплескан нос и дебели усни со широка насмевка, кои и даваат повеќе негроиден изглед. На грбот с изведена цедилка со три перфорации, од каде косо се издигнува устие со извиен раб. Лентестата рачка со два вертикални жлеба е поставена пониско на грбот, а веројатно завршува на работ на устието. На левото рамо с поставен нагоре закосен изливник. Се одликува со висок квалитет на изработка.

Илустрација, стр. 182

Вториот примерок (сл. 8) преставува фрагмент, веројатно од животинска претстава. Зачуван е само горниот дел од главата. На предната страна се препознава само набрано чело, на врвот од главата с цедилката, а на задната страна е косо издигнатиот изливник. Странично била поставена рачка која с откршена. Изработена е од фино прочистена глина со црвена боја, на која едвај се забележуваат траги од темнокафен премачкување. Заради фрагментираноста, невозможно е да се одреди за каква претстава станува збор. Оваа категорија на садови името Магента тип го добиле од Sir John Beazley заради светлиот виолетоворозеникав пигмент зачуван на некои примероци. Биле произведувани кон крајот на II век пр. н.е., поточно, околу 120 год. во јужно италските градови?"25 Изработувани се три типа Магента садови: полначи за светилки и два типа шишенца за чување масло, меѓу кои, постојат минимални разлики во однос на формата и хронологијата. Полначите за светилки се постара, побројна и пошироко распространета група, чие производство се сместува во периодот меѓу 120 и 70 год. пр. н.е..26 за разлика од шишенцата за масло кои произлегуваат од овие и се изработувани нешто подоцна, меѓу 80 год. и крајот на! век пр. н.е. Чести се во Кампања, средна и јужна Италија, грчкото копно и островите. особено во Делос. Кипар, се до северниот брег на Понт.

Cn. 7a.
Сл. 7a.
Илустрација, стр. 183

Слично на теракотните фигурини од овој период, садовите Магента биле изработувани во двоен калап. по што рачно биле доработувани финесите и додавани деловите заради кои и спаѓаат во категорија на садови: рачка, изливник, цедилка. Рачката е обично дводелна и подврзана со попречно поставена лента или морнарски јазол. Вака подврзаните рачки вообичаени за овој период се карактеристични за книдските светилки. но и за некои форми на садови кои се развиле под влијание на металните садови.

Биле изработувани од фино прочистена глина со бледа окер или жолтеникава боја и премачкувани со портокаловокафен фирнајз. Се среќаваат и сиво печени примероци премачкувани со неквалитетен црн фирнајз вообичаен за овој период. По печењето биле дополнително декорирани со стандарните пигменти користени за боење на теракотните фигурини: виолетоворозева, црвена, жолта, египетско сино, црна и бела. Боењето е зачувано во траги, заради непостојаноста на бојата нанесена по печењето. Изборот на претставите е во тесна врска со стандардните доцнохеленистички теракотни претстави поврзани со митологијата, комедијата, жанр сцените, фантастиката и животинскиот свет. Освен хронологијата, единствената разлика меѓу полначите за светилки и шишенцата за масло се однесува на висината на садот и изведбата на изливникот и рачката. Ако просечната висина на полначите за светилки изнесува 11 см, шишенцата за масло се изработувани поголеми. Изливникот кај последниве обично е поставуван горе и е во вид на устие од унгвентариум од кој излегува лентеста рачка. Третиот тип на садовите Магента, кои исто така се со форма на шишенца за масло со кружна цедилка на врвот, се мошне ретки и ограничени на регионот на Кампања, кој е главен центар за нивно производство.

Сл. 8.
Сл. 8.

Пластичните садови биле познати и се изработувани подолго време, а грчките керамичари својата кретивност најчесто ја применувале на форми кои служат за чување на парфимирани масла27 и тоалетни производи. Најубавите примероци се познати уште од VI век пр. н.е., но вистинските претходници на садовите Магента се јавуваат во раниот П век пр. н.е. Всушност, и не постојат големи формални разлики меѓу претходниците и вистинските Магента полначи за светилки, освен што првите се изработувани од глина со полош квалитет, премачкани се со неквалитетен црн фирниз, а на страната имаат изливник во облик на лавовска глава. Не постојат разлики ниту во изборот на претставите, а најстариот датиран примерок, од доцниот Ш и раниот II век пр. н.е. претставува актер со комична маска.

Двата примероци од Вардарски Рид се откриени во затворени целини, во рамките на објекти кои се сигурно датирани во доцниот II век пр. н.е. или раниот 1 век пр. н.е. Сосема е сигурно дека првиот примерок (сл. 7) претставува полнач за светилки, додека вториот (сл. 8), заради минималната зачуваност е тешко одредлив. Поставеноста на цедилката на врвот на главата на „животното“, асоцира на шишенце за масло, но иста е поставеноста на цедилката на една светилка во форма на глава од бик, откриена на атинската Агора и датирана во контекст на I] век пр. н.е., а која се смета за еден од претходниците на садовите Магента.28

Силвана Блажевска

Музеј на Македонија

Ќурчиска б.б. 1000 Скопје

silvana.blazevska@gmail.com

BLAŽEVSKA SILVANA

Museum of Macedonia - Skopje

FEW SPECIFIC TYPES OF OIL LAMPS FROM VARDARSKI RID

Белешки

  1. Блажевска С., 2006, светилките од Вардарски Рид се составен дел од магистерскиот труд на авторот (во печат). ↩
  2. Agora IV, 23-24, Nos. 68-70, PI. 31. ↩
  3. Agora IV, 24. ↩
  4. Agora IV, развојот се следи преку Howland Type 19 (Nos. 131-141, PI. 33), Type 22 (Nos. 191-208, PI. 35, 36), Type 26 (Nos. 356-374, РІ. 40) и Type 27 (Nos. 376-396, РІ. 40) со наведените варијанти. ↩
  5. Agora IV, 83. ↩
  6. Agora IV, 89-90, Pl. 40, од кои примерокот No. 388 без капак. датиран околу 150 год. пр. н.е. покажува најголема сличност со нашите светилки. ↩
  7. Δρούγου Σ., 1992, 53–56, No. 96-102, авторката наведува примери во источните центри - Пергамон (Schäfer, Pergamon), Делос (Bruneau, EAD, XXIII) каде ваквите светилики се произведуваат до | век пр. н.е. (наведените референци ми се недостаини). ↩
  8. Λιλιμπάκη Ακαμάτη Μ., 2000, 118, 136, Αρ. 340, Σχ. 11β, Πίν. 119; Μπαζιωπούλου Βαλαβάνη Ε., 1994, 49, Πίν. 18α, 11736, сличен примерок со капак, но со три фитилници е откриен во Калиполис кој е датиран многу порано, во 3/4 на III век пр. н.е. ↩
  9. Agora IV, 153, Nos. 611-612, Pl. 48. ↩
  10. Agora IV, 154. ↩
  11. Corinth IV, 49, fig. 24. ↩
  12. Agora IV, 154. ↩
  13. Δρούγου Σ., 1992, ΠΑ. 7, 56-58, Εἰκ. 8, Πίν. 25-26, Nos. 103-107. Apobyov X., 1992, па. 7, 56-58, Eix. 8, Tiv. 25-26, Nos. 103-107. ↩
  14. EAD, XXVII, 264, D262, Pl. 50, светилката е датирана во доцниот II и početokot на I век пр. н.е.; За примероците на атинската Агора види: Agora IV, 166-169, Pl. 49, Nos. 649-664. ↩
  15. Δρούγου Σ., 1992, 74–91, ΠΑ. 12, Πίν. 72, No. 264; Williams C. K II - Zervos H. O., 1991, 5, Pl. 2, No. 6, слична е и светилката откриена во Коринт која стои на фигурален постамент во вид на жена со калатос на главата, и со многу попрефинната изработка, која е датирана во втората половина на II век пр. н.е., односно во периодот меѓу 146 и 44 год. пр. н.е. ↩
  16. Блажевска С., 2006, 223, римска светилка, тип XI, кат. бр. 302. ↩
  17. Agora IV, 106, Nos. 457-463, Pl. 42-43. ↩
  18. е Agora IV, 107, всушност светилките со повеќе фитилници се наследници на ритуалните корона светилки од архајскиот и класичниот период. ↩
  19. Митревски Д., 2005, 50, Сл. 31, 32. ↩
  20. Agora IV, 128-129, Nos. 524-528, РІ. 45: од наведените слична на нашиот примерок е светилката No. 528, датирана во хеленистички контекст. ↩
  21. ! Corinth IV, 34, Fig. 16, Мо. 42, коринтскиот примерок е датиран многу рано, во VI век пр. н.е. и се смета за прототип на подоцнежните ритуални светилки. ↩
  22. Соколовска B., 1986, T. 31, 15, слична светилка со кружна цевчеста форма од која излегуваат фитилници, е откриена во Марвинци датирана во крајот на И век пр. н.е.; EAD, XXVII, 265, D 260. ↩
  23. Околу намената на просториите на поедини објекти од хеленистичката населба на Вардарски Рид види: Митревски Д.. 2005, 15-01: Blazevska 5. - Slamkov Е.. 2007 (во печат). ↩
  24. Во една од просториите на комплексот беа откриени групирани теракотни претстави на женска божица Кибела?, заедно со релјефни тимнатериони. За идентификацијата на божицата вили: Битракова-Грозданова В.. 1999. 202. сл. 5. ↩
  25. Higgins R., 1976, 1-33. ↩
  26. Higgins R., 1976, 6. ↩
  27. Higgins R., 1976, 9-10, примерокот е откриен во Франција, денес се наоѓа во Лувр; другите два примероци - претстава на менада откриена на Сардинија (во Британскиот музеј) и композиција од седната фигура со неодреден пол и галска облека од Кампања (во Лувр) се датираат во почетокот на И век пр. н.е. ↩
  28. Higgins R., 1976, 6. ↩
  29. Translated by: ↩
  30. Dimitar Nikolovski ↩

Summary

Few Specific Types of Oil Lamps from Vardarski Rid

The systematic excavations at the ancient town at Vardarski Rid have revealed abundant movable finds, including clay oil lamps widely dated from the 4th cent. BC to the Ist cent. A.D. Of total 70 oil lamps, few are distinguished by their specific shape. This article refers to six samples of oil lamps classified in four different types and two lamp fillers.

The first two belong to the lamps with central tube, dated to the late 2nd or early Ist cent. B.C., mainly because of their features: short fluked nozzles with wide wick hole, but also because of their context. The first one was discovered in the so called House with an Atrium, where it was suspended in the inner paved courtyard. The second sample probably has the same function in the Central Complex at the Acropolis.

The second type, also represented two samples belong to the relief molded oil lamps on a high hollow stand. The first one shows similarity29 with the Delian examples and dates in the late 2nd or early Ist cent. B.C., unlike the second, which comes from a local production and dates somewhat later, in the first quarter of the Ist century B.C.

The last two samples are connected with ritual activities in a domestic shrine devoted to a certain god. The first one belongs to the type of lamps with multiple nozzles, but the context in which it was found is rather intriguing, being found with a table amphora with falic spout, a terraccota head of a dog, a fragment of a terracotta snake, fragments of a terraccota figurine with rather large dimensions and a thymiaterion, which point out to a cult activity dedicated to a female godess. The second lamp found in the Central Complex of the Acropolis was most frequently used in sanctuaries. It consists of a round tube on top of which there are eight small lamps. Both dates between the middle of the 2nd to the beginning of the Ist century B.C.

All four types of lamps found at different sites and in different context, namely30 in sanctuaries where they are rightly connected with rituals, or in private houses where they were used for enlightening the workspace. This points out to the fact that there is no strict division in types of lamps when terms of use are in question. The mentioned samples found at Vardarski Rid only confirm this, whereas of four types, only the last two can be connected with cult activities, and even those are in the use of domestic shrines.

Elaborated in this study are also two vessels which belong to a special kind of relief molded vessels, known as the Magenta type. They were made in the period between 120 BC and 70 BC, in the southern Italian cities in the form of small hollow terraccota figurines which depict gods, grotesque human figures or animals. They have a strainer and handle on the back, and a spout on the side wall. They were probably used as fillers for the lamps or simply as a containers for the oil.

Библиографија