Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 119–123

Фибули со две игли од Марвинци

Во извештајот од ископувањата во Марвинци од 1994 г., во гробот бр. 159 од доцнохеленистичко време, е забележена бронзена фибула со листовидно проширен лак и 2 игли (ел. 1). Се работи за специфична форма, невообичаена во грчко-егејскиот свет. Формата и потекнува од север, од кругот на латенската култура, а досега е регистрирана главно во нашите западни региони и Албанија, до Црна Гора на север. В. Битракова-Грозданова, која се позанимавала со овие фибули, укажува на нивната регионална распространетост.2

Сродна со оваа форма е фибулата со копјесто моделиран лак. исто така со две игли. Се наоѓа на истиот простор како и претходната, понекогаш заедно со неа. Ваква фибула е откопана и во Марвинци, во гробот 145, во 1996 година (сл. 2). Сега за првпат ја претставуваме на стручната јавност.

Фибулата е лиена од квалитетна бронза и потоа цизелирана и гравирана. Лакот е низок, без карактеристичното остро и високо прекршување кон главата. На средина е остро стеснета, долната половина има остар триребрест профил. Горната половина започнува со остра трикрака звезда и нагоре се проширува конично. Украсена е со напречни вдлабнувања и широко испупчување на врвот. Ногата е подвиена долу, а нејзиното продолжение е залепено под средината на лакот.

Главата на фибулата е странично сплескана во вид на плочка, провртена на средина 3a провирање на оската на пружината. Пружината е железна и

Lr Микулчиќ - Г. Карапетков, Марвинци 1994, некропола, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје 1996, 72-73, сл. 11. Монетата е кована во Амфипол 185-158 г. пр. н.е. двострана, со по шест навои од секоја страна; запонот се потпира под главата однатре. Одоздола излегуваат две паралелни железни игли кои се запетлувале на странично подвиена триаголна нога. Цела фибула е долга 63, а широка 35 мм.

Илустрација, стр. 120

Фибулата претставува многу квалитетен производ, можеби од НЕКОЈА ХоЛенИСТИЧЕ Сл. 1. Фибула од гробот 149 ка работилница. ЅВе3- дестата профилација и звездестиот украс на лакот се идентични на вакви украси на лакот од фибулите од малоазиски тип, а вообичаени на овие простори во V, IV и Ш век пр. н.е. Очигледно е дека се преземени од нив.3

Долгата двострана пружина за игла укажува на латенските фибули од север како примерок или инспирација. Интересно е да забележиме дека нашите форми се блиски како на фибулите од регионот на Скордиските, така и на онис од горното течение на Сава (т.н. источна и западна балканска група). Особено интересни 3a нас се латеноидните фибули најдени повеќе на југ, во јадранско-илирскиот регион. Тие тука добиле нови детали и многу4 се доближиле до нашите наоди (Пицуги и Рим во Истра, Горица во Далмација, Дебело Брдо кај Сараево и др.). Според концентрацијата на досегашните наоди се помислува дека нашите форми биле создадени некаде во илирекото јадро И тука ги добиле двете карактеристични игли.

Сл. 2. Фибула од гробот 145
Сл. 2. Фибула од гробот 145

Ако подетално ја следиме нивната распространетост, ќе видиме дека новите фибули не успеале да ја истиснат постарата илирска лачна фибула со плочеста нога и поради тоа останале малобројни. Следејќи ги албанските публикации од времето кога тие почнале да пристигаат кај нас, до 90-тите години кога прекинала да доаѓаат, ќе констатираме дека се регистрирани само на неколку наоѓалишта во Албанија: во Вери и Гајтан близу5 Скадар,6 Перлат кај Мирдита во Северна Албанија,7 потоа во Гермељ (Лушња) близу Аполонија.8 Кон ова треба да додадеме и една ваква копјеста фибула од Момишиќи кај Титоград (сега Подгорица).9

В. Битракова-Грозданова во својата дисертација ги опфаќа наодите од охридско-преспанскиот регион: од гробовите бр. 42, 72 и 108 во некрополата „Црвеница“ кај Опеница, во Голем Град на Преспанското Езеро и гробовите на Требенишко Кале, с. Требениште.10 Знае и за наодот од с. Оморани на Бабуна, во сливот на Вардар, а ние тука додаваме и с. Дреново кај Кавадарци.11 Двете фибули од Марвинци по долното течение на Вардар уште повеќе го прошируваат ареалот на овие фибули, укажувајќи на некои нови можности што досега не беа земени предвид.

Доколку наодите од Албанија и охридско-преспанскиот регион ги третираме како елементи на домашно, илирско и северноепирско културно творештво, наодите од сливот на Вардар можеби укажуваат на нешто друго. Оморани лежи на Бабунскиот пат, денес патот Велес-Прилеп, многу фреквентна сообраќајница во античко време. Хеленистичката тврдина каде што е најдена фибулата, заедно со монети на македонските градови Солун, Пела и Амфипол (II век пр. Н.е.), го блокирала овој пат во една клисура и несомнено е поврзана со него.

Дреново - големиот антички град несомнено Аударист, лежи на исто толку значаен пат од Вардар (Стоби) кон Пелагонија (денес патот Градско-Прилеп). Фибулите можеле да стигнат таму како со трговија така и со војници-платеници, или биле носени од некоја друга категорија странци. Марвинци лежи на Вардарскиот пат, а најдените фибули укажуваат на исти можности како и во претходните случаи. Значи, останува единствено да се очекуваат нови наоди со некој значаен патоказ за да може да зборуваме за потеклото на овие фибули во Повардарието.

Овие специфични форми на фибули можеби биле продуцирани во некој посеверен балкански регион што досега не е истражуван или како форми на латенската култура која инспирирала некои мајстори во хеленистичка Македонија да изработат една серија вакви украси за заинтересирани купувачи. Хеленизмот е всушност мешање на различни културни елементи и форми, од кои, оние повредните биле прифатени и живееле подолго, додека другите исчезнале побргу. Латенските културни текови со своите естетски и други вредности не можеле да се мерат со оние од медитеранскиот хеленистички круг и веројатно затоа не успеале да навлезат подлабоко и потрајно во хеленистичка Македонија.

Gorica Мкибе Museum of Macedonia-Skopje

Белешки

  1. B. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во ср Македонија, Скопје 1987, 77, T. V, 6 до 8. ↩
  2. Бројот на вакви фибули во Македонија е голем. Тука ќе наведеме само неколку: И. Микулчиќ, Једна хеленистичка некропола из околине Битоља, Старинар, Н.С. 15-16, Београд 1966, 240, сл. 38, 39 (Беранци); idem., Накит класичног доба из Демир Капије, Старинар 21, 1970, 136-137, T. I, ил; Б. Китаноски, Фибули од У-Ш в. пр. н.е. во Н. Музеј во Прилеп, Зборник на Археол. музеј во Скопје, Ku. ГУ-У, 1961-66, 1-14, T. II, бр. 16-27; В. Соколовска-Р. Пашиќ, Еден гроб од Жданец, Зборник на Археол. музеј во Скопје, VI-ВИЛ 1975, 231-244, сл. 5; В. Битракова-Грозданова, ор. cit., 1987, 78, T. V, 1, 2 (Делагожда кај Струга). ↩
  3. Б. Јовановиќ, Келтска култура у Југославији, Источна група, 815 ин., сл. 41, 1-6 u сл. 42, 1-6; Д. Божиќ, Западна култура, 855 ин., сл. 44, 12-14, сл. 45, 7-12, сл. 46, 15-16. Во пјз, Ku. V, Сараево 1987. ↩
  4. М. Гуштин и др.. Kenta и нивните современици на подрачјето на Југославија (каталог од изложбата), Љубљана 1983, 56, сл. 14 и сл. 69 (Пицуги и Рим во Истра), сл. 37 (Метлика), сл. 73 (Дебело Брдо кај Сараево), сл. 77 (Горица во Далмација). ↩
  5. M. Korkuti, La nécropole де Gajtan, Iliria II, Tirana 1972, 458, Pl. П. 7, 8. Наодите од Дирахиј, Бутротон И Селце, што ГИ наведува Коркути, во ИСТИОТ КОНТЕКСТ, се однесуваат на малите лачни илирски фибули со плочеста нога од постар тип, а не на фибулите со две игли. ↩
  6. B. Jubani, L’abitat illyrien де Kodra i Pazarit 4 Perlati de Мирдита, Шна XVI, 2 Tirane 1986, 140- 142, Fig. 1, 2 (гробови бр. 3 и 5, И век пр. н.е.). ↩
  7. Zh. Andrea, Tobes des periodes antique et médievale a Germenj (Lushnje), Iliria XVI, 1, Tirane 1988, 182, 187, Т. I, 3 (гроб 8). ↩
  8. Велимировиќ-Жижиќ, Налази у Момишићима код Титограда, Старинар Н. С., 15-16, Београд 1966, 21 и н. ↩
  9. В. Битракова-Грозданова, ор. cit., 1987, 77, T. V. ↩
  10. Микулчиќ, Хеленистички тврдини во Демир Капија и Бабуна, Годишен зборник на Философскиот факултет кн. 34, Скопје 1982, 138-141, сл. 21. ↩

Summary

Double-Pin Fibulae from Marvinci

(Summary)

The article publishes two double-pin fibulae of “lanceolate” type excavated from Late Hellenistic graves in Marvinci. This specific form draws its origin from the La Tene culture and was introduced to Macedonia from the Danube Basin. Two fibulae of this type have been discovered in the Middle Vardar Valley (Omorani and Drenovo). Similar specimens have been excavated in the Ohrid-Prespa region, as well as in the neighbouring Albania, Montenegro and Dalmatia.

The small number of fibulae of this type discovered in our country points to the fact that this shape was not widely accepted in Hellenized Macedonia.

Translated by Nada Andonovska