Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 89–118
Милци 1997, заштитно ископување
Содржина
Заштитното археолошко истражување на дел од локалитетот Милци беше реализирано поради оштетувањата кои беа предизивикани од градежната механизација на птт-Македонија.1 Во согласност со инвестициониот проект за поврзување на Р. Македонија и Р. Грција со телефонски оптички кабел, постоеше опасност целата јужна страна на локалитетот (каде претходно беа регистрирани гробни конструкции) во должина од 340 м да биде уништена.
Подоцна. врз основа на потпишаниот Договор меѓу Народниот музеј од Гевгелија и птт-Македонија. се создадоа услови за археолошко истражување на кое примарна цел беше документирање на гробните конструкции, собирањето на движниот материјал и зачувување на интегритетот на споменикот.2 Во договорениот рок стручна екипа на Народниот музеј од Гевгелија ги реализира планираните активности.3
По должината на поставениот канал со ориентација с/з-ј/и, се открија неколку покривни плочи на камените гробни цисти. Квадратаната мрежа беше поставена врз основа на старата диспозиција од 1979 год.. каде беа поставени вкупно 8 сонди по должината на каналот. Со истражувањето4 беа регистрирани 10 нови гробни конструкции. нумерирани од број 65 до 74, продолжувајќи ја веќе постоечката нумерација на гробовите од претходните истражувања.
ИСТОРИЈАТ НА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА
Забележан е во Археолошката карта на Гевгелијаз5 како локација на која се забележани бројни камени плочи, односно елементи на гробни конструкции растурени при пошумувањето на падината. Фрагментите од искршените керамички садови и остатоците од бронзена пластика ги упатиле составувачите на Археолошката карта на заклучок дека се работи за локалитет, кој. всушност, е некропола од железно време, слична на блиската некропола Сува Река.
Локалитетот се простира по целиот јужен појас на падината на Богородичиниот Рид-Кофилак. непосредно до левата (северна) страна на локалниот пат Гевгелија-Богородица-Стојаково.
Со споменатото пошумување, изградбата на локалниот пат и трасата на меѓународниот автоптат E-75 од Скопје кон Солун, во период од 1979-1983 година, беше уништен значаен дел од јужната страна на локалитетот. Како заштитна мерка во рамките на реализација на проектот за трасирање на лентата од автопатот Е-75 во 1979 год., беа преземени заштитни археолошки истражувања во загрозената зона на локалитетот, која се поклопуваше со
планираната траса.
Двете републички институции. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Археолошкиот музеј од Скопје, го организираа и реализираа ова прво заштитно истражување на локалитетот Милци.е6
Во рамките на тоа истражување беа откриени 45 гробни конструкции. Вреднувањето на добиените резултати од ова ископување?7 потврди дека станува збор за уште една некропола од железно време, културно и хронолошки идентична со некрополите Сува Река и Парагон.
По неколку години, во 1983 година. Археолошкиот музеј на Македонија организира нови истражувања со кои беа откриени уште 14 гробни конструкции. Резултатите од ова истражување“8 се уште не се објавени во целост.
Во рамките на систематското археолошко истражување на локалитетот Вардарски Рид во 1995 год., паралелено беа реализирани првите сондажни истражувања на локалитетот Богородичин Рид-Кофилак, на чија југозападна падина е лоцирана некрополта Милци. Со ова истражување, на највисоката зона на локалитетот Кофилак се утврди неговиот карактер. Всушност, се работи за остатоци од населбински хоризонт од доцното бронзено време, датиран во период од ХШ-Х! век пр. н.е. Експанзијата на овој иницијален праисториски пункт И неговото влијание врз останатиот организиран простор, е цел за натамошно истражување и проучување на неговата улога.
Во рамките на истражувањето во 1995 год., со цел да се утврди северната граница на локалитетот, беше регистрирана нова група од 5 камени цисти. Тие беа нумерирани како гробни конструкции од број 59 до 64, почитувајќи ја старата нумерација, (резултатите од ова истражување не се објавени).
Интересот кон вредностите на оваа некропола не пројавуваат само надлежните институции и стручните работници, туку и организирани нелегални групи, нормално, сосема различно мотивирани, задоволувајќи ги своите колекционерски и материјални побуди. До денес. по извршените УВИДИ ВО повеќе наврати, регистрирани се насилно откопании уништени преку 70-ина гробни конструкции, вкулучувајќи ги тука и богатите материјални прилози. Новооткриените 10 цисти во 1997 год. и споменатиот фонд од легално и нелегално откриените гробови, не доближува до бројка од околу 150 регистрирани конструкции на овој локалитет. Сепак, тоа претставува само дел од вкупниот број на гробните конструкции, кои се уште не се евидентирани.
Тоа, секако дава надеж дека претпоставените културни. хронолошки и историски вредности на оваа некропола не се целосно дефинирани.
ГРОБНИ КОНСТРУКЦИИ И НАОДИ
Имајќи го предвид фактот дека опсегот на истражувањето беше лимитиран од средствата. обемот и методологија на работата, кој се поклопуваше со димензиите на каналот, бројот на новооткриените цисти изнесува само 10 конструкции (План 1). Доколку постоеше можност за проширување на границите на истражувањето, сигурно е дека бројот на откриените конструкции ќе беше поголем. Сите (со исклучок на гроб 67) откриени гробни конструкции се цисти изградени од делкани камени плочи. Поради конфигурацијата на теренот, во нашиот случај, покривните плочи на цистите ги регистриравме на длабочина од 1.20 - 1.40 м, (за разлика од концентрацијата на север. на откриените гробови во 1979, 1983 год.), каде покривните плочи се наоѓаа на длабочина од 0.10 - 0.40 м. Начелно. на некрополата Милци доминантна форма на погребување е камена циста, оформена од делкани плочи, а се бележи и присуство на други поретки форми: могилка од нафрлани речни камења, гроб 31/35 и 56: гробови вкопани во карпа, гроб 10 и 67: гроб-питос бр. 13; гроб 40 со тегули на две води и конструкциите бр. 12, 20, 26 и 45, кај кои бележиме остатоци од кремирани покојници. Формата на конструкциите и откриените гробни наоди како хронолошки најосетливи елементи, гробовите 31/35 и 56, ги терира како најстари.9 а гробовите 40 и 45 како најмлади10 досега откриени на некрополата Милци.
Со тоа заклучуваме дека употребата на рамната некропола Милци била најинтензивна кон крајот на УШ и почетокот на ГУ век пр. не. Главно, во оваа временска рамка се вклопуваат и другите некрополи од пошироката градска зона: Сува Река со јужната периферија на градот и Парагон!!,11 како и Дедели!212 и Марвинци13 во улога на најзначајни претставници од валандовскиот регион. Најблиски аналогии во соседниот регион во Грција, по течението на Вардар, евидентираме во Чаушица и Бохемица.14
Во нашиот случај, од откриените 10 конструкции 9 се тип циста, подигната од четри или повеќе камени делкани плочи, а во случајот со гробот 67 се работи за овална јама, директно фундирана на здравица од карпа.
Камените плочи во најголем број случаи се од варовник, чија дебелина варира од 5 см кај гробот 68, до 15 см кај покривната плоча на гробот 73. Карактеристична е конструкцијата на гробот 68, која претставува циста оформена од 14 мали камени плочи, прецизно наредени за да обезбедат поголема компактност и затвореност на гробната комора. Кај цистите со големи димензии употребени се масивни камени плочи за подигање на страниците, а во два случаи кај гробовите 73 и 74 употребени се монолитни камени плочи за покривање.
1 3. Видески, Лисичин Дол-Марвинци некропола од железното време (истражувања 1997), Maced. acta archaeol. 15, Скопје 1999, 91-112.
Благодарение на грижливото затворање на коморите на цистите 73 и 74, по подигањето на монолитните покривни плочи, констатиравме дека наталожената земја беше негибната и растресена до тој степен, што на наодите и остеолошкиот материјал му овозможила високо ниво на зачуваност. По отстранувањето на земјата и извршените мерења на длабочината на комората, односно висината на страничните плочи од горниот раб до дното, констатиравме дека нивелацијата на здравицата не е хоризонтална. И кај двете конструкции, во делот каде што се наоѓаат долните екстремитети во однос на страната каде што се лоцирани коските на главата. беа пониски за 10-ина см.
Дното на комората е од набиена црвенокафеава земја, со висока концентрација на крупна речна песок. што дава можност лесно да се одвои од ситната наталожена кафеава земја, која со текот на времето ја исполнила празната комора. Ориентацијата на двете цисти е приближно иста (и-3), што е пак во спротивен правец од природниот пад на земјишт ето кое се движи ОД север кон југ. Тоа уште повеќе го аргументира заклучокот дека оваа нивелација на дното со воочлив пад од главата кон нозете на покојникот е организирано изведена. Дали ова претставува варијанта или „локален“ манир на веќе забележаното поставување на камена плоча-перница.15 под главата на покојникот во некрополата Дедели, треба да покажат натамошните ископувања и евентуалното регистрирање на слични појави кај други гробови и некрополи.
Појавата на користење на иста гробна комора во повеќе наврати е регистрирана кај гробовите 65, 71, 73 и 74. Во повеќекратната употреба на цистата не се почитувало секогаш правилото. остеолошките остатоци и прилозите на претходникот да бидат собрани и приложени во близина на долните екстремитети на новиот покојник. Напротив, го регистрираме по целата внатрешност на коморите и сондите, расфрлен без претходно утврдена организација.
Ситуацијата со остатоците од скелетите во гробовите 65-67 се разликува. Имено. извршената антрополошка анализа на остеолошкиот материјал!16 од двете конструкции потврди дека покојникот од гробот 67 бил секундарно префрлен од гробот 65, во новата подготвителна јама. гроб 67.
Во овој случај. практиката на собирање на остатоците и прилозите на претходникот. нивно прибирање во еден од аглите на цистата е напуштена. Тука е приготвено ново место. непосредно до западната странична плоча на гроб 65. Во карпата е оформена овална плитка јама, чии центар претставува
то" ф. Вељановска, Антрополошки извештај за скелетниот материјал од лок. Милцинеправилен конус. Во средишниот дел на јамата, кој е и најдлабок, истурени се остатоците и прилозите на покојникот. Регистрирани се цевчести коски на екстремитетите, забни делови од долна вилица, "рбетни пршлени и ситни коски на стапалата и рацете (горната половина на черепот е лоцирана на јужниот агол на гроб 65), како и целокупниот гробен инвентар. Кон констатацијата дека покојникот од гробот 67 претходно бил лоциран во гробот 65, оди во прилог откривањето на едно бронзено калотно копче во гробот 65, чии поголем дел од ансамблот (71 примерок) се наоѓа во новиот гробен простор, гроб 67. Уште еден момент укажува за текот на погребувањето и подготовката на ново ритуално место во однос на постарата циста, гроб 65. Со подготвувањето на јамата, која непосредно лежи до западната странична плоча на коа гробот 65, дошло до оштетување на страницата на цистата. За да се корегира настанатиот проблем. делумно загубената нивелација на горниот раб на плочите на гробот 65, — Која обезбедува водорамна положба на покривните плочи на конструкцијата, оштетениот простор бил надѕидан со повеќе ситни камени плочи, поврзани меѓу себе со слој од И глина. Новата нивелација, воедно, претставуo ; | ва горно покривно ниво на двете соседни кон-
струкции, гробовите 65 и 67 (сл. 1). Овој комплексен приод во подигањето и реконструкцијата на споменатите цисти се одразил и во а Ш распоредот на гробните прилози кај двете ко- : мори, а истиот ќе биде анализиран во посебmt Еј но поглавје. Конструкција од сличен тип. Ни овална јама фундирана директно во карпа, 5 е z забележан е и кај гробот 10,!717 на истата нек-
ропола во рамките на истражувачката кампања во 1983 год.
77 3. Георгиев, Карактерот и значењето на вонгробните наоди во јужноповардарските некрополи од железно време, Масеԁ. acta archaeol. 6, Скопје 1983, 47, сл. 10. Под претпоставка дека се работи за детаљ од погребен ритуал, забележено е фиксирање на поголеми аморфни камења над самата или во непосредна близина на гробната конструкција, најверојатно, истиот во функција на белег (нишан) на гробното место. Во случаите кога ги регистрираме, покрај гробовите 66, 68, 70-74, тие се секогаш повиски од нивото на покривните плочи на цистата. За гробен нишан“ вообичаено се употребувало големо парче кршен камен со неправилна форма.
Во времето кога некрополата била во употреба, тие секако биле лесно забележливи на нејзината површината.
Анализата на позицијата на гробните конструкции во однос на вер-
тикалната стратиграфија на теренот покажува дека 8 од 10 откриени цисти се наоѓаат во ист хоризонт на погребување. Тоа с светлоокерест слој со дебелина која варира од 0.60-0.75 M, во чија содржина се фундирани гробовите 65, 67, 69 и 71-74. Овој хоризонт се наоѓа под рецентниот слој на длабочина од 1.20 - 1.95 м, при што хронолошки ја обединува групата на споменатите конструкции. Гробот 68 (сл. 2), кој се наоѓа малку повисоко над длабочина од 1.20 м. а гробот 70 (сл. 3). кој е под него на длабочина од 2.00 м. зборува за можна временска разлика на вкопување. Недостатокот на гробни прилози
во двете споменати конструкции 68 и 70 (План П), не отвора можност за
ГРОБ 65 (ел. 1. 11)
Конструкција - циста од 8 камени плочи, две поголеми и повеќе ситни покривни плочи со димензија 2.10 x 0.80 x 0.30 M, со ориентација с-ј. Цистата со својата цела северна, а делумно со источната и западната странична страна е вкопана во карпа.
Остеолошки наоди - остатоци од три индивидуи. Првиот скелет. делумно оштетен во пределот на черепот припаѓал на жена, како и вториот од кој се зачувани фрагменти од карлична коска и "рбетните пршлени (секундарно префрлен во гроб 67). Од третиот скелет зачувани се само траги.
Археолошки наоди
фрагмент од железна лачна фибула (бр. 1):
врв од бронзена игла (бр. 2). плочи пропаднати во внатрешноста на комората. Димензијата на цистата е 2.00 х 0.84 х 0.35 со ориентација и-з.
Остеолошки наоди - нема.
Археолошки наоди - ситен фрагмент на мат босна керамика и врв од железно копје.
ГРОБ 67 (са. 1, 1)
Конструкција - неправилна овална плитка јама вкопана во карпа, делумно покриена со мали камени плочи. Димензиита на јамата се 1.50 x 0.50 x 0.15 м, со ориентација с-ј. Источната страна на јамата е надѕидана со камени плочи глина во висина на покривните плочи на гробот 65.
Остеолошки наоди - фрагменти од женски скелет: потколенични коски, коски на подлактицата и ситни коски на ножните прсти. Черепот на овој скелет!818 се наоѓа покрај надворешниот јужен раб на гробот 65.
Археолошки наоди
Во јамата:
фрагмент од сребрен привзрок (во форма на амфора). елемент од ѓердан
3 бронзени биконусни мониста (бр. 4):
67 бронзени калотни копчиња (бр. 5);
2 бронзени глави од игли - „пелопенски" тип (бр. 6);
дел од рачка и сечиво од железен нож (бр. 8);
1 спирално намотана бронзена наушница со сплескан крај, (бр. 11).
Покрај јамата:
1 бронзен врв од игла (бр. 7);
1 бронзена наушница со сплескан крај (бр. 9);
1 кантаровиден сад со канелури по површината (бр. 10).
ГРОБ 68 (сл. 2)
Конструкција - оштетена циста изработена од 14 мали камени плочи со димензии: 0.95 x 0.45 x 0.28 м, и ориентација с/и-ј/3. Недостасуваат покривните плочи.
Остеолошки наоди - нема
Археолошки наоди - нема
ГРОБ 69
Конструкција - могилка од ситен кршен камен и мали камени плочи оформена над плитка јама со неправилна правоаголна форма. Димензиите
На могилката се 2.30 x 1.10 M, со ориентација с-ј. Остеолошки наоди - Археолошки наоди -
ГРОБ 70 (сл. 3)
Конструкција - циста изградена од 5, а покриена со 3 камени плочи. Димензиите на цистата се 0.70 x 0.42 x 0.10 M, со ориентација и-з.
ГРОБ 71 (ел. 4, Т.П)
Конструкција - циста од 7 масивни камени плочи покриена со ситни кршени камења и 2 плочи. Димензиите на цистата се 2.15 x 0.75 x 0.40 м. a ориентација 3-H.
Остеолошки наоди - черепот во траги, добро зачувани цевчестите коски на нозете и рацете и "рбетните пршлени. Дел од фемур и други коски во траги од втора индивидуа.
Арехеолошки наоди:
керамички сад, бокал со засечен врат изработен на грнчарско тркало (бр. 1);
железен брич (бр.2); 7 .
1 фрагмент од же- . лезно копје (бр.3);
кережичек вец, Сл. 3. Гроб 70, отворена конструкција, фрагмент на шолја Милци-Гевгелија со две вертикални рачки изработена на грнчарско тркало (бр. 5).
Вонгробен наод:
керамички сад, бокал со рамен венец со вертикална рачка. рачно моделиран. (бр. 6).
ГРОБ 72
Конструкција - тешко оштетена конструкција без посебна форма со ори-
I железен нож (оштетен) (бр. 5); "АБЕ 4. Гробови 7, 73 1 74,
керамичен сад, бокал со засечен Милци-Гевгелија врат работен на грнчарско тркало
карамичен сад, шолја со една вертикална рачка работена на грнчарско тркало (бр. 9).
Вонгробни наоди:
керамичен сад, бокал со засечен врат - оштетен (бр. 1);
керамичен сад, шолја со две вертикални лентести рачки, (бр. 3).
ГРОБ 74 (сл. 4. T.IV)
Конструкција - циста од 7 масивни камени плочи покриена со една монолитна покривна плоча. Ориентацијата на цистата е с/и-ј/и со димензии од 1.75 х 0.65 х 0.27 м.
Остеолошки наоди - остатоци од два скелета (дел од мандибула, цевчести коски на рацете и нозете, жрбетни пршлени).
Археолошки наоди
Гробен наод:
керамичен сад. бокал со засечен врат работен на грнчарско тркало
2 розети-копчиња со 6 ливчиња (бр. 2);
5 бронзени мониста со трилистен пресек (бр. 3);
3 салталеони фрагментирани, еден со монисто (бр. 5);
2 керамички сада, шолја со една вертикална рачка работена на грнчарско тркало (бр. 6, 7).
Вонгробен наод:
конусен врв од железно копје. (бр. 4).
Растурена гробна конструкција, T.IV
широка чинија-килика со хоризонтални рачки (бр. 8);
бронзена белегзија со прекрстени краеви (бр. 9);
фрагмент од спирална белегзија (бр. 10).
ГРОБНИ ПРИЛОЗИ
Во фондот на гробните прилози регистрираме неколку вида наоди кои според материјалот, начинот на изработката, орнаментиката и функцијата можат да се поделат на неколку категории:
Керамика
Работена на грнчарско тркало
(T.I, 10; T.II, 1, 5; T.III, 1, 3, 8, 9; T.IV, 1, 6-8)
Препознатливата и добро документирана, окер керамика работена на грнчарско тркало со лентесто мат боење е типична карактеристика на долновардарските некрополи од железно време од Валандовско-гевгелиската културна група. Своето потекло го темели на постарите домашни елементи на керамографски традициии од бронзеното време, влијанијата од југ на источната грчка архајска керамика и доцномикенските керамички форми. Бокалот со засечен врат, длабоки шолји со една или две вертикални рачки, бокали со рамен венец - олпи, кантаровидни садови со две држалки, се најчести форми на оваа керамичка група во функција на гробни прилози.
Во споменатата културна група, типични претставници се некрополите
од Милци, Сува Река, Парагон, југоисточната периферија на градот
Гевгелија, Глос-Грчиште, Исар-Марвинци, Дедели и Бишов Јавор.19 Сите наброени локалитети можат да се сметаат за делови од поширок регион, каде мат боената керамика се смета за локален производ. Објективноста на тезата се потпира на констатацијата дека овој керамички фонд е задолжително присутен во сите откриени гробни конструкции на споменатите некрополи во т.н. гробен комплет. Во однос на рачно работените керамички садови, керамиката работена на гринчарско тркало процентуално е повеќе застапена.
Примероци на мат боената карамика откриени се и во поширокиот северен регион, кај некрополите во Дабици-Сопот. Градиште-Кнежје, Криви Дол-Радање и Орлови Чуки-Стар Караорман, а и на југ на некои локалитети на Халкидик.20 Присуството на керамичка продукција работена на тркало во северниот регион, каде се посилни традициите на централнобалканската рачно работена керамичка продукција, укажува на раните трговски и културни врски на овие два соседни региона.
Откриените примероци од ова сондажно истражување само ја надополнуваат веќе утврдената слика за мат боената керамика на овој локалитет. Бокали со засечен врат: како прилози откривме 3 примероци, и тоа во цистите: бр. 71 (ТЦ, 1), бр. 73 (ТМІ, 8) и бр. 74 (ТУ, 1), а како вонгробен прилог уште еден бокал покрај гроб 73 (Т.Ш, 1). Сите тие се унифицирани во квалитетот на глината, бојата, украсувањето со темнокафеави лентести обрачи. Единствено бокалот од гробот 73, покрај насликаните лентести обрачи, има уште три врежани обрачи на грлото, под самиот венец на садот.
Од другите форми кои се дел од востановениот керамички комплет, се појавуваат шолјите со една вертикална рачка, гроб 73 (Т.Ш, 9) и 74 (Т.ГУ, 6, 7) или со две рачки гроб 71 (ГП, 5) и 73 (TU, 3).
Во кругот на садови работени на грнчарско тркало спаѓаат уште два сада, кои заради своите посебни карактеристики ги издвојуваме од групата унифицирани керамички гробни прилози.
Површински откриениот сад во фрагментирана состојба (подоцна реконструиран), килика (T.IV, 8) со широк венец и две хоризонтални рачки, е форма која се среќава на истата некропола.21 во гробовите 23, 24 и 31/35 и во некрополата Сува Реха,22 во откриените цисти со број 9, 32, 48, но далеку поретко од погоре споменатите бокали и шолји. Примерокот од гробот 31/38 се разликува по високата нога и поквалитетното боење, заради кои карактеристики датацијата му с пониска, кон крајот на УГи почеток на У век пр. Н.е.23 Нашиот примерок е производ на типичното мат боење и со прстенесто дно, па немајќи подетални информации за формата на конструкцијата во која бил приложен, а и другите придружни прилози. ќе го сместиме во Ш фаза, (625-550 год. пр. н.е. по Д. Митревски) на наоди од долновардарската група. Уште еден нетипичен белег на овој сад е неговата несовршена кружна форма, која морал да ја добие при обликувањето на грнчарското тркало. Поради превисоката влажност на глината од која бил „извлечен“ и бавното сушење пред да биде подложен на печење. мевот и венецот се деформирале и се изместиле од формата на идеален круг. Оваа забелешка секако може да послужи во тврдењето дека24 мат боената керамичка продукција, работена на грнчарско тркало своето производство го темели на домашната - локална продукција.
Вонгробно приложениот кантаровиден сад (Т.І, 10) покрај гробот 67 е примерокот кој по својата фактура од темносива до црна пречистена глина со примеси на лискун и траги од канелури по површината, за прв пат го среќаваме во анимираниот керамички фонд на оваа некропола. Садот има две вертикални лентести рачки, кои не ја надминуваат висината на венецот и ниско прстенесто дно. Директни аналогии по форма откривме со примероците во гробот 74 од Сува Река24 и некрополата Зелениште-Валандово.25 И двата сада рефлектираат доцноархајски белези, како што се и останатите прилози во неговото опкружување кои се датирани во крајот на VI wu почеток на V век пр. н.е. Но фактурата на садот и украсувањето со мазнети канелури е типична за населбинската керамика забележана во бројни примероци на наодите од истражувањата на локалитетот Вардарски Рид.26 Сличен примерок на кујнска керамика, употребена во погребни цели, бележиме кај примерокот од гробот 9 од Дедели.27 со впечатливи трагите од силното горење по површината.
Појавата на овој примерок на населбинска керамика од блискиот Вардарски Рид, на кој е регистриран хоризонт на живеење во железното време, уште еднаш го потврдува фактот за нивната историска, етничка и културна поврзаност. Заклучокот е дека некрополата Милци, самиот сад и неговата вонгробна позиција, се рефлексија на световниот карактер и егзистенцијата на населбата на Вардарски Рид. а не осамен, нов примерок на гробна керамика.
Рачно моделирана керамика
Единствениот примерок на керамички сад работен со слободна раката, регистрираме како вонгробен прилог покрај гробот 71. Се работи за мало бокалче (Т.ІІ, 6, потсетува на олпе) со зарамнет венец и една вертикална цилиндрична рачка која не ја надминува висината на венецот. Садот ес изработен од пречистена окерестожолта глина, со идентичен квалитет и боја со која се изработени и формите работени на грнчарско тркало. Целиот сад бил потопен во светлоокераста енгоба и нема траги на дополнително боење и декорација. Заклучокот дека28 овој тип керамички садови е далеку послабо застапен во однос на керамиката работена на грнчарско тркало се потврдува и тука. Од вкупно 11 откриени керамички сада, само еден работен на рака, односно од вкупно откриените 5 бокали, 4 се работени на грнчарско тркало.
Рачно работените садови во форма на шолји, бокали и чинии се регистирани на локалитетот Сува Рекаг8 како вонгробни и гробни прилози. Кон овој скромен фонд се приклучуваат и откриените 6 сада од некрополата во Дедели.29 На некрополата Милци нивната егзистенција се следи од досега најстариот регистриран гроб 31/35, датиран во крајот на VIII век пр. н.е., па се до помладиот гроб 12, датиран во крајот на VI век пр. ме.
Целосната анализа на рачно изработената керамика од некрополите30 Сува Река,31 Mumm од Гевгелија и Мелезник-Дедели од Валандово, како најтипични претставници на долноповардарските некрополи?д и соодветната аналогија со идентични некрополи од поширокиот долноповардарски простор, укажува на нивните заеднички карактеристики во формата и датацијата.
Најблиска аналогија на откриениот бокал (ТІ, 6), изработен со слободна рака, го потврдуваме на идентичниот единствен примерок на бокал од гробциста бр. 50, од некрополата Сува Реха. Воедно, во досега објавениот репертоар на рачно работени садови од некрополата Милци ова е прв примерок на бокал, а трет во низата, покрај најстариот рачно моделиран кантарос од гроб-могилка 31/35, датиран во 700 год. пр. н.е., и најмладиот наод на гутус датиран во крај на VI век пр. н.е.
Споменатата рачно моделирана керамика од некрополите од Гевгелисковаландовскиот регион е типична за долноповардарскиот регион, каде што егзиситира паралелно со мат боената керамика работена на грнчарско колце. Таа во основа се разликува од керамиката што е присутна во северните делови на Р. Македонија, во Овчеполско-брегалничкиот и Скопскокумановскиот басен, позната како керамика од .радањски“ тип.
Во суштина, разликата на овис две керамички групи, покрај формата, фактурата и орнаментиката на истите, лежи и во различноста на етничките носители на овие дијаметрално поставени групи.
Забележаното отсуство на керамика од „радањски“ тип, јужно од Велес.32 22 односно поставување замислена граница меѓу двата типа керамички групи и нивните носители, треба да остави простор за толкување на појавата на поединечни наоди - фрагмент од рачка со орнамент на „радло“ на сад моделиран со слободна рака, кој беше регистриран во праисторискиот населбински хоризонт на лок. Вардарски Рид,33 меѓу фрагменти на садови од мат боената керамика.
Присутноста на рачно моделираните керамички садови во континуитет ја евидентираме во повеќеслојната населба Kacranac,34 со која нашите наоди од споменатите некрополи претставуваат интегрален дел од заедничкиот културен простор. Бокалите со идентична форма во оваа населба ги следиме од постарата фаза на доцното бронзено време од 1600-1400 год. пр. н.е. (слоеви 19-18, ли Г-П), па се до наодите од развиеното железно време од 700- 400 год. пр. н.е. (слоеви 4-2).
Керамичкиот бокал откриен како вонгробен наод не ни дава можност за попрецизна датација, туку негово пошироко хронолошко сместување во рамките на VII-VI век пр. н.е.
Единствено кантаросот, лоциран покрај гроб 67, со своите доцноархајски обележја попрецизно се сместува кон крајот на VI и почетокот на V век
МЕТАЛНИ НАОДИ (ТІ, 1-9, 11; ТД, 2-5; ТШ, 2-5, 9-10; T.IV, 2, 4-7)
Покрај значајните информации добиени од вреднувањето на мат боената керамичка група, работена на грнчарско тркало и рачно работената керамика, металните наоди ја прошируваат хронолошката, културната и историската слика на носителите на гробните манифестации на некрополата Милци.
Во оваа комплексна група наоди, нашето истражување ќе го фокусираме на презентација и дефинирање на значењето и улогата на накитот, оружјето и орудјето, како најзначани гробни прилози на оваа некропола.
Во групата на накитот забележивме неколку карактеристични форми:
Бронзени копчиња-розети - откривме едно со 6 листа во гробот 71 (Т.ІІ, 4) и две копчиња со по 5 листа во гробот 74 (TIV, 2). Формата на овие копчиња познава примероци со 3 и 8 ливчиња. Застапени се во блиските некрополи Сува река*35 со еден примерок во гробот 28, а во Деделиз?36 нивниот број е импозантен во однос на другите некрополи, дури 34 примероци во 18 гробни целини. Што се однесува до датирањето на примероците од наведените некрополи, начелно се датираат во VII-VI век пр. н.е. Нивната географска и хронолошка распространетост ја бележиме и на некрополите во Чаушица и Трифлон-Месимери,37 37 каде што Боузек (J. Bouzek) ги датира во средината на УШ век пр. н.е. Во нашиот регион нивната хронологија е нешто пониска, што е прифатливо заради севкупниот однос со останатите хронолошки поосетливи наоди.
Во Гевгелиско-валандовската културна група се разгледуваат како група на помладите „Македонско-пајонски“ бронзи.38 каде што се фиксирани за временската рамка меѓу 625-550 год. пр. не.
Контекстот во кој се најдени нашите примероци сосема одговараат на распонот меѓу VII-VI век пр. н.е.
Бронзените биконични мониста (ТЈ, 4), најчесто се делови од ѓердан, накит кој често се регистрира во некрополит е од Гевгелиско-валандовската културна група: Сува Река, Милци, Дедели.39 Нивната долга егзистенција ги дефинира како хронолошки неосетливи наоди, при датирањето на прилозите откриени во контекст на една гробна конструкција. Раните наоди на едноставни биконусни мониста од Чаушица, Амфипол, Козани, Аксиокастрон“д40 се датирани во доцниот VIII век пр. Н.е., како и наодите од север во Криви Дол-Радање.41 Примероците откриени во некрополата Орлова Чука кај с. Стар Караорман“42 најдени во тумулот V, датирани од крајот на IX до почеток на VI век пр. не., и нешто порано откриениот примерок од истата некропола од страна на И. Микулчиќ,43 ја документираат нивната дисперзија низ наведените области во еден подолг временски период.
Трите примероци од гробот 67, поради присуството на останати карактеристични прилози, со сигурност можеме да ги датираме кон крајот на VI u почеток на V век пр. не.
Употребата на една циста во повеќе наврати објективно ја намалува можноста за строго хронолошко дефинирање на последниот покојник, кога во еден развлечен контекст евидентираме гробни прилози на претходниците. Во овој случај, методологијата за вреднувањето на гробните прилози по нивната форма и функција е во предност пред начинот за формална обработка на материјалот по гробни целини.
Единствена гробна целина која делува хронолошки покомпактно е гробот 67 во форма на плитка овална јама вкопана во карпа. Детален опис на гробот е даден во погорното поглавје.
Покрај веќе опишаниот кантаровиден сад (Т.І, 10) од гробот 67 со изразено населбински карактер и доцноархајски манир, како карактеристичните гробни наоди со слична културна дефиниција, се и двете бронзени игли со плочеста глава од т.н. „пелопенски" тип (ТІ, 6) u фрагментираниот сребрен приврзок (во форма на амфора), елемент од ѓердан (1.1, 3).
Нашите бронзени игли со плочести, тркалезно-конусни глави и прстенести здебелувања под главата, се насадени на железни игли кои недостасуваат. Тоа се поедноставни и поефтини варијанти на луксузните примероци од злато и сребро, откриени во Синдос, Требениште“ѓ44 и Козани.45 Во Црквиште, Петилеп-Беранци46 и во гробот бр. 1 од Глос-Грчиште47 47 евидентирани се примероци слични на нашите со идентична хронолошка определба - крај на VI u почеток на V век пр. не. Кон овој доцноархајски наод се приклучува и откриениот фрагментиран сребрен приврзок во форма на амфора (Т.І, 3), како еден од низата идентични елементи кои формирале ѓердан. Од неговата целосна форма и изглед зачувано е сосема малку. Само двете зачувани спирали од сребрена жица, изработени во техника на филигран, го красат перфорираниот цилиндар кој бил нанижан на Ѓерданот. Меѓутоа, аналогните примероци од Козани.48 Петилеп.49 изработени од племенит метал. го презентираат раскошот и богатство на техниката на изработка. Датацијата е идентична со предложената временска рамка на опишаните игли од „пелопенски“ ТИП.
Евидентираните спирални наушници со сплескан крај (Т.І, 9), првата дел од гробната содржина на гробот 67, а втората вонгробен наод (ТТ, 11), a u парот слични наушници со помали димензии од гробот 73 (Т.Ш, 2), не излегуваат од начелното датирање на гробот во крајот на VI век пр. не. Тие се поскромна варијанта на луксузните сребрени примероци откриени во гробот ВМА од Чаушица“д50 и Тикешински Лозја во Кочани.51
Најбројниот наод - ансамбл од 67 бронзени калотести копчиња (1.1, 5) откриени во гробот 67, е наод кој се појавува низ наодите на повеќе блиски и подалечни сродни локалитети. Воедно, неговата егзистенција не е тесно определена во хронолошка смисла, како горенаведените доцноархајски прилози од гробот 67, каде што го евидентиравме и овој групен наод. Регистрирајќи го овој момент, на негово заедничко присуство со игли од т.н. „пелопенски“ тип и сребрениот амфорест приврзок, секако ја спушта неговата долна временска граница во однос на наодите од блиските некрополи.
Во Дедели5?52 примерок на калотно копче забележан е во гробот 71, кој заради присутноста на пробиениот појас се датира кон крајот на VII и првата половина на VI век пр. н.е., а воедно претставува и најмлад откриен гроб на оваа некропола. Кон ова хронолошко вреднување се приклучуваат и копчињата откриени во гробот 31 од Сува Река-Парагон.53 а со нешто помлада датација е евидентираното копче во Требениште.54 Примерокот на калотесто копче од локалитетот Патели,55 претходи на откриеното во Дедели и е датирано во средината на VIII век пр. н.е. Најрана појава на калотно копче е пронајдениот примерок во гробот 11 од ранохалштатската некропола Сарај-Брод,56 датиран во 1200 год. пр. н.е. Секако, најцелосен и најобемен наод од 216 калотни копчиња понуди изворно откриениот гроб 1557 од некрополата Лисичин Дол“8 на локалитетот Исар-Марвинци од истражувањата во 1997 година. Нивната in situ позиција ги дефинира како елементи на церемонијален појас на свештеничката, веројатно, пришиени на платно кое било обвиткано околу половината на покојничката. Според извлечените заклучоци од формата на погребувањето и другите покарактеристични наоди. гробот 1557 е датиран во УП век пр. н.е.
Како што споменавме погоре, контекстот во кој е најден нашиот групен наод - калотните копчиња, го датираме во крајот на VI век, со што ја спуштаме границата на негово производство и употреба во раната антика на овие простори. Функцијата на ансамблот на копчињата во оваа ситуација е нејасна, бидејќи неговата in situ позиција е нарушена со префрлање во новата „адаптирана“ циста.
Од документираниот бронзен накит во гробот 74 треба да ги разгледаме монистите со трилистен пресек, вкупно 5 (ТУ, 3) и фрагменти од салталеон (T.IV, 5), на чии еден фрагмент е фиксирано бронзено биконусно монисто.
Во блиската некропола Сува Река-Парагон,59 во гробот 33, откриени се 7 трилистни мониста датирани кон крајот на УП и првата половината на VI век пр. н.е., а 22-те трилистни мониста од гробот 1 од некрополата Милци60 се помлади и припаѓаат на втората половина од VI век пр. н.е. Овој наод заради компаративното присуство на копчиња-розсти во истиот гроб 74 е датиран кон крајот на УП и прва половина на VI век пр. н.е.
Најголем број регистрирани трилистни мониста се откриени во некрополата Дедели.61 дури во 10 гробни конструкции, коишто се датирани во УП век пр. н.е. Нивната ретка и ограничена појава на споменатите некрополи не дава можност истите да бидат употребени како хронолошко-културно осетливи прилози.
Тоа уште повеќе е изразено со бројните пронајдени примероци на салталеони во разни временски интервали на железното време во пошироките граници на Балканот. Во зависност од нивната должина можеле да бидат во функција на украси на косата или како делови од ѓердан. како што Боузек (J. Bouzek) ги формулира пронајдените примероци во Чаушица“62 или. пак, во функција на појас, каков што беше регистриран откриениот in situ примерок во гробот 10 од доцноархајската некропола Бишов Јавор.б363 кај с. Смоквица, Гевгелија, датирана кон крајот на VI век пр. н.е.
На локалитетот Милци истите се регистрирани и во порано истражените гробни конструкции 1-3, 23, 30 и 38. На еден од трите примероци од гробот 74 (ТА, 5) се наоѓа заглавено едно бронзено биконусно монисто. нешто слично како со пронајдениот крстовиден висулец од гробот 25 од Сува Река.64 датиран кон крајот на УП век пр. не.
Преостанатиот фрагментиран накит пронајден во гробот 65, дел од железна фибула и врв од бронзена игла (Т1, 1-2), поради својата оштетеност не остава можност за негова попрецизна датација и дефинирање. Слична е и ситуацијата со откриениот бронзен врв од игла (ТІ, 7), кој е регистриран источно од гробната конструкција бр. 65.
Во оваа група бронзен накит припаѓаат и двата наода откриени од растурена гробна конструкција, чија позиција не можевме да ја утврдиме. Тоа е бронзена белегзија со прекрстени краеви (Т.1, 9) и дел од белегзија од спирално Намотана жица (Т.І, 10), кои се појавуваат најчесто како делови од женски накит.
Bpor3ennte белегзии со прекрстени краеви се чест и распространет наод низ полното железно време, односно во време на нивната најчеста употреба во УП и раниот VI век пр. н.е. Во долновардарските некрополи Деделиб“65 регистрирани се вкупно 14 примероци во повеќе варијанти, а за нас особено важен за компарација е наодот во гробот 25, каде се сретнуваат двете форми на белегзии споменати погоре, датирани во раниот УП век пр. н.е.
Белегзии од овој тип на југ се забележани во раните протогеометриски гробови од Вергина.66 На север ги регистрираме како случајни наоди од Бел Брег-Куманово и од с. Бучинци?67 од Скопската Котлина, датирани во доцниот VII и раниот VI век пр. н.е.
Појавата на спирални белегзии во Милци68 е регистрирана со пронајдените примероци во гробот 27 и во најраниот гроб-могилка 31/35 од Милци. датиран кон крајот на УШ и почетокот на УП век пр. н.е. Спиралните белегзии во Дедели“69 се откриени во 6 гробни конструкции, а посебно го акцентираме наодот од гробот 25, во кој се пронајдени во комплет двата типа белегзии како во нашиот случај, заради што наодот го датираме во раниот УП пр. н.е. Идентични на нив, примероците од Сува Река7070 се застапени во гробовите 27 и 28. Фактот дека формата на спиралната белегзија егзистира рано на нашите простори, ја потврдуваме со наодот од гробот 1 од Варош-Прилеп,71 кој Б. Китановски го определува како наоди од доцното бронзено време (по М. Гарашанин).
Последната група метални прилози припаѓа на откриените примероци оружје и тоалетни реквизити.
Сите железни наоди се во незавидна и фрагментирана состојба заради неговиот слаб квалитет. Според зачуваните делови можеме релативно успешно да им ја доловиме првобитната форма. Копјето, како придружен елемент на воениот комплет во машките гробови, често е присутно надвор од нашиот регион во сите праисториски епохи. Бројноста на наодите од овој вид некако по правило кореспондира со нестабилноста на историскиот момент на неговата употребна вредност.
Како гробни прилози, во исклучиво машки гробови, во гробовите 71 (Т.П, 3) и 73 (Т.Ш, 4) евидентиравме фрагменти на железни копја, а покрај гробот 74 (T.IV, 4) како вонгробен наод. Примероците од гробовите 71 и 73 се идентични по својот изглед. Лист со делтоидна форма и кружен пресек на тулецот. Должината на тулецот и листот е приближно еднаква. МАналогни примероци во некрополата Дедели бележиме во 14 гробни конструкции, каде останатите прилози се временски репер за пристуните форми на оружје. И во оваа ситуација врвовите од железните копја имаат второстепена улога во одредувањето на времето на погребувањето. Истиот заклучок важи и за примероците од соседните некрополи Сува Река и Парагон. каде датацијата на наодите влегува во генералното хронолошко вреднување на локалитетот.
Вонгробниот наод на врв од копје (Т.ГУ, 4), со различна позиција на наоѓање и функција од опишаните листови го регистриравме покрај западната странична страна на цистата на гроб 74. Се работи за елемент од копјето (во негов интегрален изглед) кој е заглавен на долниот крај на дрвеното тело и има улога да го фиксира во земјата кога не е во примарна употреба. Најрана временска и функционална потпора на нашиот примерок наоѓаме во комплетот од откриениот гроб Б од Калитеја.72 датиран во интервал меѓу 1300- 1100 год. пр. н.е. Поблиски хронолошки и културни заеднички елементи регистрираме во индетичниот пронајден примерок. како вонгробен прилог, на плочата од гробот 72 од локалитетот Сува Река?“73 (ул. „Илија Миов“), кој заради контекстот на гробните прилози е дефиниран како доцноархајска циста.
Во содржината на гробовите 67 и 73 идентификуваме фрагменти на два железни ножа. Во гробот 67 (Г1, 8), се работи за фрагмент од неговиот заден дел - рачка и дел од сечилото. Често се наоѓа како прилог во женските гробови како што е и тука случај. Поголемиот дел од телото кое недостасува е главната причина заради која не можеме поблиску да му ја определиме формата. Во вториот случај од гробот 73 (Т.Ш, 5) се работи за форма која е најчеста на некрополите од валанадовско-гевгелискиот регион и пошироко, која се одликува со благо искривена надворешна тапа страна од сечилото. Имајќи ја предвид ситуацијата со двојното вкопување во конструкцијата бр. 73, покрај јасно издвоениот машки покојник со личните прилози, ножот, бронзените наушници и длабоката шолја со две вертикални рачки (Т.Ш, 2, 3 и 5), се прилози кои припаѓаат на примарното вкопување на покојничката. Појавата на нож во функција на гробен прилог, од микенско време до доцното железно време, со ист или малку изменет изглед. го потврдува континуитетот на неговата примена и форма која е без специфични културни и хронолошки обележја.
Последна група предмети кои ги регистрираме како прилози во исклучиво машки гробови, се железниот брич и пинцета-машичка, односно еден нецелосен машки тоалетен комплет.
Такви се железните примероци откриени во гробовите 71 (ТИ, 2) и 73
Машкиот комплет на тоалетни реквизити по правило треба да содржи три елементи: брич, пинцета-машички и камено острило за брич. Ретко ги бележиме приложени сите три елементи во комплет. Покрај примероците на пинцетите изработени од железо, во употреба биле и оние моделирани од бронза. Една поодамнешна студија?“ детално не воведува во нивната типологија, примена и датација во ареалот на некрополите од Долно Поварадрие: Сува Река, Милци и Дедели. Во неа се истакнуват целосните наоди во гробот 8 од Милци и гробот 27, 43 од Дедели. Подоцнежните истражувања на Дедели76 таков комплет откриваат во гробот 68, некропола во која како прилози се евидентирани вкупно во 9 гробни конструкции. Во одреден веременски период на локалитетот Милци, биле откриени бричеви и пинцети-машички во вкупно 4 гробни конструкции. Во гробот 10 од некрополата Сува Река?“ регистриран е еден железен брич со бронзена рачка, примерок кој можеби претходи на онис целосно изработени од железо, како примерокот од гробот 7372 датиран кон крајот на VI век пр. н.е. Уште еден таков регистрираме во гробот 2 од Дубиче-Волково, Скопје. датиран во VI век пр. н.е.
Нивното најрано присуство го евидентираме во Скопската Котлина, во содржината на гробот-урна бр. 7, од некрополата Клучка-Хиподром,8д со карактеристична форма за времето на кое му припаѓа, ХШ-ХТ век пр. н.е.
Некрополата Милци со истражените 74 гробни конструкции од страна на надлежните институции, а воедно и со нелегално ископаните преку 70-ина гробови. е локалитет и споменик на културата кој е сериозно уништен во голем дел од своите граници. Се уште постојат интактни делови на некрополата кои можат да понудат резултати за целосно дефинирање на нејзиното место и улога во железното време на Гевгелиско-валандовската културна група. Нејзината позиција во однос на двете праисториски населби: Кофилак-Богородичин Рид и Вардарски Рид треба да ги расветли меѓусебните културни, етнички и историски релации низ еден подолг временски период. Boban Husenovski National Museum - Gevgelija
Белешки
- Со интервенција на стручна екипа на Народниот музеј од Гевгелија на 28.02.1997 година. беа запрени земјените работи - подготвка на каналот. во кој требаше да биде положен телефонскиот оптички кабел кон Република Грција. ↩
- Со надлежните органи на птт - Македонија. по претходно доставената Програма за работа, се склучи Договор бр. 09-379/2 од 31.03.1997 година. со кој Музејот во Гевгелија се обврза во даден рок да изврши заштитно археолошко истражување на трасираниот канал (340 м x 0.40 x 1.20 M), кој потоа беше подготвен за планираната намена. ↩
- Археолошките истражувања го реализира екипа на Народниот музеј од Гевгелија во состав: Бобан Хусеновски. кустос-археолог - раководител на Проектот. Емил Сламков, кустос-археолог и Ѓорѓи Гушев, кустос-документатор. Проектот беше реализиран во период од 10-28.07.1997 година. ↩
- Р. Пашиќ. Ж. Винчиќ. М. Ивановски. Милци: Гевгелија - железнодопска некропола. Археолошки преглед 22, Београд 1981. ↩
- Ж. Винчиќ, М. Ивановски, Археолошка карта на со Гевгелија, Скопје 1978. ↩
- Р. Пашиќ, Ж. Винчиќ. М. Ивановски. Милци: Гевгелија... Београд 1981. 35-37. ↩
- Пашиќ, Ж. Винчиќ, М. Ивановски, 3. Георгиев, Некрополата „Милци" кај Гевгелија, Културно наследство 10-11. Скопје, 1987, 75-102. ↩
- Д. Митревски, Прилог кон вреднувањето на Долновардарската - Пајонска група на железното време, Масеԁ. acta archaeol. 12, 1990-1991, Скопје 1991, 145-161. ↩
- 3. Георгиев, Гробот 31/35 од некрополата Милци кај Гевгелија, зам 10-11, Скопје 1983, 65-72; Д. Митревски. Прилог... 147-148. ↩
- 3. Георгиев, Елементи на рана антика во Долно Повардарие. [3 2, Скопје 1984, 51- 11 Р. Пашин. Повардарје у Старије гвоздено доба. магистарски рад. Београд 1981, 26-43. 12 yy. Митревски. Дедели. Скопје 1991. ГРОБ 66 ↩
- Конструкција - делумно оштетена, подигната од 10 поголеми и помали камени плочи. Од покривната конструкција зачувани се само две поголеми ↩
- Антрополошкиот извештај за скелетниот материјал од од овие истражувања на лок. Милци, го среди и анализира д-р Фаница Веановска, за што користам можност искрено да и се заблагодарам. ↩
- Систематските истражувања на оваа некропола од железно време, која е лоцирана во близина на с. Смоквица, се уште континуирано се одвиваат во организација на Народниот музеј од Гевгелија, чии раководител с авторот на овој текст. ↩
- Р. Васиќ. Нови елементи за проучавање гвозденог доба Вардарске долине. Старинар Н.С. Књ. XXVII/1976, Београд 1977, 1-17. Д. Митревски, Протоисториските заедници во Македонија, Скопје 1997, 121, сл. 33. ↩
- Д. Митревски. Дедели ..., 40. P. Пашиќ. Ж. Винчиќ. М. Ивановски. 3. Георгиев. Некрополата .Милци“..., 75-102. р. Пашиќ, Археолошки испитувања на локалитетот Сува Река кај Гергелија, Зборник на ам, Ku. УШ, (1975-1978), Скопје 1978, 21-52. ↩
- Гевгелија 1997 год., Скопје 1999. ↩
- Георгиев. Гробот 31/35 од некрополата Милци кај Гевгелија, 3АМ 10-11, Скопје 1983, 68.; Ибид., Елементи..., 55, сл. 1-д. ↩
- К. Ристов, Сува Река-Гевгелија, 1988-1990, Масеԁ. acta archacol. 13, Скопје 1992, 109, ↩
- Георгиев, Елементи..., 68-6. ↩
- Б. Хусеновски, Г. Спасовска-Димитриеска. Вардарски Рид-Гевгелија - истражувања во 1994, Масеԁ. acta archaeol. 15, 1996-1997, Скопје 1999, 172, T. II, 3: Испитувањата на локалитетот Вардарски Рид континуирано се одвиваат од 1994 год. ↩
- Д. Митревски, Дедели, 47. ↩
- Р. Пашиќ, Археолошки... 21-52. ↩
- Д. Митревски. Дедели, 46-48. ↩
- Георгиев, Рачно изработената керамика од Долноповардарските некрополи, Масеԁ. acta archaeol. 9, 1983-1984, Скопје, 1988, 65-81. ↩
- Tbid., Рачно... сл. 17. ↩
- Ња., Рачно... 78. ↩
- Б. Хусеновски, Г. Спасовска-Димитриеска, Вардарски Рид-Гевгелија.... 162-164, Т. I, 3. 34 A. Hochstetter, Kastanas, Die handgemachte keramik, Berlin, 1984, T. 7, 5: T. 233, 7. ↩
- Р. Пашиќ, Археолошки... 24, сл. 9Д. ↩
- Д. Митревски, Дедели, 64-65 ; Р. Васиќ. Нови елементи... 6, ел. 2-7. ↩
- J. Bouzek, Graeco-Macedonian bronzes, Praha 1973, 141, Fig. 45, 1-3, 5. ↩
- J]. Митревски, Протоисториски.... 130-131, 354, сл. 26; Ибид., Mpunor..., 145-163, 157, План I. ↩
- Р. Пашиќ, Археолошки... 21-52; Еаԁ., Некрополата Милци..., 75-84; ЈІ. Митревски, Дедели, 63; Р. Васиќ, Нови елементи... 1-17, сл. 2, 3. ↩
- J. Bouzek, Graeco-Macedonian ..., Fig. 29, 2-4, 7, 8. ↩
- М. Гарашанин, Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету „Криви Дол“, Зборник на Штипскиот музеј I, 1958-1959, Штип 1959, 45, сл. 75. ↩
- Р. Пашиќ, Археолошка испитивања на локалитету „Орлова Чука" код села Стар ѕа дол Старинар Н.С. Књ. ХАЈ, 1970, Београд 1972, 129-133, T. IV, 3. ↩
- И. Микулчиќ, Извештај са пробног ископавања халштатске некрополе код села Ср. Караорман, Зборник штипског музеја I, 1958-1959, Штип 1959, 95 103, сл. 13. ↩
- В. Лахтов, Проблем Требенишке културе, Охрид 1965, 68, 15a, T.V, 1; В. Соколовска, Етничките носители на Требенишката некропола. Скопје-Охрид. 1997, 42-43. ↩
- Г. Короџттрот, AIANH КОЛАМНЕ орусцодојокоо обпјоо, Одеоволомко, 1989, 62/30. ↩
- И. Микулчиќ, Једна античка некропола из околине Битола, Старивар Н.С. Kr. XXI- 1970, Београд 1972, 139-144, 1.1. и, 396; Ибид., Пелагонија у светлости археолоских налаза. које Deepa, 1966, гроб 44, 37-38, сл. 19-x ; 37-38, сл. 21. ↩
- Пашиќ, Повардарје..., 46, T. LIV, b; Еаԁ., Локалитетот Глос кај село Грчиште-Валандовско, Зборник Н.С. бр. 1, 1995, Археологија, Скопје, 1995, T.1, 5; 3. Георгиев, Елементи ↩
- Г. Kopoyintpov, AIANH KOZANRK..., 63/32. ↩
- И. Микулчиќ, Архајске некрополе јужне Пелагоније, Старинар Kr. XV-XVI, Београд 1966, сл. 8a-6; Ибид., Пелагонија... 37-38, сл. 21. ↩
- Bouzek, Graeco-macedonian..., 170, Fig. 50, 42. ↩
- Георгиев, Праисториски наоди од Кочани и прашање на рамните некрополи по Брегалница, гзфф 7, Скопје 1981. ↩
- Д. Митревски. Дедели..., Т. XVII, 4. ↩
- Р. Пашиќ, Повардарје.... 36, Т. XXX, a, b, с. ↩
- В. Лахтов, Проблем .., 62. 13, Т. XXII, 6. ↩
- J. Bouzek, Macedonian... 293, fig. 12, 7. ↩
- Мачкиќ. ЈІ. Симоска, В. Трбуховиќ. Ранохалштатска некропола на локалитету Сарај у Броду, 199-208, сл. 22. ↩
- Д. Митревски, Гробот на пајонската свештеничка од Марвинци, Macedoniae Acta Archaeologica 15, 1906-1997, Скопје, 1999, сл. 5. ↩
- Видески, Лисичин Дол-Марвинци..., 91-112. ↩
- Р. Пашиќ, Повардарје..., 1981. ↩
- P. Пашиќ, Ж. Винчиќ. М. Ивановски. Ц. Крстевски. Извештај од заштитно археолошко ископување на арх. лок. Вардарски Рид и Милци - Гевгелија, Tom I, Гевгелија 1979. ↩
- Д. Митревски, Дедели..., 63-64. ↩
- J, Bouzek, Graeco-Macedonian bronzes, Praha 1973, 129, fig. 39, 5, 6. ↩
- Наодот не е објавен. Истражувањата кконтинуирано се одвиваат во организација на Народниот музеј од Гевгелија. ↩
- р. Пашиќ, Археолошки испитувања... 23-24, сл. 7r. ↩
- Д. Митревски, Дедели, 60-61, T.VIL, 3, 4. ↩
- J. Bouzek, Graeco-Macedonian..., 124, fig. 39, 3. ↩
- Георгиев, Необјавени и нови наоди од Повардарјето, гзфф 14, Скопје 1987, 12-13, сл. 2б. ↩
- Истиот., Нов халштатаски наод од Куманово. Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 71, 5, 6. ↩
- Р. Пашиќ. Ж. Винчиќ. М. Ивановски. 3. Георгиев, Некрополата Милци..., 75-102. ↩
- Д. Митревски, Дедели, 60-61, ↩
- Р. Пашиќ, Археолошки испитувања..., 29, сл. 9a, 6. ↩
- Б. Китановски, Два гроба из старијег гвозденог доба код Прилепа, Старинар Н.С. Књ. NI, 1960, Београд 1961, 210-211, сл. 5, 6. ↩
- J. Bouzek, Homerisches Griecheland, Praha 1969, 35-36, Abb. 12/4. 7: Abb. 14. ↩
- К. Ристов, Сува Река- Гевгелија... ТІ, 13. ↩
- Георгиев, Архајски тоалетни реквизити од Долно Повардарје. ГЗФФ, Ku. 8. 1982, а 1982, 98-113. ↩
- Ibid., Apxajcxu..., T. I, 8; T. Ш, 27; T. IV, 43. ↩
- Д. Митревски, Дедели. 66-67, Т. XVI, 10-12. ↩
- Р. Пашиќ, 2K. Винчиќ, М. Ивановски, 3. Георгиев, Некрополата Милци... 75-102. 78 Р. Пашиќ, Археолошки испитувања... 22. ↩
- К. Ристов, Сува Река -Гевгелија..., 97-106, 1. Ц. 4. ↩
- Д. Митревски, Зборник Н.С. бр. 1, 1995, Археологија, Скопје 1995, 61-91, ↩
Summary
Milci 1997 (Salvage Excavation)
(Summary)
Archaeological test trenches and investigation of the south part of the site of Milci was carried out at the last minute, before the destruction of a part of it by heavy machinery. On this part of the site, the company PTT-Macedonia began the realization of their project for connecting the Republic of Macedonia and the Republic of Greece by means of an optic telephone cable. A professional team from the National Museum of Geygelija, in a campaign that lasted one month, succeeded in uncovering and documenting ten new grave constructions, 8 65-74.
Within the parameters of organized archaeological investigations at this site, it is necessary to mention several major campaigns. During the first in 1979, when highway E-75 was marked out, 45 grave constructions were discovered; in 1983 14 new constructions came to light; in 1995 only five; and lastly in 1997 we added ten more, which bring the total number of discovered and investigated graves to 74. From all of these investigations of the cemetery of Milci, several general conclusions may be drawn.
The cemetery began to function at the end of the gth century BC; its continuity can be traced to the beginning of the sth century BC. It is a flat cemetery in which the dominant form of burial is a stone cist made of dressed limestone slabs. Beside the most common form of cist, we recorded rare examples of burial under a cairn of scattered shapeless stones, burial in a pithos, irregular rectangular pits dug into bedrock, a grave covered with ceramic roof tiles (arched tile grave), all with inhumations, and stone cists with traces of cremation.
Of the ceramics, the most representative is ochre pottery, painted in stripes and made on a potter’s wheel. Such pottery accounts for the greatest part of the ceramic grave goods. We recorded the most common forms as a pitcher with a cut-away neck, cups with one or two vertical handles, and deep kylixes, kantharoi, baby feeders (gutus), etc. The ceramic repertoire has been enriched by dozens of new examples from this excavation. A unique pot, discovered an offering outside the grave, next to grave 67, is a kantharos shaped vessel with two vertical handles, which differs from the ceramic group mentioned. This is a vessel made on the wheel, of dark gray clay with mica, whose surface is decorated with kaneluras and which shows the characteristics of urban pottery. The analogy with similar pots and sherds from the prehistoric cultural horizon at the site of Vardarski Rid obviously is disputable.
A modest part of the grave goods or offerings outside the grave consists of ceramic vessels modeled free hand. These, in the role of preserved older ceramographic traditions, emphasize the parallel use of matt painted pottery made on the wheel.
In the context of the 1997 excavations, grave 67 is characteristic; it was placed direct-
ly on the bedrock in the кат of an shallow oval ри with finds typical of the end of the 618 and beginning of the sth century, i.e., with a late archaic profile. The bronze pins with Slab-like head and a fragmentary silver clasp for a necklace, partly worked in filigree technique of decoration, are the most memorable examples. Certainly the 67 rounded buttons must be mentioned; their function may be compared with the examples discovered in the Isar-Marvinci area, in grave 15 at the site Lisi¢in Dol, which chronologically antedates our ensemble.
With the discovery of this grave, however modest, the Milci necropolis enters the circle of cemeteries of the so-called TrebeniSte cultural group, among which are striking examples of luxurious, late archaic jewelry. This flat cemetery with its entire assortment of grave goods, appreciated by its several investigators, occupies one of the significant places in the Gevgelija-Valandovo cultural group in the period of the 7th and 6th centuries BC, with a defined ethnic marker—the Paeonian element.
The exploration of the Milci cemetery, as a segment in the complex of cemeteries of the Iron Age in the immediate vicinity of the city of Gevgelija, e.g., Suva Reka, Paragon, a part of the city beside Ilija Miov street, and the prehistoric sites of Vardarski Rid and Kofilak-Bogorodi¢in Rid, certainly will give pertinent information for their individual and collective place and role until the time of the evident cultural changes that came from the ancient south.
Translated by Carolyn 5. Snively