Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 231–260
Некрополата Дрезга с. Лопате - Кумановско
Содржина
Систематските археолошки ископувања изведени од 1998 до 2000 година го потврдија големиот интензитет на погребувања.1
Со овие истражувања делумно е фиксиран северниот раб на некрополата, а дефинирано е и нејзиното ширење кон југозапад и запад.
Својот најголем обем го достигнала во раноцарскиот период, односно од крајот на I до првата половина на III век, на што всушност укажува правилниот распоред на кремациите кои се со голема густина.
За жал, поради нивната мала длабочина и интензивната обработка на земјиштето гробните конструкции се делумно уништени.2
Истражени се вкупно 30 типолошки различни гробови хронолошки детерминирани од крајот на I до првата половина на Ш век.
Овде ќе бидат прикажани како една целина во однос на типологијата, ритуалот и анализа на дел од наодите преку кои според некои елементи треба да се бараат фунерарните традиции на епихорското население.
Од овој квантум типолошки можат да се издвојат две групи кремации, и тоа обични јами со правоаголна или елипсовидна форма и јами со издвоена централна гробна комора, т.н. етажни гробови. И двата типа припаѓаат на групата Мала Копашница - Сасе ги И.3
Заедничко за првата група гробови се илустративно запечените чидови, а по целата внатрешна површина е расфрлана пепелта и недогорени коски на покојникот. Бројното присуство на клинци укажува дека страните на гробната комора биле обложувани со штици.4
Втората група се исто така со правоаголна или елипсовидна форма, а во етажот, што всушност е гроб во потесна смисла, се сместени остатоците од кремираниот покојник (T. I, 1-4).
Според димензиите на гробните јами може да се констатира дека инцинерациите ритуално биле изведувани на заедничко спалиште Т.Н. устрина, а пепелта била положувана претежно во топла состојба.5
Тие имаат едноставнен облик на гробните јами и отсуство на покривна конструкција или гробно обележување со ситен камен.6
Од оваа типолошка група направив селекција со неколку гробни целини.
КАТАЛОГ НА ГРОБОВИ СО КРЕМАЦИЈА
Гроб 18/98 - правоаголна јама откриена на длабочина од 34 см ориентирана во правец 3-4 и димензии 160 x 80 см. Тоа е кремација со силно запечени страни и палеж расфрлан по целата површина на јамата. Дебелина на кремираниот слој е 20 см.
Наоди: 1. Мал керамичен сад со топкалесто тело и една рачка. Премачкан е со црвеникавокафен слој.
Гроб 21/98 - кремација во правоаголна јама откриена на длабочина од 39 ориентирана во правец с/3-ј/и и димензии 190 x 80 см. Дебелина на кремираниот слој е 15 см.
Наоди: 1. Мал сад со широк венец извлечен нанадвор, висок и широк врат со две рачки, со профилација под него и мев кој завршува конусно на издвоено прстенесто дно. Црвено печено со фина фактура.
2. Железни клинци (4).
3. Фрагменти од сиво печен сад.
4. Спирален бронзен тел со непозната намена.
Гроб 27/98 - овална јама со кремација откриена на длабочина од 36 сМ ориентирана во правец 3-и и димензии 120 x 50 см. Дебелина на кремираниот слој е 12 см. Наоди: 1. Железно сечило од нож со должина 20 см.
2. Фрагмент од железно сечило од нож со должина 2 см.
3. Лачна војничка фибула од бронза, без игла долга 3.5 см.
4. Железни клинови (4).
5. Железен клуч со должина 7.8 см.
6. Фрагмент од три керамички сада.
Гроб 28/98 - правоаголна јама со кремација откриена на длабочина од 31 см ориентирана во правец c/3-j/u и димензии 100 x 50 см. Дебелина на кремираниот слој е 27 см. По чистењето на дното од јамата имаше голема концентрација на недогорени коски.
Наоди: 1. Мал керамичен сад со широк венец закосен навнатре, две рачки вертикално поставени под венецот, широк врат со двојна профилација и стомак кој завршува конусно на рамно дно. Премачкан е црвеникав слој.
2. Железен клин.
3. Фрагмент од керамичен сад.
Гроб 29/98 - правоаголна јама со кремиран слој дебел 14 см, откриена на длабочина од 31 см со димензии 130 x 60 см и ориентирана во правец с/3-|/и. Страните и дното се видливо нагорени. На дното има остатоци од коски. Наоди: 1. Железно сечило од нож со должина 9 см.
2. Железен клуч со должина 7.5 см.
3. Железен клин.
4. Фрагмент од бронза во вид на лента.
5. фрагмент од железна нараквица.
6. Фрагменти од керамички садови.
Гроб 30/98 - правоаголна јама откриена на длабочина од 38 см со ориентирани во правец 3-и и димензии 150 х 60 см.
Источната страна на гробот е засилена со ситни камења, поради прилозите. Дебелина на кремираниот слој е 21 см со остатоци од недогорени коски на дното.
Наоди: 1. Чинија со калотесто тело. црвено печена
2. Мала здела со широк венец извлечен нанадвор со калотесто тело на мало прстенесто дно.
3. Мала здела идентична со претходната.
4.Фрагмент од поголем сад со печатена орнаментика во вид на 5. Фрагмент од керамички сад со профилиран венец.
6. Железно сечило од нож со долина 8.5 см.
7. Железен клин.
Гроб 35/98 - правоаголна јама со кремација откриена на длабочина од 55 см ориентирана во правец 3-и и димензии 170 х 110 см. Има интензивно запечени страни со дебелина on земи остатоци од недогорени коски. Наоди: 1. Керамичен сад (ојнохое) со тролисно устие, профилација на вратот и една рачка. Премачкан е светлокафен слој.
2. Мал керамички сад во вид на шолја со две рачки, кој кон венецот се стеснува. Премачкан е светлокафен слој.
3. Палета за шминка од сивомаслинеста камена плочка со благо фасетирани страни.
4. Монета прегорена од кремирањето.
5. Железен клинец.
Гроб 38/98 - правоаголна јама откриена на длабочина од 38 см ориентирана во правец 3-и и димензии 125 x 70 см. Дебелина на кремираниот слој Наоди: 1. Керамичка стомна од црвено печена глина премакана црвенкавокафен слој.
2. Луцерна од сиво печена глина, има вдлабнат диск со радијални канелури и орнамент од винова лоза околу дискот. Рачката е вертикална.
3. ТоКа од бронза
4. Железен клин
Гроб 41/98 - кремација во правоаголна јама откриена на длабочина од 40 см ориентирана во правец ј/3-с/и и димензии 170 x 70 см. Дебелина на кремираниот слој е 14 см.
Наоди: 1. Плитка чинија.
2. Железен клин.
3. Фрагмент од палета со остро фасетирани страни.
4. Фрагмент од стаклен сад.
2. Рачка од шпатула деформирана од горење.
Гроб 43/99 - правоаголна јама со кремација откриена на длабочина од 40 см ориентирана во правец 3-и со димензии 170 x 65 см.
Наоди: 1. Керамичен сад со топкалеста форма.
2. Мал керамичен сад со две рачки.
Гроб 59/2000 - кремација откриена на длабочина од 40 см ориентирана во правец з-и и димензии 110 x 70 см. Има интензивен слој на палеж со дебелина од 5 см.
Наоди: 1. Калотеста копча (нитна) од бронза.
2. Железни нитни од панцир или колан, 26. 3. Железно сечило од нож.
4. Бронзена алка со зашилени краеви. пречник 3 см.
5. фрагмент од бронзена тока.
6. Фрагменти од керамички садови.
Гроб 61/2000 - кремација откриена на длабочина од 45 см ориентирана во правец е/3-ј/и и димензии 110 x 70 см. Наоди: 1. Фибула, војничка од бронза, должина 4.7 см.
2. Фрагменти од голем керамичен сад.
3. Фрагменти од два помали сада.
Гроб 71/2000 - кремација со интензивно нагорени страни откриен на длабочина од 30 см со димензии 200 x 86 см ориентирана во правец 3-и и дебелина на палежот 6 см.
Наоди: 1. Фибула, доста нагорена.
2. Две керамички здели.
3. Четири железни клина.
Гроб 73/2000 - кремација откриена на длабочина 52cm. Тоа е правоаголна јама со остаоци од јагленисани гранки со димензии 160 х 80 см и дебелина на кремираниот слој од 8 см. Ориентирана е во правец 3-H.
Наоди: 1. Две војнички фибули.
2. Керамичен сад.
3. Фрагменти од железни клинови.
Гроб 74/2000 - тоа е правоаголна јама со кремација откриена на длабочина од 50 см со димензии 160 x 80 см и дебелина на кремираниот слој од 10 см. Ориентирана е во правец 3-H.
Наоди: 1. Фибула, војничка.
2. Фрагменти од керамичен сад.
3. Два железни клина.
4. Железна алка.
АНАЛИЗА НА ГРОБНИТЕ НАОДИ
Прилозите откриени во инцинерациите се обработени според материјалот, форма на садовите и нивната намена.
Керамиката како гробен прилог е застапена преку неколку форми.
Стомни - тис се најприсутни гробни прилози во текот на целата анти-
ка. Имаат исклучиво италско потекло без претходни домородни прото-
Според примерите на увезените стомни овде се изработувани и стомни од локална продукција чиј континуитет е од I-IV7 век (T. II, 1, 2).
Овие форми ги покажуваат карактеристиките на хеленистичкиот лагинос, кој Италија го пренела од Средоземјето во северните делови од царството. Нивната височина се движи од 14 до 22.2 cm, а изработени се од фино прочистена глина, добро се печени и се премачкани со црвен до светлокафен слој.
Најблиска аналогија на овој тип стомни наоѓаме во раноримските гробови од Источната некропола во Скупи, поединечни наоди од Стоби, во гробовите од провинцијата Горна Мезија и нејзините соседни провинции. Исто така, во голем број се среќаваат во југоисточната некропола на Сингидунум и Виминациум, а се датирани во Ц-Ш век. Во соседните провинции застапени се во Горна и Долна Панонија и се продукт на римски провинциски форми.8
Мали садови со една, две или три рачки - тие се чест прилог во раноримските кремации. Изработени се од црвено печена глина премачкани со светлокафен или црвеникав слој (Т. II, 3, 4, 5). Најблиски аналогии имаат со наодите од скупските некрополи и целата териотрија на Горна Мезија, Панонија и Дакија и се датираат во II до средината на Ш век.
Тие се увоз или се продукт на локалните работилници со хеленски влијанија.9
Паници - во најголем дел се зачувани фрагментарно.
Изработени се од црвено печена глина премачкани со светлокафен слој и средна фактура. Сите примероци ги имитираат формите на италската тера сигилата и најчесто се среќаваат на просторите на Горна Мезија (Скупи, Сингидунум) и Долна Панонија (Гомолава, Сирмиум).
Тоа се римско-провинциски паници изработени од домородното население (T. II, 6, 7, 8). Хронолошки припаѓаат на П-Ш Вех.10
Ламби - изработката на ламби како ситно индустриски производи покрај центрите во империјата била развиена и во провинциите. Ламбата од гробот 38/98 е увоз од северните провинции. Има мали димензии (долж. 9 см и ширина 6 см, Т. Ш, 1). Изработена е од светлосива печена глина со вдлабнат диск околу кој има двојна профилација и украс со винова
лоза. Клунот е трапезоиден со рамен елихиум. На дното има печат со двојна профилација. Најблиска аналогија има со луцерните од источната некропола на Скупи и се датира во крајот на II и почетокот на III век.11
Накит и тоалетен прибор - накитот како посебна манифестација на духовниот живот во кремациите с со доста лоша зачуваност поради горењето. Пронајдени се неколку бронзени војнички фибули, бронзени токи и други делови од облека, што заедно со останатите прилози укажуваат дека припаѓале на војници од римските легии.12
Слични примероци се откриени во некрополите на Скупи, Гомолава, Сингидунум, Сирмиум, Емона, Доклеја, Далмација и други и хронолошки припаѓаат од крајот на I до средина на Ш век. Двете палати за шминка се изработени од камен и се дел од тоалетниот прибор на женските покојници (Т. Ш, 2, 3). Временски припаѓаат на П и Ш век.
Метални наоди - металните наоди во кремациите ги сочинуваат клинците, сечила од ножеви и клучеви.
Ножевите како гробни прилози се распространети по целото царство. Тоа се ножеви со прави и свиткани сечила со должина од 8.5 до 20.2 см (T. Ш, 4).13
Клиновите се редовно присутни наоди во сите гробови и нивната намена била за прицврстување на страничните штици или покривните конструкции. Имаат различни димензии и форми (T. III, 6). Изработени се од железо со должина од 3.5 до 10 см.14
Клучевите како гробни прилози се чести, а овде пронајдените два примерока се со должина 7.8 см и друг со должина 7.5 см изработени од железо и доста се кородирани. Биле во употреба од I - IV15 век (Т. III, 5).5
ПОГРЕБУВАЊЕ СО ИНХУМАЦИЈА
Додека периодот на раното царство е обележан со спротивставување на римската со автохтоната култура од аспект на погребниот ритуал, почетокот на Ш век претставува пресвртница во фунералниот ритуал. Новата реформа на Каракала од 212 година со која римското граѓанско право се проширило на целото население во провинциите на царството, го унифицирало и начинот на погребување. Со донесување на (Constitutio Antoniniana) длабоко во провинциите дошло до напуштање на кремирањето.
Во поголемите градски центри кремирањето се напушта уште кон крајот на П век, додека во внатрешноста до средината на Ш век. Некрополата на Дрезга припаѓала на населба која најверојатно имала ранг на муниципиум и население со повисок социјален статус, така што овие промени биле брзо применувани.16
Со овие три кампањи откриени се типолошки различни гробни конструкции кои хронолошки припаѓаат на Ши IV век, кога е забележано најголемо присуство на доселеници од источните провинции. Поради просторот ќе направам селекција на гробовите, иако и останатите имаат богати наоди. Ваквите гробни форми свои аналогии имаат во провинциите на целото римско царство, како што се: западната некропола во Стоби, Демир Капија, Скупи, Марвинци, Сингидунум, Сирмиум, Емона, Доклеа, Далмација, Виминациум, Интерциса и други.17
По своите архитектурни карактеристики овие гробни конструкции формираат неколку типолошки различни фунебрални целини кои може да се поделат во следните групи:
1. Едноставни гробни јами вкопани во здравица, покриени со надгробни стели;
2. Едноставни гробни јами вкопани во здравица покриени со неколку камени плочи (Т. IV, 2);
3. Едноставни гробни јами вкопани во здравица покриени со штици;
4. Гробови од типот циста формирани од обработени камени јами вкопани во здравица покриени со надгробни стели (T. IV, 1);
5. Блокови покриени со надгробни стели и под од керамички плочи
6. Гробови од типот циста формирани од секундарно употребени стели;
7. Гробови од типот циста формирани од тегули или квадратни керамички плочи во вид на сандак и под од керамички плочи (Т. ГУ 4). Гробните конструкции се затворени со хидростатен малтер, што придонело да останат интактни и со добро зачувани скелети и наоди. Зачуваноста на скелетите во слободните вкопувања е слаба поради киселоста на почвата. Ориентирани се во правец 3-H и и-з или, пак, со извесни отстапувања кои се движат од 4 до 12 степени. Скелетите се со испружени раце покрај телото или свиткани во пределот на појасот. Старосната структура на покојниците е различна, така што најдени се детски гробови на возраст од 2 до 5 години, јувенили од 15 до 19 години и возрасни индивидуи од 35 до 55 години.
КАТАЛОГ НА ГРОБОВИ СО ИНХУМАЦИЈА
Гроб 17/98 - откриен е на длабочина од 49 см со оштетување на покривната конструкција. Останат е само дел од оградната конструкција составена од лизги.
Со дочистување на гробот констатиравме дека наполу е пресечен со вкопување од ГУ век. Тоа што е останато од конструкцијата има димензии 60 x 40 см и ориентација 3-H, со делумни остатоци од скелет.
Наоди: 1. Ѓердан од 34 мониста од сина стаклена паста со кружна форма и 2 мониста од зелена стаклена паста.
2. Обетка од бронза со калотеста форма со пречник 2.2 см. Според начинот на погребување и наодите датиран е во крајот на Пи првата половина на Ш век.
Гроб 20/98 - откриен на длабочина од 97 см со димензии 210 x 7сми ориентиран во правец и-з. Тоа е правоаголна јама вкопана во здравица покриена со надгробна стела.
Наоди: 1. Бронзен прстен со тркалезна плочка украсена со геометриска орнаментика и тенка деформирана алка со пречник 1.8 см.
2. Тока од бронзен колан составен од два дела, добро зачуван, со орнаментика во вид на рибина коска.
3. Монета од Максимилијан (292 - 305 г.), бронза.
4. Фрагменти од два стаклени сада.
5. Фрагмент од стела или декоративна пластика.
Според сите елементи и монетата, гробот е прецизно датиран во почетокот на ГУ век.
Гроб 22/98 - откриен на длабочина од 86 см со димензии 220 х 120 см ориентиран во правец и-з. Тоа е правоаголна јама во здравица покриена со три камени плочи од кои еден е дел од стела. Скелетот е на машка
индивидуа, добро зачуван, правилно испружен со раце свиткани во пределот на карлицата. Наоди: 1. Монета од Максимилијан (292-305 r.).
2. Керамичко ојнохое со тролисно устие и една дршка, изработена од црвено печена глина премачкана со кафен.
3. Чаша од бело прозирно стакло со тенки зидови и димензии B = 10 cm; O = 6.5 см; Д = 3.6 см.
4. Тока од бронза покрај левата потколеница, најверојатно од сарица на чизма.
5. Длето од железо покрај нога со должина 6 см и пречник 1.5 см. 6. Шило од железо со димензии Д - 12.би Пр. - 0.8 см.
Според монетата прецизно е датиран во почетокот на ГУ век.
Гроб 26/98 - откриен на длабочина од 82 см со димензии 180 x 60 cm Hu ориентиран во правец 3-H.
Тоа е правоаголна јама во здравица со покривна конструкција од две камени плочи фиксирани со хидростатен малтер.
Над целата конструкција, под рецентниот слој, имаше поставено групација од големи лизги. Наоди: 1. Керамичко ојнохое со тролисно устие од окер печена глина со кафен слој;
2. Стилус од бронза, добро зачуван, на делот за радирање украсен со геометриски „X“ врежувања. Должина 13 см;
3. Монета од бронза, недоволно читлива.
Хронолошки припаѓа на групата гробови од средината на Ши почетокот на IV век.
Гроб 37/98 - откриен е на длабочина од 90 см со димензии 250 х 90 см ориентиран во правец 3-H.
Тоа е циста од убаво делкани странични камени блокови покриена со надгробна стела со натпис и под од керамички плочи.
Скелетот е добро зачуван. со благо свиткан "рбет и раце испружени покрај телото.
Се работи за машка индивидуа на возраст од 45 до 50 години. Наоди: 1. Бронзен лабрис под вратот кој најверојатно бил носен како амулет.
2. Стомна од светлозелено стакло пронајдена во пределот на стапалата со димензии В = 31.3 см, О = 6.7 см, Д = 6.8 см. Во внатрешноста на дното има поставено една мала амфора висока 9 см.
3. Фиола од светлозелено стакло со должина 41 см најдена покрај Според типологијата на гробната конструкција и прилозите се датира во првата половина на ГУ век.
Гроб 40/99 - гробница зидана од тули со валчест свод откриена на длабочина од 35 см со димензии 250 x 25 см ориентирана во правец ј/3-с/и со отстапување 11 степени кон исток.
Наоди: 1. Ојнохое од темноцрвена печена керамика.
2. Moneta од бронза (нечитлива).
3. Тока од бронза во форма на буква „Д“.
4. Фрагментарно зачуван стаклен пехар со конусно тело и темносини зрнести апликации.
5. фрагменти од керамичен сад.
Хронолошки гробницата припаѓа на IV век.
Гроб 42/99 - правоаголна јама во здравица со димензии 250 х 90 см со длабочина до дното од 209 см ориентирана во правец c/u-j/3. Покриен е со три камени плочи над кои имаше грамади од лизги. Скелетот е добро зачуван, но е свиткан во половината што е или деформација на тој дел од телото или бил поставен во полуседечка положба. бидејќи наодите покрај нозете се неоштетени.
Наоди: 1. Стомна од светлокафена печена керамика со рамен венец, профилација на вратот и биконично тело.
2. Мал сад со две рачки, рамен венец и топкалесто тело на рамно издвоено дно.
3. Монета од бронза (нечитлива).
4. Унгвентариум од светлозелено стакло.
Гроб 45/99 - откриен на длабочина од 60 см ориентиран во правец j/3- с/и и димензии 200 х 75 см. Тоа е циста од делкани камени блокови и под од керамички плочи. Покриена е со надгробна стела. Скелетот е доста оштетен поради продирање на атмосферска вода и припаѓа на возрасна женска индивидуа.
Наоди: 1. Обетки од злато со приврзоци во вид на звоно.
2. Ѓердан со монистра од златна фолија и јадро од килибар (30). 3. Игли за коса, сребрени (3).
4. Нараквици од тордиран бронзен Теѕ (2).
5. Нараквица од сребро со кружен сегмент и отворени зашилени краеви.
6. Стаклена балсамара со квадратен реципиент.
7. Нараквица од два подебели бронзени тела со шест цилиндрични мониста од сина и зелена стаклена паста вметнати меѓу теловите. Гроб 47/99 - правоаголна гробница оградена со камени плочи со димензии од внатрешната страна 170 х 130 см откриена на длабочина од 60 см ориентирана во правец 3-H и под од керамички плочи. Откриени се три скелети, и тоа на возрасна машка индивидуа, детски скелет и женски скелет на возрасна индивидуа. Недостасува покривната конструкција која најверојатно била од дрво поради големината на гробот.
Наоди: Машки скелет
1. Токи од бронза во форма на „ГП“ (2) најдени во пределот на левиот
хумерус и во пределот на појасот.
2. Мала тока најдена во пределот на левиот хумерус.
3. Бронзено јазиче од колан со срцевидна форма во пределот на
градниот кош.
4. Двочлена бронзена крстеста фибула со рамна стопа украсена со
крукчиња и тенка тордирана жица во вдлабнувањето на лакот.
5. Железен клин.
6. Керамичка стомна од темнокафена печена глина со остатоци од црн слој.
7. Мал керамички сад со вертикална дршка и хоризонтална прстенеста
профилација на телото кое се стеснува кон прстенесто дно.
8. Керамична стомна со биконусно тело на рамно дно од црвено печена
глина со траги од кафен слој.
ЖЕНСКИ СКЕЛЕТ
1. Белегзии од тордиран бронзен тел (3), идентични по форма, со отворени краеви од кои една со механизам за закопчување.
2. Мониста од сина и зелена стаклена паста и една златна со цилиндрична, цевчеста и полигонална форма.
3. Монета од бронза (нечитка).
4. Мониста од стаклена паста (9), биконусни.
5. Стаклена балсамара со квадратен реципиент.
ДЕТСКИ СКЕЛЕТ
Ви ердан составен од 18 мониста од кои две се цевчести од килибар, пет се срцевидни од горски кристал, две се цевчести од варовник, шест од сина стаклена паста, две топчести од сина стаклена паста и една октогонална од сина стаклена паста.
2. Белегзии (2) од подебел бронзен тел со отворени краеви и механизам за закопчување.
3. Стаклена балсамара со поширок отвор и квадратен реципиент.
Гроб 49/99 - откриен на длабочина од 80 см со димензии 220 х 100 см и ориентирана во правец ј/3-с/и. Гробната јама е вкопана во здравица и покриена со надгробна стела. Скелетот припаѓа на возрасна машка индивидуа, добро е зачуван и со раце свиткани во пределот на појасот. Наоди: 1. Стомна со широко отворен заоблен венец, со вертикална канелирана рачка, висок врат со двојна профилација. Телото е јајцевидно со хоризонтална профилација изведена со радло и завршува со издвоено прстенесто дно.
2. Мала здела со широко отворен венец извлечен нанадвор. Изработена е од прочистена окер печена глина со остатоци од тенок црн слој.
3. Дводелна бронзена луковичеста фибула со шарнир и рамна стопа украсена со трапезести зарешки. Лакот е со квадратен сег- 4. Два бронзени предмети со непозната намена.
Гроб 51/99 - правоаголна јама во здравица покриена со надгробна стела откриена на длабочина од 93 см со димензии 180 х 72 см ориентирана во
Скелетот е добро зачуван со раце свиткани на појасот и припаѓа на машка индивидуа.
Наоди: 1. Дводелна луковичеста крстеста фибула со рамна стопа и трапезоидни врежувања.
Гроб 53/99 - правоаголна јама откриена на длабочина од 104 см со покривна конструкција од керамички плочи и комструкција од истите; има димензии 170 x 50 см ориентирана во правец ј/3-с/и. Скелетот е во лоша состојба. Наоди: 1. Прстен од бронза со правоаголна глава.
2. Белегзија од сребрен тел во фрагменти.
3. Мониста од сино стакло (12).
4. Фрагменти од метален предмет со непозната намена.
Гроб 54/99 - правоаголна јама во здравица откриена на длабочина од 110 см со димензии 170 x 50 см ориентирана во правец с/и-ј/3. Од скелетот се зачувани долгите коски.
Наоди: 1. Прстен од три сребрени алки.
2. Монети од бронза (4) од кои три се залепени со ленена ткаенина, најверојатно торбичка за пари.
3. Прстен од злато со кружен диск околу кој има тордиран венец и гема во средината. Алката е украсена со псевдодогранулација. 4. Обетка од злато со диск идентичен како прстенот.
5. Белегзија од пет цилиндрични монистра од килибар и кружни и полигонални мониста (52). 6. Амфориск од светлосино оксидирано стакло со две вертикални канелирани рачки, цилиндрично тело и зашилено дно.
7. Стомна (ојнохое) со тролисен двојно профилиран венец, висок прстенесто профилиран врат, на рамето и стомакот украсена со хоризонтална орнаментика изработена со радло, а завршува на прстенесто издвоено дно. Изработена е од прочистена окер печена глина со остатоци од кафеен слој.
8. Пехар од окер печена глина со кружен извлечен венец кој на телото има вдлабнувања и три хоризонтални канелури; заврува со конусно рамно дно.
Гроб 55/99 - Откриен е на длабочина од 90 см со димензии 190 x 58 сМ е ориентиран во правец 3-H. Составен е од квадратни керамички плочи во вид на сандак. Скелетот е потполно уништен. Наоди: 1. Ѓердан исплетен од повеќекатен сребрен тел со механизам за закопчување од тркалезнни плочки украсени со псевдогрануација. 2. Обетки од сребро со приврзок во вид на ѕвонче.
3. Ѓердан составен од 4 цевчессти полигонални мониста од сива стаклена паста и амулет од килибар.
4. Прстен од сребрен лентест плех со 3 позлатени псевдогранули на проширувањето на главата.
5. Бокал од светлокафена печена глина со широко отворено тролисно устие. Има кус и широк врат кој преоѓа во кусо широко конусно тело на рамно дно.
6. Мал керамички сад, фрагментарно зачуван.
Гроб 56/99 - правоаголна јама во здравица покриена со монолитна камена плоча со димензии 200 x 80 см ориентирана во правец с/и-ј/3. Припаѓа на возрасна женска индивидуа. Наоди: 1. Ојнохое со тролисно устие од светло кафена печена глина, бико-
нусно тело на рамнодно.
2. Мал сад од темноокер печена глина со широко отворен рамен обод и биконусно тело на издвоено дно.
3. Амфориск од бело стакло со мали вертикални лентести рачки и благо вовлечено дно.
4. Монета од бронза
5. Ѓердан со топчести мониста од сина стаклена паста (118 на
број).
Гроб 58/99 - вкопан директно во компактна земја без покривна конструкција, но има остатоци од изгниено дрво, така што најверојатно имал
покривач од штици. Негови димензии се 150 x 30 cm, ориентиран во правец ј/з-с/и. Скелетот е доста трошлив. Наоди: 1. Малечки монети во левата рака (10 на број).
2. Керамичен сад со вертикална рачка, фрагментарно зачуван.
Гроб 63/2000 - вкопан во здравица, покриенсо камени плочи; ориентитан е во правец ј/з-с/и и димензии 170 х 75 см; откриен е на длабочина од 102 см. Скелстот се слабо зачуван. Наоди: 1. Ојнохое со тролисно устие.
2. Мал сад со две држалки.
Гроб 70/2000 - Откриен на длабочина од 151 см. Тоа е инхумација во циста со правоаголна форма формирана од тегули (коринтски тип) со димензии 195 x 50 см и е ориентиран во правец ј/3-с/и. Скелетот е средно зачуван со должина од 165 см.
Наоди: 1. Керамичка стомна со кружен венец.
2. Мал сад со две држалки.
АНАЛИЗА НА ГРОБНИТЕ НАОДИ
Доцноантичките инхумации даваат една сосем нова слика за структурата на населенисто изразена со интензивна романизација.
Прилозите во гробовите се полускузни и се почесто се увоз од занаетчиските центри во империјата.
Гробните наоди се поделени според видот на материјалот и употребната вредност и тоа:
1. Керамика
2. Стакло
3. Накит
4. Други наоди
1. Керамиката е најзастапен елемент во гробовите која е присутна преку неколку форми: стомни, мали садови со една или два рачки и пехари.
Стомните се најмногубројни како гробен инвентар и се застапени преку неколку варијанти, зависно од потеклото и намената. На првата група припаѓаат увезените примероци, богато профилирани, од црвена или сиво печена глина со црвен или црн слој (Т. V, 1, 2).
Втората група ја сочинуваат стомни со поедноставна, домашна изработка кои директни аналогии имаат од егејскиот круг од каде во IV век се прошируваат кон Дунав (T. V, 3, 4).
Третата група се мали топкалести стомни од локална традиционална продукција со кус и широк врат и тело (Т. V, 5, 6).
Најблиски аналогии се евидентни со материјалот од некрополите во Скупи, Исар кај Марвинци, Стоби, Хераклеја, Стакина Чешма кај Валандово. Пештерица, Горица кај Виница; во Горна Сингидунум: Панонија - Гомолава, Сирмиум, Сискија, Емона, Петовио; Доклеја и далматинските некрополи.18 Малите садови со една или две рачки се чест инвентар во гробовите во текот на целата антика. Пронајдените примероци во поголем дел се од домашно производство (T.VI, 1-4, 6).
Единствениот примерок на пехар е изработен од окер печена глинаи е копија на металните форми на вакви садови. Најблиски аналогии има со пехарите од Источната некропола на Скупи.19
2. Стаклото е присутно преку неколку примероци различни по форми и квалитет. Најчести се фиолите (T. VII, сл. 3), балсамари со квадратен реципиент (Т. УП, сл. 4, 5), една чаша (T. УП, сл. 2), стаклена стомна од типот „шише во шише“ со мала амфора надното (Т. УП. сл. 1), фрагментарно зачуван стаклен конусен пехар со зрнести апликации, два амфориска од тенко стакло (T. VII, сл. 6 прилог во гробовите. Иако овде се зборува за римски накит.20
3. Накитот често е со едноставни форми на повеќето примероци, кои всушност ги одразуваат хеленските, односно автохтоните традиции. Полуксузните примероци се или од ориентално потекло или, пак, се изработувани од тореути од источните провинции. Овде ќе ги издвојам според нивниот вид и формите.
Прстените се римско-провинциски производ застапен на поширок простор во империјата. Од некрополата на Дрезга евидентирани се неколку со различни форми, материјал и начинот на изработка. Прстените од злато се со кружни глави во кои се вметнати геми од стаклена паста, тордиран венец и псевдогранулација (Т. VIII, сл. 1).
Сребрените примероци се различни по форма. Ќе издвојам два убави примероци. Првиот изработен од сребрен лим со проширување на горната страна и три позлатени псевдогранулации. Вториот со дебела лентеста алка и глава од квадратна плочка на која во врамено поле е врежана гулабица како атрибут на Афродита со астрален и лунарен симбол и едно растение од страната, најверојатно тамарикс (Т. VIII, сл. 2, 3). Третиот е еден редок примерок на прстен составен од три алки со кружен сегмент.21
Белегзиите се изработени од една или неколку тордирани бронзени жици со едноставен механизам за запетлување (T. VIII, сл. 4 и 7). Овој тип е најзастапен и хронолошки припаѓа на Ши TV век. Освен овие, застапени се и други форми како што е еден примерок изработен од две подебели бронзени жици со шест проширувања во кои се вметнати мониста од сина и зелена стаклена паста (Т. УШ, сл. 5). Сребрена белегзија со валчест сегмент со отворени зашилени краеви (Т. VIII, сл. 6) и белегзија составена од мониста од сина стаклена паста и килибар (T. УП, сл. 8).22
Обетките се со различни форми, од кои се издвојуваат златните и сребрените обетки во форма на валчести алки со приврзоци во форма на звончиња и една обетка со валчест тел, и кружна глава со стаклена гема и венец (T. ГХ, сл. 1, 2). Идентични примероци се најдени на некрополата во Јагодин Мала во Ниш и припаѓаат на IV Вех.23
Ѓерданите како украсен елемент присутен во гробниот инвентар на Дрезга се појавува во неколку различни форми и материјал. Најчести се Ѓерданите составени од мониста од стаклена паста, стаклена паста комбинирана со килибар и горски кристал, мониста од златен лим и еден Ѓердан исплетен од четирикатен сребрен Тет. Овие форми се карактеристични во римската провинција од Ши TV век (T. IX, сл. 3-8).24
Фибулите како елемент од машката облека особено се присутни и добро зачувани во доцноримските инхумации од Дрезга. Пронајдените примероци се од типот крстести луковичести фибули со подвиена нога украсена со трапезоидни врежувања или концентрични кругови. Изработени се од бронза од кои неколку примероци со позлата на луковиците (Т. X, сл. 1, 2). Широко се распростансти на целата територија од царството. 25
Токите се од бронза со различна големина и форма. Тие се од групата доцноантички варваризирани токи со алки во форма на буквата „ГР“. Плочките-носачи имаат кружна или форма на седло и припаѓаат на западноготските токи од IV век. Карактеристични се две токи од обувки со врежана орнаментика со коси линии на горната страна (Т. X, сл. 3, 4).26
Иглите за коса се отриени во еден гроб како три идентични со топчести глави, изработени од сребро (Т. X, сл. 5). Најблиски аналогии имаат со иглите од Источната некропола во Скупи и Гомолава. Нивното потекло треба да се бара на подунавските простори во провинцијата Панонија.
Исто така, вакви форми се пронајдени во Виминациум, но како материјал е користена коска.27
Алатки и клинци. Алатките се пронајдени во мал број и укажуваат присуство на занатчии во населбата. Добро се зачувани два примероци од железни длета и еден бронзен стилус (Т. X, сл. 6, 7). Присуството на клинци во инхумациите е помало од кремациите. Пронајдени се неколку примероци во јами без конструкција во кои покојниците биле положувани во сандак.28 Zvonimir Nikolovski Office for Cultural Heritage Protection
Necropolis Derzga v. Lopate - Kumanovo
Researches 1998 - 2000
Белешки
- Првите археолошки ископувања се изведени во 1978 г. кога е истражен еден случајно откриен гроб. Наредните 1979/80 г. се изведени уште две ископувања, со што вкупно се истражени 16 гроба. Ископувањата ги водеше д-р Е. Петрова. ↩
- Некрополата се наоѓа на земјиште обработувано со тешка механизација, така што покривните конструкции се уништени. Поради тоа. немам целосен увид во гробната архитектура на раноцарскитсе инцинсерации, како и во повеќе случаи на прилозите во НИВ, ↩
- Јовановиħ А., 1984, 100. ↩
- Срејовин Д.. 1962/63, 72-84; Гарашанин M., 1968, 5-34. ↩
- Јовановиќ А.. 1984, 101-110. ↩
- Срејовиќ Д.. 1962/63, 80. ↩
- Brukner O., 1981, 44. ↩
- Јованова Л. - Михаилова Д., 1999, 220-222; Бојовиќ Д., 1977; Петрова Е., 1990, 136-137; Agora В; Битракова-Грозданова В., 1987, 44; Mikulčić I., 1973, 74; Bojović D., 1977, 1, T. XX-XXVI. ↩
- Agora V, Pl. 7/G 103, Pl. 9/J-43; Шурбановска М. - Здравковски Д., 1996, 97; Mikulčić I., 1973, 75; Municipium Stobensium, 1994, 44; Фидановски С., 1990, 49, тип 13, T. XXVII/19; Brukner 1981, 41, tip 7, T. CIV/7-9; Античко Скопје, 1984, 55; Николовски З., 1999. ↩
- Bojović D., 1977, 33, 35, T. XXIX-XLVII, T. LIII-LV; Brukner O., 1981, 39; Dautova Ruševljan V., 30-32, T. 2, T.6, T.11. ↩
- Античко Скупи, 1984, 100; Јованова Л. - Михаилова Д., 1994, 228-233; Микулчиќ И., 1975; Зотовиќ Љ. - Јордановиќ Ч., 1990, Сл. 9 (21), T.CXXXVIII; Dautova Ruševljan V. - Brukner O., 1992, 100, T.1-T.7. ↩
- Mikuléié I., 1970, T. XL; Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1992, 123, 1.11; Bojovié D., 1983, Т.І, Sl. 2, 5, 8; Брукнер О. - Даутова В. - Милошевиќ П., 1987, 57-62, T. 46; Plesničar Gec Lj., 1972, T. CXXXI. ↩
- Dautova RuSevijan V. - Brukner O., 1992, 88-90, T. 25-T.27. ↩
- Dautova Rugevljan Y. - Brukner O., 1992, 151, 167-171, T. 39. ↩
- S Лилчиќ B., 1993, 201-206; Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1992, 163, T.XI; Зотовиќ Jb. - Јордовиќ Ч., 1990, 89, Т.СІХ/6, 7, T. CXVII/5, CLIV/1; Цермановиќ А. - Велимировиќ О. - Cpejosuh Д.. 1975. 235. ↩
- СрејовиБ Д.. 1962/63, 80; Јовановиќ A., 1984, 126-129; Гарашанин M., 1968, 5 - 35; Микулчиќ И.. 1973/74, 90-93. ↩
- Mikuléi¢ 1. 1973, 71-83; MikulGi¢ I., 1974, 126-127; Шурбановска М. -Здравковски Д.. 1996, 91-111; Јованова ЈІ. - Михаилова Д., 1994, 235-236; Вучковин Тодоровив Д.. 1961, 240-242; Соколовска B, 1986, 110-118; Simić Z., 1997, 24-27; Mirkovih M., 1971; Ercegović Pavlović S., 1980; Plesnicar Gee Lj., 1972, T.-LXXI; Petru S., 1972; Цермановиќ A. - Benumuposuh O. - СрејовиБ Д.. 1975, Y/71, 74, 76, 77; Cermanovié Kuzmanovié A., 1967; Зотовиќ Jb. - Јордовин 4.,1990, T.-L; Sagy K., 1954. стомната. ↩
- Јованова ЈІ. - Михаилова Д.. 1994, 240-245: Микулчиќ И..1974, 121-123, 129: Соколовска B., 1986, 122; Bojović D., 1977, 30-32, T.XX-XXVI, T. XXVII, T.XXX, T.XXXVIII; Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1992, 32, T.XII; Петрова E., 1987, 105. ↩
- Микулчиќ И..1974, сл. 68; Во каталогот за античко Скупи на сл. 52 е прикажан сличен раноримски стаклен пехар. ↩
- Микулчиќ И., 1974, 109-141; Ruzié M., 1994, T.XXII, T.XXXIX, T.XL; Doppelfeld O, 1966, 50-51. T.93: Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1992, 179, T.6, 184, Т.П/4. ↩
- Петрова E., 1990, 141-142, T. VI, T. VIII; Jovanovié A., 1978, 13, sl. 15, КБ. 23; Higins A., 1961; Byykosuh Togoposnh Д., 1956/1957, 296, ↩
- Jovanovié A., 1978, sl. 47, k.b. 36, 37, sl. 52, k.b. 43-44, sl. 51 1 53, K. Б. 42, 45, sl. 55, k.b. 47-50; Микулчиќ 11.,1974, sl. 47, 48; Античко Скупи, 1984, 118, sl. 79. ↩
- Jovanovié A., 1978, sl. 83, KP. 11, sl. 84, KP. 12. ↩
- Jovanovié A., 1978, sl. 90, k.b. 24. ↩
- Bojović D., 1983, T.XLVI, sl. 414; Микулчиќ И., 1974, сл. 12, 19a, 19б; Jovanović A., 1978, ↩
- Jovanovié A., 1978, 71; Микулчиќ И.. 1974, сл. 12, 13, 14: Петрова E..,1987, 106, сл. 9; Dautova RuSevljan V. - Brukner O., 1992, 184, T. 2, sl. 5. ↩
- Аншичко Скупи, 1984, 115, sl. 74; Dautova Ruševljan V. - Brukner O., 1992, 184, T.11/1,2, 143, 144, 145, T. 31, T. 32, T. 33. ↩
- Janosuh A., 1997, 313 - 316. ↩
Summary
Necropolis Drezga v. Lopate - Kumanovo
The Roman site Drezga is located at 10 km. to the west of Kumanovo. It is situated near the village of Lopate, between the old and the new road on the way to the village of Matejce. The research campaigns carried out in 1978, 1979, 1980 and 1998-2000 have resulted in discovery of a part of the necropolis, which by its size points to the existence of a larger colony from the Roman period. The time span of the so far researched graves is from Ist — 4th centuries AD. Its chronological and cultural closest analogy is the eastern necropolis within Scupi. From the analysis of the archaeological material it was discovered that this site was a colony with heterogeneous ethnical and social structure. It was inhabited by Roman state clerks, veterans, men that had been set free from the eastern province and countrymen. We do not know a lot about the administrative status of the colony and the region in the frames of the Empire, but the fact that it was a customs office points to its municipal character and indicates that it was not a part of the colony of Scupi. Two types of burial rites can mainly be seen at the necropolis: incineration and inhumation with typologically different grave constructions characteristic for the province Moesia Superior and they belong to the group Mala KopaSnica — Sase I, II and III. The rich material that was found in the graves is represented through ceramics, glass and metal. The ceramics contains forms seen in the graves from the earlier and the later Empire. Those forms are: jugs, plates, small and large vessels, lamps, amphorae, etc. There are also various glass forms (unguentaria, fiolas, glasses and jugs) which indicate an import from the bigger artisan centres in Empire by the quality of the production and the material. The metal is represented through: jewellery, objects for everyday use, wedges from graves and many coins. The jewellery is represented through necklaces, rings, hairpins, armlet and appliqués, showing the high social status of its owners, because it is made of precious materials, like gold and precious stones. All these finds point to an important colonisation area, whose size, administrative status and ethnical structure will be researched in future. The importance is even bigger because of the fact that it is situated on an important road communication.
Библиографија
- Agora V = Robinson H., 1950, Pottery7 of the Roman Period, The Athenian Agora vol. V, Princeton Антично Скупи, 1984, (Каталог), Скопје
- Битракова Грозданова B., 1987, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје
- Brukner O., 1981, Rimska keramika и jugoslovenskom де provincije2 Donje Panonija, SADJ, Beograd
- Брукнер О. - Даутова B. - Милошевић П., 1987, Почеци романизације југоисточном делу7 провинција Панонија, Нови Сад
- Bojovié D., 1977, Rimska keramika Singidunuma, Beograd
- Bojovié D., 1983, Rimske fibule Singidunuma, Beograd
- Вучковин Toxoposuh Д., 1956/57, Римски двојни гроб из Доброг Дола код Скопља, Старинар VII-VIII, Београд
- Вучковин Тодоровин Д., 1961, Античка Демир Капија, Старинар XU, Београд
- Гарашанин M., 1968, ГРазматрања о некрополама типа Мала Копашница - Сасе, Годишњак анубих XVI, Сарајево
- Dautova RuSevjan V. - Brukner O., 1992, Gomoglava - Rimski period, Novi Sad
- Doppelfeld O., 1966, „дере und Frénkisches Glas in Kéln, Koln
- Ercegovit - Pavlovic E., 1980, Sirmium XII, Beograd
- Зотовиќ Jb. - Јордовин Ч., 1990, VIMINACIVM I, Hexpoiioaa „Више гробаља“, Београд
- Јованова Л. - Михаилова Д. 1999, Скупи - Источна некропола -истражувања 1994 г., Maced. acta archaeol. 15, Скопје
- Jovanovié A., 1978, Nakit2 и Rimskoj Dardaniji, SADJ, Beograd
- Јовановић Л., 1984, Римске некрополе на територији Југославије, Београд
- Лаловин A., 1997, Налази стилуса из Гамзиграда, Гласник сад 13, Београд
- Лилчиќ B., 1993, Прилог кон античкиот клуч, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје
- Mikultié 1., 1970, Skupi-Isto€na nekropola, AP 12, Beograd
- Mikul€ié I., 1973, The West Cemetery, Excavations in 1965, Studies I
- Микулчиќ И., 1973/74, Раноримски скелетни гробови из Скупи, Старинар XXIV-XXV, Београд
- Микулчиќ И.,1974, Доцноримски гробови од Скупи, гзфф 26, Скопје
- Микулчиќ И.1975, Римски луцерни од Скупи, Г3ФФ 27, Скопје
- Mirkovié M., 1971, Sirmium |, Beograd Municipium Stobensium, 1994, (Каталог), Скопје
- Николовски 3., 1999, Кашало?г за изложбата Statio Lamvd...., Куманово
- Петрова E., 1987, Еден доцноантички гроб од околината на Куманово, Maced. acta archaeol. 7-8, Скопје
- Петрова E., 1990, Дрезга - Куманово, во светлината на новите проучувања на северномакедонскиот простор, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје
- Petru 5., 1972, Emonske2 nekropole, Ljubljana
- Plesniéar Gee Lj., 1972, Severno Emonsko grobis¢ée, Ljubljana
- Ки M., 1994, Rimsko staklo и Srbiji, Beograd
- Sagy K., 1954, Die Ausgrabungen im Rémischen Griberfeld von Intercisa I
- Simié Z., 1997, Rezultati zaStitnih sondaznih istrazivanja na prostoru Jugoistocne nekropole Singidunuma |, Beograd
- Соколовска В., 1986, Исар Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје
- Cpejosuh Д., 1962/63, Римске некрополе раног царства у Југославији, Старинар XIII-XIV, Београд
- Фидановски С., 1990, Римска керамика Улпијане, Београд
- Higins A., 1961, Greek and7 Roman Jewellery, London.
- Cermanovié Kuzmanovié A., 1967, Rezultati novih arheolo&kih istrazivanja и jugoisto¢nom delu provincije Dalmacije, Materijali IV, Ijepmanosuh Кузмановиќ A. - Велимировиќ О. - Срејовић Д., 1975, Античка Дукља - некрополе, Цетиње
- Шурбановска М - Здравковски Д., 1996, Римски гробови од Западната некропола во Стоби - ископување 1992, Maced. acta archaeol. 14, Скопје