Macedoniae acta archaeologica 17 (2006) · стр. 179–196
Локалитет Селиште с. Габрово, Гевгелија
Со самото проектирање на трасата на нафтоводот Солун - Скопје и со отпочнување на реализацијата на Проектот беше реално да се очекува дека ќе бидат загрозени повеќе евидентирани археолошки локалитети, како и некои нерегистрирани досега. Затоа од страна на рззск од Скопје во соработка со ну Музеј - Гевгелија и инвеститорот на Проектот беше постигнат договор за археолошки надзор на трасата и заштитно археолошко истражување на загрозените локалитети.
Во периодот од 19-23.02.2001 год., стручна екипа на Музеј - Гевгелија и рззск - Скопје работеше на локалитетот1 Селиште, с. Смоквица, каде што беа пронајдени остатоци од праисториска населба. При редовното контролирање на останатиот дел од трасата кај с. Габрово, поточно, меѓу контролните точки СК 1309 и СК 1310 (План 1), беа костатирани археолошки остатоци на теренот (фрагментирана садова керамика). Делот на трасата меѓу овие две контролни точки, всушност, поминува низ истоимен археолошки локалитет Селиште, но овојпат во атарот на с. Габрово. Затоа во период од 15-23.03.2001 год. беа изведени археолошки истражувања на загрозениот дел на локалисетот.
ЛОКАЛИТЕТ СЕЛИШТЕ
Локалитетот Селиште се наоѓа на околу 500 метри источно од. Габрово и на околу 1 км југозападно од локалитетот Градиште (сл. 1). И двата
локалитети се евидентирани во Археолошката карта на С.О. Гевгелија, локалитетот Селиште како населба од римско време, а локалитетот Градиште како средновековна фортификација.2 На локалитетите досега не се вршени археолошки ископувања и досегашните сознанија за нив се резултат на површинска проспекција на теренот. Со овие првични заштитни ископувања добивме нови податоци само за карактерот на локалитетот Селиште, изнесени подолу во трудот, бидејќи тој директно беше загрозен со реализацијата на овој проект.
Во времето на нашето пристигнување на теренот, како и во многу други случаи кај нас, при изведување на големи градежни зафати делот од трасата којшто беше цел на нашиот интерес веќе беше третиран со тешка механизација. Поточно, беше извршено нивелирање на трасата и ископување на дел од нафтоводниот канал. При нивелирањето на теренот имаше откриено поголема групација камења, чија оддалеченост од контролната точка СК 1310 изнесуваше 68 метри.
Поради тоа, на оваа локација од трасата беа поставени две сонди со димензии 5 х 4 M, ориентирани во правец С/3-ј/М, т.е. во правецот на протегање на трасираниот правец на каналот. Поради ограниченото времетраење на истражувањето меѓу сондите не беше оставен контролен профил. Сондите беа поместени за еден метар од центарот на трасираниот канал кон североисток, поради тоа што концентрацијата на камења се движеше натаму (Т. I).
По отпочнување на ископувањето се констатира дека со механизацијата беше симнат добар дел од културниот слој и конструкцијата од камења во Сондата I. Поради тоа, како и фактот дека останатиот културен слој беше доста плиток (0.20-0.30 м), поставивме уште една - Сонда III, на југоисток од Сонда I и направивме продолжение на Сондата II кон североисток со димензии 2 x 4 mM. Така, вкупната површина којашто беше истражувана изнесуваше 17 x 4 M, споена како една голема сонда (T. 1/1).
КАТАЛОГ НА ГРОБОВИТЕ
ГРОБ 1 (T. Ill)
Конструкција - јама со неправилна елипсовидна форма вкопана во темнокафена земја со дим. 160 x 140 см и ориентирана во правец с/3-|/и. Дното на јамата претставува сива здравица од мека карпа, а покривната конструкција е симната со механизација.
Начин на погребување - во јамата биле положени нераздвоени кремирани остатоци на покојникот со делови од кладата.
- светилка со вдлабнат кружен диск со релјефна претстава на орел што стои и во клунот држи лавров венец. Претставата е врамена со три врежани концентрични кругови. Издадениот клун со кружна форма и волути е откршен, а лентестата рачка издадена над дискот : недостасува. Рамно дно без ук- Сл. 3. Бронзена игла од гроб 1 рас. Изработена од црвена гли-
На, со траги од горење. Дим.: 10 x 6.2 x 2.5 см (Т. ШИ, сл. 2);
- фрагмент од длабока чинија со хоризонтална кружна рачка. Изработена од црвена глина на бавно колце (рачно? ), со траги од горење. Дим:: 11.5 x 7.5 x 5.2 см (Т. Ш/2);
- тег во форма на пирамида на која недостасува врвот. На едната страна при дното врежан © круг, а на соседната два лачни орнаменти еден наспроти друг. Изработен од црвена глина, со траги од горење. Дим:: 8.3 x 5.1 см (T. III/3);
- бронзена игла со кружно тело и топчеста глава. Должина: 3.2 см (ел. 3);
- два железни клина со четвртест пресек и кружна глава. Должина: 6.9
ГРОБ 2 (T. IV)
Конструкција - јама со неправилна елипсовидна форма вкопана во кафена земја со дим. 140 x 120 см и ориентирана во правец с/3-|/и. Дното на јамата е на карпа, а покривната конструкција исто така е симната со механизација.
Начин на погребување - кремирање помешано со делови од кладата.
Гробни прилози - во иста средина како и кај гробот 1 беа откриени:
- еветилка со конкавен кружен диск без вистинско раме, декориран со релјефна претстава на женска фигура клекната на колена, претставена во момент на вршење на домашни работи. Целата претстава е маркирана со три врежани круга и еден изведен со пластично претставени точки. Издадениот клун е со неправилна триаголна форма кој со две волути е споен со дискот. Вертикалната лентеста рачка недостасува. Има рамно дно без украс. Сиво печена со траги од горење. Дим.: 9.1 x 6.1 x 2 см (Т. ГУ/5, сл.4);
- чаша со благо биконусно тело, вертикално извлечен врат и слабо нагласена кружна нога. На рамето и под устието по една врежана канелура. Недостасува еден дел од рамето и устието каде што можеби стоела рачка. Изработена од црвена глина. Дим:: 10 x 4.4 см. (Т. ГУЛ); - фрагмент од чаша со биконусно тело и вертикално извлечен врат. Вертикална рачка со неправилен полукружен пресек од рамето до под устието кое е украсено со една канелура. Црвено печење без траги од боење. Дим:: 8 x 6.2 см (Т. IV/2);
- плитка чинија со вертикално извлечено устие, поставена на низок базен прстен украсен со пластично ребро по средина. Исто е украсена и внатрешната страна веднаш под устието. Црвена печена и боена однатре и по устието со разреден кафеноцрвен фирнајс. Дим.: 13.6 x 3.2 см (Т. ГУ/3):
- два фрагменти од кратер на висока нога, зачувани дел од телото и устието. Во висина на рамото и устието, украсен со редови од вертикални и благо закосени линии и со по едно пластично ребро под устието и вратот на садот. Внатрешниот дел од устието с косо засечен. Сиво печен, со траги од разреден посен црн фирнајс. Дим.: 12.1 x 10.3 см (Т. IV/4);
- бронзена лачна фибула на шарнир со една игла - тип ауциса. Лакот на фибулата е плочесто проширен и декориран со Три реда пластично изведени точки. Ногата недостасува, со силни траги од горење. Дим:: 5.6 x 3.5 см (ел. 5);
- железна лачна фибула на шарнир со мали димензии. Лачниот дел е триаголно проширен и декориран со по пет топчести испупчувања од двете страни и широка канелура во средина. Ногата и иглата која била изработена од бронза недостасуваат, со траги од горење. Дим:: 2.8 х 0.9
- бронзена монета нечитлива, со силни траги од горење;
- железен клин со четвртест пресек и кружна глава, извиткан. Дим.: 6.5 см.
ГРОБ 3 (T. V)
Конструкција - јама со неправилна издолжена елипсовидна форма вкопана во кафена земја со дим. 140 х 90 см и ориентирана во правец с-ј. Покривната конструкција изведена од поголеми речни и кршени камења кои формираат неправилна ограда околу јамата која е исполнета Р со поситен камени фрагменти керамика и тегули (дим.: 220 х
Начин на погребување - кре- - мирање нераздвоеноодостато- = ците на кладата. C
Гробни прилози - фрагментирана садова керамика меѓу | ситни нагорени коски од покојникот и остатоци од кладата. Меѓу
- фрагмент од чинија со профилирано вертикално извлечено устие. Црвено печена со траги од кафеноцрвен фирнајс од внатрешната страна и на устието. Дим:: 18.5 x 7.3 см (Т. V/3);
- фрагмент од слична чинија со устие благо извлечено на надвор. Црвено печена со кафен фирнајс на устието, додека однатре чинијата е боена со кафеноцрвен фирнис. Дим:: 8.5 x 6.5 см (Т. V/2);
- фрагментирана длабока чинија со висок вертикален врат и устие извлечено на надвор. Црвено печена недоволно прочистена глина со примеси на лискун и зрна од песок. Работена на бавно колце со траги од горење. Дим.: 14 x 12.2 см, висина на устие 4.5 см (Т. У/4);
- фрагмент од чаша со благо биконусно тело и вертикално извлечено устие декорирано со две канелури. Дното слабо нагласено. Сиво печена со траги од горење. Дим: 9 x 5 см, висина 4.3 см. (Т. У/1);
- железен клин со четвртест пресек и кружна глава. Дим.: 9.8 см.
Конструкција - елипсовидна гробна јама вкопана во кафена земја со недефинирана големина"3 ориентирана во правец с-ј. Покривната конструкција изведена од поголеми речни и кршени камења кои формираат неправилна ограда околу јамата која е исполнета со поситен камен и фрагменти керамика и тегули.
Начин на погребување - кремација со остатоци од клада.
Гробни прилози - доста фрагментирана садова керамика меѓу ситни нагорсени коски од покојникот со многу пепели гареж.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
Тешко е и неосновано на примерот од само 4 изложени гроба да се донесуваат некои дефинитивни заклучоци за локалитетот. Посебно тоа се однесува на движењето и хронологијата на некрополата, распоредот и меѓусебниот сооднос на гробовите, евентуалните промени во ритуалот на погребување и др.
Сепак, на ова место ќе ги изнесеме резултатите и наодите што ги констатиравме и со овие ограничени истражувања, а кои покажуваат дека овој дел од локалитетот Селиште бил користен за погребување во раноримскиот период.
Општите карактеристики на истражените гробови се: кремација на заедничка клада - устрина и полагање на нераздвоени остатоци од кладата во однапред подготвени елипсовидни јами делумно вкопани во карпа. Конструкцијата на гробовите е изведена од речен и кршен камен кои формираат неправилен венец околу гробната јама, исполнет со исти поситни камења помешани со фрагменти од садова керамика и тегули. Со помала концентрација на истите камења делумно е покриен и просторот меѓу гробовите. Мноштвото на фрагментирана садова керамика врз гробовите укажуваат постоење на ритуално кршење во рамките на постпогребниот обред.
Вкупно беа констатирани четири гробни конструкции во едно ниво на погребување (T. 1/1), со благ пад кон северозапад. Камената конструкција на гробот 1 и делумно на гробот 2 беа симнати од механизација, поради релативно плиткото вкопување на гробовите (од 0.20 до 0.60 м). Некрополата, по се изгледа, се шири кон севроисток, што може да се види од истиот профил на Сондата П. Исто така, во профилите на ископаниот канал можеше да се види и стратиграфијата на локалитетот северозападно од истражуваниот простор,4 при што беа констатирани неколку пресечени гробни конструкции од ист тип (ел. 7 и 8). Истите, следејќи ја конфигурацијата на карпата, беа вкопани во истата кафена земја на длабочина од 1-1.5 м.
Генезата и еволуцијата на овој гробен облик во реонот на Долно Повардарие, како и во Пелагонија и Средно Повардарие, очигледно се дека се резултат на продолжување на постарата локална сепулкрална традиција на овој простор. Колку и да се големи влијанието и промените што ги носи романизацијата на планот на социјалната, културна и етничка структура на домородното население, тоа сепак во овој временски период во нешто изменета форма ја зачувува својата индивидуалност, особено во погребните ритуали кои се најконзервативни и еден од основните показатели на етнокултурниот континуитет на овие простори.
Од движните наоди застапени се керамички садови, тегови, железни шајки, бронзен и железен накит, како и една нечитлива бронзена монета. Од формите на керамички садови застапени се чаши, плитки и длабоки чинии и еден кратер, сите работени на колце. како и две
светилки. Од накит беа про-
најдени две нецелосно зачувани фибули и една игла.
Застапените керамички форми, квалитетот и начинот на изработка и декорирање, како на гробните наоди така и на вонгробните (Т. VI), ја потврдуваат веќе добиената слика за карактеристиките на керамичкото производство од раноцарскиот период во Пелагонија и Повардарието.5 И тука се
но сиромашни гробови со прилози, едноличност на застапените фор-МИ и исчезнување на хеленистичките, локална имитација на западните керамички типови изработени во хеленистички дух6 (Т. Ш/2-3) тенко- 5идна керамика украсена со барботин (Т. УТ/4), сиво печена керамика и др. Два речиси идентични примероци на кратер на висока нога од Стоби се датирани во раниот I век, како и неколкуте фрагменти на сиво печени чинии со профилирано устие и црн посен слој (Т. VI/6-7).7 Во регионот на Горна Македонија, поблиску до нашиот локалитет, во Македонски тип гробница на локалитетот Спелија во античка Еордаја се откриени идентични, целосно зачувани чинии, датирани во втората половина на | век пр. н.е.,8 поточно кон крајот на | век9 пр. н.е. и преминот во | век од н.е. Со овие истражувања не откривме ниту еден увозен примерок на западна или италската керамика.
Откриените светилки се поцелосно зачувани и ни овозможуваат попрецизна хронолошка и типолошка анализа на истите. Овие светилки со широк релјефен и конкавен диск, речиси без вистинско раме, лентеста вертикална рачка, рамно дно, со волутен (Т. Ш/1) и аглест нос (Т. ГУ/5) на атинската Агора се датирани во првата половина на | век. И во Македонија, како и во другите провинции, овој тип северноиталски светилки или нивни имитации се датираат во раноцарскиот период.10
И двете откриени фибули (сл. 5-6) ја потврдуваат датацијата на овие погребувања на почетокот на новата ера, односно во I век.11
На крајот уште би додал дека поради фактот што досегашните истражувања од периодот на Римската Империја во Долно Повардарие се занемарливи, ако се изземе локалитетот Исар кај Марвинци, уште повеќе се зголемува значењето и научниот интерес за оваа некропола од раноримскиот период.
Сепак, поради малиот број истражени гробови и нивното делумно уништување со тешка механизација, како и релативно сиромашните прилози и нивната фрагментираност, донесувањето на поцелосни заклучоци за хронолошко-стратиграфската слика на некрополата, какои идентификацијата на можната населба од исто време на локалитетот Градиште, ќе мора да почекаат до изведување на нови и поопсежни археолошки истражувања кои временски и просторно не би биле ограничени. Emil SLAMKOV Museum of Gevgelija
THE SITE OF SELISTE
V. GABROVO, GEVGELIJA
Белешки
- Истражувањето го изведе стручна екипа на ну Музеј - Гевгелија во состав: Емил Сламков-виш кустос археолог, Бобан Хусеновски - виш кустос археолог. Ѓорѓе Гушев документатор и Данче Голубовска - кустос археолог, како претставник на рззск од Скопје. ↩
- Археолошка карта на С.О. Гевгелија, Р33СК, Скопје 1978. ↩
- Гробни прилози - меѓу7 мноштвото фрагментирана керамика, животински коски, наместа нагорени коски од покојникот и многу2 пепел и гареж, во овој гроб се откриени: ↩
- Гробот не беше истражен во целост, бидејќи се појави во северниот агол на Сондата па, а во рамките на Договорот за заштитно археолошко истражување инвеститорот бараше етриктно почитување на предвидените временски рокови. Затоа одлучив дека е подобро гробот да остане недоистражен отколку тоа да биде направено набрзина. За појавата и распространетоста на овој тип гробови. Mikuléié Т., 1966, 79-81: Соколовска B., 1978, 93-100; Јовановиќ A., 1984, 130-133, Карта 27, Сл. 26. ↩
- Mikulčić I., 1966, 75-87; Манева Е., 1979, 21-27. ↩
- Манева Е., 1979, 23, T.XI/122. ↩
- Anderson Stojanovié V., 1992, 45-47, 108, Pl. 29/239-242, Pl. 104/880-881. ↩
- Karamitrou Mentesidi G., 148-158, BE Kozane 1840a, 1854. ↩
- Robinson H., 1959, 22-39, Pl. 44/G, 150-157. ↩
- Mikulčić I., 1966, 86; Vikić B., 1971, 97, T. VIII/1; Манева Е., 1979, 27, T. XXIII/226. ↩
- Mikulčić I., 1966, 78, T. XXVI/Sl. 36-b; Битракова-Грозданова В., 1988, 200, сл. 14. ↩
- Mikulvic L., 1966, 86; yka B., 1971, 97, T. УШИ, Манева E., 1979, 27, T. AXII/220. '! Mikuléié 1., 1066, 78, Т. XXVUSI. 36-b; Битракова-Грозданова B., 1988, 900, сл. 14. ↩
Summary
The Site of Selište v. Gabrovo, Gevgelija
The site of Seli8te is located at some 500 metres east of v. Gabrovo and about one kilometre to the southwest of the site of GradiSte. No previous archaeological excavations were carried out at the sites and the information we had about them came from the surface prospecting of the terrain. By these initial salvage excavations new data were obtained merely on the site of SeliSte, which was directly endangered by the construction of the oil pipe-line Thesalonica-Skopje.
Four grave structures were recorded at one burial level descending slightly to northwest. The common feature of the excavated graves is that they had been cremated on a join log and pieces of the log were placed in already prepared plain pits, partly dug in the rock. The grave structures were made of river stones and crushed rocks, which formed an irregular circle around the grave pit filled with smaller stones mixed with shreds of pottery and tegulae. The surface between graves was partly covered with lesser concentration of smaller stones. The great number of pottery12 shreds upon graves indicate ritual braking of pottery within the post-funeral rite.
The genesis and evolution of this grave form in the area of the Lower Vardar Valley, as well as in Pelagonia and Middle Vardar Valley, evidently resulted from continuing of older local sepulchral tradition in these areas.
Movable finds discovered there comprise clay pottery, weights, iron nails, bronze and iron jewellery, and one bronze coin with illegible inscription. The pottery forms include cups, plates, dishes and one krater, all wheel-made, as well as two lamps. The only preserved jewellery included two incompletely preserved fibulae and a pin.
The pottery forms, the quality and the mode of production and decoration of both the grave finds, and the ones discovered outside graves, confirm the already obtained picture concerning the features of the pottery production of the Early Imperial Period in Pelagonia and the Vardar Valley. Here we also see graves with relatively poor grave goods, perishing of Hellenistic pottery, local imitations of western pottery types made in the Hellenistic spirit, thin-walled pottery decorated in barbotine technique, gray baked pottery, ete.
The chronology of almost identical finds from the area and more widely (Stobi, Heraclea, Athenian Agora, Spelia in Eordaia and South Pannonia) confirm our dating of the graves to the end of the Ist century BC, that is, the turn of the new era, and the early Ist century AD. Nevertheless, it would appear ungrounded to make any definite conclusions about the site on the evidence of only four researched graves. It applies particularly to the spreading and chronology of the necropolis, position of graves, eventual ritual practice during burials, etc. For obtaining a more complete chronological-stratigraphic picture of the necropolis and for the identification of possible coinciding settlement at the site of GradiSte it would be necessary to carry out new, more comprehensive archaeological researches.
Библиографија
- Anderson Stojanovic Y. 1992, Stobi - The Hellenistic and7 Roman Pottery, Princeton Археолошка карта на С. O. Гевгелија, Р33СК, Скопје 1978
- Битракова Грозданова B., 1988, Археолошките истражувања во Преспа во 1967/68, Maced. acta archaeol. 9, Скопје.
- Јовановић А., 1984, Римске некрополе на територији Југославије, Београд
- Karamitrou Mentesidi G., 1991, Macedonian tomb at Spelia of Eordaia, Hellenistic Pottery from Macedonia, Thessaloniki
- Манева Е., 1979, Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола
- Mikulčić I., 1966, Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza, Skopje-Beograd
- Robinson H., 1959, Pottery of the Roman period, The Athenian Agora, vol. V, Princeton
- Соколовска B., 1978, Археолошки истражувања во Демир Капија, Maced. acta archaeol. 4, Прилеп, 93-100
- Vikié B., 1971, Karakter rimske keramike juzne Panonije i problematika njene tipologije i kronologije, Materijali VIII, Zenica
- Лок.,,Селиште,, С.Габрово Сонда 1- Ii/lla основа - откоп 2 16.03.2001 1. Светилка 2. Бронзена игла 3. Железна фибула 4. Железни клинови 5. Бронзена фибула 6. Монета 7. Црна земја 8. Карпа 9. Кафенаста земја {| Камен [~~ Керамика