Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 135–151

Тумулот 1 од тумуларната некропола кај селото Стрновац, општина Старо Нагоричане

Содржина
  1. Конструкција на Тумулот I и гробна архитектура
  2. Движен архолошки материјал
  3. Заклучни согледувања
  4. Јовица Станковски
  5. НУ Музеј - Куманово
  6. JOVICA STANKOVSKI
  7. Naional Museum - Kumanovo

Тумуларната некропола на локалитетот Долинац, во атарот на селото Стрновац, општина Старо Нагоричане, беше откриена во 2000 год.1 при теренски проспекции во рамките на меѓународниот проект Џирајхме, чиј носител и организатор беше Народниот музеј од Куманово. Остатоци од разнесени тумули укажуваа дека се работи. веројатно, за поголема некропола, од која беа зачувани само два: Тумулот | и, неколку метри јужно од него, Тумулот II, кој беше целосно истражен и документиран во текот на 2001 год.! Остатоци од можеби уште два помали тумула (поголема агломерација од поситен и покрупен камен меѓу грмушки и дрвја), се наоѓаат близу до северозападната периферија на Тумулот |.

Тумулот ! беше добро зачуван, иако се наоѓа на плавен терен, околу 400 метри источно од коритото на реката Пчиња и, практично, во суводолицата на Стрновскиот Дол. Се чини дека тумулите се разнесени повеќе од интензивната земјоделска обработка на теренот, некогаш и сега, отколку од поплави. Димензиите на тумулот, измерени пред почетокот на ископувањата беа: пречник околу 20 м (двапати поголем од оној на Тумул П) и висина на калотата околу 1.71 м. Имаше плашт од поситен камен и под5ид (ограден венец) од крупни блокови природно кршен камен. Целиот беше обраснат со густ честар од брестови дрвја, чие вадење во многу ја отежнуваше работата. Ископувањата се одвиваа, поради малиот обем на финансиски средства, во четири фази, во временски распон од 2001 до 2003 год. (ел. 1).

Конструкција на Тумулот I и гробна архитектура

Истражувањата покажаа дека при конструкција на тумулот, нивото на првобитниот хумус (практично речено песок) е нивелирано. Нивелирањето е извршено, поради природниот пад на теренот, во западната половина на тумулот со слој од природно кршен камен со помали димензии, чија дебелина изнесува меѓу 0.20 м и 0.30 M, при што првиот слој е од поситен камен со дијаметар кој ретко надминува 0.10 м. Можно е тенок слој на израмнување да постоел и во источната половина. Но корењата на бујната вегетација со која беше обраснат тумулот направиле изместувања и дислокација на каменот од оваа постелка, мешајќи го каменот со кој беше исполнет тумулот. На нивото од вака оформената постелка се најдени малку

Илустрација, стр. 136
Формула

Цртеж 2. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, пресек А-А.

Сл.1. Локалитет Долинац. с. Стрновац. Тумул 1, поглед од ЈУГ.
Сл.1. Локалитет Долинац. с. Стрновац. Тумул 1, поглед од југ.
Сл. 2. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул 1, ограден венец на Тумул I.
Сл. 2. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул 1, ограден венец на Тумул I.

керамички фрагменти од садови, што зборува дека дел од погребните обреди се вршени и во оваа фаза на оформувањето на тумулот. Оградниот венец на тумулот е изведен со крупни камени блокови. од кои дел се вкопани во првобитниот хумус (ел. 2).

На растојание од 1.30-1.40 м од надворешниот периметар на тумулот е оформен уште еден внатрешен круг од покрупни камења. Просторот меѓу двата вака оформени оградни венци е исполнет со покрупен природно кршен камен, при што е добиен ограден прстен кој успешно го спречил осипувањето на тумулот. Самиот волумен на тумулот е изведен од камен со средна и голема димензија (од 0.30 до 0.80 м во пречник), помешан со земја (цртеж 1, 2).

Земјата од насипот беше растреслива, со сивокафеава боја, а се чини дека во централниот дел на тумулот, под нивото на кое е извршено погребувањето, постоело и глинесто премачкување. Зачудува фактот што во исполната на тумулот нема песок, а речниот камен (белутрак) Керамиката, релативно малку, се среќава низ целиот волумен, дури и во плаштот од поситен камен кој го покрива целиот тумул.

Цртеж 3. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, централниот дел на тумулот.
Цртеж 3. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, централниот дел на тумулот.

Во централниот дел на тумулот, на околу 0.52 м над основата од тумулот, на постелка од природно кршен камен со димензии слични на оние од слојот за порамнување, беше положен скелет во благо зрчена („хокер”) положба во правец северозапад-југоисток, околу кој е формиран Гробот | од покрупни, аморфни камени блокови. Се чини дека гробната циста е формирана околу покојникот без некој посебен ред. бидејќи каменот кој ја опкружува и покрива е често со иста големина, па дури и поголем од оној со кој е изведена цистата (цртеж 3). Иако остеолошкиот материјал беше слабо зачуван (фрагменти од череп, заби и долги коски), можеше да се забележи дека погребана машка индивидуа?2 беше свртена со лицето кон исток со свиткани раце и дланки поставени пред лицето.

Сл. 3. Локалитет Долинац, с Стрновац, Тумул 1, гробна конструкција (прстен) околу Гробот 1.
Сл. 3. Локалитет Долинац, с Стрновац, Тумул 1, гробна конструкција (прстен) околу Гробот 1.

Иако тешко можат да се направат разграничувања во гробната архитектура (заради фактот што гробната конструкција и целиот волумен на Тумулот I се изведени со покрупен камен измешан со мала количина на земја), видлив е уште еден прстен од покрупен камен околу Гробот | со дијаметар околу 5 м (цртеж 3, сл. 3). Се чини дека најнапред е формиран помал тумул („јадро“) врз централниот гроб со овој пречник и висина, веројатно, еднаква на конечната висина на тумулот, а потоа. дополнително, заедно со обредните дејствија (за што сведочи кршената керамика и малку животински коски) с формиран целиот тумул. Во прилог на ваквата реконструкција зборува и откриената флека од гареж со должина од 0.90 м под неколку камења од источниот дел на гробниот прстен, веројатно од обредно горење. Можеби тука е извршено последното погребно ритуално дејствие пред конечното оформување на јадрото на тумулот. Под камената постелка во југоисточната половина на гробот, откриени се малку керамички фрагменти и две помали парчиња јагленисано дрво, што укажува на можно горење (на обреден оган, заради прочистување?) пред оформувањето на гробната циста. Приближни димензии на грубата циста на Гробот 1 беа: 2.20 х 0.75 м.

Гробот 2 е изведен со полагање на покојникот во веќе оформениот тумул, а гробната циста не се издвојуваше од околниот насип. Содржеше многу слабо зачувани фрагменти од цевчести коски на нозете, од черепот, заби, од коските на рацете и мал дел од карлицата. Се чини дека и овој покојник, на кој не беше можно да му се одреди полот, бил поставен во згрчена положба, со свиткани раце и дланки пред лицето. Ориентацијата на делумно зачуваната груба циста на Гробот 2 е повторно во правец северозапад-југоисток.

Пред јужниот периметар на оградниот прстен на Тумулот I е изведена поплочена платформа од неправилен. природно кршен камен со средина и поголема димензија. Ширината на платформата е околу 0.80 м, а дебелината на слојот од камен околу 0.20 м. Според малата количина фрагментирана керамика, животински коски. како и неколку фрагменти јагленисано дрво најдени врз неа, извесно е дека и таа е употребувана во погребните обредни дејствија.

Са. 4. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, кантаросовидни садови (пехари).
Сл. 4. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, кантаросовидни садови (пехари).

За одбележувања е и присуството на поголеми камени блокови (со димензии од 0.70 до 1.00 м), расфрлани низ целиот тумул на нивото на првобитниот хумус, или над слојот за нивелирање кои, со својата масивност, играле улога на своевидна „арматура“ на над нив оформената калота.

Движен архолошки материјал

Се работи исклучиво за керамички фрагменти од садова керамика, оставена како прилог во Гробот | (Гробот 2 немаше прилози) или фрагментирано расфрлена низ целата земјенокамена конструкција на тумулот. Покрај атипичните керамички фрагменти, може да се дефинираат:

- садови-пехари, неукрасени, со две лентести дршки кои благо го надвишуваат венецот на устата. Овој тип садови доминира како прилог на Гробот | (сл. 4). Слични кантаросовидни садови, со поголеми димензии, топкалесто тело и две лентести дршки кои благо го надвишуваат венецот на устата се среќаваат, фрагментарно, низ целиот волумен на тумулот. Некои пехари на рамото имаат вдлабнувања изведени со притискање на прст;

- шолји, со помали димензии и крушковидно тело, со една рачка која го надвишува венецот на устата. Ваков сад се среќава како прилог во Гробот 1. Шолјите исто така се среќаваат фрагментирани, расфрлани низ тумулот при обредните дејствија:

- здели, со рамен или благо кон надвор искосен венец на отворот; здели со кон внатре вовлечен венец; здели со ,,S” профилација; здели со вовлечен венец украсен со вертикални канелури (Т. 1, 8). Некои здели имаат хоризонтално или косо фасетиран (тордиран) венец на отворот (T. I, 2, 7); кај други, во висина на венецот се наоѓаат хоризонтални јазичести дршки. Дната се рамни или, поретко, пластично нагласени;

- поголем кантаросовиден сад (здела), со хоризонтални валчести држалки, лесно извиени нагоре. Најдени се и неколку фрагменти од мал, окер печен, кантаросовиден сад, со мат црвена сликана декорација (T. I, 9);

- лонци, со средна големина, украсени со јазичести држалки и отисоци од прсти директно на садот, или врз прилепени пластични траки (Т. 1, 14). Во останатата фрагментирана керамика се издвојуваат неколку помали или помасивни валчести рачки, како H рачка со аглеста профилација во горниот дел на дршката (Т.

Илустрација, стр. 141

Садовите, особено помалите, се неукрасени. но некои имаат украси во вид на снопови од врежани линии. низи од убоди, или комбинации од двете (Т. I, 4, 10, 11).

Кај некои здели венецот е украсен со низи од коси триаглести отисоци (Т. I, 6). Пластичен украс во вид на брадавици се наоѓа на мевот на некои помали садови. ( Т. I, 12). Карактеристичен е рожест украс од поголем Сл. 5. Локалитет Долинац, с. Стрновац, Тумул I, сад украсен со концентрични канелури И НИЗа длабок цилиндричен сад со косо разгранет венец. од втиснувања (Т. 1, 13).

Фактурата на повеќето садови е средногруба, со тесто кое содржи кварцен песок и зрна од кварц, фелдспат и мусковит.

Некои помали садови (пехари) имаат пофина фактура од прочистена глина и се добро печени (сиво), со измазнета површина. Механичко мазнење на површината се забележува и кај некои кафено печени помали садови, како и превлака од разматена глина нанесена на садот пред неговото печење.

Фрагментите со груба фактура му припаѓаат, веројатно, на некој голем сад (питос).

Садовите се печени во нијанси на кафена (поголемите) или сива боја (помалите). Некаде, на површината на садот, се јавуваат темни петна (кај кафено печените садови).

Гробните прилози во Гробот ! беа распоредени на тој начин што во гробната циста беше положена само помала шоља над главата на покојникот. Неколкуте фрагменти од сад покрај нозете, од десната страна на скелетот се можеби упад во гробот од групацијата садови положена како прилог на југозападната страна на цистата, во висина на карлицата на покојникот, околу 0, 30 м над гробната постелка. Друга групација садови се наоѓаше на спротивната, североисточна страна на гробната циста. во висина на градниот кош на покојникот, од која се реконструирана три пехари од кои два беа украсени со по две наспрамни вдлабнатини изведенни со отисоци од прст (Сл. 4). Овие садови се наоѓаа, исто така, на висина од 0.30 м над гробната постелка.

Трета, помала групација керамички фрагменти се наоѓаше од левата страна на покојникот, покрај гробната циста, во висина на стопалата, 0.30 м над постелката.

Еден, грубо изработен, длабок цилиндричен сад, со косо разгранет венец на отворот и мала тракаста вертикална дршка под него, се наоѓаше во источниот дел на тумулот покрај внатрешниот венец на оградниот прстен. (сл. 5).

Заклучни согледувања

Датирањето на Тумулот I и покрај релативно малобројната керамика и целосно отсуство на метални наоди, може да се изврши делумно на основа на компарирањето со начинот на сохранување, а повеќе преку сличноста на керамиката, со онаа на некои истовремени локалитети во Македонија и пошироко.

Начинот на погребување со инхумација во згрчена положба. поплочување на централниот дел на тумулите, конструкција на венец од крупни камења околу тумулот, плашт од поситен камен, како и внатрешно јадро кое содржи гробна циста, или урна со пепел на покојникот, се елементи на погребниот ритус кои можат да се следат на поширокиот балкански простор уште од раното бронзено време (BrA 1, според Рајнековиотовиот хронолошки систем за средна Европа), па c# до развиеното железно време (VIII-VI век пр. н.е.), а во некои региони и многу подоцна. Се смета дека неговот потекло с источно, од Кавказ и понтските степи.3 Тумуларниот начин на погребување се јавува како новина на просторот од Македонија во раното железно време. иако си уште се недоволно јасни неговите хронолошки и етнокултурни вредности. Не с јасен, исто така, односот на овој тип погребувања со досега познатите погребувања од преодниот период од доцното бронзено во раното железно време на територијата на нашата земја, во кои погребувањето е вршено во рамни некрополи во згрчена положба во гробови - цисти (било да се обични јами како во Водоврати, цисти градени од камења - Ракотинци, или од обични камени плочи - Водоврати, Уланци). И овој начин на погребување продолжува во текот на железното време, со тоа што згрчената положба на покојникот се заменува со пружена“.4

За најстаро, досега. регистрирано погребување5 под тумул во Македонија се смета централниот гроб-циста со згрчен покојник во „Висои“, с. Беранци, Битолско. Според гробните прилози може да се датира во субмикенскиот период (НаА). Се работи за тумул од типот на т.н. „двојни тумули“, каде што најпрво била оформена могилка околу централниот гроб. а потоа и заедничкиот тумулус врз неа и подоцнежните погребувања радијално во однос на централното погребување.

Тумулот во с. Беранци, како и досега истраженитсе тумули во с. Војник, Кумановско“6 и Орлова Чука, с. Стар Караорман, Штипско,7 имаат паралели во „протогеометриските“ и „геометриските“ тумули во Патели на Островското Езеро и Вергина кај Верија. каде што почетокот на континуираното погребување под тумули се јавува во XI век пр. н.е,8 како и во тумуларните погребувања од раното железно време во Албанија, кои се датираат, исто така, околу XI век пр. н.е.9

Досега истражените тумули од овој период во Албанија, речиси исклучиво инхумации, припаѓаат на два основни типа: погребувања чии гробни конструкции се изведени и покриени со камења (тумулите во Кукс, Мати, Корча, Колоња) и погребувања во гробовицисти. Погребувањата во цисти оформени со камени плочи се почести во Јужните региони на Албанија, во близина на морето (Вајзе и Дукат кај Влора. Бајкај кај Саранда и др"“).10 Во некои тумули е регистрирано повеќекратно погребување во широк хронолошки распон, од крајот на бронзеното време11 (централните инхумации), па низ целото старо железно време!!.

Погребувањата во Косово и во Метохија во текот на средното и доцното бронзено време е биритуално (спалување и скелетно погребување), што е, можеби, последица од општествените промени и формирањето на војничката аристократија!".12 Прилозите во гробовите укажуваат на континуитет на бронзенодопската култура во истиот период. Во тумуларната некропола во Рогово кај Гаковица (BrB₂-ВрЕ) погребувањата во најстарата фаза (од вкупно три) е скелетно, во камени четириаголни конструкции, при што покојниците се полагани во благо згрчена положба на камена основа со ориентација во правец север-југ или исток-запад. Еден од двата истражени тумули, покрај повеќекратни инхумации во една гробна конструкција, содржеше

" Гарашанин M., 1973, 264 - 266; Гарашанин M.,1979, 3-4.

“ калитет Долинац, с. Стрновац, Тумул 1, керамика.

Илустрација, стр. 143
Илустрација, стр. 143
Илустрација, стр. 143
Илустрација, стр. 143

и два гроба со урни. Погребувањето во двете некрополи во Игларево кај Клина""13 е претежно скелетно, но се јавуваат и урни со спалени покојници. Скелетното погребување се врши, во најголем број. во правоаголни камени гробни конструкции (гробовите без камени конструкции се застапени во помал број) оформени со камен со неправилен облик во кои покојникот е полаган на подлога од поситен камен, а гробот е покриван со хоризонтални камени плочи. Скелетите се во испружена положба, ориентирани во правец север-југ или исток-запад. Во гробовите без камени конструкции покојникот е плитко вкопан во здравицата, во благо згрчена положба, со рацете свиткани во лактите и ориентиран во правец запад-исток. Ексклузивниот археолошки материјал најден во некрополата во Игларево I и Игларево П (накит, оружје) хронолошки My припаѓа на периодот врв-ВрЕ. На тумуларната некропола Бока во Прчево кај Клина не постои, исто така, единствен начин на сохранување. Се јавуваат тумули со еден гроб, но постојат и тумули со повеќе сохранувања. Инвентарот на гробовите 19 и 23 во хумката XIV упатува на бронзеното време (ВрЕ-БгД по Reinecke’).14 Гробовите од првиот хоризонт од овој тумул се вкопани во камена калота со пречник од околу 9 метри. Формирани се од камени плочи со кои е поплочена основата на гробот на која, околу покојникот и над него, се редени помали камења, а некогаш и вертикални плочи (обично на просторот околу главата). На периферијата на тумулот чиј пречник изнесува околу 18 метри е оформен каменен прстен.15 Во некои тумули во Ромаја"“16 се јавуваат централни гробови со покојници во згрчена положба, што упатува на нивна истовременост со поедини тумули во Рогово, Прчево и Игларево, а може да се воочат и сличности со некрополите од северна и централна Албанија од средното бронзено време.17

Некрополата во Граштица кај Приштина, во која се испитани околу 60 гробови, содржи само четири скелетни сохранувања со покојници со нозе во благо згрчена положба и раце свиткани во лактите, а останатите се сохранувања во урни.18 Датирани се од крајот на средното бронзено до почетокот на постарото железно време (БгД-НаД, по Рајнекеовиот систем).

Некрополата во Доња Брњица припаѓа на типот рамни полиња со урни. Спалените покојници се погребувани во урни околу кои се формирани ниски толоидни конструкции од лизги и камени плочи. Се датира во периодот бгд-HaB. Кон овој тип некрополи припаѓаат и некои гробови во Кекенова и Улпијана.

Се смета дека некрополите со инхумација се постари од оние со кремација и дека групата Доња Брњица претставува финале на долгиот процес на развојот на бронзената епоха во делот на централнобалканскиот простор. Оваа група на север се протега до реките Западна Морава и Нишава. на запад до Пештерската Висорамнина. а на југ се граничи со Скопското Поле. Според Н. Тасиќ, Пештерската Висорамнина. каде се забележани двата ритуса на погребување е контакт-зона во која се мешаат и допираат две етнички и културни заедници - протоилирската и протодарданската.19

Просторот на јужното Поморавје, каде што би можела да се лоцира источната граница на Долнобрњичката група и каде би сс очекувале погребувања со кремации. е си уште недоволно истражен.

Недоволно истражен е и просторот на југоисточна Бугарија, за влечење на можни источни паралели. Од почетокот на раното железно време (XI век пр. н.е.) на целиот етнички простор на Траките се воспоставува биритуалноста како типична погребна практика.20

Делумни информации за погребната практика по долината реката Струма засега даваат рамната некропола под ранохристијанската базилика во градот Сандански во која се испитани осум гроба и оштетената доцнобронзенодопска некропола во с. Маја Петра близу Сидерокастрон, во Грција, во близина на границата со Бугарија.

Во Сандански се инхумирани мали деца во испружена положба. Околу скелетите, ориентирани воглавном север-југ, се редени камења кои се покрупни во пределот околу главата. Се датира кон крајот на доцнохеладскиот период (ХШ-ХИ век пр. н.е.)?".21

Во Фаја Петра, некрополата се состои од грубо оформени правоаголни камени оградни структури кои се покриени со земја и камен. Над нив не се оформени тумули. Скелетите се полагани во овие структури, на нивелирана основа, заедно со гробните дарови. Откриена е само една урна со кремиран покојник. Потекнува од доцнобронзеното време (LHB-LHC)”.

За појавата, ширењето и етнокултурните вредности на тумуларните погребување на целиот македонски простор, особено во периодот кон крајот на бронзеното време, можеби с корисно да се потсетиме на податоците кои се среќаваат кај Хомер и старите историчари дека, во тоа време Пајонците се најголема сила во овој регион и дека нивното повлекување кон север се должи, пред се, на експанзијата на Македонците. Н. Г. Л. Хамонд, барајќи паралели на тумулите од Вергина, од кои, според него, произлегол типот на гробниците на македонските кралеви, се потпира на еден пасаж од Херодот кој вели дека некои македонски кралеви се дојдени од Илирија. Анализирајќи ги погребувањата во Албанија (во долините на Мати и Ксерија, во северен Епир) во временска и географска рамка. која ја посочува Херодот, Хамонд заклучува дека носителите на културата која се карактеризира со погребување во тумули во Вергина се дојдени од просторите кои одговараат на денешна јужна Албанија во раното железно доба, во различни временски периоди, почнувајќи од 1050 година пр. н.е.23 24

М. Андроникос, керамиката од тумулите во Вергина ја датира меѓу X и VIII век пр.н.е. 3a проблемот на „Дорската инвазија“, тој со резерва го изнесува мислењето дека имало големо движење на народите од централна Европа во XIII век пр. н.е., и тоа биле носителите на

Керамичкиот материјал од садови кои се оставани како прилог во или до Гробот | или обредно кршени и расфрлани низ целиот волумен на Тумулот 1, дава повеќе податоци за негово попрецизно датирање.

Го издвојуваме фрагментот од здела со фина фактура на кој, на светлоокер основа, со темноцрвена боја се насликани две низи од исправени и висечки триаголници, исполнети со шрафирање (Т. I, 9). Садот му25 припаѓа на репертоарот на мат боена керамика работена под микенско влијание, во некоја од локалните работилници во населбите во средно или долно Повардарје. Особено е карактеристична за доцното бронзено време во долно Повардарје (Вардино. Килиндир. Чаушица, Вардарофца. Кастанас и др.) Во Република Македонија е откриена во населбата на Вардарски Pug26 и како прилог во повеќе гробови од некрополите во Водоврати, Уланци, Стоби и Бежанија - Криви Дол (сите во периодот BrD-HaA)”*.

Засега, најсеверен наод на мат сликаната керамика е фрагментираната здела од населбата на локалитетот Pecyvba во с. Лучане, близу Бујановац, датирана во над,-НаВ,,,27 . Фрагментот од мала здела со коси канелури на мевот, би можел да означува северни влијанија и врски со културата Гава - Белегиш II (T. 1,28 1)?". Меѓутоа, канелираната керамика се јавува кон крајот на бронзеното време на поширок простор, од средна Европа на север, до доцнобронзенодопските населби по долното течение на Вардар29 и од Словенија на запад, до Тракија и северозападна Анадолија на исток. Во Кастанас се појавува во слојот 12, а во Троја во слојот VIIb₂ кои одговараат на периодот НаА₁-А₂ (според централноевропската хронологија). Се работи за еден манир на украсување врзан. веројатно, за т.н. егејски миграции, што придонело за неговото брзо ширење на релативно голем простор. Тој ќе стане една од главните карактеристики на раножелезнодопската керамика во праисториските населби по долниот тек на Вардар. Ваквата керамика во Поморавјето ја обележува постарата фаза на железното време30 во таа мерка, што некои автори ја означуваат како „хоризонт на канелирана керамика од раното железно време“?

Телото на мал, благобиконичен сад (Т. 1, 3), е украсен, освен со вертикални канелури, со хоризонтална низа од издолжени триаголни отисоци (под венецот на устата). Овој орнамент се среќава на керамиката од некои локалитети во Големото и јужното Поморавје. каде се појавува во над,31

Ситни точкести или триаглести убоди, во една или повеќе паралелни низи, понекогаш во комбинација со врежани линии (Т. 1, 4, 10) или канелури, се карактеристични за истиот период на поширок централнобалкански и источнобалкански простор („жигосана керамика“), од Панонската Низина и Подунавјето на север, преку Поморавјето, до населбите во јужното Повардарје и Тракиската Низина на исток.32 Но кај групите Инсула-Банулуј, Бабадаг, Пшеничево-Раскопаница, како и кај дел од керамиката регистрирана при рекогносцирање на поедини локалитети во околината на Куманово““,33 се појавуваат, заедно со триаглестите или кружни втиснувања, украси во вид на споени „5“ мотиви и концентрични кругови. Овие мотиви, карактеристични за т.н. Басараби култура, ги нема на керамиката од Тумулот I, како и на слично орнаментираната керамика од локалитетите кои ги опфаќа врањско-бујановачкиот и прешевскиот регион (во Р. Србија). од преодниот период и постарото железно време“.34

Зделите со вовлечен венец, фасетиран (хоризонтално или косо) или канелиран (Т. I, 2, 7, 8), се чести наоди во инвентарот на садовата керамика на просторот на Поморавјето во периодот на над,. Се врзуваат со групата Baierdorf-Velatica (BrD)**,35 а во басенот на Велика Морава се појавуваат во најстарата фаза на преодниот период од бронзеното во железното време. На локалитетот Хиподром овие садови се датираат, исто така, во над,.36 Кај еден косо фасетиран венец, канелурите се комбинирани со низи од триаглести убоди (Т. 1, 6). Овој украс, изведен со отисок од назабен инструмент, се појавува во НаВ и ќе биле карактеристичен за керамиката украсена со отисоци на просторот на југоисточна Србија, Косово и североисточна Македонија за полното железно време.37 Овие садови имаат аналогии во сличните садови од Кастанас, во слоевите 12-11 (XII - XI век пр. н.е.)““.38 Брадавичести дршки, украсени со канелури, се појавуваат истовремено со коничните здели со вовлечен канелиран венец на поширок простор.39 Примерокот од Тумулот | (T. I, 13) е украсен, од долната страна, со две низи од триаглести втиснувања.

Фрагментот со остатоци од три брадавичести апликации (Т. I, 12), како и валчестата хоризонтална дршка (Т. I, 5), упатуваат на врска со т.н. Брњичка културна група, која се развиваше на територијата на јужното Поморавје, источно Косово и скопско-кумановскиот регион, пред појавата на каналираната керамика (НаА,-А,).

Мотивот на висечки, шрафирани или впишани триаголници, изведени со техника на врежување (Т. I, 11), е чест во периодот бгд-НаД, за просторот на североисточна Македонија (Руѓинце, Макреш, Пелинце, Шопско Рударе, Шупли Камен, Кокино, Скопје - Кале)“, во долното Повардарје (Кастанас) но и пошироко - Статмос Aructa, Тумбасамара (близу Серез)41 на југ. Често овој мотив се комбинира со канелури, со точкасти или кружни отисоци. На север, истиот мотив се среќава во населбите во Кончуљ и Љаник во Р. Србија (и двете од бгд-НаА,)*,42 а во југоисточна Бугарија го среќаваме на Каменска Чука (кај Благоевград), датирана во BrD-HaA,.43

Јазичести дршки, во комбинација со пластични траки со отисоци од прет (T. |, 14) се чест украс кај поголемите садови (лонци). Се среќаваат на поширок централнобалкански простор, во доцното бронзено и раното железно време (BrD-HaA).

За коленестите рачки со аглеста профилација во горниот дел на дршката (T. I, 15) најблиските паралели во Македонија се врзуваат за погребувањата со инхумирање од типот Уланци (од XIII - ХИ век пр. н. е.), но се среќаваат често и на други доцнобронзенодопски локалитети во Македонија (Кокино и Асамати)“.44

Кантаросовидните садови (пехари) со две тракасти дршки кои благо го надвишуваат отворот (сл. 4) имаат широки паралели низ целиот централнобалкански простор. На територијата на кумановскиот регион, нивниот развој може да се следи од раното бронзено време.45

Цилиндричниот сад со косо разгранет венец и рачка под него (ел. 5) нема блиски паралели на поширок простор.

Врз основа на изложените паралели на начинот на кој е изведен Тумулот 1, а особено на сличноста на керамиката најдена во него со керамиката на географски блиските бронзенодопски и железнодопски локалитети, можеме да го датираме во периодот од XII - X век пр. н.е. (НаА- НаВ,, според дополнетиот РајНеКеоѕ систем за средна Европа).

Според досегашните истражувања во Македонија Тумулот I од с. Стрновац е најстарото погребување во тумул од преодниот период од доцното бронзено во раното железно време во Македонија со згрчена инхумација, со ритуал и на начин како и во повардарските некрополи од крајот на бронзеното време. Тој е воедно едно од најстарите примарни тумуларни погребувања од типот на т.н. двојни тумули, карактеристични за македонската територија (Висои-Беранци, Вергина, Орлови Чуки-Стар Караорман) во времето на воведување на тумуларниот начин на погребување во Македонија, во XII-XI век пр. н.е.

Јовица Станковски

НУ Музеј - Куманово

JOVICA STANKOVSKI

Naional Museum - Kumanovo

TUMULUS | OF THE NECROPOLIS AT THE VILLAGE OF STRNOVAC,

IN THE MUNICIPALITY OF STARO NAGORICANE

Белешки

  1. Станковски J., 2006, 93-114; Ја користам оваа прилика да му изразам благодарност на проф. Драган Стојчевиќ, член на екипата која ги вршеше теренските проспекции, кој укажа на локацијата Долинац и Тумулот I. е застапен со минимален процент. ↩
  2. Според антрополошката анализа на д-р Фаница Вељановска, се работи за робустен маж на околу 40-45 години. ↩
  3. Гарашанин М., 1973, 264 - 266; Гарашанин М.,1979, 3-4. ↩
  4. Митревски Д., 1997, 102. ↩
  5. Митревски Д., 1997, 103; за слично изведено погребување кај с. Чаништо, Мариовско. Миткоски А., 1999, 29-61. ↩
  6. Истражувањата не се публикувани во целост. ↩
  7. Нацев Т. - Јованов М., 1996, 45-55. ↩
  8. ®Radt W., 1974, 144. ↩
  9. Prendi F., 1975, 113. ↩
  10. Prendi F., 1975, 112. ↩
  11. Ceka N., 1975, 139-161. ↩
  12. Luci K., 1998, 142. ↩
  13. Luci K., 1998, 126-134. ↩
  14. Luci K., 1998, 124-125. ↩
  15. Тасиќ Н., 1979, 93-95. ↩
  16. Đurić N. et al., 1975. ↩
  17. Luci K., 1998, 126. ↩
  18. Mehmetaj H., 1993, 51. ↩
  19. Tasić N., 2003, 42. ↩
  20. Gergova D., 1989, 235. станат од поголеми движења на народите во последните фази на бронзеното време кое, веројатно, имало одрази во Троја и во делови од Мала Азија. ↩
  21. Alexandrov 5. et al., 2007, 373-387. ↩
  22. Valla M., 2007, 357-371. ↩
  23. Hammond N. О. L., 1970, 65-67, со белешките кои одговараат на овој дел. ↩
  24. Andronikos M., 1970, 169-171; За проблемот на датирање на тумулие во Вергина, Истиот, 1977, 1-6. Според овој автор, ова движење на народите го го поттикнало движењето на населенисто во Северозападна Грција, кои, според него, биле Дорците кои зборувале грчки. Според него „дорската инвазија“ бил ендохеленски настан, настанат од поголеми движења на народите во последните фази на бронзеното време кое, веројатно, имало одрази во Троја и во делови од Мала Азија. ↩
  25. Видески З., 2005, 100, Т. I, 3, Т. VI, 1-4. ↩
  26. Митревски Д.. 1997, 49: Според Хертли, преодот од средното кон доцното бронзено време во централна Македонија се случува околу 1500 год. пр. н.е., а е означен со појавата на мат сликаната керамика која брзо се шири на Халкидик (Heurtley W. A., 1939, 126) ↩
  27. Булатовиќ A., 2001, 164. ↩
  28. Гарашанин М., 1983, 768; Stojić M., 1986, 91; Булатовић А., 1999-2000, 40-41; Stojić M., 2001, 28-29; Медовић П., 2001, 219-221; Tasić N., 2003a, 103 и понатаму. ↩
  29. Stefanovich M. R., 1973, 148-159; Mitrevski D., 1994, 124, Fig. 4, 5: Hochstetter A., 1984, Taf. 71, 2 , Taf. 82, ↩
  30. Stojić M., 2001, 28; Булатовић А., 2006, 11. ↩
  31. Stojić M., 1986, T.12, 4; Булатовић А., 2001, 170-171. ↩
  32. Hochstetter A., 1984, Taf. 99, 7; Taf. 110, 1, 7; Taf. 114, 2, 3, 9; Stojić M., 1986, T.12, 5; Булатовић А., 2001, T. I, 13; T. III, 1,4. ↩
  33. Georgiev Z., 1992, 81-96; Георгиевски Б., 1992, 51-68. ↩
  34. Булатовић А., 1999, 7-17. ↩
  35. Stefanovich M. R., 1973.153. ↩
  36. Железно време Ia, приближно XII век пр. н.е. (по Стојић M., 1986, T.1,2; T.6, 1,2); Mitrevski D., 1994, Fig 3, 1-7. ↩
  37. Булатовић А., 1999, 12-13, T. 2, 5. ↩
  38. Hochstetter A., 1984, Taf. 76, 1.2: Taf. 78, 2, 3: Taf. 88, 3: Taf. 94, 5: Taf. 102, 1; Taf. 109, |. Hochstetter A., 1984, Taf. 134/2; Stojié M., 1986, T. 3, 9; Stojié M., 2004, 291. Георгиев 3., 1989, преобјавено kaj Stoji¢ M., 2003, T. IV, 6, 9-12, T. V, 4, 10, T.VI, 10-12, T. УП, 7, 8; Stankovski J., 2003, T. I, 3, T. IL, 4. Hochstetter A., 1984, Taf. 263, 7; Koukouli-Chrysanthaki C.. 1982. Pl. 9. 11. ↩
  39. Булатовиќ A., 1999-2000, T. 1,16-19, 21-23; Булатовиќ A., 1999, T.1, 9; Т. 2, 2, 3, 11. ↩
  40. Митревски Д.. 1997, 48; Станковски Ј.. 2003. T. Ш, 6; Санев B. et al., 1992, 36. ↩
  41. Непубликуван материјал од светилиштето на Пелинското Градиште. ↩
  42. е Митревски Д., 2003, 14-16; Митревски Д.. 2003a, 50. ↩
  43. Translated by: ↩
  44. Marija Stankovska ↩

Summary

Tumulus 1 of the Necropolis at the Village of Strnovac, in the Municipality of Staro Nagoričane

During 2001-2003, the Kumanovo Museum carried out the excavation of the tumulus that bears the temporary name Tumulus I of the necropolis at the locality Dolinac, at the village of Strnovac (municipality of Staro Nagoriéane). Before the excavations, the tumulus had the following dimensions: diameter: 20 m and height: 1,71 m. The tumulus was delimited by a wall of large rough stones and the original level of the soil was covered with a layer of smaller stones. In the central part of the tumulus, a height of 0,5 m from the original level of the soil a man was buried in an embryonic position. Around the dead a grave (Grave I) is formed of rough stones having a North-West — South-East orientation. Above the Grave I there 15 a small pile made of rough stones (the “nucleus” of the tumulus) whose diameter is of about 5 m. The traces of ash which were visible around this pile of stones indicate that a ritual burning was carried out before the nucleus was completely covered with stones. On the South-East of the Grave I a second grave was formed (Grave II). The roughly made cist was orientated North-Est — South-West and it contained badly preserved remains. This burial was carried out after the tumulus had been formed. Near the Grave I, the following offerings had been deposed: a small cup next to the head of the deceased, three fragments of a two-handled mug next to his chest and several fragmented vessels next to his hips and feet. Also, inside the tumulus, ceramic fragments had been dispersed over the whole surface, probably during the funeral rituals. The fragments of the following ceramic vessels were discovered: mugs with two ribbonlike handles which are higher than the rim, cups, bowls with out-curving rims or incurving rims, jars with tongue-like handles decorated with fingerprints. The smaller vessels are either fluted or had incised decorations (lines) or stamping. The small vessel with dark red mat painted decoration is of special interest. The nearest parallels of the ceramics discovered in the Tumulus I are the ceramics which are found in South-Eastern Serbia, Eastern Kosovo, Northern Greece and South-East Bulgaria. The archaeological material is from the HaA — HaB1 period or from 12th — 10th century BC (following the Reinecke system for the Central Europe).

Библиографија