Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 365–367

Д-р Бошко Бабиќ (1924-1998)

Илустрација, стр. 365

Д-р Бошко Бабиќ е еден од доајените на македонската археологија, особено на средновековната и словенската. Денес веќе со право може да се каже дека тој со својата работа на ова поле ја одбележа втората половина на XX век во Македонија.

Не го велам ова само заради повеќедецениските археолошки ископувања на Маркови Кули. Варош и Дебреште кај Прилеп. кои почна да ги истражува уште од педесеттите години, па преку десетици други археолошки локалитети низ Македонија, меѓу кои би ги издвоиле истражувањата на Скопско Кале. Скупи. Виничани, се до неговото последно истражување на лок. Трнче-Стреа, с. Пепелиште кај Неготино. туку и заради другите активности во оваа сфера.

Како што е познато, тој с основач на Народниот музеј од Прилеп, со кого раководеше 25 години, на Институтот за старословенска култура, иницијатор за формирање на Музејска збирка на тутунот, основоположник на Археолошкото друштво на Македонија...

Македонските археолози со задоволство и гордост се сеќаваат на неговото претседателствување со Сојузот на археолошките друштва на Југославија од 1972 год., одовде, од Прилеп. Во тоа време, македонската археологија се избори за едно високо место, не само во рамките на поранешна Југославија туку и пошироко.

Како голем организатор тој беше душата на бројни стручни и научни средби на археолозите. не само од Макеоднија туку и од пошироки меѓународни размери. Забележително беше и неговото учество на

многубројни меѓународни симпозиуми и конгреси, меѓу кои, особено

место зазема учеството во работата на Меѓународната унија за словенска археологија, за чиј преседател беше избран во 1985 год. во Киев.

Тој е основач и долгогодишен уредник на сега веќе престижните стручни списанија Macedoniae acta archaeologica и Balcanoslavica.

Историчарите на уметноста допрва ќе го валоризираат неговото авангардно и доследно организирање и одржување на дури четири ликовни колонии во Прилеп, меѓу кои, е и првата сликарска колонија во Македонија основана во 1957 год. Покрај тоа, го води и Скулпторскиот симпозиум „Мермер“, Интернационалното студио за пластика, за сето тоа да го обедини во познатиот Центар за современа ликовна уметност.

Работата на овис интернационални колонии и понатаму трае, а како резултат од тоа се колекциите од повеќе стотици уметнички дела на уметници од целиот свет, кои од година во година стануваат се побројни.

Едноставно кажано, тој беше човек со многу полет, енергија и имагинација, но истовремено и со голема цврстина, така што повеќето од своите, напати смели и необични замисли за она време, можеше и да ги реализира.

Тој беше харизматична личност.

Јас живо се сеќавам на нашите средби и дискусии. особено на оние што се случуваа на Маркови Кули. Таму, по правило ги водев своите колеги и гости од странство, а на почетокот на семестарот и студентите заради одржување теренска настава. Како што е познато. Маркови Кули-Варош-Прилеп е најистражуваната средновековна локација во Македонија, па затоа се очекуваше тука да се реализираат и најадекватните часови по методологија на истражување од областа на средновековната археологија.

Впрочем. и неговата докторска дисертација одбранета во Лублин - Полска, во 1980 год., се темели на резултатите од овие истражувања. Оваа студија подоцна беше преточена во монографијата Македонските Словени во свештлинаѓта на археолошкиѓте наоди од Прилеѓ (Прилеп 1986), и е дел од задолжителната литература за подготвување на испитот по средновековна археологија.

Како и да е, сугестивноста во кажувањето на д-р Бабиќ, фасцинантноста на наодите и матичниот амбиент на Маркови Кули, од овие нагледни часови правеа незаборавно и неповторливо искуство по archaelogia viva.

Д-р Бошко Бабиќ беше чудесно вклопен во магискиот предел на Маркови Кули. тој таму беше навистина свој.

Со задоволство, но и со многу носталгија, и ден денес одам на ова место. сама или со своите колеги и студенти, и не ретко ми се присторува дека неговиот дух се уште се чувствува таму.

Всушност. на Маркови Кули и Варош најубаво можат да се видат резултатите на неговите долгогодишни, макотрпни археолошки истражувања.

Уште повеќе паѓаат B очи грандиозните зафати на конзервацијата И

презентацијата на бедемите и објектите што тој така доследно ги спроведуваше во овие непристапни и сурови услови. Не треба притоа да се изостави и неговата долгогодишна плодна соработка со врвните полски конзерватори од Полскиот конзерваторски завод.

Тој имаше доблест своите теренски истражувања да ги круниса и со објавување на материјалите. За жал, останаа уште многу незавршени текстови, меѓу кои, и неговата опсесивна идеја за една компаративна студија за проблемот на Magna Mater, со која се носеше до смртниот час.

Сепак, тој ја збогати археолошката мисла на Македонија со преку 100 библиографски единици. Меѓу нив има и такви кои влегуваат во антологијата на студии од областа на археологијата и историјата на уметноста во Македонија. Автор е и на повеќе филмски и телевизиски сценарија и носител на многубројни проекти и елаборати.

Зборувајќи за неговите активности во сферата на археологијата, неодминливо е да се спомене и една навидум алтернативна дејност, библиофилството. Тоа, пак, по својот домен на делување, според мене, може да се вброи меѓу неговите најголеми заслуги.

Имено, со откупи, размена или дарување тој ја физиономираше својата домашна стручна библиотека со над 10.000 наслови, а во голема мера ги формираше и библиотеките на Институтот за старословенска култура и на Народниот музеј од Прилеп.

Сведоци сме на фактот дека многу студенти. постдипломци и стручни лица се едуцираат во овие библиотеки, а јас сум убедена дека уште долго време, уште многу генерации археолози ќе црпат знаења и искуства од литературата што тој ја собра.

Па дури и ако ги оставиме настрана сите други работи што тој ги спроведе во текот на својот живот во областа на археологијата, историјата на уметноста, музеологијата, конзервацијата, презентацијата, издаваштвото, во 300- гатувањето на научната мисла, библиофилството итн., и ако го земеме предвид макар и само ова последново, треба да му бидеме благодарни за она што го направи и со почит и JbyOOB да се сеќаваме на неговата личност и дело.

Елица Манева Филозофски факултет - Скопје