Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 303–327

,,Прстестата" фибула од Прилепец и другите аналогни раносредновековни примероци од централниот и јужниот Балкан

Содржина
  1. 1. ФИБУЛА ОД ПРИЛЕПЕЦ, прилепско
  2. 6) Наоѓалиште
  3. 6) Фибула од Виничани, Велешко (Т. УП:4)
  4. 4. ИСТОРИСКО - КУЛТУРОЛОШКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ
  5. Nikos Causipis

Кон средината на минатиот век, во рамките на европската средновековна археологија, диференцирана е една специфична категорија раносредновековни фибули. Во рамките на пред тоа познатите „двоплочести“, „прстести“ или „зооморфни“ фибули, се издвои една поголема група примероци која се одликуваше со свои специфични обележја. Примероците беа датирани во VI u УП Вех, а потекнувал од ареалот на источна, средна Европа, Балканот1 и Мала Азија. Поврзувајќи ги овие наоди со пишаните историски извори и со бројни други факти, Б. А Рибаков и Ј. Вернер први изнесоа тези, според кои. овие типови фибули можеле да им припаѓаат на Словените и Антите, во времето на нивното стабилизирање во источна и средна Европа и преселбите на Балканот.! Оттогаш па до денес, овие предмети и теории добија значајно место во рамките на словенската. па и пошироко, во средновековната европска археологија. Оттогаш се пронајдени бројни други примероци од ваков накит, кои поттикнаа дополнување и коригирање на постојната типологизација, предложена од обата наведени автори. Иако новите и добро документирани наоди (особено од подрачјето на источна Европа) одат во прилог на тезите за словенската, т.е. антска припадност на овој накит, денес се уште се води дискусија околу ова прашање?2

Направени се обиди да се влезе и во генезата на оваа група фибули, карактерот и функциите на овој накит во рамките на културата во која егзистирале, како и да се определат подецидно нивните носители. Сегашните сознанија покажуваат дека се работи за накит кој припаѓал на жен-

? . ската носија. Некои истражувачи се обиделе одделните типови фибули да ги поврзат со конкретни народи, т.е. племиња од словенскиот круг, а нивната распространетост низ Европа да ја објаснат како последица на миграциите на овие етнички групи.3 Направени се сериозни истражувања и на ликовните, т.е. симболичките мотиви присутни на овој накит, при што се укажа на можноста дека се работи за ликовни манифестации на паганската религија и митологија на нивните носители.4

Само мал дел од наведените фибули се пронајдени во гробови или друг тип затворени целини, што се објаснува со обичајот на нивните носители (Анти, Словени), покојниците да ги погребуваат без прилози и накит. Оттука, повеќето фибули од оваа група се откриваат како случајни наоди, како елементи во остави или како наоди во културните слоеви на ранословенските населби. Пронајдени се и неколку локации, кои, судејќи според концентрацијата на примероци, присуството на отпадна и металургиската опрема, упатуваат на некогашните производствени центри и работилници за продукција на овој тип фибули.5 Вонконстектуалното откривање на најголемиот број фибули не овозможи попрецизно датирање на одделните типолошки групи.

Во втората половина на XX век, бројни примероци од ваков накит се евидентирани и на Балканскиот Полуостров и во Македонија. Уште во статијата на Вернер се наведува еден примерок по потекло од Македонија (од Националниот музеј во Софија, инв. бр. 928). но без никакви други информации (T. [X:3), што секако упатува не само на границите на денешна Р. Македонија туку и пошироко и на оние делови кои денес се наоѓаат во соседните држави (Грција, Бугарија, Албанија).6 Почнувајќи од шеесеттите години, во стручните публикации се појавија и првите такви фибули од подрачјето на Република Македонија. Б. Алексова и и Б. Бабиќ публикувале два нови фрагментирани примероци - првиот од регионот на Битола (T. VI: - непознато наоѓалиште) и вториот од с. Виничани, Велешко (T. УП: - откриен како случаен наод на локалитетот Бресто-Бурлатица).7 На крајот од седумдесеттите години се појави уште еден фрагментиран примерок, и тоа во раносредновековната некропола Св. Еразмо крај Охрид (Т. УПЕ1, 2 - секундарно пренаменет како приврзок). Наодот е публикуван неколку години подоцна, без доволен број факти за контекстот при пронаоѓањето.8 Во 1992 година, сиве овие фибули беа обработени како целина, од страна на E. Манева - во рамките на нејзиното монографско претставување на средновековниот накит во Македонија.9

По долгогодишна пауза, неодамна кај нас се појави уште една фибула од наведената група. која е непосреден повод за овој научен труд (Т. 1:1- 4). Повторно се работи за случаен наод (овојпат откриен во реонот на село Прилепец, Прилепско), кој денес се наоѓа во приватната колекција на Жан Црнески од Прилеп.10

1. ФИБУЛА ОД ПРИЛЕПЕЦ, прилепско

а) Опие (Т. 1:1-4)

Фибулата е добро зачувана. Долга е 5.3 см, а широка 3.2 см, изработена од бронза, во техника на леење во еден дел (се уште не е изведена стручна анализа на металот од кој е излеана). Ја сочинуваат две плочки - едната полукружна, со 5 кружни додатоци на работ, а другата издолжена, со „маска“ на врвот. На двете плочки се надоврзува мала лачна спона. Како и кај другите примероци на овој тип накит, сите три елементи се пластично обработени од предната страна, додека задната е рамна, дополнета со два испакнати сегменти. Иглата на фибулата не е зачувана. Сегментот на полукружната плочка имал функција на носач, т.е. осовина на иглата, додека оној на издолжената плочка служел за закопчување на иглата.

6) Наоѓалиште

Според информациите добиени од сопственикот, примерокот е пронајден како случаен наод. од страна на локалното население, на некое неопределено наоѓалиште во околината на село Прилепец, лоцирано југоисточно од Прилеп (Т. П:1). Земајќи ги предвид овие податоци, се решивме тука да го разгледаме прашањето за потенцијалните локалитети од кои може да потекнува овој редок и значаен археолошки наод. Во атарот на ова село се познати неколку археолошки наоѓалишта (Т. П:2). Иако нашата фибула можела да биде откриена на кое било од нив, па дури и на други, тука ненаведени локации, со оглед на нејзиниот раносредновековен карактер, како поверојатни ни се чинат оние кои се врзуваат за раносредновековниот период, односно доцноантичкото време кое непосредно му претходи. Во таа смисла, како потенцијални ги земаме следниве: Меѓу Прилепец и Волково се наоѓа локалитетот Долиште - тераса со остатоци од античка населба манифестирана со површински наоди од керамика и градежен материјал. Врз основа на монетните наоди, се датира од доцноархајското време до доцната антика. На Безистен, лоциран 350 м јужно од Долиште, се наоѓала некрополата на горенаведената населба. Наоѓалиштето Марков Sud е лоцирано на Селечка Планина, оддалечено околу 1 км источно од селото. На теренот се констатирани остатоци од зидови на тврдина од хеленистичко и римско време и гробови всечени во карпа. Локалитетот Маркова Стапалка (на 1 км пред селото) е определен како некропола од доцноантичко време. Камберица, лоцирана близу долот меѓу Прилепец и Волково, се смета за населба од доцноантичко време (со наоди од површинска керамика и градежен материјал). Крај патот од Прилепец кон Волково, се наоѓа локалитетот Корита, кој се смета за населба од хеленистичко и римско време, со наоди на римски монети, керамички садови и градежен материјал. Како веројатно наоѓалиште на нашата фибула може да се земе и локалитетот Глува Долина, на чија површина се наоѓаат остатоци од градежен објект, веројатно со култна намена, датиран исто така во римско време.

в) Споредба, типолошко и семантичко определување (T. III; T. IV)

Фибулата од Прилепец засега е уникатна. И покрај релативно добриот увид што го имаме во оваа категорија накит, за него денес не можевме да посочиме сосема соодветни аналогии. Но одделни нејзини обележја можат да се поврзат, т.е. споредат со неколку засебни типови кои во глобални рамки припаѓаат на истата група раносредновековни двоплочести фибули. Овие споредби ги приложуваме во наредните пасуси.

- Кругови втиснати на „прстите“ од полукружната плочка (Т. ІІІ:1). Овој елемент е чест на разни поттипови од оваа категорија фибули. Од најблиските паралели (во географска смисла), тука би го спомнале примерокот од Царичин Град кај Лесковац, Србија (Т. Ш:4), кој по сите други обележја се разликува од нашата фибула. Земајќи ги предвид тезите дека полукружната плочка на овие фибули го прикажувала вертикалниот пресек на небескиот свод, а „прстите“ - фазите од движењето на сонцето по него. произлегува дека присуството на овој мотив (познат и како идеограм на сонцето) имал улога да го акцентира соларниот карактер на низата кружни сегменти на нашата фибула. Ваквото значење секако најдобро го сугерира примерокот од Керч, Северно Прицрноморје (Т. ІІІ:2), кој, како што се гледа од наредните пасуси, покажува и други сличности со фибулата од Прилепец. На овој примерок кружните мотиви се дополнети

Податоците и интерпретацијата се според: Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје, 1996, 309; Лилчиќ В.. 1996, 41-43, со бордура од цртички кои многу поексплицитно сугерираат на сончевиот диск окружен со зраци.12

- Вертикална оска со две спирали во горниот дел (Т. ІІІ:5). Долж лачната спона на фибулата се протега вертикална, пластично изведена нишка, којашто започнува од центарот на издолжената плочка. Во внатрешното поле на полукружната плочка оваа оска се расчленува во два спирално свиени сегмента кои се кружно задебелени на краевите. Овој мотив е мошне редок на словенските типови двоплочести фибули. Изгледа бил својствен за една серија фибули кои Вернер ги класифицира како тип Nea Anhialos - Оглед, засега позната по само два фрагментирани примерока (1. Ш:6, 7).13 Се јавува и кај прицрноморските примероци, за чија словенска припадност се уште постојат дилеми (Т. Ш:10). Многу е почест на постарите двоплочести фибули кои најчесто се врзуваат за популациите која! германскиот етнокултурен комплекс. Во рамките на космолошкото читање на иконографијата на двоплочестите фибули, овој мотив го носи значењето на космичкото дрво, односно оската на светот, која се протега од средиштето на земјата (центарот на издолжената плочка)14 до небескиот свод (полукружната плочка).

- Концентрични ромбови и нивно прелевање преку лачната спона кон полукружната илочка (Т. ШЕ:8). И мотивот на концентрични ромбови не е особено типичен за словенските двоплочести фибули, туку за пораните типови ваков накит. На овие порани типови им е својствен и централниот мотив во вид на ромб, прекрстен со хоризонтален крст, кој на нашата фибула е трансформиран во четири мали заоблени сегменти. Во рамките на космолошкото иконографско ниво на овој накит. концентричните ромбови го кодираат хоризонталното расчленување на „земната плоча“, односно нејзина сакрална хиерархизација според концептот „центар = свето место; периферија = оној свет“. Централниот четворен мотив (некогашниот прекрстен ромб) всушност се јавува како знак на центарот на земјата и идеограм на плодноста, од кој на фибулата од Прилепец, не случајно, расте кон небото космичкото дрво.15 Концептот на прелевање на овие мотиви од внатрешното поле на издолжената, кон полукружната плочка е повторно типичен за веќе спомнатите северни црноморски фибули (Т. Ш:9, 10). Кај нив, сосема логично, тој го повторува ромбичниот габарит на издолжената плочка.

- Трапезна контура на издолжената плочка (Т. IV:1). Како што видовме, фибулата on Прилепец покажува најнепосредни релации со една група прицрноморски фибули. Но, наспроти сличностите, таа од нив се разликува во контурата на издолжената плочка, којашто во случајов не е ромбична, туку трапезна или триаголна, доколку се земе предвид кружниот сегмент (т.н. „маска“ ), поставен на нејзиниот врв. Ваквиот габарит на оваа плочка, заедно со двете следни обележја. ја става нашата фибула во релација со неколку типови словенски фибули кои се специфични за балканското подрачје (T. ГУ:2, 3, 6, 7, 8).

- Четири кружни елементи на аглите од трапезната илочка (Т. IV:1). Судејќи според обликот, генезата на овие мотиви се должи на постарите прототипови, кај кои, на овие места се наоѓале апликации од стаклена паста или полублагородни камења, поместени во фасети. На словенските типови овој елемент се јавува на типот Nea Anhialos - Оглед (Т. ГУ:2, 6, 7) каде што, аналогно на нашиот примерок, целиот е изведен во метал, со самото леење на фибулата. При тоа е дополнет со клун, така што добива и ново значење - око на птичји протом. Во рамките на космолошката иконографија на фибулите, овие кружни сегменти можеле да носат значење на фазите од соларниот циклус, кој се одвива околу земното ниво на вселената.16

- Низи од гранули на косише рабови од издолжената илочка (Т. IV:5). На примерокот од Прилепец се работи за пар симетрични низи од по 4 полутопчести сегменти, изведени во самата матрица која послужила за леење на фибулата. Овој елемент е специфичен за истите оние типови кај кои се јавува и претходно споредуваниот мотив. Во таа смисла, исклучок е само фибулата од Деметријас (Тесалија) на која ги нема или не се во доволна мера изразени наведените четири кружни елементи (Т. IV:8). Последниов примерок покажува релации со нашата фибула и во однос на концептот на концентрична организација на внатрешното расчленување од плочките и концептот на прелевање на овие елементи од издолжената кон полукружната плочка.

Компрацијата на наведените обележја овозможува широко географско и хронолошко поврзување на фибулата од Прилепец со бројни други типови раносредновековни двоплочести фибули. Навидум, таа укажува на некаков „еклектичен примерок“ создаден како резултат на комбинирање на неколку разновидни типови. Но непосредните врски, од една страна, со пораните, па дури и со претсловенските фибули од Прицрноморјето и централна Европа, а оддруга, со подоцнежните, пред се, балкански типови, го определува нашиот примерок повеќе како прототип. чиишто обележја постепено се интегрирале во повеќе различни подоцнежни поттипови словенски фибули, кои станале типични токму за балканскиот простор. 2. АНАЛОГНИ ФИБУЛИ ОД ТЕРИТОРИЈАТА

НА Р. МАКЕДОНИЈА

Новооткрисената фибула од Прилепец е повод уште еднаш да се разгледаат во целина досега познатите примероци од Р. Македонија (карта

а) Фибула од Битола, непознато наоѓалиште (Т. У1:1)

Фрагмент од двоплочеста фибула излеана во бронза. Зачувана е полукружната плочка, лачната спона и дел од издолжената плочка. Димензии: 1.7 х 1.8 см. Местото на пронаоѓање е наведено како „непознат локалитет, Битола“. Е. Манева ја определува како лачна прстеста фибула со маска од типот Werner ГН, при што се чини ги коригира и нејзините димензии (21 x 19 мм).18 Во постарите публикации, како седиште на предметот се наведува Археолошкиот музеј - Скопје (инв. бр. 695).

Како што наведовме, битолската фибула, според класификацијата на Вернер. припаѓа на типот Г-Н, кого авторот го именува и како тип Pergamon - Tei-zee. Го сочинуваат мали фибули, кои од технолошки и уметничкозанаетчиски аспект се изработени скромно (T. VI).19 Основното обележје им го дава контурата на издолжената плочка, дополнета со пет израстоци од кои еден, поставен на стеснетиот врв (секогаш кружен или заоблен) и четири странични (во неколку различни форми), поставени симетрично во однос на надолжната оска на фибулата. Во ретки случаи, корпусот е доработен со непретенциозни ликовни дополнувања (пластични или врежани мотиви). Во своите недамнешни истражувања, И. Гавритухин изврши подетална класификација на групата, делејќи ја на два основни поттипа и неколку серии:20

- Прв поттип: Орнамент̅ирани фибули. Специфични се по ликовните мотиви, претставени на челната страна (T. VI:1, 2, 3, 5, 6).

- Втор поттип: Мазни (неорнамент̅ирани) фибули. Немаат никакви ликовни мотиви на површината. Се делат на две (условно и три) варијанти, т.е. серии (Т. У1:7-12).

- Серија А: задниот пар странични израстоци на издолжената плочка (лоцирани поблиску до лакот на фибулата) се извиени во форма на кука, додека предните (лоцирани поблиску до врвот на плочката) се кружни (T.VI:7-12). - Серија Б: претставена е со единствена варијанта (наречена Горошево) кај која, за разлика од серијата A, обата пара странични додатоци се во форма на кука и свртени со врвовите еден кој друг (овие фибули во нашава статија не се прикажани).

- Серија В: оваа серијае условно определена, бездефинирање наобележјата што ја конституираат (овие фибули во нашава статија не се прикажани).

Евидентна е стабилната форма на полукружната плочка од овој тип фибули, која е типична, со масивни пропорции, со 5 правилно распоредени кружни сегменти на работ. Модификации се присутни на планот на внатрешната орнаментика, која се јавува кај примероците од првиот поттип (Т. VI:1-3, 5, 6). Сепак, во оваа смисла, евидентно е и едно специфично обележје - полукружна (дури и триаголна) плочка со три кружни додатоци, засега констатирана во рамките на серијата A и В (T. VI:9-11).

Јасно е дека нашиот примерок од Битола припаѓа на првиот поттип, при што, како најблиска паралела може да се посочи фибулата од Пергамон (спореди T.VI: со 5), која би можела да има и свое историско објаснување (миграција или депортација на Словените од централниот Балкан кон Мала Азија). Симболичко-иконографската анализа на издолжената плочка од овој тип фибули покажува дека во неа била кодирана фигурата на митскиот лик,21 т.е. божицата-родилка, прикажана со расширени нозе кои се извиваат во вид на змиски опашки. Кружните сегменти во пределот на нејзините раце упатуваат на фазите од соларниот циклус, што исто така бил во домените на овој митски лик.

6) Фибула од Виничани, Велешко (Т. УП:4)

Фрагмент од двоплочеста фибула. излеана од бронза. Зачуван е дел од издолжената плочка со врвот. Димензии: 3 х 2 см; наоѓалиште Бурлатица-Бресто, с. Виничани, Велес.22 Е. Манева ја определува како прстеста лачна фибула со антропоморфна маска и пар орловски глави, која, според типолошката шема на J. Вернер, ја класифицира како тип Ј-С.23 Во публикациите се наведува дека седиште на предметот е Народниот музеј во Велес (инв. бр. 1736). Веќе подолго време тој е изложен во постојаната археолошка поставка во Музејот на Македонија.

Специфичноста на овој тип фибули. наречен и Maros - Gambas Pergamon, се заснова врз обликот на издолжената плочка (T. VII, 1-6). На врвот од нејзиниот корпус (неправилен по форма) се наоѓа кружен или посложено заоблен сегмент, дополнет со орнаменти или со схематизирани елементи на лице (очи, нос, уста). Зад овој сегмент, корпусот е заоблен ВО вид на два полукруга, најчесто внатре перфорирани (во значење на раце поставени во пределот на стомакот или половината). Во задната половина на плочката се наоѓаат протоми на птици, организирани симетрично, во еден или два пара (T.VII:1-6; примероци со еден пар не приложивме). Типолошката група, под ова име ја определил J. Вернер. додека нејзнина подетална класификација извел И. Гавритухин. Фибулите, каталогизирани од страна на Вернер, тој ги дополнил со бројни новопронајдени примероци, при што целиот фундус го диференцирал во неколку основни групи и подгрупи. Евидентно е дека при тоа авторот клучно значење и дава за техниката на орнаментирање на фибулите, некогаш дури и на сметка на обликот од ОСНОВНИОТ корпус, т.е. неговата контура. Врз основа на еден ваков пристап, групата е поделена на два поттипа:25 23

- Прв поттип: фибули со „бисерна“ орнаментација. Групата опфаќа неколку примероци со различна форма, орнаментирани со зрнести бордури коишто имитираат техника на гранулација (такви примери тука не приложивме);

- Втор поттип: фибули со линијска орнаментација. Вклучени се бројни фибули со различна форма (категоризирани во засебни серии) за кои е заедничко орнаментирањето, изведено преку линии кои се испакнати или вдлабени во корпусот. Поттипот е расчленет на три серии:

- Серија А: обележена е со присуството на два пара израстоци во вид птичји глави или сегменти во форма на кука, како и 7 кружни додатоци на работ од полукружната плочка (Т. УП:1-6).

- Серија B: ја определува, пред се. еден пар израстоци во форма на птичји глави (такви примери тука не приложивме). Врз основа на реализацијата на морфолошките детали и орнаментиката, авторот изделува неколку варијанти (Федешть-Васлуй; Тумяны-Келары; Келары-Ментке);

- Серија В: ја дефинира еден пар израстоци, според авторот изведени како стилизација на птичјите глави, без назначување на окото и на клунот (такви примери тука не приложивме). Внатрешноста на полукружната плочка е исполнета со концентрични полукругови, впишани еден во друг. Ја формираат три варијанти (Сэраца-Монтеору; Великая Слобода; Вайлево).

Согледано од иконографски аспект, тежиштето на овие фибули се наоѓа во издолжената плочка, каде што може да се идентификува делумно стилизираната фигура на божицата-родилка - застапничка на нижите зони на вселената. Прикажана е со раширени нозе чии краеви завршуваат во вид на птичји протоми. Во тој контекст, овој тип фибули го по-

“4 Werner J., 1950, 153, T. 29: 15-23.

Гавритухин И.. 1991, 131-134, Таб. П. деливме на две основни групи, на кои се прикажани двете варијанти на овој зооморфизиран митски лик“26

а) Родилка со еден пар нозе во вид на птичји протоми (такви примери тука не приложивме);

Морфолошката анализа на фрагментот од Виничани (Т. УП:4) и неговото споредување со други аналогни фибули. покажува дека тој припаѓал на вториот поттип (фибули со линијска орнаментација) и во негови рамки на серијата А (два пара израстоци во вид на птичји глави). Во географска смисла, најблиска аналогија му е парот исти фибули од Круја, Албанија (Т. УП:8, 9).

в) Фибула од Св. Еразмо, Охрид (Т. УШ:1, 2)

Фрагмент од двоплочеста фибула, излеана од бронза. Зачувана е полукружната плочка со дел од лачната спона која е пробиена со централен отвор, веројатно во врска со секундарното користење на фрагментот како приврзок. Димензии: 4.8 x 3 см; наоѓалиште: некропола на локалитетот Св. Еразмо (наод од растурен гроб?).27 Е. Манева ја определува како лачна прстеста фибула, секундарно пренаменета во приврзок. Според типолошката шема на J. Вернер, ја класифицира како тип ІІ-В.28 Предметот се чува во Народниот музеј во Охрид.

Зачуваноста само на полукружната плочка и излижаноста на површината, не дозволуваат децидно типолошко определување на примерокот од Охрид. Согласувајќи се со глобалното категоризирање на Е. Манева, мора да се истакне дека идентификувањето со конкретниот тип е особено проблематично, со оглед на тоа што спецификите на наведената група се засноваат врз обележјата на издолжената плочка, која во нашиот случај е изгубена. Освен на оваа, нашиот фрагмент би можел да припаѓа и на некои други поткатегории од Вернеровата I pyia ІТ, и тоа конкретно типот И-С. кого го конституира токму исчуканиот мотив на круг со точка, присутен и на фрагментот од Охрид. Како паралели, не се исклучени и некои примероци од типот /Г-Е (Т. УШ:8; кој кај Вернер всушност опфаќа некатегоризирани фибули).

Мора да се каже дека охридскиот примерок има и една специфика која го оддалечува од наведената вернерова Ipyua И. Тоа е зголемениот број прстести додатоци (7 на број, наместо вообичаените 5). И нивните затапени врвови исто така се нетипични за наведенава група. Ова обележје упатува на некакви релации со претходно обработената група Maros - Gambas Pergamon, каде бројката од 7 „прсти“ е константна (спореди Т. МШ: со Т. VII:1-6), при што имаме и примерок (на територијата од Унгарија), чии „прстести додатоци“ и по својата форма се доближуваат до охридскиот фрагмент (спореди: Т. УШ: со Т. УП:3). Очевидно е дека овие релации не се однесуваат и на внатрешната орнаментика на полукружната плочка.

3. ОСТАНАТИ ФИБУЛИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ

И ЈУЖНИОТ БАЛКАН (T. (X; карта на Т. У)

Во рамките на оваа глава би сакале само да ги сумираме и останатите примероци на раносредновековни двоплочести фибули од регионот на централниот и јужниот Балкан (карта на 1. У).

Веќе наведената фибула од Националниот музеј во Софија (Т. ГХ: по потекло од Македонија), Вернер ја класифицира условно во како тип Ј-К (разновидни минијатурни фибули). Неколку фибули слични на оваа се откриени на подрачјето на Романија и околните области.29

Во границите на денешна Грција. засега ни се познати 6 фибули.

Во регионот на Воден (Едеса. Грција - Т. [X:1, 2) е пронајден пар речиси идентични фибули кои соотвествуваат на вернеровата категорија J-D (тип Plenita - Daumen). Нивни аналогии се среќаваат во Украина, Романија и Источна Прусија.30

Фибулата од Nea Anhialos (Тесалија - T. 1Х:7) ја спомнавме при анализата на примерокот од Прилепец. Вернер ја зема како парадигма во именувањето на една специфична група убаво обликувани фибули, типични за Балканското подрачје. Тоа е групата Ј-А (Nea Anhialos - Orlea)31

И фибулата од Demetrias (Тесалија - T. [X:4) веќе ја допревме при анализата на наодот од Прилепец.32 Да повториме дека се работи за примерок кој е уникатен по својата форма и засега не може да се вклопи во постојната типологизација. Земајќи ја предвид сличната контура со претходниот примерок од Nea Anhialos и географската блискост на двете наоѓалишта, можно е да се работи за некакви меѓусебни генетски врски (фибулата од Demetrias како претставник на рудиментираните прототипови или на редуцираните деривати). Од слоевите на античкиот град Dion, на северните падини од Олимп, потекнува фибула (Т. 1Х:5), која заедно со уште еден сличен примерок од Sparta (Пелопонез - Т. [X:6), во рамките на Вернеровата категоризација влегуваат во групата ІІ-В (тип Sparta - Linkuhnen - Cosoveni).33 Но, со оглед на хетерогеноста на оваа група, предложивме таа да се расчлени на 3 подгрупи.34 Притоа, примерокот од Dion, заедно со уште еден од Унгарија, би влегле во првата група („фибули со трапезна издолжена плочка“) и нејзината варијанта а“ (без странични додатоци). Фибулата од Sparta би припаднала на варијантата „6“ од истата група (со странични додатоци).

Мора да се нагласи дека фибулите од Dion, Demetrias, Nea Anhialos и Sparta се одликуваат со една заедничка специфика - трапезен габарит на издолжената плочка. Со оглед на нивната блиска географска лоцираност, ова би можело да се должи на одредени историско-културолошки релации на нивните носители. Изнесовме теорија дека ваквиот трапезен габарит, дополнет со човечка глава, во рамките на космолошката иконографија на фибулите ја прикажувал персонализираната Божица-Ма-35 јка-Земја. На примерокот од Nea Anhialos (Т. ІХ:7), тој е дополнет и со птичји протоми кои интерферираат со зооморфизираните екстремитети на божицата.

На подрачјето од Албанија се откриени два пара двоплочести фибули и уште еден единечен наод (карта на Т. У).

Првиот пар веќе го наведовме при компаративната анализа. Откриен е како прилог во една раносредновековна некропола кај Kruja36 (Т. УП:5, 6). 25 Припаѓа на веке елаборираниот Вернеров тип Maros Gambas - Pergamon, при што во рамките на категоризацијата на И. Гавритухин, влегува во вториот поштип и серијата А.

Вториот пар фибули е откриен во Љеш (Lezhe), повторно како гробен наод37 (Т.ГХ:8,9).7Ворамките на Вернеровата категоризација,тие припаѓаат на групата И-В (Тии Sparta - Linkuhnen - Cosoveni). Во рамките на нашата класификација на оваа група овие фибули влегуваат во третата група (фибули со два пара странични кружни апликации на издолжената плочка). Се работи за специфичен балкански тип фибули. за што зборува фактот дека сите негови примероци се пронајдени на Балканот (и еден во Мала Азија). Нашите иконографски анализи покажаа дека на нивната издолжената плочка38 бил прикажан небескиот бог, дополнет со фазите од соларниот циклус (аналоген со едната од синхроните плочки од Велестино

34 Чаусидис H., 2002, 278, 279.

55 Чаусидис H., 2002, 279-284, 335-349.

Anamali 5. - Spahiu H., 1979-80, 99, Т.УЦ-11,12.

. - Тесалија), додека на полукружната, стоел неговиот хтонски опонент, застапен преку главата од која излегуваат растенија.39

Последниот примерок од Албанија (откриен во Laci40 кај Kruja), според својата форма гравитира кон најдоцните форми на овој накит, кои навлегуваат и во VIII Вех (Т. ГХ:10). Опозицијата меѓу полукружната и издолжената плочка, кај овие типови се сведува на симетрија на две исти или слични по контура плочки. Врз база на оваа фибула, Вернер определува посебен тип J-L, нарекувајќи го Ladi. На истата табла приложува еден некатегоризиран примерок од Пастирское (Украина), се чини не увидувајќи го нејзиниот карактер на прототип во однос на фибулата од Ladi.

4. ИСТОРИСКО - КУЛТУРОЛОШКИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ

Доколку се согласиме со се поприфатливата теорија дека тука обработените раносредновековни двоплочести фибули биле обележје на ранословенските популации, тогаштие можат да се земат како материјална потврда на доселувањето и стационирањето на овие етноси на централниот и на јужниот Балкан, за што впрочем говорат и синхроните пишани историски извори. Фибулите од Царичин Град, Виничани, Прилепец, Битола, Воден, Dion, Demetrias и Nea Anhialos во Тесалија, како и најјужниот од Sparta, јасно ја трасираат централната оска по која се одвивале овие преселби, а тоа е долината на Морава, Вардар и Црна Река до Долна Македонија и потоа преку Тесалија до најужните пунктови - Пелопонез (види карта на Т. V). Примероците од Прилепец, Битола и Охрид упатуваат и на страничните гранки на миграциите или подоцнежната дисперзија на словенските популации, а веројатно и на западните траси преку кои можеле да бидат колонизирани албанските региони.

Некои од наодите можат конкретно да се поврзат со словенските популации за кои, врз основа на историските извори и современите интерпретации, дознаваме дека биле населени на дадените подрачја. Така, примероците од територијата на Р. Македонија, најверојатно припаѓале на Берзитите, парот фибули од Воден - на Дрогувитите, двете фибули од Тесалија - на Велегизитите, додека примерокот од Спарта, на едното од двете племиња населени на Пелопонез - Милинзите или Езераните.41 Тука наведените паралели за централно и јужнобалканските двоплочести фибули упатуваат и на териториите од кои можеле да започнат овие миграции: Северното Прицрноморје, Украина. северниот брег на Долен Дунав, пошироко Романија и Унгарија. Не се исклучени и некои релации со посеверните подрачја, како на пример Прусија.

Во овој случај, словенскиот карактер на тука обработените фибули е релативно добро поткрепен со пишаните историски извори. Ваквата ситуација им дава воедно и својство на аргументи во прилог на словенскиот карактер на овој тип накит.

Nikos Causipis

Institut for History of Art and Archaeology Faculty of Philosophy - Skopje

FINGER-SHAPED FIBULA FROM PRILEPEC AND OTHER ANALOGOUS EARLY MEDIEVAL SPECIMENS FROM THE CENTRAL AND SOUTH BALKANS

Белешки

  1. Рыбаков Б. А., 1953, 23-104; Рыбаков Б. А., 1948; Werner J., 1950, 150-172. ↩
  2. На пример: Werner J., 1960, 114-120; Вернер Й., 1972, 102-115; Fiedler U., 1992; Седов В. В., 1995; Гавритухин И. О. - Обломски А. М., 1996. ↩
  3. Babić B., 1997, 7-20. ↩
  4. Рыбаков Б. А., 1987, 197-208; Амброз А. К., 1993, 179-184; Чаусидис Н., 1999, 154-169; Чаусидис Н., 2002. ↩
  5. Винокур И. С. - Мегей В. П., 1992, 82-95; Вернер Й., 1972, 108. ↩
  6. Werner J., 1950, 155, Taf. 31:50. ↩
  7. Алексова Б., 1966a, 144, T.II/1,2; Aleksova B., 1966, 90; Бабиќ Б., 1974, 26; кат. бр. 4, 5. ↩
  8. Маленко В., 1985, 297, T.VI/4. ↩
  9. Манева E., 1992, 23-25, 120: Б1, T.1: B/1; 182: 55/8; T.1:55/8; 234: 93/23, T.1:93/23. ↩
  10. Во оваа пригода My се заблагодарувам на сопственикот, за увидот и отстапените информации. Му изразувам благодарност и на А. Миткоски (од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Прилеп), за информацијата и контактот со сопст-Веникот. ↩
  11. За наведените симболички значења: Чаусидис Н., 1999, 154-169; Чаусидис Н., 2002, 538-545. ↩
  12. Werner J., 1950,155, Taf. 27:3. ↩
  13. Чаусидис Н., 2002, 544. ↩
  14. Чаусидис Н., 2002, 202-204. ↩
  15. Чаусидис H., 2002, 194-190. ↩
  16. Алексова Б., 1966а, 144, Т.II/2; Aleksova B., 1966, 90; Бабиќ Б., 1974, 26: кат. бр. 5. ↩
  17. Манева Е., 1992, 120: Б1, Т.1: Б/1. ↩
  18. Werner J., 1950, 154, T. 30: 40-43; Чаусидис Н., 2002, 286-291; Т.Г30; Т.Г31. ↩
  19. Гавритухин И., 1991, 130, 131,Таб.I. ↩
  20. Чаусидис Н., 2002, 287-289. ↩
  21. Алексова, Б., 1966а, 144, II/1; Aleksova, B., 1966, 90; Б. Бабиќ, 1974, 26: кат. бр. 4. ↩
  22. Манева Е., 1992, 234: 99/23, Т.1:99/23. 1980, 110 - кат. бр. 592; Маленко В., 1985, 297, T.VI/4. ↩
  23. Родилка со два пара нозе во вид на птичји протоми (Т. УП:1-6; ова обележје го носат и фибули од други групи: T. УП:7-9). ↩
  24. Чаусидис H., 2002. 291-300: Чаусидис H., 1994, 184-189. ↩
  25. Од археолошкото богатство на ср Македонија, (каталог од изложбата), Скопје, 1980, 110 - кат. бр. 592; Маленко В., 1985, 297, T.VI/4. ↩
  26. Манева Е., 1992, 182: 55/8, Т.1: 55/8. ↩
  27. Werner J., 1950, 155, K:50, Taf. 31/50, аналогии: 155 - Abb.3/121,122; Curta E. - Dupoi V., 1994-95, Abb. 2, 3, 4, 5. ↩
  28. Илустрации: Babić B., 1997, 17, T.III:6,7; Типологизација: Werner J., 1950, 155/D, Taf. 29:25-29. ↩
  29. Werner J., 1950, 150 - A:1, Taf.27/1. ↩
  30. Eiwanger J., 1981, 13, Taf. 1/12. ↩
  31. Werner J., 1950, 151-B:1, Taf.27/1; Katsougiannopoulou Ch., 1997, 315-321. ↩
  32. Чаусидис Н., 2002, 278, 279. ↩
  33. Чаусидис Н., 2002, 279-284, 335-349. ↩
  34. Anamali S. - Spahiu H., 1979-80, 99, T.VII-11,12. ↩
  35. Prendi F., 1979-80, T. XX. ↩
  36. Чаусидис Н., 2002, 278, 279. ↩
  37. Чаусидис Н., 2002, 461-464, 562-571; Чаусидис Н., 2003, 185-189. ↩
  38. Werner J., 1950, 155 - L: 55, Taf. 31/55; фибулата од Пастирское: Taf. 31/52. ↩
  39. Сожето за пшианите и другите извори и интерпретации кои се однесуваат на овие племиња: Зоговиќ С., 2001, 231-378; Седов В. В., 1995, 148-169; за Берзитиите: Аџиевски К., 1994, 11-33; за Дрогувитите: Чаусидис Н., 2003, 116-118; за Велегизитите: Чаусидис Н., 1992; 1993, 141 - 166; 159 178; за Милињзитe и Езераните: Драгојловиќ Д., 1978, 107 - 115. ↩

Summary

Finger-Shaped Fibula from Prilepec and Other Analogous Early Medieval Specimens from the Central and South Balkans

The article is aimed at presenting a so far unknown to the science specimen of early medieval finger-shaped fibula, which was discovered as chance find in the area of the village of Prilepec near Prilep, now part of the private collection of Zan Crneski from Prilep. The morphological and typological analyses of the find are enhanced by comparisons with other known specimens of this type. Taking into consideration that no fully corresponding analogy to this specimen has been found so far, the article presents various types of fibulae that share common features in certain aspects (contour, ornamentation), some specimens from the north coast of the Black Sea having shown closest associations. The article further presents a survey of other Macedonian early medieval double-plate fibulae (Bitola, Vini¢ani, Veles “Sveti Erazmo” near Ohrid) as well as their typological attribution. A consideration has been given of the closest analogies, including summarized interpretation of their iconography. Than follows an account of other fibulae of this type discovered in the territories of Central and South Balkans (the borders of present day Greece and Albania). Finally, an attempt has been made, in the context of written historic sources and other archaeological finds, for elucidating the historic consequences of the presented fibulae. It refers to defining the routes of movement of Slavs during their raids and migration to the mentioned regions in the Balkans, as well as correlating the specific finds with the Slavic ethnic groups (tribes) that settled the corresponding regions.

Библиографија