Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 125–148

Делницата Stenae-Tauriana на Tabula Peutingeriana

Содржина
  1. ПАТОТ КАЈ STENAE
  2. ПАТОТ STENAE - IDOMENAI
  3. ПАТОТ IDOMENAI - TAURIANA
  4. ПРИКЛУЧНИ ПАТИШТА
  5. ЗАКЛУЧОК

Античкиот пат од Демир Капија до Дојран, што ја претставува делницата Стена-Тауријана, прикажана на Табула Појтингеријана, повеќепати била предмет на проучување во науката, но се чини дека се уште се присутни дилеми кои оставаат простор за натамошни истражувања. Во основа, оваа патна насока не била предмет на посебно истражување, освен кога се зборува за убикација на станиците кои ги поврзува. Оттука и постои голема противречност во однос на неговата насока на движење, пред се, поради несигурната убикација на населбите.

Во овој текст ќе се обидеме да фрлиме поглед на трасата на магистралниот пат и другите патни насоки што го поврзуваат, без да навлегуваме подлабоко во проблемите за убикација на населбите што ги поврзува. Во основа, тие се присутни на теренот, и тоа овозможува соодветен пристап кон разрешување на овој проблем и покрај тоа што се отвораат повеќе прашања кои ја допираат нашата тема, условени од определување на местоположбата на населбите. Сепак, за нас во прв ред претставува одредување на патната траса, која во основа поминувала покрај населбите и ја определувала нивната местоположба. Самата убикација на населбите претставува комплексно прашање кое бара посебен приод и пристап за да биде соодветно третирано, но овде нема да се задржуваме на неа.

Се работи за магистралниот повардарски пат кој ги поврзува северните со јужните делови на Балканот, преку Scupi, Stobi и Thessalonika. Во однос на неговото попрецизно трасирање, проблем настанува на делницата Стене-Тауријана, кој е и предмет на нашето истражување. Областа низ која поминува оваа делница претставува посебна геоморфолошка целина, која го

опфаќа регионот на Гевгелиско-валандовската котлина, до Демир Капија на

Сл. 1. Исар-Марвинци, антички Добер
Сл. 1. Исар-Марвинци, антички Добер

север и Дојран на исток. На Појтингеровата карта!1 нашата делница се наоѓа меѓу станиците Stobi и Thessalonika, и тоа: Stopis - XII - Antigonia - XI - Stenas - XII - отепа - XX - Tauriana - XVII - Galicum - XVI - Thessalonika, односно Stenas - XII - Idomenia - XX - Tauriana, или изразено во километри Stenas - 18 - Idomenia - 30 - Tauriana.

Во поновите истражувања на оваа делница постојат неколку варијанти на трасирање на неговата насока, што произлегува од проблемот за убикација на станицата Идомене. во случај кога станиците Стене и "Тауријана се сметаат за претпоставено точно определени, Стене кај Демир Капија, а Тауријана кај Нов Дојран.

Можните траси на патната насока досега се презентирани во неколку наврати, и тоа:

1. Од Демир Капија (Stenae) патот низ клисурата одел по десната страна на реката Вардар и ја премостувал кај село Удово. потоа по северната страна на долината на Лиска Река пристигнувал до локалитетот Исар-Кула Валандово (Идомене според И. Микулчиќ) и продолжувал низ Дервенска Река преку селото Фурка кон Нов Дојран (Tauriana).22

2. Од Демир Капија (Stenae) низ клисурата патот се движел по десниот брег на реката Вардар, а кај селото Милетково преку населбата Градишор-Мрамор-Манастир го премостувал Вардар и пристигнувал во населбата Исар кај село Марвинци (Идомене според Б. Јосифовска).33 Оттука, преку селата Брајковци и Честово влегувал во клисурата на Дервенска Река и продолжувал кон Нов Дојран (Tauriana).

Сл. 2. Божови Ниви, Смоквица, можна локација на античко Идомене
Сл. 2. Божови Ниви, Смоквица, можна локација на античко Идомене

На овие две претпоставени варијанти на патната насока им се придружува уште една, која, всушност, дава корекција на втората варијанта, по откривањето на стадион-каменот од локалитетот Исар кај село Марвинци, чиј натпис содржи податоци кои можат да се искористат за разрешување на овој проблем. Стадион-каменот го дава следното растојание: EZ IAOMENH® EIZ AOBHPON ХТААІОІ ЕІКОХІ и обратно. од задната страна на каменот ЕГ АО(В)НРОУ ЕЦ. ΙΔ(ΟΜ)ΕΝΗΝ ΣΤΑ(Δ)ΙΟΙ (ΕΙΚΟΣΙ), односно (до магистралниот пат) од Идоме-Не до Добер 20 стадии и обратно. или околу 3.6 км.4 Раководејќи се од овој, се чини доста значаен натпис. В. Соколовска патната насока ја трасирала на следниот начин: од Демир Капија (Stenae) патот низ клисурата се движел по десниот брег на реката Вардар и пристигнувал на населбата Градишор-Мрамор-Манастир кај село Милетково (Идомене според В. Соколовска). Оттука патот продолжувал до селото Смоквица каде ја премостувал реката Вардар. па преку селата Грчиште и Фурка продолжувал кон Нов Дојран (Tauriana).>5

Со проблемот за убикација на населбата Идомене и патната насока што ја поврзува се занимавале и други6 постари научници, меѓу кои, Хан, Томашек, Милер, Киперт, Папазоглу и други. Од нив поинтересен предлог дава Хан, според кој: Патот од Демир Капија (Stenae) низ клисурата се движел по десниот брег на реката Вардар до месноста Ветерник каде ја премостувал, па по левиот брег пристигнувал до село Градец (Идомене според Хан). Оттука, по левиот брег на реката Вардар, преку селата Удово, Марвинци, Ѓавото, Стојаково и Кукуш, продолжувал за Солун. За предлогот на Хан се определува и Томашек, Киперт и Милер. Идомене го лоцираат кај село Милетково, додека Ф. Папазоглу се определува за Валандовската Котлина. Се разбира како Хан така и другите постари научници, не само што доволно не ја познавале геоморфологијата на теренот туку ни сегашниот степен на истраженост на античките локалитети не им бил достапен, така што не можеле на соодветен начин да пристапат кон решавање на овие проблеми.

Како што може да се види од горното, на прв поглед проблемот навистина настанува околу убикацијата на станицата Идомене, но се чини дека природното растојание на оваа со останатите две населби не кореспондира на растојанието дадено во Табула Појтингеријана. Имено, ако се земе предвид дека станиците Стене и Тауријана се претпоставено точно определени, тогаш меѓу нив имаме точно определен правец и должина на трасата. Според Табула Појтингеријана таа изнесува 32 римски милји, односно околу 48 км. Тогаш јасно може да се согледа дека природните растојанија на досегашните предлози за убикација на станицата Идомене не одговараат на должината дадена во Табула Појтингеријана. Така, од Демир Капија до Исар-Кула кај Валандово (Идомене според И. Микулчиќ) има околу 30 км, наместо 18 колку што е означено кај Табула Појтингеријана, а оттука до Нов Дојран има околу 23 наместо 30 км колку што е озаначено кај Табула Појтингеријана.

Слична е состојбата и со останатата должина на трасата. Од Демир Капија до населбата Исар кај село Марвинци (Идомене според Б. Јосифовска), односно Градишор-Мрамор-Манастир кај село Милетково (Идомене според В. Соколовска) има околу 28 км, наместо 18, а оттука до Нов Дојран и по едната и по другата траса има околу 25 км наместо 30 колку што е означено кај Табула Појтингеријана.

Според тоа, се поставува прашењето дали должината на трасата дадена во Табула Појтингеријана одговара на природната или треба нејзина корекција?

Изнесувајќи ги резултатите од истражувањата за убикација на населбата Идомене, сите досегашни проучувачи предлагаат корекции за растојанието што го дава Табула Појтингеријана. приспособувајќи го на сопствените убикации, додека Хан, поаѓајќи од Табула Појтингеријана го убицира посеверно, поради растојанието што таа го дава, сметајќи дека одговара на природното.

Спротивно на ова, нашите проучувања поаѓаат од претпоставката дека

податоците за должината на патот меѓу станиците Стене, Идомене и Таури-

Сл. 3. Вардарски Рид. Гевгелија. античка Гортинија
Сл. 3. Вардарски Рид. Гевгелија. античка Гортинија

јана, дадени во Табула Појтингеријана, се во основа приближно точни и дека овозможуваат соодветен пристап за трасирање на патот и определување на неговата должина. Поради тоа ќе се обидеме да ги презентираме резултатите од нашите истражувања, без да се оптоваруваме од прашањето за проблемот околу убикација на станицата Идомене.

ПАТОТ КАЈ STENAE

Работејќи на проблемот на патната мрежа, особено на делот од магистралниот пат кој е предмет на нашата тема, дојдовме до сознание дека една од примарните задачи и основа за натамошна работа беше определување на патната насока која поминувала кај станицата Стене. Исто така не помалку значаен елемент во овој контекст за нашите истражувања претставуваше прашањето 3a тоа дали до станицата Идомене патот поминувал низ клисурата. Во основа. досегашните истражувања. преку достапните археолошки остатоци нудат мала можност за определување на патната насока. како резултат на недоволната истраженост на самата патна траса.

Во 1951 година беше откриен дел од колски пат на локалитетот Манастир кај Демир Капија во должина од 20 м. кој сосема го измени мислењето за поминување на патот низ клисурата. Всушност. овој дел од колски пат беше една од главните причини да се преиспитаат дотогашните размислувања на постарите научници за поминување на патот низ клисурата. Така, најпрво Д. Вучковиќ и Н. Петровиќ, а подоцна и В. Соколовска, сметал дека патот се искачувал низ стрмниот срт и преку карпестиот масив се спуштал од другата страна на клисурата, од каде продолжувал по десната страна на реката Вардар.7 И. Микулчиќ смета дека главниот пат се пробивал низ тесниот дел на клисурата. а еден спореден, помошен пат се одвојувал пред влезот во клисурата, се искачувал низ стрмниот срт и преку карпестиот масив се спуштал од другата страна на клисурата, од каде продолжувал по десната страна на реката Вардар.8 Овие размислувања беа поткрепени со археолошките остатоци што се наоѓаат пред влезот во клисурата.

Илустрација, стр. 130

Иако се работи за многу важен стратегиски пункт кој егзистирал од праисторијата до средниот век, низ кој поминувала една од најстарите комуникации, за жал. старите извори како што се: Херодот, Тукидит. Диодор и други. не даваат речиси никакви податоци за прашањата кои нас не интересираат. Првиот сигурен помен го дава Табула Појтингеријана, иако за овој пат знаат Полибије?9 и Страбон.10 но тие се недоволно прецизни. За среќа, од поново време имаме неколку документирани податоци кои ни овозможуваат да добиеме попрецизна слика за патот кој поминувал низ клисурата.

Сл. 4. Нов Дојран. античка Тауријана
Сл. 4. Нов Дојран. античка Тауријана

Опишувајќи ја клисурата Демир Капија и патот што поминувал низ неа, австрискиот конзул и патеписец Ј. О. Hahn не информира за постарата тесна патека која е всечена во тврдата карпа.11 Неколку години подоцна со изградбата на железничката пруга Солун-Скопје. во 1871 година. штабскиот поручник Михајло Н. Илиќ, известувајќи ги кнежевските намесници во Белград за делницата од Солун до клисурата покрај другото пишува: „....Самата клисура Демир Капија. која е од најцврста карпа е толку тесна. Што одместо-наместо ширината на патеката изнесува не повеќе од 0.80 метри...“!?12 Ако патеката до најново време ја задржала оваа широчина. тогаш низ неа воопшто не можело да се одвива колски сообраќај, па ни во римско време, а колскиот пат кој морал да биде поширок од горе споменатите мерки, веројатно поминувал на друго место.13

Сл. 5. Демир Капија, теснецот низ кој се пробива Вардар
Сл. 5. Демир Капија, теснецот низ кој се пробива Вардар

Што се однесува до колскиот пат лоциран пред влезот во клисурата, од кој е зачуван дел од 20 м, сигурно не служел како главен пат за совладување на клисурата. Веројатно е дека тој пристигнувал само до локалитетот Манастир, без да продолжува и да се искачува на високиот гребен. Височината од околу 400 м. по која требало да се искачува и Исто толку да се симнува од другата страна на гребенот за да ја совлада клисурата, с толку стрмна што по ни едно логично правило на градежната инжинерија, па ни во сегашни усло-ВН, не би можело да се изгради пат кој вертикално би го совладувал гребенот, туку искачувањето и трасирањето на патот мора да се изработува со коси-НИ КОН постепено Ке ги совладуваат и ќе се искачуваат од една до друга изохипса (т.н. цик-цак патека). Но и покрај ова, да се претпостави дека патот бил изработен, односно изграден на едниот или на другиот погоре споменат начин, поради специфичноста на теренот тој морало да биде всечен во карпите, способен за колски сообраќај. Ваквиот пат би бил градежен зафат од големи размери не само во римско, туку и во денешно време и тешко дека би му се изгубила трагата. како што е тоа случај сега, во услови кога овој дел од теренот нема претрпено никакви градежни промени до денес.

Сл. 6. Котва откриена на реката Вардар на евентуално калдрмисан и припреминот меѓу селата Прдејци и Гавото
Сл. 6. Котва откриена на реката Вардар на евентуално калдрмисан и припреминот меѓу селата Прдејци и Гавото

Патот е изработен и трасиран во жива карпа на кој се познаваат колски жлебови издлабени во карпата. Ширината на патот, сметано од внатрешните рабови на издлабените жлебови изнесува 1.25 м, додека колските траги се широки 0.10, а длабоки 0.12 м. Иако се откриени делови од повеќе антички патишта во Македонија. досега пат од ваков карактер не е откриен.

Патишта со издлабени колски жлебови обично се наоѓаат на високи карпести терени, превои и премини, каде што е отежнато поминувањето на колите. Токму поради тоа се смета дека издлабените колски жлебови почесто се изработувани на таквите места и терени од проектантите на патот, бидејќи ако на таквите места не се усмери колата со издлабени жлебови за тркалата, постои опасност од лизгање, а колите тешко ќе можат да ги совладуваат превоите. а уште потешко свиоците.14 Спротивно на ова, на таквите опасни терени и свиоци тркалата од колите секогаш би требало да поминуваат само на едно место за да направат жлебови. што е многу тешко да се претпостави. а во основа практично е и неизводливо. Обично издлабените колски жлебови се изработуваат на калдрмисана подлога, или директно на самата карпа, доколку е доволно цврста и доколку за тоа постојат услови. како што е нашиот случај.

Сл. 7. Поплочен дел од антички колски пат. јужно од Исар - Марвинци кај с. Грчиште (јужна страна на превој)
Сл. 7. Поплочен дел од антички колски пат. јужно од Исар - Марвинци кај с. Грчиште (јужна страна на превој)

Растојанието меѓу колските жлебови на откриените патишта е различно, но се смета дека тоа претставува стандардна мерка за широчината на оската на колите меѓу тркалата. Така, Р. Шевалие. зборувајќи за римските патишта, дава мерки кои растат варирајќи од 1.05 до 1.85 м, во зависност од тоа дали се мерени од главната линија на секој пат или меѓу внатрешните рабови на жлебовите, но смета дека стандардната мерка за колската оска која се употребувала во антиката е 1.30 м. односно 1.45 м во средниот век. мерено од внатрешните рабови на колските жлебови.15 Поголемиот број проучувачи на оваа проблематика се сложуваат дека стандардните мерки се разликуваат во ширината, во зависност од областа и времето кога се во употреба дека освен на високи карпести предели и премини, тне можат да се сретнат и во близина на економски развиени населби и градови, доколку има потизработувале многу по-

Сл. 8. Поплочен дел од антички колски пат, јужно реба од изработка и дека од Исар - Марвинци кај с. Грчиште жлебови на патиштата се (северна страна на превој)
Сл. 8. Поплочен дел од антички колски пат, јужно реба од изработка и дека од Исар - Марвинци кај с. Грчиште жлебови на патиштата се (северна страна на превој)

рано од римските. Имаме повеќе такви примери, но се чини дека највпечатливи остатоци на патишта16 со издлабени колски жлебови се откриени во Грција, каде стандардната мерка за колската оска била развиена многу порано од римската и покрај тоа што е евидентна инфериорноста во изработката, конструкцијата, одржувањето и чувањето на грчките спрема римските

патишта. 16

Така, на пример. најпрво се сметало дека за Грција нормална мерка за ширината на колската оска била 1.44 м. Но со се поголемиот број истражени и документирани остатоци од антички патишта, особено на оние места каде што тие се изжлебени, се доаѓа до сознание дека ширината на изжлебените патишта во Грција е различна и варира според областа каде се наоѓа, времето кога е во употреба и карактерот на патот.17 Поради нееднаквоста на мерките, се претпоставува дека во Грција се користат различни типови на коли со индивидуална изработка на ширината на оската меѓу тркалата и дека потесните изжлебени патишта биле користени од запрежна кола за индивидуални потреби до полињата и назад до населбата, додека за колски сообраќај за поголеми дестинации друг вид на коли. Ако се земат предвид овие проучувања, тогаш може да се смета дека нашиот дел од пат се користел исклучиво за локална употреба на запрежните коли кои се обраќале од населбата на локалитетот Манастир до околните посеви и обратно, а служел за полесно совладување на свиоците од угорницата и веројатно припаѓа на времето кога егзистирала постарата населба датирана во V-IV век пр. н.е.18

ПАТОТ STENAE - IDOMENAI

Доколку се сумираат резултатите од досегашните археолошки истражувања, во Демир Капија и околината, тогаш јасно може да се согледа дека најголемата населба во рано римско време се развила околу селото Будур Чифлик и во месноста Царевац северно од селото, од двете страни на реката Дошница пред нејзиниот влив во Бошава,19 од каде потекнуваат два натписа

T. IL Досегашни предлози за трасирање на патот Стене-Тауријана
T. IL Досегашни предлози за трасирање на патот Стене-Тауријана
Т. III. Табула Пеутингериана (делови од VII и VIII лист)
Т. III. Табула Пеутингериана (делови од VII и VIII лист)

во кои се споменува град (полис).2920 Овде се лоцирани познатите рудници за испирање на златна руда од реката Дошница (лок. Грамади), кои веројатно во тоа време биле експлоатирани, а како резултат на тоа се развила и егзистирала населбата кај село Будур Чифлик. Некрополата на оваа голема населба се простира од двете страни на реката Дошница и Бошава, до вливот во реката Вардар и во непосредната околина.21 Овие археолошки остатоци лесно можат да се поистоветат и идентификуваат со античкото Стене, низ кој поминувал патот. Во подоцнежните немирни времиња. почнувајќи од втората половина на III век, а поинтензивно од крајот на IV, па се до VI век, веројатно жителите од оваа населба нашле сигурност со изградба на утврдени населби на високиот карпест масив од двете страни на клисурата. Античкиот пат пристигнувал до населбата кај селото Будур Чифлик доаѓајќи од Антигонеја (Градиште, Неготино) преку селата Тремник и Прждево.22 Од Антигонеја патот се движел на југ. поклопувајќи се со денешната траса на модерниот автопат, а пред да пристигне до локалитетот Градиште кај село Тремник, скршнува на запад, па преку селата Тремник и Прждево пристигнувал во Стене кај село Будур Чифлик. Растојанието од 11 римски милји (16.5 км) меѓу овие две населби. што е означено на Табула Појтингеријана, во целост се поклопува со растојанието меѓу овие два локалитета. Од Стене (Будур Чифлик) преку Оризарско Поле патот доаѓал до село Дрен, од каде поминувал по течението на Дренска, Крива и Стара Река. контролиран од стражарскиот пункт на Грдишка Чука и пристигнува до село Петрово. Во оваа етапа патот е трасиран за да ги совладува североисточните ограноци (падини?) на планината Кожуф, јужно од клисурата. Од

Сл. 9. Поплочен дел од антички колски пат, јужно од Исар. Марвинци, кај с. Грчиште (јужна страна на превој)
Сл. 9. Поплочен дел од антички колски пат, јужно од Исар. Марвинци, кај с. Грчиште (јужна страна на превој)

Петрово, односно 1 км појужно преку локалитетот Градиште, кај село Габрово, патот влегува во големата долина Брест.

Следејќи ги мерките за патот дадени во Табула Појтингеријана за растојанието меѓу станиците Стене и Идомене од 12 римски милји (18 км), доаѓаме до позицијата во која би можеле да ја лоцираме станицата Идомене. Доколку се земат предвид овие мерки, тогаш од претпоставената позиција на станицата Стене кај село Будур Чифлик по трасираниот пат, должината од 18 км ја добиваме нешто појужно од селото Габрово. На оваа позиција, односно 1.5-2 км јужно од селото Габрово се наоѓа концентрација од неколку поголеми и помали населби, кои според површинскиот археолошки материјал потекнуваат од бронзеното време до средниот век. Овие локалитети претежно се распоредени во месностите Блато, Мегдан, Равњак и Мангура, меѓу кои, особено по големината се истакнува населбата лоцирана на месноста Божови Ниви. Овој локалитет зафаќа површина од неколку хектари, на кој е евидентно богатството на површинскиот керамичен материјал. Близу до локалитетот е лоцирана некропола, на која, според кажувањето и описот на мештаните, на ова место уште од пред четириесеттина и повеќе години се откриени надгробни стели, па дури и еден саркофаг, кои веројатно завршила како градежен материјал во некоја од куќите во селата Габрово или Смоквица. За среќа, од овој локалитет, според кажувањето на мештаните од Смоквица, а како продолжување на традицијата, (според нив, некогашното село било лоцирано на неколку пункта во долината Брест).23 исто така како градежен материјал во црквата Св. Димитрија во Смоквица се вградени повеќе мермерни сполии, кои намерно се зазидани во фасадата, во влезните скали, или како база за столбови од колонадите меѓу бродовите за да бидат видливи и ја манифестираат поврзаноста со старата традиција. Според тоа, сметаме дека античкото Идомене може да се лоцира на локалитетот Божови ниви или во непосредната околина. Растој анисто што го дава Табула Појтингеријана меѓу станиците Стене и Идомене од 12 милји (18 км), речиси во целост се поклопува со растојанието од Будур Чифлик до Божови Ниви. Ова растојание отстапува од растојанието на "Табула Појтингеријана, околу 700-1000 м, што не претставува големо отстапување кое значително ќе влијае при проучувањето на убикација на населбата, со оглед на тоа што локалитетот се наоѓа јужно од крстопат, кој токму за ова отстапување е оддалечен од локалитетот, така што може да се претпостави дека мерката во Табула Појтингеријана е дадена до крстопатот, каде што е логично да се очекува евентуално и миљоказ.

карта....104, 105).

Т. Гу. - Патот Stenae - Tauriana со приклучни патишта (според авторот)
Т. Гу. - Патот Stenae - Tauriana со приклучни патишта (според авторот)

ПАТОТ IDOMENAI - TAURIANA

Должината на патот од станицата Идомене до Тауријана според податоците дадени во Табула Појтингеријана изнесува 20 римски милји, или околу 30 км. Ако станицата Идомене ја лоциравме на локалитетот Божови Ниви-Смоквица, 1.5-2 км јужно од селото Габрово, до станицата Тауријана (Нов Дојран) треба патот да го трасираме во должина од околу 30 км. ОД станицата Идомене (Божови Ниви) патот поминува низ големата долина Брест. долга околу 12-13 км. која се протега до селото Прдејци. Трасата на патот поминува на западната страна низ долината Брест, во подножјето на источните огранци на планината Кожуф. денес лесно се забележува и cè уште е во функција.

Кај селото Прдејци патот ја преминува реката24 Вардар на околу 500 м јужно од локалитетот Прдејчка Чука. контролиран од античките населби на локалитетите Прдејчка и Момина Чука. додека нешто подоцна во т.н. немирни времиња во У и VI век овој премин е контролиран од населбата на локалитетот Мамино. Од преминот патот продолжувал по левиот брег на реката до селото Ѓавото, од каде скршнува на исток кон Тауријана. Во средниот век овој премин е преместен околу 2 км јужно. наспроти денешното село Ѓавото, по кое го добило името. Дека овој премин претставувал важна точка за поврзување на двата брега на реката Вардар, покажуваат и двете сидра од XVIII век. откриени на десниот брег на реката кај Прдејци. кои веројатно служеле за укотвување на сплавовите кои се користеле во тоа време за премостување на реката. На потегот од преминот, па се до селото Гавото, постоела опасност реката да го одрони брегот на кој бил трасиран патот. Заради обезбедување од одрон на овој потег патот бил поплочен со камења.25

Од Ѓавото кон Нов Дојран (Тауријана) патот поминувал јужно од Богданци и пристигнувал на напуштеното село Паљурци. На овој потег патот бил обезбедуван од контролните пунктови Света Гора-Брданов Камен и Градишште кај Богданци и локалитетот Голема Грамада кај Паљурци. Од селото Паљурци преку планината Карабалија. односно меѓу Карабалија и Амзалискиот Рид патот пристигнувал во Тауријана (Нов Дојран). Должината на трасата, мерено од претпоставената локација на станицата Идомене до Тауријана изнесува околу 30 КМ, а тоа с 20 римски милји. што во целост одговара на растојанието дадено во Табула Појтингеријана меѓу овие две станици. Од Тауријана патот поминувал покрај езерото и преку Кукуш (Gallicum), продолжувал кон Тесалоника. Засега само Хамонд одстапува од лоцирањето на станицата "Тауријана кај Нов Дојран. Тој Тауријана ја лоцира кај Поликастро во Грција, околу 30 км оддалечен јужно од градот на Исар кај село Марвинци. каде го лоцира Идомене, додека Creve го лоцира кај селото Градец.26

Станицата Тауријана, освен што е посведочена кај Табула Појтингеријана, не се споменува кај ниту еден антички автор ниту. пак. на пишани споменици и покрај тоа што археолошките остатоци кај Нов Дојрани околината, според досегашните археолошки истражувања и површинските теренски опсервации, оставаат впечаток на поголема урбанизирана населба, која егзистирала како голем центар не само во римско туку и во предримско време.27 Веројатно поради тоа населбата досега не била предмет на истражување речиси кај ниеден автор кој се занимава со оваа проблематика, освен предлозите за нејзина убикација, но без адекватен пристап.

ПРИКЛУЧНИ ПАТИШТА

На делот од магистралниот пат кој е предмет на нашите истражувања, постојат многубројни приклучни патишта, како од локален така И од регионален карактер, кои го чинат комуникативен на сите страни и правци. Тоа не е само заради значајноста на населбите лоцирани на овој простор, туку и заради тоа што Гевгелиско-валандовската котлина како една посебна географска целина. претставува значаен крстопат. преку која се поврзуваат повеќе значајни центри во соседните региони. Овде накусо ќе се обидеме да презентираме некои од овие приклучни патишта.

Еден од позначајните е секако регионалниот пат кој ја сече магистралата кај Идомене (Божови Ниви), и тоа на југозапад преку Брлево, Серменин, Конско, Ума и областа Меглен (Алмопија) продолжувал за Едеса, обезбедуван од многубројни стражарници распоредени покрај патот. На исток од крстопатот кај Идомене, преку Добер (Исар, кај село Марвинци), селата Балинци, Брајковци и Честово овој крак од приклучниот пат доаѓал на крстопатот кај селото Собри, од каде на север продолжувал за Струмица (Тивериопол). На исток од крстопатот кај селото Собри по долината на Анска Река, преку преминот кај селата Куртамзали и Органџали излегувал кај село Николич. северно од Тауријана. продолжувајќи кон Хераклеја Синтика, контролиран од стражарските пунктови Хисар кај село Прстен на влезот и Градиште-Дагер кај село Николич на излезот од овој премин. На југоисток од крстопатот кај селото Собри патот се искачувал меѓу врвовите Камила и Боска и покрај село Ѓопчели, продолжувал кон Тауријана. На овој регионален пат се приклучувале многубројни локални патишта, претежно од рударските подрачја на планината Беласица.

Интересно е во овој контекст да се согледа местоположбата на населбите лоцирани на Божови Ниви и Исар кај село Марвинци, со оглед на нивната близина. Имено, растојанието од населбата на Божови Ниви до населбата Градишор-Мрамор-Манастир (Идомене според В. Соколовска) изнесува околу 4 км, што претставува приближно растојание дадено на стадион-каменот (20 стадии = 3600 метри) од Исар Марвинци, а на чиј натпис се споменува оддалеченоста од населбата Идомене до Добер, од точката на неговата поставеност до магистралниот пат. Со оглед на тоа дека населбите на Исар и на Градишор-Мрамор-Манастир се наоѓаат токму една наспроти друга, одвоени само од реката Вардар, доаѓаме до заклучок дека се работи за една населба која се развила од двете страни на реката Вардар. Бидејќи растојанието што го дава стадион-каменот, одговара на растојанието од населбата на Градишор-Мрамор-Манастир до магистралниот пат, во чија близина се наоѓа населбата на Божови Ниви, а не од Исар до Градишор-Мрамор-Манастир, кои се оддалечени еден од друг за една ширина на реката Вардар, а тоа е помалку од 500 м, тогаш може слободно да претпоставиме дека на населбите од двете страни на реката Вардар е лоциран пајонскиот град Добер, кој во римско време се развил во голем административен центар, а подоцна ќе стане и седиште на епископија. Иако е мошне тешко во овој миг да се зборува за точната убикација на населбите Идомене и Добер. сепак резултатите од досегашните археолошки истражувања на Исарот јасно зборуваат дека населбата која е овде лоцирана не одговара сосема за еден голем административен центар. Но, ако се земе предвид и населбата од спротивната страна на Вардар, тогаш е сосема јасно дека станува збор за еден многу поголем урбанизиран центар за кој сметаме дека е Добер. Според досегашните наоди од археолошките истражу-

вањата и од површинските испитувања на теренот, по се изгледа дека насел-

бата од двете страни на реката Вардар истовремено се развила уште при Крајот на железното време и како таква, со мали прекини. егзистирала до средниот век. Во непосредна близина на градот Добер,28 оддалечена само околу 4 км се развива населбата Идомене, која, иако била лоцирана на важен крстопат, таа не го достигнала развитокот на градот Добер, веројатно поради постепеното замирање на повардарската и интензивирање на источната магистрала, така што во одреден временски период веројатно се сметала за област која припаѓала на Добер.

Освен овој пат. градот Добер бил поврзан со неколку други приклучни патишта кои го чинат комуникативен во повеќе правци. На југ по десната страна на реката Вардар, преку Гортинија (Гевгелија).29 Аталанте и Еуроп патот продолжувал 3a Пела, приклучувајќи се на магистралата Via Egnatia. На југ од левата страна на реката Вардар преку Ѓавото и Стојаково. патот пристигнувал во Кукуш (Gallicum), приклучувајќи се на магистралата Via Ахіа, скратувајќи го патот кон Тесалоника. со избегнување на големиот свиок преку Тауријана. На исток од Добер кај селото Честово, се приклучувал патот што доаѓал од Стене по долината на реката Вардар, односно низ клисурата Демир Капија. Овој пат ја премостувал реката Вардар кај местото Ветерник контролиран од Градиште кај Градец и по левиот брег преку денешните села Градец. Удово и Пирава доаѓал на Честово. Тука патот бил контролиран од стражарскиот пункт Чукарски Пирој кај селото Брајковци, додека подоцна од големата населба Исар-Кула, Валандово. Еден крак од овој пат се одвојувал кај селото Градец во правец на североисток, и по долината на Градешка Река преку селото Конче продолжувал за Астибо.

На ова место треба да се спомене дека освен овие приклучни патишта од регионален, егзистирале и многу други од локален карактер. а кои исто така придонесувале за поврзување на населбите и развивање на комуникациите, најмногу преку скратување на дестинациите. Во овој регион секако за најважни се сметаат патиштата кои го поврзуваат горниот тек на Конска Река. каде се лоцирани познатите локалитети за испирање на златоносна руда и рударските региони на планината Кожуф.30 Првиот пат, од денешното село Конско по долината на Конска Река (кај Гевгелија Сува) оди до Горничет, од каде скршнува на исток па преку Старо Село (Горничет) и Топлик (северно од Гевгелија) пристигнувал на патот кој од Добер одел за Пела. Вториот пат од Серменин по долината на Серменинска Река пристигнувал кај Негорци. поврзувајќи се на регионалниот пат Добер-Пела. Третиот пат од напуштеното село Брлево преку селото Кованец по долината на Кованска Река, пристигнувал на локалитетот Бистерна кај Прдејци. кој претставува крстопат меѓу магистралниот и регионалниот пат Добер-Пела. Овие патишта се контролирани од повеќе стражарски пунктови распоредени долж патните правци. За позначајни патни насоки од локален карактер ги сметаме и двете траси што ги поврзуваат: локалитетот Манастир-Грчиште преку село Фурка (контролен пункт локалитет Гробишта и Петкова Воденица. Фурка) со Тауријана, односно крстопатот кај село Собри преку селата Фурка и Стојаково (контролни пунктови локалитет Петкова Воденица-Фурка, Голема Грамада-Паљурци и Бегово-Стојаково) со регионалниот пат Добер-Галик. Во средниот век овие патишта ќе добијат многу поголема важност заради поврзаноста со источната магистрала Дојран-Струмица-Штип за Куманово и Скопје. Освен овие локални патишта постојат и други, кои немаат некое особено значење. а на кои овде нема да се задржуваме.

ЗАКЛУЧОК

Како што се гледа од погоре изложеното, се работи за делница на една од најзначајните комуникации која ги поврзува северните со јужните делови на Балканот. Сепак, уште еднаш треба да нагласиме дека ова излагање претставува осврт да се разреши дилемата околу трасирањето на патот и поврзувањето на станиците на оваа делница преку податоците дадени во Табула Појтингеријана, а кои се однесуваат на римскиот период. Сигурни сме дека сите погоре изложени патни правци егзистирале и во предримско време, но дека имале друг тек и правец на важност. пред се. според развиеноста на населбите и центрите на моќ што ја диктирале македонските династи. Според тоа, овде се работи за правец на магистралниот пат кој го трасирале римските стратези за побрзо и поедноставно префрлување на нивната војска од едно до друго место преку најкусата можна дистанца, избегнувајќи ги мочуришните терени на големото Солунско Поле. Во доцно римско и рановизантиско време оваа комуникација не е веќе во употреба. Тогаш ќе се развие источната магистрала. која била во употреба се до крајот на XIX век, кога била изградена железничката пруга. Интересно е тука да се спомене дека за време на османлиското владеесье, наместо сувоземниот бил развиен

водениот пат по реката Вардар, од Велес до Солун, додека римската магис-

трала Via Ахіа била напуштена и служела само за локален сообраќај.

Целокупниот изложен материјал е собран не само преку досегашните археолошки истражувања туку и со интензивни теренски опсервации, без кои не ќе бевме во можност во целост да ги презентираме резултатите од нашите истражувања. Со оглед на тоа дека во овој текст не се опфатени некои сегменти кои се однесуваат на убикацијата на населбите кои ги поврзува оваа делница, напоменуваме дека тие ќе бидат предмет на истражување во друга пригода. Се надеваме дека дотогаш ќе бидат откриени нови моменти за проблемите кои не преокупираат.

П.С. Во меѓувреме. додека овој текст беше подготвуван за печатење, на локалитетот Вардарски Рид. Гевгелија. се откри плоча со натпис на која е споменато името Гортинија (... РТУМА)31 Ова откритие претставува уште една потврда на нашите истражувања.

Kiro Ristov Museum of the City of Skopje

Белешки

  1. Г. Шкривани . Monumenta Cartographika Jugoslaviae I, Beograd 1974, 54-55. з ↩
  2. и. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје 1999, 20-23, 225-220. ; В. Лилчиќ, Античка патна мрежа, Археолошка карта на Р. Македонија, Том 1, Скопје 1994, 115. ↩
  3. B. Д. Јосифовска, Извештај о археолошком ископавању код села Марвинаца, гзфф 19, Скопје 1967, 338; Иста. База са посветом ІТ. Мемију Регулу. Ж. A. IX (1-2), Скопје 1059, 285- 290: В. Лилчиќ, ор. cit., 115. ↩
  4. V. Sokoloyska, Stadion stone from Isar Marvinci, Archaeol. Tugosl. Vol. XXII-XXIII, Beograd 1982- 1983, 81-87; В. Соколовска, Исар Марвинци и Повардарјето во античко време. Скопје 1986, ↩
  5. В. Соколовска, Пајонија во светлината на поновите истражувања, Македонско наследство П (5), Скопје 1997, 49. ↩
  6. Ј. Г. Хан, Путовање кроз поречину Дрина и Вардара, Београд 1876, 273 (превод М. Н. Илин); W. Tomaschek, Miscellen aus der alten Geographie, Zeitschrift f. Gsterr. Gymn. 18 (1867) 694 (според: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957, 133, ф.н. 15); K. Miller Iteneraria Romana, Rémische Reisewege an der land der Tabula Peutingeriana, Stuttgart 1916, 555-559; H. Kiepert, Formae Orbis Antiqui XVII: E Papazoglu, op. cit. 133. ↩
  7. Д. Вучковив-Тодоровив. Античка Демир Капија, Старинар Н. С. XI, Београд 1961, 234- 235; Н. Петровиќ, Демир Капија - архитектонски налази на сектору Манастир, Старинар Н. С. XII, Београд 1961, 222-223, сл. 7, 8, 15; В. Соколовска, Пајонија во светлината... 48. ↩
  8. И. Микулчиќ, Топографија на Стенае-Просек-Демир Капија, гзфф 15-16 (41-42), Скопје 1988/89, 68: Idem, Антички градови... 225-296. ↩
  9. Полибије, Историје I, I, Нови Сад 1988, V, 97 (превод М. Put). Можно е да се претпостави дека после освојувањето на Билазора. Филип V со трупите од Ботиаја и Амфакситида во Едеса пристигнал преку Стене и Идомене. што би била најкуса и најлогична можна траса. ↩
  10. Str. УП. 331, 36: VIII, 389, 5. ↩
  11. J.P. Хан, op. cit., 417-419. ↩
  12. Извештај на штабскиот поручник Михајло Н. Илиќ за изградба на железничката линија Солун-Скопје, писмо од 22 август 1871 година. Историски архив на жтп - Скопје; Историја на железниците во Македонија 1873-1973, Скопје 1973, 33-34. ↩
  13. Патеката која поминувала низ тесниот дел и продолжувала низ клисурата, била неколкупати обновувана и реконструирана за време на османлиското владеење (J. 1B Хан, ор. cit., 266-269). По целата должина на клисурата таа била проширена и приспособена за колски сообраќај во 1916 година од страна на германските сили. кога е пробиен првиот тунел, при што потврдува и натписот врежан во карпата над тунелот на влезот од клисурата (В. Радовановић. Географске основе Јужне Србије. Скопље 1937, 15, сл. 4). Тогаш за прв пат е пробиен и патот од местото Ветерник по десниот брег на реката Вардар. преку Негорци до Гевгелија. Пред тоа, патот се движел според патеката што ја опишува Хан, што било логично, зошто патот ги поврзувал населбите. а делницата опишана кај Хан. всушност ја претставувало идната траса на железничката пруга, која, пак. на овој дел од трасата (Ветерник-Удово) по5 десната страна на реката Вардар е поместена дури во 1945/46 година (Историја на железниците... 344). ↩
  14. W. K. Pritchett, Studies in Ancient Greek Topography, Part Ш (Roads), Classical Studies vol. 22, Los Angeles 1980, 167-181; Ivo Bojanovski, Prilozi za topografiju rimskih i predrimskih komunikacija i naselja и rimskoj provinciji Dalmaciji. GCBI XY/13, Sarajevo 1977, 115-116. 51. 5. За колеките жлебови на лок. Плоча кај Пруд се мисли дека се направени од триењето на тркалата на колите, иако на ова место колите треба да совладаат угорница од 2396. Ова јасно укажува дека жлебовите се намерно изработени за да им се даде правец на колите за полесно совладување на угорницата, а по долгата употреба тие се деформирале. ↩
  15. K. Chevallier, Roman Roads, Berkeley 1976, 80. ↩
  16. W. K. Pritchett, op. cit., 151-152; J. P. Adam, Le constructin Romaine, Paris 1984, 300-305; Heinz-Otto Lamprecht, Opus Caementium, Diisseldorf 1996, 78, 79, 150-172. ↩
  17. Од многубројните истражувани изжлебени патишта во Грција, некои од нив ги имаат следните мерки: На патот од Атина до Елеусис и до Пиреја. како и оној од Дипилон портата. е измерено растојание меѓу2 жлебовите од 1.45 м. На патиштата во Арголид се измерени растојанија од 1.55 до 1.60 м. Изжлебените патишта во Микена се широки 1.23 м, мерено меѓу внатрешните рабови на колските жлебови. Речиси идентично растојание од 1.25 м е измерено на патот северно од Кардамија, во југоисточна Месенија. Изжлебениот пат од Пилос до Спарта на повеќе места има растојание нешто меѓу 1.3б и 1.42 м, мерено меѓу внатрешните рабови на колските жлебови итн. (W. Ќ. Pritchett, ор. cit., 173-177). Покрај овие мерки авторот дава уште многу други мерки на изжлебени патишта во Грција, приложувајќи забележителен број научни студии кои се занимаваат со оваа проблематика. ↩
  18. Д. Вучковиќ -Тодоровиќ , ор. cit., 238-267. ↩
  19. N. Vuli¢, акј Kavadarci, Beograd 1938, 7,8; J. Корошец, Заштитно ископавање у Демир Капији 1948 године, 3АМ ки. I, Скопје 1959, 90-107; Д. Byaxosmh-Togoposuh, Грчки гроб из Демир Капије, Старинар Н. С. ГХ-Х, Београд 1958/59, 281-186; Еаԁ., Античка Демир Капија... 229-269: H. Петровиќ. op. cit., 217-227: B. Aleksova, Prosek-Demir Kapija, Skopje-Beograd 1966, 15-20; И. Микулчиќ, Топографија ..., 65-86; Археолошка карта на Република Македонија, Том Ил, Скопје 1996, 226-232, 236-237. ↩
  20. Ф. Папазоглу, Један натпис из Македоније. Дали је постојао град Иуменион? Ж.А. 2, Скопје 1952, 262-266; М. Д. Петрушевски, Иоумхнион или Ноумхнион. Ж. А. 5. Скопје 1955, 140-143; B. Aleksova, op. cit., 16-17; J. Г. Хан, op. cit., 256-258. ↩
  21. Корошец, op. cit., 103-105; B. Aleksova, op. cit., 18-27; Д. Byaxosuh-Toyoposuh, Античка Демир Капија... 238-244; В. Соколовска. Новија археолошка ископавања у Демир Капији. Старинар XXIV-AXY, Београд 1973/74, 183-192, Еаԁ., Археолошки ископувања во Демир Капија Maced, acta archacol. 4, Прилеп 1978, 93-111, ↩
  22. Патот од Антигонеја (Градиште. Неготино) до Стене (Демир Капија) И. Микулчиќ го одбележува и речиси целосно го поклопува со денешната траса на модерниот автопат (И. Микулчиќ, Проблемот на Антигонеја, гзфф 11. Скопје 1984, 114-118), прифаќајќи го одбележувањето на Н. Вулиќ (N. Вили¢, ор. си.. карта). ↩
  23. Градиште и Селиште - локалитети од железно до хеленистичко време; Аерот, Црквиште и Божови Ниви-локалитети од римско време до средниот век (Археолошка карта...,104, 105). ↩
  24. Едната се наоѓа во Народниот музеј во Гевгелија, додека втората котва се наоѓа во приватна куќа во селото Прдејци. ↩
  25. На овој дел од трасата се уште е видливо поплочувањето, но. пред се. од поново време кога е извршена реконструкција со макадамско поплочување, кое е видливо и од спротивната страна на реката Бардар кај селото Прдејци. На овој потег патот е широк околу 5.5-6 M. Постарата римска траса е забележлива само на неколку места. ↩
  26. N. G L. Hammond, A History of Macedonia, vol. 1, Oxford 1972, 172, 178, map. 14. ↩
  27. Б. Capua, Археолошке белешке (Дојран), Старинар, Књ. 3 (1924/1925), Београд 1925, 163; Н. Вулић, Антички споменици наше земље, Споменик ска LXXI, Београд 1931. 55 (Бр. 121). Во овој ист број на Споменик е објавен уште еден ваков надгробен медалјон под број 120, но авторот по грешка го презентира како да е откриен во Гевгелија. И овој. како и претходниот е откриен во Дојран (Б. Сариа, ор. cit., 163; J. Павловиќ, Дојран и Дојранско језеро, Београд 1925, 24); Тргнувајќи по Н. Bynuh, истата грешка ја прави и В. Соколовска (Античка скулптура во ср Македонија. Скопје 1987, 118, Бр. 32); Н. Вулив. Антички споменици наше земље. Споменик ска LXXV/58, Београд 1933. 16 (Бр. 30); Idem, Споменик ска XCVIII/77, Београд 1941-48, 47 (Бр. 98, 99); Д. Вучковић-Тодоровић. Неколико археолошких предмета крај Дојранског језера, Музеји 7, Београд 1952, 164-167; В. Aleksova, Kompleks іѕкораvanja и M. Dojranu, AP 2, Beograd 1960, 135-139; Anticki portret na Џи Jugoslavije, Novi Sad 1987, 21, 131 (No. 15); J. Anannes, Едно мермерно торзо од музејот во Струмица, Зборник на трудови 10-11, Битола 1990-1991, 128-131. ↩
  28. Подетална убикација како на оваа. така и на останатите населби низ кои поминува патот ќе биде дадена во друга прилика. ↩
  29. Населбата на локалитетот Вардарски Рид ја претставува предримска Гортинија. додека во римско време таа е веројатно лоцирана некаде помеѓу северната периферија на Гевгелија и селото Негорци, каде се откриени римска и средновековна некропола. а од каде поминува регионалниот пат Добер-Пела. ↩
  30. A. Keramidéiev, Jedno grandiozno delo stare rudarske eksploatacije и dolini Konske reke, Zbomnik radova Muzeja rudarstva i metalurgije Bor, Knj. V-VI (1987-1990), Bor 1990, 67-81. ↩
  31. Д. Митревски, Старомакедонскиот град на Вардарски Рид. Скопје 2001, 55-57, фот. 73. ↩

Summary

The Section from Stenae to Tauriana on the Tabula Peutingeriana

(Summary)

In this text an attempt is made at reconstructing the section from Stenae to Tauriana given in the Tabula Peutingeriana. This section includes the area of the Gevgelija-Valandovo valley, where the stations Stenae and Tauriana are supposed to have been precisely located, Stenae at Demir Kapija and Tauriana at Noy Dojran.

Until now this route has not been the subject of research, except in discussion of the stations that it connects, and particularly of the location of the station Idomenae. I. Mikuléié, B. Josifovska, and V. Sokolovska place the station Idomenae in various locations, with the result that each of them shows the road going in a different direction. I. Mikuléié locates the settlement of Idomenae at the site of Isar-Kula at Valandovo, B. Josifovska at the site of Isar at Marvinci, while V. Sokolovska places it at the site of

Manastir at Miletkovo. If the distances of these locations are compared with the data given in the Tabula Peutingeriana, however, we shall see that they do not correspond at all; the authors have adapted these distances according to their own locations.

In contrast to the above, we set out from the assumption that the distances among the stations Stenae, Idomenae, and Tauriana given in the Tabula Peutengeriana are basically correct and that they allow an adequate approach for tracing the road and defining its direction and length.

Thus we consider that the road came through the villages of Tremnik and Pr devo from the station of Antigoneia (Negotino) to the station of Stenae, which we have located at the village of Budur Ciflik, south of Demir Kapija. Until recently we believed that the ancient road coincided with the modern road and through Klisura arrived at the station of Idomenae. Contrary to this, we now believe that the highway did not pass through Klisura but to the south of it. From Stenae (Budur Ciflik) the ancient road ran through the villages of Dren and Petrovo and came out 1.5-2 km south of the village of Gabrovo at the large site of Bozovi nivi, where we consider that the station of Idomenae 15 to be found. The distance that the Tabula Peutingeriana gives between these two stations is basically correct; it comes out to XII Roman miles, i.e., 18 km.

From Idomenae (BoZovi nivi) the ancient road continued to the south along the valley of the Brest and arrived at the village of Prdejci, where it crossed the Vardar River; through the villages of Djavoto, Bogdanci, and the deserted village of Paljurci it continued toward Tauriana, through the mountains Karabalija and Amzaliski Rid. From here, the road continued along the lake toward Thessaloniki. The distance of XX Roman miles, це. 30 km, which the Tabula Peutingeriana gives between the settlements of Idomenae and Tauriana, completely agrees with the distance between the sites of BoZov nivi and Nov Dojran, where these two settlements are located.

On the part of the highway that is the subject of our investigations, there exist numerous intersecting roads, of local or regional character, that provide communication from all directions. The most significant regional road is, of course, that which cuts the highway at Idomenae (Božovi nivi). To the southwest through the region of Meglen (Almopia), this road continues to Edessa, while to the east through Dober (Isar, Marvinci), it leads toward Heraklea Sintika.

Translated by Carolyn S. Snively