Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 21–38

Примена на геофизичките методи во археологијата

Содржина
  1. 2. МЕТОДОЛОГИЈА НА ГЕОФИЗИЧКИТЕ ИСПИТУВАЊА
  2. Геоелектричен метод
  3. Електромагнетен метод
  4. Геомагнетен метод
  5. Археомагнетен метод
  6. Гравиметриски метод
  7. Геотомографија
  8. Други геофизички методи
  9. Некрополи
  10. Магацини со оружје, муниција и друго

ДГПУ Геинг Кребс унд Кифер интернешнл и др. 4.0.0. - Скопје

ПРИМЕНА НА ГЕОФИЗИЧКИТЕ МЕТОДИ

ВО АРХЕОЛОГИЈАТА

1. ВОВЕД

Геофизиката е физика за Земјата, односно наука што се занимава со изучување на физичките појави, состојбите и процесите сврзани со Земјата како планета или нејзините делови. Во поширка смисла, геофизиката опфаќа: метеорологија, физичка океоанографија, аерономија, физика на внатрешноста на Земјата, сеизмологија, гравиметрија, геомагнетизам, тектонофизика, геохронологија, вулканологија, глациологија и други дисциплини. Применетата геофизика се заснова врз испитување на природните или вештачки создадените физички полиња со цел побрзо и поекономично да се решат одредени геолошки, хидрогеолошки, рударски, градежни и други проблеми, како и за откривање на објекти и предмети од човековата дејност под површината на земјата.

Постојат повеќе геофизички методи како што се: гравиметриска, геомагнетна, геоелектрична, електромагнетна, сеизмичка, акустична, сеизмолошка, дупнатински каротаж, радиометриска, геотермална и др.

Примената на геофизичките методи во археологијата е од неодамна. Брзиот развој на геофизичките истражувања и испитувања, како и нивната почеста и поактивна примена во археологијата, придонесоа за создавање нова научна дисциплина. во светот позната како археогеофизика. Во нашата земја геофизичките методи во археологијата многу ретко се применуваат, и тоа само во последните неколку години.

2. МЕТОДОЛОГИЈА НА ГЕОФИЗИЧКИТЕ ИСПИТУВАЊА

Примената на геофизичките методи при испитувањата во археолош-

ките истражувања се заснова на фактот дека подземните археолошки

објекти и предмети предизвикуваат извесни изместувања на физичките полиња (геофизички аномалии), кои со многу прецизна мерна техника можат да се регистрираат на површината од земјата.

Изведувањето на геофизичките испитувања се состои од три етапи: теренски мерења, процесирање на податоци и интерпретација. Геофизичките мерења можат да се вршат терестички, т.е. на површината на земјата, во воздух (со сателити. авиони. хеликоптери) и во вода (реки, езера. мориња). По мерењата, со примена на соодветни математички постапки и компјутерски софтверски пакети, мерените податоци и геофизичките секции се обработуваат и се интерпретираат, т.е. се преведуваат во геолошко-археолошки модели на подземјето.

Мерната техника и опремата со која се изведуваат теренските мерења е портабилна и не предизвикува никакво оштетување на археолошките објекти и предмети, т.е. ги задоволува еколошките критериуми.

Во следниов текст накусо ќе се објаснат некои од најчесто користените геофизички Методи, кон ВО археологијата можат да се применат за откривање на подземни, затрупани градби или нивни остатоци пред раскопувањата, а притоа да не се оштетат. Исто така, со геофизичките методи на испитување може да се добијат корисни податоци за степенот на оштетеноста на надземните археолошки градби (како што се зидови, столбови од цркви, манастири и др.), кои се важни за планирање на нивната заштита и натамошна конзервација.

Геоелектричен метод

Овој метод е најразновиден и најброен класичен геофизички метод. Геоелектричните методи се засноваат на изучување на природните и вештачкипредизвиканиполиња (електричнииелектромагнетни). Природните полиња можат да бидат од глобален карактер (електромагнетно поле на Земјата) и од локален карактер (поле на електрични празнења во атмосферата, поле на сопствен потенцијал и др.). Вештачките полиња се создават со напојување на земјата - карпестите маси со еднонасочна или наизменична струја (галвански начин на напојување) или со предизвикување на струјни текови во земјата преку индукција од магнетно поле создадено на површина од земјата (индуктивен начин на напојување).

Во археолошките истражувања најчесто се применуваат следните геоелектрични методи: геоелектрично картирање, геоелектрично сондирање, метод на предизвикана поларизација. Примената на овие методи во археологијата се заснова на разликите во електричните особини меѓу археолошките објекти или предмети и околната средина. Така, со геоелектричните методи можат да се решат следните археолошки проблеми: е картирање на стари ровови, канали, бунари и рударски ископи;

¢ проспекција и истражување на некрополи;

е истражување на остатоци од стари градови и населби (во зона на простирање на културен слој), камени зидови, древни костурници, подземни објекти, складишта со оружје и др.

Електромагнетен метод

Постојат повеќе типови на овој метод, како што се влф (ВЛФ - Very Long Frequency), ТУРАМ, СЛИНГРАМ, а од археолошки аспект најважен е методот георадар.

Георадар е еден од најсовремените геофизички методи, кој иако е скап и има мала длабочина на испитувања, во последните години многу често се применува во светот, поради голема ефикаснот и давање прецизни информации. Методот се заснова на емитирање на електромагнетни бранови преку трансмитер и нивната регистрација со приемник (антени) по рефлексија од некои подземни граници или површини. Испитувања со георадар можат да се вршат од површината на теренот и од воздух. Така, со овој метод со вселенската програма „АПОЛО“ на НАСА откриени се празнини на месечината длабоки до 150 м.

Поради големата ефикасност, исклучително за плитки длабини, овој метод има широк спектар на примена во археологијата. Со неа можат да се откријат стари рударски работи (ходници, галерии), подземни простории, како што се катакомби, ризници, гробници и др.

Со георадарска томографија гпр (GPR- Ground Penetrating Radar) преку емисија на гпр сигнал низ објект - предмет (прозрачување) може да се определи дебелината на 5ид, цевка, столб, споменик и некои други предмети. Исто така, овој метод дава прецизни податоци во испитувањата на степенот на оштетеноста на надземните археолошки градби.

Геомагнетен метод

Со геомагнетните методи се проучува магнетно поле на Земјата и феномените кои се создават, како и процесите на магнетизација на карпите. Проучувањата се вршат со терестички, аеромагнетни и сателитски мерења на елементите на геомагнетното поле. Магнетни феномени се регистрираат во геомагнетни опсерватории и секуларни станици. Влијанието на Сонцето се изучува со магнетотелурски и јоносферски мерења.

Геомагнетниот методнајчесто се користи во проспекцијаи истражување на рудни тела врз основа на магнетните особини. Во археологијата со овој метод може да се изврши отцртување на објектите и предметите кои

се затрупани со неврзани седименти. Предмет на истражувањата е кул-

турниот слој кој се наоѓа, главно, во квартерните седименти, а содржи предмети од човековата дејност. Најмаркантни елементи од културниот слој се остатоци од градби и други предмети за различна намена. Честопати тие се разликуваат по магнетичноста од околната средина, што овозможува успешна примена на геомагматните методи. Предизвикувачи на поинтензивни магнетни аномалии можат да бидат: печки и огништа, зидови од плитар, места на пожари, натрупување на керамика, т.е. сите објекти и предмети кои имаат термореманентна магнетизација. Исто така, промени во геомагнетно поле се забележуваат над затрупани бунари, јами, раскопи, канали, кои во текот на користењето биле затрупувани со органските остатоци и со различни природно магнетични предмети. Понекогаш, со геомагнетните методи на испитување можно е да се дефинира границата на културниот слој со околната средина.

Поради малите димензии и плиткото залегнување, археолошките објекти предизвикуваат мало покачување на интензивниот и значаен градиент на геомагнетните аномалии. Поради тоа, мерењата треба да се вршат во густа мрежа со точна локација на мерните точки.

Археомагнетен метод

Археомагнетниот метод се заснова на геомагнетни испитувања на археолошките објекти и предмети кои се одликуваат со зголемена и стабилна термореманентна магнетизација. Целта е изучување на карактерот на геомагнетното поле и нејзините варијации, посебно на „западен од“ во текот на последните неколку милениуми.

Во археомагнетните испитувања, пред се, се користат керамички предмети од печена глина (вазни, садови, лонци и сл.), а во последно време доминираат тули од археолошки објекти. Од особено значење се резултатите од испитувањата на делови од огништа и печки, кои се зачувани ин ситу во времето на нивното последно користење. Така, врз основа на испитувањата на керамички предмети може да се одреди интензитетот и евентуално инклинацијата на векторот на геомагнетното поле на местото каде е испечен предметот. Врз основа на испитувањата на испечените глинести делови од огнииштата и печките може да се одреди и деклинацијата на геомагнетното поле во време на последното печење.

Археомагнетните изучувања укажуваат на периодичноста на промената на елементите од геомагнетното поле (инклинација и деклинација), како и на тоа дека во минатото интензитетот на геомагнетното поле бил двапати поголем од сегашниот. Постои добра основа за приближно одредување на староста на археолошките ископини врз основа на „магнетната меморија“ на археолошките материјали.

Гравиметриски метод

Со овој метод се изучуваат карактеристиките на Земјиното гравитациско поле предизвикано од карпестите маси. Најчесто се мери забрзувањето на силата на Земјината тежа. Основен услов за примена на гравиметрискиот метод е да постојат разлики во густината меѓу археолошкиот објект - предмет и околната средина. Поради комплексноста на оваа конвенционалниот метод, ретко се применува во археологијата, освен микрогравиметрија. Со овој вид метод се овозможува откривање на гробници, некрополи, катакомби, пештери, затрупани зидови и разрушени камења, стари рударски работи, макроструктури, мезоструктури или периструктури на пирамиди или затворени објекти и др.

Геотомографија

Овој геофизички метод настанал во 1970 година по примената на томографијата во медицината. Геотомографија преставува начин на реконструкција на физичките полиња на испитуваните геолошки средини врз основа на мерните податоци. Постојат три типа геотомографија: сеизмичка, електромагнетна и геоселектрична, кои се засновани на проучување на брзините на сеизмичките бранови. електромагнетните бранови и електричната отпорност.

Други геофизички методи

Покрај овие најчесто користени геофизички методи, во археологијата можат да се применат и радиоактивниот метод (за одредување на апсолутна старост), термографскиот метод, методот на хидроархеологија.

Хидроархеолошкиот метод © заснован на испитувања на подводни археолошки објекти. Со овие испитувања со користење на сонарите може да се врши картирање на релјефот на морското дно, идентификација на контурите на потонати бродови, потонати објекти од стари цивилизации, предмети од керамика (амфори, ќупови). метални предмети и др.

3. ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ГЕОФИЗИЧКИТЕ МЕТОДИ ВО АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА

Можностите за примена на геофичките методи во археологијата се огромни. Ке се прикаже дел од ТНС можности, поткрепен со примери на некои археолошки локалитети од странство и кај нас. Во археолошките истражувања геофизичките методи најчесто се применуваат за откривање на ваков вид археолошки објекти или нивни остатоци, кои се изградени од неврзани цврсти карпи - камен (зидови, темели и др.). Најдобри резултати даваат геоелектричните методи: геоелектрично картирање и вертикално геоелектрично сондирање во специфичнигеолошкиуслови, кога камените градби се покриени со добро врзани Си. 2 Истражување на камени зидови врз основа седиментни наслаги. Тоа се на геоелектрично картирање (по А.Н. Карасев) поволни услови за примена 1-контури на видови врз основа на електрична отпорност; 2-дел од зидот откриен со бунар. на геоелектричните методи

Сл. 1 Дијаграм на електрична отпорност над затрупаните градби (по К. Леричи) 1-камени зидови, 2-песоклива почва
Сл. 1 Дијаграм на електрична отпорност над затрупаните градби (по К. Леричи) 1-камени зидови, 2-песоклива почва
Илустрација, стр. 26

со оглед на тоа дека се создава голем контраст на електричната отпорност меѓу археолошките камени градби (висока електрична отпорност) и околната средина која се карактеризира со пониска електрична отпорност.

На археолошкиот локалитет Вулчи, кој се наоѓа во јужна Етрурија, Русија, со геоелектрично картирање со симетричен распоред на електродите откриени се затрупани објекти изградени од камен (сл. 1). На сл. РАЗ прикажано како со истиот метод се откриени камени зидови и темели врз основа на максимумот на електричната отпорност. Исто така, тие се случајно откриени при копање на еден бунар. Со оглед на фактот дека археолошките камени објекти имаат помал магнетен супсцептибилитет (помала магнетичност) во однос на околната средина, за откривање на затрупаните подземни камени градби покрај геоелектричниот метод може да се примени и геомагнетскиот метод. Со геомагнетните испитувања индицирани се контурите на затрупаните темели во античката област во Крим, врз основа на негативни геомагнетни аномалии.

Сл. 3 Резултати од геомагнетните испитувања на археолошки локалитет „Скупи“. (1-геомагнетен профил; 2-оска на темелот: 3-изолинии на тотална компонента на Земјиното магнетно поле 4Т во пТ)
Сл. 3 Резултати од геомагнетните испитувања на археолошки локалитет „Скупи“. (1-геомагнетен профил; 2-оска на темелот: 3-изолинии на тотална компонента на Земјиното магнетно поле 4Т во пТ)

За откривање на археолошките градби најдобри резултати се добиваат со комбинација на две или повеќе геофизички методи, со што се овозможува еднозначна интерпретација и толкување на мерените аномалии.

Со таквата применета методологија (геомагнетизам и геоелектрика) во 2000 година на археолошкиот локалитет Скупи кај Скопје беа извршени археогеофизички испитувања со цел да се открие положбата на затрупаните темели. Од сликата 3, на која е прикажана геомагнетната карта на еден дел од овој локалитет, се гледа како маркантно е индицирана оската на темелот врз основа на негативни геомагнетни аномалии.

Во 1994 година врз основа на геофизички испитувања е откриен, а подоцна со ископување е потврден археолошкиот локалитет Суво Грло,

Сл. 4 Резултати од геофизичките испитувања со геомагнетна метода на археолошкото наоѓалиште Суво Грло - Штипско (Н. Столиќ, 1994). (1 - контура на насип; 2 - ров; 3 -позитивна геомагнетна аномалија - затрупан предмет; 4 -затрупан камен темел; 5 - про
Сл. 4 Резултати од геофизичките испитувања со геомагнетна метода на археолошкото наоѓалиште Суво Грло - Штипско (Н. Столиќ, 1994). (1 - контура на насип; 2 - ров; 3 -позитивна геомагнетна аномалија - затрупан предмет; 4 -затрупан камен темел; 5 - профили: од геомагнетизам 13 од геоелектрично картирање A и од геоелектрично содирање ft); 6 -изолинии на

кој се наоѓа на просторот меѓу селата Лакавица и Суво Грло кај Штип. На тој простор во време на изведувањето на геофизичките испитувања постоеле три мали ритчиња (могили) од нафрлан глиновито-песокливочакалест материјал. Во насипот, а и околу него, се забележувале парчиња и плочи од зелени банковити еоценски песочници кои се погодни за зидање. Се претпоставува дека ритчињата биле направени за време на Втората светска војна, при повлекувањето на германската војска. По барање на АРМ, најголемото ритче (Могила П) е детално геофизички испитано за да се индицира можното присуство на затрупани вештачки објекти и предмети, како и нивните димензии и длабочината на залегање. Ритчето има форма на купа со зарамнето плато со височина од околу 3 M и пречник од околу 20 м.

Применети се следните методи: геомагнетизам по мрежа | x | м (мерење на вертикалната компонента на Земјиното магнетно поле), геоелектрично картирање и вертикално геоелектрично сондирање.

Резултатите од геомагнетските испитувања се прикажани на сликата 4, со геомагнетната карта во дводимензионална и тродимензионална форма, на која е прикажан и реконструиран изгледот на земјиштето во план. За проверка и еднозначно толкување на регистрираните геомагнетски аномалии долж неколку профили извршено е геоелектрично картирање, а за попрецизно дефинирање на затрупаните објекти и предмети во вертикален пресек, односно нивното длабинско залегнување извршено е вертикално геоелектрично сондирање долж еден профил (сл. 5).

Со комплексна интерпретација на резултатите од сите три методи констатирани се остатоците од темелите и зидовите на пет места, врз основа на маркантни негативни геомагнетни аномалии и зголемена електрична отпорност (сл. 5 доле). Позитивните геомагнетни аномалии, кои се поклопуваат со помала отпорност, укажуваат на затрупани предмети со присуство на метал. Слични индикации се регистрирани околу два рова во кои се наоѓаат чаури и слично. Овие резултати се потврдени со ископувањето, при што се откриени гробови и разни предмети од археолошко значење, како што садови од керамика и стакло, сите од Ш-ГУ век и др. По овие истражувања, локалитетот Суво Грло добил соодветен археолошки третман и на археолошката карта на Република Македонија од 1996 г. е означен како „Гробишта - Чукарки, могили од римското време“ (Санев B., Белдедовски 3., 1996).

На сликата 6 е прикажано како со методот геоелектрична томографија може успешно да се открие затрупан бедем и да се одредат неговите димензии, од примерот на археолошкото наоѓалиште Виманицијум во Србија. Бедемот со дебелина од околу 6 M и длабочина околу 4 M, јасно е маркиран во средишниот затемнет дел од сликата. зона-затрупан предмет; 5-насип; б-глиновито-песоклива почва).

Сл. 5 Резултати од геофизичките испитувања со методите вертикално геоелектрично сондирање. геоелектрично картирање и геомагнетизам на археолошкото наоѓалиште Суво Грло - Штипско (Н. Столиќ, 1994). (1-геоелектрична сонда; 2-изооми во омм; 3-затрупан к
Сл. 5 Резултати од геофизичките испитувања со методите вертикално геоелектрично сондирање. геоелектрично картирање и геомагнетизам на археолошкото наоѓалиште Суво Грло - Штипско (Н. Столиќ, 1994). (1-геоелектрична сонда; 2-изооми во омм; 3-затрупан камен темел; 4-аномалиска
Сл. 6 Резултати од геофизичките испитувања со метода геоелектрична томографија, на источниот бедем на каструмот на археолошкото наоѓалиште Виманицијум во Србија (по Вукадиновиќ M., 2001).
Сл. 6 Резултати од геофизичките испитувања со метода геоелектрична томографија, на источниот бедем на каструмот на археолошкото наоѓалиште Виманицијум во Србија (по Вукадиновиќ M., 2001).
Сл. 7 Радарграм на плоштад на
Сл. 7 Радарграм на плоштад на

Овие археолошки градби можат да се откриат со геоелектричните методи а во поново време се применува и електромагнетна метода георадар. Така, со методот георадар, со моностатичка антена со фреквенција од 500 MHz, е откриен дел од плоштад на катедралата во градот Сиена во Италија. Од радарграмот (сл. 7) се гледа дека аномалијата предизвикана на делот од плоштадот е регистрирана на длабочина од 1-1.2 M.

катедралата во Сиена (по Ermano Finzi).

Некрополи

За откривање на затрупани некрополи можат да се користат: геоелектричен, гравиметриски, геомагнетен метод, електрична и сеизмичка томографија, сеизмичките методи, како и најнов електромагнетен метод георадар.

На гробиштата Монте Аббагоне со геоелектрично картирање се откриени еднокоморни гробови, кои биле затрупани во туфовите, врз основа аномалиите со зголемена електрична отпорност (сл. 8). Со примена на гравиметрискиот метод, со постапка микрогравимсетрија, се откриени затрупани некрополи на археолошкиот локалитет Монтелибрети во близина на Рим, Италија. На сликата 9 се прикажани мерениот и пресметаниот дијаграм на де над теренот со затрупана гробница и два поединечни гроба. Во

долниот дел од сликата е прикажан интерпретираниот археолошки пресек

Сл. 8 Истражување на гробници со метода на Во далечна 1961 год., симетри-чно геолектрично картирање (по К. Ле- во рамките на истражуричи), 1-почвест слој, 2-туф. 3-гробница, вањата на бронзената
Сл. 8 Истражување на гробници со метода на во далечна 1961 год., симетри-чно геолектрично картирање (по К. Ле- во рамките на истражуричи), 1-почвест слој, 2-туф. 3-гробница, вањата на бронзената

на теренот, каде густи-

Огништа и печки

ризација.

скулптура на Ниобеј, во реонот на градот Пушкин, со методот предизвикана поларизација е откриено натрупување на јаглен од старо огниште (сл. 10).

На сликата 11 се прикажани резултатите од археогеофизичките испитувања со геомагнетниот метод во раносредновековната населба во псовската област. Мерена е вертикалната компонента на Земјиното Магнетно поле (Za) по мрежа 1 x 1 м. Издвоените изометрични позитивни магнетни аномалии, кои се закономерно групирани во правецот на протегање на населбата, потекнуваат од остатоците од градбите. Врз основа на статистичката анализа, аномалиите ограничени со 0.50 Zmax се поделени во две групи. Со раскопувањето е утврдено дека аномалиите од првата група потекнуваат од занаетчиски печки, а аномалиите од втората група потекнуваат од огништата правени од природни глини. Врз основа на резултатите од геомагнетните мерења и раскопувања, реконструиран е план за изградба на населбата со положба на работилниците и станбените објекти (сл. 11 б).

Магацини со оружје, муниција и друго

Поради зголемената магнетност на овие археолошки предмети и објекти најпогодна за нивно откривање е геомагнетниот метод. Како алтернатива или во комбинација со неа, може да се примени геоелектричниот метод предизвикана поларизација, а во поново време геотомографија и георадар. На сликата 12 се прикажани резултатите од геомагнетните мерења на еден подземен магацин со оружје. Магацинот бил изграден во Првата светска војна, а потоа местото било заборавено.

Сл.10 Дијаграм на предизвикана поларизација над огништето, дебелина на покров 30 цм (по Г.С. ложбата и големината Франтов и др.), 1-натрупување од ќумур, 2-песоклива на затрупаните канали почва.
Сл.10 Дијаграм на предизвикана поларизација над огништето, дебелина на покров 30 цм (по Г.С. ложбата и големината Франтов и др.), 1-натрупување од ќумур, 2-песоклива на затрупаните канали почва.
Илустрација, стр. 33

Ровови, подземни ходници, бунари, рударски ископи

Овие затрупани подземни градби најдобро можат да се откријат со користење на геоелектричниот метод геоелектрично картирање.

Така, на сликата 13 е прикажано како се добро отцртани три концентрични рова од неолитот, врз основа на минимумите на електрична отпорност. Резултатите добиени на тој начин се пот-

врдени со дополнител-

ни ископувања.

Во градот Гнатија подземните ходници изградени во туфовите на длабочина од 3 м се откриени со геоелектричниот метод геоелектрично картирање во аномалиските зонисозголеменаслсктрична отпорност.

"За откривање на попокрај геоелектричните методи може да се применат и сеизмичките методи, како што е изведено над археолошкиот локалитет King Xerxes-Canal на полуостровот Халкидики во Грција. Во 480 година пр. н.е., при походот на Грција персискиот крал Ксеркс прокопал канал долг 2 км за да се заштити од страна на "ртот Атос. Резултатите од рефлективните сеизмички испитувања со постапка висока резолуција се прикажани на сликата 14a во вид на временската секција долж еден профил. Долж истиот профил беа извршени и рефракционни сеизмички испитувања. Со интерпретацијата на двете сеизмички методи реконструиран е модел на примарно ископаниот канал (сл. 146). Покрај проспекција и откривање на подземните археолошки градби, геофизичките методи можат да се искористат за испитување на степенот на внатрешната оштетеност на надземните објекти, што е многу важно за нивната санација и конзервација.

Картагинците или од земјо-Сл. 12. План на еквипотенцијални линии
Картагинците или од земјо-Сл. 12. План на еквипотенцијални линии

Така. во 1999 година на 24 столба на црквата Свети Франческо Северно (St Francesco Saverio) во градот Палермо, Италија, врз основа на сеизмички и електромагнетен метод гпр томографија или т.н. недеструктивни тестирања, (NDT) испитан е степенот на оштетеноста на столбовите кои биле изградени од мермер од јурска старост.

Во 2000 година слични испитувања. но само со електромагнетен метод ІТІР томографија, се извршени на столбовите од храмот Селинунте во југозападен дел на Сицилија. Овој храм бил посветен на Хераклеја и е еден од најстарите и најголемите акрополи изградени во грчкиот и римскиот стил. Изграден е во VI век пр. н.е. од калкаренитски карпи. Во првиот век од нашата ера храмот е целосно уништен од трасите. Во периодот од 1925

и дијаграм на dZ во истражувањата на

до 1927 година, на северната

магацин со оружје (по Ч. Хејлан),

страна повторно биле подиг-

1 -магацинот прикажан во пресек

нати 13 столба. Големите

и 2- во план. оштетувања на столбовите. предизвикани од дожд, мраз и ветер, не можеа целосно да се санираат и во осумдесетите години, кога им е засилена структурата со вградување на челична арматура и со инјектирање на специјална смола. Затоа, во 2000 година пред санацијата и реставрацијата беа изведени обемни геофизички испитувања за да се идентификуваат правците, приближните димензии и положбата на пукнатините и прслините во внатрешноста на столбовите. Пример за успешно идентификување на пукнатините е прикажан на сликата 15 за столбот бр. 13, чија височина изнесува 8.6 ми дијаметар во основата

Сл.14 Археолошки локалитет “King Xerxes’ Canal”
Сл.14 Археолошки локалитет “King Xerxes’ Canal”

Покрај спомнатите можности, геофизичките методи можат да се применат и во истражувањанаспелеолошкиархеолошки објекти, како на пр. ВО пештерите, каде со методот геоелектрично сондирање може да се определидебелината на елу-

(по В. К. Карастатхис и Ст. П. Папамаринопоулос). виално-делувиален нанос

а) Временска секција на сеизмички рефлективни создаден од распаѓање

испитувања со постапка на висока резолуција. б) на карбонатни карпести

Модел на “King Xerxes Canal”. маси (варовници, доломити, мермери ...).

планирање и насочување на ископувањата, со што се скусува времето, финансиските средства и се избегнуват оштетувања на објектите и предметите. Исто така, геофизичките методи се применуваат за решавање само на одредени археолошки проблеми, што, пред с
планирање и насочување на ископувањата, со што се скусува времето, финансиските средства и се избегнуват оштетувања на објектите и предметите. Исто така, геофизичките методи се применуваат за решавање само на одредени археолошки проблеми, што, пред се, зависи од геолошките, геофизичките и другите услови на теренот. Сл.15 3D изглед на Поради сложеноста на работите и за зголстолбот бр. 13 на храмот емување на ефикасноста, како во фазата на пла- “ln га48 и аа12 нирање така и при изведувањето на испитува-

На крај може да се констатира дека со геофизичките методи на испитување може да се има значајна улога во археолошките истражувања, на што укажува богато светско искуст-ВО, како и добиените позитивни резултати на некои од нашите локалитети. Со нив може да се осознаат положбата и ориентационите димензии на подземните археолошки градби и степенот на внатрешната оштетеност на надземните објекти, а притоа тие да не се оштетат. Секако. тоа не значи дека можат да ги заменат археолошките раскопувања или дека можат да се применат за решавање на кој било проблем. Нивната примена се заснова на рационално

њата, потребна е перманентна соработка меѓу археолозите, геофизичарите, геолозите и специјалистите по одредени области од други струки. Novica Stoli¢é, geo-physicist GEING Krebs und Kiefer International and others LTD - Skopje

Summary

Application of Geophysical Methods in Archeology

METHODS IN ARCHEOLOGY

At archaeological sites in Italy, France, Greece, Germany, Great Britain and other countries with rich cultural-historical heritage, all of the most advanced scientifictechnical discoveries are being applied, including geophysical methods for researches. It is doubtless that they can be used at some of our archaeological sites, depending on the archaeological and geological condition of the terrain. Therefore, this work is an attempt for introducing the expert public that deals with the archaeology with the geophysical methods as a fast, efficient, economical and non-destructive way of prospecting and discovery of underground archaeological structures (stone basis and walls of fortress, churches, temples, convents, necropolises, repositories, old hearths and ovens, weapon warehouses, trenches, corridors, wells, mine excavations and other). Furthermore, usable data can be obtained with the geophysical explorations concerning the damage of above ground architectural structures (such as walls, church pillars, convents, etc.), which are important for planning of their protection and future conservation.

The use of the geophysical methods in archaeological explorations is based on the fact that the underground archeological structures and objects cause certain changes in the physical fields (geophysical anomalies), which can be registered on the surface with very precise techniques. The most frequently used methods are: geo-electrical (mapping and sounding), geomagnetism, and also the electromagnetic methods georadar and GPR tomography. Furthermore, the article has presented several theoretical procedures of classic and modern geophysical methods and certain possibilities for their use in archaeological excavations, along with a number of practical examples from the world - Greece, Italy, Russia, and in our country, at the sites Scupi and Suvo Grlo - Stip. The article is to show that with an appropriate choice of methodological actions the geophysical methods can produce a large number of important data for a certain archaeological problem. Undoubtedly, they cannot replace the archaeological excavations, rehabilitation and restoration, yet, they can influence to their rational use. As a result, it saves time and financial resources, and most importantly, contributes to avoiding accidental damages of the structures and objects.

Библиографија