Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 9–20
Рекогносцирања на палеолитско-мезолитски локации во Македонија - 2001
Тратите по ред рекогносцирања во 2001 година во потрага по потенцијални палеолитско-мезолитски локалитети беа насочени кон проспекциони истражувања и увид на досегашните податоци. Исто така, беа предвидени убицирања на лежиштата богати со силикатни суровини поради утврдување на нивната дистрибуција од локален, регионален или импорт карактер кон одредишта кои требаше да ги утврдат живеалиштата во пештери, поткарпи и локалитети на отворено. И понатаму истражувањата беа насочени кон изнаоѓање на нови сведоштва кои ќе го потврдат егзистирањето на најстарите популации од старото и средното камено време.1
Пред започнувањето на Проектот беше консултирана релевантна литература од областа на географијата,2 геологијата3 и археологијата.4 како и информации добиени по усмен пат и други непроверени и несигурни извори.
Активностите се усмерија кон југозападна, источна и североисточна Македонија, пред се, затоа што на овие простори никогаш не се направени обиди за препознавање на овој тип локации (но со претходно предзнаење дека бројот на пештерите е минимален и дека единствена можност постои во нерегистрираните поткарпи и локации на отворено).5 Во битолскиот регион проспекциите се извршени во околината на селата Буково, Крст, Ореово и Брод. За први одредишта се избрани Буково и Христифорово (денешно с. Крст, Крстоар)ѓ затоа што за нив има забележани податоци уште од времето на Првата светска војна. Двете регистрирани камени орудија: клин од кварцит и стругалка од кварц (кои не се наоѓаат во нашата земја) се широко определени во долниот и средниот палеолит.7 Откриени се во вонстратиграфски контекст, но сметавме дека се значајни за нашата појдовна точка.8
Од површината не може да се види ниту, пак, може да се претпостави што се наоѓа во длабочините на планината Баба. Би била чиста среќа, одејќи по падините и низ големото количество кварцити да се оддели обработениот кварцит од необработениот, односно природниот од вештачкиот.
поткарпа II: влез со височина од 1.7 M и широчина 3 м; внатрешниот простор има должина од 7.4 м, максимална широчина од 2.5 M и максимална височина од 2.5 M. Платото е долго 4 м и широко 8 м.
поткарпа I: влез со височина од 2.5 м и широчина 2.6 м; внатрешниот простор има должина од 11 м, широчината на средината изнесува 6.5 M, а кај темето е 2.0 м и има максимална височина од 4 м. Платото е долго 8 Mu широко Ом.
Следната дестинација во битолската околина, добиена од „трагачите по злато“, с пештерата кај селото Орехово.9 Западно од село Орехово, над десната страна од реката, на околу 33 м релативна височина, се наоѓаат две поткарџи со западна ориентација на влезот.10 Поткарпите се создадени во гнајс. Во предниот дел на влезот кај поткарпата ! видлива е карпеста основа. Дното на поткарпите е покриено со сиромашен седимент и има речиси хоризонтален, едвај видлив благ пад кон излезот. Поткарпите не се изложени на ветер, имаат одлична прегледност на околината, но не се евидентирани површински археолошки материјали. Овие поткарпи немаат добра акумулација на пештерски седимент и немаат особено значење за археологијата и затоа ги оценивме како неподобен
Локалитетот Џепен се наоѓа на 2 км североисточно од селото Брод - Битолско, на надморска височина од 820 м, односно на 220 м над Црна Река. Според податоците од Археолошката карта12 и од усменото соопштение на авторот на текстот од Археолошката карта, добивме информација за карактерот на локалитетот, но и за постоење на големо количество камен од различно суровинско потекло откриен во пробната сонда, без присуство на керамика.13 На ридот доминираат карпи од гнајсеви и вариетети на кварцити и насекаде се среќаваат фрагменти од керамика, најмногу железнодопска. Евидентирани се поединечни ровови и траншеи од Првата светска војна.14 Теренот е релативно стрмен, вегетацијата е сиромашна (грмушки, глог, драка, канина...), а ридот е особено изложен на северни и северозападни ветрови. Прегледноста кон околината е одлична. И покрај присуството на едно сечило од сив кремен (мезијален дел, со билатерален ретуш), случајно откриено на површината, кое може да се сретне во сите периоди низ праисторијата, мислиме дека местоположбата (особено изложеноста на ветер), бројната керамика и геолошката средина не одговараат на мезолитскиот човек, но ВО комплексот на ридот ВООТІшто не е регистриран неолитски материјал.
Од досегашните информации од месното население, од неолитските збирки во Музејот и од Геолошкото биро од Битола, можеме да констатираме дека: кварцит и кварц се суровини кои најмногу се среќаваат во регионот. На неолитскиот локалитет Велушка Тумба се среќаваат опал и скарн (суровини со тврдина 7) и амфиболитски шкрилци и кварцнокалцедонски шкрилци (со помала тврдина од 5.5-6 ). Потребно е уште да се видат профилите на речните тераси на Црна Река кај селата Живојно,
Д. С., Џепен, Брод, во: Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје 1996 24-25.
. Скочивир, Брод и Сливница, т.е. мариовскиот потег (суровина: риолит од околина на с. Градешница).
Во с. Кременица регистрирана е неолитската тумба, но треба да се нагласи податокот од геолошкото картирање вршено во ова село каде што е потврдена дебелина на квартер од 10 метри.16 Секогаш е отворено прашањето дали грешевме што не продолжувавме со ископувања под неолитските слоеви, односно под неолитската „здравица“) Пример за откривање материјал во големи длабочини е случајот со локалитетот Брца кај Велес, при ископ на глина за фабриката Киро Кучук. Таму на длабочина од 15 до 20 метри е откриен богат фосилен палеонтолошки материјал, стар 10 милиони години,17 кој никогаш не бил пронајден со научно-истражувачка работа.!З18
Наредните движења беа насочени кон демирхисарско-кичевскиот микрорегион кој го опфаќа сливното подрачје на Црна Река и Треска. Археолошкиот интерес за сливот на Црна Река се засноваше врз досегашните географско-геолошки истражени 8 пештери од кои единствено Toate кај село Железнец нема пештерски накит.19
Пештерата Готапеш се наоѓа на 2 км од село Железнец (од левата страна по новиот пат од Демир Хисар кон Кичево) на околу 20 м релативна височина над десниот брег на Голема Илинска Река (под благ наклон во подножјето на Црн Врв) на надморска височина од 800 м. Влезот е ориентиран североисточно и според скицата на Станковски и според нашите премерувања, таа е долга 30 м, има максимална широчина од 8 м и максимална височина од 12 м. Влезот на пештерата (точка 1) е широк 9 м и висок 4.5 м, а предворјето преку отвор со височина од 1.5 M (точка 2) преминува во единствена сала (до точка 3). Пред пештерата има плато со должина од 8 м и широчина од 9 м кое продолжува кон падината под благ пад. Во предворјето седиментот е дебел за разлика од салата каде што дебелината на седиментот е намалена. Седиментот се состои од прашинесто-песоклива фракција во која нерамномерно се наоѓаат плочести блокови и поситно издробен варовник. Подот на пештерата од челото (точка 3) кон платото е под благ пад (од точка 3 до точка 2 е под агол од 15°, а од точка 2 до точка 1 е под агол од 5’). Пештерата е создадена од светлосиви до темносиви тенки плочести тријаски (?) варовници.
Денес пештерата е сува, но таа била вклучена во хидрогеолошкиот систем на реката (што се гледа во подјадување на страните и во предворјето и дури во салата).2020 Пештерата има слаба прегледност кон околината и не е изложена на ветар.
Современи антропогени изместувања има и во предворјето (на две места со длабочина од околу 2 м) и во салата (во челото и уште на две места во различни временски периоди) од „дивите копачи“. Во јамите, направени во предворјето, најдени се неколку фрагменти од средновековна керамика и фаунски остатоци. Без сондажни истражувања не можеме да потврдиме дали пештерата била населена во најдлабоката праисторија. Тие истражувања треба да се планираат во перспектива (сл. 1 и In. 1: основа и профил).
Следниот чекор беше насочен кон злетовско-кратовскиот микрорегион во сливот на Злетовска Река. Врз основа на досегашните резултати од геолошките и палеонтолошките истражувања констатирани се плеистоценски наслојки во кои е откриена фосилна флора и фауна од регионот на Осоговските Планини, три камени артефакти од локалитетот Сува Долина и два камени артефакти од село Лепопелци кај Пробиштип.
За разлика од јужните простори, источна Македонија се карактеризира со голема разновидност и богатство на силикатни суровини кои човекот во старо камено време ги користел за изработка на алатки.21 Многуте лежишта на овие видови и вариетети на минерали и карпи се застапени во речеси сите делови на источна Македонија.22 Кратовско-злетовскиот микрорегион ја зафаќа јужната падина на Осогово, односно сливот на Злетовска Река. Овој микрорегион е една од најбогатите рудни зони во Македонија. Извршена е проспекција на следните локации: Лепопелци, Лезово, Сува Долина, Неокази, Шопско Рударе, Страцин, Младо Нагоричане.
Од аспект на убицирање на лежиштата богати со силикатни суровини и за потврдување на одредени видови од регионот на источна Македонија, како прва дестинација беше предвиден каменоломот Спанчево (кај село Спанчево, Кочанско).23 Информациите добиени од тамошниот геолог ни ги потврдија сознанијата за големата застапеност на опал и на опализирано дрво.24
Во селото Лепопелци (општина Пробиштип) на источниот брег на Злетовска Река, на пристапниот пат и во нивите, на претпоследното ниво на речната тераса меѓу 340 и 345 м надморска височина, присутен е огромен број лизги и помали блокови од јасписи, кварц и кварцит. Фрагментите на јаспис се аглести што зборува за нивниот кус транспорт. Освен големо количество суровина. не се забележани вештачки камени производи кои би можеле да се припишат на палеолитот или мезолитот. Патоказот кон село Лепопелци се темели врз податокот од Археолошкиот зборник за два случајно вонстратиграфски пронајдени „камени наоди“ откриени меѓу селата Лепопелци и Лезово, во коритото на Злетовска Река. Овие два „артефакта“ се недоволно аргументирани.25
Во 1980 година, во месноста Сува Долина, пронајдени се три парчиња од јаспис. Биле отстапени и разгледувани од страна на повеќе специјалисти од Словенија, Хрватска и Бугарија. Определени се за палеолитски?26 и енеолитски.27 Според сопствените најнови сознанија, потребно е да се направи исправка за локалитетот Сува Долина во Археолошката карта,28 односно Сува Долина да се избрише како археолошки локалитет.
Извршено е рекогносцирање и ревизија на оваа локација (На 6 км пред Пробиштип и 5 км од село Злетово, од северна страна на мостот) и констатирана е големата концентрација на фрагменти од јаспис, вулканити и поретко метаморфити кои потекнуваат од лежиштето на јаспис Неокази. Од Неокази фрагментите се движат кон долината, односно Сува Долина и Лепопелци. Тие поголеми блокови со природните удари во текот на трикилометарскиот воден транспорт се фрагментираат, распарчуваат, дури и заоблуваат и добиваат школкести прекршувања, булбуси, назабеност на рабовите кои се во потполност природни. Значи, трите парчиња од јаспис од Сува Долина можат да се споредат со илјадници слични такви парчиња пронајдени на истото место формирани по природен пат.29 Еден сличен пример пред неколку години се појави во медиумите именуван како „фосилизиран череп од Матка““.5930
Во кратовската и кумановската област се извршени проспекции во околината на селата: Туралево, Шопско Рударе, Страцин и Младо Нагоричане. Насочувањата кон овие локации се засноваа врз податоците од Археолошката?“!31 и Геолошката карта,32 a со цел да се регистрира потенцијалната суровина. Блиску до селото Туралево регистрирани се две поткарпи. Двете се наоѓаат во речното корито и двете се формирани во вулкански андезити и не се погодни како живеалишта, ниту, пак, за пробно сондирање. Од локацијата Свињи Дол кај Шопско Рударе регистрирани се следните суровини: јаспис, опсидијан, калцедон и опал.::33 За Страцин е важно лежиштето на калцедон на ридот Крст со разни вариетети на боја од бела до црна (жолта, сива...), а за Костоперска Карпа, Младо Нагоричане карактеристична е вулканската карпа базалт (црн по боја). Источна Македонија се карактеризира со голема разновидност и богатство на силикатни суровини. За жал, нивниот транспорт не се утврди, бидејќи вештачки камени производи не се откриени.
По завршените опсервации на терен произлегоа неколку заклучоци и повеќе хипотези. Пред се, релјефот и конфигурацијата на западна Македонија се карактеризира со бројност на пештери. Во средните делови, во Вардарската зона, нивниот број е помал, а незначителен е во источните делови. Според спелеолошко-географските испитувања се претпоставува дека во Р. Македонија има 400 до 500 подземни карстни форми.34 Археологијата добива увид за нивната регистрираност, но не се совпаѓа со основните показатели. Она што во спелеологијата има приоритет и начинот на кој се врши категоризација, честопати од археолошка гледна точка нема особено значење. Археологијата ги користи географско- спелеолошките податоци, но само како критериум за убицирање и евентуално добивање скица.35 За жал. поткарпите во географската и во спелеолошката литература не се набележуваат и немаме преглед за нивната местоположба и бројност.36 Неопходно е движење на терен со употреба на описи и карактеристики од аспект на археолошкиот инте-
Што се однесува до микрорегионите во источна Македонија, останува отворено прашањето: дали постојат наоѓалишта под ведро небо? За жал, нис дури и ги негираме досегашните два локалитета - Сува Долина и
Пенцерковски J. - Хаџимитрова С.. Геолошка карта 1 : 200000, Геолошки завод, Скопје 1975.
Поопширен опис: црвен јаспис, хиелоандезит со сива и црна боја близок до андезитскиот опсидијан, калцедон со жолтеникавокафена боја (во маса на опализиран туф) и бел Лепопелци. Кај нашите соседи се регистрирани голем број локалитети ситуирани на речни тераси од времето на палеолитот и мезолитот. Многу е веројатно такви локации и наоди да постојат и кај нас.
Сметаме дека рекогносцирањата не даваат задоволителни информации и затоа се потребни пробни сондирања со кои би се потврдило или негирало едно наоѓалиште.
Со овие и рекогносцирањата во 1998 и 1999 година се пронајдени површински археолошки материјали во затворени простори (пештери и поткарпи) во регионот Порече - по долината на реката Треска, во средниот дел на западна Македонија - во клисурата Пешти, по долината на реката Бабуна - централна Македонија?“ и во Демирхисарско, по течението на Црна Река - југозападна Македонија, кои остануваат приоритетни региони за ископувања. Локалитети на отворено засега не се потврдени во Македонија.
LJILUANA SALAMANOV KOBOBAB
Museum of Macedonia - Skopje
SURVEY OF PALEOLITHIC-MESOLITHIC SITES
IN MACEDONIA 2001
Белешки
- Истражувачката екипата ја сочинуваа: кустос за старо камено време, археолог во Музејот на Македонија, координатор Љиљана Шаламанов-Коробар, Неделко Ѓорѓевиќ - инженер-геолог од Геоинститутот - Скопје и повремените членови (во зависност од предвидениот регион): Томе Јаникиевски,1 кустос за среден век и Енгин Насух, кустос за античкиот период - обајцата археолози од Завод и Музеј во Битола. ↩
- Панов M., 1976, 120-134; Андоновски T., 1995, 5-12. ↩
- Стојановиќ M., 1993, 161-244. ↩
- Пред се, користени се каталошките единици од Археолошката карта на P. Македонија (од 1996, Tom II). За старо и средно камено време се уште немаме доволно археолошка литература. ↩
- Колчаковски Д., 1988, 59-67. ↩
- Кузман П.. 1992 (9 и 10); Кузман ІТ., 1995, (13 и 14); Pisarev7 N., 1996 (331 и 332). ↩
- Со водич од месното население прво се упативме во селото Крст, 3 км јужно од Битола (а од најстариот жител од селото добивме информации за позицијата на рововите од Првата светска војна). Приодот е можен со автомобил до манастирот Христифорово, а оттаму пеш до платото над селото каде што се наоѓаат траги од некогашните француски ровови. Обраснати со трева, овие ровови се долги околу 30-ина метри, широки од 0.80 - | м, а длабоки од 2 до 2.5 м. На платото меѓу рововите случајно се пронајдени неколку фрагменти керамика разнесени и донесени на ова место најверојатно со ерозии (води, ветрови). Од манастирот Св. Христифор со џип, по неасфалтиран пат, стигнавме до буковскиот манастир Преображение. Над него, пеш по тесна патека се искачивме на плато коешто месното население го нарекува Манастирско Трло. Таму јасно се воочуваат ровови од Првата светска војна. Долгиот ров е со димензии: должина 30 м, широчина 0.80 - | ми длабочина 2 - 2.5 м; кружниот ров има дијаметар од 10 м и длабочина од 2 - 2.5 м. Геолошката средина на двете рекогносцирани локации Буково и Крст е типична за т.н. битолска серија, која се состои од кварцити, амфиболити, микашисти и зелени шкрилци. ↩
- На 5 км јужно од Битола се наоѓа селото Орехово сместено во планински пејзаж. За месното население пештерата е култно место и за Ѓурѓовден ја посетуваат неродилки. До неа се пристигнува по тесна патека долж старата Ореховачка Река во должина од 2 км (45 мин. пеш).10 ↩
- Двете поткарпи кои се наоѓаат една до друга се наткрилени со голем блок од гнајс. Имаат внатрешност со мали димензии: ↩
- Според геологот Ѓорѓевиќ, овие денес суви поткарпи, најверојатно биле вклучени во хидро-геолошкиот систем на реката што се гледа од страните на пештерата. Антропогено пореметување т.е. конструкции на човек има во предниот дел на влезовите со поставени блокови од камења во двете поткарпи, со што е заграден и намален влезот, а во поткарпата I подот е поплочен со камени блокови. ↩
- Д. С., Цепен, Брод, во: Археолошка карта на Република Македонија, Том II, Скопје 1996 24-25. ↩
- Приодот е можен со возило над селото, но исклучиво со џип по ридот над селото, а потоа пеш кон повисокиот рид наречен Стрмен Рид. ↩
- Со димензии 0.80 х 0.80 м (единечни) и 10 х 20.3 х 0.80 м (траншеи), со различни длабочини, ерозионо разнесени и покриени со трева. ↩
- Квартерот е најмлад и најкус геолошки период во кој се развива човечкиот род поради што се нарекува и антропоген. Во 1984 година во Русија и во 1987 година на меѓународниот конгрес на квартеролози во Канада извршена е и усвоена негова поделба и датирање од 1.87 милиони години до 10000 години пр. н.е. ↩
- Терциер е период (кој му3 претходи на квартер) датиран во време од 67 до 2 милиони години пр. не. ↩
- Колевска Г., Мамути во Велешко, во: Вечер бр. 10531. Скопје 09.07.1997: Димовска М., Коски на мамути и заичести тигри откопани во велешките глиништа, во: Дневник, Скопје 04.04.2000; Димовска М., Ако не се погрижат научниците за коските ќе произведуваме шули од фосилни остатоци. во: Дневник. Скопје 05.04.2000. ↩
- Станковски C., 1971, 101 - 112. ↩
- Според прегледот на пештерите и пропастите во изворишниот дел на Црна Река на генезата и на морфолошката еволуција на пештерите Пешна (с. Брезово), Еврејка (е. Доленци), Ристеа Пештера (с. Железнец), Змеова Дупка (с. Бабино), Буков Дол (c. Цер). Цветкоа Пештера (с. Доленци) и Сапотнички извори (с. Сапотница) има влијание циркулацијата на водата, а внатрешниот простор е исполнет со сталактити и сталагмити, што не е од археолошки интерес. Во иднина би требало да се направи проспекција и на овие пештери поради сигурна елиминација и процени од археолошки аспект. ↩
- Шаламанов-Коробар Љ., 2005, 7-13. ↩
- Филиповски Б., 1974, 53-72. ↩
- Во: Археолошката карта на Р. Македонија (81) во околината на село Спанчево регистрирани се: градишта, некрополи и населби од античко и римско време, како и населба од неолитско и некропола од железнодопско време. ↩
- Според бојата, примесите и карактерот опалот е застапен од стаклеста до смолеста сјајност; жолт и со разни примеси различно обоен. Суровина особено погодна за изработка на праисториските алатки, но за сега без докази за нивното постоење во овој микрорегион. ↩
- Нацев T., 1995, 17-21. ↩
- Кузман П., 1995.1-19. ↩
- Од усмено соопштенис на д-р Н. Сираков од Археолошкиот институт од Софија, поради вонстратиграфско наоѓање, малиот број примероци и макродимензионираноста, со резерва ги нарече можни енеолитски артефакти. ↩
- Шаламанов-Коробар Jb., 1996, 321. ↩
- Шаламанов-Коробар Jb., 2001, 7. ↩
- Повеќе години постоеше енигма во врска со овој наод. Во 1998 год. палеонтропологот Мирјана Роксандиќ од Simon Frazer University-Burnaby, British Columbia од Канада, го посети местото на наоѓање на наодот над селото Шишево. Насекаде на површината имаше големи количества камен-бигор. Во извештајот од 1998 година доставен во Музејот на Македонија, Роксандиќ вели: „проблематичноста на наодот е последица на фактот дека структурата на коската никаде не се препознава, без оглед на морфологијата. Невозможно е да се зборува за фосилизирана коска, без оглед на изразитата (индикативна) морфологија“. Нејзина препорака беше да се направи пресек за да може во профилот да се препознае структурата, доколку навистина се работи за фосилизиран череп. Доколку на пресокот не се појави оваа структура, наодот може да се смета за интересен природен феномен. ↩
- К. Страцин, 1996, Туралево, Шопско Рударе, во: Археолошка карта на Р. Македонија, Tom II, Скопје, 187 - 189. ↩
- Колчаковски ЈЈ., 1989, 133 - 144. ↩
- Колчаковски Д.. 1903 43-51. еЅ Шаламанов-Коробар ЈБ.- Ѓуричиќ Jb., 2005, 9-19. ↩
- Ѓуричиќ Jb., 1991, 43-51. ↩
- Ѓорѓевиќ H., 2005, 23 - 27. ↩
- За геолошко- геоморфолошките проспекции. описи, сугестии и толкувања и за несебичната помош во практичното распознавање и разбирање на суровината сакам да изразам голема благодарност на мојот драг колега инженер-геолог м-р Недељко Ѓор-Ѓевиќ. ↩
Summary
Survey of Paleolithic-Mesolithic Sites in Macedonia 2001
The third survey campaign conducted in 2001 in search of potential Paleolithic/ Mesolithic sites were focusing on prospecting and insight into the data obtained so far. These recognition activities started in southwest Macedonia, continuing in the east and norheast part of the country. Prospecting was carried out in the areas around villages Bukovo, Krst, Oreovo, Brod and Kamenica in the Bitola District; Zeleznec in the Demir Hisar District; Lepopelci and Lezovo (Spanéevo and Neokazi deposit) in the Zletovo District; Turalevo and Sopsko Rudare in the Kratovo District and Mlado Nagori¢ane (Stracin deposit) in the Kumanovo District.
No open-air sites were confirmed in southwest Macedonia. Several fragments of medieval pottery were discovered at the plateau in front of the “Goljapes“ cave, as well as faunal remains. For this reason our opinion is that trial trenches should be dug there in future. East Macedonia is characterized with abundance and diversity of silicate raw materials. The project envisaged detection of deposits rich in silicate for the purpose of determining their distribution of local, regional scope and possible import. Unfortunately, no data about their transport have been obtained since no artificial stone products were discovered.
This campaign, together with the survey activities carried out in 1998 and 1999, brought about discovery of surface archaeological material in enclosed space (caves and rock shelters) in the Рогесе region - along the Treska river valley in the central part of west Macedonia; in the Pesti gorge along the Babuna river - central Macedonia and in the Demir Hisar District along the Crna Reka in southwest Macedonia, which are still priority areas to be investigated. No open-air sites have been confirmed in Macedonia so far.
Библиографија
- Андоновски Т., 1995, Карактеристики на рељефот на Република Македонија, Географски разгледи, Книга 30, Скопје Археолошка карта на Република Македонија, Том Ил, Скопје 1996
- Колчаковски Д., 1988, Појава на подземни карстни форми во Источна Македонија, Спелеобих 1-2, Сарајево
- Колчаковски Д., 1989, Историски преглед на спелеолошки проучувања на територијата од ср Македонија со библографски приказ, Географски разгледи, Книга 27, Скопје
- Колчаковски Д., 1993, Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија, во: Екологија и sawinuma на животната средина, Tom 1, Број 1-2, Скопје
- Кузман П., 1992, Палеолитот во Македонија, Масеԁ. acta archaeol. 13, Скопје
- Кузман, П., 1995, Податоци за палеолитските култури во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, ману, Скопје
- Нацев T., 1995, Камени секири и орудија од штипско, Зборник бр. 1, Археологија, Скопје
- Панов M., 1976, Природни региони, во: Географија на ср Македомија, Книга 1, Скопје
- Pisarev N., 1996, The Palaeolithic on the territory of the Republic of Macedonia, ХШ OJ. 5. P. P, Proceedings- Forli vol. 2, Forli
- Станковски C., 1971, Карсни подземни облици во изворниот слив на Црна Река, Географски разгледи 8-9, Скопје
- Стојановиќ М., 1993, Основи на петрологијата, во: Геологија и петрографија, Скопје
- Филиповски Б., 1974, Геолошки состав на ср Македонија, Геолошки состав и рудно богатство на Македонија, Скопје
- Шаламанов Коробар Jb., 1996, Сува Долина, Злетово, Археолошка карта на Р. Македонија, Том II, Скопје
- Шаламанов Коробар Jb., 2005, Суровини за изработка на делканите камени алатки, Зборник бр. 2, Археологија, 7-13, Скопје
- Шаламанов Коробар Jb., 2001, Извештај за проектот ,, Рекогносцирање и ревидирање на потенцијални палеолитско-мезолитски локации во јужна и источна Македонија“ Скопје
- Шаламанов Коробар ЈВ. - Ѓуричиќ Љ., 2005, Палеолитско-мезолитски локации по течението0 на Бабуна и Треска, во Maced. acta archaeologica 16, Скопје
- Ѓорѓевиќ H., 2005, Геолошко -геоморфолошки опсервации по течението на Бабуна и Треска, Масеԁ. acta archaeol. 16, Скопје , Ѓуричиќ Jb., 1991, Методолошки приступ рекогносцирању7 палеолитских и мезолитских локалитета, Гласник сад 7, Београд