Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 289–302

Новооткриен термален објект во Баргала

Во најново време Заводот и Музеј - Штип на археолошкиот локалитет Баргала1 изведува интензивни археолошки истражувања во голем дел проследени со конзерваторски интервенции, при што се откриени: оградниот зид на Епископиумот, остататоци од влезната архиктектура во предворието на Епископската базилика со објекти од стопански и станбен карактер, северозападниот градски бедем со главната порта, објекти во дворот на базиликата и новооткриениот архитектонски бисер на градот, термалниот објект - Доцноантичката бања? (Пл. 1).

Истражувачките активности се изведуваа на широкиот простор меѓу2 Епископската базилика и северозападниот градски бедем, зафаќајќи ги квадратите В1, В2, C1 и Г2 од општата квадратна мрежа на локалитетот. Истражувањето во 2001 год. претставува континуитет на проектот „Истражување во рамките на Епископиумот“ започнат во 1999 година.

Археолошките активности во 2001 год. резултираа со многу значајно археолошко откритие.3 Регистриран е уште еден објект, Доцноантичка терма - бања, со што ранохрисијанскиот баргалски Епископиум добива посебно значење, а самиот објект како таков играл многу значајна улога во целокупното функционирање на Епископиумот.

Илустрација, стр. 290

Бањата е лоцирана на просторот меѓу дворот на Епископската базилика и северозападниот градски бедем. Објектот е со издолжена основа, должина 19 м и најголема широчина до 13 ми е ориентиран во правец североисток-југозапад.

Во прашање е добро зачуван комплексен објект со поединечни простории меѓусебно функционално поврзани, секоја од нив со посебна намена која произлегува од различните процедури на капењето. Иако овој објект не е во целост истражен, јасно се одделуваат следните архитектонски елементи: аподитериум (голема сала - соблекувална), фригидариум (студена бања со голем базен), тепидариум (бања со млака вода), лаконикум - судаториум (просторија за испотување - сауна) и калдариум (топла бања) (Пл. 1). Со калдариумот е поврзан фурниумот - печка за подно затоплување и затоплување на водата. Целиот објект е релативно добро зачувана особено хипокаустот - висечкиот под,какои базените и кадите во фригидариумот, тепидариумот и калдариумот.

Просторија бр. 1 (apoditerium и frigidarium)

Просторијата го зафаќа западниот дел од бањата. Димензиите на внатрешниот простор на салата (соблекувалната) изнесуваат 8.35 x 6.00 м. Подот е изведен со камени плочи од црвеникава бреча поставени врз супструкција од, во најголем дел, речни камења втопени во хидростатен малтер. По целата должина на јужниот и северниот ѕид се иззидани банкини

Сл. 1. Аподитериум. фригидариум и дел од тепидариумот
Сл. 1. Аподитериум. фригидариум и дел од тепидариумот

- клупи со димензии 0.60 х 0.50 м. Остатоци од банкини се констатирани и долж западниот зид. Во средишниот дел на просторијата изградена е уште една банкина. Банкините, како и подот обложени се со црвеникави камени плочи (сл. 1). Широчината на зидовите кои ја оформуваат просторијата изнесува 0.70-0.75 м. Во северниот зид над банкините вградени се две полукружни ниши (Пл. 1).

Во просторијата (соблекувалната) констатирани се два влеза однадвор. Првиот влез кој подоцна бил зазидан е вграден во јужниот зид. Вториот влез (северниот) е вклопен меѓу западниот зид од објектот и западниот зидан столбец - носач на сводната конструкција на базенот. Меѓу источниот столбец - носач на сводот од базенот и источниот зид регистриран е влез во просторија бр. 2 со широчина од 0.85 м.

При откривањето на подот од просторијата во слој од гареж и пепел регистриран е еден бакарен фолис на Јустин II (565-578 г.). Од другите наоди за одбележување е едно мено од бифора, најдено на подот во источниот дел од просторијата.

Аподитериумот (соблекувалната), всушност, преставува собирна сала каде што луѓето поминувала извесно време пред капењето, а, пак, по капењето го приспособувале своето тело кон нормалната температура (Пл. 1).

Соблекувалната на северозапад завршува со издвоен апсидален простор со широчина 3.80-4.00 и длабочина на апсидата 3.70 м (Пл. 1). Апсидалниот зид е широк 0.80 м кој на краевите завршува со проширени зидани столбци со димензии 1.30 х 0.95 м како носачи на сводот од апсидалниот простор. При чистењето на овој простор од шут (речни камења, блокови од бигор, фрагменти од тули и ќерамиди и хидростатен малтер) на ниво од 1.75 м откриен е подот на базенот поплочен со камени плочи. Базенот е со димензии 3.90 х 2.50 м. Од јужната страна базенот е ограден со зид - скалиште, долг 3.90 и широк 1.20 м. Граден е од тули и црвен хидростатен малтер, а поплочувањето на подот и зидовите е изведено со камени плочи врз хидростатен малтер. Во северозападниот дел од базенот на ниво на подот во зидот регистриран е отвор за истекување на водата нанадвор. На подот од базенот лежи капител за мено од бифората - прозорец од челото на апсидата. Овој релативно голем полукружен базен го претставува фригидариумот - студената бања (Пл. Г).

Просторија Op. 2 (tepidarium)

На просторот меѓу источниот зидан столбец (носач на сводната конструкција на базенот) и северниот зид од соблекувалната вграден е влез широк 0.85 M, кој комуницира со тепидариумот (бања со млака вода). Со откопите кон запад во должина од 3.60 м и кон исток 5.40 м, а во длабочина од 1.50-1.90 м, отстрануван е исклучиво шут (градежен речен камен, обработени блокови од бигор, градежни тули, ќерамиди и хидростатен и варов малтер).

Сл. 2. Man базен - када во тепидариумот
Сл. 2. Man базен - када во тепидариумот

Наоди: мено од бифора од андензит, фрагменти од доцноантички и раносредновековни керамички садови, фрагменти од прозорско стакло и стаклени садови и железни клинови.

Тепидариумот - бањата со млака вода е со правоаголна форма, ориентирана во правец североисток-југозапад и со димензии: 5.40 х 2.00 м со проширен апсидален дел за 1.70 м кон север каде што е лоциран базенот - поголемата када. Подот на просторијата с поплочен со камени плочи врз слој од хидростатен малтер. Подот е добро зачуван со извесни оштетувања во западната половина (Пл. Г).

Во истурениот полукружен северен дел на пониско ниво ОД ПОДОТ На просторијата лоциран е добро зачуван мал базен - када со површина 1.80 х 1.00 м. Оплатата од камени плочи на полукружниот зид е зачувана во висина од 0.60 до 0.80 м. Подот, кој исто така е од камени плочи, е добро зачуван. Во зидот, во висина на подот, констатиран е отвор за истекување на водата. До базенот се доаѓа преку високо скалиште (ограден зид), исто така обложен со црвеникави камени плочи. Скалиштето е долго 2.00 м, а широко 0.70 м. Во неговата западна половина во највисокиот дел констатирани се остатоци од глинена цевка за довод на вода (Пл. Ги сл. 2). Источниот дел на просторијата исто така завршува полукружно-апсидално. При чистењето на оваа источна апсида откриена е уште една када, но со помали димензии: 1.50 х 0.65 м и длабочина до 0.30 м. Отворот за истек на водата € вграден во западниот ограден зид на кадата. Подот на кадата е во истото ниво со подот на просторијата.

Отпадната вода од кадата преку подот на просторијата кон запад истекувала преку прагот од влезот во аподитериумот во кој е врежан канал за истек на водата и понатаму преку аподитериумот кон запад истекувала преку влезот на бањата низ изжлебени камени блокови надвор од објектот (Пл. 1).

Наведените податоци укажуваат дека оваа мала када е со посебна намена, простор кој служел за плакнење - обмивање на телото со млака вода по излезот од калдариумот (топлата бања) и просторијата за испотување (лаконикумот).

Сл. 3. Канал за одвод на чадот
Сл. 3. Канал за одвод на чадот

Под подот на просторијата кон север вграден е засводен канал долг 2 и широк 1 м со вентилациска функција за излез на чадот и дел од топлиот воздух, кој, всушност, преставува дел од системот на висечкиот под - хипокаустот на бањата (сл. 3).

Присуството на голема количина делкани блокови бигор во шутот на просторијата укажува на сводна конструкција на покривот од тепидариумот, изведен од бигор. При разоткривањето на аподитериумот, фригидариумот и тепидариумот регистрирани се бројни фрагменти од глинени водопроводни цевки за довод на вода до базените и кадите.

Просторија бр. 3 (laconicum - sudatorium)

Лаконикумот е лоциран јужно од тепидариумот. Двете простории комуницираат со влез широк 0.80 м. Како и во претходните откопи така и при откривањето на оваа просторија изведувани се длабоки ископи на шут во длабочина од 1.60-1.80 м. Руинираноста на просторијата е нешто поголема во однос на претходните. Градежен камен, обработени блокови бигор, варов и хидростатен малтер, тули и ќерамиди, гареж и јаглен е карактеристика на остранетиот материјал.

Подот е хипокауст - висечки под со инсталација за подно и зидно 3aтоплување на просторијата.4 Како носачи на суспензурата - подната супструкција од хидростатен малтер. тули и плочи од црвеникава бреча, употребени се зидани столбци од четвртести и веројатно кружни тули, камени колони, а можеби и глинени цевки - тубули.5

Во јужниот полукружен дел на лаконикумот над подот изѕидана е издигната супструкција од тули и малтер со намена за седење - престој при чинот на загревање и потење на телото. Долж западниот, северниот и источниот зид на просторијата до висина од 0.60 м и широчина од 0.25- 0.30 м извидана е топлотна конструкција од тули и делови од покривни ќерамиди вертикално поставувани со вертикални канали - шуплини за циркулација на топлиот воздух од хипокаустот. Оваа топлотна супструкција однадвор е обложена со камени плочи (Пл. Г).

Цртеж 1 Пресек југоисток - северозапад
Цртеж 1 Пресек југоисток - северозапад
Сл. 4. Арки над подот во лаконикумот
Сл. 4. Арки над подот во лаконикумот

Во долните партии на источниот 5ИД над подот кој го дели лаконикумот од калдариумот констатирани се четири полукружни отвори - арки изведени со тули. Арките се со пречник од 0.35 м. Арките ги носат зидани колони кои формираат канали за циркулација на топлиот воздух од калдариумот кон лаконикумот (цртеж ги сл. 4).

Просторија бр. 4 (caldarium)

Преку влез во источниот зид широк 0.70 м лаконикумот комуницира со калдариумот. Просторијата со површина 3.40 х 2.30 м ја сочинуваат следниве елементи: хипокауст - висечки под, јужна полукружна када, северна правоаголна када и фурниум во источниот дел (пл. Ѓи сл. 5).

Суспензурата на подот е изведена на носачи - столбци зидани од четвртести и кружни тули со можност за употреба и на глинени тубули. Просторот под суспензурата и каналите за струење на топлиот воздух не се истражени. Подот како и кај другите простории поплочен е со камени плочи, во поголем дел релативно добро зачувани.

Јужната када има полукружна форма со димензии 1.30 х 110 ми длабочина до 0.90 м. Полукружниот зид широк 0.25 м е изведен од вертикално поставени фрагменти on ќерамиди и тули со отвори за вертикално струење на топлиот воздух од хипокаустот. Ѕидовите на кадата се поплочени со камени плочи, поставувани врз хидростатен малтер (сл. 6). Кадата има отвор за истек на водата. Како и кај претходните простории, горните партии на калдариумот завршувале со сводна конструкција изведена од бигор. Во средишниот дел на јужниот зид од калдариумот, над кадата, вграден е прозорски отвор зачуван половично. Во северниот дел од просторијата лоцирана е втората када, која за разлика од останатите е со правоаголна форма. Кадата е со димензии 1.50 х 0.90 м и зачувана длабочина до 0.80 м. 5иданата правоаголна топлотна конструкција е исто така со вертикални отвори за циркулација на топлиот воздух (Пл. 1).

Сл. 5. Калдариум
Сл. 5. Калдариум

Во и околу северната правоаголна када најдени се поголем број мали цилиндрични глинени тубули за зидно затоплување (Т. I, 4).

На зидот над кадата регистрирани се остатоци од долги железни клинови со Т форма со кои глинените тубули биле прикрепувани перпендикуларно на оплатата од камени плочи на зидот. Тубулите биле поставувани во прави хоризонтални редови на одредено растојани една од друга.

Фурниумот е вграден во источниот дел од просторијата. Огништето со сводна конструкција од тули и малтер кое не е во целост истражено има елипсовидна форма со димензии 1.20 х 0.80 м. Лоцирано е под нивото на подот од хипокаустот (Пл. I). Од нивото на почетните откопи до завршното ниво на недоистражениот фурниум длабочината на откопот. а со тоа и конструкцијата на фурмиумот изнесува 2.60-2.70 м. 5идната маса на фурниумот над конструкцијата од огништето е градена со двојни зидови, а на внатрешноста од 5идовите зачувани се остатоци од хидростатен црвен малтер со дебелина од 0.10-0.15 м. Овие податоци даваат за право да размислуваме дека горните партии на фурниумот претставуваат простор за акумулација на вода која по нејзиното затоплување преку глинена водопроводна инсталација била доставувана до кадите и базените во бањата.

Сл. 6. Јужна када во калдариумот
Сл. 6. Јужна када во калдариумот

Огништето на фурниумот е под нивото на хипокаустот, преку чии канали циркулирал топлиот воздух за загревање на калдариумот, лаконикумот и тепидариумот.

Сондирањето покрај североисточната и источната фасада на бањата во длабочина до 1.50 м ги регистрираа горните партии на североисточниот и источниот 5ид од бањата. Овие зидови по својата конструкција и масивност се разликуваат од останатите ЅНН маси на бањата. Во прашање се двојни зидови прилепени еден до друг со широчина од 1.20- 1.60 м. Ваквата конструкција произлегува од потребата за поголема термичка изолација.

Средишниот источен дел од источната фасада со димензии: должина 3.00 м и широчина 1.50 м, во кој е вграден фурниумот - печката е цел на натамошните истражувања. На ниво од 1.30 м констатиран е длабок свод во вид на широка ниша изведен од тули и малтер. Најверојатно овој свод е дел од архитектонската изведба на фурниумот со огништето за дрва кое се наоѓа, како што е веќе кажано, на нивото под подната конструкција на хипокаустот во бањата.

При разоткривањето на овој простор констатирани се следниве наоди: релјефна плоча од андензит со претстава на барска птица како пер-

Илустрација, стр. 299
Сл. 7. Монети на Јустинијан 1 (527-565) и Јустин П (565-578)
Сл. 7. Монети на Јустинијан 1 (527-565) и Јустин П (565-578)

сонификација на водата (Т. Г, 1), капител (T. I, 2), база за колона (Т. I, 3), голем број фрагменти од фреско-живопис, делови од оксидирани метални предмети и животински коски. Како значаен наод ги издвојуваме петте бакарни монети, полуфолиси и фолис на Јустинијан I (527-565 г.) и Јустин II (565-578 г.), најдени во слој на гареш и пепел на длабочина од 1.50 м до источниот зид (сл. 7). Овие монети во голема мера ја детерминираат горната граница од егзистенцијата на термата.

Со истражувањата кои ќе продолжат на овој простор најверојатно ќе биде разоткриена конструкцијата на префурниумот кон исток, како составен елемент на термата.

Снабдувањето на термата со вода најверојатно е изведувано од цистерната за вода лоцирана во близина на термата или, пак, преку посебна водопроводна инсталација од некој друг акумулациски дотур на вода. Решение на овој проблем ќе се бара со натамошните дооткривања на објектот и просторот источно од термата.

Со цел да се регистрира и документира северозападната фасада на бањата, на тесниот простор меѓу бањата и северозападниот градски бедем во должина од 21 M, и средна широчина од околу 2.00 м, изведени се длабоки откопи од 1.50-2.30 м, при што е регистрирана комуникација

нејзиното целосно и детално разоткривање.
нејзиното целосно и детално разоткривање.

- улица, поплочена со камени плочи која западните делови од Епископиумот ги поврзува со источните објекти и одбранбената средишна кула од градскиот бедем на североисточниот дел од градот (Пл. 1).

На територијата од Р. Македонија познати се поголем број антички терми и објекти со хипокауст. Како позначајни ќе ги наброиме: бањата во с. Банско кај Crpymuua,7 Големата и Малата бања во Стоби,8 бањата во Хераклеја9 и термалниот објект во Скупи.10

Бројни терми од римскиот и доцноантичкиот период познати се од териториите на соседна Србија и Бугарија лоцирани во и околу поголемите антички градови, како на пример: термата во Царичин Град,11 римската терма во Сирмиум,12 бањите во Пауталија,13 Монтана,14 Пловдив,15 Никополис!“ итн.

Zvonko Beldedovski Trajče Nacev Institute and Museum Stip

NEWLY DISCOVERED LATE ROMAN THERMA IN BARGALA

Белешки

  1. За археолошкиот локалитет Баргала види: Алексова B., 1989 год. и таму наведена литература. ↩
  2. Интензивните археолошки истражувања и конзерваторски дејности на локалитетот Баргала, Заводот - Музеј ги изведува од 1995/96 год. Истражувањата ги раководеше 3. Белдедовски, археолог-советник, а конзерваторските активности се изведуваа под раководство на Т. Нацев, археолог виш конзерватор и Р. Петковски архитект, советникконзерватор. ↩
  3. Истражувањата се изведуваа во текот на мај и јуни, а истите беа продолжени во ноември и декември 2001 год. Со Проектот раководеше 3. Белдедовски во соработка со Jb. Ктонкова. архитект-документатор и К. Спасов, фотограф. ↩
  4. За хипокаустот како топлотна инсталација во римските и рановизантиските објекти види: Иванов T., 1971, 23-44. ↩
  5. Долниот дел - каналите на хипокаустот не се истражени. ↩
  6. Ананиев J., 1989, 333-339. : ↩
  7. Mano 71551 Dj., 1940, 232-234; Vinéié Z., 1963, 95-96: Vindié Z., 1953, 96-97. ↩
  8. Јанакиевски T. - Манева E. - Ивановски H., 1983. ↩
  9. Гарашанин M. - Корачевиќ Д.. 1987, 19-96. ↩
  10. Петровиќ H., 1961, 11-20. ↩
  11. Паровиќ Пешикан M., 1966, 31-45. ↩
  12. Русева - Слоковска ЈІ., 1964, 35. ↩
  13. Длександров Г.. 1971. ↩
  14. Цончев Д., 1950, 138. ↩
  15. Иванов T., 1952, 221. ↩
  16. Плановите и цртежите ги изработи Љ. Кљонкова, фотографиите К. Спасов. ↩

Summary

Newly Discovered Late Roman Therma in Bargala

Research activities carried out by16 the Institute and Museum of17 Stip at the archaeological site of Bargala in 2001 brought about a discovery of great number of structures, among which especially important is a thermal structure - Late Roman bath.

The Late Roman bath - therma is located in the area between the basilica courtyard and the town walls. The structure as a whole is rather well preserved in all its architectural elements and has separate rooms communicating in a functional manner. Each of the rooms had specific purpose arising from different stages in the bathing practice. Although the structure has not been completely researched yet, the following architectural elements can be distinguished: apoditerium (dressing room), frigidarium (a cold water bath with a large pool), tepidarium (lukewarm water bath with a big and a small tub), laconicum (sauna) and caldarium (hot bath with two small pools - tubs). The caldarium is connected with furnium - a furnace for heating the floors and the water (PI. I and figs. 1, 2, 5 and 6). The entire structure is relatively well preserved, particularly the hypocaust - suspended floor, the pools and tubs.

By the discovery of the Late Roman therma, the Early Christian episcopate of Bargala acquired a special importance the structure itself must have played significant part in the overall functioning of the episcopate.

In the territory of R. Macedonia several major thermal structures have been discovered at the sites of Stobi, Heraclea, Scupi and in v. Bansko near Strumica dating from the Roman and Late Roman period.

Библиографија