Macedoniae acta archaeologica 18 (2008) · стр. 17–18

За Војче, 13 април 2007, Музеј на Македонија

Македонската археологија изгуби човек со кого ќе се гордеат сите идни времиња. Колку и да ги има и колку и да се родат археолози кои ќе го проучуваат младото камено време од длабоката праисториска темнина, не ќе можат да го заобиколат Воислав Санев и неговите истражувачки резултати без кои нема да може да се толкува и синтетизира неолитскиот период на балканските простори.

Тој си отиде од нас, нема да го има во нашите дружби, но ќе го има во сеќавањата, а тие се многу потрајни од дружбите. Дружењето е само во време на животот, додека спомените се пренесуваат од еден во друг живот, се пренесуваат во бескрајната иднина.

Моето прво дружење со Воислав Санев се случи во далечната 1973 година, кога како студент по археологија учествував на археолошките истражувања на локалитетот Велушка Тумба кај Породин во Пелагонија. Тоа беше мојот прв неолитски терен и прва теренска школа за истражување на неолитски локалитет. Екипата беше чудесна: Воислав Санев и Драгица Симовска како раководители, Душанка Kopakesuk, Кирил Ефремов. Марија со керамиката и јас како членови на стручната екипа. Тоа беше едно идилично патување во младото камено време. Јас се чувствував како посвоно дете во екипата. Во спомените тоа ми се отсликува како некоја семејна хармонија, а на теренот за првпат научив како треба да се третира една основа од неолитска куќа и како се чита земјата од профилите со слоеви и хоризонти тортевито одвоени. Војче од Породин 1973 беш Војче со широк сламен шешир и секогаш со широка „археолошка“ насмевка, што, пак, значеше доверба, пријателство, поддршка за креативна работа на теренот, спокојство и неолитски мир. Таков Војче ми остана и натаму во животот и покрај многубројни други животни ситуации во археолошката сфера кои ни приредувале радости и таги, дискусии и индиректни конфронтации, зближувања и разијдувања, идеали и реални жалби ...

Како „татко“ на македонската археолошка неолитска школа и аналитичар на македонските најстари културни групи, Санев во моите археолошки соништа ќе биде секогаш првиот македонски неолитичар кој во своите анализи имаше доблест да проникне и да ја сфати посебноста на вредностите од локалитетот Зластрана во Дебарца, Охридско, кој локалитет беше моето прво самостојно истражување, истражување кое траеше само 10 дена и кое беше реализирано само со екипа од еден археолог и еден копач. Значи, резултатите беа впечатливи и навистина со посебни карактеристики во рамките на македонскиот неолит, така што Воислав Санев тоа брилијантно можеше да го забележи и да ја издвои Зластарна како најстара неолитска културна група од Охридско, а во рамките на македонскиот неолит. Неговата презентација на оваа тема во ману пред десеттина години беше беспрекорно осветлена слика за еден огромен праисториски период и исклучителен придонес за македонската археолоија.

Последната наша средба беше пред околу еден месец кога Војче дојде во мојата работна просторија во Управата за заштита на културното наследство и видно револтиран ги истури на маса подготвените материјали за публикација на Анзабегово-вршничката културна група, која, паметам, ја работеше повеќе од дваесеттина години, се разбира повремено. Рече дека ми ја остава со молба ако можам, кога тогаш, да помогнам да се отпечати, оти тој повеќе нема нерви, а посебно и заради тоа што Министерството за култура за оваа година не доделило финансиски средства за печатење на ну Заводот и Музеј - Штип. Тогаш се Јавивме во Одделението за издавачка дејност при Министерството и за среќа добивме врска со Комисијата која во тој момент одлучувала по некои жалби од издавачките куќи. Откако го разбраа значењето на нашето барање за печатење на дело кое ја осветлува најзначајната и најстара култура на територијата од Македонија од авторите Милутин Гарашанин, Драга Гарашанин, Драгица Симовска и Воислав Санев. тие прифатија вонредно да ја внесат во програмата за финансирање. Со Војче си подадовме рака и бевме исклучително радосни, па се договоривме натака што побргу да ја дадеме во печат. Војче отиде со ветување дека набрзо повторно ќе се врати со подготвен компакт-диск.

Не се врати повеќе. Сега уште повеќе ќе ни тежи ветувањето. Книгата на Војче и другите ќе мора да види бел ден. ако веќе Војо не може повеќе да го гледа нашиот бел ден.

Драг учителу, колега и пријателу,

Нека ти е убаво таму горе. горе високо, или таму долу, долу длабоко, во неолитските идилични ливади. Оти, ти знаеш: во длабокото минато се содржи нашата длабока иднина.