Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 215–230

Градиште - Таор

Содржина
  1. Досегашни истражувања
  2. Ископувања
  3. Археолошки наоди
  4. Стратиграфија
  5. Се работи за дел од од станбена

Селото Таор лежи на околу 20 км југоисточно од центарот на Скопје, на левиот брег од реката Вардар, на местото каде што реката се извлекува од мучуришниот шамак и навлегува во ТаорсКаТа Клисура. Единствената комуникација со Скопје селото ја има преку мостот на реката Вардар и селото Орешани. Во римско време во северното подножје на населбата поминувал магистралниот повардарски пат, кој од Скупи преку Стоби одел за Тесалоника.1 Населбата на локалитетот Градиште се наоѓа на североисточната периферија на селото Таор, расположена на висок рид што го сочинуваат акропола и две тераси.

Акрополата е поставена на јужната страна од локалитетот, на највисоката и најдоминантна позиција на ридот со визуелна прегледност над пошироката околина. На нејзиниот јужен крај се соединуваат западниот и источниот одбранбен зид во силна „кула-бастион“. Јужно од бастионот е ископан длабок одбранбен ров, кој се уште се распознава на теренот.

На северната страна од акрополата се поставена првата тераса, триссеттина метри пониско од неа. Нашите истражувања се лоцирани на источната страна од оваа тераса. Акрополата и првата тераса се опфатени со одбранбен зид. Долната, втора тераса. го претставува подградието и зафаќа најголем простор. Таа е опфатена со одбранбен зид.

Од западната и источната страна населбата има по една помала тераса. Западната се врзува за подградието и на неа лежи современата некропола на селото Таор. Источната е врзана за втората тераса и претставува коса

" Георгиевски B., 1991, 211-218. стрмна падина, веројатно со одбранбена функција. Засега на овие тераси не се откриени остатоци од порани градежни интервенции или движни археолошки наоди.

Досегашни истражувања

Испитувањата на населбата кај Таор за првпат се започнати уште пред стотина години од англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс.2 Престојот во скопскиот регион го искористил за посета на повеќе антички локалитети. Во таа пригода, покрај Скупи го посетил и Градиште кај селото Таор, забележувајќи првични информации за остатоците и неговата местоположбата. Во поново време испитување на населбата вршеле Т. Томовски и И. Микулчиќ. Преку површински испитувања тие извршиле куса првична проекција за основните податоци на населбата.3 Освен овие, други истражувања од ваков или друг карактер не се вршени. Иако не се засновани на археолошки ископувања, од овие испитувања се добиени првите основни податоци за топографијата на населбата.

Ископувања

Музеј на град Скопје во 2000 година ги изведе првите сондирања на населбата. Од следната, 2001 година, населбата систематски се истражува. Во 2000 година беа поставени две основни сонди со димензии 5х5 ми три контролни сонди со различни димензии. Во зависност од просторот што требаше дополнително да се истражи, димензиите на контролните сонди беа приспособени на конфигурацијата на теренот. Целта на истражувањето беше да се утврди карактерот, големината и стратиграфијата на населбата. Во 2001 година истражувањата беа лоцирани на североисточната страна од населбата, на местото каде што претходните сондажни истражувања дадоа најголеми резултати. Ова место претставува блага коса падина, на што се должи и различното ниво на културниот слој. Тој ја следи косата нивелација на теренот. На локалитетот беше поставена квадрантна мрежа, чија основа беше започнување на систематските ископувања.

Освен на делот што го претставува централното подрачје, изведени се истражувања ии во функција на трасирање на одбранбениот зид и утврдување на состојбата со културните слоеви и на други делови од населбата.

" Evans A., 1885, 79 - 167.

" Томоски T., 1967, 233-239; Микулчиќ И... 1982, 103 - 106. Од западната страна на населбата, со истражувања и сондирања на одделни места, трасирана е речиси целата должина на одбранбениот 5Ид. Од него е откриен дел во должина од околу 40 м (ел. 1). На сите места широчината му изнесува 1.60 м. На него засега се откриени две надворешни кули. Првата се наоѓа на североисточниот агол од населбата, има правоаголна основа со димензии 4.30х2.70М од внатрешната страна, а 5идовите и се широки 1 м. Втората се наоѓа околу 50 м појужно и е поголема од првата. Таа е речиси со квадратна основа, има димензии 9.20 х 8.60 м од внатрешната страна, а ѕидовите и се широки 1 м. На . : околу 20 м јужно од првата Сл. 2. Источен влез во населбата кула откриен е влез во одбранбениот зид со широчина од 1.70 м. со поплочен праг (сл. 2). Во влезот е откриена мермерна надгробна стела со секундарна функција.

Илустрација, стр. 217

Во внатрешниот дел на одбранбените зидови истражен е простор од околу 800 м?. Во него се откриени две градби со повеќе простории одвоени со улица. Улицата е откриена во должина од 20 м, широка е 2.60 м и продолжува кон запад. Првата градба се наоѓа северно, а втората јужно од улицата (План 1). Првата има три простории. чии комуникации се изведени од улицата, а втората претставува затворен атриумски простор на поголема „јавна градба“. Трите простории од првата градба се со различни димензии. а нивната функција засега останува нејасна. Сите имаат влез изведен од улицата, додека на нивната северна страна не е констатиран зид. Ваквата состојба не придонесува да им се утврди карактерот. Во нивниот простор не се откриени карактеристични археолошки наоди кои евентуално би ја определиле функцијата. Градбата јужно од улицата е речиси целосно откриена. Се работи за атриумски простор на поголема јавна градба. Има неправилна четвртеста основа, која со три зида го затвора источниот влез во одбранбениот 5ид на населбата. Сите три ѕида се со атриумски отвори, функционално приспособени според позицијата штоја заземаат. Градени се од делкан и речен камен врзан со варов малтер и се широки 1 м. Северниот зид се протега во правец исток-запад и ги врзува одбранбениот и западниот зид. Претставува колонада од шест столба изработени од градежна тула фугирана со варов малтер со иста дебелина како и тулата. Два столба од колонадата се откриени до висина од 0.70 M, а нивните краевисезаоблени. Столбовите имаат четириаголна оснода се каже дали таа носела катна конструкција. Западниот зид на атриумот на повеќе места е целосно зачуван до висина на атриумските отвори. Се протега во правец север-југ и ги врзува северниот и јужниот зид. Бидан е од делкан и речен камен врзан со варов малтер. Има два влеза еднакво оддалечени еден од друг. Праговите им се поплочени и премачкани со варов малтер. Страните им се зидани со тула врзана со варов малтер, а краевите носат четвртасти столбови кои во горните партии се врзуваат со арки. Димензиите на столбовите се исти и на двата влеза изнесуваат 1 х 0.70 м. Џидани се од градежна тула фугирана со варов малтер со иста дебелина како и тулите. Овој атриумски зид делумно е откриен заради навлегување во контролниот профил. Јужниот зид на атриумот се протега во правец исток-запад. Ги врзува одбранбениот и западниот зид на атриумот. Зидан е со делкан и речен камен врзан со варов малтер. Има еден по-

План 1. План од истражениот дел ва со димензии 1 х 1 м и еден на населбата од друг се оддалечени 1.90 м. Според откриените делови од колоните при деструкција на градбата. се заклучува дека биле врзувани со арки. Во оваа фаза на истражување тешко €
План 1. План од истражениот дел ва со димензии 1 х 1 м и еден на населбата од друг се оддалечени 1.90 м. Според откриените делови од колоните при деструкција на градбата. се заклучува дека биле врзувани со арки. Во оваа фаза на истражување тешко €
Сл. 4. Мермерна пластика
Сл. 4. Мермерна пластика

плочен влез премачкан со варов малтер широк 1.85 м. Тој е фланкиран меѓу два столба со димензии 1 х 0.60 M зидани од тула фугирана со варов малтер, кои во горните партии се врзуваат со арка. Страните на влезот се зидани со тула врзана со варов малтер.

Подот на целиот атриумски простор бил поплочен со градежна тула. но заради подоцнежните интервенции од него се останати минимални траги. Речиси на сета поднаповршинаштојазазема атриумот констатиран е слој од црвена земја, што, пак, е остаток од подните тули. Исклучок претставуваат оние места каде што подоцнежните интервенции навлегле длабоко во подот. Според многубројните остатоци од ќерамиди откриени во внатрешниот дел на атриумскиот простор, а во непосредна близина на неговите зидови, се заклучува дека биле покриени со кровна конструкција. За ваквата претпоставка придонесуваат и основите за дрвени столбови за кровната конструкција, кои се откриени од внатрешната страна на 3aпадниот зид. Се работи за шест аморфни камења обработени од горната страна, рамномерно оддалечени еден од друг (сл. 3). Тие се вкопани во подното ниво и имаат идентични висински вредности. Нивната позиција и висинска вредност укажува на тоа дека послужиле како бази за дрвени столбови што ја носат кровната конструкција.

Во внатрешниот дел на атриумот откриена е мермерна пластика што ја сочинуваат три столба со висина од 1.60 M, две бази и три импост капители, сите без декорации (сл. 4). Со оглед на големите разурнувања што се случиле при крајот на VI век и подоцнежните градежни интервенции од IX век. во оваа фаза на истражување нема можност да се утврди во каква функција била употребена оваа пластика. Јужно од атриумот, на просторот каде што се соединуваат одбранбе-ННОТ и јужниот зид од атриумот, делумно е истражена уште една просторија. На овој простор откриено е големо количество згура и мал број фрагменти од керамички садови. Ова упатува на заклучок дека во овој простор се одвивала занаетчиска активност.

Сл. 5. Преграден 5ид од средновековната фаза
Сл. 5. Преграден 5ид од средновековната фаза

Подоцнежните интервенции во атриумскиот простор кои се случиле во раниот среден век (1Х-ХІ] век), значително не ја нарушиле неговата положба. Извесно е дека овој простор бил пренаменет да функционира за други потреби. Така, во неговиот југоисточен агол била изградена фурна со печка за печење на леб, атриумските отвори на западниот и јужниот зид биле затворени со зид од камен врзан со кал (сл. 5), а на источниот крај од северниот зид бил изграден масивен зид со скалила за пристап на одбранбениот зид. Кон овие интервенции припаѓа и секундарно поставената надгробна стела во внатрешниот дел на источниот влез со функција на скалило (сл. 2).

Од подоцнежните интервенции за одбележување е просторијата за фурна со печка за печење на леб. Фурната има трапезоидна форма со различни димензии на зидовите. На источната страна искористен е одбранбениот ЅН, на јужната страна искористенејужниот5ид од атриумот, а другите два се 5идани од делкан и речен камен врзан со кал и се широки 0.78 м. Во внатрешниот агол на овие два зида откриен е складишен сад - питос, а на спротивниот, јужен крај. печка за печење леб (сл. 6). Печката има

Сл. 6. Печка за печење леб од 2.60 м. Составена е од под и зид граден во вид на калота над него и во основата е широк 0.25 м. Целата површина на подот е поплочена со тула фундирана на камена полога, нивелирана со слој од добро прочистена глина дебел
Сл. 6. Печка за печење леб од 2.60 м. Составена е од под и зид граден во вид на калота над него и во основата е широк 0.25 м. Целата површина на подот е поплочена со тула фундирана на камена полога, нивелирана со слој од добро прочистена глина дебел 6 см, врз кој се поставени тулите. Полукалотестиот зид е зачуван само во долните партии на печката. Бил граден од мали кршени парчиња тула врзани со кал, фундирани на камената основа. Од внатрешната и надворешната страна бил премачкан со дебел слој лепеж (ситно толчена тула помешана со добро прочистена глина). Од надворешната страна печката е стабилизирана со потпорни зидови (камен врзан со кал) поставени на оние места каде што таа се соединува со зидовите од просторијата. Во внатрешната страна на подот од печката откриена е железна алатка - струшка.

Археолошки наоди

Со досегашните истражувања откриен е мошне обемен движен археолошки материјал. Покрај многубројните фрагменти од керамички садови, откриени се фрагменти од стаклени садови. прозорско стакло. накит (обетки. фибули. прстени). предмети од коска, оружје. делови од воена опрема, орадија, предмети од градежни конструкции, делови од брави и клучеви, околу 140 бронзени монети (сл. 11) и др. Во подлабоките слоеви меѓу античките наоди откриени се повеќе фрагменти од праисториска керамика, две камени секирки и неколку кремени ножиња. Овие наоди потврдуваат уште една фаза од животот на населбата.

Најголем број од керамичките садови ги сочинуваат примероците за кујнски потреби. особено огнишната. Тоа се лонци со тенки 5идови со една, две или без држалки, некои од нив се украсувани со брановидни линии и плитки канелури на вратот и стомакот. Изработени се од добро прочистена темносива глина. со темнокафена до сивоцрна боја на печење. Од трпезната керамика се среќаваат чаши, бокали и чинии, со идентичен начин на изработка како и огнишната, додека од складишната керамика се откриени неколку цели и повеќе фрагментирани делови од питоси. Имајќи ги предвид типолошките вредности, најголем дел од оваа керамика припаѓа на доцноантичката (IV-VI Вех), додека мал дел припаѓа на рано средновековната населба (IX-XI век).4 Стаклените садови и прозорското стакло најмногу се застапени преку фрагменти од светлозеленикаво и светломаслинесто стакло. Според типолошките вредности, застапени се примероци од доцноантичката и средновековната населба.

Сл. 7. Дел од накитот откриен на населбата
Сл. 7. Дел од накитот откриен на населбата

Меѓу накитот застапени се крстести фибули, прстени, обетки. копчиња И приврзоци, карактеристични за доцниот антички периоди раниот среден век (сл. 7).7 Со досегашните истражувања оружјето и воената опрема се застапени во најголем број. Од оружјето се откриени врвови од стрели и бојни секири (сл. 8), додека од воената опрема се откриени разни видови токи и апликации за каиш и торбици, копчиња (сл. 9), војнички оклоп (сл. 10) и др. Единствено оклопот претставува поредок наод. Тој е откриен од внатрешната страна на одбранбениот зид, непосредно до источниот влез. Изработен е од тенки железни и бронзени плочки, во долниот дел полукружно заоблени, а од средината кон долниот дел зајакнати со ребро. Тие се перфорирани со пет дупчиња за зашивување, од кои четири се поставени во горниот (две од левата и две од десната страна) и една во долниот средишен дел. Плочките биле шиени на повеќеслојна говедска кожа за да се постигне поголема цврстина и јачина за функцијата што е наменет.

Сл. 8. Врвови од стрели и бојни секири
Сл. 8. Врвови од стрели и бојни секири

Во текот на XI и XII вск плочестите панцири биле вообичаена опрема на византиските војници, а подоцна се јавуваат и на ликовните претстави. Иако вообичаени во ова време, меѓу археолошките наоди се мошне ретки. Идентични наоди се откриени на локалитети во Србија и Бугарија, додека во Македонија засега претставува единствен наод од ваков карактер.

Шкриванин A. G., 1957, 136-149.

7 Popovié M., 1999, 260.

Сл. 9. Делови од воена опрема
Сл. 9. Делови од воена опрема
Илустрација, стр. 224

Стратиграфија

Според досегашните истражувања во стратиграфијата на локалитетот Градиште кај селото Таор можат да се издвојат три населби кои егзистирале на ист простор, и тоа, праисториска, доцноантичка и раносредновековна.

Праисториската населба припаѓа нараното бронзено време. Потврдена е преку две камени секирки, кремени ножиња и повеќе фрагментирани делови од керамички садови, откриени во античките слоеви (сл. 12). Со досегашните истражувања се уште нема откриено културен слој од оваа населба. Тоа веројатно се должи на фактот што нашите истражувања се концентрирани на источниот периферен дел од населбата, при што се откриени редуцирани наоди. Не се исклучени ни неколкуте подоцнежни интервенции и деструкции врз оваа населба, така што од неа веројатно се останати минимални траги. Овој културен слој се очекува кон централниот дел на населбата или евентуално на јужната тераса.

Доцноантичката населба (IV-VI век) е потврдена преку многубројните движни археолошки наоди и откриените градби. Во стратиграфијата на оваа населба јасно се издвојуваат две фази на егзистирање. Првата егзистирала во периодот од IV-VI век. до катастрофалниот земјотрес во 518 година. а втората по земјотресот во текот на VI век. Со досегашните

Се работи за дел од од станбена

куќа откриен во Сондата II со

Сл. 11. Дел од откриените монети
Сл. 11. Дел од откриените монети
Сл. 12. Праисториски камени секирки
Сл. 12. Праисториски камени секирки
Илустрација, стр. 226

квалитетот на малтерот што бил употребен, се има впечаток дека откриенитеделовиодградбите и одбранбениот зид се плански и мошне цврсто градени. Овие наоди овозможуваат да претпоставиме дека при обновувањето по 518 година на населбата едновремено се интервенирало. Од оваа фаза во концепцијата на населбата бил изграден Сл. 13. Дел од станбена куќа

систем за довод и одвод на вода. Како последица на неколкуте продори на Аварите и Словените при крајот на VI век. животот на населбата потполно замрел.

Раносредновековната населба (IX-X] век) е потврдена преку градежни интервенции на веќе постоечката архитектура и движен археолошки материјал. По прекин од околу два века населбата повторно е активна. Биле обновени делови од веќе постоечките градби, но приспособени на условите што владееле во тој период. На овој период припаѓаат повеќе Наоди од фрагментирани делови на керамички садови, често украсувани со брановидни линии и плитки канелури. Од металните наоди откриени се: накит (белегзии, обетки, прстени), делови од воена опрема (војнички оклоп, аликации за ремен, токи), делови од градежни конструкции и две монети од Роман | Лакапин. Во стратиграфијата на населбата овој културен слој започнува веднаш под хумусниот.

" Баришив ®., 1955, 38-42; Острогорски Г., 1992, 92-114; Максимовиќ Jb., 1980, 17-53. Со истражувањата во 2002 година, надвор од одбранбениот зид, а во негова непосредна близина, беше откриенгроб надетски покојник. Во 2004 беа откриени уште неколку гробови, од нив само еден имаше можност да се истражи. Нивната позиција и начинот на изведба на гробната конструкција укажуваат на тоа дека се работи за доцносредновековни погребувања (XVII-XVIII век). Веројатно се работи за погребувања на населението од денешното село Таор населено во овој период.

Сл. 15. Гроб 2 Сл. 14. Гроб 1 Некропола
Сл. 15. Гроб 2 Сл. 14. Гроб 1 Некропола

Гроб 1 - се наоѓа на источниот дел од населбата надвор од одбранбениот “ид. а во негова непосредна близина (ел. 14). Претставува јама без гробна конструкција. Јамата с вкопана во градежен шут. Димензиите на јамата се 0.80 x 0.25 и ориентирана е во правец запад-исток. Во гробот е погребан детски покојник во испружена положба. рацете му се положени покрај телото. а главата свртена надесно. Гробни наоди во и околу гробот не се откриени.

Гроб 2 - претставува јама ископана во градежен шут од населбата околу 0.70 м од површината на земјата (сл. 15). Конструкцијата на гробот е изведена од кршени покривни тегули, за чија десна страна послужил зидот од античката градба. Конструкцијата нагробот е без покривна плоча. Димензии на јамата се 2.00 x 0.40 м и ориентирана е во правец запад-исток. Во гробот е погребан возрасен покојник во испружена положба. десната рака положена врз стомакот, левата врз карлицата, а главата кон лево. Остеолошките остатоци се добро зачувани. Гробни прилози не се откриени.

Kiro Ristov Museum of the City of Skopje

GRADISTE TAOR

PRELIMINARY REPORT OF THE RESEARCHES IN 2000-2004

Белешки

  1. Hayes J. W., 1972, 390; Манева Е.. 1988, 182; Popovié M., 1999, 103-106; Ончевска Тодоровска M., 2004, 58-69. ↩
  2. Popovic M. - IvaniSevi¢ V., 1988, 125-176; Вакце V., 1994, sl. 5/10; Popovi¢ M., 1999, 221-234; Чангова И.. 1992, 89. ↩
  3. Sarenovi Svetak V., 1986: Barkdezy3 L.. 1988. 69-94: Séapova J.. 1974. 33-47. ↩
  4. Popovic M., 1999, 109-111, 244-247, 5), 58, 203, 212; Чангова И., 1992, 131. истражувања од првата населба откриени се делови само од една градба. ↩

Summary

Gradište Taor

The village of Taor is located at some 20 km to the south/east of Skopje at the left bank of the Vardar river, where the marsh ends and the river enters Taor gorge. The settlement at the site of Gradi8te is situated in the northeast outskirts of village Taor on a high hill consisting of an acropolis and two terraces.

In 2000 the Museum of the City of Skopje carried out the excavation of the first trial trenches at the settlement. Systematic researches of the settlement started in 2001.

The excavations yielded several structures and part of the defense wall. A portion measuring some 40 meters in length was uncovered. Its width is 1.60 at all points. Two outer towers have been uncovered so far. The first one is in the northeast corner of the settlement. It is of rectangular basic plan measuring 4.30 x 2.70 m. on the inside, its walls being 1 m. thick. The second tower is situated some 50 m. more to the south and is bigger than the first one. Its basic plan is close to quadrate, measuring 9.20 x 8.60 m. on the inside and the walls are also 1 m. thick. At some 20 metres to the south of the first tower a 1.70 m. wide entrance was discovered in the defense wall with a paved threshold.

A surface of some 800 m² was excavated inside the defense walls. Two structures with several rooms were discovered, with a street between them. The 2.60 m. wide street was uncovered in the length of 20 m. and it continues westward. The first structure is to the north of the street and the second to the south. The first one has three rooms with entrance facing the street. The second structure is a closed atrium belonging to a large “public building”.

The excavations carried out so far have yielded substantial movable archaeological evidence. In addition to numerous pottery shreds, fragments of glass vessels have been discovered, as well as window glass, jewellery (earrings, fibulae, rings), bone objects, weapons, military equipment, construction elements, pieces of locks and keys, bronze coins (about 140), ete. Shreds of prehistoric pottery, two stone axes and several flint-stone blades have been discovered it the deeper layers, among the finds from the Antiquity. These finds confirm the existence of another earlier phase of occupation in the settlement.

Concerning the stratigraphy of the site of GradiSte near village Taor, the researches have shown that three settlements can be distinguished to have existed there, including a prehistoric, Late Roman and early medieval one.

The prehistoric settlement is from the Early Bronze Age. It has been confirmed by two stone axes, flint-stone blades and several shredded clay vessels discovered in the Late Roman layers.

The Late Roman settlement (4th-6th centuries AD) was confirmed by a number of movable archaeological finds and the discovered architecture. The stratigraphy of this settlement clearly distinguishes two phases. The first phase was dated to the 4th-6th centuries AD, till the earthquake in 518 AD and second one was in the 6th century AD after the earthquake.

The early medieval settlement 9th-11th centuries was confirmed on the evidence of interventions on the already existing architecture and movable archaeological material.

In the excavations carried out in 2002 and 2004 several graves were discovered, only two of which have been researched. Their position and the mode of construction of the grave structures indicate late medieval burials (17th-18th centuries) of inhabitants of the still extant village Taor, which was settled at about that span.

Библиографија