Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 65–87
Нови наоди на македонско-пајонски бронзи
Содржина
музеј од Скопје преку научниот проект Долината на Вароар во I милениум пр. не..1 доведе до откривање на бројни некрополи од постарото железно време кои наполно ја изменија сликата за овој период во Република Македонија. а многубројните наоди ги збогатија музејските збирки до таа мера што тие денес претставуваат главен музејски фонд. Стручната литература во која се објавени резултатите од овие истражувања е обемна.
Во оваа прилика објавуваме група наоди повремено откривани од приватни лица на повеќе локалитети. кои се наоѓаат претежно во северните региони на Република Македонија. Макар што нивното прецизно место на откривање е недоволно познато.2 како и околностите под кои се најдени, сметаме дека објавувањето на овој материјал ќе биде користен и ќе даде придонес во согледувањето на бројноста на овој вид наоди кај нас, како и вочување на формите, типовите и варијантите на македонските бронзи, кои во случајов досега не беа познати.
Со оглед на околностите на наоѓањето, принудени сме да ги презентираме наодите во вид на граѓа без погребниот коментар. кој можеше да произлезе ако беше откриен од страна на стручни лица. Видот на материјалот со кој располагаме ја услови нашата поделба на следниве категории: накит, украсно-утилитарни предмети3 и култни предмети.
НАКИТ
Торквеси
Торквесите изработени од тордирана жица со свиткани краеви (сл. Ги 2; цр. 1, а, б) припаѓаат на добро познатиот тип накит распространет на Балканот и надвор од него. Нивната појава може да се следи од времето на погребувањата во Вергина, па натаму преку примероците откриени на локалитетите во Долно Повардарие - во Бохемица, Сува Река-Гевгелија. Долно Оризари кај Велес и др.4 Примерокот од Мелезник-Дедели, откриен во гробот 25, се јавува како наполно идентичен.5 Соодветен примерок
потекнува од локалитетот Сува Река на Косово.6 Нашите торквеси се i | различни по димензии: нивниот преч- Уе 6 7 движи од 12.8 до 10.8 см. we ФЕ Белегзии Цр. 1
Оваа група наоди содржи 11 масивни белегзии (сл. 3-5: цр. 2. а. б. в ) кои припаѓаат на типот белегзии со префрлени краеви. Нивните димензии во пречник се движат од 6.7 до 8.4 см. Осум примероци од истиот тип се со помали димензии, со пречник од 5.5 до 3.6 см, и се сметани како детски. Сите примероци се со мазна површина, со исклучок на еден детски примерок кој има низа од коси зарези. Овој тип белегзии е значително застапен на Балканот. Наоѓани се на Криви Дол во Радање, Бучинци, Орешани и Средно Нерези кај Скопје, Кумановска Бања и gp.7 На некрополата во
OOOO
Дедели нивното присуство не е забележително. Се добива впечаток дека се специфичност на северните пајонско-агријански простори.
Еден примерок на детска белегзија со навои (сл. б) зачувана во четири дела припаѓа на типот белегзии од спирално навиткана жица. Овој тип белегзии е присутен на некрополите од постарото железно време. Еден од најзабележителните наоди во оваа група е сребрената двопетлеста игла-шнола. (сл. 7; цр. 3) Овој убав примерок. со должина од 14 см, припаѓа на типот игли со тричлени прстенести задебелувања над петелката. Овој вид женски реквизит. изработен претежно во бронза. е присутен на македонските локалитети, како и пошироко на Балканот. Соодветен примерок потекнува од гробот 81 од Мелезник-Дедели.9
На нешто подоцнежно време, последните децении на VI век, припаѓа бронзената игла од т.н. пелопонески тип (сл. 8, 1; цр. 4). Кај нашиот примерок зачувана е само главата во висина од 2.8 см. Игли-шноли од овој тип се познати особено од погребувањата во Требеништа и Синдос, каде меѓу останатите се откриени луксузни примероци изработени во сребро и
Lip. 4
злато.10 Од еден гроб во Милци најден е сличен примерок изработен во бронза,11 примерок од Глос. Откриен е како вонгробен наод, што значи дека припаѓа на постаро погребување. Овој случај наведува на помисла дека пелопонескиот тип иглишноли можеби имаат порани почетоци, на
9
2
што би требало да се посвети внимание во
5
идните истражувања.
Двете топчести глави со зачувана вис. од 1.6 сМ 1.8 см, веројатно делови од шноли (сл. 8. 2 и 3; цр. 5, a, 6), припаѓаат на истото време.
Мониста
Биконусните мониста-перли (сл. 9) се чест наод во женските погребувања на постарото железно време. Се јавуваат во ограничен број варијанти, односно со незначителна разлика во големината. Нашите се of 1.8 см. Распространети се на Балканот, како и на нашите локалитети. Временски нивната употреба навлегува во VI век.
Сл. 9
УКРАСНО-УТИЛИТАРНИ ПРЕДМЕТИ
Токи
Четирите наполно идентични токи (сл. 10, 1-4; цр. 6) со пречник 4.4 см, навестуваат можност дека се најдени на едно место, односно дека потекнуваат од исто погребување. Веројатно сите четири биле составен дел на кожен колан врз кој биле аплицирани. Тоа се кружни токи со четири перфорации и испупчување во центарот. Петтата тока со пречник од 4.2 см е
слична на претходните (сл. 10, 5; цр. 7), со таа разлика што перфорациите12 имаат форма на лист. Според досегашните наоди се заклучува дека овој вид кружни перфорирани украсни токи не се најдени во втората половина на УП и во УГ век. што значи дека припаѓаат на групата постари типови. Мошне сличен примерок потекнува од Радања. Од исти тип е и токата од Бразда, со таа разлика што оваа има тордиран прстен околу перфорациите.
Уште две токи се интересни по својата форма. Првата (сл. 11: цр. 8) има издолжена форма: горе три калотести дела по кој следи тристран дел што завршува со кружна алка. Под тројнокалотестиот дел се наоѓаат петлици за
пришивување, сите излеани во едно парче; вис. 9.3 см. Аналогни примероци не ни се познати.
Втората се состои од два лепезести дела поставени паралелно (ел. 12; цр. 9). Под помалиот дел има петлица за пришивање: вис. 6 см. Колку ни е нам познато, овие форми за прв пат се јавуваат во репертоарот на Македонско-пајонските бронзи. Дналогни примероци не ни се познати.
Третата тока, со пречник од 8.2 см (сл. 13) има кружна, благо
конусна форма со испупчен раб и Сл. 13 мало топчесто израстување во центарот. Украсна орнаментика не се забележува.
Делот од т.н. пробиен појас со осум триаголни перфорации во два реда (сл. 14; цр. 10) е со должина 5.7 см. Токата ја красат четири низа од кружни зарези со точка. На јужните балкански простори е исклучително редок наод. Според досегашните наоди, просторот на источна Србија и северозападна Бугарија се смета како нивно матично подрачје. На подрачјето на Македонија откриени се слични примероци во Виница и Волково кај Скопје. Во Дедели с откриен стилски сличен примерок. НО со поинаков распоред на перфорации. Ова погребување се смета како помладо во некрополата на
Мелезник, па според тоа, токата би припаѓала на крајот на УП и првата
ша сет половина на VI век. Соодветен при- 9 s мерок потекнува од околината на
Копчиња
Нашата
збирка содржи 12 мали калотести копчиња. со пречник од 1.5 см (ел. 15; цр. 11) едноставни по фор-
ма со мазна по- / ае \
вршина и петлица за зашивување врз облеката. \ ?
Според досегашните наоди се чини дека формата на да
овие копчиња не се менувала во текот на долг вре-
менски период. Наоѓани се во погребувања од разни
КУЛТНИ ПРЕДМЕТИ
Бокалчиња
Нашата група бронзи содржи три минијатурни сатчиња-бокали со засечен врат (сл. 16, 1-3; цр. 12) Украсени се со снопови од врежани линии под устието, на вратот, на најширокиот дел од стомакот, како и по должината на рачката. Кај сите примероци дното е завршено брадавичесто, што значи дека овој вид сатчиња не бил наменет да стојат на рамна површина; дим: вис. 4.5, 4.5 и 4.9 см. Овој вид сатчиња припаѓа на раните типови од т.н. Македонски бронзи. На територијата на Македонија откривани се во гробови од ти-
пот хумки, формирани од нафрлан камен, почнувајќи со старите, добро познати примероци од Радање. потоа од Кумановска Бања, во Виница, Куново и др. Ископувањата во Чаушица дадоа вакви наоди. Според сите елементи за околностите на откривањето се воочува дека овие сатчиња припаѓаат на постарите форми од Македонските бронзи, временски врзани за првата половина на УП век. Во гро-
Цр. 12 бови од типот цисти досега не се најдени. Нај-
често се наоѓани надвор од гробовите, третирани како исфрлена содржина од постари погребувања. Нивната големина и форма, без сомнение, укажуваат дека овие бокалчиња имаат култна намена, но нивната улога, како впрочем и на другите култни предмети, не е јасна. Веројатно е поврзана со опиумот. но на кој начин тешко е да се согледа.
Афионови чашки
Предметите во форма на т.н. афионова чашка (сл. 17, 1-3; цр. 13) се исто така добро познати во групата македонски бронзи.15 Додека претходната група бокалчиња со косо засечен врат ја задржуваат својата форма речиси непроменета во текот на продукцијата, афионовите чашки доживуваат значителен развој и промени во формата и типовите. Од основниот тип на едноставни топчести сатчиња со нога и два паралелно поставени израстоци на венецот вертикално продупчени преку кои е провлечено конопче за прицврстување. каков што е оној од гробот 30 во Дедели, во текот на продукцијата доживуваат изразит развој на типови и варијанти, по величина
стануваат значително поголеми, израстоците врз венецот, како и на копачињата, добиваат форма на клун од шатка (пачји клунови). Најлуксузните варијанти добиваат дополнителни украси во вид на приврзоци прикачени за афионовата чашка.16 16 Примероците од нашата група бронзи припаѓаат на едноставните варијанти, украсени со снопови од врежани линии (дим.: вис. 3.6 см, 4.4 cm 4.6 см), па според тоа можеме да ги сметаме како постари. Почнувајќи со наодите од Радање и наоцр. 13 дите од Велес, бронзените предмети во форма на афионовите чашки се откривани на Градиште-Кнежје, Глос-Грчиште и Исар-Марвинци кај Валандово, Сува Река и Милци во Гевгелија, Долно Оризаре кај Велес. Орешани кај Скопје. На некрополата Дабици-Сопот откриен е адекватен примерок.17
Биконусни топки
Пет биконусни топки, (сл. 18; цр. 14, а-д) вертикално кружно пробиени, со прстенесто задебелени рабови; дим:: вис. 2 см, 2.3 см, 2.6 см, 2.6 см, 2.7 см, 2.9 сми 3.1 см. Наодот од Орешани содржи соодветни примероци. Нивната улога е тешко да се одгатне. Најверојатно стоеле врз афионовите чаши. како што е случајот со топчестиот предмет од гробот 15 од Лисичин Дол во Марвинци.18 !8
Висулци
Нашата група бронзи содржи 23 висулци-пандантифи (сл. 19; цр. 15, а, б) Во основа тие имаат топчеста форма. На дното и трите страни на телото пробиени се кружно со прстенесто задебелени рабови. Меѓу овие се направени
по два вертикални засеци. На горната
страна поставено е алче за прикачување О кое е целосно излеано. Височината им варира незначително: 3.7 см. 3.9 см. 4.0 см, 4.2 см и 4.5 см.
Колку ни е нам познато, висулци во ваква форма не се откриени на некрополите од железно време. Во Дедели ги нема, како и на другите локалитети во еѕ ; Македонија. Во наодот од Кумановската Бања се наоѓа еден висулец кој пот- Цр. 15 сетува на нашите примероци.19 Ваков број идентични висулци веројатно бил составен дел20 на колан на кој тие биле нанижани.
Нешто поинаква форма има еден висулец со вис. 4.3 см, со осум пробиени отвори кои имаат триаголна форма и четири израстоци, какви што има и алката преку која висулецот бил прикачен за некој дел од облеката или украсните додатоци (сл. 20. 1; цр. 16. а). И овој привзок во Дедели21 нема аналогии. Мошне слични по форма се два приврзока од наодот откриен во Кумановската Бања, со таа разлика што овие при дното имаат уште еден дополнителен дел.
Следниот висулец со топчеста форма и вертикално пробиени зарези, (сл. 20, 2; цр. 16, 6 ), вис. 4 см, потсетува на примерокот од Дедели 2!, со таа разлика што овој последниов има издолжена форма. Деделскиот примерок е откриен како случаен наод, односно како наод од постара, исфрлена гробна содржина во близина на гробот 59. Судејќи според околностите под кои е овој најден, може да се заклучи дека во случајов се работи за постара форма на приврзоци. Ова време би требало да се однесува и за нашиот примерок.
Два идентични украсни висулци (сл. 21; цр. 17, а, б) имаат не така честа форма. На триаголниот пробиен дел се надоврзува топчесто задебелување фланкирано со тројни прстенести задебелувања. Овие висулци секако краселе некој дел од облеката изработен од кожа; вис. 4.5 см.
Еден кружен приврзок (ел. 22) е идентичен со појасната гарнитура од гробот 15 од Лисичин Дол во Марвинци;22 вис. 6.2 см.
Уште две украсни токички веројатно служеле како додатоци на кожни делови од облека. Едниот има форма на т.н. песочен часовник, со вис. 5.4 см (си. 23; цр. 18), другиот се состои од два триаголни дела соединети со кружен дел; вис. 5.6 см (сл. 24; цр. 19).
Првиот примерок на висулец-птица, (сл. 25, 1; цр. 20, а) цир. 8.4 см, припаѓа на типот стилизирани фигури на барски птици, шупливо лиени. со прстенесто обликуван отвор на телото какви што ни се познати од Радања. Босилеград. Орешани и некои локалитети во Повардарието.23
Вториот примерок, (сл. 25, 2; цр. 20, 6) цир. 5.2 см, се разликува од претходниот во 23 И. Венедиков, ор. си. сл. 03; Р. Пашиќ, ор. си.. Т. 1, 10; Д. Митревски. Протоисториски
на две куќи. Сличен примерок е најден на некрополата Криви Дол-Радање, објавена од Венедиков.24
Третиот примерок е во вид на мала стилизирана фигура на сплескана птица, едноставна по форма; вис. 4.4 см (сл. 95, 3: цр. 20, в). Како најблиски аналогии би требало да се посочат наодите од Фере во Тесалија. На нашата територија се откривани одместо-наместо, но особено во Повардарието.25
Светилки
Нашата група Македонски бронзи содржи еден исклучително редок наод. Се работи за светилка изработена во бронза со полутопчест реципиент и сплескана рачка. приспособена за полесно држање. Врз рачката е аплициран израсток во вид на лист кој асоцира шаткин клун. При крајот рачката е дупната. На спротивната страна се наоѓа издолжен клун со канал. при крајот затворен. На дното се врежани пет кругчиња со централна точка; дол. 6.5 см (сл. 26; цр. 21).
Предметов го нарековме светилка, макар што неговата форма не ја оправдува наполно ваквата квалификација. Не може да се види каде стоел фитил, клунот преку кој може да се излие течното масло е затворен. Изгледа дека во него се ставала некаква смеса која служела за тетовирање или дрогирање.
Во секој случај. тој играл некаква улога како утилитарен предмет во функција на обредите при извршувањето на ритуално-магиските обреди нам се уште таинствени, чија содржина можеме само да ја насетуваме.
Кутија
Овална форма изработена од железо: вис. 3.4 см (сл. 27, цр. 22). Веројатно служела за чување накит. во прв ред прстени. обетки и др. Многу е кородирана.
И во нашата група украсни-утилитарни предмети, како и меѓу веќе
познатите наоди, се забележува значително разнообразие на одделни
Gir, 27
парчиња од оваа категорија. значи парчиња кои имале јасна утилитарна намена (фибули, копчиња, токи за појас). Извесни други парчиња можат да се сметаат како нужен реквизит поврзан со начинот на облекувањето (разни видови токи, пафти и делови за кои биле прикачувани инструменти или други предмети). Секако, присуството на повеќе предмети во погребувањата треба да се сфати како одраз на економската состојба на поединецот. Меѓутоа, се забележува дека при ситуација на мноштво утилитарни предмети кои ја краселе облеката и поедини детали од облеката, станува јасно дека на овој начин биле облечени личности кои имале одредена значајна улога во општеството. Најверојатно таква облека била носена во определени ситуации. Со други зборови, постоел извесен сталеж, односно поединци со определени занимања кои извршувале одредена функција. а кои требало да бидат репрезентирани и со своите надворешни обележја преку бројни украсни и утилитарни детали како знаци на распознавање - токи, појаси, пандантифи и др.. чија намена и значење не сме во можност да ја согледаме. Но и при ваква состојба на работите веќе с направен извесен напредок. Имајќи го предвид забележителното присуството на предмети во форма на афионова чашка, за која имаме претпоставено дека служеле како контејнер за опиум,26 што подоцна е потврдено со анализа на содржината од афионовата чашка од гробот 15 од Лисичин Дол.27 можеме да претпоставиме дека постоеле луѓе квалификувани во своите занаети кои ги давале своите услуги поврзани со афионот. дејствие претворено во ритуален чин општо практикуван во поширокото опкружување. Во таа смисла, би требало да се сфати присуството на предмети во форма на афионова чашка во погребувањата како контејнери за опојни средства кои треба да послужат и во задгробниот живот. Други предмети (псалии и сл.) треба да се објаснат како инструменти со кои е спроведен ритуалниот чин. Овие дејности како да имале допирни точки во извршувањето на активностите. констатација која се наметнува од присуството на предмети кои се повторуваат. Притоа, овие активности попримувале форма на религиозен ритуал извршен со голема доза на мистичност. што може да се заклучи според присуството на одделни предмети со култна намена и значење во самите погребувањата.
Меѓутоа, имајќи го предвид фактот дека се тоа вотивни предмети. по правило наоѓани како гробни прилози. мора да се смета на нивна суптилна природа и нивното значење да се бара во погребниот ритуал. Афионот како средство за успивање наоѓа оправдување како гробен прилог со оглед на верувањето дека умрениот е само привремено успиен. до неговото преминување во другиот свет. Па улогата на herb cups треба да се објасни како сад во кој при погребувањето е ставан опиум. кој треба да му послужи на починатиот во другиот свет.
Предметите од Македонско-пајонските бронзи со култно значење, речиси без исклучок се откривани како гробни прилози. Нема сомнение дека се специјално изработувани за погребни цели. Ископувањата на населбинските остатоци од железното време даваат слика на моите скромно живеење. Во културните слоеви металните предмети се исклучително ретки, а керамиката е од мошне скромен квалитет. Затоа, содржината на гробовите зачудува со своето богатство и бројност на предмети, што покажува дека целото внимание на живите е насочено кон погребниот ритуал и култот кон умрените.
Покрај користењето на опојните сретства кое имало, како што изгледа, значајна улога во пајонското општество на постарото железно време. некои парчиња од култните бронзи можеби служеле како реквизити за тетовирање. Зборувајќи за Тракијците. Херодот вели дека тие се тетовирале, дека тетовирањето било знак за племство,. а оној кој не е тетовиран. потекнува од прост сталеж.28 Оваа информација ни дава за право да претпоставиме дека и Кај пај онско-агриј анската повисока општествена класа постоела ваква практика на тетовирање.
Бројноста на предметите со култна намена и значење присутни во погребувањата на постарото железно време наведува на помисла дека култот кон умрените и верувањето во задгробниот живот ТО надминува култот кон СОНцето. за кое знаеме дека Пајонците особено го почитувале. Меѓутоа. во секоја прилика не е пропуштено и сонцето да се обележи и прикаже со востановените соодветни симболи, кои инаку често ги среќаваме - птици или особено практикуваниот манир на орнаментирање со хиероглифскиот знак на египетскиот бог Ра - мал круг со точка во центарот врежуван на бронзените предмети.
Што се однесува до датирањето на нашата Македонско-пајонска група бронзи, во досегашното изложување тоа е нагласено кај одделни категории. Земено како целина можеме да констатираме дека тие припаѓаат во најголем дел на постарите форми. што значи дека го исполнуваат VII век со можни порани почетоци.
Макар што располагаме со интересна група од Т.Н. Македонски бронзи. меѓу кои се застапени форми кои првпат се јавуваат на нашата територија, (во прв ред светилки и неколку типови приврзоци) заради околностите на наоѓањето лишени сме од информациите кои би ги понудиле гробните типови во кои е овој материјал најден, како и последователните заклучоци кои би произлегле од тоа.
Единствено што знаеме е тоа дека нашата група наоди, што во оваа прилика ја објавуваме, територијално припаѓа на пајонско-агријанскиот простор на кој се наоѓаат локалитетите Бучинци. Орешани и Бразда кај Скопје, Кумановска Бања, Градиште-Коњух, Босилеград и др. Имајќи го предвид територијалното простирање на наведените локалитети, од кои во најголема мера потекнуваат истоветните форми, типови и варијанти на наодите од македонско-пајонските бронзи, се наметнува констатација дека овие простори биле населени со пајонско-агријанска популација. На ваков заклучок упатуваат и повеќе воочени елементи поврзани со појавите во погребниот ритуал.
Новите согледувања до кои доаѓаме во оваа прилика наполно се сложуваат со нашата констатација искажана уште пред повеќе од една деценија дека овие простори биле населени со пајонското племе Агријани, констатација која се однесуваше во прв ред на архајскиот периоди раната антика. Сега на Агријаните можеме да им припишеме и поголема старост и можеме да кажеме дека тне ги населувале овие простори и во текот на постарото железно време, констатација која со секое ново откритие добива соодветна потврда.30
Cone Krstevski
Viktorija Sokolovska Museum of Macedonia - Skopje
Белешки
- Научниот проект Долината на Вардар во I милениум Up. ке.. раководен од д-р Викторија Соколовска и м-р Радмила Пашиќ. отпочна во 1976 г. со ископувањата во Гевгелија на локалитетите Сува Река и Парагон. Потоа следеа ископувања на Мелезник-Дедели, Милци-Гевгелија, Кршлански Гумења кај Виница и на други локалитети; види: Д. Митревски, Дедели. Некропола од железното време во Долно Повардарие, Скопје 1991, У. ↩
- Предметите се купени од приватно лице за Музејот на Македонија. ↩
- Бројноста и разновидноста на наодите од т.н. Македонски бронзи го отежнува разделувањето на одделни примероци по категории. Се добива впечаток дека добар дел од предметите за кои се помислува дека имаат украсна улога, имаат всушност култно значење. Го користиме востановениот термин „бронзи“. макар што нивниот состав е всушност бакар. ↩
- M. Andronikos, Vergina I, Athens 1969, Pin. 85, 123 и 125. ↩
- Д. Митревски, Дедели, сл. 24. ↩
- За примерокот од Сува Река - H. Бурив-Славковиќ. Илирски тумули код Суве Рехе, гмкм 9, Приштина 1964, Т.ІІІ, 4; за примерокот од Широко, види Љ. Дасић, Праисториско населје на Широком, Т. 8, сл. 2. Сличен е и примерокот од Властица, кој има истенчени краеви, види: К. Ључи, Археолошко благо Косова и Метохије, Београд 1996, 158 б. ↩
- Види: М. Гарашанин - Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању - „Криви Дол“, Зборник на Штипскиот народен музеј, Штип 1958-1959, сл. 67-68; Д. Корачевиќ. Наод од халштатско време од Бразда кај Скопје. Масеԁ. acta archaeol. 3, 1977, 57 и н.. No. 3, 4; Р. Пашиќ, Бронзени прдмети од околината на Скопје. Масеԁ. acta archaeol. 4, Прилеп 1978, 59 и н. T. I, 12; 3. Георгиев. Необјавени и нови наоди од Повардарието, гзфф 14, Скопје 1967, сл. 2, Б и B; За наодот од Кумановска Бања. види заб. 19; К. Ристов, Гроб-питос од Средно Нерези. Скопје, Масеԁ. acta archaeol. 14, 1996, Т. Ги Т. IL. ↩
- M. Andronikos, Vergina I, Pin. 91, 94, 99. ↩
- Д. Митревски, Дедели, сл. 46, откриен во гробот 81; За двопетлести игли воопшто, види: R, Yasi¢, Ein Veitragzu den Dopelnadeln im Balkanraum, Pr. 7. 57-2, Berlin 1982, 239. ↩
- За иглите-шноли од Требеништа и Синдос и наодите во Повардарието, види: В. Соколовска, Етничките носители на Требенишката некропола, Скопје-Охрид 1997, 42, Сл. ↩
- Георгиев, Елементи на раната антика, гзфф Скопје 1984, сл. 7а. ↩
- И. Венедиков. Баргала. Раскопки и проучения I. Софија 1948. сл. 66; Д. Корачевиќ. ор. cit. сл. 11. К. Ристов, ор. cit., 94. ↩
- Д. Митревски, Дедели, сл. 43, откриен во гробот 71; Р. Васић, Бронзе из Велеса у музеју Benaxu, за 24, 213 wu. T. Il, cn. 203. ↩
- И. Венедиков, ор. cil, сл. 61, Д. Митревски, Дедели... сл. 50; Д. Митревски, Протоисториски заедници. 804 Кар. 10. 804. Кат. 84: n: Георгиев. ор. cit.. cur. ЅА и и) ↩
- За афионови чашки, општо, види: J. Bouzek, Graeco-Macedonian bronzes, Praha 1973. ↩
- В. Соколовска. Прилог кон проучувањето на духовната култура во Пајонија, Религиите и религиските аспекти на материјалната и духовната култура, Скопје 1996, 13-118. P. Пашиќ, op. cit., T. I, 4-6. ↩
- И. Венедиков, ор. cit., сл. 60; М. Гарашанин - Д. Гарашанин, ор. cit., сл. 57-61; Р. Васиќ, ор. cit., Т. ЕР. Пашиќ, ор. си. Т. 1, 13: 3. Видески. Лисичин дол - Марвинци, некропола од железно време (истражувања 1997), Масеԁ. acta. archaeol. 15. Скопје 1999, гроб 18, T. УШ 5; Д. Митревски, Протоисториски заедници. 287, Кат. 16: 289, Кат. 18; 290, Кат. 20 и Кат. 21: 293, Кат. 25. ↩
- Н. Вулиќ. Антички споменици наше земъе. Споменик 98. Београд 1948. 271. ↩
- Tdem. ↩
- Д. Митревски, Гробот на пајонската свештеничка од Марвинци, Масеԁ. acta archaeol. 15. 69 и н.; 3. Видески, Лисичин Дол-Марвинци, Масеԁ. Acta Archaeol., 15, 91 и н. ↩
- Д. Митревски. Дедели..., Т. XXII, 17; сл. 41. заедници. 293, 95. ↩
- И. Венедиков, ор. cit., сл. 62. ↩
- Р. Пашиќ, и др.. Некропола Милци кај Гевгелија, Културно наследство Х-Х1, Скопје 1987, T. 1, 1, 2. Георгиев, Бонгрооните наоди од јужноповардарските некрополи од железно време, Maced. acta archaeol. 6, сл. 1. ↩
- В. Соколовска. Духовна култура... 117. ↩
- Д. Митревски, Гробот на пајонската свештеничка.... 82. ↩
- Херод. V, 6. ↩
- a територијата која во раната антика била населена со Агријани. види: В. Соколовска, Пајонското племе Агријани и врските со Дамастион, Масеԁ. acta archaeol. 11, Скопје 1991, дин. ↩
- К. Ристов, ор. cit., 34. ↩
Summary
New Finds of Macedonian-Paeonian Bronzes
(Summary)
The article publishes a group of finds belonging to the type of Macedonian bronzes that have been discovered by _ individuals at various sites, mostly in the north areas of R. Macedonia. Although the context of discovery is unknown, it is considered that publishing of this material would be useful for comprehending the scope of finds of this kind in these territories, as well as indicating the forms, types and varieties of Macedonian bronzes that have been unknown so far.
The archaeological material has been classified in the following categories: jewellery, embellishing-utilitarian objects and cult artifacts.
The jewellery includes torcs of twisted wire, eleven massive bracelets of the type of one and a half coil, only one of which is decorated with slanting notches. Bracelets of this type were considerably frequent in the Balkans, but it seems they were distinctive of the northern territories of Paeones and Agrianes. One specimen of children’s coil bracelet is distinctive of Early Iron Age necropolises. Various pin-forms and bi-conical beads are frequent finds in burials of women from this period.
The embellishing-utilitarian objects are represented with: round buckles with four slits and a protruded centre, which belong to a belt; oblong buckles with three hemispheric ornaments; part of a belt with eight pierced triangles arranged in two rows; twelve small hemispheric buttons, etc.
There are also various specimens of the so-called Macedonian bronzes with cult connotations. This group of bronzes comprises three miniature vessels — jugs of slightly cutaway neck, decorated with clusters of engraved lines below the rim, at the neck, the widest part of the body and along the handle. These vessels belong to the oldest shapes of Macedonian bronzes associated chronologically with the first half of the 7th century BC.
Artifacts shaping poppy-cup are well known objects in the group of Macedonian bronzes. The specimens considered in this article belong to the simpler varieties, decorated with clusters of engraved lines and could consequently be considered of older date.
This group also includes five bi-conical ornaments, twenty-three ball-shaped pendants with holes pierced through and many other forms of pendants. Among the most outstanding are the pendants shaping stylized figure of waterfowl.
The group of Macedonian bronzes comprises an exclusively rare find of a bronze oil lamp. It has a hemispherical recipient and flat handle with leaf-shaped ornament reminiscent of duck beak. This utilitarian object was also used in magic and ritual activities. This group of finds shows considerable diversity. There are objects of apparent utili-
tarian intention (fibulae, buttons, belt buckles). Other items could be considered part of
personal accessories related with clothing (various buckles, belt ornaments, objects for holding instruments, etc.). The objects belonging to Macedonian-Paeonian bronzes had cult connotations and were used as drug containers or for making tattoos. The group of finds published in this article belong to the territory of Paiones and Agrianes.
Regarding the dating of this group of Macedonian-Paeonian bronzes, they could mostly be inferred to belong to older forms dating from the 7h century BC with possible earlier dating.
Translated by Nada Andonovska