Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 273–287

Македонска сива грнчарија од Скупи (IV- VI век од н.е.)

(IV - VI Bek од н.е.)

Римската епоха изобилува со производство на разновидни грнчарски производи. Високиот степен на општествен развој на империјата дозволувал да се развијат повеќе типови, на овој, бројно најприсутен производ на наоѓалиштата од оваа епоха. Применувајќи ги искуствата и традициите на претходниот период и усвојувајќи ги влијанијата на новоосвоените народи, покрај стандардните типови римски грнчарии, се развиваат и неколку нови типови грнчарски производи. Новите типови на грнчарија се со нови влијанија, но, сепак, се стопени со римските традиции, во однос на формата на садовите и на техниката на производство.

Разновидноста на новите типови гричарски производи се согледува особено во периодот на доцната антика, кога во сите сфери на живеењето се вклучуваат народите кои со своите преселби доаѓаат на територијата на Римската Империја. Покрај широко распространетата африканска црвеноизмазнета грнчарија и фокеанска црвеноизмазнета, односно доцноримска Ц грнчарија, се развиваат кипарска црвеноизмазнета, египетска црвеноизмазнета, македонска сива тера сигилата, галска сива тера сигилата и повеќе видови локални продукции, главно, од источниот Медитеран, како атинска, палестинска и малоазиска продукција.

Предмет на нашето проучување е македонската сива грнчарија, која како тип луксузна грнчарија, покрај широко распространетата доцноантичка грнчарија со црвено премачкување, се јавува во периодот на доцната антика. Според досегашните сознанија, оваа грнчарија е распространета во јужниот дел од Балканскиот Полуостров, со одделни наоди и пошироко од него. Во науката прв ја презентирал Хејс (J. W. Hayes), именувајќи ја како „македонска сива тера сигилата“, изделувајќи ја како еден од повеќето други типови на доцноримски гричарии пронајдени во медитераневите градови, Садовите од овој тип грнчарија се изработени од добро пречистена глина, чиј колорит варира од светло до темносива, па и сивокафена боја, со додадени ситно приготвени парченца сребрен момирок и ретки меури од воздух. Глазурата е во повеќето случаеви во тенок слој, во сива, сивоцрна и сивомаслинеста боја, а многу ретко се јавува и црвено-кафеникава нијанса. Садовите имаат седефаст или метален изглед. Според техниката на производство и формите, се претпоставува дека ги повторуваат актуелните метални садови.

Типични форми се чиниите со рамно дно, со печатена декорација на работ која е изведена како бордура на работ. Исто така, застапени се и длабоки чинии со брановидни надворешни рабови. Покрај овие форми, се јавуваат и затворени форми, како стомни чиј врат е тесен и често пати со прстенести профилации.

Формите се повикуваат на галската сива т.с. Присуството на Готите во LV век во нашите краеви можеби може да го потврди појавувањето на оваа грнчарија, слична со галската сива т.с., а условена со трговските врски, иако Македонија не поседувала претходно софистицирано производство на тера сигилата, како што е случај во Галија. Македонската сива грнчарија можеби станува омилена трпезна грнчарија на новата клиентела од новодоселената готска аристократија, а со тоа станува и конкуренција на римските традиции. Ригоар (Y. Rigoir), проучувачот на галската сива тера сигилата, ја покажува декорацијата и техниката на изведба на ранохристијанската сива сигилата, произведена во У и У! век, во Прованса и Нарбона, кои ги снабдувале регионите на европскиот континент се до Швајцарија и биле извезувани низ целиот западен Медитеран. Несомнена € сличноста на овој тип грнчарија со македонската сива грнчарија, па оттаму и ставот дека нашава грнчарија е работена по примерот на готската. Исто така, проучувањата укажуваат и на соочување на таа грнчарија со садовите од тера сигилатата. Какои кај некои садови од галската тера сигилата, и покрај добрата распределба на орнаментите на површината со употреба на разновидни шари, честопати декорацијата на македонската сива грнчарија доведува до впечаток на несреденост и пренагласеност. Засновајќи се на првите пронајдоци на оваа грнчарија во наоѓалиштата во Солун, во Македонија, потоа во Атина, Коринт и Константинопол,

" Момирок (лат., итал., фр.. англ., герм.: тиса) значи трошки, зрнце, блескав минерал, деллив, кој во изобилие го има во еруптивни и метаморфични карпи, составен од алуминиумов силикат и калиум, светкав, често со метален сјај. Момирокот се употребува заради термичка отпорност на повисока температура. Вообичаено се присутни сребрен и златен момирок.

Anderson Stojanovié V., 1992, 61, според Rigoir Y., 1960; Rigoir Y., 1963.

> Микулчиќ И.. 1999, 201.

*Rigoir Y,, 1997, Хејс5 смета дека таа е, главно, раширена во Македонија. па оттаму оваа грнчарија го добива името. Заслугата за пробивањето на македонската сива грнчарија во науката му припаѓа на Хејс. но нејзиното целосно проучување и типологизирање го извела В. Андерсон Стојановиќ, анализирајќи го материјалот од Стоби.6 Таа ја споредува со различните сиви гричарии од доцен хеленистички и раноримски период во Стоби, кои се исчезнати во II и Ш век. Според неа, во Стоби оваа грнчарија се јавува во третата четвртина на IV век, во периодот на просперитет на градот. Крајот на нејзино постоење с во средината на VI век. Материјалот е типологизиран во 11 форми.7

Распространетоста на досега познати наоѓалишта на македонска сива грнчарија упатува на Балканскиот Полуостров, неговиот јужен и источен дел, со делумно проширување. За наодите во Солун информира Хејс, и тој материјал, иако е само делумно објавен, е од огромно значење.8 Информацијата дека чинии од македонска сива грнчарија се пронајдени во Тороне и Филипи, потврдува дека овој тип на грнчарија навистина го заслужува називот, кој го добил по географското распространување.9

Истражувањата во Тракија покажуваат дека во Сандански (Бугарија) на градба од римскиот период (П-ГУ век) и врз неа ранохристијанска базилика (датирана во VI век) во доцноримскиот слој, е пронајден материјал кој припаѓа на македонска сива грнчарија.10 Садовите се идентични со скупските, а со стобските идентичноста ја потврдува В. Андерсон Стојановиќ. Истражувањата на локалитетите по Горна Струма (Бугарија) исто така покажуваат присуство на садови од овој тип грнчарија.11 Овде чиниите од Ќустендил И Перник кои ПО форма се типични за овој тип грнчарија (се измешани со сличните чинии од Долна Панонија)12 и се датирани во П-ГУ век.

На македонските наоѓалишта ја среќаваме на повеќе места: Валандо-13 во, Марвинци и Повардарие.14 Прилепско,15 Хераклеја.16 Скупи.17 Кумановско,18 каде се или само илустративно прикажани и сведени на доцноантички материјал или, пак, е посочен доцен ГУ век.

Раширеноста во Дакија. Мезијаи Панонија биле својствени на различни школи од доаѓањето и последователното населување на Готите.19

Во рамките на раширеноста на оваа грнчарија се вбројуваат и наодите од Романија.20

Како илустрација да го наведеме и податокот за постоење на македонска сива грнчарија со една чинија од форма 2A во Сасехс, Англија. во слој од У век.21 Овој податок може да ни укаже за луксузниот карактер на оваа грнчарија, зашто поинаку не гледаме оправдување грнчарски сад од овие краеви да биде однесен дури во Англија.

Во Скупи се најдени доста фрагменти на македонска сива грнчарија. Материјалот брои околу 50-ина фрагменти од различни садови. Овој тип грнчарија се среќава во неколкуте истражувани објекти во градот кои се градени или само делумно во периодот на своето постоење припаѓаат на доцната антика. Предметите се најдени во следните градби: Базилика II (Христијанска базилика), означена како Пункт 1, градбата северно од бањата, означена како Пункт 2, Градската бања, означена како Пункт 3, Базилика I, означена како Пункт 4.

Чиниите од форма 1 се претставени на (Т. 1, сл. 1, 2, 3, Т. 2, сл. 4, 5, 6). Тоа се чинии со рамно дно и хоризонтален раб. Работ е одделен од телото со една или повеќе испакнати канелури, а декорацијата на работ е изведувана со печатење или врежување. Работ може да е брановидно издлабен или нарецкан. Според Хејс, формата на овој тип чинии е слична со формите 58 и 59 од африканска црвеноизмазнета грнчарија.

Длабоките чинии од форма 2 се претставени на (Т. 3, сл. 7, 8, 9, 10). Тие се полусферични чинии, чиј раб е хоризонтален, а дното е мало и

4 Соколовска B., 1986, 122, T. 46/1, 9, 13, 12; T. 47/5, 10; Т. 48/1, 6, 7, 17.

'9 Anderson Stojanovié V., 1992, 65.

9 Anderson Stojanovié V., 1992, 66 со наведена литература.

Anderson Stojanovi¢ V., 1992. рамно. Декорацијата на работ може да е иста со декорацијата на чиниите од форма 1, но може да бидат применети и едноставно врежани линии на крајот од работ. Слични се со длабоките чинии од тип 78, од определбата кај Хејс на африканската црвеноизмазнета грнчарија.

Формите на типовите чинии според определбите на Хејс од африканската црвеноизмазнета грнчарија кои ги посочуваме погоре, егзистираат во истиот период во кој се определени и чиниите од македонската сива грнчарија. Начинот на изработка и кај нив се поврзува со галската грнчарија, а нагласената декорираност е резултат на желбата за создавање на грнчарија со повиски критериуми, имајќи ги предвид искуствата од другите типови на грнчарија.

Од типот чинии застапена е уште една форма, форма 5, претставена на Т. 4, сл. 11. Тоа се чинии чие тело е заоблено. дно рамно. а работ е едноставно заоблен од горната страна. Кај овие чинии не е присутна никаква декорација. Едноставната форма, со мазнета и сјајна површина прават и овие чинии да оддаваат префинетост и елеганција.

Затворените форми на садови се претставени со неколку видови. На Т. 4, сл. 12 претставена е формата на длабоки садови, со облик кој наликува на пехар, а припаѓаат на формата 6. Под работ, од надворешната страна, изведени се две врежани канелури.

На Т. 4, сл. 13 е претставен длабок сад, кој често е со две рачки. Работ на садот е триаголно профилиран, со испакнати канелури под него. Овој облик и следниот од Т. 4, сл. 14 ја претставуваат формата 9.

На Т. 5, сл. 15, 16, 17 претставени се облиците на помали и поголеми стомни, одредени како форми 8 и 10. Стомните се со дно издигнато на нога. Карактеристика кај стомните од македонската сива грнчарија е прстенесто профилираниот врат во повеќе сегменти. кои ни се добро познати од досега објавуван материјал од македонските наоѓалишта. На сл. 16 е претставена декорација на голема стомна. на долниот дел од телото. со применети хоризонтални и цик-цак врежани линии. Малите стомни се со топчесто тело, а поголемите се со издолжена, јајцевидна форма.

Проучувајќи го материјалот од градската територија на Скупи, согледуваме дека најзастапени се садовите од формите | и 2, односно плитки и длабоки чинии. Од нив, пак, најмногу се оние чиј раб е изведен со брановидни врежувања по работ, а на површината с претставена богата декорација.

Декорацијата, која е присутна речиси на сите садови од овој тип гринчарија, е многу богата со различни мотиви и може да се следи нивно спојување во цели композиции на геометриски шари. На (T. 5, сл. 18, 19, 20) претставени се декоративни елементи, меѓу кои, стилизирана претстава на риба. Обликот на садовите од т.н. затворен тип, длабоки садови како пехари, стомни со различни димензии, шолји, дозволува декоративните мотиви да бидат компонирани на големите површини од нивното тело. Покрај многуте мотиви, како што се концентрични крукчиња, долгнавести нарецкани облици, врежани цик-цак линии и брановидни линии, во доменот на декорацијата спаѓаат и прстенестите задебелувања на вратот од стомните.

На Т. 6 претставена е листа на форми садови на македонската сива грнчарија на градската територија во Скупи. Најмногу се застапени формите 1 42, односно плитки и длабоки чинии. Најголемиот дел од нив се произведени во типичната сива боја на глина, но ги има и во кафена, кафеносива и црносива, која е многу блиска со премачкувањето на површината од садовите. Од прегледот на материјалот се гледа дека најголемиот дел од материјалот е најден во пунктовите | и 2, односно Христијанска базилика и градбата северно од Бањата. Материјалот од овие две градби, кои се окарактеризирани како затворени целини, е обработен, класифициран и типологизиран.22 Обработката е изведена, изделувајќи го материјалот во изделените нивоа во градбите, во чии анализи се користени датациите од нумизматичкиот материјал, најден во градбите. Покрај временската определба на нивоата во градбите, користена е датацијата на материјалот од овој тип грнчарија од соседните области. Дојдено е до сознание дека според материјалот од овие две градби, во Скупи македонската сива грнчарија се јавува во втората половина на IV век, ја има во целиот У век, а завршува на крајот од векот и првите децении од VI век. Досегашните проучувања на македонската сива грнчарија не упатуваат на констатација дека стомните се форми кои се изработуваат нешто порано од производите од отворен вид на облик.

Садовите од македонската сива грнчарија во Скупи се најдени во слоевите каде што се присутни наоди од африканска црвеноизмазнета грнчарија и доцноримската - Ц грнчарија. Исто така, во тие слоеви се присутни и наоди од амфори, кои како увоз се материјал кој нуди солидни можности при утврдувањето на датацијата на движниот материјал од слоевите. Покрај тоа, нумизматичкиот материјал од овие слоеви дозволи да бидеме попрецизни во одредувањето на временската рамка на примероците од македонската сива грнчарија. Монетите припаѓаат на императорите: Константиј II, Теодосиј I, Анастасиј |, Јустин |, Јустинијан и Јустин II. Датирањето на садовите од македонската сива грнчарија го сместуваме во периодот од втората половина на IV, присутни се во цел V, а крајот го сместуваме во првите децении на VI век. Ваква ситуација следиме и на локалитетот Стоби, со што можеме да ја допреме временската припадност на оваа грнчарија во Македонија и воедно да ја потврдиме нашата определба за гринчаријата во Скупи.

Предмет на натамошни истражувања претставува и прашањето за пронаоѓање на работилници за изработка на македонската сива грнчарија. Досегашните сознанија за постоење на садови од овој тип грнчарија, и тоа во големо количество, на локалитетите кои се наоѓаат по течението на реката Вардар. од Скупи до Солун, можеби можат да не насочат да ги побараме на овие локации.

Појавата на овој луксузен тип грнчарија во доцната антика, во Скупи и во многу други локалитети на Балканот, претставува значаен податок за случувањата во овој историски период. Сите проучувања на доцната антика кај нас неминовно ги вклучуваат продирањата на готски племиња низ северните граници на Римската Империја. Римската држава, не можејќи воено да се справи со нив, ги населува во границите на царството и ги вклучува во одбранбениот систем на државата, а потоа ги интегрира и во својата култура. Овој германски етнос овде го прима христијанството и се населува во градовите низ целиот Балкан. Овој народ, иако на извесен начин е освојувач на територии. сепак не е уништувач на туѓите цивилизациски достигања. Затоа, тие се вклопуваат во затекнатата средина и што е позначајно, успеале да наметнат некои свои традиции. Тоа можеме да го согледаме во создавањето и развојот на т.н. македонска сива грнчарија.

Македонската сивата грнчарија ја следиме од втората половина на IV век, низ целиот У век, а исчезнува во почетокот на VI век. Тогаш започнува крајот на постоењето на доцноантичките градови на Балканот. Нападите од нови варварски племиња. изолацијата. намалувањето на бројот на населението, немаштијата, несигурноста и природните катастрофи, се причината за одумирањето на градскиот живот во Македонија во доцната антика. Во многу градови, како во Скупи, живот следиме и по пропаѓањето на урбаното живеење, но тие се веќе рурални населби, во кои не можеме да бараме ваков тип материјал. Ќе поминат векови кога повторно на нашите простори ќе се оформат градови. чие население ќе биде достојно на традициите на своите предци. Marina Ončevska-Todorovska Museum of the City of Skopje

MACEDONIAN GRAY POTTERY FROM SCUPI

Белешки

  1. Hayes J. W., 1971, 405-406. ↩
  2. Anderson Stojanović V., 1992, 61-72, Pl. 48-55. ↩
  3. Скупскиот материјал е обработен според типологијата на В. Андерсон Стојановиќ. изведена на материјалот од Стоби. На таблите (1-5) претставени се формите на овој тип на грнчарија во Скупи. За споредба. цели садови од овој тип на грнчарија пронајдени се во гробови од Источната некропола на Скупи, истражувана во 1970 и 1971 г, и објавени од: Микулчиќ И.. 1974,109-143; садовите се изложени во изложбената сала на Музеј на град Скопје. ↩
  4. Hayes J. W., 1971, 405, ↩
  5. Anderson Stojanovic V., 1992, 65; G. Gounaris, истражувач на градот Филипи, има одредени сознанија за оваа проблематикана во Филипи, иако грнчарскиот материјал од тој локалитет се уште е во фаза на обработка; Според г-ѓа D, Makropoulou, од Byzantine Ephoria of Thessalonica, истражувач на територијата на Солун. среќаваат фрагменти од чинии и длабоки чинии на Западната некропола ("Ахіоѕ" burial complex) и на градската територија, во слоевите кои припаѓаат на доцната антика. Материјалот се уште не им се обработен, но сметаат дека би припаѓал на доцен ГУ7 век. ↩
  6. Иванов Т. - Серафимова Д. - Николов Н., 1969, 105-205, сл. 62-64. ↩
  7. Стайкова Л., 1989, Т. I, 139-156. ↩
  8. Brukner O., 1981,T. 65, 66, 86, - имитација на т.н. увоз од I век. ↩
  9. Шурбаноска М., 1993. 171. T. III. ↩
  10. Соколовска В., 1986, 122, Т. 46/1, 9, 13, 12; Т. 47/5, 10: Т. 48/1, 6, 7, 17. ↩
  11. Кепески K., 1976, 143-155, T. V. ↩
  12. Манева Е., 1979,T.XVII,198. ↩
  13. Микулчиќ И., 1974, 139, сл. 74, 75, 77; Јованова Љ. - Михаилова Д.. 1999, 241-241, сл. 41, каде стомната ја датираат според монетата на Диоклецијан и сметаат дека тоа е најрано појавување на овој тип грнчарија. ↩
  14. Петрова Е.. 1987. 106. сл. 7. ↩
  15. Anderson Stojanović V., 1992, 65. ↩
  16. Anderson Stojanović V., 1992, 66 со наведена литература. ↩
  17. Anderson Stojanović V., 1992. ↩
  18. Ончевска-Тодоровска М.. 2002, (во печат). ↩

Summary

Macedonian Gray Pottery from Scupi

The Late Roman Period marked the appearance of Macedonian gray pottery alongside with the widely used Late Antique pottery. The beginnings of this luxurious pottery have been traced in the south part of the Balkan Peninsula. The geographic distribution of these products inspired Heyes, who was the first scholar to have researched them, to refer to them as Macedonian pottery. V. Anderson Stojanovic¢, in her research of the pottery from Stobi, carried out a typological analysis of this type of pottery.

Vessels of the Macedonian gray pottery were made of finely purified clay, the color of which varies from light to dark gray, grayish-brown, containing small pieces of mica and occasional air bubbles. They were coated with gray, grayish-black and grayish - olive green glaze showing pearlish or metallic reflection According to the techniques of manufacture and forms they imitate the coinciding metal ware. These vessels show distinctive decoration with luxuriant ornaments slightly reminiscent to lace. The forms and techniques point to the Gaulish gray terra sigillata. The presence of Goths in the Balkans in the 4th century AD is associated with the appearance of this pottery.

The Scupi pottery includes plates and bowls, jugs and vessels of closed type. This material shows the same features as the one of the Stobi pottery, the typology of which has been applied to the Scupi pottery, as well.

According to the dating of the layers yielding the structures in which this pottery was discovered, we can identify the time when Macedonian gray pottery was in use in Scupi. It was the span from the mid-4th century, throughout the entire 5th century till the early decades of the 6th century. Perishing of this kind of pottery in the following period is justified with the fact that in the turbulent times at the turn of the late Antiquity into the Middle Ages the urban appearance of Balkan towns vanished, whereas big coastal centres became even greater.

Библиографија