Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 115–139
Раноантичка керамика од Пилаво - с. Бурилчево, Кочани
Археолошкиот локалитет Пилаво, во науката познат како наоѓалиште од енеолитскиот период, се наоѓа во близина на Кочани, на 2 км северозападно од селото Бурилчево.1 Неговата конкретна локација е зарамнетото плато на врвот од едно возвишение коешто доминира над Кочанската Котлина. Платото се издига на левиот брег на реката Брегалница, во непосредна близина на сливот на Злетовска Река, покрај современата патна сообраќајница Кочани - Штип (сл. 1). Неговата доминантна местоположба во однос на останатиот терен му овозможувала безбедност на оној што го населувал. Од друга страна, заради стрмноста на трите страни на возвишението коишто се отворени кон полето, во голема мера бил отсжнат пристапот кон иеговиот врв. Полссен начин за приоѓање до него бил возможен единствено од југ, односно од југоисток.
Извонредната позиција на Пилаво во стратешка смисла била искористена и во нашето блиско минато. За време на Првата светска војна тука биле вкопани ровови за стационирање на војската. Со овис активности уште тогаш биле предизвикани сериозни оштетувања на археолошките културни слоеви. Слични оштетувања биле направени и нешто подоцна, со пошумувањето на платото извршено во седумдесеттите години од минатиот век.
Уште два археолошки локалитета се наоѓаат во непосредна близина на Пилаво. Западно од него, одвоен со длабок дол, се наоѓа Тупанец, додека кон југ, речиси во продолжение на Пилаво, се наоѓа локалитетот Грамади.2
Во текот на неколку истражувачки кампањи на локалитетот, истовремено со дефинирањето на енеолитскиот хоризонт, беше констатирано присуство на движен археолошки материјал и од раноантичкиот период.3 Исто така, беше евидентирана и појава на покрупни камења, измешани со слој од жолта набиена земја. Тие не формираа видливи остатоци од некакви архитектонски целини, меѓутоа, сепак, укажуваа на можност платото да било користено за живеење и во овој период. Оваа појава, како еден вид нивелација. се сретнуваше на релативна длабочина од еден метар на целиот истражуван простор. Во смисла на вертикална стратиграфија, истата не ја третиравме како валиден фактор за одвојување на двата констатирани хоризонта, бидејќи мешање на енеолитскиот и раноантичкиот движен материјал следевме како над неа така и во слоевите коишто беа под оваа појава. Заради претходно споменатата деструкција на платото, досегашните истражувања се уште не можат да одговорат на прашањата за начинот на живеење, за типот на објектите и за уредувањето
> Колиштркоска Настева И., 1987, 44-45. на животот во нив во текот на раноантичкиот период на локалитетот.
Движниот археолошки материјал, карактеристичен за раната антика, се состоеше од ретки наоди од метал и од голем број фрагменти на садова керамика. Од металните предмети беа најдени еден фрагментоджелезои бронзена фибула од т.н. малоазиски тип (сл. 2). Фибулата беше речиси целосно зачувана. Таа се состои од кружна, делумно оштетена глава, лачно извиено тело, со три брадавичести задебелувања по неговата должина и систем за држање на иглата направен од кружен плочест дел, кој е исто така оштетен. Иглата недостасуваше. Брадавичестите задебелувања на лакот од двете страни имаат по еден прстенест додаток. Според типолошката поделбата на фибулите од малоазиски тип, направена од Б. Китаноски. нашата фибула припаѓа на третата група, односно на нејзината подгрупа - А. Фибулите од оваа група се датирани во периодот од У!-Ш век пр. н.е.4 Најблиски аналогии за фибулата од Пилаво наоѓаме во примерите најдени на локалитетите: Горно Село кај Караорман - Штип.5 Демир Капија,6 Калдрма кај Прилеп и Требеништа кај Охрид,7 сите датирани во периодот од крајот на VI до Ш век пр. н.е.8 Фибулите од овој тип, најдени на локалитетот Перник во Бугарија, имаат поупростена форма, а датирани се во V-IV век пр. н.е.
Раноантичката садова керамика од Пилаво упатува на производство со карактеристики типични за локална керамичарска продукција. Повеќето од садовите биле изработени на грнчарско тркало. додека бројот на рачно работените садови во однос на претходните е помал. Неколку фрагменти укажуваат на присуство и на увезена керамика, која е застапена во мал процент. ОД останатите предмети од керамика најдени се неколку тегови.
Рачно работените керамички фрагменти им припаѓаат на поголеми садови-лонци. Тие биле направени од релативно добро пречистена глина, со присуство на поситни зрна песок и лискун. Бојата на нивното печење е нееднаква и варира од црна, темнокафена до керамидноцрвена од внатрешната, односно од надворешната страна на зидовите од садовите. На надворешната површина кај некои од нив се забележуваат траги од механичко мазнење. Лонците имале широко отворено устие и длабок реципиент. Под устието имале потковичести или хоризонтално извлечени, јазичести рачки (T. I. 1,2). Садовите со вакви елементи редовно се присутни меѓу керамичкиот материјал на наоѓалиштата од раноантичкиот период кај нас, но и во соседните региони. Датирани се во периодот од втората половина на У и во првите децении на IV век пр. н.е.9
Една куса, масивна рачка со четвртест пресек, чијшто врв завршува со заоблени рабови меѓу коишто има широк засек, исто така припаѓала на голем рачно работен сад (Т. I. 5).
Некои од помалите рачно работени садови имале куси лентести рачки со неправилен пресек. Декорирани биле со кружни втиснување, веројатно од прсти, на врвот, како и од долната страна на коренот од рачката (T. I. 6). Слична на нашиот примерок е фрагментираната рачка најдена на локалитетот Кршевица, кај Врање.
Украсувањето нарачно работените садови се изведувало со аплицирање на пластични додатоци во форма на плетенка или на ленти, на коишто имало втиснување од прсти. Ваков манир за декорирање е препознатлив за керамиката од постарите праисториски периоди, меѓутоа, неговата употреба се задржува, односно продолжува и на рачноработената керамика од раната антика (Т. 1. 3, 4). Слични примери како нашите се наоѓани на сите наоѓалишта од овој период во Македонија, на локалитетот Кршевица кај Врање, кај Перник во Бугарија.13
Садовите изработени на грнчарско колце го сочинуваат најголемиот број од движниот археолошки материјал од раноантичкиот хоризонт на Пилаво. Од особено значење, коешто треба да се нагласи, е дека најголемиот дел од нив имаат сиво печење. Садовите со окер или со црвено печење се застапени во помал обем. Сиво печените примероци ги карактеризира добра фактура и тенки зидови, додека бојата, во зависност од техниката на печење, варира во неколку нијанси. Разликата во боја14 На садовите најдени Кај Пилаво се забележува употреба на механичко мазнење од надворешната површина. На тој начин е добиена потемна нијанса на сива боја во однос на бојата од внатрешната страна на садот, а истовремено бил постигнат ефект на сјајност.
Репертоарот на сиво печените типови садови е скромен. Меѓу нив најбројни се чиниите кај коишто најмногу доаѓа до израз локалниот белег на изработка. За разлика од нив, останатите типови садови: чаши со две рачки, поголеми садови со две рачки, ојнохои, бокали. хидрии и скифоси се поретки. Кај некои од нив се забележува копирање на грчките форми, релативно честа појава во регионите подалеку од центрите за производство на атичка керамика. Забележуваме дека на чиниите најдени на Пилаво оваа тенденција за копирање е слабо изразена или речиси и да ја нема.
Чиниите како категорија садови можеме да ги поделиме на мали и големи, со забелешка дека речиси сите, исклучоците се ретки, имаат слични карактеристики. Тие се со полусферична форма и со дно коешто завршува рамно или со појава на прстен (Т. II, 1, 2,3). Варијациите во формите произлегуваат од начинот на изведувањето на устието. Од малите чинии најдени се: фрагменти чиишто устија имаат раб свиен кон внатрешната страна (T. Ill, 1, 2); фрагменти од устија кои имаат рамна горна страна со раб извлечен навнатре (Т. Ш. 3); примери кај коишто работ на устието е делумно извлечен кон надвор, со плитки жлебови од надворешната страна на самото устие и под него (Т. III, 4; Т. ГУ. 3); чинии со проширена горна страна на устието на којашто се врежани плитки жлебови, (T. IV, 1, 2). Од сите нив најчест наод се чиниите со устие свиено кон внатрешната страна, коишто наликуваат на хеленскиот ехинус тип чинии. Тука можеби треба да се земе предвид забелешката на И. Микулчиќ, според кого, во оваа форма не треба да се бараат сличности само со хеленските примери. туку во едноставното и функционално решение на садовите од овој тип да се следат постари традиции.15 Вакви чини се најдени кај Врање.16 на локалитетот Градиште кај Пелинце и Градиште кај Макреш, Куманово,17 Нерези кај Скопје.18 Кнежје кај Свети Николе.19 на локалитетот Градиште кај Heroruno.20 За останатите форми на мали чинии од Пилаво претпоставуваме дека се своевиден локален керамичарски израз. Делумна сличност наоѓаме во материјалот од Кршевица кај Врање.21 во Перник, Бугарија?22 како и во една група на чинии најдени како вонгробен наод покрај гробовите 1, 5 и 6 од локалитетот Горно Поле, село Караорман кај Штип кои датираат кон крајот на VI-V век пр. н.е.23
Во оваа група садови се вбројуваат и две помали чинии или чаши, кои имаат издолжено тело со заоблена, конусна форма, декорирано со плитки хоризонтални жлебови од надворешната страна на устието И под него. Една од чиниите била потопена во окер енгоба, со што е добиена нееднаква окер-сива боја при печењето (Т. У, 1); на вториот примерок забележуваме графитен премаз (Т. V, 2). Слична на нашите примери е чашата со издолжено тело, најдена во хеленистичкиот слој на локалитетот Исар кај Марвинци.24
Големите чинии имаат широко отворено устие, полусферична форма и варијации во длабочината на реципиентот. Слично како кај помалите примери тие може да имаат устие со проширена горна страна со или без плитки жлебови кои ги има и од надворешната страна под самото устие (Т. VI, 1, 2). Некои од големите примероци чинии имаат рачки (Т. УП, 1, 2). Чиниите со длабок реципиент исто така имаат широко отворено устие, со рамна или благо заоблена горна страна на устието декорирана со плитки жлебови. Телото на садот е со блага „5“ профилација (T. VII, 1) кое може да биде декорирано со врежување на комбинирани плитки жлебови и брановидни линии (Т. VIII, 2). Слични на нив се чиниите со рачки најдени на Градиште кај Неготино"25 и кај Перник, Бугарија.26
Чашите со две рачки имаат кантаровидна форма. Направени се од добро пречистена глина со тенки зидови и имаат светло сиво печење. Телото може да има заоблен стомак или косо да се спушта кон дното. Рачките се лентести, излегуваат од устието и високо го надвишуваат (T. IX, 1, 2). Садови со вакви карактеристики се пронајдени во Кршевица кај Врање,27 како и во Перник во Бугарија.28 Еден фрагмент кој веројатно има иста или слична форма како претходно споменатите чаши му припаѓа на сад со поголем реципиент. На него има траги од механичко мазнење во вид на вертикални линии (Т. X, 1). Садови со слична форма се најдени во Неготино и кај Демир Капија,29 додека начинот на којшто е изведено мазнењето има сличност со некои садови најдени на Вардарски Рид Кај Гевгелија“ и Исар кај Марвинци?" На територијата од источна Македонија оваа форма на садови е типичен наод на наоѓалиштата од полното железно време32 2“?
Слично како кај чашите, еден фрагментиран помал бокал со сиво печење има зачувана рачка со неправилен четвртест пресек, којашто исто така започнува од устието, високо го надвишува и завршува на најширокиот дел од стомакот (T. IX, 3).
Еден фрагмент од устие на ојнохое (Т. XIV, 1) не укажува на формата на садот, меѓутоа, сличност веројатно треба да бараме со овој тип садови најдени на локалитетот Градиште кај Неготино.33
Хидриите се изработени од пречистена глина, имаат добра фактура и квалитетно светло сиво печење. Устието има раб извлечен нанадвор, вратот се стеснува во долниот дел и преминува во телото коешто е заоблено во горниот дел и веројатно благо се стеснува кон дното. Рачката е лентеста, почнува под устието и завршува над стомакот (Т. X, 2; Т. XI, 1). Слични на нив се примерите од Кршевица кај Врање,34 Градиште кај Бразда.3-35 Фрагментите од хидрии најдени на локалитетот Кнежје имаат црвено печење. Кај овој тип садови веројатно најмногу се гледа тенденцијата за копирање на грчките производи.
За декорирање на сивопечените садови, освен хоризонталните плитки жлебови коишто се комбинирале со плитко вжлебени брановидни (Т. XII, 1, 2) се користеле и флорални елементи (Т. XII, 3). Плитките хоризонтални жлебови на работ од устието и на горниот дел од садовите се карактеристичен белег на сивопечените садови во раноантичкиот период, често се во комбинација со брановидна линија. Флоралниот мотив е исто често присутен.
Фрагментите од скифоси се ретки. Изработени се од добро пречистена глина и имаат подебели зидови со окер-сиво печење. Устието е рамно, рачките се со овален пресек и почнуваат во висина на устието (Т. XIII, 1,2, 3). Долниот дел на овој тип садови не е зачуван. Наоѓаме сличност се еден фрагмент со керамидно-окер печење најден на локалитетот Knexje. Садовите со окер или со црвено печење се помалку застапени. Меѓу нив с една мала чинија, изработена од добро пречистена глина со окер-црвено печење и премачкана со премаз со потемна црвена боја, по формата е слична на примероците со сиво печење. Таа има полусферична форма и жлебови на горната страна од устието и на надворешна страна од садот
Интересна е појавата на еден мал сад со форма на афионова чашка со интензивно црвено печење (Т. XIV, 4). Тој, всушност, претставува Керамичка копија на приврзоците од т.н. македонски тип бронзи, изработувани во периодот на железното време. Овој предмет е случаен наод од соседниот локалитет Тупанец. Сличен на него, со сиво печење, пронајден е на локалитетот Градиште кај Неготино40 .“?
Неколку садови со црвено или окер печење укажуваат на копирање на античките форми. Таков е примерот со фрагментот од горен дел од лекит, чиј што раб е премачкан со темнокафен премаз (Т. XIV, 2); исте случајот со една мала чаша премачкана со кафен премаз (T. XV, 4), како и со еден фрагмент веројатно од амфориск, со нееднакво окер-сиво печење (T. XIV, 3).
Увезените предмети се ретки. Меѓу нив има неколку фрагменти од дна на амфори (Т. XV, 1, 2). Според фактурата и печењето со посветла или потемна окер-црвена боја, тне биле произведени во тасоските работилници. Овие амфори се често присутен атички увезен производ на раноантичките наоѓалишта. Кај нас овој тип на амфори се најдени на Вардарски Рид кај Гевгелија,41 Исар кај Марвинци,42 Кнежје кај Свети Николе.43 Исто така ги сретнуваме на Кршевица кај Врање,44 како и во Перник - Бугарија.45 На сите локалитети со овој тип амфори одговара карактеристичен движен материјал кој е датиран од У-Ш век пр. н.е.
Една фрагментирана црнофирнизирана рачка најверојатно од киликс (Т. XII, 6) можеби укажува на увоз од некоја работилница за изработка на атичка керамика.
Меѓу останатите фрагменти од садови најдени на Пилаво ги издвојуваме; еден фрагмент од устие, веројатно од стамнос, од добро пречистена глина со окер печење (Т. XV, 3): два фрагменти од сад со „5“ профилација, со сиво и со окер печење, коишто имале потковичести рачки со кружен пресек (T. XIV, 5); фрагмент од лентеста рачка на помал сад со окер печење, со длабоки жлебови по нејзината должина (T. XII, 4); еден фрагмент од тордирана рачка, исто така од помал сад со окер печење (T. XII, 5). Вакви рачки се најдени и во Перник, Бугарија.46 Појавата на тордираните рачки на локалитетите кај нас, според В. Битракова Грозданова, датира во почетокот на III век mp. н.е.47 Овој факт би можел да укаже на крајната датација на егзистирање на раноантичкиот хоризонт на Пилаво.
Од останатите керамички предмети најдени се и неколку тегови. Теговите се пирамидални, во форма на астрагал и кружни (Т. XVI, 1, 2, 3, 4).
Раноантичкиот хоризонт на локалитетот Пилаво во согласност со движниот археолошки материјал може широко да се датира во периодот од У до Ш век пр. н.е. Прегледот и датирањето на поединечните групи наоди освен што дава поблиска детерминација на животот на Пилаво, опфаќа и еден друг момент. Имено, преку согледувањето на карактеристичните белези, пред се, на керамичкиот материјал пронајден тука, возможно е да се следат и да се направат паралели со исти такви појави на раноантичките локалитети не само во регионот на Кочани, источна Македонија, туку и во пошироки територијални рамки. Исто така, како што сметаат некои археолози, според некои од типичните карактеристики на раноантичкиот керамички материјал, би можел да се направи и обид за идентификување на некои традиционални културни белези, како и на потеклото на населението коешто ги негувало.
Типот, формите како и специфичното печење со сива боја кај поголемиот број садови, пронајдени на Пилаво, го вбројуваат локалитетот во редот на претходно евидентираните раноантички локалитети во источна Македонија, по горниот и средниот тек на реката Вардар, во Јужна Србија како и во дел од западна Бугарија. Забележливо e дека карактеристиката на сиво печење на керамичките садови којашто ја одбележува керамичката продукција на садовите во раната антика, како појава ја следиме на поширока територија.48 На секој од поединечните локалитети од овој период се огледуваат локални елементи и традиции во изработката на овој вид на садова керамика, којашто, главно, се поврзува со периодот на IV век пр. Н.е.49
Анализирајќи ги постарите периоди, пред се, периодот на железно време помеѓу VIII-VI век пр. н.е., коешто се карактеризира со интензивен живот согледан преку погребувањата но и од движниот материјал, исто така наоѓаме директни аналогии во речиси сите локалитети по течението на Брегалница, по Средното и Долното Повардарие. Кај некои од сивопечените садови од раната антика исто така забележуваме зачувани остатоци на форми од постарото железно време, што секако зборува за една долга традиција во негувањето на керамичките форми поврзана со населенисто на овие територии. Според некои научници, нивната појава на една поширока територија укажува на можност во неа да се лоцира население коешто го поврзуваат слични културни традиции и со слична припадност - пајонска.50
Кога станува збор за рачно работените садови од раноантичките локалитети, забележливо било осиромашувањето, односно намалувањето на бројот на нивните типови. Таквата тенденција се случила во периодот на V-IV век пр. н.е. Оваа појава била констатирана на повеќе локалитети од овој период кај нас и во некои од соседните региони, а ја забележавме и на Пилаво. Според некои истражувачи таа се должела на некои нови промени на историско-општествените и економски услови на една поширока територија, којашто била населена со одредена етничка групација, во случајот идентификувана со пајонската.51
Потврдата за пајонското етничкото потекло на населението секако треба да се бара во пишаните историски податоци. Кога се работи за просторот источно од Аксиј, каде што припаѓа локалитетот Пилаво, античките извори содржат скромни информации. Според Тукидид, просторот околу горното течение на Струма бил населен со Лајаи и Агријани.52 а северозападно од нив се населени независните Пајони. Најверојатно дека во овис независни Пајони би можеле да го препознаеме племето Дерони. Според Хамонд, нив би требало да ги бараме во близина на злетовскократовските рудници.53 Истите имале развиено монетоковање уште од VI век пр. н.е.54 кое со извесни прекини може да се следи се до триесеттите години на Ш век пр. н.е. Од овој материјал се дознава нивната деронска племенска припадност. како и имињата на нивните кралеви. Кај Ливиј и Полиен бил забележан податокот за церемонијалното крунисување на пеонските кралеви кое се извршувало во водите на реката Астибо.55
За пајонската територија даваат информации и географите Страбон и Птоломеј i Најголем дел од тие информации се однесуваат за периодот од VI u IV в. пр. не.. според кои Пајонија во својот голем процут се простирала од Стримон до Пелагонија и до морето на југ.56 Во изворите се споменуваат повеќе градови од раната антика кои до ден денешен не се откриени. На просторот од источна Македонија се Алмана, Астибос, Десудаба, Tpanynapa, Астраион.57
Токму Транупара, според Ф. Папазоглу, (користејќи го Полиен како извор) би требало да ја бараме некаде во кочанско-кратовскиот регион.
Местоположбата на Кочанската Котлина овозможувало комуникација со некои поразвиени региони уште од најстарите временски периоди. Преку реката Брегалница таа комуницирала со двете значајни делници, кои, пак, го поврзувале централно-балканскиот простор со технолошки поразвиениот југ: Вардарско-моравската долина и долината на реката Струма. Во подоцнежните периоди тука поминувала и делницата што го поврзувала Стоби со Сердика. Во близина на локалитетот Пилаво, по текот на Злетовска Река води и делницата преку Осоговските Планини.58
Погорепонудениот материјал и неговите аналогни примероци, ни оставаат можност за лоцирање на некоја мала раноантичка населба со развиени трговски комуникации со поблиските и подалечни раноантички градски центри по течението на Стримон и Аксиј.
llinka Atanasova Museum Collection — Koéani SARITA KARPUZOVA
Veles
POTTERY FROM THE EARLY ANTIQUITY AT THE SITE OF PILAVO - V. BURILCEVO NEAR KOCANI
Белешки
- Санев В., 1961, 71-74; Колиштркоска Настева И.. 1987, 44-45; Колиштркоска Настева И., 1999, 25-32; Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 1996, 173. Во оваа пригода. на раководителот на Проектот, Ирена Колиштркоска Настева. it се заблагодаруваме за отстапениот материјал. ↩
- Археолошка карта на Република Македонија. Tom И. Скопје. 1996. 173. Китаноски B., 1966, 1-14: Китаноски B., 1975, 121-132. ↩
- Микулчиќ V., 1965, сл. 15; Нацев T., 1993, Т. ТІТ, сл. 13. ↩
- Соколовска В.. 1975, 190, T. Ш. сл. 5: Соколовска B., 1986, 50, сл. 19, 5. ↩
- Китаноски Б., 1975, 5-0 и забелешка 25. се постигнувала со премачкување на надворешната страна од садовите со графитен раствор со различна густина или со нафрлање на истолчен лискун, при што се добивала темносива, односно сребреникава боја.14 ↩
- Соколовска B., 1991,163-181: Микулчии И. - Јовановин M., 1968, 369-370; Микулчиќ И., 1976, 161, сл. 6, 41, 43,50; Чангова И., 1981, 81-82, сл. 36. ↩
- Микулчив И. - Јовановин M., 1908, 309, T. V, 328. ↩
- Соколовска B., 1991, 171. ↩
- Микулчиќ И. - Jonanoruh М.. 1968, 370. ↩
- Чангова Й., 1981, 82. ↩
- Микулчиќ И.. 1976. 162: Соколовска B., 1993, 146. ↩
- Микулчић И. - Јовановић М., 1968, 367. ↩
- Микулчић И. - Јовановић М., 1968, 367. ↩
- Георгиев З., 1990-1991, 92, 94, сл. 3-3, сл. 5-3. ↩
- Микулчиќ И., 1982, 30, сл. 11. ↩
- Микулчиќ И.. 1976, сл. 9. ↩
- Соколовска В.. 1986, 47. ↩
- Микулчић И. - Јовановић М., 1968, Т. XI. ↩
- Чангова Й., 1981, 85, сл. 39. ↩
- Микулчић И., 1965, 202, 206, сл. 33. ↩
- Соколовска В., 1986, 84, Т. 29, 2. ↩
- Соколовска В., 1986, сл. 15, 12. ↩
- Чангова Й., 1981, 90, сл. 47. ↩
- Микулчић И. - Јовановић М., 1968, Т. XII. ↩
- Чангова Й., 1981, 88, сл. 43, 1. ↩
- Соколовска В., 1986, сл. 15, 3 и 4; сл. 18, 2 и 3. ↩
- Соколовска B., 1993, сл. 11. ↩
- е Микулчиќ И., 1976, сл. 7, Ки. 13. ↩
- Соколовска B., 1986, 47; Микулчиќ И. - Јовановин M., 1968, Т. XII, 24; Чангова И., 1981, сл. 47 - 2,5, 7,8. 7 за Микулчиќ И. - Јовановиќ M., 1968, Т. УПЕ-195; Чангова И., 1981, сл. 47-6. ↩
- Микулчиќ И., 1976, 162, ел. 7-25. ↩
- Соколовска В., 1993, 142, сл. 1. ↩
- Хусеновски Б. - Спасовска Димитриоска Г.. 1999, 169. ↩
- Шурбановска М., 1987, 67, сл. 1, 2.; Соколовска В., 1986, 83, Т. 75, 2,3. ↩
- Микулчиќ И., 1976, 162, иако авторот не зборува конкретно за тасоски тип амфори. ↩
- И. Микулчиh и М. Јовановиh, 1968, 366. ↩
- Чангова Й., 1981, 93-94. ↩
- Чангова Й., 1981, сл. 48/1, 2. ↩
- Битракова-Грозданова В., 1987, 45, Т. II-6. ↩
- Соколовска В., 1993, 147; Mikulčić I., 1966; Кузман П., 1985. ↩
- Соколовска В.. 1993, 144-147. ↩
- Гарашанин М. - Гарашанин Д., 1959, 27-39; Микулчив И., 1959, 95-104; Соколовска B., 1993, 145: Соколовска B., 1991, 180. ↩
- Соколовска B.,1991, 180-181. ↩
- Петрова E., 1999, 6 (забелешка 20, Thuc. II, 96); Папазоглу Ф., 1957, 85 (забелешка 88, Thuc. II, 95, 3); спореди и Str. VIL, frg.36. ↩
- Петрова E., 1999, 7, заб. 25. ↩
- Петрова E., 1999, 97, ↩
- Папазоглу ф., 1957, 68, заб. 12, и 244, заб. 63. ↩
- Петрова E., 1999, 8. ↩
- Археолошка карта, ‘Tom I, Скопје 1996. ↩
- Лилчиќ B., 1994, 33-48. ↩
Summary
Pottery from the Early Antiquity at the Site of Pilavo - v. Burilčevo near Kočani
The emergence of traces from the Early Antiquity at the site of Pilavo supplements the picture of this period in the present day territory of the Republic of Macedonia, especially in its eastern part. What attracted the attention at the site of Pilavo was the movable archaeological material, most of all, the discovery of gray baked pottery, a distinctive feature of the Early Antiquity. Having in mind the scope of researches of this period carried out in our country so far, gray pottery has scantily been subject of researches. According to some scholars dealing with this issue, the presence of gray pottery more widely in the region showing local characteristics as well as traits preserved from former periods, above all, from the Iron Age, makes it possible to identify this pottery as typical feature of the ethnic groups that shared common elements or inherited similar cultural traits.
According to the historic sources from the Early Antiquity, the area along the upper course of the Struma river, the Bregalnica river basin and the Zletovo-Kratovo region were always mentioned in relation with Paeonians, that is, with some of their ethnic tribes. The gray pottery discovered in this area was also typical output of the Early Antiquity more widely in the area, including the adjacent territories. This pottery, together with other movable material, in our opinion, allows us to qualify it as typical element for identification of some traditional cultural features of Paeonians. The location of the site of Pilavo in the KoGani valley corresponds completely with territories settled by Paeonians. According to the discovered archaeological material there is a possibility a small Paconian settlement to have been located in the period of ЗШ - 3rd centuries BC.
Библиографија
- Археолошка карта на Република Македонија, Том I, Скопје 1996 Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 1996
- Битракова Грозданова В., 1987, Спомениците од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје
- Гарашанин М. - Гарашанин Д. 1959, Археолошка ископавања у селу7 Радању на локалитету7 „Криви Дол”, зшнм I (1958-1959), Штип
- Георгиев 3., 1990-1991, Три предримски населби крај Пчиња, ГЗФФ5 17/18, Скопје
- Китаноски Б., 1966, Фибули од У до Ш век од старата ера во Народниот Музеј во Прилеп, 3АМ IV-V, 1-14, Скопје
- Китаноски Б., 1975, Hexpononara Калдрма кај Прилеп, Масеԁ. acta archeol. 1, 121-132, Прилеп
- Кузман П., Три Чељусти и Вртулька, Требеништа, Охрид 1972, 1985
- Лилчиќ B., 1994, Размислувања околу убикацијата на Транупара, Културно наследство 17-18, 90-91, Скопје
- Muky.ranh И. 1959, Извештај са пробног ископавања халштатске некрополе код села Стар Караорман, ЗШНИМ 1 1958- 1959, Штип
- Микулчив W., 1965, Илирско-архајски гробови из околине Штипа, Старинар XIII-XIV, Београд
- Mikuléié I., 1966, Pelagonija и svetlosti1 arheoloskih nalaza, Beograd
- Микулчиќ И. 1976, Убикација на Билазора, гзфф 2, Скопје
- Микулчиќ И., 1982, Скопје со3 околние тврдини, Скопје
- Јовановии M., 1968, Хеленистички оппидум из Кршевице код Врања, Врањски Гласник ки. ЈУ, Врање
- Настева Колиштркоска I, 1987, Пилаво/Бурилчево, Енеолитска и хеленистичка населба, др 27 (1986), 44-45, Ljubljana
- Настева Колиштркоска И., 1999, Антропоморфни и зооморфни фигурини од енеолитскиот период - лок. Пилаво, Бурилче-ВО, Maced. acta archaeol. 15, 25-32, Скопје
- Нацев Т., 1993, фибули и игли од железнодопските наоѓалишта во Штипско, Maced. acta archeol. 13, Скопје
- Папазоглу Ф., 1957, Македонски градови у римско доба, Скопје
- Петрова E., 1999, Пајонија во И и | милениум ир. н.е., Скопје
- Санев B., 1961. Извештај од археолошките рекогносцирања во Источна Македонија, зшим кн. II, 71-74, Штип
- Соколовска B., 1975, Новија археолошка ископавања у Демир Капији, Старинар, н.с. XXIV-XXV7 (1973-1974), Београд
- Соколовска B., 1986, Исар Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје
- Соколовска B., 1991, Раноантичка рачно работена керамика од Македонија, Maced. acta archaeol, 12, Скопје
- Соколовска B., 1993, Раноантичка сива керамика во Македонија. Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје
- Хусеновски B. - Спасовска Димитриоска Г., 1999. Вардарски Рид-Гевгелија. истражувања во 1994 год., Maced. acta archaeol. 15, Скопје
- Чангова И.. 1981, Тракииското селиште от I хил. пр. u.e., Перник Том 1, Софии
- Шурбановска M., 1987, Исар-Марвинци, прилог кон проучувањето на хеленистичките амфори на Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 7-8, Скопје
- T. П. 1-3: фрагменти од дна со сиво печење
- T. IV. 1-3: фрагменти од мали чинии со сиво печење: 4; фрагмент од мала чинија со црвено печење
- Т. УШ. 1-2; фрагменти од големи чинии со сиво печење
- T. XI. 1: фрагментирана хидрија со сиво печење