Macedoniae acta archaeologica 16 (2005) · стр. 333–348

Палеодемографски карактеристики на населението на Македонија од бронзено време до среден век

Содржина
  1. 1. Материјал и методологија
  2. 3. процентуална застапеност на машки и женски скелети и
  3. Вкупна популација

Демографските карактеристики се значаен дел од биологијата на секоја популација. Должината на животот, смртноста, очекуванато траење на животот во моментот на раѓањето се генетски условени, но, врз нив имаат силно влијание и животните услови. Високата смртност на новороденчиња и деца. младите од двата пола, кусиот просечен век, укажуваат на низок здраствено-хигиенски статус на популацијата, слаби економски услови, војни, природни катастрофи итн.

Следени низ време, палеодемографските карактеристики можат да укажат на подобрувања или влошувања на животните услови во определени периоди.

1. Материјал и методологија

1.1. На сегашниот степен на истраженост основните палеодемографски карактеристики можат да се следат континуирано од крајот на II мил. пр. не. до доцниот среден век преку дваесетина скелетни серии групирани во четири хронолошки групи (Табела 1). Од крајот на II мил. пр. н.е. е една серија, од наредниот милениум се три, од римскиот период се четири, и на крајот девет се средновековни. Избрани се серии што се побројни и во кои се застапени сите возрасти и двата пола.

Вкупниот број скелети од сите возрасти е околу 2200, од тоа околу 700 мажи и 660 жени. Следнит е серии се користени за следење на движењето на процентуално изразена смртност: праисториски Уланци-Велес (ХІІІ-ХІІ век пр. н.е.),1 Варвара-Скопје (УШ-У век пр. н.е.).22 Дедели-Валандово (VII-VI Век пр. не.)33 и Сува Река-Гевгелија (УП-УТ Вех пр. н.е.).“4

Од античкиот (римскиот) период се Дебој - Охрид (I век5 пр. н.е. - III/IV век).6 Опила-Крива Паланка (IV-VI век).67 Западна некропола-Скупи (I-IV век),8 и Западна некропола-Стоби (II век9 пр. не. - V/VI Вех).8

Средновековни се Дуње-Прилеп (IX-XI век).2 Корешница-Демир Капија

8 Серијата од Западната некропола на Стоби е оформена од скелетните наоди откри- (X-XII век),10 Опила-Крива Паланка11 (X-XI век),12 Пенелиште-Неготино (VII/VIII-IX век),13 Радолишта-Струга (IX-XI век),14 двете серии од Свети Еразмо-Охрид (УП-УШ, IX-XI век),15 Бистренци- Неготино (XI/XII-XIV век)16 и Црквиште-Демир Капија (ГК-ХИ - XIV/XV век).16

Просечниот животен век € пресметан и за Водоврати-Велес (ХШ-ХИ век пр. Н.е.)!717 и Требеништа - Охрид (УП-ГУЛИ век пр. н.е.).1518

Антрополошката анализа на скелетните серии од Сува Река -Гевгелија,19 9 Дебој-Охрид“20 и Радолишта-Струга?! е извршена од АК. Микиќ (СР Југославија). а на наодите од Требениште??22 и Свети Еразмо-Охрид?3 од M. Штефанчич (Р. Словенија). Сите преостанати скелетни серии се обработени од авторот на овој текст.24

Таб. 1: Скелетни серии, хронологија, број на скелети (вкупна популација и одделно по пол) групирани во четири хронолошки периоди и автор на антрополошката анализа
Таб. 1: Скелетни серии, хронологија, број на скелети (вкупна популација и одделно по пол) групирани во четири хронолошки периоди и автор на антрополошката анализа

1.2. Во палеодемографската анализа се користени следниве методи:

Индивидуалната старост на скелетите е определена во зависност од старосната група: 1. кај деца според растењето на млечните и постојаните заби, 2. кај јувенилите според степенот на закостувањето на спифизите на долгите коски. 3. кај возрасните според степенот на атриција на моларите, облитерација на кранијалните сутури, изгледот на препонската симфиза (кај мажите) и компактноста на спонгиозата во caput femoris et humeri.25

Полот е определен со категоризација на 21 полно-морфолошки елемент на краниумот и посткранијалниот скелет: 1. tubera frontalia et parietalia; 2. glabela-arcus superciliares; 3. protuberantia occipitalis externa; 4. sqama occipitalis; 5. processus mastoideus; 6. lineae orbitae-margo supraorbitalis; 7. facies malaris; 8. arcus zygomaticus; 9.corpus mandibulae; 10. capitulum mandibulae; 11. angulus mandibulae; 12. trigonum mentale; 13. pelvis maior; 14. pelvis minor; 15. angulus pubis; 16. incisura ischiadica maior; 17. foramen obturatum; 18. sacrum; 19. lineae asperae Ha фемурот: 20. caput femoris; 21. clavicula.

Секој од елеметите е оценуван по скала: + 2 (робустен Мах), +1 (умерен маж), 0 (преоден облик), -! (умерена жена)26 и -2 (грацилна жена).26

Скелетите се поделени во осум старосни групи: 0-6, 7-14, 15-20, 21-30, 31- 40, 41-50, 51-60 и над 60 години. Помали старосни категории за возрасни што се препорачуваат (по 5 години) не се користени поради малобројноста и слабата зачуваност на праисториските скелетни наоди, во кои голем процент скелети се со неопределен пол. при што многу категории би останале празни.

Од основните палеодемографски карактеристики се избрани:

1. процентуално изразена смртност (4Чх-број на умрени во определена старосна категорија изразен процентуално) за вкупна популација и одделно за мажи и жени (јувенили и возрасни):2727

2. процентуална застапеност на деца и возрасни во скелетните популации;

3. процентуална застапеност на машки и женски скелети и

4. просечен животен век за вкупната група скелети (кај кои е определена индивидуалната старост) и одделено по полови. 2. Резултати

2.1. Движење на процентуално изразена смртност (4х)

Споредувањето на движењето на процентуално изразената смртност (ԁх) е отсжнато поради различни проценти во скелетните серии од некои периоди, особено во средниот век. Поради тоа е направен обид да се спореди движењето на смртноста во различни периоди на тој начин што се формирани збирни серии од различни периоди, т.е. направен се збир од скелети од повеќе скелетни серии од определен период. Процентот на застапеност на определена старосна група е пресметан врз основа на вкупниот број скелети од сите споредувани скелетни серии од тој период (Таб. 2).

Во групата од П мил. пр. не. се вбројани скелети од една серија: (вкупно 55, 26 мажи и 19 жени), од I мил. пр. нее. од три (вкупно 69, 19 мажи и 23 жени), од римскиот период од четири (вкупно 926, 301 маж и 242 жени) и од средниот век од девет (вкупно 1128, 352 мажи и 377 жени). На ист начин е пресметана и процентуално изразената смртност одделено за мажи и жени (Таб. 3, 4).

Вкупна популација

Споредбата на смртноста на помалите деца (до 6 години) во збирните серии покажува висока смртност во сите периоди освен во П мил. пр. н.е. (2%). Во другите периоди се движи помеѓу 14 - 21%. Највисока е во римскиот период (Графикон 1).

Малиот број скелети во серијата од Уланци (I мил. пр. н.е.), како и во од-

Табела 2: Движење на смртноста кај вкупната популација од крајот на II мил. пр. не. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)
Табела 2: Движење на смртноста кај вкупната популација од крајот на II мил. пр. не. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)
Илустрација, стр. 339
Илустрација, стр. 339
Илустрација, стр. 340

серии освен во П мил. пр. не. Највисока вредност има во римско време (1590). Во сите други периоди е под 1096.

Во периодот меѓу 30-40 години постои натамошно покачување на смртноста. Највисока е во II мил. пр. н.е. (26%), а во другите периоди има слични вредности од 17 до 1896.

Петтата деценија од животот (40-50 години) е време кога смртноста има највисока вредност за групата возрасни во сите периоди. Највисока е во П мил. пр. ке. (44%), а во другите периоди се движи меѓу 19-25%.

Во шестата деценија од животот (50-60 години) смртноста бележи големо намалување. Се движи меѓу 6 - 15%.

Над 60 години смртноста има многу ниски вредности (најчесто неколку проценти).

Со ретки исклучоци, смртноста има многу слично движење и извесна закономерност во сите следени периоди: висока смртност кај помалите деца

Таб. 4: Движење на смртноста кај жените од крајот на П мил. пр. н. е. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)
Таб. 4: Движење на смртноста кај жените од крајот на П мил. пр. н. е. до доцниот среден век во збирни серии од различни хронолошки периоди (број на скелети и процент во определена старосна група)
Илустрација, стр. 341

Највисока е во римскиот период (19%). Во сите други периоди е многу пониска (4-6%).

Во следната животна деценија (30-40 години) смртноста бележи покачување во сите периоди (19-32%). Највисока смртност во оваа старосна група е забележана во | мил. пр. н.е. и во римскиот период со слични вредности

Највисока смртност на мажите во сите следени периоди била во петтата деценија од животот (40-50 години): 32-50%.

2.1.3. Споредбата на смртноста кај жените покажува висока јувенилна смртност во I мил. пр. не. - 18% (Табела 4, Графикон 3).

Смртноста на жените во третата деценија од животот (20-30 години) бележи големо зголемување во сите следени периоди, освен во Т мил. пр. не. кога има голема смртност кај јувенилите. Највисока вредност има во римскиот период (30%).

Во наредната животна деценија (30-40 години) смртноста расте во сите збирни серии, освен од римскиот период, доаќа до намалување. Најголема вредност има за жените од Уланци, а во збирните серии од другите периоди има слични вредности (26-28% ).

Натамошен пораст и највисоки вредности на смртноста кај жените имало во следната, петта деценија (40-50 години, 32-47%). Највисока вредност е повторно забележана кај жените од Уланци - 47%, а во преостанатите периоди има слични, пониски вредности (32-36%).

Во шестата деценија смртноста нагло опаѓа (4-13%), а по шеесеттата година има многу ниски вредности (2-4%). Во П мил. пр. не. не се откриени

Илустрација, стр. 342

2.1.4. Споредувањето на смртноста кај мажите и жените во различни периоди покажува постоење на сличности меѓу половите. Во сите периоди кај двата пола постои постојан пораст на смртноста во третата и четвртата, а највисоки вредности се во петтата деценија од животот.

Основната разлика на смртноста меѓу половите најдобро се гледа на

графиконот за средниот век (Графикон 4).

Жените имале повисока смртност од мажите во адултниот период (20-40 години), а мажите во периодот матурус (40-60 години).

Единствени исклучоци се во I мил. пр. н.е. и во римско време кога постои повисока смртност кај мажите отколку кај жените во четвртата деценија од животот (Графикон 5).

2.2. Односот меѓу деца и возрасни во скелетните групи

Споредбата на односот меѓу деца и млади (0-20 години ) и возрасни во збирните серии покажува разлики во различни периоди (Табела 2).

Најмалку деца и млади (јувенили) има во II мил. пр. не. (10%), најмногу во I мил. пр. не. (4296), незначително помалку во римскиот период (41%), a во средниот век околу една третина од групата се деца (3490).

Доколку се спореди учеството на деца, млади и млади адулти (до 30 години) резултатите се слични, но највисок е процентот во римско време, кога се качува на 56%. Значи, повеќе од половина на вкупната популација воопшто не ја доживеало триесеттата година од животот.

2.3. Односот меѓу машки и женски скелети во скелетните групи

Односот меѓу машки и женски скелети во збирните скелетни групи се менува во различни периоди.

Во серијата од П мил. пр. н.е. има поголем број мажи со однос 1.4:1 (14 мажи : 10 жени).2828

Во збирната серија од I мил. пр. н.е. поголем е бројот на жените (10 мажи : 12 жени). И во скелетните групи од одделни локалитети од овој период се почести женските скелети, со единствен исклучок - Варвара. Скопје, каде што е бројот изедначен.

Во римско време, според збирната серија, поголем е бројот на мажи со однос 12 мажи : 10 жени. Тоа го потврдуваат и поединечните скелетни серии, со еден исклучок - тумулот од Отошница, Крива Паланка.

Во збирната средновековна серија бројот на жени е малку поголем (10 мажи : 11 жени). Сличен однос се среќава и во поголемиот број средновековни серии. Незначително поголем број мажи (11 : 10) е во постарата серија од Свети Еразмо-Охрид. На две некрополи с бројот ист или приближно ист (Опила-Крива Паланка и помладата серија од Свети Еразмо-Охрид).

Илустрација, стр. 344

2.4. Движење на просечниот животен век

Споредбата на просечниот животен век. пресметан како просек на просечниот животен век на скелетните групи од определени периоди, покажува промени низ времето (Таб. 5, Графикон 6).

Најдолг просечен век на вкупната популација (40 години) е во П мил. пр. н.е. најверојатно е нереален поради малиот број детски скелети.

Најголемо опаѓање од седум години е забележано кај населението од 1 мил. пр. Н.е. (33 години). Намалувањето е предизвикано од порастот на смртноста кај децата и високата смртност кај јувенилните жени.

Натамошно опаѓање од пет години и најниска вредност просечниот век има во римскиот период, кога изнесува 28 години. Ниските вредности се условени со високата смртност на деца и млади, но дополнително и со високата адултна смртност.

Илустрација, стр. 345

машкиот пол. Во ова време постои опаѓање од три години и најкус век на мажите (44 години). Мал пораст од една година постои во среден век.

Просечниот век на жените се движи околу 40 години (Графикон 6). Највисок е во II мил. пр. не. (42 години), а најтешки услови за жените биле во наредниот милениум, кога е забележано најголемо опаѓање од четири години и најниска вредност во сите периоди (38 години). Во римско време постои покачување од три години, а минимално покачување од блиску една година постои и во средниот век.

Најголема разлика во просечниот век меѓу половите е во I мил. пр. ке. кога изнесува девет години, а најмала е во историските периоди (околу 3 години).

3. Заклучоци

Следењето на движењето на основните палеодемографски карактеристики низ времето покажува сличности и закономерности, но и значителни промени во некои периоди.

Сличностите се: висока смртност на помалите деца, намалување кај повозрасните деца и натамошно опаѓање до 21 година. пораст во третата и четвртата, највисока смртност во петтата деценија од животот.

Во сите периоди смртноста на жените е повисока во периодот адултус (20 - 40 години) а на мажите во периодот матурус (40-60 години).

Најголем број исклучоци постојат во римско време: највисока смртност на помали деца и млади адулти од двата пола, појава на исчезнување на повеќе од половина од вкупната популација пред триесеттата година од животот, најкус просечен век на вкупната популација и мажите, како и повисока смртност на мажите отколку на жените во четвртата деценија од живо-TOTOT.

Сето ова упатува на заклучок дека животните услови значително се влошиле во римскиот период.

Немирните и несигурни времиња, војни, варварски пустошења, природни катастрофи, климатски промени, епидемии, политички и верски судири, документирани во историските извори и со археолошките истражувања, многу јасно се одразуваат во сите следени палеодемографски карактеристики.

За сето ова постојат докази и во палеопатолошките траги на скелетните наоди од односниов период, што не е предмет на овој труд, но сепак впечатливо сведочи за радикално влошување на животните услови. Голем број бојни повреди предизвикани од оружје, како и честите фрактури на долгите коски откриени во Западните некрополи на Скупи и Стоби појаснуваат зошто дошло до намалување на просечниот животен век на мажите и зголемување на смртноста во периодот до четириесеттата година. Масовните гробови од Стоби во кои се присутни сите возрасти и двата пола, а во кои се откриени траги на насилна смрт. покажуваат дека не биле поштедени ниту29 жените и децата.

Сличностите меѓу I мил. пр. н.е. и римскиот период, на сегашниот степен на истраженост, не би смеело да се објаснат со слични причини, пред се поради многу слабата зачуваност на антрополошкиот материјал од праисториските периоди. Кај голем број скелети воопшто не се одредени пол и возраст, а податоците 3a П мил. пр. н.е. се врз основа на само една скелетна серија.

Некои палеодемографски карактеристики - извесно намалување на смртноста кај децата, порастот на просечниот животен век, како и зголемувањето на бројот на индивидуи кои живееле подолго од четириесет години, упатуваат на извесно подобрување на животните услови во средниот век. Fanica Veljanovska Museum of Macedonia - Skopje

Белешки

  1. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1992-1994) под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  2. Истражувања на екипа на Музејот на град Скопје (1995) под раководство на К. Ристов. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  3. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1977-82, 1984-86), под раководство на м-р Р. Пашиќ. Хронологијата е според Д. Митревски, Дедели. некропола од железното време во Долно Повардарие, Посебно издание III, Музеј на Македонија, Скопје 1991, 84. ↩
  4. Континуираните археолошки ископувања во периодот 1975-1980 година се извршени од рззск - Скопје и Археолошкиот музеј на Македонија - Скопје под раководство на м-р Р. Пашиќ. Истражувањата во 1988-1989 година се од страна на Народниот музеј во Гевгелија под раководство на K. Ристов; Р. Пашиќ, Археолошко испитување на локалитетот Сува Река во Гевгелија. Зборник 8-9. 1975-1978. Археолошки музеј на Македонија, Скопје 1978, 21-34. ↩
  5. Истражувања на Музејот од Охрид (1978-1979) под раководство на В. Маленко. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. 7. Мікі¢, Beitrag zur anthropologie spatromischer bis spatmittelalterlischer bevolkerung Jugoslawiens, GodiSnjak XXII, CBI, 20, ANUBIiH, Sarajevo 1984, 5-109. ↩
  6. Истражувањата на некрополата во 1987-88 година се извршени од екипа на Музејот на Македонија - Скопје. под раководство на Ц. Крстевски. Заштитните ископувања во 1995-96 година се изведени од рззск - Скопје под раководство на М. Ивановски. Ц. Крстевски, М. Ивановски. Билибајци-Бабунци. рановизантиска некропола. Археолошки преглед 1987, Љубљана 1989, 129-130. ↩
  7. Истражувања на Музејот на град Скопје (1990, 1992-1994), под раководство на Л. Јованова. ЈІ. Јованова. Скупи - Западна некропола. Масеԁ. acta archaeol. 13, 1992, Скопје 1993, ↩
  8. Редакцијата се извинува на авторот и читателите заради некомплетното објавување на натписот во Масеԁ. acta archaeol. бр. 15. Од тие причини се објавува репринт во овој број. ени со археолошките ископувања на локалитетот во периодот 1970 до 1992 година, од кога тој континуирано се собира и чува. A. Wesolowsky, Burial customs in the West Cemetery, Studies in the antiquities of Stobi 1, Beograd 1973, 97-137. Извештаи за извршени заштитни ископувања (архива на рззск - Скопје): Ж. Винчиќ. М. Ивановски. Стоби - заштитни ископувања на Западната некропола и во реонот на Паликурската базилика во 1978 година; и Ж. Винчиќ, М. Ивановски, В. Санев, Заштитни ископувања на Западната некропола во 1992 година. ↩
  9. Истражувања на Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музејот од Прилеп (1991, 1993), под раководство на Л. Кепеска. Л. Кепеска, Резултатите од најновите истражувања на средновековната некропола Тричева Црква кај с. Дуње, Мариово, Зборник, н.е. 1, Археологија, Музеј на Македонија, Скопје 1995, 181-188. ↩
  10. Истражувања (1992-1994), под раководство на проф д-р Е. Манева. Е. Манева, Средновековната некропола Крстеви. ископувања 1992-1994, Масеԁ. acta Archaeol. 14, Скопје 1996, 185-200. | ↩
  11. Заштитни истражувања извршени од екипа на рззск - Скопје и Музејот на Македонија - Скопје (1995-1996), под раководство на М. Ивановски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение, необјавено. ↩
  12. Истражувања на Институтот за старословенска култура од Прилеп во рамките на научниот проект „Ранословенски некрополи од VI/VII до IX век во ср Македонија (1989- 1990)“, под раководство на др Б. Бабиќ. Според Извештајот за извршените истражувања на раководителот на ископувањата доставен до Р33СК - Скопје. ↩
  13. Истражувања на Народниот музеј од Охрид (1977, 1980), под раководство на В. Маленко. Во: 7. МИС, ор. cit., 1984. ↩
  14. Истражувања на Музејот и Завод од Охрид, под раководство на В. Маленко. Во: М. Stefanéi¢, Ranosrednjovekovni skeleti nekropole Sv. Erazmo kod Ohrida, Etnoantropoloski problemi-monoerafile 5, Beograd 1988, 80. ↩
  15. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1990-1991, 1994) под раководство на Л. Блажевска. Л. Блажевска, Средновековна некропола Ограда-с. Бистренци. Неготино, ископување 1990-91 година, Зборник. н.е. 1. Археологија, Музеј на Македонија, Скопје 1995, ↩
  16. Истражувања на Археолошкиот музеј - Скопје (1952-1954, 1956), под раководство на проф. д-р Б. Алексова. Б. Алексова, Просек-Демир Капија, Dissertationes I, Skopje-Beograd 1966. 102. ↩
  17. Истражувања на Музејот на Македонија - Скопје (1992) под раководство на д-р Д. Митревски. Хронолошката определба е на раководителот на истражувањата. Усно соопштение. необјавено. ↩
  18. Заштитни ископувања на Заводот за заштита на спомениците на културата - Охрид во соработка со Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј - Охрид во 1972 година под раководство на В. Маленко. П. Кузман. Три Чељусти и Вртулька, "Требеништа 1972, Охрид 1985, 142. ↩
  19. 7. Miki¢, Stanje i problemi Пике antropologije и Jugoslaviji-praistoriski periodi, Posebna izdanja LIT, СВІ, 9, Akademija ANUBiH, Sarajevo 1981, 195. Скелетниот материјал откриен до 1977 година (гробови бр. 9-47, вкупно 33 индивидуални скелети) е антрополошки обработен и објавен од 7. Мікі¢, ор. cit., 1981, а од последните две археолошки кампањи (1988-89), вкупно 9 индивидуални скелети од Ф. Вељановска. При пресметување на палеодемографските карактеристики на оваа скелетна серија е користен и Антрополошкиот извештај на проф. д-р Ж. Микиќ од 1977 година, доставен до Археолошкиот музеј - Скопје. ↩
  20. 7. Mikié, op. cit., 1984. ↩
  21. 7. Mikié, op. cit., 1984. ↩
  22. М. Штефанчич, Илирските скелети од гробовите Три Чешусти кај Требеништа, во: П. Кузман, Три Чешусти и Вртулька, Требеништа, 1972, Охрид 1985, 142. ↩
  23. M. Štefančič, op. cit., 1988. ↩
  24. Им се заблаг одарувам на сите колеги, истражувачи на некрополите, од кои потекнуваат скелетните наоди, за остварената соработка. ↩
  25. p. Ferembach, I. Schwidetzky, M.Stloukal, Empfehlungen fur die Alters und Geschlechtsdiagnose am Skelett, HOMO XXX-2, Gottingen-Mainz 1979; G Acsadi, J. Nemeskeri, History of Human Life Span and Mortality, Akademia Kiado, Budapest 1970, 346; D. R. Brothwell, Digging up Bones, Oxford University Press 1981. ↩
  26. G Acsadi , J.Nemeskeri, op. ck... 1970. ↩
  27. G Acsadi , J. Nemeskeri, op. cit., 1970. делни серии од сите други периоди во кои постои многу2 ниска смртност на женски скелети во оваа старосна категорија. ↩
  28. Во двата праисториски периода, поради слабата зачуваност на скелетите, голем е процентот на возрасни индивидуи кај кои не се зачувани елементите за определување на полот (од 10 до 4095 од вкупниот број возрасни). Скелетниот материјал од римскиот период е подобро зачуван. Процентот на возрасни индивидуи со неопределен пол с 3-4%. Највисок с во скелетната серија од Стоби (18%), поради големиот број кремирани скелети кај кои не е утврден пол. Средновековните скелети се најдобро зачувани во споредба со сите претходни периоди. Процентот на скелетите на возрасни со непределен пол се движи до 6%. ↩
  29. The editoriall board apologices to the autor and the reader due to incomplete publishing of the article in Maced. acta archacol. no. 15. For this reason it has been reprinteed in this volume. ↩

Summary

Paleodemographic Characteristics of the Population of Macedonia from the Bronze Age to the Medieval Period

(Summary)

The subject of the text is the basic paleodemographic characteristics of the population of Macedonia, from the Bronze Age to the Medieval period. The variations of the death rate expressed in percentages, the average life span, the relation of immature to adult and male to female skeletons in the skeletal groups is investigated through 17 skeletal series with a total of 2200 skeletons from all ages, grouped into four collective series: from the second millennium BC, first millennium BC, Roman period, and Medieval.

Tracing the movement of basic paleodemographic characteristics through time reveals similarities and regularities as well as significant changes in certain periods.

Similarities include a high death rate among young children, decline in the death rate among older children, and further decrease up to 21 years, a rise in the third and fourth decades, and the highest death rate in the fifth decade of life. In all periods, the death rate of women is higher in the period of adulthood (20-40 years) and of men in the period of maturity (40-60 years).

The greatest number of exceptions are found in the Roman period: the highest death rate for younger children and young adults of both sexes, the phenomenon of the disappearance of half of the entire population before the 30th year of life, the shortest average life span both for the entire population and among males, and a higher death rate for men than for women in the fourth decade of life.

All of this leads to the conclusion that living conditions significantly worsened during the Roman period, a conclusion for which evidence exists also in the paleopathology of the skeletal finds from this period. At the present stage of investigation, we would not dare to explain similarities between the first millennium BC and the Roman period by similar reasons, primarily because of the very poor preservation of the anthropological material from the prehistoric periods. For a large number of skeletons, not even age and sex can be determined, and the information for the second millennium BC is based on only one skeletal series.

Certain paleodemographic characteristics, a drop in the death rate of children, the rise in the average life span as well as the increase in the number of individuals who lived more than 40 years-these point to a certain improvement in living conditions in the Medieval period.

Translation by Carolyn S. Snively