Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 349–363

Антрополошкиот аспект на етногенетските процеси во Македонија од бронзеното време до среден век

Историската антропологија досега не учествувала во проучувањата на етногенетските процеси во Македонија, првенствено, поради недостиг на скелетни наоди, особено скелетни серии од подолг, континуиран временски период.

Малку е познато дека истражувања на скелетните остатоци на луѓето од минатото започнале напоредно со првите археолошки ископувања во Македонија. Првата антрополошка анализа е извршена триесеттите години од XX век на скелетните остатоци од Требеништа-Охрид.

ОД педесетитте до осумдесеттите години антрополозите учествуваат во археолошките ископувања (Демир Капија, Стоби) или вршат анализа на веќе откриен антрополошки материјал. Во тој период во Македонија работат повеќе антрополози од Унгарија, Полска, Словенија, Југославија и Канада. Публикувани се повеќе значајни текстови. Од праисториските скелетни серии за неолитското Амзабегово-Свети Николе.2 потоа Требеништа3 и Сува Река-Гевгелија4 до античките наоди за Дебој-

Автор на анализата е Б. Шљивиќ, професор по анатомија на белградскиот Медицински факултет. Резултатите се публикувани во 1935 година под наслов „Скелетни наоди од еден праисториски гроб кај Требениште“ во списанието за морфолошка антропологија (7. Morph. Anthrop.). Во - С. Живановин, Резултати антрополошких проучавања скелета из гробова у налазишту Требениште, Balacanica XV, Балканолошки институт, Београд. 1984, 45-54.

Охрид.5 Најголем број текстови се за средновековните скелетни серии: Св. Еразмо-Охрид.е Радолишта-Струга,7 наодите од Полошкиот манастир!8 и збирната краниолошка серија од Прилеп.9

Сепак, дури континуираната грижа за антрополошките наоди организирана во раните осумдесетти години во Музејот на Македонија, овозможи формирање на поголеми скелетни серии од различни археолошки периоди.

На сегашниот степен на антрополошката истраженост е возможно континуирано следење на етногенетските процеси од бронзеното време до доцниот среден век. Недостасуваат скелетни наоди од палеолитот, мезолитот и енеолитот.

1. Материјал и користена методологија!0

1.1. Анализата е направена врз основа на над 3000 скелети кои потекнуваат од 45 археолошки локалитети!!11 откриени од 1950 до 1996 година. Вкупениот број на измерени краниуми е 534. Вкупниот хронолошки распон е поголем од триесеттина векови (XV в. пр. не. - XVII в. од не.)

За потребите на оваа анализа наодите се поделени во четири хронолошки групи: наоди од П и | милениум пр. н.е., од римско време и средниот век. Во поделбата повеќе е користена апсолутна хронологија

Ž. Mikić, Stanje i problemi fizičke antropologije u Jugoslaviji-praistoriski periodi, Posebna izdanja LIM,CBI, 9, Akademija ANUBiH, Sarajevo, 1981, 195.

5 7. Mikié, Beitrag zur anthropologie spatromischer bis spatmittelalterlischer bevolkerung Jugoslawiens, Godisnjak XXI,CBI, 20, ANUBiH, Sarajevo, 1984, 5-109.

© M. Stefancié, Ranosrednjovekovni skeleti nekropole Sv. Erazmo kod Ohrida, Etnoantropoloski problemi-monografije 5, Beograd, 1988, 80. отколку културолошка детерминација поради малиот број на праисториски скелети.

1.2. Следен е ширинско-должинскиот кранијален индекс12 (Martin No 8:1x100), кој е еден од најзначајните индекси. Населението е споредено според просечните вредности на ширинско-должинскиот кранијален индекс на скелетните серии од одредени периоди, како и фреквентната дистрибуција на категориите на овој индекс во вкупната серија на краниуми од одреден период. Следено е присуството на антрополошки типови13 во одредени пери-Оди.

Сите ститистички пресметки. како и изработката на табелите и

графиконите се извршени во компјутерската програма Microsoft Excel Ver. 5.0 а (1985-1993).

2. Антрополошки карактеристики на населението во одредени

хронолошки периоди

2.1. Антрополошките наоди од П милениум пр. н.е. потекнуваат од три локалитети во Повардарието (Табела 1). Хронолошките рамки се XV-XI век пр. не. Измерени се вкупно 17 черепи.

Најзначајни се две скелетни серии од околината на Градско кај Велес-Водоврати"“14 и Уланци"“,15 двете од ХШ-ХИ в. пр. н.е. Од Маркова Сушица кај Скопје потекнува најстариот наод во оваа група, одреден во преодот на средина во доцна бронза.16

Населенисто од ова време е доста хетерогено. Кај мажите се среќава просечна мезо-долихокранија и брахикранија, а кај жените просечна брахикранија. Хетерогеноста е поизразита кај мажите од Водоврати.

фреквентна дистрибуција на кранијалниот индекс ја потврдува претежната брахикранија со над 50% (Табела 4. Графикон 1). По зачестеност следи мезокранијата (29%), а најретка е долихокранијата (18%).

Според морфометриските карактеристики, наодите од ова време припаѓаат главно на медитеранскиот и динарскиот антрополошки тип. Единствен исклучок е еден ултрадолихокран машки череп од Водоврати, чие попрецизно антропо-типолошко определување не е возможно поради слабата зачуваност.

Илустрација, стр. 352

2.2. Антрополошките наоди од | милениум пр. н.е. потекнуваат од 9 археолошки локалитети, главно, од Повардарието (Табела 1). Од Скопската Котлина се Бразда.17 Варвара!18 и наодот од населбата I’. Петров.19 Кон југ по течението на Вардар е малата хеленистичка некропола од палатата Перистерија во Cro6u. Од валандовско-гевгелискиот регион се Дедели?!21 и Зелениште-Валандово.22 Сува Река??23 и Вардарски Рид?4-Гевгелија. Единствен локалитет кој е од западна Македонија е Требениште?“25 кај Охрид.

Хронолошките рамки на наодите се УШ-Ш век пр. н.е. Некрополите од кои потекнуваат скелетите се одредени во железното време. архајскиот, класичниот и хеленистичкиот период.

Најголем дел од скелетните наоди се од рамни некрополи и се инхумирани. Скелетниот материјал од овој период е многу слабо зачуван. Најбројни се поединечните наоди или мали скелетни серии со неколку зачувани скелети. а од четири некрополи потекнуваат поголеми серии. Најбројни и најдобро зачувани се наодите од Дедели-Валандово и Сува Река-Гевгелија. Измерен е 21 череп.

Населението од ова време го карактеризира доминантна брахикранија и голема хомогеност. Постои голема сличност на наодите од Повардарието. Поголеми разлики постојат единствено кај неврокраниумот од Требеништа, кој е со нагласена должина, тесен и хипердолихокран.

Фреквентната дистрибуција на кранијалниот ширинско-должински индекс ја потврдува доминантната брахикранија на населението со 71% (Табела 4, Графикон 1). Следи мезокранијата со 24%, а најретка е долихокранија-

Најголем дел на краниумите припаѓа на динарскиот и медитеранскиот антрополошки тип. Слабата зачуваност и недостиг на фацијалниот скелет на черепот од Требениште-Охрид оневозможува попрецизна антропо-типолошка детерминација.

2.3. Краниометриските карактеристики на населението од римско време се познати преку скелетни остатоци од 15 археолошки локалитети (Табела 2). И понатаму се најбројни наоѓалиштата од Повардарието. Хронолошките рамки на серијата се П век пр. н.е.-У/УТ век. Антрополошките наоди, главно, се слабо зачувани и некомплетни. Вкупниот број на измерени черепи е 185.

Најбројна е серијата од Стоби со над илјада скелети (заклучно со истражувањата 1992 година). Најдобро зачуван антрополошки материјал потекнува од Скупи. Двете серии се збирни. формирани од скелети откриени на сите локации во рамките на наоѓалиштата. Скелетната серија од Стоби ги опфаќа наодите од Западната некропола.26 Внатрешниот бедем2727 и Епископската базилика.28 а од Скупи од Западната.29 Источната некропо-30 ла“ и Цивилната базилика.31

Значително се помали сериите од Дебој-Охрид,32 Опила3333 и Отошница34-34

A. Wesolowsky, Burial customs in the West Cemetery, Studies in the antiquities of Stobi I, Beograd, 1973, 97-137.

2K. Винчиќ - М. Ивановски, Стоби - заштитни ископувања на Западната некропола и во реонот на Паликурската базилика (1978 година) (Извештај).

Ж. Винчиќ - М. Ивановски - В. Санев, Заштитни ископувања на Западната некропола во има Тони (Извештај) и шеесеттина теренски дневници на археолозите истражувачи.

Крива Паланка, Жеглиговски Камен-Куманово?““35 и Чашка-Велес?6.36 Поединечни наоди потекнуваат од Кучевиште-Скопје,37 Модриште-Македонски38 Брод, Марвинци-Валандово“39 и Раул-Гевгелија.40

Според вредноста на ширинско-должинскиот индекс постои групирање во две групи. Во побројната група се просечно брахикраните серии (Табела 2). Во две серии (Дебој и Скупи) се јавува просечна мезокранија.

Претежната брахикранија на населението од ова време е потврдена и со фреквентната дистрибуција на ширинско-должинскиот индекс со 6490 на брахикрани черепи (Табела 4. Графикон 1). Брахикранијата е почеста кај жените, а мезо-долихокранијата кај мажите.

Поголемиот број наоди од овој период од различни региони на Македонија овозможува да се забележат некои регионални разлики и во просечните вредности на ширинско-должинскиот кранијален индекс и во неговата процентуална застапеност.

Во Средно и Долно Повардарие (од Велес до Гевгелија) доминира брахикранијата според просечните вредности на сериите, но и според процентуалната застапеност од 80%. Во споредба со претходниот период а овде постојат сосема мали разлики. Долихокранијата е малку зголемена, мезокранијата и брахикранијата малку намалени.

Североисточна Македонија (Скопско-кумановскиот басен и областа кон Крива Паланка) има хетероген состав со приближно еднакво учество од по една третина на сите категории на ширинско-должинскиот индекс. Мезо-долихокранијата е позастапена во скопско-кумановскиот регион, а брахикранијата на двете некрополи од околијата на Крива Паланка.

Малобројните наоди од западна Македонија, според процентуалната застапеност од приближно една третина на сите категории на кранијалниот индекс, имаат сличности со североисточна Македонија.

На некрополите од римскиот период се појавуваат повеќе антрополошки типови во споредба со претходните периоди. Особено се зголемува бројот на долихокрани типови кои се најзастапени на некрополите на Скупи. На овој локалитет се издвојува група во која се присутни карактеристиките на нордискиот антрополошки тип. Во многу скелетни серии од овој период е присутен медитеранскиот антрополошки тип во робустен, грацилен и брахикран вариетет. Од брахикраните типови е најчест динарскиот антропо-ЛОШКИ ТИП.

Табела 2: Просечни вредности на ширинско-должинскиот кранијален индекс на краниолошките серии од римско време во Македонија, одвоени по пол
Табела 2: Просечни вредности на ширинско-должинскиот кранијален индекс на краниолошките серии од римско време во Македонија, одвоени по пол

Од овој период е и единствениот наод на веројатно вештачки деформиран краниум. Откриен е на Акрополата на Жеглиговски Камен кај Куманово. Одреден е како доцноантички-раносредновековен.

2.4 Краниометриските и антропотиполошките карактеристики на средновековното население се следени преку скелетните наоди од 17 археолошки локалитети (Табела 3). Како и во сите претходни периоди. најбројни се наоѓалиштата од Повардарието.

Хронолошките рамки на наодите се VIV/VIU-XV/XVII век. Поради малиот број на раносредновековни скелети користена е поделба во две групи: до XII и по XII век. Во текот на анализата не се утврдени антрополошки разлики меѓу раносредновековното и доцносредновековното население. Измерени се вкупно 310 черепи.

Најзначајни и најбројни серии се Црквиште-Демир Kannja,41 Св. Еразмо-Охрид“? и средновековниот слој на погребувања од Опила-Крива Паланка.43 Значително се помали сериите од Дуње“! и Витолиште5- Прилепско, краниолошката серија од Прилеп44 потоа Пепелиште“? и Бистренци“8-Неготино и Радолишта-Струга.49 Сосема се малобројни наодите од Дебој-Охрид.5д9 Акрополата на Жеглиговски Камен-Куманово.51 Орта Џамија-Струмица 5? средновековните наоди од Скупи“? и Паликурска

Заштитни истражувања извршени од екипа на рззск - Скопје и Музејот на Македонија - Скопје во 1995-96 година. под раководство на М. Ивановски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение).

Еаԁ., Нови наоди од Трпчева Црква. Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје. 1996, 213-224.

Еаԁ., Средновековна некропола Ограда во с.Бистренци. истражувања 1994, Масеԁ. acta archaeol. 14, Скопје. 1996, 201-212.

истражувања на Народниот музеј од Охрид во 1977 и 1980 година, под раководство на B. Маленко. Bo: Z.Mikié, Beitrag..., 86.

и. базилика - Стоби“4.54 По еден измерен череп потекнува од Велешкото Кале, Вардарски Рид-Гевгелија56 и Теарце-Тетово.56

Скелетните групи се претежно просечно мезокрани. Но додека кај машките краниолошки серии доминира мезокранија кај жените е честа просечна брахикранија.

Фреквентната дистрибуција покажува доминантна мезокранија која се јавува со 45% и првпат е позастапена од брахикранијата која паѓа на 38%.

И во овој период се забележителни регионални разлики на населението. Меѓусебни сличности имаат Повардарието и западна Македонија каде доминира мезокранијата. Населението на североисточна Македонија е похетерогено, со низок процент на мезокрани и значителено учество на долихокрани.

Во средневековните скелетни серии се зголемува бројот на антрополошки типови. Од долихокраните типови најчести се медитеранидите во грацилна и робустна варијанта. Во помала мера се присутни робустниот лептодолихоморфен (т.н. словенски) тип и нордидите, а на некои наоѓалишта се јавуваат и одредени кромањоноидни карактеристики.

Од брахикраните типови се најчести динаридите кои се во некои серии доминантни. Во мал број се утврдени балтидите. На некои краниуми се присутни и слаби монголоидни карактеристики.

3. Движење на фреквентната дистрибуција на категориите на

ширинско-должинскиот кранијален индекс од бронзено време

до среден вск

Споредбата на движењето на фреквентната дистрибуција на категориите на ширинско-должинскиот кранијален индекс низ време покажува стабилно, претежно брахикрано население (53-71%), низ двата праисториски периоди и римското време (Табела 4, Графикон 1). Учество на мезокраното население слабо варира од 21% до 29%. Најмалку57 е застапено долихокраното население (5-18%).

Табела 3: Просечни вредности На ширинско-должинскиот кранијален идекс на средновековните краниолошки серии во Македонија, одвоени по пол Сликата е сменета во средниот век. Мезокраното население е близу7 половина (45%), а брахикраното население е за п
Табела 3: Просечни вредности на ширинско-должинскиот кранијален идекс на средновековните краниолошки серии во Македонија, одвоени по пол Сликата е сменета во средниот век. Мезокраното население е близу7 половина (45%), а брахикраното население е за првпат под 50%. Долихокраните се и понатаму најмалку7 присутни (1790).

4. Обид за историска реконструкција

Истражувањата на другите историски науки (археологијата, историјата итн.) упатуваат на промени на материјалната култура, политичката историја и етничката структура во одредени периоди во Македонија.58 Тоа се големите миграции во праисториските и историските епохи, појавата на хеленизацијата во средината на I милениум пр. н.е., романизацијата на преодот на старата во новата ера и славизацијата во втората половина на | милениум.

Табела 4: Споредба на фреквентната дистрибуција на категориите на 8:1 кранијален индекс од бронзено време до среден век (вкупна популација и одвоено по полови)
Табела 4: Споредба на фреквентната дистрибуција на категориите на 8:1 кранијален индекс од бронзено време до среден век (вкупна популација и одвоено по полови)

Што може да се заклучи за овие појави на сегашниот степен на антрополошка истраженост врз основа на движењето и промените на антрополошките карактерист ики на населението од II милениум пр. не. до доцен среден век?

Во последните векови на I] милениум пр. н.е. археологијата укажува на последните бранови на големите праисториски миграции на Балканот (т.н. егејски преселби). Скелетните наоди од Повардарието, кое е голема комуникација кон југ, сосема спротивно покажува присуство на претежно брахикрано. динарско. автохтоно балканско население. На нестабилно време. какво би требало да се очекува во време на преселби, упатува хетерогеноста на малата скелетна серија од Водоврати. како и единствениот череп кој со ултрадолихокранијата укажува на присуство на туѓи елементи во антрополошката структура на населението од ова време.

Првиот милениум пр. н.е. е време кога можат да се следат Пајоните, една од најстарите палеобалкански популации на територијата на Македонија. Првите проучувања на антрополошките карактеристики на Пајоните од Повардарието покажаа постоење на нивни разлики во споредба со истовременото илирско и тракиско, а треба да се дополни и хеленското население. Антропо-морфолошката сличност на новите бронзеновременски наоди од околината на Градско, Велес и скелетите од железното време, упатува на заклучок дека пајонското присуство на оваа територија може антрополошки да се следи до последните векови на II милениум пр. н.е.

За етничката припадност на населението од северна и западна Македонија во ова време не постои согласност меѓу научниците. Додека

малобројните скелетни наоди од скопската околина со својата антропо-мор-

Илустрација, стр. 361

фолошка сличност укажуваат на возможна пајонска припадност, единствениот измерен неврокраниум од Требеништа-Охрид нема паралели со населението од Повардарието. Наодите од оваа некропола се припишани на илирскиот етнокултурен круг. но и авторот на анализата М. Штефанчич ги нагласува разликите меѓу требенишкиот хипердолихокран неврокраниум и истовремените Илири.

Околу половината на последниот милениум пр. н.е. забележена е силна хеленизација на материјалната култура, со што Македонија излегува од праисторијата. Дали била предизвикана или следена со промена на население? Малиот број на скелетни наоди од ова време оневозможува да се одговори на ова пршање.

ОД II век пр. не. на територијата на Македонија се присутни Римјаните. Македонија ја губи независноста 168 г. пр. н.е., а дваесет години подоцна добива статус на римска провинција.

Промените на краниометриските карактеристики, појавата на мезокрани серии, какви што не се утврдени во претходниот период. зголемувањето на процентуалната застапеност на мезо-долихокранијата и особено појавата на нови антрополошки типови, укажуваат на присуство на нови Според забележаните регионални разлики на населението, може да се каже дека романизацијата не била подеднаква на целата територија на Македонија. Во северниот дел (скопскиот, веројатно и кумановскиот регион) нагласената хетерогеност на населението укажува на појава на нови етнички елементи. Спротивно, најголем дел од населението на Стоби, според антрополошките карактеристики и понатаму е автохтоно, од што произлегува дека романизацијата тука била повеќе во доменот на промената на политичката власт и усвојување на нова, римска култура. Освен тоа, овие области припаѓале на различни римски провинции, Горна Мезија и Македонија. Границата меѓу овие провинции била северно од Велес, што е воедно и граница на претежно брахикрано, динарско население во ова време.

Антрополошки добро документирана промена се случила во средниот век. Ширинско-должинскиот индекс паѓа на мезокрана вредност, краниолошките серии се претежно мезокрани, процентуалната застапеност на мезокранијата се искачува на близу59 половина. доминантната брахикранија од претходните периоди е безмалку преполовена. На некрополите се присутни нови антрополошки типови кои се утврдени и на најголемиот дел од средновековните словенски некрополи на Балканот.

Според сето ова, на сегашниот степен на антрополошка истраженост може да се укаже на многу долг континуитет на егзистенција на палеобалканското пајонско население, од крајот на II милениум пр. н.е. до длабоко во историските периоди во некои региони на Македонија. Засега можат да се утврдат одредени етнички промени во римско време и добро документирана промена на антрополошката структура во средниот век, условена со населувањето на Словените.

Fanica Veljanovska Museum of Macedonia, Skopje

Белешки

  1. J. Nemeskeri, L. Lengyel, Neolithic Skeletal Finds - во: M. Gimbutas, Neolithic Macedonia, Los Angeles, California, 1976, ↩
  2. М. Штефанчич, Илирските скелети од гробовите Три Челусти кај Требеништа - во II. Кузман, Три Челусти и Вртулка. Требеништа 1972, Охрид, 1985, 142. ↩
  3. Ž. Mikić, Stanje i problemi fizičke antropologije u Jugoslaviji-praistoriski periodi, Posebna izdanja LIII,CBI, 9, Akademija ANUBiH, Sarajevo, 1981, 195. ↩
  4. Ž. Mikić, Beitrag zur anthropologie spatromischer bis spatmittelalterlicher bevolkerung Jugoslawiens, Godišnjak XXII,CBI, 20, ANUBiH, Sarajevo, 1984, 5-109. ↩
  5. M. Štefančič, Ranosrednjovekovni skeleti nekropole Sv. Erazmo kod Ohrida, Etnoantropološki problemi-monografije 5, Beograd, 1988, 80. ↩
  6. Ž. Mikić, Beitrag..., 86. ↩
  7. Ж. Микић, Тело сина деспота Јована Драгушина у полошком манастиру, Зограф 18, Београд, 1987, 44-45. ↩
  8. B. Miszkiewicz, Z Badan nad struktura antropologiczna Macedonii, Mater i Prace antrop. 83, 1972, 335-340. ↩
  9. Текстот е дел од експозето на докторската дисертација со наслов „Антрополошки карактеристики на населението на Македонија од неолит до среден век“, одбранета 1998 година на Групата за интердисциплинарни студии по0 антропологија на Филозофскиот факултет во Белград (СР Југославија). Интегралниот текст на дисертацијата ќе биде отпечатен под ист наслов. Поради тоа, во овој текст е приложена минимална документација. ↩
  10. На ова место сакам да им изразам благодарност на сите колеги археолозиистражувачи на некрополите од кои потекнуваат антрополошките наоди за остварената соработка. ↩
  11. B. Martin, K. Saller, Lehrbuch der Anthropologie, Band I, Stuttgart, 1957. ↩
  12. ©, 5. Coon, The Races od Europe, Greenwood Press, Connecticut, 1972, 739. ↩
  13. Д. Митревски. Протоисториските заедници во Македонија, Културно-историско наследство на Република Македонија XXXVII. Републичкизавод за заштита на спомениците на културата. Скопје, 1997, 285-286. ↩
  14. Д. Митревски, Протоисториските.... 316-317. ↩
  15. И. Колиштркоска Настава, З. Видески, Гроб од бронзено време кај Маркова Сушица, Maced. acta archaeol. 14, 1996, 37-43. ти. Микулчиќ, В. Соколовска, Гробница во Бразда кај Скопје, Масеԁ acta archaeol 11, 1987-1989, Скопје. 1990, 79-92. Необјавено усно соопштение на Д. Корачевиќ. ↩
  16. Заштитни археолошки ископувања на локалитетот Пржали - Варвара. скопско во 1995 година од екипа на Музејот на град Скопје под раководство на K. Ристов. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  17. Увид на екипа на Музејот на Македонија - Скопје во 1989 година. Хронолошката детерминација е на д-р Д. Митревски, (необјавено усно соопштение). ↩
  18. V. Sokolovska, Investigations in the House of Peristerias, Studies in the Antiqiutes of Stobi II, Beograd, 1975, 123-141. ↩
  19. Д. Митревски, Дедели, некропола од железното време во Долно Повардарие, Посебно издание III, Музеј на Македонија, Скопје, 1991, 84. ↩
  20. Истражувања на рззск и Музеј на Македонија во 1984 година, под раководство на д-р 2K. Винчиќ, М. Ивановски и м-р Р. Пашиќ. Податоците се од Извештајот за извршените заштитни ископувања доставен до рззск - Скопје. нобјавено. ↩
  21. Р. Пашиќ, Археолошко испитување на локалитетот Сува Река во Гевгелија. Зборник 8-9, 1975-1978, Археолошки музеј на Македонија. Скопје. 1978. 21-34. К. Ристов. Сува Река-Гевгелија. 1988-1990, Масеԁ. acta archaeol. 13. 1992, Скопје, 1993, 97-112. ↩
  22. Истражувања на македонско-американска екипа од Музејот на Македонија - Скопје и тексашката фондација за археолошки истражувања од Хјустон во 1995 година, под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  23. П. Кузман, Три Чељусти и Вртуљка, Требеништа 1972, Охрид, 1985, 142. ↩
  24. Скелетната серија е оформена со заштитни и систематски археолошки истражувања на Западната некропола на Стоби во приодот 1970-1992 година (југословенско-американскиот научен проект под раководство на Ѓ. Мано Зиси и Џ. Вајсман 1970-76. заштитни ископувања под раководство на С. Саржоски во 1973. заштитни истражувања од страна на рззск - Скопје под раководство на д-р Ж. Винчиќ и М. Ивановски во 1978. заштитни ископувања на рззск - Скопје и Музејот на Македонија - Скопје под раководство на д-р Ж. Винчиќ. М. Ивановски и В. Санев во 1992 година). Хронологијата е според: A. Wesolowsky, Burial customs in the West Cemetery. Studies in the antiquities of Stobi I, Beograd, 1973, 97-137. Ж. Винчиќ - М. Ивановски. Стоби - заштитни ископувања на Западната некропола и во реонот на Паликурската базилика (1978 година) (Извештај). Ж. Винчиќ - М. Ивановски - В. Санев. Заштитни ископувања на Западната некропола во 1992 година (Извештај) и шеесеттина теренски дневници на археолозите истражувачи. ↩
  25. Истражувања на Народниот музеј од Велес, под раководство на Ѓ. Петачки. Рон определба е на раководителот на ископувањата. Податоците се од теренските дневници бр. 87 и 138 за истражувањата на овој сектор во Стоби во 1981 и 1982-83 година на I. Петачки. ↩
  26. Б. Алексова, Епископската базилика - апсидалниот, централниот и јужниот брод. Studies in the Antiqiutes од Stobi IIT, Титов Велес. 1981, 147-162. ↩
  27. Л. Јованова. Скупи - Западна некропола. Maced. acta archaeol. 13. 1992. Скопје. 1993. 191-200. ↩
  28. Л. Јованова. Д. Михајлова. Скупи - Источна некропола. истражувања 1994 г.. Maced. acta archaeol. 15. 1996-97. Скопје. 1999. 203-250. ↩
  29. Истражувања на Музејот на град Скопје во 1969 година, под раководство на Д. Корачевиќ. Хронолошката детерминација е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  30. Истражувања на Музејот од Охрид во 1978-79 година. под раководство на В. Маленко. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Во: Ž. Mikić, Beitrag..., 76. ↩
  31. Ц. Крстевски. М. Ивановски. Билибајци-Бабунци. рановизантиска некропола. Археолошки преглед 1987. Љубљана. 1989. 129-130. ↩
  32. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје во 1988-90 година. под раководство на Ц. Крстевски. Хронолошката детерминација е на раководителот на ископувањата (необјавено усно соопштенис). ↩
  33. Б. Георгиевски. Жеглиговски Камен-Костоперска Карпа. повеќеслојно наоѓалиште. Археолошки преглед 1987, Љубљана, 1989, 56-58. ↩
  34. Ѓ. Петачки, Тумба-Чашка, доцноантичка некропола, Археолошки преглед 1988, Љубљана, 1990, 188-189. ↩
  35. Увид и истражување на екипа на Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје во 1989 година, под раководство на Д. Михајлова. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  36. Истражувања на рззск - Скопје под раководство на М. Ивановски. Хронолошката определба е на раководителот на ископувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  37. В. Соколовска, Исар-Марвинци и Повардари_то во античко време, Посебно издание I, Музеј на Македонија, Скопје, 1986, 189. Од систематските истражувањата на овој локалитет до 1994 година е зачуван само еден скелет. Неговата широка хронолошка детерминација е поради изгубената ознака на гробот од кој потекнува. ↩
  38. Истражувања на музејот Митко Зафировски од Гевгелија во 1991 година. под раководство на К. Ристов. Хронолошката определба с на раководителот на ископувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  39. Б. Алексова. Просек-Демир Капија.41 Dissertationes I, Skopje-Beograd, 1996, 102. ↩
  40. Истражувања на Музеј и Завод од Охрид во 1974-75 година, под раководство на В. Маленко. Во: M. Štefančič, Ranosrednjovekovni..., 10. ↩
  41. Заштитни истражувања извршени од екипа на рззск - Скопје и Музејот на Македонија - Скопје во 1995-96 година, под раководство на М. Ивановски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  42. Л. Кепеска, Резултатите од најновите истражувања на средновековната некропола Трпчева Црква кај с. Дуње, Мариово. Зборник, н.с., археологија, Музеј на Македонија, Скопје, 1995, 181-188. Ead., Нови наоди од Трпчева Црква, Maced. acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 213-224. ↩
  43. ЈІ. Кепеска. К. Кепески. Средновековна некропола од Задна Река -Прилепско. 1985- 1986, Maced. acta archaeol. 11, 1987-1989, Скопје, 1990, 193-198. ↩
  44. Серија од 34 средновековни краниуми кои потекнуваат од повеќе локалитети од околината на Прилеп, антрополошки обработена од Б. Мишкиевич. Во: В. Miszkiewicz, 7. Badan..., 336. ↩
  45. Истражувања на Институтот за старословенска култура од Прилеп во 1989-90 година во рамките на научниот проект „Ранословенски некрополи од 6/7 до 9 век во ср Македонија“, под раководство на д-р Б. Бабиќ: според Извештајот за извршените истражувања на раководителот на ископувањата доставен до рззск - Скопје. ↩
  46. Л. Блажевска, Средновековна некропола Ограда - с. Бистренци, Неготино, ископување 1990-91 година, Зборник, н.с., археологија, Музеј на Македонија, Скопје, 1995, 189-205. Ead., Средновековна некропола Ограда во с.Бистренци, истражувања 1994, Maced. acta archaeol. 14, Скопје, 1996, 201-212. ↩
  47. Истражувања на Народниот музеј од Охрид во 1977 и 1980 година, под раководство на В. Маленко. Во: Ž.Mikić, Beitrag..., 86. ↩
  48. При истражувања на античката некропола на охридскиот Дебој откриени се и средновековни гробови. Антрополошка анализа на скелетите е на проф. Ж. Микиќ (усно необјавено соопштение). Благодарам за можноста да ги користам овие податоци. ↩
  49. Б. Георгиевски, Жегливовски Камен..., 57. ↩
  50. М. Стаменкова. Прелиминарен извештај од археолошкото истражување на локалитетот Орта џамија во Струмица, 1984-1987, Зборник на трудови, Струмица. 1989, 351-355. ↩
  51. Во 1986-87 година извршени се истражувањата во рамките на проектот „Ранословенски некрополи од 6 до 9 век во ср Македонија", под раководство на д-р Б. Бабиќ, а во наредните две години од страна на Музејот на град Скопје, под раководство на Д. Корачевиќ. Необјавено усно соопштение на Д. Корачевиќ. ↩
  52. М. Ивановски, Средновековна некропола во реонот на Паликурската базилика кај Стоби. Зборник посветен на Бошко Бабиќ, Институт за истражување на старословенската култура. Прилеп. 1986, 97-104. ↩
  53. Истражувања на македонско-американска екипа од Музеј на Македонија - Скопје и тексашката фондација - Хјустон во 1995 година под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошкото определување с на раководителот на истражувањата (необјавено усно соопштение). ↩
  54. Б. Алексова, Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на ини, Ш-1, Скопје, 1959, 217-233. ↩
  55. Praistorija jugoslovenskih zemalja. [V-V, Sarajevo, 1979-1987. Археолошка карта на Република Македонија, Том 1, ману, 1994, Скопје, 190. Цивилизации на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија. 2, ману. Скопје, 1995, 244. ↩
  56. ЕТНИЧКИ елементи. ↩

Summary

The Anthropological Aspect of the Ethnogenic Processes in Macedonia from the Bronze Age to the Middle Ages

PROCESSES IN MACEDONIA FROM THE BRONZE AGE TO THE MIDDLE AGES

(Summary)

At the present stage of anthropological investigation, the ethnogenic processes in Macedonia can be traced with continuity from the Bronze Age to the Late Medieval period, on the basis of 534 measured crania from about 50 archaeological sites. The anthropological finds are divided into four chronological groups: second and first millennia BC, Roman period, and medieval. The population is compared according to the average values and frequency of distribution of the breadth-to-length cranial index, as well as according to anthropological types.

The population at the end of the second millennium BC, represented by skeletal finds from Vodoyrati and Ulanci at Gradsko, is rather heterogeneous, predominantly brachycranial, anthropologically mediterranean and dinaric. Therefore there is no evidence for large movements of peoples such as would be expected during the Aegean migrations that archaeology emphasizes at this time.

The most significant series from the first millennium originates from the sites of Dedeli at Valandovo and Suva Reka at Gevgelija. The population from this time is predominantly brachycranial, mediterranean, and dinaric, i.e., very similar to the previous period. The skeletal finds from the lower Vardar valley attributed to the Paeonians differ from the neighboring Illyrian, Thracian, and Hellenic population.

The Roman period is best represented, with finds from Stobi and Scupi. The skeletal series are primarily brachycranial, except for two mesocranial. Of anthropological types appear mediterranean, dinaric, and nordic. The observed geographical differences between the inhabitants of the Skopje-Kumanovo region and the Vardar valley south of Veles can be explained by the different degrees of Romanization of the two Roman provinces, Upper Moesia and Macedonia.

The most significant medieval finds originate from the sites of CrkviSte at Demir Kapija, Sveti Erazmo at Ohrid, and Opila at Kriva Palanka. In the middle ages for the first time mesocranial is more frequent than brachycranial. In addition to the anthropological types known from the preceding periods, now appears the robust leptodolichocranial (the so-called Slavic) anthropological type, Baltic, Cro-magnon, and weak Mongoloid characteristics, which are present in the medieval Slavic cemeteries of the wider Balkan region.

According to all of this evidence, it is possible to infer a very long continuity of the Paeonian paleobalkan population (from the end of the second millennium BC to the historical periods in some regions), and then to ascertain certain ethnic changes in the Roman period and a well documented change of anthropological structure in the medieval period, caused by the settlement of the Slavs.

Translation by Carolyn S. Snively