Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 93–114

Тумулот II на локалитетот Долинац - село Стрновац, општина Старо Нагоричане

Содржина
  1. Конструкција на тумулот и гробна архитектура
  2. Подвижен археолошки материјал
  3. 6) Метални наоди
  4. Заклучни согледувања

При теренските проспекции во септември 2000 година што се извршуваа во рамките на меѓународниот научно-истражувачки проект „Пирајхме“, чиј носител и организатор е Народниот музеј - Куманово, беше откриен праисториски тумул во атарот на селото Стрновац, општина Старо Нагоричане. Тумулот беше лоциран на локалитетот Долинац. во суводолицата на Стрновскиот Дол. 200-300 м југозападно од маалото Челопечанци.

Уште тогаш беше констатирано дека се работи за тумул со средна големина, со дијаметар околу 20 м и височина од 2 м. Тумулот беше зараснат во бујна вегетација и се чинеше дека има подѕид од крупен и камен плашт од поситен камен. Близината на железнодопската населба на соседниот рид наречен Гавранов Камен, откриена при истото рекогносцирање, како и близината на селските гробишта во село Војник (околу 4.5 км појужно, исто така на левиот брег од реката Пчиња), каде се наоѓаше единствениот досега регистриран и делумно истражен тумул во кумановскиот регион, упатуваше на заклучок дека се работи за слично рано железнодопско погребување. За разлика од многу оштетениот тумул во с. Војник, кој даде извонредно значаен археолошки материјал од Х-УШ век пр. н.е., тумулот во с. Стрновац се чинеше неоштетен, со ненарушена гробна архитектура. При дополнителните обиколки на теренот во текот на 2000 и 2001 година, пред почетокот на ископувањето, се утврди дека се работи всушност за тумуларна некропола од која на теренот останале еден поголем и, веројатно, уште три помали тумули. Остатоците од оштетените тумули сугерираа дека при градба бил користен покрупен, аморфен камен. поради што тумулите по малку страдале од буиците во долот или од изливањето на Пчиња (која се наоѓа околу 400 м западно од централниот тумул). а повеќе при обработка на земјата. Имено. просторот меѓу зачуваните тумули и реката е интензивно обработуван, и во минатото и сега. Поголемите концентрации на покрупни камени блокови на овој простор укажуваат на можност дека се работи за материјал од разнесените тумули.

Сл. 1. Тумул II, по симнување на билниот покривач
Сл. 1. Тумул II, по симнување на билниот покривач

Истражувањата се одвиваа во две фази: од 20.06 до 12.07.2001 год. и од 29.10 до 16.11.2001 год., паралелно на два тумула: централниот Тумул ги на Тумулот II (ел. 1), кој практично почнуваше неколку метри од јужната периферија на Тумулот I. Паралелната интервенција на двата тумула беше неопходна, бидејќи во близината се одвиваа градежни работи (изградба на викенд-куќи), што можеше да ги загрози тумулите.

Во текот на истражувањата во 2001 година целосно е истражен и документиран Тумулот II, додека истражувањата на Тумулот I се при краји ќе продолжат во текот на 2002 година. Незавршувањето на работите на Тумулот I се должат, покрај на ограничените средства, и на споменатиот факт дека тој беше обраснат со густ честар од брестови дрвја, чис вадење значително ја отежнуваше работата.

Резултати од истражувањата во 2001 г. на могилата

означена како Тумул II

Истражувањата ги реализираше екипа на Народниот музеј - Куманово. Во методолошка смисла, применет е метод на ископување по квадранти, т.е. тумулот беше поделен со координатен систем на четири приближно еднакви квадранти, кои потоа беа ископувани напоредно, при што стратиграфијата на тумулот се следеше низ сите квадранти. По средината на тумулот, долж оските на координатниот систем, беа оставени контролни профили со ширина од | м. Меѓутоа, контролните профили во тумулот не останаа до крајот на ископувањето, бидејќи не помогнаа во фиксирање на стратиграфијата. Имено, поради малиот дијаметар на тумулот, бројот на гробовите (шест) и конструкцијата на тумулот кој беше составен од природно нафрлан кршен камен, главно, со поголеми димензии, ископувањето продолжи по откопни слоеви, при што се внимаваше секој керамичен или метален прилог да биде точно стратиграфски позициран, хоризонтално и вертикално.

Точното позицирање на прилозите помогна за приближна реконструкција на гробните конструкции кои не биле грижливо изведувани, а остеолошкиот материјал беше многу слабо зачуван.

Конструкција на тумулот и гробна архитектура

Тумулот е конструиран на тој начин што на нивото од првобитниот хумус (веројатно грубо нивелирано) е направен ограден венец од крупни камени блокови со надворешен дијаметар од околу 9 метри (сл. 2). Во вака

Сл. 2, Ограден венец На Тумулот II; во позадина Тумул I
Сл. 2, Ограден венец на Тумулот II; во позадина Тумул I

формираниот ограден венец е формирана могилната калота со висина од околу 1.2 метри. Зачудува фактот што целиот волумен на могилата е формиран од природно кршен камен со средна и поголема димензија (од 30 до 80 см), речиси колку таа на каменот во венецот, дури и поголема од него. Земјата е измешана со каменот во целиот волумен. Интересно е и тоа што иако тумулот се наоѓа на плавен терен во близина на Пчиња, мал е процентот на речен камен - белутрак во неговата градба, а речниот песок сосема отсуствува.

Гробните конструкции (утврдени се б) се изведени без посебна грижа. Само кај неколку гроба може да се насети гробната циста преку неколку покрупни камења во нејзината конструкција. Се чини дека цистата е формирана така што камењата се ставани околу покојникот без некој одреден ред или покојниците се ставани директно во тумулот, па затоа гробовите немаат одредена и видлива архитектура. Каменот во постелката на гробот не се разликува од оној во просторот меѓу гробовите. Покривањето било со ист таков камен, веројатно нафрлен врз покривна штица. Како покривка на гробот 4 се среќаваат и фрагменти од питос.

Сето ова, заедно со фактот дека остеолошкиот материјал е малку зачуван, прави тешкотии во дефинирање на гробовите - нивната големина. ориентација и позиционирање на прилозите (т.е. кои керамички фрагменти се прилог во или до гробовите, а кои се од садовите со кои се изведувале ритуални дејства по извршеното погребување). На повеќе од овие прашања можеше да се одговори по изготвување на хоризонталната и вертикалната стратиграфија на тумулот, бидејќи секој подвижен наод беше точно фиксиран во просторен координатен систем. Така, концентрација на прилозите во групации и фактот дека дел од металните предмети и накитот се наоѓале на телото на покојникот, и покрај многу лошо зачуваниот остеолошки материјал (скоро потполно распаѓање на коските), не наведе на заклучокот дека се работи за шест скелетни сохранувања. Дополнителните антрополошки анализи на остеолошкиот материјал утврдија дека се работи за слабо зачувани скелетни остатоци од пет индивидуи,1 при што во гробовите | и 3 имало кремирани покојници, а во гробовите 2, 4 и 3 - инхумирани (во гробот 6 нема зачуван остеолошки материјал). Веројатноста дека имало два ритуали на погребување во еден мал тумул оформен, веројатно, во еден релативно кус период со покојници од ист етнички и културен круг и најверојатно со роднински врски е мала. Индикациите за кремирање се можеби резултат на релативно плитките вкопувања и зараснатоста на тумулот со вегетација подложна на опожарување (од удар на гром и сл.).

" Антрополошката анализа ја изврши д-р Фаница Велановска. антрополог. поради што и овојпат И изразувам благодарност.

Илустрација, стр. 97
Илустрација, стр. 98
Илустрација, стр. 98
Илустрација, стр. 98
Илустрација, стр. 98
Илустрација, стр. 98
Формула
Илустрација, стр. 98

T. I. Локалитет „Долинац“, c. Стрновац, Тумул II, железнодопска керамика

Ориентацијата на гробовите е сосема извесна од распоредот на прилозите, фрагментираните остатоци од скелетите и. на места, покрупниот камен кој назначуваше делови од гробната циста (IIpunor-1, с. Стрновац, Тумул Il).

Подвижен археолошки материјал

а) Керамика

Керамиката ја имаше во поголема количина, расфрлена по целата конструкција на тумулот. Иако кабинетската работа околу нејзината селекција се уште не е завршена, пред се, на таа штое гробен прилоги таа што е употребена при ритуалот при и по погребување, таа во најголем дел може културно и хронолошки да се дефинира. Покрај керамиката од садовите со, веројатно, култна намена, бројна е и утилитарната керамика, т.е. фрагменти од здели, поголеми лонци, питоси, делови од подвижни печки и др. Бојата и е сива или кафеава, а е направена од недоволно прочистена глина. Најчести се фрагменти од здели со вовлечен венец на отворот, некаде со хоризонтални пластични испусти од надворешната страна (T. II, 4, 5, 6; Т. Ill, 1, 2), фрагменти од чаши и бокали со една дршка и рамен венец на отворот (T. IV, 2), садови со две вертикални дршки (пехари), делови од поголеми садови од типот урни со разгранет венец на отворот и биконичен мев (Т. II, 1, 2, 3), делови од лонци со пластична лента под венецот на отворот и на вратот, украсена со различни отисоци, фрагменти од подвижни печки (pyrannoi), помали и помасивни хоризонтални валчести рачки (T. III, 3,5) и др.

Орнаментиката се состои од вертикални и коси канелури на венците на зделите (Т. II, 4, 5, 6; Т. III, 1), а често венецот е косо фасетиран (T. III, 2), хоризонтални канелури на вратовите (Т. I, 3; T. Ил, 3) и вертикални и коси канелури на мевовите на помалите и поголемите садови (T. I, 1-4). Канелурите понекогаш се комбиниаат со низи од точкести коси и хоризонтални линии (T. I, 1-4; Т. I, 3-5; T. I, 1) некогаш изведени со назабен инструмент (радло). Се среќаваат и фрагменти со јазичести рачки од поголеми садови (Т. Ш, 4). Чести се и фрагменти на садови со пластични вертикални ребра на мевот во комбинација со коси канелури (Т. 1, 1) и фрагменти од садови украсени со шрафирани висечки триаголници (Т. I, 5, 6; T. IV, 1).

6) Метални наоди

1. Фибули со облик на очила - Најдени се пет, типолошки исти (Т. УП, 1): еден пар со поголеми (долж. 17 см. пречник на дискот 5.3 см). еден пар со помали (14 х 7 см) и еден примерок со мали димензији (11.5 х 5.5 см). Иако не може со сигурност да се каже, се чини дека сите се јавуваат како прилози во гробовите. Под едниот пар фибули се наоѓаше сива флека. но без траги од согорување.

T. II. Локалитет „Долинац“, c. Стрновац, Тумул II, железнодопска керамика пресек која кон краевите се стеснува (пречник 9 см, дебелина на жицата 1.5 см). Околу краевите, кои завршуваат рамно, врежани се неколку кружни линии (Т. VI, 5).

Илустрација, стр. 100
Илустрација, стр. 100
Илустрација, стр. 100
Илустрација, стр. 100

4. Две кружни украсни плочи (копчи) со крстесто пробиен централен дел (едната со дијаметар 5.5 см, а втората со дијаметар 4.3 см) - Слична копча, украсена со концентрични врежани кругови, со димензии 6.2 x 6.4 см се наоѓа во Музејот во Куманово. Потекнува од уништен гроб на локалитетот Бел Брег како случаен наод при земјени работи во 1978 година при изградба на подземна гаража на новоизграден објект (Т. УП, 3, 4).

5, Две бронзени биконусни монисти (едната со должина 2.6 см и пречник на најширокиот дел 2 см, а втората, слична, со димензии 1.8 х 1.5 см) - T. Ш. Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул Ил, железнодопска керамика Потекнуваат веројатно од ѓердан околу вратот (на женски покојник?- Т.

Илустрација, стр. 101
Илустрација, стр. 101

6. Една килибарна мониста со топчеста форма - Наодот е интересен поради фактот дека во северните делови на Повардарието ваквите наоди се значително поретки. Во железнодопските гробови во Јужно Повардарие претставуваат чест наод врзан, пред се, за побогатите женски гробови (пречник 1.4 см).

7. Една обетка од спирално завиткана бронзена жица - Прстенесто свиената едноделна жица е со пречник од околу 1.8 см. Обетките се вообичаен наод во женските гробови во текот на целото железно време.

8. Приврзок составен од повеќе концентрични кругови со дупка во средината - Приврзокот е веројатно во врска со соларниот култ (пречник 8.5 см - Т. УП, 2). 9. Anarka со непозната намена - Димензии: 16 x 3.3 cm. Можеби служела за фино мазнење (лепезестиот крај), а содолгиот шилест дел била насадена во дрвен или коскен држач (Т. V, 1).

T. IV. Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул II, реконструирани керамички садови
T. IV. Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул II, реконструирани керамички садови

10. Украс од спирално завиткана жица (со три навои) - Се работи за обетка или можеби прстен (висина 0.8 см, пречник 1.6 см - Т. VI, 6)

11. Фрагмент од кружна бронзена алка - Можеби служела за собирање на коса (пречник 4 см - Т. VI, 3).

Гробови и гробни наоди

Утврдени се вкупно шест гроба со можност, во централниот дел, околу белегзијата од дебела жица со префрлени краеви, да постоел и седми, централен гроб. Ориентацијата на сите гробови е во правец с/иj/3. Во, веројатно, машките гробови бр. 3, 4 и 5, покојникот е полаган со главата во североисточниот крај на гробот. Во гробот бр. 1, во кој, според остеолошките остатоци, имаме можеби двојно погребување (женска возрасна индивидуа со дете?), главата на возрасниот покојник, според наодите, пак, е во североисточниот крај на гробот. Гробовите 2 и 6 се исто така женски, со главата на покојниците во североисточниот крај на гробот. За изведување на ритуалните дејствија во центарот на Тумулот II нема траги (гареж, животински коски, поголема концентрација на керамика), но вакви ситуации се познати од некои тумули2 во југозападна Србија, каде ритуалните дејствија за одреден тумул можеле да се изведуваат и во таков простор во друг тумул.

Cn. 3
Сл. 3

Конструкција - без одредена и видлива архитектура. Околу гробната постелка од. веројатно, нивелирани камења. нареден е ограден венец од камења без некој одреден ред. Покојникот е покриван со земја и камења. Можеби над покојникот имало штица врз која биле нафрлувани камењата. Приближна димензија на гробот - 1.5 x 0.6 м. Ориентација на гробот - с/и-ј/3.

Остеолошки наоди - малку (остатоци од череп, дел од вилица, остатоци од невести коски).

Археолошки наоди - Во североисточната половина на гробот:

- бронзена биконусна мониста (T. VI, 1);

- обетка од намотана бронзена жица:

- бокал со рамен венец на отворот, цилиндричен врат и една држалка. Вратот под венецот е украсен со хоризонтална низа од втиснувања, а мевот со три пластични ребра и вертикални плитки канелури: - длабока чинија со вовлечен венец и две хоризонтални држалки од окер печена глина, со груба фактура со примеси на лискун и песок. Венецот е украсен со врежани коси. неправилни линии;

Илустрација, стр. 104

- мало сатче со две држалки кои го надвишуваат венецот на отворот. Под низата од точкести втиснувања во горниотделнарамотоврежана е низа од висечки триаголници исполнети со шрафирање (Т.

Гроб 2 (сл. 3)

Конструкција - без одредена и видлива архитектура (исто како и гробот 1). Приближни димензии - 1.8 M x 0.6 м. Ориентација на гробот - с/и-

Илустрација, стр. 104

Остеолошки наоди - малку во југозападната половина на гробот, во близина на приврзокот.

Археолошки наоди - во по-

ловина на гробот:

- три фибули со облик на

Илустрација, стр. 104

очила;

- една бронзена биконусна мониста (Т. VI, 2);

- една килибарна мониста, непосредно до фибулите;

- една копча (Т. УП, 3).

Во југоисточната полови- 01 2 3 “см 0 1 2 3 4СМ.

на на гробот:

- приврзок составен од повеќе концентрични кругови со

T. V - Локалитет „Полинац“. с. Стрновац, Тумул Ил, метални наоди

дупка во средината (Г. УП, 2).

Илустрација, стр. 105
Илустрација, стр. 105
Илустрација, стр. 105

T. VI - Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул Ил, метални наоди

Врз основа на повеќе фрагменти што ја оневозможува точната позиција на садовите, можат да се реконструираат:

- бокал со рамен венец и со цилиндричен врат украсен со хоризонтални канелури ограничени, под венецот и на рамото, со низа од триаглести втиснувања. На рамото и на дел од мевот - појаси со коси канелури, одвоени со по неколку вертикални канелури.

Според накитот се работи за женски гроо.

Гроб 3

Конструкција - без одредена и видлива архитектура, слично како гробовите | и 2. Приближни димензии - 1.80 x 0.6 м. Ориентација на гробот

Остеолошки наоди - цевчести коски од долните екстремитети.

Археолошки наоди - во северозападната половина на гробот:

- железна алатка со непозната намена (T. V, 1);

- фрагменти од најмалку три железни ножа (T. V, 2 - 4).

Во југозападната половина на гробот:

- мало чинивче со рамен, благо вовлечен венец на отворот. украсен наизменично со засеци и втиснувања (Т. IV, 3);

ќ фрагменти on најмалку две чинии со вовлечен и канелиран венеци фрагменти од помали садови.

Според наодите, се работи за гроб на машка индивидуа.

Гроб 4

Конструкција - без одредена и видлива архитектура, слично како гробовите 1, 2 и 3. Приближни димензии - 1.8 x 0.6 м. Ориентација на гробот

Остеолошки наоди - слабо зачувани делови од череп, два заба, кон североисточниот крај на гробот. Во југозападниот дел на гробот - фраг-МСНТН од коски од долните ектремитсти.

Археолошки наоди - во североисточниот дел на гробот:

- делови од питос, со кои делумно бил покриен североисточниот дел на гробот (кај главата);

- делови од керамички сад од типот урна. од длабока чинија со вовлечен венец, фрагменти од канелиран сад.

Гроб 5

Конструкција - без одредена и видлива архитектура, слично на гробовите 1,2, 3 и 4. Приближни димензии - 1.65 x 0.6 м. Ориентација на гробот

Остеолошки наоди - мал фрагмент од цевчеста коска од долен екстра-

Археолошки наоди - фрагменти од најмалку два сада со груба фактура.

Гроб 6

Конструкција - без одредена и видлива архитектура, слично на гробовите 1, 2, 3, 4 и 5. Приближни димензии - 1.7 х 0.6 м. Ориентација на гробот - |/3-с/и.

Остеолошки наоди - нема.

T. УП - Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул Il, метални наоди
T. УП - Локалитет „Долинац“, с. Стрновац, Тумул Ил, метални наоди

Археолошки наоди:

- белегзија со префрлени краеви изработена од бронзена лента (T. VI, 4);

- две фибули со облик на очила;

- сад со една држалка (бокал), украсен на вратот со хоризонтални канелури. а на рамото и на дел од мевот со вертикални. Вратот го одвојува од рамото низа од куси хоризонтални зарешки (Т. IV, 2).

Вонгробни наоди:

- една бронзена белегзија со префрлени краеви, изработена од дебела жица со приближно кружен пресек, која кон краевите се стеснува. приближно кон центарот на тумулот (T. VI, 5);

- копча со крстесто пробиен централен дел, најдена надвор од оградниот венец на северната страна (Т. VII, 4); - спирален украс со три навоа, во североисточниот квадрант (T. VI, 6);

- делови од садови со култна и утилитарна намена низ целата конструкција на тумулот.

Заклучни согледувања

Тумулот П од некрополата кај с. Стрновац спаѓа во редот на помлади или развиени тумули од т.н. „семеен тип“, во кои се погребувани покојници од исто сродство. Постоење на централен гроб не е констатирано. Гробовите се плитко вкопани и покриени со камен и малку земја, поради што остеолошките остатоци се слабо зачувани.

Паѓа во очи и неправилниот облик на калотата на тумулот. Имено, тој е повисок во својата западна половина, т.е. во сегментот кој ги содржи гробовите 1, 6 и 2. Кон средината, а особно во источната половина, неговата висина значително се намалува. Ова, а особено празниот простор во средината и во североисточнот квадрант, укажува на можност дека тумулот останал недовршен, т.е. можеби бил предвиден за уште Неколку погребувања кои не се реализирале, а со тоа и конечниот облик на калотата останал нереализиран (ситуација која ни е позната од Тумулот X од локалитетот Дабици - с. Сопот, Велешко"3 и Тумулот I од некрополата Орлова Чука - с. Стар Караорман, Штипско“.4 Инаку. покрај со спомнатите тумули, Тумулот II од c. Стрновац има доста сличности во однос на гробната архитектура со тумулите од локалитетот Горно Поле - с. Стар Караорман,5 со постариот хоризонт на тумуларни погребувања на локалитетот Кршлански Гумења - с. Кршла, Виница,6 како и со, веројатно, тумулот на локалитетот Бел Брег - Куманово?7 а делумно постојат сличности со тумуларни погребувања од некои локалитети во Косово (тумуларна некропола во Влаштице кај Гњилане,8 каде веројатно се работи за погребување на спалени покојници).

Во однос на погребните обичаи не е познато како се изведувани, зашто покрај садовите со пофина фактура (со веројатно култна намена), кои се оставани во или покрај гробот, низ целиот волумен на тумулот е расфрлена и утилитарна („кујнска керамика“), т.е. неукрасени садови со груба фактура и форма, делови од подвижни печки, питоси и др. За приближно датирање на времето при формирањето на Тумулот П од с. Стрновац може да послужи сличноста на неговата керамика со керамиката од тумулите во Радање,9 Стар Караорман (Штипско),"с. Сопот (Велешко), од рамната некропола од локалитетот Дубиче, с. Волково.12

Голема е сличноста и со керамиката од постарата фаза (Ш слој - керамика работена со рака) од градината кај Белаќевац (Дреница, западно од Приштина) и керамиката која покажува паралели со Белаќевац (локалитет Хисар и Широко кај Сува Река, градините кај Самодража. Церница, Танеш Дол и на утврдените населби на работ на Прешевската Котлина - Бунтриње и Ораовица).13 Што се однесува до декорацијата со точкести линии и шрафирани триаголници која ја има на некои садови од Тумулот II (T IV, 1), на Косово се јавува само во Влаштица.14

Некои истражувачи сметаат дека керамиката украсена со „радло“ и коси канелури на зделите е една од основните карактеристики на дарданската керамика. Нејзината најрана појава е установена на почетокот од УШ век пр. H.€., а се задржала до средината на VI век пр. н.е.15

Резимирано, се работи за слична керамика на централнобалканските племиња, со тоа што директни аналогии се наоѓаат меѓу керамиката од локалитетите по долината на Вардар, североисточна Македонија. источно Косово и јужната и југозападната периферија на Јужноморавскиот Басен отколку што постојат аналогии со басенот на Јужна Морава, каде во VIII и целиот УП век пр. н.е. керамичкиот материјал носи белег на ранотрибалскиот период.16

Некои од металните, хронолошки поосетливи наоди. како белегзијата со префрлени краеви, копчите, висулецот со концентрични кругови, можат да помогнат за попрецизно датирање.

Фибулите со облик на очила. како една од најкарактеристичните халштатски форми на накит, се јавуваат уште во X век пр. н.е. во тумулите во Вергина.17 но во долината на Вардар досега не е познат ниту еден наод постар од УШ век пр. н.е. Нивното ширење во поголемиот дел на Балканот (Србија, Бугарија и Македонија) се одвивало во текот на УШ век пр. н.е., а особено во УП век пр. н.е. Се задржуваат во употреба дури до почетокот на VI век пр. н.е., но значително поселегантни, со помали димензии.18 Најмногу се врзани за постарите наоди, карактеристични за фазата - ПА, според К. Килиан. т.е. за првата половина на УП век пр. н.е... кога основниот гробен тип во Долно Повардарие се конструкциите од нафрлени камења и за времето околу средината на VII век пр. н.е., кога се јавуваат првите гробови-цисти.19

Белегзиите со префрлени краеви се честа форма на накит во железното време20 кај женските гробови на поширок простор (од Босна до западна Бугарија и на југ до Македонија. како и во грчките светилишта). Карактеристични се за фазата - С на халштатската култура, а ја задржуваат својата основна форма во текот на целото развиено железно време. Кај белегзиите од подебела жица пресекот може да се движи од елипсовиден до четириаголен, а жицата на краевите е различно обликувана (се стеснува или проширува), при што краевите (декорирани или не)21 се во разни варијанти на остри, тапи или печатести завршетоци. За попрецизно дефинирање на белегзијата од подебела жица од Тумулот II можат да послужат слични наоди од други локалитети во Македонија и Србија пронајдени заедно со хронолошко поосетливи наоди: белегзијата од локалитетот Ограда, с. Орешани (УПЛУТ век пр. н.е.).22 од локалитетот Кунови Чуки, с. Оризаре (УП век пр. #.e.), од локалитетот Дабици, с. Сопот (VII/VI век пр. н.е),23 од локалитетот Криви Дол, с. Радање (УП/М! век пр. н.е).“24 Речиси идентични белегзии се пронајдени на Косово во тумуларната некропола во с. Влаштица, Гьилане25 и во оставата од с. Маќедонци (кај Медвеѓа - југоисточна Србија),и26 двете од VII век пр. н.е.

На копчите од Тумулот II им се слични копчите од локалитетите Бел Брег, Куманово (УП век пр. н.е.)27 од локалитетот Криви Дол, с. Радање (VII/VI век пр. н.е.),28 од некрополата кај с. Дедсли (VII/VI век пр. н.е. - случаен наод).29 На Косово сличен наод се двете копчи од локалитетот Широко кај Сува Река (VII/VI век пр. н.е.).30

Инаку. копчите на територијата од Р. Македонија не се така бројни како на територијата од Србија или Босна. Се поврзуваат со кимериските крстовидни бронзи од т.н. тракокимериски хоризонт на Балканот, датирани, главно, во УШ и УП век пр. н.е. На југ, познати се слични наоди од Патели, Вергина, Халкидик и од грчките светилишта (Олимпија, Делфи, Спарта, Рере, Тегеј итн.).31

Бронзените биконусни мониста во јужните делови на Балканот се со поголем хронолошки распон - се среќаваат во текот на целото постаро железно време. Констатирани се во гробовите од X век пр. н.е.,32 (Спелеон, Вергина и др.), а во Олинт се откриени многу помлади, од периодот меѓу 430 и 348 r. пр. н.е.

ВоЈужно Повардарие монистата од килибар недостасуваат во гробовите од постариот хоризонт на погребување во конструкции од аморфни камења. Во Дедели се откриени исклучиво во помладите гробови-цисти, на кои им одговараат и гробовите со килибар во соседните некрополи (Бохемица, Милци, Сува Река), што зборува дека во долината на Вардар килибарните мониста се јавуваат во текот на втората половина на УП век пр. не.33 Неколку мониста се откриени во Сопот кај Велес, а една во Радање кај Штип.34

Железните ножеви се чест наод во некрополите на поширокото северно егејско подрачје. Се среќаваат во текот на целото железно време. а облиците ги влечат уште од микенските бронзени ножеви, со континуитет на формата низ протогеометрискиот и геометрискиот период:35

Приврзокот со повеќе концентрични кругови со дупка во средината е познат од повеќе наоѓалишта во Европа,36 но на среднобалканскиот простор, нашиот наод има паралели во речиси идентичните примероци, еден од оставата од Маќедонци и два (фрагментирани) од Врање, сите датирани во VIII/VII век пр. u.e.

Со оглед на погореизнесеното, Тумулот II од локалитетот Долинац може да се датира во УП век пр. н.е.,37 најверојатно во неговата прва половина. Натамошните истражувања на останатите неколку тумули во истата некропола ќе дадат попрецизни податоци за нејзината хронологија и врските со источно Косово, со регионот на јужна Србија, како и со Повардарието и штипско-кочанскиот регион. Jovica STANKOVSKI Museum of Kumanovo

TUMULUS AT THE SITE OF DOLINAC NEAR V. STRNOVAC, MUNICIPALITY OF STARO NAGORICANE

Белешки

  1. Зотовиќ М.. 1979. 42. ↩
  2. Две белегзии со префрлени краеви - Едната е детска (T. VI, 4), изработена од бронзена лента (пречник 4 см, ширина на лентата 0.7 см), а другата е масивна, изработена од дебела жица со приближно кружен Митревски Д., 1997, 94. ↩
  3. Фрагменти од најмалку три ножа - Иако ножевите се среќаваат и во машки и во женски гробови, во нашиот случај веројатно се работи за машки гроб (Т. V, 2-4). ↩
  4. Микулчиќ И. 1961, пл. 3 - 6. ↩
  5. Микулчиќ И., 1959, 96. е Непубликувано: документацијата и наодите се во Музејот на Македонија. Скопје. " Георгиев 3. 1279, 92-90, ↩
  6. Vasié R., 1987, 682 - 683. ↩
  7. Гарашанин М.- Гарашанин Д.. 1959, 27-39. ↩
  8. Микулчиќ И. 1959, 95-103. ↩
  9. Петачки ни 1985, 71. ↩
  10. Kilian K., 1975, 88-90, Taf. 56. ↩
  11. Тасиќ Н., 1998, 164-166. ↩
  12. Vasić R., 1987, 676. ↩
  13. Тасиќ Н., 1998, 166. ↩
  14. Стојиќ М., 1994, 91-99. ↩
  15. Anronikos M., 1969, 227. ↩
  16. Митревски Д.. 1991, 57. ↩
  17. Митревски Д.. 1991, 57. ↩
  18. Митревски Д.. 1991, 60. ↩
  19. Kilian K., 1975,ТаГ. 57; Пашиќ P., 1978, 59-66. ↩
  20. Kilian K., 1975, Taf. 52; Санев B., 1978, 7-14; Митревски Д., 1980, T. IV. ↩
  21. Митревски Д.. 1993. ↩
  22. Гарашанин M. - Гарашанин Д., 1959, Сл. 68. ↩
  23. Васиќ P., 2001, 223 - 230, сл. 2/4. ↩
  24. Васиќ P., 2001, сл. 1/3, 4. ↩
  25. Георгиев 3., 1978, 69-80, Т.П. 3. ↩
  26. Митревски Д., 1997, 307. ↩
  27. Митревски Д., 1991, Т.ХХІІ, 13. ↩
  28. Археолошко благо Косова и Метохије, 555, сл. 178. ↩
  29. Kilian K., 1975, Taf 92; Kilian K. - Dirlmeir I., 1979, Taf. 6. ↩
  30. Bouzek J., 1974, Fig. 29, 30, 31. ↩
  31. Митревски Д.. 1991, 64. ↩
  32. Гарашанин M.- Гарашанин Д.. 1959, 39. ↩
  33. Митревски Д., 1991, 66. ↩
  34. Kilian Dirlmeier I., 1979, Taf.10/151. ↩
  35. Васиќ P., 2001, 225, ел. 1/10: Јовановиќ M., 1966, 248, en. 2. ↩

Summary

Tumulus at the Site of Dolinac near v. Strnovac, Municipality of Staro Nagoričane

During the terrain prospecting carried out in 2000 in the frames of the international scientific research project of the Museum of Kumanovo “Pyraichmes” a tumular necropolis was discovered in the area of v. Strnovac, municipality of Staro Nagoricane. In the excavations of two tumuli (Tumulus I measuring 20 m. in diameter and 2 m. high, and Tumulus II with diameter of some 9 m. and 1.2 m. high) conducted in 2001 only the later was completely researched. The subject of this report are the accomplishments from the researches of Tumulus II.

Tumulus II was constructed in a way that a circle of large stone block was laid in the original ground level and then a hemispheric barrow was formed of naturally crushed stones mixed with very small quantity of earth. It is surprising that the entire barrow was built of middle-sized and big stones (30 to 80 cm) of almost the same size as the stones used for forming the circle, some even bigger.

The grave structures (of which six have been confirmed) are NE/SW oriented and have not shown definite and visible architecture. It seems that grave cists were formed by placing stones randomly around the deceased or they were simply laid in the already formed tumulus. The cover of Grave 4 consisted of fragments of a pithos. These carelessly formed cists and the very bad condition of the osteological material make difficulties in defining the graves - their size, orientation and the position of grave goods.

Pottery made of not so pure clay was scattered throughout the entire structure of the tumulus. The most frequent fragments come from bowls of inverted rim, cups and jugs with one handle and even rim, vessels with two vertical handles (cups), pieces of big urn-vessels with decorated rim and bi-conical body, pots with modeled bands under the rim and decorated with various impressed ornaments on the neck, as well as smaller or bigger horizontal handles. Parts of movable kilns (pyranoi) were also discovered.

The decoration includes vertical or slanting canelures on bowl rims and the rim is occasionally faceted obliquely. There are horizontal canelures on the necks and vertical and slanting canelures on the bodies of vessels. Cannelures are sometimes combined with slanting and horizontal dotted lines. There are also fragments with tonguehandles belonging to big vessels, as well as horizontal ribs on the body combined with slanting cannelures. Smaller vessels are decorated with hatched triangles. Some metal finds were also discovered among the grave goods, including five fibulae of spectacle type, two bracelets of overlapping ends (one of bronze band and the other of thick wire of round cross-section), fragments of at least three knives, two buttons with cruciform perforation in the centre, one ball-shaped amber bead, one earring of spirally twisted bronze wire, a pendant consisting of several concentric circles with a hole in the centre, a tool of unknown purpose, a three-coil ornament of spirally twisted wire and a fragment of round hoop.

Based on the similarity of the grave architecture, pottery and metal finds from Tumulus II with finds from several sites situated along the Vardar valley, in northeast Macedonia, the east part of Kosovo, as well as the south and the southwest outskirts of the South Morava Basin, Tumulus П can be dated to the first half of the 7th century BC.

Библиографија