Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 207–213
Торзо од Стибера
Во текот на септември 2001 година беа извршени конзерваторско-реставраторски работи врз остатоците од екседрата, која се наоѓа во рамките на комплексот Гимназион, како и завршување со надѕидувањето на надворешниот јужен зид на перистилот, што исто така е дел од овој комплекс (сл. 1). Со истата кампања беше предвидено и консолидирање на либажниот слој од четири реда тули на северниот и јужниот зид на храмот на богинката Тихе, заштитничка на градот Стибера.
Со цел привремено да се санира потпорниот 5ид од камен и посен варов малтер од платформата пред влезот во храмот,1 откриен со поранешните интервенции врз овој објект, се премина на прередување на испаднатите Камења во суво5ид, преку целата негова должинаи ширина. За овој потпорен зид на платформата пред влезот во храмот некои автори кои пишувале за локалитетот Стибера сметаат дека тоа е стилобат на храмот.
Ние се уште мислиме дека се работи за ограден потпорен зид од трите страни на платформата пред влезот во храмот, затоа што вака несолидно зидање со ситен ронлив камен, употреба на мермерни сполии, а особено неквалитетниот материјал за поврзување од посен варов малтер, не се карактеристични својства за зидање на стилобат за големи и тешки објекти, каков што е храмот, а да не зборуваме за природниот пад на теренот од исток кон запад. Во прилог на нашата констатација зборува и фактот што зидовите на платформата, од северната и јужната страна, не се зидани истовремено, односно не се органски поврзани, туку со завршувањето на двете анти (контрафори), завршува зидањето во тој дел, а нивните продолженија кон запад се само потпрени на антите, односно контрафорите (сл. 2).
Откако ѕидот беше подѕидан, претежно од неговата западна страна, потребно беше истиот да се зајакне, односно отстрана да се нафрла слој земја, со што би се спречило повторното разрушување. За таа цел е употребена земја од соседниот, западен профил на секторот, од која еден дел е овде депонирана при ископувањата во 1953 год. При копањето на недопрениот културен слој во западниот профил, под слојот од депонирана земја, се копаше многу тврда кафена земја помешана со доста ситен кршен камен, фрагменти од тули и ќерамиди и ретки наоди од атипични фрагменти од керамички садови од римскиот период. Притоа е забележано дека во слојот од тврда кафена земја има и многу покрупни и поситни аморфни парчиња од мермер. На длабочина 1.30 м до 1.60 м од површината на теренот, во културниот слој во централниот дел од западниот профил беа откриени делови од долни екстремитети на човечка статуа. За да може статуата да се открие во целост направено е проширување. односно пробив во западниот профил со димензии 1.50 х 1.50 м. Во ова проширување е откриено торзо од мермерна статуа, легнато на плеќи, на кое му недостасуваше главата. делови од рацете и поголем дел од нозете (сл. 3). Торзото лежеше во слојот
од тврда кафена земја во која имаше многу ситни и крупни парчиња од бел мермер. На длабочина од 1.75 м непосредно крај десната нога најден е предниот дел од неговата глава, односно дел од образот со поголемиот дел од лицето и косата. Торзото е зачувано во должина 0.95 mM. Торзото беше откриено легнато на плеќи со главата на запад, а остатоците од левата нога на исток. остатокот од главата, односно предниот нејзин дел беше откриен веднаш крај десниот дел на десната слабина. Од сите страни на торзото беа најдени стотина и повеќе ситни парчиња бел мермер. што неминовно сведочи за тоа дека статуата била кршена на самото место, но, за жал, ниту еден од тне фрагменти не можеше да се спои со торзото.
На торзото му недостасува целата десна нога, поголемиот дел од левата нога, десната рака, како и поголемиот дел од левата рака (сл. 4). Од главата е зачуван само предниот дел на лицето и косата, а оштетени се повеќе или помалку брадата, устата и носот, недостасува поголем дел од вратот, задната половина од главата и двете уши. Од драперијата, односно кусата хламида, зачуван с само делот префрлен преку левото рамо до висина на градите и делот што паѓа зад левото рамо и подлактицата (сл. 5). Драперијата е вешто изведена со длабоки набори кои одат вертикално нагоре и надолу, зад рамото и зачуваниот дел од надлактицата, каде е откршена, а веројатно паѓала до висината на левата слабина. Торзото претставува млад човек, складно граден, со благо нагласена мускулатура на стомакот и градите. Во зачуваниот лев дел од срамниот триаголник, скромно се нагласени остатоците од гениталиите, а над нив со фина техника на делкање со остро длето, триаголно се решени остатоците од срамните влакна, во тенки извиткани прамени. Зачуваниот преден дел од главата е изработен со мајсторска префинетост, особено косата која благо паѓа на челото во фини благо подвиткани прамсни. Веѓите му се речиси рамно моделирани, лесно нагласени и благо свиткани кон надворешните краеви. Челото му е рамно, очите се со бадемест облик, носот во зачуваниот корен правилен, а устата и брадата се доста оштетени (сл. 6). Од описот на изгледот на фрагментираното торзо произлегува дека се работи за млад човек. Од порано ни е познато дека во градот Стибера постоел гимназион во чии состав била и институцијата Ефебархонт, па сметаме дека во нашиот случај се работи за торзо на млад ефеб.2
Vuckovié Todorovic D., 1963, 23. Слично торзо на нашето е откриено во 1953 год. при археолошките ископувања на Гимназионот, кое за разлика од новооткриеното му припаѓа на нешто подоцниот период.3
За постоењето на службата ефебарх и членови ефеби во составот на Гимназионот зборуваат и неколкуте порано откриени мермерни плочи со списоци на ефеби, жители на градот Стибера.4
Стилот и квалитетот на изработката на нашето торзо е карактеристичен за времето на раното Римско Царство, односно на времето на Антонините, на кос и му припаѓа, и истото се придодава кон останатите стиберски наоди на мермерна пластика.5
Мала мистерија, во прво време, претставуваше местото на наоѓалегнато на плеќи и доста осакатено. Наша претпоставка е дека при рушењето на храмот во втората половина на II век статуата била турната од средишниот дел на платформата, пред влезот на храмот, зошто е најдена на 1 м западно од него, а потоа била систематски кршена во ситни делови и доведена во сегашната состојба.
Најверојатно се работи за млад ефеб. од добро ситуирано стиберско семејство, чија статуа стоела на платформата пред влезот во храмот. Не ја исклучуваме ни можноста ефебот да бил близок роднина на главниот спонзор на обновата на храмот, мештанката Антестија Фуска.6
Kostadin Kepeski
Museum and Institute of Prilep
TORSO FROM STYBBERA
Белешки
Summary
Torso from Stybbera
In September 2001, during the conservation - restoration activities carried out at the site of Stybbera, a torso of marble statue was discovered in the Section “B - Roman Temple7, in an extension on the west side of the trench, at the depth of 1.30 to 1.60 т. under the ground surface. The height of the preserved part measures 0.95 m. The entire right leg and great deal of the left one are missing, as well as the right arm and most of the left one. The front part of his head, that is, the chin with great deal of the face and hair were found near the right leg at the depth of 1.75 m.
The torso depicts a well-built young man of slightly pronounced muscles on the stomach and chests. The preserved part of the head has been modeled with refined craftsmanship, particularly the hair that falls on the forehead in slight curls.
The style and quality of modeling the torso was distinctive of the Early Roman Empire, i.e., the time of Antonines. This find enhances the collection of numerous marble sculptures discovered in Stybbera.
The statue which was placed on the platform in front of the entrance to the temple presumably depicts a young ephebus.
Библиографија
- Микулчиќ И. 1996, Стибера-топографија, историјат, градби, Македонско наследство 1, Скопје
- Соколовска В., 1987, Античка скулптура во ср Македонија, Скопје
- Vutkovié Todorovié D., 1963, Античкое поселение в селе Чепигове в окресностих Прилепа, Archaeologia lugoslavica IV, Београд